跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on agriculture and rural development

颁布于 2012-10-10 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
agricultural development, financial agricultural measures, legal proceedings/administrative proceedings, rural development

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Сл. Весник на Р. Македонија, бр.126 од 10.10.2012 година Член 1 Во Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ број 49/10 и 53/11), во членот 7 став (1) по зборовите: „за период од три години“ точката се брише и се додаваат зборовите: „за период од пет години.“ Во ставот (5) датата „30 јуни“ се заменуваат со датата „30 септември“. По ставот (5) се додава нов став (6), коj гласи: „(6) Годишните програми од ставот (3) на овој член се донесуваат најдоцна до 31 јануари во годината за која се изготвени.“ Член 2 Во членот 9 ставот (5) се менува и гласи: „Агенцијата води евиденција за реализираните средства по мерките кои се спроведуваат согласно со програмите од членот 7 од овој закон и доставува податоци до Министерството на секои три месеци и до Владата еднаш годишно најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година.“ Член 3 Во членот 14 став (2) зборовите: „и Агенцијата“ се бришат. Член 4 Во членот 15 по ставот (6) се додаваат два нови става (7) и (8), кои гласат: „(7) Барање за промена на податоците во единствениот регистар на земјоделски стопанства може да поднесе и друг овластен член на семејното земјоделско стопанство од редот на наследници на земјоделскиот имот на семејното земјоделско стопанство во случај на смрт на носителот на семејното земјоделско стопанство. (8) Барање за промена на податоците во единствениот регистар на земјоделски стопанства за земјоделско стопанство чии носител е правно лице може да поднесе овластеното лице на правното лице - носител на земјоделското стопанство или овластен застапник на правното лице - носител на земјоделското стопанство.“ Ставот (7) станува став (9). По ставот (8) кој станува став (10) се додаваат два нови става (11) и (12), кои гласат: „(11) Податоците од регистарот од ставот (1) на овој член се објавуваат во збирна форма, особено по земјоделски култури, по големина на земјоделски стопанства, по општини и на ниво на Република Македонија. (12) Право на увид во податоците од регистарот од ставот (1) на овој член има носителот на семејното земјоделско стопанство или друг овластен член на семејното земјоделско стопанство или овластено лице на правното лице - носител на земјоделското стопанство или овластен застапник на правното лице - носител на земјоделското стопанство во секое време по претходно поднесено барање до Министерството или со електронски пристап на овие лица по претходно добиен кориснички пристап од Министерството.“ Член 5 Во членот 18 став (1) по зборот „земјоделството“ се додаваат зборовите: „и рурален развој“. Во ставот (2) по алинејата 4 се додава нова алинеја 5, која гласи: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 „- Национална рурална мрежа.“ Член 6 По членот 26 се додава нов член 26-а, кој гласи: „Национална рурална мрежа Член 26-а (1) Национална рурална мрежа претставува платформа за воспоставување на партнерство со сите заитересирани страни кои дејствуваат во руралните средини за потребите на планирањето, следењето и спроведувањето на Националната програма за рурален развој. (2) Воспоставувањето, организацијата, членството и работата на Националната рурална мрежа на Република Македонија на предлог на Министерството ги пропишува Владата. (3) Министерството обезбедува административна и техничка поддршка за работата на Националната рурална мрежа. (4) Трошоците за воспоставување и работа на Националната рурална мрежа се финансираат од средствата за спроведување на Националната програма за рурален развој и/или од повеќегодишна програма за користење на финансиските средства од инструментот за претпристапна помош за развој на земјоделството и руралниот развој од Европската унија. (5) Начинот и условите за финансирање на работата и активностите на Националната рурална мрежа, прифатливите трошоци, висината на финансирањето и дополнителните услови ги пропишува министерот.“ Член 7 Во членoт 53 став (1) алинеја 4 процентот „20%“ се заменува со процентот „30%“. Член 8 Во членот 56 по зборовите: „за директни плаќања“ се додаваат зборовите: „поднесени во една календарска година“. Член 9 Во членот 64 ставот (9) се менува и гласи: „Врз основа на критериумите од ставовите (3) и (8) на овој член министерот објавува список на планински подрачја во Република Македонија, список на подрачја со природни непогодности во Република Македонија и список на подрачја со специфични непогодности во Република Македонија во „Службен весник на Република Македонија“.“ Член 10 Во членот 70 ставот (9) се брише. Ставовите (10), (11) и (12) стануваат ставови (9), (10) и (11). Член 11 Во членот 78 ставот (8) се менува и гласи: „Активностите за воспоставување, следење и анализирање на состојбите со автохтоните земјоделски растенија и автохтоните раси на добиток и чување и обезбедување на задолжителни генетски резерви министерот може да ја додели како јавна услуга или со овластување согласно со прописите од областа на сточарството, семе и саден материјал и здравје и заштита на растенијата.“ Во ставот (10) зборот „министерот“ се заменува со зборовите: „Владата со програмите од членот 7 од овој закон“. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 По ставот (11) се додава нов став (12), кој гласи: „(12) Активностите од ставот (8) на овој член може да се финансираат од програмите од членот 7 од овој закон.“ Член 12 Членот 86 се менува и гласи: „(1) Групата на мерки за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини се мерки насочени кон: воведување и развој на техничка и телекомуникациска инфраструктура, комунална инфраструктура, пазарна и социјална инфраструктура во руралните средини, обновување и развој на селата и зачувување и унапредување на природните и културните знаменитости и традиционалните вредности во руралните подрачја. (2) Видот на мерките од ставот (1) на овој член, корисниците на мерките, износот на средства по мерки, висината на поддршката и начинот на нивно спроведување ги утврдува Владата со програмите од членот 7 од овој закон.“ Член 13 Во членот 90 ставовите (2) и (3) се менуваат и гласат: „(2) Прифатливите трошоци од одредбите од членовите 70, 71, 72, 73, 81, 86 и 87 од овој закон, вклучуваат: набавка на живи животни и повеќегодишни растенија, изградба или подобрување на недвижен имот, изградба или подобрување на инфраструктура (техничка и телекомуникациска инфраструктура, комунална инфраструктура, пазарна и социјална), набавка или лизинг на механизација и опрема, вклучително и компјутерски софтвер и други нематеријални вложувања и услуги поврзани со претходни активности, подготовка и/или спроведување на инвестицијата. (3) Поблиските услови од ставот (1) на овој член, прифатливите трошоци од ставот (2) на овој член, висината на вредноста на прифатливите трошоци, како и висината на поддршката по корисник за поединечна мерка ги пропишува министерот.“ Член 14 Членот 92 се менува и гласи: „(1) Мерките за рурален развој се спроведуваат преку следниве механизми на поддршка: неповратна финансиска поддршка за инвестиции, финансиска помош и директни плаќања за рурален развој. (2) Неповратна финансиска помош за инвестиции е поддршка која се доделува во вид на финансирање или кофинансирање на вредноста на преземени и реализирани инвестиции согласно со прифатливите трошоци и во висина на поддршката по корисник од членот 90 од овој закон. (3) Неповратната финансиска поддршка од ставот (1) алинеја 1 на овој член може да се додели и за нематеријални вложувања согласно со прифатливите трошоци и во висина на поддршката по корисник од членот 90 од овој закон, а во согласност со програмите од членот 7 од овој закон. (4) Одобрените и исплатени средства се неповратни при што корисникот не смее да ја отуѓи ниту да ја наруши намената на инвестицијата во рок од пет до седум години од денот на приемот на последната исплата на поддршката од ставовите (2) и (3) на овој член. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 (5) Директните плаќања за рурален развој е компензационо плаќање за поддршка на приходот остварен од земјоделска дејност како надоместок на загубите кои настанале поради неискористеност на производниот потенцијал заради примена на земјоделски производни практики за заштита на животната средина или поради зголемени трошоци за примена на повисоки стандарди за заштита на животната средина. (6) Финансиска помош е поддршка која се доделува за обука и информирање на земјоделските производители, советодавни услуги за развој на земјоделството, започнување со земјоделска дејност, напуштање на вршење на земјоделска дејност и за групи на производители. (7) Неповратната финансиска поддршка за инвестиции и директните плаќања за рурален развој се спроведува преку договор во времетраење од пет до седум години. (8) По исклучок, директните плаќања за рурален развој може да се доделат и преку изјава на барателот со која се обврзува да ги почитува условите за директни плаќања за рурален развој и која се обновува секоја година за времетраењето на правото на поддршката, а се реализираат согласно со одредбите од членот 47 од овој закон. (9) Финансиската помош се спроведува преку договор во времетраење од три до пет години. (10) По исклучок, финансиската помош за обука и информирање на земјоделските производители може да се спроведе преку договор во времетраење од една до три години. (11) Согласно со програмите од членот 7 од овој закон, неповратна финансиска поддршка и финансиската помош може да се додели во вид на авансна исплата во висина до 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци од членовите 66, 67, 68, 69 и 90 од овој закон. (12) Согласно со програмите од членот 7 од овој закон, неповратна финансиска поддршка може да се додели на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата.“ Член 15 Насловот на членот 101 и членот 101 се менува и гласи: „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој (1) Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој е наменета за следниве активности: организирање и спроведување на програми за обука кои не се поддржуваат преку мерките за руралниот развој, организирање и спроведување на манифестации и саеми, учество на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи, помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи, изработка и публикување на едукативни, информативни, научни, пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија, спроведување на истражувања, изработка на анализи, предлог-проекти, студии и стратешки документи од областа на земјоделството и руралниот развој, инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери, воспоставување и спроведување на проекти за иновации од областите утврдени во ставот (3) на овој член и други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките од програмите од членот 7 од овој закон. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 5 (2) Техничката поддршка од ставот (1) на овој член ја спроведува Министерството. (3) По исклучок, техничката поддршка од ставот (1) алинеја 4 на овој член може да ја спроведе Агенцијата. (4) Техничката поддршка од ставот (1) алинеи 1, 2, 5, 6, 7 и 8 на овој член може да се додели во зависност од: реалните и применливите резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството и руралниот развој, директно и индиректно влијание на поголем број субјекти од областа на земјоделството, здружување на корисниците на поддршката, јавно приватно партнерство, или други форми на партнерство со поголем број на корисници, одржливост по реализацијата на поддршката, претходно искуство во реализација на активности од значење за целната група на крајни корисници на поддршката и сопствено или учество од други извори на финансирање. (5) Техничката поддршка од ставот (1) алинеја 9 на овој член се доделува особено во следниве области на иновации: земјоделска механизација и опрема која ќе овозможи поголема ефикасност и продуктивност, нов семенски и саден материјал кои ќе овозможат создавање на нови сорти, агрохемиско третирање на почвата и земјоделските култури, трансфер на технологии и иновативни решенија од странски држави и нивно прилагодување во Република Македонија и нови технологии во сточарството. (6) Средствата за спроведување на активностите од став (1) алинеја 9 на овој член се обезбедуваат во висина до 1% од вкупниот буџет за спроведување на годишната програма за рурален развој. (7) Видот на активности за техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката и поблиските критериуми од ставот (4) на овој член и начинот за доделување, ги пропишува Владата на предлог на Министерството. (8) Исплатата на средствата за техничката поддршка од ставот (1) на овој член ја врши Агенцијата по барање на Министерството или по барање на корисникот.“ Член 16 По членот 101 се додава нов член 101-а, кој гласи: „Совет за иновации и нови технологии од областа на земјоделството Член 101-а (1) За спроведување на помошта од членот 101 став (1) алинеја 9 од овој закон, министерот формира Совет за иновации и нови технологии од областа на земјоделството кое го сочинуваат претставници особено од следниве институции: еден претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, еден претставник од Генералниот секретаријат на Владата - Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, по еден претставник од високообразовните инститиции и научните институции од областа на земјоделството, еден претставник од Министерството за финансии, тројца претставници од Министерството, еден претставник од Министерството за образование и наука, еден претставник од Министерството за економија, еден претставник од Агенцијата, превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 6 еден претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, и еден претставник од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. (2) Советот за иновации и нови технологии од областа на земјоделството како советодавно тело на министерот се формира особено заради остварување на следниве задачи: дава предлози за дефинирање на мерките и критериумите за поддршка на иновации и трансфер на технологии и знаења од областите утврдени во членот 101 став (5) од овој закон, изработува краткорочни и долгорочни анализи и го следи спроведувањето на мерките за поддршка на иновации и трансфер на технологии и знаења од областите утврдени во членот 101 став (5) од овој закон, дава мислења по однос на постигнати резултати од спроведувањето на мерките за поддршка на иновации и трансфер на технологии и знаења од областите утврдени во членот 101 став (5) од овој закон, изготвува и предлага индикатори за следење, ги следи анализите на состојбите и препораките на образовни и научни институции во врска со иновации и трансфер на технологии и знаења од областите утврдени со овој закон и дава насоки и препораки за примената на иновации и трансфер на технологии и знаења и нивното прилагодување согласно со состојбите во Република Македонија и дава предлози при планирањето и спроведувањето на целите за промоција и примена на иновации и трансфер на технологии и знаења од областите утврдени во членот 101 став (5) од овој закон. (3) Советот за иновации и нови технологии од областа на земјоделството ќе се состанува најмалку два пати во годината. (4) Советот за иновации и нови технологии од областа на земјоделството за остварување на задачите од ставот (2) на овој член донесува деловник за работа. (5) Со Советот за иновации и нови технологии од областа на земјоделството претседава министерот. (6) Министерството обезбедува административна, техничка и финансиска поддршка за работата на Советот. “ Член 17 Во членот 102 став (1) алинеја 2 зборовите: „или жена“ се бришат. По ставот (2) се додава три нови става (3), (4) и (5), кои гласат: „ (3) Помошта од ставот (1) на овој член збирно не може да надмине 15% од одобрениот износ на директни плаќања во една календарска година. (4) Дополнителна помош во висина од минимум 20% може да се додели на земјоделски стопанства корисници на директните плаќања од членот 47 од овој закон чиј носител е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. (5) Висината на дополнителната помош и максималните износи од ставовите (1) и (4) на овој член по корисник, ги пропишува Владата со програмите од членот 7 од овој закон.“ Член 18 По членот 106 се додава нов наслов и нов член 106-а, кои гласат: „Помош на плодоуживатели Член 106-а (1) Помош за одделни категории на носители на земјоделско стопанство може да се додели во вид на еднократна помош за корисници на државно земјоделско земјиште на плодоуживање согласно со Законот за земјоделско земјиште и тоа во превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 7 висина не повеќе од 120.000 денари по корисник во годината кога за прв пат е стекнато правото за користење на државно земјоделско земјиште на плодоуживање. (2) Висината на помошта која се доделува по корисник во зависност од земјоделската култура за која е доделено државното земјоделско земјиште на плодоуживање, како и максималниот износ на еднократната помош ја утврдува Владата со програмата за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредени категории социјално необезбедени лица согласно со Законот за земјоделско земјиште.“ Член 19 Во членот 107 став (1) зборот „семејни“ се брише. Член 20 Во членот 108 зборовите: „и Агенцијата“ се бришат. Член 21 Поблиските прописи утврдени во овој закон ќе се донесат во период од една години од денот на влегувањето во сила на овој закон. До денот на влегувањето во сила на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат постојните прописи. Член 22 Право на користење на средствата од годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2012 година имаат и корисниците кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги немаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството и ќе се согласат ненамирените обврски од членот 14 став (2) од овој закон да ги пребијат со одобрената финансиска поддршка по основ на годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2012 година. Начинот на пребивање од ставот (1) на овој член го пропишува Владата со прописот од членот 47 став 6 од овој закон. Член 23 Жените носители на семејно земјоделско стопанство кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се стекнале со право на користење на помош за одделни категории носители на земјоделско стопанство како дополнителна помош која се доделува на земјоделски стопанства корисници на директните плаќања од членот 47 од овој закон имаат право на користење на помошта до истекот на периодот од членот 102 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ број 49/10 и 53/11). Член 24 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.