Law amending the Law on animal food safety
颁布于 2016-03-15 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Закон за дополнување на законот за безбедност на храна за животни.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 法令
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal feed/feedstuffs, authorization/permit, procedural matters, international trade, offences/penalties
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 1 од 5 20160531348 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 15 март 2016 година. Бр.08-1689/1 Претседател 15 март 2016 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ Член 1 Во Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија" број 148/10, 53/11, 1/12, 33/15 и 149/15), во член 10 по ставот (2) се додаваат 15 нови става (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15),(16) и (17), кои гласат: „(3) За вршење на дејност увозник на храна за животни, правните лица кои увезуваат храна за животни потребно е да бидат регистрирани во Агенцијата. (4) За регистрација на увозник на храна за животни, правните лица кои вршат увоз на храна за животни до Агенцијата поднесуваат барање. Кон барањето правното лице кое сака да врши увоз на храна за животни ја поднесува следната документација, и тоа: доказ за уплатена административна такса, извод од Централен регистар на Република Македонија, имотен лист за објектот или договор за закуп на објект, опис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата, опис на постапката на работење со сите помошни фази, проценети дневни, годишни и максимални капацитети за производство, преработка и складирање, опис на процедурата за одржување на хигиената и контрола на штетници и опис на процедурата на системот на внатрешна контрола. (5) Овластеното службено лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите од ставот (4) алинеи 2 и 3 на овој член во рок од три работни дена од денот на поднесување на барањето во електронска форма од надлежен јавен орган. Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 2 од 5 (6) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот (5) на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето во електронска форма. (7) Агенцијата издава решение за запишување во регистарот на увозници на храна за животни во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. (8) Доколку поднесената документација е некомплетна, овластеното службено лице од Агенцијата во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето доставува известување за докомплетирање на документацијата до подносителот на барањето. (9) Подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за докомплетирање на документацијата, потребно е истата да ја достави до Агенцијата. (10) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето. (11) Против решението од ставовите (7) и (10) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен. (12) За секоја промена на условите во поглед на активностите, просториите или престанок на работа на правните лица кои вршат увоз на храна за животни, правните лица треба веднаш да поднесат пријава до Агенцијата. (13) Правното лице кое врши увоз на храна за животни се брише од Регистарот во следниве случаи: 1) на барање на сопственикот, односно корисникот на објектот, 2) поради престанок на вршење на дејност за време подолго од шест месеци и 3) поради престанок на исполнување на пропишаните услови. (14) Агенцијата го брише увозникот од регистарот на увозници на храна за животни согласно со членот (13) од овој член во рок од 15 дена од денот на поднесување на поднесокот. (15) Против решението од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен. (16) Агенцијата води електронски регистaр на увозници за храна за животни и истиот се објавува на веб страницата на Агенцијата. (17) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна за животни, како и формата и содржината на регистарот на увозници на храна за животни. Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (18) и (19).”. Член 2 Во членот 25 став (7) зборовите: „Директорот на” се бришат. Член 3 Во членот 27 став (2) се менува и гласи: „(2) Операторите со храна за животни мора да бидат одобрени или регистрирани како оператори со храна за животни во Агенцијата. За добивање одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни или решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни, правното лице поднесува барање до Агенцијата.”. Ставот (3) се менува и гласи: „(3) Кон барањето за добивање одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни правното лице потребно е да ја достави следната документација и тоа: Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 3 од 5 извод од Централен регистар на Република Македонија, имотен лист или договор за закуп, список на опрема со главни технолошко-технички карактеристики и атести за употреба, еколошки елаборат од Министерство за животна средина, шематски приказ на објектот со сите приружни елементи, техничко-технолошки елаборат, опис на систем за снабдување со вода и начинот на потврдување на хигиенска исправност на водата, опис на системот за собирање и отстранување на отпадни материи, опис на процедура за одржување на опремата, опис за одржување на лична хигиена и мониторинг на здравствениот статус на персоналот, опис на процедури за обуки на персонал, опис на процедура за контрола на штетници, опис на процедура за означување и идентификација и следливост на производот, опис на систем за внатрешна контрола - HACCP, доказ за уплата за административна такса и доказ за надоместок за одобрување на оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни.”. Cтавот (4) се менува и гласи: „(4) Кон барањето за добивање решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни, правното лице потребно е да ја достави следнава документација и тоа: доказ за уплатена административна такса, доказ за надоместок за регистрирање на објект и оператор со храна за животни, извод од Централен регистар на Република Македонија, имотен лист за објектот или договор за закуп на објект, опис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата, опис на постапката на работење со сите помошни фази, проценети дневни, годишни и максимални капацитети за производство, преработка и складирање, опис на процедурата за одржување на хигиената и контрола на штетници и опис на процедурата на системот на внатрешна контрола.”. Cтавот (5) се менува и гласи: „(5) Овластеното службено лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите од ставовите (3) алинеи 1, 2 и 4 и (4) алинеи 3 и 4 во рок од три работни дена од денот на поднесувањето на барањето во електронска форма од надлежен јавен орган.”. Cтавот (6) се менува и гласи: „(6) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараниот доказ од ставот (5) на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето во електронска форма.”. Cтавот (7) се менува и гласи: „(7) Агенцијата го одобрува или одбива барањето за добивање одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни во рок од 90 дена од денот на приемот на барањето, врз основа на поднесените документи и извештајот од извршениот увид од страна на комисијата за исполнување на условите.”. Cтавот (8) се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 4 од 5 „(8) Агенцијата го одобрува или одбива барањето за добивање решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, врз основа на поднесените документи и извештајот од извршениот увид од страна на официјален ветеринар за исполнување на условите од ставот (4) на овој член.”. Cтавот (9) се менува и гласи: „(9) Роковите од ставовите (7) и (8) на овој член престануваат да течат од денот кога овластеното службено лице од Агенцијата ќе достави известување за докомплетирање на документацијата до подносителот на барањето и рокот продолжува да тече од денот на постапување на подносителот.”. Cтавот (10) се менува и гласи: „(10) Доколку доставената документација заедно со барањето не е во согласност со ставовите (3) и (4) од овој член, овластеното службено лице од Агенцијата доставува известување за докомплетирање на документацијата во рок од 15 дена од приемот на барањето.”. Cтавот (11) се менува и гласи: „(11) Подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за докомплетирање на документацијата, потребно е истата да ја достави до Агенцијата.”. Cтавот (12) се менува и гласи: „(12) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето.”. Cтавот (13) се менува и гласи: „(13) Против решението од ставовите (7), (8) и (12) на овој член подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен.”. Cтавот (14) се менува и гласи: „(14) Директор на Агенцијата ги пропишува формата и содржината на барањето од ставовите (3) и (4) на овој член.”. Ставововите (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21), (22), (25) и (26) се бришат. Ставовите (23) и (24) стануваат ставови (15) и (16).”. Член 4 Во членот 60 став (1) зборовите: „директорот на” се бришат. Член 5 Во членот 65 став (2) зборовите: „директорот на” се бришат, а зборот „министерот” се заменува со зборот „Министерство”. Член 6 По членот 103 се додава нов член 103-а, кој гласи: „Член 103-а „(1) Глоба во висина од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од Агенцијата ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврден во членовите 10 став (5) и 27 став (5) од овој закон. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите ако не ги достави бараните докази во рокот утврден во членовите 10 став (6) и 27 став (6) од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 5 од 5 (3) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од Агенцијата ако не реши по барањето во рокот утврден во членовите 10 ставови (7), (8) и (14) и 27 ставови (7), (8) и (10) од овој закон.”. Член 7 Во членот 104 се додава нов став (2), кој гласи: „(2) За прекршоците од членот 69-а од овој закон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.”. Член 8 Подзаконските акти чие донесување е утврдено со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на донесувањето на овој закон. Член 9 Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 10 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува со започнувањето на примена на Законот за општа управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15).