跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Law amending the Law on agriculture and rural development

颁布于 2011-04-14 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
agricultural development, inspection, rural development

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.04.2011 година Член 1 Во Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ број 49/10), во членот (33) по ставот 6 се додаваат 20 нови става (7), (8), (9), (10) , (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21), (22), (23), (24), (25) и (26), кои гласат: “(7) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на решение за упис во регистарот на откупувачи донесува решение, со кое одлучува по барањето за издавање на решение за упис во регистарот на откупувачи. (8) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за упис во регистарот на откупувачи, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање. (9) Формата и содржината на барањето од ставот (7) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (10) Кон барањето за донесување на решението за издавање на решение за упис во регистарот на откупувачи подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (6) на овој член. (11) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (7) на овој член до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за упис во регистарот на откупувачи е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (13) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (11) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. (14) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (15) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (13) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (13) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (13) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (18) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (16) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (12) и (13) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (14) и (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (19) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (20) Во случајот од ставот (18) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (21) Во случаите од ставот (19) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (22) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (17) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (23) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (15) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (24) Постапката пред Управниот суд е итна. (25) Подзаконскиот акт од ставот (8) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (26) По донесувањето на подзаконскиот акт истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“ Ставовите (7) и (8) се бришат. Ставот (9) станува став (27). Член 2 Во членовите 121 став (2) и 128 став (6) зборовите: “второстепената комисија при Владата на република Македонија надлежна за решавање управни работи од втор степен од областа на земјоделството, шумарството и водостопанството“ се заменуваат со зборовите: “Државната комисијата за одлучување во управна превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 постапка и постапка од работен однос во втор степен.“ Член 3 Подзаконскиот акт утврден во членот 33 став (8) од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 4 Одредбата од членот 3 на овој закон ќе започне да се применува со започнување на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 5 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on agriculture and rural development · Nelum