跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on animal by-products

颁布于 2015-08-26 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за изменување и дополнување на законот за нуспроизводи од животинско потекло.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Livestock, Food and nutrition
关键词
animal by-products, offences/penalties, legal proceedings/administrative proceedings, food safety and quality

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година 1 од 2 20151494217 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 26 август 2015 година. Бр. 08- 3891/1 Претседател 26 август 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 1 Во Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ број 113/2007 и 144/14), во членот 24 ставот (4) се менува и гласи: „4) Против решението на инспекторот од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.“ Член 2 Во членот 25 ставот (3) се менува и гласи: „Против решението на инспекторот од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.“ Член 3 Во членот 29 став (1) во воведната реченица зборовите: „3.000 до“ се бришат. Во ставот (2) зборовите: „во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година 2 од 2 Член 4 По членот 31 се додава нов член 31-а, кој гласи: „Член 31-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците.“ Член 5 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за нуспроизводи од животинско потекло. Член 6 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on animal by-products · Nelum