Law amending the Law on consumer protection
颁布于 2007-06-20 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за изменување и дополнување на Закон за заштита на потрошувачите.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- consumer protection, legal proceedings/administrative proceedings, inspection, internal trade, offences/penalties, food safety and quality
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
База на закони www.pravdiko.mk 1 | С т р а н и ц а ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ (Објавено во Сл. Весник на РМ, бр.77 од 20.06.2007 година) Член 1 Во Законот за заштита на потрошувачите (“Службен весник на Република Македонија” број 38/2004), во членот 4 став 1 алинејата 1 се менува и гласи: “- “Потрошувач” е секое физичко лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка за цели кои се надвор од неговата трговска активност, бизнис или професија;”. Член 2 Во членот 7 на крајот од реченицата зборовите: “без одлагање” се бришат и се додаваат зборовите: “најдоцна во рок од осум дена од денот на купувавањето на производот или давањето на услугата”. По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Доколку трговецот од ставот 1 на овој член организира наградна игра е должен ветената награда да му ја даде на потрошувачот во рок од осум дена од завршувањето на наградната игра.” Член 3 Во членот 12 став 2 зборот “рекламирање” се заменува со зборот “отпочнувањето”. Ставот 3 се брише. Член 4 Во членот 20 став 1 по зборот “сметкопотврда” се додаваат зборовите: “или фактура”. Член 5 Во членот 22 став 1 втората реченица се менува и гласи: “Трговецот е должен најмалку за пет години од денот на производството на производот, но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на производот, да обезбеди резервни делови.” По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи: “Потрошувачот нема право да бара замена на производот или враќање на платениот износ согласно со ставот 1 на овој член доколку недостатокот што се сервисира е База на закони www.pravdiko.mk 2 | С т р а н и ц а минимален, односно не влијае врз квалитетот и перформансите на основната функција на производот.” Ставот 2 станува став 3. Во ставот 3 кој станува став 4 алинеја 6 по зборот “работник” запирката се заменува со точка, а останатиот текст од алинејата се брише. Ставовите 4 и 5 стануваат ставови 5 и 6. Член 6 Во членот 23 став 1 алинејата 7 се менува и гласи: “- фирма и седиште на производителот, односно на трговецот, доколку има своја трговска марка за производот и се претставува како производител, а за увозните производи и фирма и седиште (полна адреса) на увозникот, како и земјата на потекло;”. Член 7 Во членот 26 по зборот “производите” се додаваат зборовите: “и услугите”. Член 8 Во членот 45 став 4 зборовите: “потешки од 5 килограми” се заменуваат со зборовите: “погабаритни од 1м 3 , или потешки од 10 килограми”. Член 9 Во членот 48 став 1 бројот “20” се заменува со бројот “30”. Член 10 Во членот 50 став 1 по зборот “причини” точката се брише и се додаваат зборовите: “освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор”. Член 11 Во членот 107 став 1 по зборот “седум” се додава зборот “работни”. Во ставот 2 по зборовите: “трговецот е должен” се додаваат зборовите: “во моментот на склучувањето на договорот”. База на закони www.pravdiko.mk 3 | С т р а н и ц а По ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи: “Во случај на раскинување на договорот од ставот 1 на овој член трговецот е должен да му го врати на потрошувачот целокупниот износ којшто потрошувачот до моментот на раскинување на договорот го платил врз основа на договорот.” Член 12 Во членот 118 по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Ако надоместокот не е пресметан согласно со одредбите од ставот 2 на овој член, потрошувачот може во рок од 15 дена од приемот на сметката за наплатата на услугите да поднесе писмен приговор до давателот на услугата.” По ставот 3 кој станува став 4 се додава нов став 5, кој гласи: “Давателот на услугата е должен во рок од 30 дена од поднесениот приговор да се произнесе по приговорот од ставот 3 на овој член.” Ставовите 4 и 5 стануваат ставови 6 и 7. Во ставот 6 бројот “3” се заменува со бројот “4”. Член 13 Членот 126 се менува и гласи: “Заштитата на потрошувачите на општината, односно на градот Скопје се обезбедува преку совет за заштита на потрошувачите на општината, односно градот Скопје. Советите за заштита на потрошувачите од ставот 1 на овој член се конституираат како постојани работни тела на советите на општините, односно градот Скопје. Членовите на советите за заштита на потрошувачите на општините, односно градот Скопје се избираат од редовите на советниците, здруженијата на потрошувачи и од други здруженија на граѓани, јавните претпријатија, стопанските комори и од државните органи на инспекцискиот надзор кои имаат надлежности поврзани со заштита на потрошувачите. Советите за заштита на потрошувачите предлагаат локални двегодишни програми за заштита на потрошувачите, во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите на Владата, кои ги усвојуваат советите на општините, односно градот Скопје. Советите за заштита на потрошувачите во единиците на локалната самоуправа остваруваат редовни контакти и соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Владата на Република Македонија. Единиците на локалната самоуправа во рамките на своите буџети можат да планираат средства за поддршка на потрошувачките организации кои дејствуваат на локално ниво.” База на закони www.pravdiko.mk 4 | С т р а н и ц а Член 14 Членот 128 се менува и гласи: “Здруженијата на потрошувачите имаат право да: иницираат донесување на нова и измени во постојната законска регулатива; бидат информирани за подготвувањето и да даваат мислења по предлози на законите и други подзаконски акти кои се релевантни за заштита на потрошувачите; иницираат расправи пред Советот на потрошувачите на Владата на Република Македонија и советите за заштита на потрошувачите во единиците на локалната самоуправа и заинтересираните страни по прашања кои се однесуваат на интересите на потрошувачите; соработуваат и разменуваат информации со надлежните инспекциски органи и други органи на државната управа и локалната самоуправа по прашања кои се однесуваат на заштитата на потрошувачите; работат во домените на информирање и советување на потрошувачите преку организирање на советодавни бироа; работат на превенција и едукација на потрошувачите и подигањето на потрошувачката свест и култура; учествуваат во креирање и имплементација на програмите за заштита на потрошувачите на Владата на Република Македонија; ги разгледуваат жалбите на потрошувачите непосредно или во соработка со надлежните инспекциски и други органи на државната управа кои имаат надлежности поврзани со заштитата на потрошувачите и се консултираат со потрошувачите по прашањата од законодавството за заштита на потрошувачите; посредуваат меѓу потрошувачите и трговците на стоки и давателите на услуги со цел за решавање на спорови; им помагаат на потрошувачите или на одреден круг потрошувачи при поднесувањето тужби до надлежните судови за заштита на нивните права и можат да ги застапуваат интересите на потрошувачите во колективни спорови пред надлежните судови. За реализација на активностите од ставот 1 алинеи 5 и 6 на овој член на здруженијата на потрошувачите им се обезбедува финансиска поддршка. Средствата од ставот 2 на овој член ги доделува Министерството за економија врз основа на претходно распишан оглас и изготвени програми (проекти) од здруженијата на потрошувачите. За доделување на средствата од ставот 3 на овој член Министерството за економија формира комисија.” Член 15 По членот 129 зборовите: “Дел VII" се заменуваат со зборовите: “Дел VIII”. База на закони www.pravdiko.mk 5 | С т р а н и ц а Член 16 Во членот 130 став 2 по зборовите: “Државниот пазарен инспекторат” се додаваат зборовите: “Дирекција за храна и Управа за ветеринарство”. По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Инспекцискиот надзор за спроведувањето на овој закон го вршат државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор согласно со закон.” Член 17 Во членот 131 став 1 воведната реченица се менува и гласи: “Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена, ако утврди дека:”. Точката 6 се брише. Точките 7, 8, 9, 10 и 11 стануваат точки 6, 7, 8, 9 и 10. Во точката 12 која станува точка 11 запирката по заградата се заменува со точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: “Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец -физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец - правно лице.” Член 18 Во членот 133 став 1 воведната реченица се менува и гласи: “Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена, ако утврди дека:”. Во точката 1 по зборовите: “фискална сметка” се додаваат зборовите: “или фактура”. Во точката 3 запирката по заградата се заменува со точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: “Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец -физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец - правно лице.” База на закони www.pravdiko.mk 6 | С т р а н и ц а Член 19 Во членот 134 став 1 воведната реченица се менува и гласи: “Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена, ако утврди дека:”. Во точката 2 во шестиот ред по зборот “производот” се додаваат зборовите: “но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на производот”. Во точката 12 по заградата запирката се заменува со точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: “Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец -физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец - правно лице.” Ставот 3 се брише. Во ставот 4 бројот “2” се заменува со бројот “3”. Ставовите 4, 5, 6 и 7 стануваат ставови 3, 4, 5 и 6. Член 20 Во членот 135 став 1 воведната реченица се менува и гласи: “Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена, ако утврди дека:”. Точката 8 се менува и гласи: “8) не му ја даде наградата на потрошувачот веднаш или најдоцна во рок од осум дена од купувањето на производот и давањето на услугата, доколку истата ја ветил дека ќе ја добие со купувањето на производот или со давањето на услугата (член 7 став 1);”. По точката 8 се додава нова точка 9, која гласи: “9) организира наградна игра и не му ја даде ветената награда на потрошувачот во рок од осум дена од завршувањето на наградната игра (член 7 став 2);”. Точката 9 станува точка 10. По точката 10 која станува точка 11 се додава нова точка 12, која гласи: “12) цената на производот, односно услугата не е означена во денари (член 8 став 3);”. База на закони www.pravdiko.mk 7 | С т р а н и ц а Точките 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27 и 28 стануваат точки 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29 и 30. Во точката 22 по зборот “став” бројот “3” се заменува со бројот “4”. По точката 29 која станува точка 31 се додава нова точка 32, која гласи: “32) не му го врати на потрошувачот целокупниот износ којшто потрошувачот до моментот на раскинување на договорот го платил врз основа на договор (член 107 став 5);”. Точката 30 станува точка 33. Во точката 31 која станува точка 34 по заградата запирката се заменува со точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. Ставот 2 се менува и гласи: “Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец -физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец - правно лице.” Ставот 3 се брише. Ставовите 4 и 5 стануваат ставови 3 и 4. Член 21 По членот 135 зборовите: “Дел VIII" се заменуваат со зборовите: “Дел IX". Во насловот во Делот IX зборовите: “КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ” се заменуваат со зборовите: “ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ” и се додаваат четири нови члена 135-а, 135-б, 135-в и 135-г, кои гласат: “Прекршочни органи Член 135-а Прекршочни органи за водење на прекршочна постапка согласно со овој закон се Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство кои одлучуваат за прекршоците од овој закон во рамките на своите овластувања предвидени со закон. База на закони www.pravdiko.mk 8 | С т р а н и ц а За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 освен за точките 2, 17 и 21 и членовите 138, 139, 140 и 141 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот пазарен инспекторат. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 15, 18, 19 и 20 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот санитарен и здравствен инспекторат. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2 и 19 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот инспекторат за животна средина. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 17 и 21 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Дирекцијата за храна. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 15, 18, 19 и 21 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Управата за ветеринарство. Порамнување Член 135-б За прекршоците утврдени во членот 138 од овој закон државниот пазарен инспектор е должен на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. Посредување Член 135-в За прекршоците утврдени во членот 137 од овој закон државните инспектори или овластеното лице за вршење на непосреден надзор можат на сторителот на прекршокот да му понудат посредување и постигнување согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последиците од прекршокот согласно со Законот за прекршоците и Законот за Државниот пазарен инспекторат. Медијација Член 135-г За прекршоците утврдени во членот 136 од овој закон државниот пазарен инспектор, како и сторителите на прекршок можат да се согласат за започнување на постапка на медијација пред да поднесат барање за покренување на прекршочна постапка. База на закони www.pravdiko.mk 9 | С т р а н и ц а Постапката за медијација се спроведува согласно со Законот за медијација.” Прекршочни санкции Член 22 Членот 136 се менува и гласи: “Глоба во износ од 3.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) на барање на потрошувачот не му го врати уплатениот износ за купениот производ и не му го прими вратениот производ од потрошувачот (член 5 став 3); 2) даде лични податоци за потрошувачот на трети лица, како и на правни или физички лица кои дејствуваат внатре во истата група на трговци без претходно писмено одобрение од потрошувачот (член 6 став 5); 3) го условува купувањето на едни производи со купување на други производи или друг начин на условување на купување и продажба на производи (член 6 став 6); 4) не му ја даде наградата на потрошувачот најмалку во рок од осум дена доколку истата ја ветил дека ќе ја добие со купување на производот или со давање на услугата (член 7); 5) не го испорача производот или не ја изврши услугата по приемот на авансот ако бара или изрично го условува купувањето на производот или давањето на услугата со делумен или вкупен еднократен или пресметковен аванс (член 18 став 1); 6) не му пресмета и исплати на потрошувачот просечна каматна стапка по видување која се пресметува како просек од последниот интервал на просечните банкарски стапки по видување објавен од Народната банка на Македонија сметано од денот на приемот на авансот до денот на испораката на производот или извршената услуга (член 18 став 2); 7) на потрошувачот не му признае дека ја извршил паричната обврска на начин определен со членот 19 на овој закон; 8) на потрошувачот не му издаде фискална сметка, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда или фактура (член 20 став 1); 9) дополнително го наплати издавањето на сметката од членот 20 став 1 на овој закон (член 20 став 3); 10) при продажба на производите на потрошувачот не му ги предаде или предочи документите (член 21); 11) не издаде гаранција за квалитетот, односно за исправното функционирање на производот, документ за начинот на употреба на производот, не обезбеди сервис за одржување и поправка и за снабдување со резервни делови во гарантниот рок и најмалку за пет години од денот на производството на производот, но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на производот и рок во кој давателот на гаранцијата е должен да постапи по барањето корисникот на гаранцијата и да ги отстрани дефектите и недостатоците на производот и по три извршени сервисирања да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати на потрошувачот платениот износ за купениот производ, освен во случај ако недостатокот што се сервисира е минимален,односно не влијае врз квалитетот и перформансите на основната функција на производот (член 22 ставови 1, 2 и 3 алинеја 5); База на закони www.pravdiko.mk 10 | С т р а н и ц а 12) не се придржува на обврските од гарантниот лист (член 22 став 2); 13) не сака да ги сноси трошоците за материјалот, резервните делови, работата, преносот и превозот на производот што настануваат при отстранување на дефектите, односно замената на производот со нов производ врз основа на гаранција (член 22 став 4); 14) документите од членот 22 став 1 на овој закон не се напишани јасно и читливо на македонски јазик и кирилско писмо или и на други јазици и знаци лесно разбирливи за потрошувачот (член 22 став 5); 15) врши заведувачко и недозволено рекламирање на производи или услуги (член 27 став 1); 16) со рекламирањето го навредува човечкото достоинство коешто предизвикува или може да предизвика телесна, душевна или друга штета кај децата, кое на децата им шири пораки и делови од пораки со кои се искористува или злоупотребува или би можела да се злоупотреби нивната лесномисленост и недостаток на искуство (член 27 став 3); 17) при споредбеното рекламирање постапува спротивно на одредбите наведени во членот 29 на овој закон; 18) во рамките на своето редовно работење не дава информации за ризиците на производот и не соработува при спроведувањето на дејствија преземени за избегнување на таквите ризици (член 35); 19) на потрошувачот нема да му даде производ, односно не му дава услуга од таков квалитет и квантитет кој целосно одговара на утврдените технички барања и прописи, на пропишаните стандарди, нормативи и услови предвидени со договорот, барањата што биле истакнати, како и на информациите што трговецот ги дал за производот или услугата (член 36); 20) пушти во промет производи со недостатоци (член 42 ставови 1 и 2); 21) не изврши замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип,индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот (член 43 став 1 алинеја 3); 22) не изврши замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка,тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена (член 43 став 1 алинеја 4); 23) при раскинување на договорот не го врати платениот износ и не ја надомести претрпената штета (член 43 став 1 алинеја5); 24) не постапи по барањето на потрошувачот во случаите од членот 45 став 2, членот 46 став 2, членот 48 ставови 1 и 2 и членот 50 на овој закон; 25) при ревизија на цената не постапи во смисла на одредбите од членот 49 ставови 2 и 3 на овој закон; 26) налага договорни одредби кои се како нечесни наведени во членовите од 54 до 77 и 79 на овој закон; 27) со средства за далечинска комуникација склучи договори за продажба на лекови, медицински и ветеринарни производи, експлозивни и запаливи материи (член 88); 28) без претходна согласност на потрошувачот употребува телефон без човечка интервенција (автоматски говорни автомати) и телефакси заради склучување на договори (член 89 став 1); База на закони www.pravdiko.mk 11 | С т р а н и ц а 29) во определен рок пред склучувањето на договорот не го извести потрошувачот за сите одредби од членот 90 на овој закон; 30) на потрошувачот нема да му биде писмено предадена потврда за претходно известување во смисла на членот 91 ставови 1 и 2 од овој закон; 31) на потрошувачот му пресмета трошоци, камати или казни во случаите од членот 98 на овој закон; 32) склучил договор согласно со членот 105 став 1 алинеи 1 и 2 на овој закон без да се легитимира со идентификациона картичка (член 105 став 3); 33) не му го врати на потрошувачот целокупниот износ којшто потрошувачот до моментот на раскинување на договорот го платил врз основа на договорот (член 107 став 5); 34) не достави писмено известување во смисла на членот 110 ставови 1 и 3 од овој закон; 35) содржината на преддоговорот, како и договорот не ги содржи одредбите од членот 111 на овој закон; 36) не го извести потрошувачот за измените на кој било податок наведен во претходното известување (член 112 став 3); 37) при пресметување на надоместокот не постапи во смисла на членот 118 став 2 од овој закон; 38) не им овозможи на сите потрошувачи приклучување и користење на мрежата и услугите под недискриминаторски и однапред познати и договорени услови (член 119) и 39) не ги одржува стандардите и квалитетот на услугите определени со закон или со друг пропис (член 120). За дејствијата од ставот 1 на овој член на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност во траење од две до четири години. За дејствијата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 400 до 800 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице. Покрај глобата од ставот 3 на овој член на одговорното лице во правното лице ќе се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на одговорна должност во траење од три месеца до една година.” Член 23 Членот 137 се менува и гласи: “Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) пред склучувањето на договорот за продажба не постапи во смисла на одредбите од членот 5 став 1 алинеја 1 на овој закон; 2) потрошувачот не биде известен за влијанието на одредени производи врз животната средина и здравјето на луѓето согласно со прописите и стандардите, како и за мерките за заштитата преку упатство дадено со производот истакнато на амбалажата на производот или на друг соодветен начин (член 5 став 1 алинеја 2); 3) посебните продажни услови за одделни производи и услуги не ги истакне јасно и на База на закони www.pravdiko.mk 12 | С т р а н и ц а видно место на продажните места (член 6 став 2); 4) на одделни групи на потрошувачи им одобрува посебни продажни услови (младенци, инвалиди, пензионери, студенти и слично) и тие услови не бидат јасно и на видно место истакнати во продажниот простор (член 6 став 4); 5) за извршените услуги за поправка и одржување на производите, чијашто вредност е поголема од 5.000 денари, не му достави на потрошувачот пресметка и работен налог со опис на работите, употребениот материјал или делови за поправка и одржување (член 6 став 7); 6) без претходно добиена писмена согласност од потрошувачот го прошири работниот налог со зголемување на цената за повеќе од 5% (член 6 став 8); 7) на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин не ја истакне продажната цена на производите или услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите,на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава (член 8 став 1); 8) цената на производот, односно услугата не е означена во денари, освен ако со друг закон поинаку не е уредено (член 8 став 1 точка 3); 9) продажната цена не е крајна цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, во која не е вклучен данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки (член 8 став 2); 10) при продажбата на производите во рефусна состојба не ја истакне само цената за единица мерка на продажното место на производот (член 8 став 5); 11) при истакнување на податоци за нето тежина за претходно спакувани производи не истакне цена за нето единица мерка (член 8 став 7); 12) постапи спротивно на одредбата од членот 8 став 8 на овој закон; 13) не се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба (член 8 став 9); 14) продава производи кои имаат недостаток или грешка, а физички не ги одвоил од другите производи и јасно, видливо и читливо не обележил на производот и на продажното место не истакнал натпис дека се работи за продажба на производи со недостаток или грешка (член 9); 15) производот го продава во амбалажа што е штетна за здравјето на луѓето, не е приспособена на формата и количината на производот и го доведува во заблуда потрошувачот по однос на количината и големината на производот (член 10 став 2); 16) јасно и на видно место не ја истакне цената на посебната хартија за завиткување и дополнителните украси, како и цената на тие производи и услугата за завиткување (член10 став 3); 17) нуди бесплатно или заедно со некој друг производ вештачки млека и друга храна наменета за доенчиња до шест месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли лажалки (член17 став 2); 18) пушти во продажба производи кои немаат декларации или ако декларацијата не ги содржи сите податоци пропишани во членот 23 ставови 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон; 19) пушти во промет производи, односно дава услуги што не ги исполнуваат условите од членовите 32 и 33 на овој закон; 20) детските играчки се пуштени во промет спротивно на членот 38 ставови 1 и 2, членот База на закони www.pravdiko.mk 13 | С т р а н и ц а 39 ставови 1 и 2 и членот 40 на овој закон и 21) не го замени купениот прехранбен производ со недостаток со производ со соодветен квалитет или на потрошувачот не му го врати платениот износ доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува (член 44). За дејствијата од ставот 1 на овој член на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност во траење од 30 дена. За дејствијата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 400 до 800 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице. Покрај глобата од ставот 3 на овој член на одговорното лице во правното лице ќе се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на одговорна должност во траење од 15 дена.” Член 24 Членот 138 се менува и гласи: “Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) јасно и на видно место во продажниот простор не ги истакне своите продажни услови (член 6 став 1); 2) производот го продава во несоодветна амбалажа (член 10 став 1); 3) врши продажба на производите во рефусна состојба кои не се претходно спакувани, не ги мери во присуство на потрошувачот (член 11 став 1); 4) продажбата на производите во рефусна состојба не ги спакува во соодветна амбалажа (член 11 став 2); 5) за производите во рефусна состојба не се истакне декларација јасно видливо и читливо на амбалажата во која производот се става за продажба, или на продажното место (член 11 став 3); 6) означувањата што упатуваат на распродажба, односно намалување на цените не се вршат во смисла на одредбите од членот 12 ставови 1 и 2 на овој закон; 7) физички не ги одвои производите за распродажба од производите кои не се на распродажба и јасно и на видно место не истакне натпис дека се работи за распродажба (член 13 став 1); 8) при распродажба на производите со грешка не истакне натпис со кој ќе се запознае потрошувачот во што се состои грешката на производот (член 13 став 2); 9) производите кои не се на распродажба поради изминување на рокот на употреба не ги одвои на посебен со јасно и на видно место истакнато известување за причината за намалување на цените и крајниот рок на употреба на производот (член 14); 10) не го извести писмено потрошувачот за неговото право еднострано да го раскине договорот со изјава во моментот на склучување на договорот (член 107 став 1) и 11) не се произнесе во рок од 30 дена од поднесениот приговор (член 118 став 4). База на закони www.pravdiko.mk 14 | С т р а н и ц а За дејствијата од ставот 1 на овој член на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност во траење од 30 дена. За дејствијата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице. Покрај глобата од ставот 3 на овој член на одговорното лице во правното лице ќе се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на одговорна должност во траење од 15 дена.” Член 25 Членот 139 се брише. Член 26 Членот 140 се менува и гласи: “За дејствијата од членовите 136 до 138 на овој закон глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице што врши дејност. Покрај глобата од ставот 1 на овој член за дејствијата од членовите 136 до 139 на овој закон ќе се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на дејност во траење од 15 дена.” Член 27 Членот 141 се менува и гласи: “Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на лице место на правното лице за дејствијата од членот 137 став 1 точки 3, 4, 5,7, 8, 10, 11, 13, 14 и 16 и членот 138 став 1 точки 1, 3, 5, 6, 7, 8 и 9 на овој закон. Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на лице место на одговорното лице во правното лице и физичко лице - трговец поединец за дејствијата од ставот 1 на овој член.” Член 28 По членот 141 зборовите: “Дел IX” се заменуваат со зборовите: “Дел X". Член 29 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.