跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Energy Law

颁布于 2025-05-14 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Закон за енергетика.
语言
Macedonian
类型
法令
国家
北马其顿
主题
Energy, Environment
关键词
air quality/air pollution, authorization/permit, circular economy, ecofriendly products/ecofriendly processes, emissions, enforcement/compliance, environmental impact assessment (EIA), environmental planning, environmental standards, inspection, integrated management, liability/compensation, monitoring, policy/planning, polluter pays principle, pollution control, protection of environment, recycling/reuse, renewable energy, social impact assessment, sustainable development, sustainable use, urban land, standards, bioenergy, biofuel, certification, coal, consumer protection, contracts, cooperative/producer organization, data collection/reporting, energy conservation/energy production, equity, fiscal and market measures, framework law, fuelwood, governance, green economy, hydropower generation, innovation, institution, international cooperation, natural gas, nuclear energy, offences/penalties, oil, registration, traceability, transport/storage, risk assessment/management, small and medium enterprises, poverty, procedural matters, public participation, community management
类别
energy

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. 1. Министерството обезбедува координација со Координативната група за сигурност на снабдувањето на Енергетската заедница, Секретаријатот на Енергетската заедница и надлежните органи на договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европската Унија и со други меѓународни безбедносни тела и 46 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. операторот на електропреносниот систем обезбедува координација со ENTSO-Е и Ре- гионалниот координативен центар. Проценка на ризиците за сигурност во снабдувањето со електрична енергија Член 28 (1) Министерството донесува решение со кое го задолжува операторот на електропре- носниот систем, операторот на електродистрибутивен систем, производителите на елек- трична енергија, како и трговците и снабдувачите да ги земат предвид сценаријата за елек- троенергетска криза на ENTSO-E и да ги идентификува ризиците кои влијаат врз сигур- носта во снабдувањето со електрична енергија и безбедноста на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и да ги определи сите сценарија за подготвеност за ризик во електроенергетскиот сектор за секој настан или состојба која може да иницира ризик на домашниот или регионалниот пазар на електрична енергија, во согласност со Ме- тодологијата за проценка на ризикот за идентификуваните регионални сценарија за под- готвеност за ризик донесена од ENTSO-E и одобрена од ACER, а особено имајќи ги пред- вид: 1. ретките и екстремни природни и климатски појави коишто можат да предизвикаат ризик; 2. инцидентните настани и состојби кои се надвор од критериумот N-1 утврден во мрежните правила за пренос на електрична енергија и исклучителни непредвидени ситуа- ции; 3. состојбата на електроенергетската мрежа како што е староста на електроенергетската опрема и состојбата на терен во околината на електроенергетските објекти и 4. последователните опасности, вклучувајќи ги и последиците од недостигот на енер- генти, злонамерни напади и напади врз сајбер безбедноста на уредите и постројките од членот 65 став (1) од овој закон. (2) Во постапката за идентификација на сценаријата за електроенергетска криза и про- ценката на ризиците, операторот на електропреносниот систем соработува со Министер- ството и Регулаторната комисија за енергетика, операторот на електродистрибутивниот систем, производителите на електрична енергија, снабдувачите на електрична енергија, трговците на електрична енергија, Регионалниот координативен центар, ENTSO-E и ба- лансно одговорните страни. (3) Министерството, во соработка со Регулаторната комисија за енергетика и операто- рите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и операторот на паза- рот на електрична енергија го оценува: 1. значењето на секој од настаните и состојбите кои можат да се определат како ризик во Република Северна Македонија и во регионалното сценарио за подготвеност за ризик, имајќи ја притоа предвид и истовременоста на настанувањето и меѓусебната поврзаност на настаните и состојбите, како и последователните настани и состојби што можат да пре- дизвикаат енергетска криза и 2. ризикот со примена на критериумите за рангирање утврдени во Методологијата за проценка на ризикот за идентификуваните регионални сценарија за подготвеност за ризик од ставот (1) на овој член, имајќи ја предвид веројатноста за настанот и потенцијалната се- риозност на влијанието на настанот, односно состојбата. (4) Ако во постапката за оценување на сценаријата од ставот (1) на овој член, се утврди дека идентификуваните ризици можат да имаат значително влијание на регионалните па- зари на електрична енергија, Министерството ги доставува сценаријата за подготвеност за 47 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година ризик од криза со електрична енергија со значително регионално влијание до надлежните органи на договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европ- ската Унија. (5) Операторот на електропреносниот систем на секои четири години, а по барање на Министерството или на ENTSO-E и почесто, ги преоценува сценаријата од ставот (1) на овој член, ги ажурира и ги доставува резултатите од оценката до ENTSO-E, Регионалниот координативен центар и Секретаријатот на Енергетската заедница, во рок од четири месе- ци од идентификацијата на регионални електроенергетски кризни сценарија. (6) Министерството спроведува проценка на ризиците за сигурноста во снабдувањето поврзани со сопственоста врз енергетската инфраструктура и предлага на Владата презе- мање соодветни мерки за спречување или ублажување на можните ризици и за тоа ги из- вестува Координативната група за сигурност на снабдувањето на Енергетската заедница и Секретаријатот на Енергетската заедница. (7) Сценаријата од ставoт (1) на овој член, се користат како основа за изработка на Пла- нот за подготвеност за справување со ризици од членот 30 од овој закон. Kраткорочна и сезонски процени на адекватноста Член 29 (1) Операторот на електропреносниот систем, со примена на Методологијата за процен- ка на краткорочната и сезонската адекватност изготвена од ENTSO-E и одобрена од ACER, и краткорочната прoценка изготвена од Регионалниот Координативен центар, врз основа на сезонската оцена на адекватност на ресурси и во координација со договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европската Унија, изготвува краткорочна проценка на адекватност на ресурси во текот на еден месец, една недела и ден однапред, врз основа на: 1. веројатноста за прекини во електропреносната мрежа, веројатноста за непланирани прекини во капацитетите за производство на електрична енергија, екстремни временски услови, променливоста во оптоварувањето, особено при врвното оптоварување предизви- кано од временските услови, како и променливоста на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија и 2.веројатноста за настанување на електроенергетска криза во Република Северна Маке- донија и веројатноста за настанување на електроенергетска криза во регионот. (2) Во постапката за изготвување на краткорочната проценка на адекватност од ставот (1) на овој член, операторот на електропреносниот систем ги има предвид и резултатите од проценката за адекватноста за приближните временски рамки обезбедени од Регионал- ниот координативен центар. (3) Операторот на електропреносниот систем изготвената краткорочна проценка на адекватност на ресурси од ставот (1) на овој член ја доставува до Министерството на одобрување. (4) Операторот на електропреносниот систем врши сезонски процени на адекватноста во согласност со методологијата од ставот (1) на овој член. (5) Операторот на електропреносниот систем ги објавува резултатите за зимската про- цена на адекватноста до 1 декември секоја година и за летната процена на адекватноста до 1 јуни секоја година. (6) Операторот на електропреносниот систем ги доставува извештаите за сезонската проценка на веројатноста за настанување на енергетска криза во Република Северна Маке- донија до Министерството, Регулаторната комисија за енергетика, Регионалниот коорди- нативен центар и Секретаријатот на Енергетската заедница и врз основа на нивните пред- лози и препораки ги дополнува извештаите и ги објавува на својата веб-страница. 48 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година План за подготвеност за справување со ризици Член 30 (1) Врз основа на сценаријата за електроенергетска криза во Република Северна Маке- донија, идентификувани согласно членот 28 од овој закон, како и регионалните сценарија, операторот на електропреносниот систем и другите засегнати страни по барање на Минис- терството, изготвува Нацрт-план за подготвеност за справување со ризици. (2) Министерството го доставува Нацрт-планот од ставот (1) на овој член, на мислење до Регулаторната комисија за енергетика, операторот на системот за пренос на гас, опера- торот на електродистрибутивниот систем, операторот на пазарот на електрична енергија, производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет во Република Северна Македонија, најголемиот производител на електрична енергија од гас, универзал- ниот снабдувач, трговецот со најголемо учество на пазарот на електрична енергија на го- лемо и снабдувачот со најголемо учество на пазарот на електрична енергија на мало во Ре- публика Северна Македонија. (3) Заради обезбедување усогласеност со соодветните регионални планови и со плано- вите на соседните држави, Министерството истовремено го доставува Нацрт-планот од ставот (1) на овој член, до надлежните тела на договорните страни на Енергетската заед- ница или државите членки на Европската Унија, Координативната група за сигурност на снабдувањето на Енергетската заедница и до Секретаријатот на Енергетската заедница за- ради спроведување на консултации. (4) Министерството е должно да го преиспита Нацрт-планот од ставот (1) на овој член, ако мислењето добиено од Секретаријатот на Енергетската заедница во постапката за кон- султации од ставот (3) на овој член, укажува дека планот: 1. не е соодветен за ублажување на ризиците идентификувани во сценаријата за елек- троенергетски кризи; 2. не е доследен во однос на сценаријата за електроенергетски кризи или со планот за подготвеност за ризици на друга договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија; 3. не е усогласен со барањата од ставот (9) точка 2 на овој член; 4. утврдува мерки коишто можат да ја загрозат сигурноста во снабдувањето со елек- трична енергија на други договорни страни на Енергетската заедница или држави членки на Европската Унија или 5. ја нарушува конкуренцијата или делотворното функционирање на регионалниот па- зар или на пазарот на електрична енергија на Европската Унија. (5) Ако Министерството се согласи со укажувањата на Секретаријатот на Енергетската заедница од ставот (4) на овој член, во рок од три месеци од денот на приемот на мислење- то врши соодветни измени и дополнувања на усвоениот план за подготвеност за справува- ње со ризици и за тоа го известува Секретаријатот на Енергетската заедница. (6) Ако Министерството не се согласи со укажувањата на Секретаријатот на Енергет- ската заедница од ставот (4) на овој член, доставува известување до Секретаријатот на Енергетската заедница, во кое ги образложува причините за несогласувањето, а мислење- то со образложените причини го објавува на својата веб-страница. (7) Министерството го донесува планот за подготвеност за справување со ризици земај- ќи ги предвид мислењата добиени согласно ставовите (2) и (3) на овој член, во рок од де- вет месеци од денот на доставувањето на мислењата, при што ги зема предвид предлозите и препораките добиени во постапката за консултации. 49 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (8) Планот од ставот (7) на овој член, се состои од мерки кои се преземаат во Република Северна Македонија, како и мерки што во соработка со надлежните тела за подготовки за справувување со ризици од договорните страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија, можат да се преземат на билатерално и регионално ниво. (9) Мерките содржани во планот од ставот (7) на овој член, треба да ги исполнуваат следниве барања: 1. да се прецизно дефинирани, транспарентни, сразмерни и недискриминаторни и 2. да се во согласност со овој закон и прописите донесени во согласност со овој закон, како и со обврските за Република Северна Македонија преземени со ратификуваните ме- ѓународни договори. (10) Министерството го ажурира планот од ставот (7) на овој член, на секои четири го- дини освен ако околностите не налагаат почести ажурирања. (11) Министерството обезбедува заштита на доверливите и деловно чувствителните ин- формации добиени во постапката за изготвување и ажурирање на планот од ставот (7) на овој член, а особено на предвидените мерки во врска со спречувањето или ублажувањето на последиците од злонамерни напади. (12) Министерството го објавува планот од ставот (7) на овој член , на својата веб-стра- ница и го доставува до Секретаријатот на Енергетската заедница. (13) Во процесот на изработка на Планот за подготвеност со справување со ризици Ми- нистерството може да користи материјални и човечки ресурси, кои се на располагање на производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет во Република Северна Македонија, операторот на електропреносниот систем, операторот на преносниот систем за гас и операторот на електродистрибутивниот систем. Содржина на Планот за подготвеност за справување со ризици Член 31 (1) Во Планот за подготвеност за справување со ризици се утврдуваат сите национални мерки што се планираат и се преземаат за подготвеност за спречување и ублажување енергетски кризи предвидени во сценаријата за енергетска криза во Република Северна Македонија согласно членот 28 од овој закон, а особено: 1. краток опис на сценаријата за енергетски кризи; 2. обврските на Министерството; 3. вршителите на регулирани енергетски дејности на коишто Министерството им пре- несува одделни оперативни надлежности во врска со преземањето на мерки за подготве- ност со справувањето со ризици определени во планот, како и следењето на нивното из- вршување од страна на Министерството; 4. опис на мерките кои се преземаат за подготовка за справување и за спречување или ублажување на идентификуваните ризици; 5. утврдување детални постапки што се преземаат во случај на енергетски кризи, вклу- чително и соодветните шеми за размена на информации; 6. придонесот на пазарно заснованите мерки во справување со енергетски кризи, особе- но мерките за побарувачка и снабдување; 7. мерките кои не се пазарно засновани, а коишто треба да се спроведат во случај на енергетска криза, условите коишто треба да се исполнети за нивното активирање, услови- те и постапките за нивно спроведување и образложение за нивната усогласеност со бара- њата за функционирање на пазарот на електрична енергија, како и со обврските преземени со регионалните и билатералните договори; 50 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 8. начин и постапки за намалување на потрошувачката од страна на операторот на елек- тропреносниот и операторот на електродистрибутивниот систем, вклучително и: - начин и постапка за мануелно намалување на оптоварувања, - околностите во кои треба да се намалат оптоварувањата и - категориите на потрошувачи на електрична енергија коишто согласно овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон имаат право да добијат посебна заштита од исклучување; 9. постапки и средства за информирање на јавноста за електроенергетски кризи; 10. опис на националните мерките потребни за спроведување и примена на договоре- ните регионални и билатерални мерки; 11. назначување на координатор за справување со ризици и 12. информации за плановите за развој на соодветните мрежи, коишто придонесуваат за справување со последиците од идентификувани сценарија за електроенергетски кризи. (2) Мерките од ставот (1) на овој член, треба да: 1. се во согласност со договорените регионални и билатерални мерки и 2. не ја загрозуваат оперативната сигурност или безбедноста на електропреносниот сис- тем на Република Северна Македонија, како и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија на други договорни страна на Енергетската заедница и држави членки на Европ- ската Унија. (3) Покрај мерките од ставот (1) на овој член, заради спречување и управување со енер- гетските кризи со прекугранично влијание, во планот за подготвеност за справување со ризици се вклучуваат и: 1. регионални мерки договорени меѓу договорните страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија во рамки на регионот во кој припаѓа Република Се- верна Македонија и коишто имаат можност за обезбедување на заемна помош и 2. билатерални мерки договорени помеѓу Република Северна Македонија и договорна страна на Енергетската заедница и/или држава членка на Европската Унија со која Репуб- лика Северна Македонија е директно поврзана со интерконективен вод, а која не припаѓа на ист регион со Република Северна Македонија. (4) Регионалните и билатералните мерки од ставот (3) на овој член, особено вклучуваат: 1. назначување координатор на кризи; 2. механизми за соработка и размена на информации; 3. координирани мерки за ублажување на влијанието на електроенергетска криза, вклу- чително и истовремена електроенергетска криза, заради обезбедување на заемна помош; 4. постапки што се спроведуваат со вклучување на учесниците на пазарот за годишни или двегодишни тестирања на плановите за подготвеност за справување со ризици и на- чин и постапка за спроведување на симулации на електроенергетска криза и 5. механизми за активирање на мерките кои не се пазарно засновани. (5) Министерството, во координација со операторот на електропреносниот систем, ги усогласува регионалните и билатералните мерки што треба да се вклучат во планот за подготвеност за справување со ризици во консултација со Регионалниот координативен центар. (6) Ако во рок од осум месеци пред крајниот рок за донесување на планот за подготве- ност за справување со ризици, Министерството не успее да ги усогласи регионалните или билатералните мерки со соодветните договорни страни на Енергетската заедница или држави членки на Европската Унија, Министерството заедно со надлежното тело од за- сегнатата држава го информираат Секретаријатот на Енергетската заедница. (7) Во случајот од ставот (6) на овој член, Министерството ги спроведува регионалните, односно билатералните мерки предложени од Секретаријатот на Енергетската заедница, вклучително и механизмите за соработка заради определување и примена на регионалните и билатералните мерки. 51 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (8) Министерството во соработка со операторот на електропреносниот систем и Регула- торната комисија за енергетика периодично ја тестира ефективноста на процедурите раз- виени во плановите за подготвеност за справување со ризик за спречување на кризи со електрична енергија, вклучително и механизмите од ставот (4) точка 2 на овој член и спроведува симулации на криза на електрична енергија на секои две години, особено тес- тирање на тие механизми. Управување со електроенергетска криза, рано предупредување и прогласување електроенергетска криза Член 32 (1) Ако сезонската проценка на адекватност од настанување на електроенергетска кри- за изготвена од ENTSO-E, Регионалниот координативен центар или операторот на елек- тропреносниот систем дава точно определени, недвосмислени и сериозни информации дека во Република Северна Македонија може да се појави електроенергетска криза, Ми- нистерството доставува рано предупредување до Секретаријатот на Енергетската заедница и до надлежните органи на договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европската Унија во рамки на регионот за координирано управување со елек- троенергетските системи во кој припаѓа Република Северна Македонија и до надлежното тело на договорна страна на Енергетската заедница и држава членка на Европската Унија, со којашто е директно поврзана со интерконективен вод и не припаѓа на ист регион со Ре- публика Северна Македонија. (2) Кон раното предупредување од ставот (1) на овој член, Министерството доставува информации за причините за можната електроенергетска криза, за планираните или презе- мените мерки за спречување на електроенергетската криза, за можната потреба од помош од договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европската Унија, како и за влијанието на мерките врз пазарот на електрична енергија. (3) Кога Република Северна Македонија се соочува со електроенергетска криза, Минис- терството во согласност со Законот за управување со кризи и уредбата од членот 45 став (1) точка 1 од овој закон, започнува постапка за прогласување на електроенергетска криза и за тоа ги известува Секретаријатот на Енергетската заедница и договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европската Унија во рамки на регионот за координирано управување со електроенергетските системи во којшто припаѓа Република Северна Македонија и надлежните тела на договорна страна на Енергетската заедница и држава членка на Европската Унија, која не припаѓа на ист регион со Република Северна Македонија и со која електропреносниот систем на Република Северна Македонија е пов- рзан со интерконективен електропреносен вод. (4) Во известувањето од ставот (3) на овој член, се наведуваат причините за влошување на состојбата со снабдувањето со електрична енергија, причините за прогласување на електроенергетска криза, мерките планирани или преземени за нејзино ублажување и пот- ребата од помош од договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европската Унија. (5) Министерството по барање од Секретаријатот на Енергетската заедница или од до- говорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Европската Унија доставува дополнителни информации во однос на причините поради кои е започната по- стапката за прогласување на електроенергетска криза. (6) Ако Министерството достави рано предупредување од ставот (1) на овој член или иницира постапка за прогласување на електроенергетска криза должно е целосно да ги применува мерките содржани во Планот за подготвеност за справување со ризици. 52 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (7) Министерството во случај на електроенергетска криза ги активира мерките кои не се пазарно засновани само во краен случај доколку се исцрпени сите можности за спречу- вање или ублажување на последиците од електроенергетската криза со примена на пазар- но засновани мерки или кога е очигледно дека пазарно заснованите мерки не се доволни за да се спречи дополнително влошување на состојбата со снабдувањето со електрична енергија и за нивното активирање ги известува учесниците на пазарот на електрична енер- гија во Република Северна Македонија. Применетите мерки се во согласност со овој закон и прописите донесени во согласност со овој закон, како и со обврските за Република Се- верна Македонија преземени со ратификуваните меѓународни договори. (8) Мерките од ставот (7) на овој член, кои не се пазарно засновани: 1. не смеат неосновано да ги нарушат конкуренцијата и делотворното функционирање на пазарот на електрична енергија и 2. треба да бидат неопходни, сразмерни, недискриминаторни и привремени. (9) Ограничувањето на трансакциите на пазарот на електрична енергија, вклучително и намалувањето на доделениот меѓузонски капацитет, како и ограничувањето на обезбеду- вањето меѓузонски капацитет или ограничувањето на обезбедените распореди се воведува во согласност со соодветните ТСМ од член 143 ставови (4), (5) и (6) од овој закон. (10) Операторот на електропреносниот систем по претходно одобрение од Регулаторна- та комисија за енергетика, како крајна мерка од ставот (7) на овој член, која не е пазарно заснована, за своите потреби може да донесе одлука за привремено ангажирање капаците- ти за производство на електрична енергија или за складирање на електрична енергија во сопственост на потрошувачи приклучени на електропреносната и дистрибутивната мрежа, коишто ги користат за повремено или постојано производство или складирање на елек- трична енергија за сопствени потреби, а кои имаат техничка можност услугите и елек- тричната енергија да ги испорачаат на електропреносната мрежа. (11) Операторот на електропреносниот систем воспоставува и води листа на капаците- тите од ставот (10) на овој член и во мрежните правила за пренос на електрична енергија по одобрување од Регулаторната комисија за енергетика ги утврдува рокот, условите, по- стапките и начинот на определување на финансискиот надоместок за нивното ангажи- рање. Соработка со договорните страни на Енергетска заедница и државите членки на Европска Унија Член 33 (1) Министерството, во рамки на договорените регионални и билатерални мерки и во согласност со начелото на солидарност, а имајќи ја предвид техничката оспособеност на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, соработува и заеднички дејствува со другите договорни страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија во спречувањето и управувањето со електроенергетските кризи. (2) Заради остварување на соработката од ставот (1) на овој член, Министерството со надлежните органи на договорните страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија ги договара неопходните технички, правни и финансиски аранжмани за спроведувањето на регионалните или билатералните мерки пред да се понуди помошта, особено во однос на: 1. активирањето на кој било вид на помош и прекин на обезбедување на помошта; 2. максималното количество електрична енергија што треба да се испорача на регионал- но или билатерално ниво и начинот на испорака и 3. правичниот надоместок кој се исплаќа за обезбедената помош, што се состои од: 53 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3.1. трошоците за обезбедување на електричната енергија; 3.2. трошоците за преносот на електричната енергија којашто се испорачува на терито- ријата на договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија што ја бара помошта; 3.3. реално направените трошоци од договорната страна на Енергетската заедница или државата членка на Европската Унија што ја обезбедува помошта, вклучително и трошо- ците за обезбедена помош којашто не е активирана и 3.4. сите трошоци кои произлегуваат од судски постапки, арбитражни постапки или слични постапки и спогодби. (3) Република Северна Македонија ги надоместува сите трошоци за добиената помош на договорната страна на Енергетската заедница или државата членка на Европската Уни- ја која ја обезбедува помошта. (4) Кога во случај на електроенергетска криза, Република Северна Македонија нема склучени договори за регионални или билатерални мерки и за неопходните технички, правни и финансиски аранжмани за спроведувањето на мерките, склучува договори за привремени мерки со договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија. Пред добивање на помошта, Република Северна Македонија презема обврска да го плати надоместокот од ставот (2) точка 3 на овој член, за примена на тие мерки. (5) Во рок од четири месеци од идентификацијата на регионалните кризни сценарија, Министерството доставува известување до Секретаријатот на Енергетската заедница за проценките содржани во регионалните кризни сценарија за влијанието на сопственоста врз инфраструктурата во однос на сигурноста во снабдувањето, како и за потребните и сразмерни мерки што се преземаат за ублажување на таквите ризици. Ex-post евалуација на електроенергетската криза Член 34 (1) Во рок од три месеци од завршувањето на електроенергетската криза, Министер- ството по претходно добиено мислење од Регулаторната комисија за енергетика, изготву- ва и доставува до Координативната група за сигурност на снабдувањето на Енергетската заедница и Секретаријатот на Енергетската заедница извештај за ex-post евалуација на електроенергетската криза, којшто особено содржи: 1. опис на настанот што ја предизвикал електроенергетската криза; 2. опис на сите преземени превентивни, подготвителни мерки и мерки за ублажување и процена на нивната сразмерност и делотворност; 3. процена на прекуграничното влијание на преземените мерки; 4. опис на помошта, независно од нејзиното искористување, која била обезбедена за, или добиена од соседна договорна страна на Енергетска заедница, држава членка на Ев- ропската Унија или трета држава; 5. проценка на економското влијание на електроенергетската криза и влијанието на пре- земените мерки врз електроенергетскиот сектор до степен кој го овозможуваат податоците достапни за време на проценката, а особено на количествата неиспорачана електрична енергија и нивото на мануелно исклучување на побарувачката, вклучително и споредба помеѓу нивото на доброволно и присилно исклучување на побарувачката; 6. причини што ја оправдуваат примената на мерките кои не се пазарно засновани; 7. сите можни подобрувања или предложени подобрувања на Планот за подготвеност за справување со ризици и 54 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 8. преглед на можни подобрувања во развојот на мрежата во случаи кога недоволниот развој на мрежата ја предизвикал или придонел за електроенергетската криза. (2) Министерството резултатите од ex-post евалуацијата ги презентира на Координа- тивната група за сигурност на снабдувањето на Енергетската заедница. Резултатите од ex- post евалуацијата се одразуваат во ажурираниот план за подготвеност за ризици. (3) По барање од Секретаријатот на Енергетската заедница или Координативната група за сигурност на снабдувањето на Енергетската заедница, Министерството доставува до- полнителни информации кон извештајот за ex-post евалуацијата на електроенергетската криза. Мерки за заштита на сигурноста во снабдувањето со гас Член 35 (1) Министерството е надлежно за преземање на мерки за заштита на сигурноста во снабдувањето со гас. (2) Во остварувањето на надлежноста од ставот (1) на овој член, Министерството сора- ботува со операторите на системите за пренос или дистрибуција на гас, операторите на складишта на гас и со трговците и снабдувачите со гас, како и со надлежните тела од дого- ворните страни на Енергетската заедница или државите-членки на Европската Унија и со Секретаријатот на Енергетската заедница. (3) Спроведувањето на одделни мерки од ставот (1) на овој член, освен мерката прогла- сување криза согласно закон со кој се уредува управувањето со кризи, Министерството со одлука може да го делегира на други субјекти. (4) Министерството обезбедува мерките од ставот (1) на овој член, да се вршат од стра- на на вршителите на енергетските дејности во областа на гас, електрична и топлинска енергија од Република Северна Македонија и од договорни страни на Енергетската заед- ница или држави членки на Европската Унија. Критериум за инфраструктура за гас Член 36 (1) Во мрежните правила за пренос на гас се утврдува обврска за операторот на систе- мот за пренос на гас во случај на прекин на испорака на гас преку најголемиот преносен гасовод да обезбеди со примена на критериумот N-1 определен со мрежните правила за пренос на гас, техничкиот капацитет на преостанатата преносна инфраструктура да ја за- доволи вкупната побарувачка за гас во Република Северна Македонија во текот на еден ден со исклучително висока побарувачка којашто се определува согласно статистичките пресметки и се појавува еднаш во 20 години, имајќи ги предвид трендовите на потрошу- вачка на гас, резултатите од примената на мерките на енергетската ефикасност и стапката на искористеност на постојната гасоводна инфраструктура. (2) За исполнување на обврската од ставот (1) на овој член, операторот на системот за пренос на гас може да врши дополнителни инвестирања во системот за пренос на гас, ка- ко и на економски и оправдан начин да презема мерки за управување преку побарувачка со гас, во согласност со Планот за превенција од членот 40 од овој закон. (3) Операторот на системот за пренос на гас кога тоа е технички можно е должен да обезбеди двонасочен капацитет за пренос на гас во точките на влез и на излез во системот за пренос на гас. 55 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Министерството создава услови секоја нова инфраструктура за гас да придонесува за сигурноста во снабдувањето со гас преку поврзување со соседните системи за пренос на гас и преку создавање на доволен број на влезни и излезни точки во системот за пренос на гас во согласност со барањата на пазарот на гас, како и со идентификуваните ризици за настанување на криза во снабдувањето со гас. (5) При утврдувањето на тарифата за пренос на гас, Регулаторната комисија за енерге- тика, во прописот донесен согласно член 61 став (1) точка 1 од овој закон, му ги надомес- тува на операторот на системот за пренос на гас трошоците за ефикасното исполнување на обврските од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член. (6) Ако операторот на системот за пренос на гас, заради обезбедување на сигурноста во снабдувањето со гас во Република Северна Македонија и во соседна договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија врши дополнителни ин- вестирања во системот за пренос на гас во Република Северна Македонија, Регулаторната комисија за енергетика и регулаторното тело на засегнатата држава заеднички одлучуваат за распределба на трошоците за реализација на инвестицијата. Критериум за снабдување со гас Член 37 (1) Министерството во согласност со критериумот за снабдување определен со уредба- та од член 45 став (1) точка 2 од овој закон, со решение му наложува на снабдувачот со гас со обврска за обезбедување на јавна услуга, да преземе мерки за непречено снабдување со гас на заштитени потрошувачи на гас во случај на: 1. екстремни температури во период од седум дена или во случаи коишто според ста- тистичката веројатност се јавуваат еднаш во 20 години; 2. невообичаено висока побарувачка на гас во период од 30 дена којашто според статис- тичката веројатност се појавува еднаш во 20 години и 3. прекин во најголемиот преносен гасовод во траење од 30 дена во услови на просечни зимски температурни состојби. (2) Заштитен потрошувач на гас од ставoт (1) на овој член, е домаќинство приклучено на системот за дистрибуција на гас, јавни установи кои нудат примарни социјални услуги приклучени на систем за пренос или дистрибуција на гас, како и производител на топлин- ска енергија кој произведува топлинска енергија за потребите на домаќинствата, малите потрошувачи, а кој не може да користи друго гориво освен гас, при што вкупната потро- шувачка на гас на малите и средни потрошувачи и јавни установи кои нудат примарни со- цијални услуги не е поголема од 20% од вкупната потрошувачка на гас во Република Се- верна Македонија. (3) Министерството секоја година до Секретаријатот на Енергетската заедница доставу- ва податоци за годишната потрошувачка на гас на заштитените потрошувачи и податоци за учеството на нивната потрошувачка во вкупната годишна потрошувачка на гас во Ре- публика Северна Македонија. (4) Обврската од ставот (1) на овој член, може да се исполни и со мерки на енергетска ефикасност како и со замена на гасот со друг извор на енергија, вклучително и со енергија добиена од обновливи извори, освен ако со тоа не се загрозува работењето на електропре- носниот систем. (5) Зголемувањето на периодот од 30 дена утврден во ставот (1) точки 2 и 3 на овој член, се врши врз основа на проценка на ризикот, а се предвидува во планот за превенција, кој треба да биде во согласност со член 39 став (2) од овој закон и да нема негативно вли- јание на снабдувањето со гас на заштитените потрошувачи. 56 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Министерството обезбедува мерката од ставот (1) на овој член, да не предизвика непотребни трошоци за снабдувачот со гас со обврска за обезбедување на јавна услуга и дека условите за снабдување на заштитените потрошувачи ќе бидат недискриминаторни и нема да го нарушат функционирањето на пазарот на гас по цена која ја почитува пазарната вредност на снабдувањето. (7) Министерството доставува до Секретаријатот на Енергетската заедница образложе- ние за мерката преземена согласно ставот (5) на овој член. Обврска за обезбедување на складишен капацитет Член 38 (1) За да се обезбеди сигурност во снабдувањето со гас, Владата донесува одлука за на- метнување обврска за обезбедување на јавна услуга на еден или повеќе носители на ли- ценци за вршење на енергетски дејности снабдување, пренос и складирање на гас, најдоц- на до 1 ноември секоја година да обезбедат закуп на складишен капацитет од оператор на складиште за гас или друг трговец или снабдувач со гас од друга договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија во која постои складиште за гас. (2) Вкупниот складишен капацитет којшто треба да биде обезбеден согласно ставот (1) на овој член, треба да овозможи складирање количини на гас еднакви на најмалку 15% од просечната годишна потрошувачка во Република Северна Македонија во претходните пет години или количина којашто е возможна со оглед на техничките ограничувања на пре- куграничните капацитети за пренос на гас, при што ако тие технички ограничувања не овозможуваат исполнување на обврската за обезбедување на закуп на складишен капаци- тет, обврската се смета за исполнета ако наместо гас учесникот на пазарот обезбедил ре- зерви на алтернативно гориво. (3) Доколку Владата не донесе одлука согласно ставот (1) на овој член, Министерство- то може да склучи договор со договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија, во која постои складиште за гас за воспоставување на меха- низам за споделување на обврските поврзани со складирање на гас, при што треба да се имаат предвид податоците од проценката на ризиците од членот 39 од овој закон, а осо- бено: 1. трошоците поврзани со финансиската поддршка за обезбедување на обврските на операторот на складиштето во договорната страна на Енергетската заедница или држава- та членка на Европската Унија; 2. количините на гас потребни за задоволување на потребите на заштитените потрошу- вачи на гас од членот 37 став (2) од овој закон и 3. техничките ограничувања, вклучително и достапниот капацитет на складиштето со гас и техничкиот прекуграничен преносен капацитет, како и динамиката и обемот на пов- лекување на договорените количини. (4) Министерството го известува Секретаријатот на Енергетската заедница за договорот за воспоставување на механизам за споделување на обврските од ставот (3) на овој член, а ако таков договор не е склучен доставува докази дека е исполнета обврската од ставот (1) на овој член. (5) На учесниците на пазарите од ставот (1) на овој член, учесниците на пазарите кои преземаат обврски согласно механизмот за споделување на обврските од ставот (3) на овој член и на операторите на системи за складирање, може да им се додели финансиска под- дршка во форма на државна помош или финансиски стимулации во согласност со пропи- сите за контрола на државна помош. За дополнителните трошоци настанати од исполну- 57 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година вањето на нивните обврски, кои не можат да се надоместат од остварените приходи, при што ако таа финансиска поддршка се обезбедува преку воведување на дополнителна да- вачка, таа давачка не смее да се применува на интерконективните точки на прекугранич- ните гасоводи. Проценка на ризици Член 39 (1) Министерството спроведува проценка на ризиците кои можат да влијаат врз сигур- носта со снабдувањето со гас во Република Северна Македонија. Проценката по барање на Министерството ја изготвува операторот на системот за пренос на гас по претходна кон- султација со операторот на системот за дистрибуција на гас, снабдувачите и трговците со гас, потрошувачите на гас, производителите на електрична енергија и операторот на елек- тропреносниот систем, како и со Регулаторната комисија за енергетика. (2) Проценката на ризиците од ставот (1) на овој член, се заснова на: 1. критериумите од членовите 36 и 37 од овој закон; 2. околностите во Република Северна Македонија и во регионот, а особено во однос на: 2.1. големината на пазарот на гас; 2.2. конфигурацијата на мрежата за пренос на гас; 2.3. можности за закуп или изградба на складишта за гас; 2.4. реалните текови на гас и можностите за двонасочни текови; 2.5. максималниот интерконективен капацитет на секоја влезна и излезна точка и 2.6. улогата на гасот во вкупната потрошувачка на енергија во Република Северна Ма- кедонија, а особено во производството на електрична и топлинска енергија, како и за пот- ребите на стопанството; 3. сценарија со исклучително висока побарувачка на гас и нарушувања во снабдување- то со гас, како и сценарија со продолжен прекин на единствениот извор за снабдување со гас; 4. интеракцијата и соодносот на ризиците кај договорните страни на Енергетската заед- ница или државите-членки на Европската Унија, особено во однос на интерконективните гасоводи, прекуграничното снабдување, капацитетот за двонасочните текови и пристапот до складиштата за гас и 5. ризиците коишто произлегуваат од контролата врз гасоводната инфраструктура ко- ишто влијае врз сигурноста во снабдувањето, а кои вклучуваат недоволно инвестирање, загрозување на диверзификацијата во снабдувањето, злоупотреба на гасоводната инфрас- труктура и прекршување на обврските преземени со ратификуваните меѓународни дого- вори. (3) Операторите на системите за дистрибуција, трговците и снабдувачите, големите потрошувачи на гас, надлежните државни органи кои поседуваат податоци потребни за изготвување на проценката, вклучително и Регулаторната комисија за енергетика, се должни на Министерството да му ги обезбедат сите потребни податоци за изготвување на проценката на ризиците од ставот (1) на овој член. (4) Министерството на секои четири години, а по потреба и почесто врши ажурирање на проценката на ризици, при што особено ги има предвид резултатите постигнати со реа- лизацијата на критериумот за инфраструктура од членот 36 од овој закон и за тоа го извес- тува Секретаријатот на Енергетската заедница. 58 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година План за превенција и интервентен план Член 40 (1) Министерството донесува: 1. план за превенција којшто содржи мерки потребни за отстранување и ублажување на ризиците идентификувани во проценката на ризици од членот 39 од овој закон, вклучител- но и ефектите од мерките за енергетска ефикасност и управување преку побарувачката и 2. интервентен план кој содржи мерки што треба да бидат преземени за отстранување или ублажување на влијанијата од прекините во снабдувањето со гас. (2) Министерството со решение го задолжува операторот на системот за пренос на гас, по претходна консултација со операторот на системот за дистрибуција на гас, снабдувачи- те и трговците со гас, потрошувачите на гас, производителите на електрична енергија и операторот на електропреносниот систем и во соработка со Регулаторната комисија за енергетика да ги изготви и плановите од ставот (1) на овој член во рок од четири месеци по изготвување на проценката на ризикот. (3) Мерките за обезбедување на сигурност во снабдувањето со гас содржани во планот за превенција и во интервентниот план треба да: 1. бидат јасно определени, транспарентни, сразмерни, недискриминаторни и провер- ливи; 2. не ја нарушуваат неоправдано конкуренцијата и ефикасното функционирање на паза- рот на гас и 3. не ја загрозува сигурноста во снабдувањето со гас во договорните страни на Енер- гетската заедница или државите-членки на Европската Унија. (4) Министерството ги доставува плановите од ставoт (1) на овој член, до Секретарија- тот на Енергетската заедница во рок од 15 дена од денот на донесувањето. (5) Во рок од три месеци од приемот на образложеното барање и препораките за проме- ни во плановите, кои се доставени од Секретаријатот на Енергетската заедница заради неефикасноста на предвидените мерки, неусогласеноста со сценаријата за ризици на друга договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија, неоп- равданото нарушување на конкуренцијата или функционирањето на пазарите на гас, Ми- нистерството изменетите планови или известувањето за несогласување со препораките содржани во барањето ги доставува до Секретаријатот на Енергетската заедница. (6) Операторот на системот за пренос на гас и Министерството се должни постојано да ја следат примената на мерките содржани во плановите од ставот (1) на овој член. (7) Операторот на системот за пренос на гас и Министерството се должни во поста- пката на изготвување и објавување на плановите од ставот (1) на овој член, да обезбедат заштита на деловно чувствителните податоци добиени за потребата за изготвување на пла- новите. (8) Плановите од ставот (1) на овој член се ажурираат на секои четири години, а по потреба и почесто поради промена на околностите или по барање на Секретаријатот на Енергетската заедница, при што ажурираниот план за превенција треба да биде во соглас- ност со ажурираната проценка на ризици од членот 39 став (4) од овој закон и тестирања- та извршени согласно членот 42 став (4) од овој закон. Ако во периодот помеѓу две ажури- рања настанала криза, причините за настанување и последиците од кризата соодветно се наведуваат во ажурираните планови. 59 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Содржина на планот за превенција Член 41 (1) Планот за превенција од членот 40 став (1) точка 1 од овој закон, особено содржи: 1. резултати од проценката на ризици и резиме на сценаријата кои биле земени предвид при изготвувањето на проценката; 2. количините на гас и потребниот капацитет како и другите мерки потребни за испол- нување на критериумот за инфраструктура и критериумот за снабдување, вклучително и влијанието на управувањето со побарувачката во навременото надоместување на недоста- токот настанат поради прекин во снабдувањето со гас; 3. определување на заштитените потрошувачи на гас, во случаите од членот 37 став (1) од овој закон, како и потребните количини на гас за секоја од категориите на заштитени потрошувачи во зависност од соодветното сценарио, како и образложение за промената на мерката за снабдување определени во уредбата од членот 45 став (1) точка 2 од овој закон; 4. обврските што се наметнуваат на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности од областа на гасот, а кога тоа е потребно и од областа на електричната енергија и производството на топлина, кои можат да влијаат врз сигурноста во снабдувањето со гас и безбедната работа на гасоводните системи; 5. други превентивни мерки за справување со ризиците коишто се идентификувани во проценката на ризици од членот 39 од овој закон, а кои што можат да се однесуваат на за- јакнување на интерконективните капацитети, подобрување на енергетската ефикасност, намалување на побарувачката на гас, можноста за диверзификација на снабдувањето со гас, како и користењето на складиштата за гас и капацитетите за течен гас во регионот; 6. информации за економското влијание на мерките и нивната делотворност и ефикас- ност, како и нивното влијание на пазарот на гас во Република Северна Македонија и реги- онот, вклучително и обврските за обезбедување на јавна услуга; 7. опис на влијанието на предложените мерки врз животната средина и врз потрошува- чите; 8. механизмите за соработка со договорните страни на Енергетската заедница или државите-членки на Европската Унија, вклучително и механизмите за изготвување на пла- новите за превенција и интервентните планови; 9. информации за постојните и идните интерконективни водови и гасоводна инфрас- труктура, вклучително и за оние што обезбедуваат пристап до пазарите на гас, прекугра- нични текови на гас, пристап до складиштата на гас и течен гас и двонасочните преносни капацитети, особено во интервентните случаи определени во интервентниот план од чле- нот 40 став (1) точка 2 од овој закон и 10. информации за обврските за обезбедување на јавна услуга кои се однесуваат на си- гурноста во снабдувањето со гас. (2) Во планот за превенција не се објавуваат информации кои можат да ја загрозат си- гурноста во снабдувањето со гас. (3) Планот за превенција е заснован на пазарни мерки и со него не се наметнуваат непотребни обврски за вршителите на енергетските дејности. (4) Министерството е должно да достави до Секретаријатот на Енергетската заедница информација за секоја превентивна мерка која е донесена по донесувањето на планот за превенција и за секоја превентивна мерка донесена пред донесувањето на планот, која не е содржана во планот но, сè уште е на сила, со образложение за усогласеноста на таа мерка со барањата од членот 40 став (3) од овој закон. 60 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Ако Секретаријатот на Енергетската заедница побара од Министерството да изготви извештај за проценка на влијанието на мерката од ставот (4) на овој член, во извештајот се наведуваат податоци и информации кои се однесуваат на: 1. можните влијанија на мерката врз пазарот на гас во Република Северна Македонија и во регионот, при што овој дел од извештајот се изготвува од Регулаторната комисија за енергетика и се доставува до Министерството; 2. можните влијанија на мерката врз сигурноста во снабдувањето со гас во соседните договорни страни на Енергетската заедница или државите-членки на Европската Унија, особено ако мерката може да ги ограничи тековите на гас; 3. трошоците и придобивките како и проценката на потребата и соодветноста за презе- мањето на мерката, споредени со трошоците и придобивките од преземање на пазарно зас- нована мерка; 4. оценка дали преземената мерка обезбедува еднакви можности за сите учесници на пазарот на гас и 5. очекуваното траење на мерката, периодични оценки на резултатите од мерката, како и постапки кои се преземаат по престанувањето на важењето на мерката. (6) Извештајот од ставот (5) на овој член Министерството го објавува на својата веб- страница и го доставува до Секретаријатот на Енергетската заедница. (7) Донесената мерка влегува во сила само ако е изменета во согласност со мислењето на Секретаријатот на Енергетската заедница. Содржина на интервентниот план Член 42 (1) Интервентниот план од членот 40 став (1) точка 2 од овој закон, е заснован на ниво- ата на криза определени во членот 43 став (1) од овој закон и со него особено се: 1. определуваат обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности во областа на гасот, операторот на електропреносниот систем, како и индустриските пот- рошувачи на гас и производителите на електрична енергија имајќи го предвид степенот на нивната загрозеност од прекинот со снабдување со гас, како и нивните заемни односи со засегнати страни кои ги применуваат кризните мерки и Регулаторната комисија за енерге- тика на секое од нивоата на криза; 2. определуваат обврските на Министерството, како и на другите субјекти на коишто согласно членот 35 став (3) од овој закон, им се делегирани одделни надлежности за секое од нивоата на криза; 3. обезбедува дека на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности во об- ласта на гас и индустриските потрошувачи на гас, вклучително и производителите на електрична енергија и производители на топлинска енергија им се дадени доволни мож- ности за одговор на нивоата на криза; 4. идентификуваат ако е потребно, мерките и дејствијата што треба да се преземат за ублажување на можното влијание на прекинот со снабдување со гас врз производството на топлинска и електрична енергија имајќи го притоа предвид комплементарното работе- ње на енергетските системи за гас и електрична енергија; 5. воспоставуваат детални постапки кои треба да се применуваат во секое од нивоата на криза, вклучително и соодветни шеми за размена на податоци; 6. назначува лице одговорно за управување со криза и се определува неговата улога и задачи; 7. определува придонесот на пазарно заснованите мерки за справување со нивото на криза „алармирање“ и ублажување на состојбата на нивото на криза „вонредна состојба“; 61 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 8. определува придонесот на мерките кои не се пазарно засновани, а кои се планираат да се применат на нивото на криза „вонредна состојба“, како и проценка на степенот до којшто примената на овие мерки е потребна за справување со кризата, при што нивната примена треба да започне ако пазарно заснованите мерки не можат да обезбедат снабдува- ње со гас на заштитените потрошувачи на гас; 9. опишуваат механизмите кои се користат за соработка и размена на информации со договорните страни на Енергетската заедница или државите-членки на Европската Унија за секое од нивоата на криза; 10. утврдуваат детално обврските за носители на лиценци за вршење на енергетски деј- ности во областа на гасот за доставување на известувања, како и обврските за носители на лиценци за вршење на енергетски дејности во областа на електроенергетиката за доставу- вање на известувања во случај на криза на ниво „алармирање“ или „вонредна состојба“; 11. опишуваат постојните технички и правни мерки за спречување на неоправдано тро- шење на гас од страна на потрошувачите приклучени на системите за пренос или дистри- буција на гас, освен за заштитените потрошувачи и 12. воспоставува листа на однапред дефинирани активности за достапност на гасот во случај на вонредна состојба, вклучително и трговски аранжмани помеѓу страните вклуче- ни во тие активности како и механизми за соодветно надоместување на носителите на ли- ценци за вршење на енергетски дејности во областа на гасот, притоа имајќи ја предвид потребата од заштита на деловно чувствителните податоци. (2) Заради спречување на неоправдано трошење на гас во случај на вонредна состојба, Министерството ги известува потрошувачите на гас кои не се заштитени потрошувачи за потребата од намалување или прекинување на потрошувачката без притоа да се создаде состојба на техничка небезбедност. (3) Со интервентниот план се обезбедува пристапот до прекуграничната гасоводната инфраструктура во вонредна состојба, технички и безбедносно да се одржува и да не се воведуваат мерки кои неоправдано ги ограничуваат прекуграничните текови на гас. (4) Мерките, активностите и постапките од интервентниот план се тестираат најмалку еднаш на четири години, со примена на симулација на сценарија со средно и високо влија- ние, како и одговор на таквите влијанија во реално време, со примена на мерките, актив- ностите и постапките од планот, а резултатите од тестирањата се доставуваат до Секрета- ријатот на Енергетската заедница и се презентираат пред Координативната група за сигур- ност на снабдувањето на Енергетската заедница. Прогласување на криза во снабдување со гас Член 43 (1) Министерството започнува постапка за прогласување на криза во снабдувањето со гас согласно Законот за управување со кризи и уредбата од членот 45 став (1) точка 2 од овој закон, при што може да бидат прогласено едно од следниве нивоа на кризи: 1. ниво на „рано предупредување“, во случај кога постојат точно определени, јасни, се- риозни и доверливи информации дека определен настан може да резултира со значително влошување на состојбите со снабдување со гас и дека тоа може да доведе до активирање на нивоата на кризата „алармирање“ или „вонредна состојба“; 2. ниво на „алармирање“, во случај кога поради прекинот во снабдувањето со гас или невообичаено големата потрошувачка на гас може да се влоши снабдувањето со гас, меѓу- тоа механизмите на пазарот сè уште можат да се справат со прекинот или високата поба- рувачка, без да настане потреба да се активираат мерки што не се пазарно засновани или 62 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. ниво на „вонредна состојба“ во случај кога поради невообичаено висока побарувачка на гас, значителен прекин во снабдувањето со гас или друго значително влошување во снабдувањето со гас и кога сите применети пазарно засновани мерки се недоволни за да се задоволи потребата од гас и поради што треба да се применат мерки што не се пазарно засновани, пред сè за да се обезбеди снабдувањето со гас на заштитените потрошувачи. (2) Министерството ги известува Секретаријатот на Енергетската заедница и надлежни- те тела на договорните страни на Енергетската заедница или државите-членки на Европ- ската Унија со коишто Република Северна Македонија е поврзана со интерконективни га- соводи за: 1. прогласувањето на криза на кое било од нивоата од ставот (1) на овој член, како и предвиденото времетраење на кризата; 2. мерките содржани во интервентниот план од членот 40 став (1) точка 2 од овој закон, што се планира да бидат преземени и 3. мерки кои отстапуваат од мерките предвидени во интервентниот план од членот 40 став (1) точка 2 од овој закон, а што се планира да бидат преземени заради справување со кризата како и образложение за потребата од отстапувањата. (3) Министерството обезбедува дека: 1. нема да се воведуваат мерки коишто во кое било време неоправдано го ограничуваат текот на гасот во регионот и што можат сериозно да го загрозат снабдувањето со гас во друга договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија и 2. пристапот до прекуграничната гасоводната инфраструктура во вонредна состојба технички и безбедносно се одржува во согласност со интервентниот план. (4) За времетраењето на кризата во снабдувањето со гас прогласена на ниво на „вонред- на состојба“, Министерството, на барање на операторот на електропреносниот систем или операторот на системот за пренос на гас засновано на проценката на ризици од членот 39 од овој закон, може да одлучи приоритетот во снабдувањето со гас наместо на одделни ка- тегории на заштитени потрошувачи да се додели на одделни електроцентрали наведени во плановите од членот 40 од овој закон, коишто за производство на електрична енергија ко- ристат гас ако недостатокот во снабдувањето со гас на тие електроцентрали: 1. може да предизвика сериозна штета на функционирањето на електроенергетскиот систем или 2. може да го наруши производството и/или преносот на гас. (5) Во рок од три дена од денот на приемот на образложеното барање доставено од Сек- ретаријатот на Енергетската заедница за промена или за престанување на мерките кои се преземени или се планира да се преземат заради справување со прогласената криза, Ми- нистерството изменетите мерки или известувањето со образложение за неприфаќањето на препораките содржани во барањето ги доставува до Секретаријатот на Енергетската заед- ница. Размена на информации Член 44 (1) Во случај на прогласена криза во снабдувањето на гас на кое било од нивоата ут- врдени во членот 43 став (1) од овој закон, засегнатите носители на лиценци за вршење на енергетски дејности во областа на гасот се должни секој ден да доставуваат до Министер- ството информации особено за: 1. прогнози за дневните количини на гас коишто се побаруваат и се нудат искажани во kWh; 63 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. дневен тек на гас на точките на влез и излез од системот за пренос на гас, како и на сите точки на поврзување на системот со складиште на гас или со терминал за течeн гас и 3. период, искажан во денови, за којшто се очекува дека е обезбедено снабдувањето со гас за заштитените потрошувачи. (2) Најдоцна шест недели по престанувањето на кризата во снабдувањето со гас, Ми- нистерството доставува до Секретаријатот на Енергетската заедница детална оценка за кризата, ефикасноста на применетите мерки, влијанието на кризата врз стопанството, вли- јанието на кризата врз електроенергетскиот сектор, како и за помошта добиена од дого- ворните страни на Енергетската заедница или државите-членки на Европската Унија. (3) Во исклучителни состојби, независно дали е прогласена кризата во снабдувањето со гас, Министерството може да побара од носители на лиценци за вршење на енергетски дејности во областа на гасот да достават информации од ставот (1) на овој член или до- полнителни информации за состојбата со снабдувањето со гас во Република Северна Ма- кедонија или во друга договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија, вклучително и информации за склучените договори за набавка на гас од други држави со траење подолго од една година, освен за информациите за цените од договорите, коишто се однесуваат на: 1. траењето на договорот, договорените количини на гас, најмалите дневни и месечни количини и договорените точки на испорака; 2. договорените најголеми количини во тековниот ден во случај на прогласување на криза во снабдувањето со гас на ниво „алармирање“ или „вонредна состојба“; 3. услови за суспендирање на испораката на гас и 4. индикација дали количините на гас коишто се испорачуваат согласно со склучениот договор поединечно или кумулативно со сите договори со ист снабдувач или со неговите поврзани друштва е еднаква или поголема од 28% од годишната потрошувачка на гас во Република Северна Македонија. (4) Информациите од ставот (3) на овој член, се користат за изготвување на проценката на ризици, планот за превенција и интервентниот план и Министерството ги доставува до Секре- таријатот на Енергетската заедница. (5) Во случај на склучување на нови или измена на постојните договори, Министер- ството за информациите го известува Секретаријатот на Енергетската заедница до крајот на септември во годината во која се склучени или изменети договорите. (6) Доколку Министерството се сомнева дека склучениот договор од ставот (3) на овој член ја доведува во ризик сигурноста на снабдувањето со гас на Република Северна Ма- кедонија, за тоа го известува Секретаријатот на енергетската заедница. (7) Министерството или Секретаријатот на Енергетската заедница преку Министер- ството, може да побара од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности во областа на гасот да го достават договорот, со исклучок на информациите за цената, со цел да се процени неговото влијание врз сигурноста на снабдувањето со гас. Барањето задол- жително треба да е образложено и може да опфати и детали за сите информации за други склучените договори за набавка на гас, кои се релевантни за извршување на договорот за снабдување со гас, со исклучок на информациите за цената. (8) Носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности во областа на гасот се должни да достават одговор и пропратна документација од ставот (7) на овој член во рок од 15 дена од поднесување на барањето. (9) Министерството прави проценка на сигурноста на снабдувањето со гас во рок од три месеци од рокот определен во ставот (8) на овој член и резултатите ги доставува до Секретаријатот на енергетската заедница. 64 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (10) Ако по доставената проценка од ставот (9) на овој член Секретаријатот на Енер- гетската заедница може да даде мислење со кое му предлага на Министерството да ги из- мени проценките или плановите на ризик врз основа на добиените информации согласно овој член. Министерството во зависност од мислењето на Секретаријатот на Енергетската заедница постапува согласно членовите 39 и 40 од овој закон. (11) Сите договори или информации добиени согласно ставовите (7), (8), (9) и (10) на овој член, како и соодветните проценки од Министерството или Секретаријатот на Енер- гетската заедница се доверливи. Уредби за справување со енергетска криза Член 45 (1) Владата, на предлог на Министерството и по претходно мислење од Регулаторната комисија за енергетика, донесува:

  2. 1. Уредба за мерки и активности за справување со електроенергетска криза и

  3. 2. Уредба за мерки и активности за управување со криза во сигурноста во снабдување со гас. (2) Мерките и активностите предвидени со уредбата од ставот (1) точка 1 на овој член, се во согласност со Методологијата за проценка на ризикот за идентификуваните регио- нални сценарија за подготвеност за ризик од членот 28 од овој закон и со планот за под- готвеност за справување со ризици од членот 30 од овој закон. (3) Мерките и активностите предвидени со уредбата од став (1) точка 2 на овој член, се во согласност со проценката на ризиците коишто можат да влијаат врз сигурноста со снаб- дувањето со гас од членот 39 од овој закон и со планот за превенција и интервентниот план од член 40 став (1) од овој закон. (4) Со уредбите од ставот (1) точки 1 и 2 на овој член, особено се уредува: 1. начинот на остварувањето на надлежностите на Министерството и вршителите на ре- гулираните енергетски дејности за пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас во врска со определувањето, предлагањето и спроведувањето на мерките и активностите за подготвеност за справување со ризици; 2. начинот и условите под коишто можат одделни оперативни задачи и активности на Министерството во врска со подготвеноста за справување со ризик да се пренесат на опре- делени вршители на регулирани енергетски дејности за пренос или дистрибуција на елек- трична енергија и гас; 3. формата, содржината и постапката за изготвување на сценаријата за подготвеност за справување со ризик во електроенергетскиот сектор и секторот за гас, како и постапката за утврдување и евалуација на сценаријата; 4. формата, содржината и постапката за изготвување на планот за подготвеност за спра- вување со ризик од членот 30 од овој закон и планот за превенција и интервентниот план од членот 40 став (1) од овој закон, како и дефинирање и спроведување на мерки за убла- жување на ризикот и зајакнување на отпорноста на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас; 5. постапката за управување со снабдување со електрична енергија и гас во состојба на електроенергетска криза и криза во сигурноста во снабдување со гас; 6. размената на информации со надлежните органи на другите договорни страни на Енергетската заедница од соодветниот регион или државите членки на Европска Унија, како и други регионални и меѓународни институции и тела за енергетска безбедност; 65 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 7. критериумите за определување на праг за загрозеност за испраќање на рано предуп- редување и за прогласување на криза и преземање на мерки и активности за справување со електроенергетска криза и криза во сигурноста во снабдување со гас; 8. постапките и механизмите за објавување на рано предупредување или соопштение за електроенергетска криза и криза во сигурноста во снабдување со гас, како и дејствијата што се преземаат по приемот на соодветните известувања и предупредувања од друга до- говорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија; 9. механизмите за активирање и спроведување на мерки за енергетска безбедност сог- ласно со планот за подготвеност за справување со ризик од членот 30 од овој закон и пла- нот за превенција и интервентниот план од член 40 став (1) од овој закон; 10. критериумот за снабдување со гас во случаите од членот 37 став (1) од овој закон; 11. постапките и механизмите за соработка и соодветна помош со друга договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија и со меѓународ- ни тела за управување со енергетски кризи; 12. мерките за помош на друга договорна страна на Енергетската заедница или држава- членка на Европска Унија во соодветниот регион за координирано управување со систе- мот или на друга директно поврзана договорна страна или држава членка на Европската Унија, кои може да се обезбедат или разменуваат во случај на енергетска криза; 13. начинот и постапката за комуникација со јавноста и доставување информации до медиумите за резултатите од преземените мерки и мерките кои треба да се преземат и 14. начинот и постапката за следење и известување за управувањето со енергетската криза и за влијанието на енергетската криза врз енергетските системи, како и евалуација на последиците од енергетската криза. ЧЕТВРТИ ДЕЛ РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА Правен субјективитет Член 46 (1) Регулаторната комисија за енергетика е самостојно и единствено регулаторно тело кое го регулира и контролира начинот на вршење на енергетските дејности од овој закон, како и други дејности утврдени со закон. (2) Регулаторната комисија за енергетика е независна во своето работење и одлучување и својата надлежност во регулирањето на енергетските дејности ја остварува во рамките утврдени со овој и други закони и прописите донесени врз основа на закон и во соглас- ност со начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни практики и искуства. (3) Регулаторната комисија за енергетика е непрофитно тело, кое има својство на прав- но лице, одвоено и функционално независно во поглед на организацијата и одлучувањето од органите на државната и локалната власт и вршителите на енергетските дејности. (4) Регулаторната комисија за енергетика самостојно настапува во правниот промет, особено кога склучува договори, поведува или е страна во правни постапки и кога стек- нува, управува, користи и располага со свој недвижен и движен имот. (5) Регулаторната комисија за енергетика донесува статут со кој се уредуваат прашања поврзани со нејзиното внатрешно уредување, како и начинот на работа и одлучување, во согласност со овој и друг закон. (6) Собранието на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Собранието) дава согласност на статутот на Регулаторната комисија за енергетика. 66 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (7) Регулаторната комисија за енергетика донесува деловник со кој го уредува начинот на своето работење. Состав на Регулаторната комисија за енергетика Член 47 (1) Регулаторната комисија за енергетика е составена од седум члена, од кои еден е претседател. (2) Еден член на Регулаторната комисија за енергетика е стручно лице за правни праша- ња од областа на енергетиката, еден член е стручно лице за економски прашања од облас- та на енергетиката, еден член е стручно лице за правни, технички или економски прашања од областа на водните услуги, еден член е стручно лице за правни, технички или економ- ски прашања од областа на управување со комунален отпад и три членови се стручни ли- ца за технички прашања од областа на енергетиката. (3) За претседател или член на Регулаторната комисија за енергетика може да биде име- нувано лице, државјанин на Република Северна Македонија, кое ги исполнува следниве услови: 1. има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од облас- та на електротехниката, машинството, техничките науки, технолошките науки, животната средина и ресурси, градежништвото, економијата или правото; 2. минимум 15 години работно искуство, по исполнување на условот од точката 1 на овој став, од кои најмалку 10 години работно искуство во областа на енергетиката, однос- но во обезбедување на водни услуги или управување со комунален отпад и 3. во моментот на именувањето, со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност. (4) Мандатот на претседателот и на членовите на Регулаторната комисија за енергетика е пет години, со можност за уште еден мандат, односно ниту еден член не може да ја врши функцијата повеќе од два мандати. (5) Функцијата претседател и член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспојлива со извршување на друга јавна функција, функција во поли- тичка партија или професија. Ако членот на Регулаторната комисија за енергетика пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува. (6) Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ја претставува и застапува Регулаторната комисија за енергетика во државата и во странство и има други права, об- врски и овластувања утврдени со овој закон и статутот. (7) Членовите на Регулаторната комисија за енергетика од своите редови избираат заме- ник на претседателот. Постапката за избор, правата, обврските и овластувањата на замени- кот на претседателот се утврдуваат со статутот на Регулаторната комисија за енергетика. Именување на претседател и членови Член 48 (1) Собранието ги именува и разрешува претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието. При именувањето на претседателот и членовите се има предвид соодвет- ната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници и соодветна застапеност на двата пола. 67 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Постапката за именување на претседател или член на Регулаторната комисија за енергетика започнува најмалку 90 дена пред истекот на мандатот на претседателот или членот на Регулаторната комисија за енергетика. (3) За именување на претседател и/или член на Регулаторната комисија за енергетика Собранието објавува јавен оглас во најмалку два дневни весници, кои се издаваат на це- лата територија на Република Северна Македонија, од кои во еден од весниците што се из- даваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен ја- зик различен од македонскиот јазик. Огласот трае осум дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”. (4) Разгледувањето на пријавите од огласот од ставот (3) на овој член, го врши Коми- сијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието. (5) По разгледување на пријавите од ставот (4) на овој член, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието, предлог кандидат за именување за претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика. (6) Одлуката за именување на претседателот и членовите на Регулаторна комисија за енергетика се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија “. Престанување на мандат на членовите Член 49 (1) Функцијата претседател или член на Регулаторната комисија за енергетика преста- нува со истекот на мандатот за кој е именуван. (2) Претседателот, односно членот на Регулаторната комисија за енергетика, чиј мандат е истечен, ја врши функцијата до именувањето на нов претседател, односно член, но не подолго од една година. Наредниот ден по истекот на последниот ден од продолженото вршење на функцијата претседател и/или на член, Регулаторната комисија за енергетика го известува Собранието за престанокот на вршењето на функцијата. Собранието по до- биеното известување на првата наредна седница на Собранието го констатира престанокот на мандатот. (3) На претседателот или членот на Регулаторната комисија за енергетика му престану- ва вршењето на функцијата пред истекот на мандатот, ако: 1. поднесе оставка до Собранието; 2. кај него настане трајна или привремена неспособност за непречено извршување на функцијата подолго од шест месеци, или во случај на смрт; 3. со правосилна судска пресуда му е изречена казна затвор за сторено кривично дело во траење подолго од шест месеци или му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење подолго од шест месеци; 4. не достави доказ дека во определениот рок е исполнета обврската од членот 52 став (2) од овој закон или 5. се стекне со услови за остварување на право на пензија. (4) Регулаторната комисија за енергетика го известува Собранието во рок од осум дена од дознавањето за исполнетост на условот од ставот (3) точки 2, 3 и 4 на овој член, а нај- доцна 90 дена пред исполнувањето на условот од ставот (3) точка 5 на овој член. (5) По добивањето на известувањето од ставот (4) на овој член, Собранието донесува одлука за престанок на функцијата претседател и/или член на Регулаторната комисија за енергетика. (6) Претседателот или член на Регулаторната комисија за енергетика може да биде раз- решен од вршењето на функција на која е именуван пред истекот на мандатот ако: 1. несовесно и нестручно ја врши функцијата; 68 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. извршил повреда на обврските за непристрасност и независност; 3. ја злоупотребил функцијата или 4. на друг начин работел спротивно на закон. (7) Ако Регулаторната комисија за енергетика утврди дека е исполнет некој од основи- те од ставот (6) на овој член, доставува до Собранието предлог за започнување на поста- пка за донесување на одлука за разрешување од функцијата претседател или член пред истекот на мандатот. (8) Во рок од 90 дена од донесувањето на одлука за престанок на функцијата или разре- шување од функцијата од ставовите (5) и (7) на овој член, Комисијата за прашања на избо- рите и именувањата му доставува на Собранието предлог за именување на нов претседа- тел или член на Регулаторната комисија за енергетика. Плати и надоместоци на плати Член 50 (1) Нето-платата на претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергети- ка не може да биде повисока од збирот на пет просечни месечни нето-плати исплатени во Република Северна Македонија во претходната година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. (2) Вработените во стручната и административната служба на Регулаторната комисија за енергетика имаат статус на административни службеници и за прашањата кои се одне- суваат на работните односи што не се регулирани со овој закон или со колективен дого- вор, се применуваат одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници. За помошно-техничките лица вработени во Регулаторна- та комисија за енергетика се применуваат одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи. (3) Регулаторната комисија за енергетика самостојно го пропишува начинот на утврду- вање на платите и надоместоците на вработените во стручната и административната служба, како и висината на коефициентот на основната плата, при што платите и надомес- тоците се утврдуваат на ниво споредливо со платите и надоместоци во енергетските друш- тва што вршат регулирани енергетски дејности. Етичко однесување Член 51 (1) Претседателот, членовите на Регулаторната комисија за енергетика и вработените во стручната служба на Регулаторната комисија за енергетика при извршувањето на свои- те работни обврски и при одлучувањето се должни да постапуваат професионално, неп- ристрасно, објективно и совесно, а особено да: 1. постапуваат независно од секаков вид на пазарни интереси; 2. не бараат или примаат директни упатства од државни органи или други јавни и при- ватни лица; 3. не се раководат од лични, деловни и финансиски интереси; 4. не ги злоупотребуваат овластувањата и 5. го штитат угледот на Регулаторната комисија за енергетика. (2) По исклучок од ставот (1) точка 2 на овој член, Регулаторната комисија за енергети- ка може да остварува соработка со Владата или со други државни органи во спроведување на политиките што не се поврзани со надлежноста на Регулаторната комисија за енергети- ка утврдена во членовите 54, 55, 56, 60 и 61 од овој закон. 69 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Регулаторната комисија за енергетика донесува етички кодекс, во кој подетално се уредуваат правата и обврските на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и на вработените во стручната служба, кој го објавува на својата веб-страница. (4) Претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и вработените во стручната служба на Регулаторната комисија за енергетика имаат обврска за почиту- вање на доверливоста во однос на извршувањето на своите работи, во согласност со закон, која продолжува и по завршувањето на мандатот на претседателот и членовите на Регула- торната комисија за енергетика. Судир на интереси Член 52 (1) Претседател или член на Регулаторната комисија за енергетика, нивен брачен дру- гар или лице во сродство во права линија до прв степен, како и вработен во стручната служба на Регулаторната комисија за енергетика, не може да биде носител или барател на лиценца за вршење на енергетска дејност, акционер, содружник или член во органите на управување и надзор на лица кои се носители или баратели на лиценца за вршење на енер- гетска дејност, како и во правни лица коишто вршат дејности поврзани со водни услуги и управување со комунален отпад, на кои Регулаторната комисија за енергетика им опреде- лува цени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги и Закон за управува- ње со отпадот(*). (2) При настанување на случаи спротивни на ставот (1) на овој член, лицата се долж- ни да ги прекинат своите интереси во тие правни лица преку продажба на акциите и уде- лите, односно преку повлекување од функциите и вршењето на дејностите. (3) Претседател или член на Регулаторната комисија за енергетика во случаите од ста- вот (2) на овој член, во рок од три месеци од влегувањето во сила на одлуката од членот 48 став (1) од овој закон, е должен до Регулаторната комисија за енергетика и Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието да достави доказ дека акциите или уделите се продадени, односно дека се повлекол од функциите и вршење на дејностите во правните лица кои се носители или баратели на лиценца за вршење на енергетска дејност, односно во правните лица што вршат дејности поврзани со водни услуги и управување со комунален отпад. (4) До доставувањето на доказот од ставот (3) на овој член, претседателот или членот нема право да учествува во донесување на одлуките на Регулаторната комисија за енерге- тика кои се однесуваат на лицата кои се носители или баратели на лиценца за вршење на енергетска дејност, како правни лица коишто вршат дејности поврзани со водни услуги и управување со комунален отпад, на кои Регулаторната комисија за енергетика им опреде- лува цени согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги и Законот за управува- ње со отпадот (*). (5) Во случај на прекршувањето на обврската од ставот (2) на овој член, од страна на вработените во стручната служба на Регулаторната комисија за енергетика, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика одлучува во согласност со етичкиот кодекс од членот 51 став (3) од овој закон или кога прекршувањето на обврската не е опфатено со етичкиот кодекс постапува согласно закон. (6) Во период од две години од денот на престанок на мандатот, претседателот или чле- нот на Регулаторната комисија за енергетика не може да се стекне со акции или удели, да заснова работен однос или да биде член во органите на управување и надзор во правно ли- це од ставот (1) на овој член, како и во лице кое согласно Законот за трговските друштва има влијание врз правното лице од ставот (1) на овој член. 70 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (7) Во случаите на очигледно прекршување на правилата за судир на интереси, однос- но изземање во ситуации во кои членот или претседателот знаел или требало да знае за постоење на некоја од основите за судир на интереси, односно изземање предвидени со за- кон, Регулаторната комисија за енергетика или Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието доставува предлог за разрешување до Собранието со образло- жение за прекршувањата или постапува согласно закон. Цели на регулирање на енергетските дејности Член 53 (1) Преку вршењето на својата надлежност утврдена со овој закон и друг закон, а имај- ќи ги предвид целите на енергетската политика, Регулаторната комисија за енергетика овозможува: 1. конкурентни, сигурни и одржливи пазари на енергија во Република Северна Македо- нија и нивно вклучување во регионалните и меѓународните пазари на енергија; 2. отворање на пазарите за сите потрошувачи и снабдувачи во Енергетската заедница и Европската Унија; 3. отстранување на ограничувањата во трговијата со електрична енергија и гас, вклучи- телно и обезбедување на соодветни прекугранични преносни капацитети за покривање на побарувачката и олеснување на тековите на електрична енергија и гас во Енергетската за- едница и Европската Унија; 4. развој на сигурни, доверливи, конкурентни и ефикасни енергетски системи ориенти- рани кон корисниците; 5. зајакнување на функциите на пазарите во обезбедување на сигурно и одржливо снаб- дување со енергија; 6. оптимизирање на употребата на електричната енергија и гасот од страна на операто- рите на енергетските системи заради унапредување на енергетската ефикасност; 7. олеснување на пристапот на нови корисници до системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас и на системот за дистрибуција на топлинска енергија, како и на учесниците на пазарите на енергија, а особено на производителите на електрична енер- гија од обновливи извори и складиштата за енергија; 8. зголемување на ефикасноста на системите и забрзување на интеграцијата на пазарите преку краткорочни и долгорочни поттикнувачки мерки за операторите и корисниците на системите за пренос и дистрибуција на соодветниот вид на енергија; 9. заштита и унапредување на правата на потрошувачите и достигнување на високи стандарди во исполнување на обврската на јавната и/или универзалната услуга во снабду- вањето со електрична енергија, гас и топлинска енергија; 10. постигнување на високи стандарди во обезбедувањето на јавната и универзалната услуга во снабдувањето со енергија, особено во однос на заштитата и унапредувањето на правата на ранливите потрошувачи и обезбедувањето на потребните информации за пот- рошувачите, особено за постапката за промена на снабдувач со електрична енергија или гас и 11. обезбедување компензација за оправдани трошоци вклучувајќи ги потребните тро- шоци за информатичка и комуникациска технологија и трошоци за инфраструктура и на носителите на регулираните енергетски дејности им овозможува давање на ефикасни и до- верливи регулирани услуги. (2) Заради остварување на целите од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика: 71 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. соработува со надлежните државни органи, единиците на локалната самоуправа, вршителите на енергетски дејности, корисниците на енергетските системи и потрошува- чите на енергија и со други организации и институции, вклучително и со институциите од Договорот за енергетската заедница и Европската Унија и 2. иницира и предлага донесување на нови и изменување на постојните закони и други прописи од областа на енергетиката. Надлежност на Регулаторна комисија за енергетика Член 54 (1) Заради остварување на својата надлежност Регулаторната комисија за енергетика:

  4. 1. Донесува: 1.1. правилници и методологии за формирање на цени и тарифи за регулирани енергет- ски дејности; 1.2. правилник и методологија за утврдување и одобрување, како и надоместување и распределба на трошоците на операторот на електропреносниот систем и НЕМО настана- ти за потребите на спојувањето на пазарите во тековниот ден и ден однапред; 1.3. правилник и методологија за формирање на највисоките малопродажни цени на од- делни нафтени деривати и горивата за транспорт; 1.4. правилник за лиценци; 1.5. правилник за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија, соработката и споделувањето на информации со релевантните регулаторни тела со цел да се обезбеди соодветно следење на спојувањето ден однапред и во тековниот ден, следењето на имплементацијата на интеграцијата на договорните страни во спојувањето ден однапред и во тековниот ден од страна на ACER како и начинот на доставување на податоците неопходни за следењето од страна на опреаторот на електропреносниот сис- тем и начинот на доставување на податоци неопходни за следење на имплементацијата на интеграцијата на договорните страни во спојувањето ден однапред и во тековниот ден до ENTSO-E на заедничко барање на ECRB и ACER и ENTSO-E; 1.6. правилник за надзор согласно член 273 од овој закон; 1.7. правилник за сертификација на оператор на електропреносен систем и оператор на систем за пренос на гас; 1.8. правилник за доделување на статус на затворен систем за дистрибуција на елек- трична енергија, затворен систем за дистрибуција на гас и комбиниран оператор за пренос и дистрибуција на гас; 1.9. правила за управување преку побарувачката; 1.10. правила за сајбер безбедност на објектите за производство, складирање и системи- те за пренос и дистрибуција на енергија; 1.11. тарифни системи за пренос и дистрибуција на електрична енергија, гас и топлин- ска енергија; 1.12. тарифни системи за услугите што ги обезбедуваат операторите на пазарите на енергија; 1.13. тарифни системи за продажба на електрична енергија од универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај; 1.14. правила за постапување по приговори и разрешување на спорови; 1.15. правила за пазар на гас; 1.16. правила за набавка на електрична енергија за универзалниот снабдувач; 1.17. правила за снабдување со електрична енергија; 1.18. правила за снабдување со гас; 72 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1.19. правила за снабдување со топлинска енергија; 1.20. одлуки за цени и тарифи за регулирани енергетски дејности и одлуки за нај- високите продажни цени на нафтените деривати и на горивата за транспорт; 1.21. одлуки за издавање на лиценци, вклучително и лиценци за пробна работа, како и одлуки за менување, пренесување, продолжување, суспендирање, одземање и прес- танок на лиценци за вршење на одделни дејности од областа на енергетиката; 1.22. одлуки за изземање од обврската за обезбедување на пристап на трета стра- на на водовите и инфраструктурата за пренос на електрична енергија и гас; 1.23. решенија за упис во регистарот на странски лица кои можат да вршат енер- гетски дејност во Република Северна Македонија; 1.24. правила за постапка, услови, критериуми и методологија за оценка на инвес- тициите и ризиците во PECI и PMI; 1.25.правила за изземање од примената на одделни обврски од мрежните правила за пренос и дистрибуција на електрична енергија; 1.26.решенија за изземање од примената на одделни обврски од Правилата за пазар на балансна енергија и правила за услуги за балансирање на системот за пренос на гас; 1.27.решенија за изземање од примената на одделни обврски од мрежните правила за пренос и дистрибуција на електрична енергија и 1.28.одлука за условите, начинот и роковите за усогласување на постојните корисници на електропреносниот систем со мрежните правила за пренос на електрична енергија;

  5. 2. Одобрува: 2.1.мрежни правила за пренос и дистрибуција на соодветен вид на енергија донесени од страна на соодветните оператори на системите за пренос и дистрибуција на енергија, во кои се вклучени методологиите за пресметување на надоместоците за приклучување; 2.2. правила за регистрација на учество на пазар на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори, правила за пазар на балансна енергија и правила за ус- луги за балансирање на системот за пренос на гас, на предлог на соодветните оператори; 2.3. правила за набавки на електрична енергија и гас за покривање на загубите во систе- мите за пренос и дистрибуција; 2.4. соодветните ТСМ од член 143 ставови (5) и (6), член 144 ставови (2) и (3) и член 145 ставови (2) и (3) од овој закон; 2.5.одбранбен план и план за повторно воспоставување (реставрација) на електроенер- гетскиот систем; 2.6.моделите на билатерални и мултилатерални договори на пазарите ден однапред и во тековниот ден, вклучително и методологиите кои произлегуваат од договорите; 2.7.тарифник за надоместоци за издавање, пренос и признавање гаранција за потекло од страна на операторот на пазарот на електрична енергија; 2.8. правила за работа на организиран пазар на електрична енергија; 2.9. одлука за износот на надоместоците кои се наплатуваат за учество на организира- ниот пазар на електрична енергија и за реализација на трансакции; 2.10.правила за доделување на преносни капацитети за гас и управување со загушува- њата; 2.11.правила за доставување на информации од учесниците на пазарот на електрична енергија до операторот на електропреносниот систем; 2.12.плановите за намалувањето на загубите во системите за дистрибуција на електрич- на енергија и гас; 2.13. десетгодишните планови за развој на системите за пренос на електрична енергија и гас; 73 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2.14.петгодишните планови за развој на системите за дистрибуција на електрична енер- гија и гас: 2.15.планови за инвестирање во развој на преносните и дистрибутивните системи из- готвени од операторите за пренос и дистрибуција на соодветен вид на енергија; 2.16.програми за усогласување донесени од операторите на соодветните енергетски системи; 2.17.назначување на службеникот за усогласеност и 2.18.годишен извештај на службеникот за усогласеност за спроведување на плановите за програмата за усогласеност; 3. воспоставува и води регистар на странски лица коишто можат да вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија и 4. врши и други работи утврдени со закон. (2) Ако вршителот на енергетската дејност, кој доставил акт од ставот (1) точка 2 на овој член, на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика, не постапи по барања- та на Регулаторната комисија за енергетика одделни прашања во актот да се уредат врз ос- нова на начелата на недискриминација, транспарентност и конкурентност, како и да овоз- можат обезбедување на јавна односно универзална услуга, Регулаторната комисија за енергетика врши соодветни измени и дополнувања на предлогот на актот кој е доставен на одобрување, кои стануваат составен дел на актот што е одобрен, а ако актот се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ го задолжува вршителот на енергет- ската дејност до го објави актот во „Службен весник на Република Северна Македонија “. (3) Регулаторната комисија за енергетика во однос на прекугранични прашања сорабо- тува со регулаторниот орган или органите на засегнатите договорни страни и со Регула- торниот одбор на енергетската заедница. (4) Регулаторната комисија за енергетика води сметка да нема вкрстено субвенционира- ње помеѓу дејностите за пренос, дистрибуција и снабдување или други дејности со елек- трична енергија или дејности коишто не се поврзани со електричната енергија. (5) Регулаторната комисија за енергетика може да побара прилагодување на конфигура- цијата на зоната за наддавање врз основа на препораките на ECRB/ACER, како и врз основ на барање на ECRB, операторот на електроенергетскиот систем, за предметниот регион за- едно со засегнатите оператори на електроенергетски системи чии зони, вклучувајќи ги и интерконекциите, се опфатени со географскиот регион во кој зоната на наддавање се прег- ледува, држави членки и договорните страни во регионот на пресметка на капацитетот. Следење на состојбите и функционирањето на пазарите на енергија Член 55 (1) Регулаторната комисија за енергетика го следи и врши надзор над функционирање- то на пазарите на енергија со цел да се: 1. зајакне ефикасноста, конкурентноста, интегритетот и транспарентноста на пазарите на енергија; 2. откријат неправилности, нарушување на конкуренцијата и облици на нелојална кон- куренција на пазарот, како и други активности на пазарите на енергија спротивни на зако- ните, другите прописи и обврските утврдени во лиценците за вршење на енергетските деј- ности и 3. открие и спречи тргување со енергетски производи на пазарот на големо засновано на внатрешни информации и манипулација на пазарите на големо со енергетски произ- води, вклучително и обид за манипулација на пазарите на големо со енергетски произ- води. 74 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Заради ефикасно остварување на надлежноста од ставот (1) на овој член, Регулатор- ната комисија за енергетика особено ги следи: 1. исполнувањето на законски утврдените обврски на вршителите на регулирани енер- гетски дејности кои се однесуваат на обезбедување на сигурност во снабдувањето со елек- трична енергија, гас и топлинска енергија; 2. функционирањето на пазарите на енергија со цел да се обезбеди нивно унапредување и сигурност во снабдувањето со енергија, вклучително и развојот на конкурентноста и степенот на отворање на пазарите на енергија на големо и мало; 3. примената на правилата и условите или методологиите кои согласно овој закон вршителите на енергетски дејности ги применуваат непосредно или по претходно одобру- вање од страна на Регулаторната комисија за енергетика; 4. реализацијата на плановите за развој на преносните и дистрибутивните системи за енергија и по потреба бара или препорачува да се изврши промена на овие планови; 5. пристапот до мрежите за новите производни постројки за производство и складирање на електрична енергија, особено отстранување на пречките кои би можеле да го оневозмо- жат пристапот на нови учесници на пазарот на електрична енергија произведена од обнов- ливи извори на енергија и на складиштата на енергија и на секои две години објавува на- ционален извештај, во кој се вклучени и препораките; 6. приоритетно диспечираните количини на електрична енергија и за ограничувањата на приоритетниот пристап на мрежата и/или приоритетното диспечирање; 7. условите за пристап до капацитетите за складирање во системот за пренос на гас и другите системски услуги за гас; 8. употребата на приходите остварени од управувањето со загушувањето во системите за пренос на електрична енергија и гас; 9. употребата на приходите од надоместоците за пристап и приклучување на мрежите за пренос и дистрибуција на енергија и нивно инвестирање во одржливост на мрежите; 10. времето што им е потребно на операторите на системите за пренос и дистрибуција за приклучување на нови корисници и за отстранување на дефекти; 11. примена на правилата за сајбер безбедност на објектите за производство и системи- те за пренос и дистрибуција на енергија; 12. усогласеноста на работењето на операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас во однос на сигурност и доверливост на системите; 13. навременото објавување на сите релевантни информации од страна на операторите на системите за пренос и дистрибуција во согласност со прифатените меѓународни об- врски и стандарди, поврзани со потрошувачката, производството, складирањето и загуби- те на енергија, управувањето со системите и интерконективните водови, користењето на мрежата и доделувањето на капацитетите на заинтересираните страни, балансирањето на побарувачката, проценетите и планираните количини на енергија и промените во структу- рата на капацитетите за производство, складирање и пренос на енергија, техничката сос- тојба на системите за пренос и дистрибуција на енергија пред и по извршената рекон- струкција или санација по настаната хаварија; 14. нивото на транспарентност на цени за електрична енергија и гас на соодветните па- зари, финансискиот и реалниот обем на планираните и реализираните трансакции од стра- на на операторите на системите за пренос и дистрибуција на енергија како и трговците и снабдувачите со енергија; 15. промените на сопственичката структура на вршителите на енергетски дејности, а особено на операторите на системите за пренос и дистрибуција на енергија; 16. примената на тарифните системи и пропишаните тарифи; 75 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 17. примената на условите и надоместоците за приклучување на нови производни постројки и постројки за складирање на електрична енергија на мрежата; 18. работењето на носителите на лиценци во однос на нивните обврски утврдени во из- дадените лиценци, вклучувајќи ги и работите поврзани со прекуграничниот пренос на електрична енергија и гас; 19. појавата на ограничувачки договорни обврски, вклучувајќи одредби за ексклузив- ност коишто оневозможуваат потрошувачите да склучуваат договори истовремено со по- веќе снабдувачи со енергија или кои може да им го ограничат правото на изборот на снаб- дувач и за тоа да ја известува Комисијата за заштита на конкуренцијата; 20. спроведувањето на мерките за заштита на правата на потрошувачите од страна на операторите на системите за пренос и дистрибуција, како и снабдувачите, особено во од- нос на: 20.1. правата на потрошувачите да добијат податоци за сопствената потрошувачка, на- чин на пресметка на испорачаната енергија и елементи на сметката за испорачаната енер- гија; 20.2. добивање на целосни и разбирливи информации во поглед на цените и тарифите што се во примена на цените на енергија за домаќинствата; 20.3. начините на плаќање на сметките за потрошена енергија; 20.4. известување на потрошувачите за последиците од нефункционирањето на систе- мите за пренос и дистрибуција на енергија поради вршење реконструкција или санација по настаната хаварија; 20.5. исклучувањата на корисниците од системите; 20.6. надоместоците за поправки и одржување на мрежите; 20.7. постапувањата по приговорите и претставките доставени од потрошувачите и 20.8. обезбедување на информации за потрошувачите што се однесуваат на нивните права на договори за снабдување со електрична енергија со динамична цена, договори за агрегација и инсталирање на паметни мерни уреди; 21. остварувањето на придобивките за потрошувачите кои произлегуваат од ефикасно- то функционирање на пазарите на енергија, поттикнувањето на делотворна конкуренција и од преземените мерки за заштита на потрошувачите; 22. усогласеноста на цените за снабдување со електрична енергија со барањата од чле- нот 6 од овој закон; 23. квалитетот на услугите кои ги даваат вршителите на енергетски дејности, вклучу- вајќи го начинот на кој се постапува со приговорите од потрошувачите; 24. спроведувањето на обврските за водење на одвоено сметководство за лицата кои вр- шат една или повеќе регулирани енергетски дејности или една или повеќе регулирани енергетски дејности и друга енергетска дејност или друга дејност, како и делотворното раздвојување на сметководствената евиденција во согласност со овој закон; 25. спроведувањето на програмите за усогласување на операторите на соодветните енергетски системи, со цел да се обезбеди недискриминација, транспарентност и објектив- ност во функционирањето на пазарите на енергија; 26. редовноста на објавувањето на податоци за состојбите во електропреносниот систем и системот за пренос на гас и нивното доставување до соодветните меѓународни тела; 27. инвестициите во капацитети за производство на електрична енергија во однос на си- гурноста на снабдувањето со енергија; 28. утврдување и следење на спроведувањето на мерките и постапките за заштита и унапредување на правата на ранливите потрошувачи утврдени со овој закон; 29. усогласеноста на работењето на субјектите одговорни за спроведување на функции- те на пазарно спојување; 76 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 30. техничката соработка меѓу операторите на системите за пренос, операторите на па- зарите на електрична енергија и гас со соодветните оператори од договорните страни на Енергетската заедница и државите членки на Европска Унија; 31. активностите за тргување со енергетски производи на пазарот на големо со цел да открие и спречи тргување засновано на внатрешни информации и манипулација на паза- рот на енергетски производи на големо, вклучително и обид за манипулација на пазарот на енергетски производи на големо; 32. ја следи работата на електроенергетскиот систем и координацијата во рамки на ре- гионот на заедничко управување со системот и по потреба ги известува ECRB / ACER. (3) Регулаторната комисија за енергетика донесува правилник за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија. (4) Врз основа на податоците и информациите добиени од следењето на состојбите на пазарите на енергија во Република Северна Македонија, Регулаторната комисија за енер- гетика воспоставува и одржува база на податоци потребни за следење на функционирање- то на пазарите, подготвува и објавува препораки во однос на усогласеноста на цените на пазарна основа и извештај за состојбите и функционирањето на пазарите на енергија како составен дел од извештајот од членот 72 од овој закон. (5) Податоците и информациите од ставот (4) на овој член, кои се однесуваат на учес- ници на пазарите на големо од држави членки на Европската Унија, Регулаторната коми- сија ги доставува до ACER. (6) Вршителите на енергетските дејности се должни до Регулаторната комисија за енер- гетика да доставуваат информации и податоци потребни за следењето на функционирање- то на пазарите на енергија во Република Северна Македонија на начин, во форма и во пе- риоди утврдени со правилникот од ставот (3) на овој член. Обезбедување интегритет и транспарентност на пазарите на енергија Член 56 (1) Забрането е тргување засновано на внатрешни информации, односно лицата кои по- седуваат внатрешни информации во врска со енергетски производ на пазарот на големо не смеат да: 1. ги користат внатрешните информации при купување или продажба или обид за купу- вање или продажба, за своја сметка или за сметка на трета страна, директно или индирек- тно, на енергетски производи на пазарот на големо на кои се однесуваат тие информации; 2. ги обелоденуваат внатрешните информации на кое било друго лице, освен ако такво- то обелоденување се врши во текот на вообичаеното вршење на нивната дејност, професи- ја или должност и 3. му препорачуваат или да наведуваат друго лице, врз основа на внатрешните инфор- мации, да купи или да продаде енергетски производ на пазарот на големо на кој се однесу- ва информацијата. (2) Забранета е манипулација на пазарите на големо со енергетски производи, при што за манипулација се смета: 1. вршење на каква било трансакција или давање на каков било налог за тргување со енергетски производи на пазарот на големо, со кои: 1.1. се дава или е веројатно дека ќе се дадат лажни или погрешно наведувачки сигнали за понудата, побарувачката или за цената на енергетските производи на пазарот на големо; 77 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1.2. со помош на едно лице или во соработка на повеќе лица се обезбедува или се прави обид да се обезбеди вештачко поставување на цената на еден или на повеќе енергетски производи на пазарот на големо, освен ако лицето кое ја спровело трансакцијата или го из- дало налогот за тргување докаже дека има легитимни причини за тоа и дека трансакцијата или налогот за тргување е во согласност со прифатените практики на соодветниот пазар на енергетски производи на големо или 1.3. се користи или се обидува да се користи фиктивно средство или кој било друг об- лик на измама или измислица кој дава, или е веројатно дека ќе даде лажни или погрешно наведувачки сигнали за понудата, побарувачката или за цените на енергетските производи на пазарот на големо или 1.4. ширење информации преку медиуми, интернет или на кој било друг начин, кои да- ваат, или е веројатно дека ќе дадат лажни или погрешно наведувачки сигнали за понудата, побарувачката или за цените на енергетските производи на пазарот на големо, вклучител- но и ширење гласини или лажни или погрешно наведувачки вести ако лицето кое ги шири знаело или требало да знае дека информациите се лажни или погрешно наведувачки. (3) Забранет е обид за манипулација на пазарот на големо со енергетски производи, при што за обид за манипулација се смета: 1. вршење каква било трансакција, давање каков било налог за тргување или преземање на каква било друга мерка, која се однесува на одреден енергетски производ на пазарот на големо, со намера за: 1.1. давање лажни или погрешно наведувачки сигнали за понудата, побарувачката или цената на енергетските производи на пазарот на големо; 1.2. вештачко поставување на цената на еден или повеќе енергетски производи на паза- рот на големо, освен ако лицето кое ја спровело трансакцијата или го издало налогот за тргување докаже дека има легитимни причини за тоа и дека трансакцијата или налогот за тргување е во согласност со прифатените практики на соодветниот пазар на големо со енергетски производи или 1.3. користење фиктивно средство или кој било друг облик на измама или измислица, кој дава или е веројатно дека ќе даде лажни или погрешно наведувачки сигнали за пону- дата, побарувачката или за цените на енергетските производи на пазарот на големо или 2. ширење информации преку медиуми, интернет или на кој било друг начин, со намера давање лажни или погрешно наведувачки сигнали за понудата, побарувачката или за це- ните на енергетските производи на пазарот на големо. (4) Учесник на пазарите на енергија на големо со енергетски производи е секое лице што врши трансакции или дава налози за вршење трансакции на тие пазари, а особено: 1. операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас; 2. операторот на пазар на електрична енергија при трансакции со електричната енергија произведена од обновливи извори од страна на повластени производители коишто корис- тат повластена тарифа; 3. трговците и снабдувачите со електрична енергија и гас; 4. производителите на електрична енергија кои произведената електрична енергија ја продаваат на пазарот на големо; 5. потрошувачите што имаат капацитет на потрошувачка на електрична енергија или гас при целосна искористеност на сите производствени капацитети на потрошувачот, која е еднаква или поголема од 600 гигават часови (во натамошниот текст: GWh) за период од една календарска година и ја вклучува вкупната потрошувачка на тој потрошувач како по- себен економски субјект, под услов потрошувачката да се одвива на пазари со поврзани големопродажни цени, при што не се зема предвид потрошувачката на индивидуалните постројки под контрола на еден економски субјект со капацитет на потрошувачка помал 78 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година од 600 GWh годишно, ако тие постројки се наоѓаат на различни релевантни географски пазари и поради тоа немаат заедничко влијание на цените на енергетските производи на пазарот на големо и 6. лицата кои во рамките на вршењето на својата дејност посредуваат во договарање на трансакции со енергетски производи на пазарите на големо. (5) Учесниците од ставот (4) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член, се должни да поднесат ба- рање за запишување во евиденцијата на учесници на пазарот на големо со енергетски про- изводи, што ја воспоставува и ја води Регулаторната комисија за енергетика. (6) Учесниците од ставот (4) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член, се должни до Регулаторна- та комисија за енергетика да достават извештаи, како и да објавуваат внатрешни информа- ции во однос на нивните капацитети и работење на пазарите на големо со енергетски про- изводи. (7) Доколку лицето кое во рамките на вршењето на својата дејност посредува во дого- варање трансакции со енергетски производи на пазарите на енергија на големо се сомнева дека определена трансакција може да претставува тргување засновано на внатрешни ин- формации, манипулација на пазар или обид за манипулација на пазар должно е за тоа да ја извести Регулаторната комисија за енергетика. (8) Лицето од ставот (7) на овој член, е должно да воспостави и применува ефикасни механизми за препознавање на тргување засновано на внатрешни информации, манипула- ција на пазар или обид за манипулација на пазар. (9) Во прописот од членот 55 став (3) од овој закон, се пропишува и начинот на евиден- тирање на учесниците на пазарите на големо со енергетски производи, определување на лицата на кои им е забрането тргување засновано на внатрешни информации и исклучо- ците, начинот на објавување внатрешни информации, видот, содржината, формата, начи- нот и периодите на доставување и/или објавување на извештаите и податоците од ставот (6) на овој член. Преземање на мерки Член 57 (1) Во случаите кога Регулаторната комисија за енергетика при следењето на состојбите и функционирањето на пазарите на енергија во согласност со членовите 55 и 56 од овој за- кон, утврди неправилност, донесува одлука со која се наложува преземање на соодветни задолжителни мерки, вклучително и забрана на конкретното однесување на вршител на енергетска дејност, со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, ефикасно, конкурен- тно и недискриминаторно функционирање на пазарите на енергија, како и заштитата на правата на потрошувачите и корисниците на енергетските системи. Во одлуката се наведу- ваат мерките кои треба да бидат преземени од страна на вршителот на енергетска деј- ност, како и роковите во кои треба да бидат преземени мерките и обврската за доставува- ње на извештаи за преземените мерки. (2) При вршењето на работите од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика соработува со други надлежни државни органи и институции, како и со ECRB, регулаторните тела за енергетика на договорните страни и учесниците во Енергетската за- едница и со Секретаријатот на Енергетската заедница. (3) Ако носителите на лиценци не постапат по одлуката од ставот (1) на овој член, Регу- латорната комисија за енергетика: 1. поднесува барање за поведување на прекршочна постапка во согласност со одредби- те од овој закон, или друга постапка пред надлежен државен орган и 2. може да започне постапка за суспендирање или одземање на лиценцата. 79 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Ако при следењето на функционирањето на пазарите на електрична енергија, гас, топлинска енергија и нафта и нафтени деривати Регулаторната комисија за енергетика процени дека не постои ефикасна конкуренција, може во соработка со Комисијата за заш- тита на конкуренцијата и Секретаријатот на Енергетската заедница да изврши дополни- телни истражувања и да преземе неопходни и соодветни мерки со кои се обезбедува унап- редување на конкуренцијата и ефикасно функционирање на пазарите на енергија. Меѓународна соработка Член 58 (1) Заради интегрирање на пазарите на енергија од Република Северна Македонија во регионалните и европските пазари, Регулаторната комисија за енергетика: 1. учествува во работата и ги спроведува препораките на ECRB и ACER и остварува со- работка, консултации и размена на информации со Секретаријатот на Енергетската заед- ница, со соодветните регионални и меѓународни организации и со други регулаторни тела од регионот; 2. склучува договори за соработка со други регулаторни тела заради создавање на кон- курентен регионален пазар на електрична енергија и гас и усогласување на законската, ре- гулаторната и техничката рамка; 3. ги исполнува и спроведува релевантните законски обврзувачки одлуки на ECRB и ACER; 4. обезбедува усогласување на постапките за размена на податоци за пазарите на енер- гија во рамки на Енергетската заедница и 5. од oператорот на електропреносниот систем и НЕМО обезбедува примена на панев- ропските TCM донесени од ACER и почитување на обврзувачките одлуки на ECRB и ACER кои се однесуваат на oператорот на електропреносниот систем и НЕМО. (2) Регулаторната комисија за енергетика, во соработка со Министерството, ја поттик- нува и олеснува соработката на операторите на системи за пренос и операторите на паза- рите на електрична енергија и гас и НЕМО во рамки на Енергетската заедница, а особено во однос на: 1. договорните аранжмани со цел овозможување на оптимално управување со мрежите за електрична енергија и гас; 2. заедничката размена на електрична енергија и гас и доделување на прекуграничните преносни капацитети; 3. овозможување на највисоко можно ниво на интерконективен капацитет, вклучувајќи нови интерконективни водови, со договорните страни на Енергетската заедница и држави- те членки на Европската Унија; 4. координација на изработката и примената на мрежните правила за релевантните опе- ратори на системи за пренос и другите учесници на пазарот; 5. доставување на предлози за изготвување на регионалните ТСМ до Регулаторната ко- мисија за енергетика, надлежните регулаторни тела во регионот, ECRB и ACER и 6. соработката помеѓу операторите на електропреносните системи и другите НЕМО од договорните страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија во однос на барање на информации за напредокот во врска со регионалните ТСМ и коорди- нација на изработка и примена на правилата за управување со загушувањата. (3) Операторот на електропреносниот систем и НЕМО, согласно ратификуваните меѓу- народни договори во соработката со операторите на електропреносните системи од држа- вите членки на Европската унија и од договорните страни на Енергетска заедница подгот- вува предлог на регионални и национални TCM и ги доставуваат на одобрување на ECRB или ако се засегнати држави членки на Европската Унија до ACER или до Регулаторната комисија за енергетика и надлежните регулаторни тела. 80 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) За напредокот на подготовката на предлог на регионалните и националните TCM од ставот (3) на овој член операторот на електропреносниот систем, односно НЕМО, а кога е потребно во соработка со ENTSO-E, редовно ги информираат Регулаторната комисија за енергетика, надлежните регулаторни тела, ECRB или ако се засегнати држави членки на Европската унија ACER. (5) Доколку операторот на електропреносниот систем или НЕМО до надлежните регу- латорни органи, ECRB или ако се засегнати држави членки на Европската Унија до ACER, не достават на одобрување предлог или изменет предлог на регионални и национални TCM од ставот (3) на овој член, доставуваат нацрт на TCМ, со објаснување за причините поради кои предлогот не е доставен. (6) Регулаторната комисија за енергетика заедно со ECRB или ако се засегнати држави членки на Европската Унија со ACER и сите надлежни регулаторни тела преземаат актив- ности за одобрување на предложените TCM. (7) Регулаторната комисија за енергетика, ECRB или за држава членка на Европската Унија ACER, ги одобруваат предлог TCM изработени од операторите на електропренос- ните системи односно НЕМО, а заради придонесување за интеграција на пазарот, по из- вршени консултации со операторите на електропреносните системи односно НЕМО може да ги изменат, со примена на начелата на недискриминација, конкурентност и правилно функционирање на пазарот. (8) Предлогот на TCM содржи предлог за времето потребно за нивно спроведување и опис на очекуваното влијание врз целите на областите што се уредуваат. (9) За предлогот на TCM за чие одобрување се надлежни повеќе од едно регулаторно тело, Регулаторната комисија за енергетика соработува со надлежните регулаторни тела. (10) Предлогот на TCM кои се одобруваат од регулаторните тела од соодветниот ре- гион, во рок од седум дена од добивање на предлогот на TCM се доставуваат на мислење до ECRB или доколку е засегната држава членка на Европската унија до ACER. (11) Регулаторната комисија за енергетика го зема предвид мислењето од ставот (10) на овој член. (12) За поднесените предлог на национални TCM Регулаторната комисија за енергетика одлучува во рок од шест месеци од добивањето на предлогот на TCM, а за предлог на ре- гионалните TCM, Регулаторната комисија за енергетика одлучува заедно со надлежните регулаторни тела во регионот, во рок од шест месеци од приемот на предлогот на TCM од страна последното регулаторно тело во регионот. (13) Доколку Регулаторната комисија за енергетика во рокот од ставот (12) на овој член не постигне договор со другите регулаторни тела, одлуката за доставените предлог регионални TCM ја донесува ECRB или ако се засегнати држави членки на Европската унија ACER. (14) Во случај кога Регулаторната комисија за енергетика, ECRB или кога се засегнати држави членки на Европската унија ACER, или други регулаторни тела, бараат измена на доставените на одобрување предлог регионални или национални TCM, операторите на електропреносниот систем или НEMO во рок од два месеца по барањето поднесуваат предлог за изменување на TCM. Регулаторната комисија за енергетика одлучува по подне- сениот предлог за изменување на TCM во рок од два месеци од поднесувањето. (15) Доколку во рокот од ставот (14) на овој член Регулаторната комисија за енергети- ка со другите регулаторни тела не ги одобри предложените измени на TCM, може да дос- тави самостојно или заедничко барање за донесување на одлуки за измени на TCM со дру- гите регулаторни тела до ECRB, односно кога се засегнати држави членки на Европската унија до ACER. 81 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (16) Операторите на електропреносниот систем и НEMO на барање на ECRB или кога се засегнати држави членки на Европската унија на ACER, се должни на Регулаторната комисија за енергетика или на другите регулаторни тела да и поднесат предлог измени на ТСМ. (17) Предлог на измените на TCM од ставот (16) на овој член операторите на електроп- реносниот систем и НEMO ги доставуваат до Регулаторната комисија за енергетика, која ги доставува на мислење до ECRB или кога се засегнати држави членки на Европската унија до ACER. (18) По одобрување на TCM од страна на Регулаторната комисија за енергетика, однос- но ECRB или кога се засегнати држави членки на Европската унија од ACER, или доколку не е потребно нивно одобрување, по нивното влегување во сила, операторот на електроп- реносниот систем и НEMO, ги објавуваат TCM на својата веб-страница, освен доколку таквите информации се сметаат за доверливи во согласност со членот 259 од овој закон. Мислење, препораки и одлуки на ACER и ECRB Член 59 (1) Регулаторната комисија за енергетика, операторот на електропреносниот систем и НEMO ги исполнуваат и спроведуваат мислењaта, препораките и одлуките на ACER и ECRB под услов: 1. донесените акти да се однесуваат на нив, а се во врска со решавање на прашања во ситуации кои ги засегаат регулаторните тела, операторите на електропреносниот систем и НEMO од најмалку една држава членка на Европската Унија со која граничи Република Северна Македонија; 2. надлежноста на ACER за решавање на прашањата од точка 1 на овој став, да ја ут- врдува надлежниот орган во согласност со обврските што произлегуваат од ратификува- ните меѓународни договори. (2) Мислењата, препораките и одлуките од ставот (1) на овој член може да се однесува- ат на: 1. барања за информации; 2. одлуки за одобрување на ТСМ во врска со нови или измени на паневропските ТСМ, вклучително и случај кога не е постигнат договор меѓу релевантните национални регула- торни тела; 3. прилагодување на конфигурацијата на регионот за пресметка на капацитетот; 4. прилагодување на конфигурацијата на регионот за работа на системот; 5. прилагодување на конфигурацијата на регионалниот координативен центар; 6. одговорности на регионалниот координативен центар во однос на регионот за пресметка на капацитетот и регионот за работа на системот; 7. ослободувања на нови интерконекции; 8. отстапувања од минималната вредност за распределба на преносните капацитети по- меѓу трговските зони, доколку Регулаторната комисија за енергетика или кое било друго регулаторно тело во истиот регион за пресметка на капацитетот не се согласи со барањето за отстапување. (3) Секој вршител на енергетска дејност и Регулаторната комисија за енергетика, на кој се однесува одлуката на ACER од ставот (1) на овој член, може да поднесе жалба сог- ласно правната поука во одлуката. (4) Во случај операторот на електропреносниот систем или НEMO да не достават пред- лог за TCM во пропишаниот рок, Регулаторната комисија за енергетика заедно со ECRB и ACER, презема чекори за усвојување на TCM. 82 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Права и обврски на Регулаторната комисија за енергетика во однос на прекугранич- ните активности во електроенергетскиот сектор Член 60 (1) Регулаторната комисија за енергетика ги следи активностите во однос на координи- раната пресметка и доделување на прекуграничните капацитети и координираното упра- вување со електропреносните системи, ги извршува одлуките на ECRB и ACER и сорабо- тува со надлежните регулаторни тела од регионот на координирана пресметка на капаци- тети или регионот на координирано управување со електропреносниот систем, согласно ратификуваните меѓународни договори. (2) При остварување на обврските од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика доставува: 1. годишни извештаи до ECRB и ACER за напредокот во исполнувањето на обврските од ставот (1) на овој член; 2. врз основа на податоци доставени од операторот на електропреносниот систем, го- дишни извештаи до ECRB за висината на приходите од загушувањата и нивната намена; 3. врз основа на препорака од ECRB или ACER, оценка на потребата и иницијатива за ревизија на конфигурацијата на зоната на наддавање; 4. следење на ефикасното остварување на функцијата на НEMO како оператор на пазар- но спојување во согласност со соодветните правила и прописи; 5. по барање од ECRB или ACER или по сопствена иницијатива, ревизија на структура- та на долгорочните права на преносен капацитет за потребите на учесниците во зоната на наддавање и 6. нотификација на секоја одделна одлука за изземање од учеството во координираната размена на услуги за балансирање до операторот на електропреносниот систем, ECRB и Секретаријатот на Енергетската заедница, одржување и ажурирање на листа на изземања- та и редовно известување на ECRB на секои шест месеци. Формирање на тарифи и цени Член 61 (1) Регулаторната комисија за енергетика донесува прописи и методологии за: 1. формирање на тарифи, со кои го уредува начинот на пресметка, одобрување и кон- трола врз остварувањето на приходите за вршење на регулираните енергетски дејности пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас, дистрибуција на топлинска енергија и организирање и управување со пазарите на електрична енергија и гас; 2. формирање на цени за регулираните енергетски дејности регулирано производство на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија на потрошувачите приклучени на системот за дистрибуција на топлинска енергија; 3. формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива- та за транспорт; 4. формирање на продажните цени за електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај и 5. формирање на продажни цени на гас од страна на снабдувачот со гас со обврска за обезбедување на јавна услуга и снабдување во краен случај. (2) Со прописите и методологиите за формирање на продажните цени за електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач може да се одредат продажни цени за од- редени категории потрошувачи согласно обемот и периодот на потрошувачка на елек- трична енергија. 83 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Вршителите на енергетските дејности се должни да ги применуваат одлуките за це- ни и тарифи коишто Регулаторната комисија за енергетика ги донесува врз основа на овој закон и со примена на прописите и методологиите од ставот (1) на овој член. (4) Универзалниот снабдувач со електрична енергија и снабдувачот со гас со обврска за јавна услуга се должни при формирањето на цените да ги применуваат елементите за пресметка на продажните цени за електрична енергија односно гас, утврдени во прописите од ставот (1) точка 4 на овој член. (5) Регулаторната комисија за енергетика го следи начинот на примена на прописите од ставот (1) точка 4 на овој член, и ако утврди дека при формирањето на продажните цени елементите за пресметка се несоодветно применети, донесува одлука со која го обврзува снабдувачот соодветно да ги усогласи продажните цени. (6) Прописите од ставот (1) на овој член, се засновани на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација и со нив се обезбедува вршителите на регулираните енергетски дејности да ги надоместат оправданите трошоци и да стекнат соодветен поврат на вложениот капитал преку доверливо и ефикасно спроведување на регулираните актив- ности, а особено: 1. урамнотежување на интересите на вршителите на регулираните енергетски дејности, корисниците на енергетските системи и потрошувачите, како и заштита на потрошувачите и корисниците на енергетските системи од каква било злоупотреба на доминантната пози- ција на пазарот; 2. отстранување на вкрстените субвенции меѓу групите потрошувачи и прелевање на приходите и трошоците при вршење на регулираните и/или нерегулираните енергетски дејности; 3. реализација на плановите за развој на соодветните системи преку обезбедување на финансиски средства за инвестициите со кои се обезбедува одржливо и сигурно функцио- нирање на системите, сигурност во снабдувањето и безбедност на енергетските системи вклучително и сајбер безбедноста, интеграција на пазарите на електрична енергија и гас, како и ефикасно реализирање на инвестициите; 4. поттикнување на вршителите на регулираните енергетски дејности и корисниците на соодветните системи да ја зголемат ефикасноста во своето работење, вклучително и енер- гетската ефикасност и 5. поддршка на поврзани истражувачки активности и имплементација на иновациите во интерес на потрошувачите во области како што се дигитализацијата, услугите за флекси- билност и интерконективност, како и развој на паметни мрежи и паметни системи за ме- рење. (7) При определувањето на приходите на вршителите на регулираните енергетски деј- ности во прописите од ставот (1) на овој член, покрај другото се земаат предвид: 1. приходите остварени од операторите на системите за пренос по основ на прекугра- нични текови на електрична енергија, односно гас и надоместоците за справување со загу- шувањата во електропреносните системи; 2. приходите и трошоците остварени од страна на операторите на системи за пренос по основ на услуги за балансирање и системски услуги; 3. приходите и трошоците на операторот на електропреносниот систем што произлегу- ваат од механизмот за меѓусебна компензација на операторите на електропреносните сис- теми; 4. нето заштедите настанати поради намалените трошоци постигнати со примената на мерки на енергетска ефикасност, управување преку потрошувачката, заштедите постигна- ти со инвестиции во мрежите и намалувањето на трошоците за испорака на енергија како и од оптимизирање на работењето како резултат од дистрибуираното производство на електрична енергија и производството на електрична енергија за сопствени потреби; 5. приходи остварени по друг основ согласно со овој закон; 84 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 6. трошоците за набавка на системски услуги и енергија за покривање на загубите во соодветниот енергетски систем, имајќи ја предвид динамиката за намалување на загубите определена во плановите што операторите на системите ги доставуваат за одобрување до Регулаторната комисија за енергетика; 7. трошоците на операторот на електропреносниот систем и на НEMO согласно со чле- нот 125 став (1) од овој закон, настанати во врска со воспоставување, ажурирање или по- натамошен развој на алгоритмот за ценовно спојување, континуирано тргување и опера- тивно спојување; 8. трошоците или дел од трошоците настанати при спојувањето на пазарот на електрич- на енергија ден однапред и/или во тековниот ден, а коишто операторот на електропренос- ниот систем му ги надоместува и на НEMO согласно со членот 125 став (1) од овој закон, ако Регулаторната комисија за енергетика утврди дека тие трошоци се разумни и сраз- мерни; 9. трошоците за безбедно работење на системот, вклучително и за отпорност на закани и подготвеност за ризици, како и за сајбер безбедност; 10. трошоци за обезбедување на оперативна сигурност со долгорочна, краткорочна и сезонска приспособеност на системот, вклучително и трошоците од воведување на меха- низмот за обезбедување на моќност; 11. трошоци за обезбедување на прилагодливост на системот кон карактеристиките во потрошувачката и променливоста на производниот профил, како и трошоците за редиспе- чирање во својата или во соседните зони на наддавање; 12. трошоците на операторот на електропреносниот систем поврзани со учеството во активностите и спроведувањето на задачите на ENTSO-Е и Регионалниот координативен центар, ако тие трошоци се оценети како разумни и соодветни; 13. трошоците на централната договорна страна и агентот на испорака за прекугранич- но порамнување ако Регулаторната комисија за енергетика утврди дека тие трошоци се ра- зумни и сразмерни; 14. трошоците на операторот на електропреносниот систем поврзани со учество во Ев- ропските платформи за размена на балансна енергија од резервите за обновување на фрек- венциската стабилност со мануелна и автоматска активација и за урамнотежување на де- балансите и 15. трошоците на операторот на електропреносниот систем поврзани со учество на единствената платформа за алокација. (8) Регулаторната комисија за енергетика одредува регулиран период за секој оператор поединечно. (9) Заради остварување на целите од ставот (6) точки 1, 2 и 3 на овој член, операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, гас и дистрибуција на топ- линска енергија се должни, на начин утврден со соодветните мрежни правила, да доставу- ваат секоја година до Регулаторната комисија за енергетика извештаи со статистички по- датоци за: 1. индексите за непрекинатост во испораката на енергија и за квалитетот на услугата, определени од страна на Регулаторната комисија за енергетика и 2. за бројот на приговорите од корисниците на системите и потрошувачите што се одне- суваат на непрекинатост во испораката на енергија и за квалитетот на услугата. (10) Регулаторната комисија за енергетика обезбедува трошоците за реализација на пла- новите за развој од ставот (6) точка 3 на овој член да се надоместат преку соодветната та- рифа. 85 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Тарифни системи и тарифи Член 62 (1) Со тарифните системи за пренос и дистрибуција на електрична енергија и гас и дис- трибуција на топлинска енергија, како и за услугите што ги обезбедуваат операторот на пазарот на електрична енергија и операторот на пазарот на гас, се определува начинот на формирање на тарифите за услугите што ги обезбедуваат вршителите на регулираните енергетски дејности, определени со примена на соодветните прописи и методологии од членот 61 од овој закон. (2) Со одлуките за тарифи донесени во согласност со тарифните системи од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика обезбедува тарифите: 1. да се определуваат и да се применуваат на транспарентен и недискриминаторен на- чин; 2. да ги одразуваат трошоците на вршителите на енергетските дејности; 3. да не вклучуваат трошоци за дејствија преземени од вршителите на регулираните енергетските дејности кои не се поврзани со интересот на корисниците на мрежата или со развојот на соодветните системи поврзани со дадената регулирана дејност; 4. да не се користат наплатените средства на пазарот за електрична енергија ден- однап- ред или во тековниот ден, за активности во држави на договорна страна или држава член- ка надвор од членката во која овие средства се наплатени од НЕМО; 5. да не зависат од растојанието низ кое се пренесува електричната енергија или гасот низ системот за пренос или дистрибуција за потребите на корисникот на системот; 6. да ги имаат предвид долгорочните капитални трошоци и оперативни трошоци од дистрибуираното производство и од мерките за управување со системот преку побарувач- ката. (3) При определувањето на тарифите за пренос и за дистрибуција на електрична енер- гија, Регулаторната комисија за енергетика обезбедува нивна меѓусебна усогласеност со цел со нивната примена да се постигне: 1. подеднаков третман и поттикнување на: 1.1. капацитетите за производство на електрична енергија приклучени на електропре- носната и електродистрибутивната мрежа; 1.2. складиштата за енергија, агрегаторите во производството или снабдувањето; 1.3. давателите на услуги од управување преку побарувачката или мерки на енергетска ефикасност и 1.4. потрошувачите на електрична енергија кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби, производителите нa електрична енергија што ја користат произведена- та електрична енергија за сопствена потрошувачка, затворените електродистрибутивни мрежи, граѓанските енергетски заедници и заедниците за користење на обновливи извори на енергија; 2. поддршка на вкупната долгорочна ефикасност на системите за пренос и дистрибуци- ја преку ценовните сигнали до потрошувачите и производителите, на неутрален, урамно- тежен и недискриминаторен начин и 3. да не влијаат врз надоместоците кои произлегуваат од управувањето со загушувања- та и да не предвидуваат никаков надоместок за поединечни трансакции во меѓузонско тр- гување со електрична енергија или за транзит на електрична енергија. (4) Регулаторната комисија за енергетика може да одлучи: 1. да се воведат тарифи за пренос и дистрибуција на електрична енергија коишто се применуваат во различни периоди во текот на денот: 86 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1.1 со цел крајните потрошувачи на транспарентен и предвидлив начин и начин којшто ги одразува трошоците да стекнат придобивки од рационалното користење на мрежите или 1.2 ако Владата донела одлука за воведување на систем на паметни мерни уреди во Ре- публика Северна Македонија и 2. тарифите за дистрибуција на електрична енергија да ги одразуваат трошоците имајќи ги предвид: 2.1 начинот на користење на електродистрибутивната мрежа од страна на корисниците вклучително и активните потрошувачи и 2.2 капацитетот на приклучокот и профилите на производство и потрошувачка на ко- рисникот. (5) Тарифите за пренос на гас се определуваат со примена на елементи кои се однесува- ат на капацитетот во точките на влез и излез од системот за пренос на гас и според прене- сените количини на гас. (6) Тарифата за дистрибуција на гас ги одразува долгорочните капитални и оперативни трошоци на операторот на системот за дистрибуција на гас и треба да му го обезбеди ос- тварувањето на одобрениот приход. (7) Во случаите кога Регулаторната комисија за енергетика, врз основа на анализата на трошоците, утврди дека со тарифата за дистрибуција на гас постои ризик за реализација на развој на проект дистрибуција на гас, може да му предложи на Министерството доделу- вање на мерки за поддршка за реализација и функционирање на проектот за дистрибуција на гас на територија на цела држава во согласност со прописите за контрола на државната помош. (8) При разгледувањето и одобрувањето на тарифите, тарифните елементи или методо- логии и надоместоците за електропреносната или електродистрибутивната мрежа, како и при оценката и одобрувањето на мерките за поддршка на производството, Регулаторната комисија за енергетика ги зема предвид најдобрите соодветни практики и применливи препораки од ECRB или ACER, кои особено се однесуваат на: 1. влијанието на тарифите врз работењето на производителите на електрична енергија и операторите на складишта со енергија, како и врз инвестирањето во нови капацитети за производство на електрична енергија и складирање на енергија; 2. трошоците коишто треба да се повратат со тарифата; 3. локациските сигнали; 4. структурата на тарифите; 5. временски и сезонски зависни тарифи; 6. односот помеѓу тарифите за пренос и тарифите за дистрибуција; 7. односот помеѓу тарифите за одделни групи или категории на потрошувачи; 8. односот помеѓу тарифите и профилот на потрошувачка; 9. односот помеѓу тарифите и загубите во мрежата на различно напонско ниво; 10. транспарентноста на тарифите и 11. исклучоците и ослободувањата од обврската за плаќање на тарифи. (9) Вршителите на регулирани енергетски дејности се должни да ги применуваат цени- те односно тарифите утврдени во одлуките за цени и тарифи донесени со примена на про- писите и методологиите од член 61 од овој закон и тарифните системи од ставот (1) на овој член. 87 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Веб-платформа за споредба на цени Член 63 (1) Регулаторната комисија за енергетика воспоставува и одржува веб-платформа за споредба на цени на електрична енергија којашто е достапна преку интернет и која им да- ва можност на потрошувачите на електрична енергија од категоријата домаќинства и мали потрошувачи кои согласно Законот за трговските друштва се класифицираат како микро трговци со очекувана годишна потрошувачка на електрична енергија помала од 100 000 kWh, во секое време и без надоместок да имаат директен пристап до јасни, сеопфатни и ажурирани информации за цените на електрична енергија, периодот на траење на догово- рот за снабдување, фактурирањето, вклучително и условите за склучување на договори за снабдување со електрична енергија со динамична цена, како и другите услуги поврзани со снабдувањето со електрична енергија, со цел да направат споредба на понудите од различ- ни снабдувачи и да им се олесни изборот на снабдувач, за која цел снабдувачот внесува понуда на платформата, која ги содржи следниве елементи: 1. цени за електрична енергија по напонско ниво и период на испорака во текот на де- нот и/или годината, за секоја категорија на потрошувачи; 2. времетраење на договорите за снабдување; 3. кратка информација во врска со одредени комерцијални карактеристики на понудата; 4. постапки за промена на снабдувач кои ги применува снабдувачот; 5. правата и обврските на потрошувачите; 6. начините за заштеда на енергија и 7. други услуги поврзани со снабдувањето со електрична енергија. (2) Платформата од ставот (1) на овој член, им дава можност на потрошувачите да ги споредат понудите од снабдувачите со електрична енергија со понудите од универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај. (3) При воспоставувањето и одржувањето на платформата од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика обезбедува: 1. независност на платформата од интересите на учесниците на пазарот, односно вос- поставувањето и одржувањето на платформата да не е финансирано или на друг начин ма- теријално поддржано од учесниците на пазарот на електрична енергија; 2. сите снабдувачи да добиваат еднаков третман во резултатите од пребарувањето; 3. објавување на јасни и објективни критериуми врз кои треба да се заснова споредбата, вклучувајќи ги и услугите што ги нудат снабдувачите; 4. точни и ажурирани информации искажани на јасен и недвосмислен начин со наведу- вање на моментот на последното ажурирање на информациите; 5. објавените информации да бидат достапни за лицата со попреченост; 6. делотворна постапка за пријавување на неточни информации за објавените понуди и 7. заштита на личните податоци на потрошувачите кои ја користат платформата. (4) Платформата од ставот (1) на овој член, овозможува прикажување индикативна крајна цена на електрична енергија од секој снабдувач за секоја категорија на потрошу- вачи, пресметана со примена на следниве елементи: 1. цена на електрична енергија содржана во понудата на снабдувачот, без данок на до- дадена вредност; 2. просечна цена на електрична енергија произведена од повластени производители од обновливи извори кои користат повластени тарифи, без данок на додадена вредност; 3. тарифи за користење на услуги за пренос и дистрибуција на електрична енергија, без данок на додадена вредност; 88 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. надоместок за оператор на пазар на електрична енергија, без данок на додадена вред- ност; 5. даночната стапка по која се пресметува данок на додадена вредност согласно закон за соодветниот промет наведен во точките од 1 до 4 на овој став и 6. износ на пресметан данок на додадена вредност за секој промет наведен во точките од 1 до 4 на овој став. (5) Снабдувачот може да внесе неограничен број на понуди на платформата од ставот (1) на овој член, при што снабдувач кој во претходната година учествувал во вкупните продажби на пазарот на електрична енергија на мало со повеќе од 1%, внесува најмалку една понуда на платформата. (6) Регулаторната комисија за енергетика во правилата од членот 64 од овој закон, поб- лиску ги уредува правата, обврските и одговорностите на снабдувачите во врска со корис- тењето на платформата од ставот (1) на овој член. (7) Регулаторната комисија за енергетика на својата веб-страница и на платформата од ставот (1) на овој член објавува упатство за користење на платформата. Правила за снабдување Член 64 (1) Регулаторната комисија за енергетика донесува посебни правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и гас. (2) Со правилата за снабдување од ставот (1) на овој член, поблиску се уредуваат оп- штите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорнос- ти на снабдувачот и потрошувачот на соодветен вид енергија и операторот на соодветниот систем, а особено: 1. условите, начинот и рокот на склучување на договорот за снабдување со соодветниот вид енергија; 2. начинот на мерење, пресметка, фактурирање и наплата на испорачаната енергија; 3. потрошувачите на кои не може да им се прекине испораката и начинот на обезбеду- вање на гаранции за намирување на трошоците за потрошената енергија; 4. начинот и постапката за промена на снабдувачот од страна на потрошувачите и ос- тварувањето на правото на потрошувач без надоместок да го промени снабдувачот; 5. квалитетот на услугите обезбедени од страна на снабдувачите на енергија; 6. минималните услови и начинот за организациска поставеност и техничка опременост на снабдувачите на енергија за обезбедување на комуникација со потрошувачите заради обезбедување на пропишаниот квалитет на услугите коишто ги обезбедува снабдувачот; 7. обврски на снабдувачот кон различните категории на потрошувачи и специфичноста на секоја категорија на потрошувачи во однос на нивната финансиска и преговарачка спо- собност; 8. начинот и постапките за комуникација и размена на информации помеѓу снабдувачот на енергија и операторот на соодветниот систем заради обезбедување на пропишаниот квалитет на енергијата и услугите што ги обезбедуваат операторите; 9. условите и постапката за исклучување на потрошувачите од системите за пренос или дистрибуција, во случај кога потрошувачите не ги исполнуваат обврските утврдени со за- кон, друг пропис и/или договор; 10. начинот, формата и рокот за поднесување на извештаи, кои снабдувачите на енерги- ја и соодветните оператори се должни да ги достават до Регулаторната комисија за енерге- тика; 89 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 11. неопходните информации што снабдувачите се должни навремено да им ги обезбе- дат на потрошувачите во нивните сметки, како и информациите што треба да бидат јавно достапни, а се од интерес за сите потрошувачи; 12. начинот и постапката за доставување на приговори од потрошувачите до снабдува- чите како и начинот и постапката за постапување на снабдувачите по примените приго- вори; 13. условите и начините за снабдување на ранливи потрошувачи и 14. посебните мерки за заштита на потрошувачите. (3) Со правилата за снабдување со електрична енергија се уредуваат правата и об- врските на универзалниот снабдувач, како и правата и обврските на потрошувачите што ги снабдува. (4) Со правилата за снабдување со електрична енергија поблиску се уредува воспоста- вувањето и одржувањето на веб-платформа за споредба на цените на електрична енергија, условите и постапката за нејзино користење од страна на снабдувачите и корисниците на платформата, како и правата, обврските и одговорностите на снабдувачите што објавуваат податоци на платформата. (5) Со правилата за снабдување со гас и со правилата за снабдување со топлинска енер- гија се уредуваат правата и обврските на снабдувачот со гас и снабдувачот со топлинска енергија коишто имаат обврска за обезбедување на јавна услуга во снабдувањето, како и правата и обврските на потрошувачите што ги снабдуваат. (6) Со правилата за снабдување со електрична енергија и со правилата за снабдување со гас се уредуваат правата и обврските на снабдувачот со електрична енергија во краен слу- чај и снабдувачот со гас во краен случај. Сајбер безбедност Член 65 (1) Заради обезбедување сајбер безбедност на мрежите и/или на информациските сис- теми, вклучително и на енергетските уреди, што ги користат во вршењето на дејноста, операторите на електропреносниот и електродистрибутивниот систем, НЕМО, снабдува- чите, производителите на електрична енергија кои управуваат со електроцентрали со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 200 MW, операторите на складишта на електрична енергија со вкупна излезна моќност еднаква или поголема од 50 MW, опе- раторите на системот за пренос на гас и системите за дистрибуција на гас, како и операто- рите на постројки за производство на водород или биогас, преземаат мерки и активности за откривање закани и спречување сајбер напади и инциденти и воспоставуваат механиз- ми за справување со заканите или ефикасно отстранување на последиците од нападите и инцидентите, како и за обновување на функционалноста на мрежите и системите до сос- тојба во која се наоѓале пред сајбер нападот или инцидентот. (2) Субјектите од ставот (1) на овој член, особено се должни да: 1. назначат службеник за сајбер безбедност; 2. се сертифицираат според меѓународни стандарди за безбедност на мрежите, инфор- матичка безбедност и сајбер безбедност; 3. донесат методологија за проценка на ризици од сајбер напади и инциденти и опера- тивни планови за превенција и реакција на сајбер напади и инциденти и активно да учес- твуваат во активностите за подготвеност за ризици и справување со кризи во согласност со овој закон; 90 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. разменуваат информации за сајбер закани и инциденти со Регулаторната комисија за енергетика, надлежното тело за безбедност на мрежни и информациски системи во Репуб- лика Северна Македонија, а по потреба и меѓусебно и со други оператори и 5. да донесат и применуваат програма за обука за вработените во врска со сајбер без- бедност. (3) Операторите и производителите од ставот (1) на овој член, се должни да доставува- ат годишни планови и извештаи за примена на обврските од ставот (1) на овој член, до Ре- гулаторната комисија за енергетика, најдоцна до 31 јануари за тековната година, а ако Ре- гулаторната комисија за енергетика оцени дека е потребно, може и почесто. (4) Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со прописите со кои се уредува безбедноста на информациските мрежи и системи, донесува правила за сајбер безбедност со кои поблиску се уредуваат обврските за обезбедување сајбер безбедност, односно тех- ничките и организациските мерки и активности што ги преземаат субјектите од ставот (1) на овој член, а особено: 1. определување критична инфраструктура во енергетскиот сектор за која Регулаторна- та комисија за енергетика утврдува приоритет во обезбедувањето на сајбер безбедност; 2. меѓународните стандарди за безбедност на мрежите, информатичка безбедност и сај- бер безбедност според кои се сертифицираат соодветните оператори и производители; 3. основните елементи на методологијата за проценка на ризици од сајбер напади и инциденти и на оперативните планови за превенција и реакција на сајбер напади и инци- денти; 4. начин и постапка за проверка на безбедноста на применетите информациски сис- теми; 5. барањата кои треба да ги исполнат новите и постојните уреди поврзани со интернет или кои се користат во мрежите и системите кои применуваат оперативни технологии; 6. мерките и активностите за спречување и/или намалување ризици од сајбер напади и инциденти; 7. мерките и активностите за спречување и/или намалување ризици од сајбер напади и инциденти предизвикани од и поврзани со домино ефектите; 8. начин, постапка и рокови за доставување на известувања за откриени сајбер безбед- носни напади и инциденти до Регулаторната комисија за енергетика; 9. условите за назначување службеник за сајбер безбедност и неговите овластувања и задачи и 10. основните елементи на програмата за спроведување обуки за вработените за сајбер безбедност и роковите за исполнување на обврските пропишани со правилата. Прибирање на податоци Член 66 (1) На барање на Регулаторната комисија за енергетика, државните органи, единиците на локалната самоуправа, како и носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности се должни да и ги достават потребните документи, податоци и информации, во рок опре- делен од Регулаторната комисија за енергетика. (2) Документите, податоците и информациите што имаат доверлив карактер, Регулатор- ната комисија за енергетика ги користи и чува на начин утврден со закон или друг пропис. 91 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Акти на Регулаторна комисија за енергетика Член 67 (1) Заради извршување на работите од своја надлежност, Регулаторната комисија за енергетика донесува: 1. правилници и правила со кои ги пропишува работите за чие што уредување е над- лежна согласно овој закон; 2. одлуки со кои: 2.1. одлучува по поединечни работи во согласност со овој закон и прописите донесени во согласност со овој закон; 2.2. одобрува правила, планови и програми донесени од соодветните оператори и 2.3. на вршителите на енергетски дејности им наредува или им забранува определено однесување, со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со енергија и/или ефикасна конкуренција на соодветните пазари на енергија; 3. упатства со кои на вршителите на енергетски дејности им укажува на најдобрите практики за извршување на нивните законски утврдени обврски, особено во врска со обез- бедувањето на јавната услуга, сигурноста во снабдувањето, заштитата на потрошувачите и корисниците на јавната услуга, како и зголемувањето на ефикасноста во нивното работе- ње и 4. решенија со кои одлучува за други прашања од својата надлежност и за прашања за своето внатрешно работење. (2) Во постапката за донесување на одлуки и решенија, Регулаторната комисија за енер- гетика соодветно го применува Законот за општата управна постапка, доколку со овој за- кон не е поинаку уредено. (3) Правилниците, правилата, одлуките и решенијата на Регулаторната комисија за енергетика се целосно образложени, оправдани и засновани на објективни и транспарен- тни критериуми и при нивното донесување не можат да бидат предмет на вето или на ре- визија од друг државен орган. (4) Актите од ставот (1) точки 1 и 2 на овој член, се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енер- гетика, а актите од ставот (1) точки 3 и 4 на овој член се објавуваат на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика. (5) Против одлуките и решенијата на Регулаторната комисија за енергетика од ставот (1) на овој член, засегнатите вршители на енергетски дејности и од другите засегнати страни можат да поведат управен спор пред надлежен суд. Поведувањето на управен спор не го одлага извршувањето на одлуките и решенијата од ставот (1) на овој член. Начин на работа и одлучување Член 68 (1) Регулаторната комисија за енергетика одлучува на седници. (2) Седниците на Регулаторната комисија за енергетика се јавни. (3) Во случаите кога на седницата на Регулаторната комисија за енергетика има потреба од изнесување на доверливи информации и деловни тајни, Регулаторната комисија за енергетика може да одлучи седницата да биде затворена за јавност. (4) Регулаторната комисија за енергетика, по правило, одлучува со мнозинство на гла- сови од вкупниот број на членови. (5) Начинот на гласање и донесување на одлуки подетално се уредува со Статутот на Регулаторната комисија за енергетика. 92 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Секој член на Регулаторната комисија за енергетика има право писмено да ги об- разложи причините за своето гласање при одлучувањето и да побара образложението да биде објавено на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика. Јавност во работата Член 69 (1) Учеството на заинтересираните страни и јавноста во постапката за одлучување на Регулаторната комисија за енергетика се остварува преку присуство на подготвителни седници и на друг начин во согласност со одредбите од овој закон, статутот и деловникот за работа на Регулаторната комисија за енергетика. (2) Регулаторната комисија за енергетика е должна да ги повика на подготвителна сед- ница заинтересираните страни, особено во постапките за донесување на: 1. прописи за формирање на цени за регулирани енергетски дејности и прописи за фор- мирање на тарифи за услуги во врска со вршење на регулираните енергетски дејности; 2. правила, како и одобрување на правила изготвени од страна на носителите на ли- ценци; 3. тарифни системи за електрична енергија, гас и топлинска енергија; 4. одлуки за цени и тарифи за одделни видови енергија, во согласност со прописите за формирање на цени и тарифните системи за одделни видови енергија и услуги поврзани со вршењето на одделни регулирани енергетски дејности; 5. одлуки за издавање, менување, продолжување, пренесување, суспендирање, одзема- ње и престанување на лиценци за вршење енергетски дејности. (3) Поканите и материјалите од ставот (2) точки 1, 2 и 3 на овој член, Регулаторната ко- мисија за енергетика најмалку 14 дена пред одржување на подготвителна седница, ги дос- тавува до заинтересираните страни, а материјалите ги објавува на својата веб-страница. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член, во случаи определени со деловникот за рабо- та на Регулаторната комисија за енергетика, рокот може да биде и покус, но не покус од три работни дена. (5) По исклучок од одредбите на ставовите (2) и (3) на овој член, во случај на прогласе- на криза, вонредна или воена состојба, Регулаторната комисија за енергетика може да од- ржува подготвителни седници во постапка и рокови определени со деловникот за работа на Регулаторната комисија за енергетика. (6) Регулаторната комисија за енергетика ги објавува предлозите на актите од ставот (2) точки 1, 2, 3 и 4 на овој член, што се во постапка на донесување или одобрување на своја- та веб-страница, вклучително и образложенијата и проценките за последиците од нивното донесување, односно одобрувањето на тие акти, сумираните резултати од јавната рас- права, како и сублимирани записници од одржаните седници. (7) Со деловникот за работа на Регулаторната комисија за енергетика поблиску се уре- дуваат и: 1. постапката и начинот на организирање на подготвителните седници од ставот (1) на овој член, како и другите начини за учество на заинтересираните субјекти и јавноста во постапката за одлучување; 2. постапката, начинот и роковите за објавување на документите од ставот (5) на овој член и 3. начинот и постапката за објавување на информации од јавен карактер за својата ра- бота и донесените акти. 93 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Ангажирање надворешни стручни лица Член 70 (1) Регулаторната комисија за енергетика може да ангажира надворешни стручни лица заради обезбедување на стручна помош и експертиза во остварувањето на своите надлеж- ности и активности, при што ангажирањето се врши во согласност со Законот за јавните набавки(*). (2) Носители на лиценци за вршење енергетски дејности или лица кои согласно Законот за трговските друштва имаат влијание врз носителите на лиценци, како и нивните врабо- тени не смеат да бидат ангажирани како надворешни стручни лица од ставот (1) на овој член, од страна на Регулаторната комисија за енергетика. (3) За одделно прашање од надлежност на Регулаторната комисија за енергетика кое се однесува на права и обврски на носител на лиценца за вршење на енергетска дејност не може да биде ангажирано надворешно стручно лице кое за истото прашање давало или да- ва стручна помош или експертиза на носителот на лиценцата. Финансирање Член 71 (1) Со начинот на финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика се обезбедуваат кадровски, технички и финансиски средства потребни за нејзиното ефи- касно и навремено остварување на надлежноста утврдени со овој и друг закон. (2) Работењето на Регулаторната комисија за енергетика се финансира од сопствени из- вори на средства обезбедени преку: 1. наплата на надоместок за издавање, менување, продолжување и пренесување на ли- ценци за вршење на енергетски дејности, односно за упис во регистарот на странски лица коишто можат да вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија; 2. надоместоци од постапката за утврдување на тарифи за водни услуги, односно регу- латорна тарифа за водни услуги; 3. надоместоци од постапката за утврдување тарифи за отпад, односно регулаторна та- рифа за отпад; 4. наплата на годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење енергетски деј- ности и странските друштва коишто вршат енергетска дејност во Република Северна Ма- кедонија; 5. посебен годишен надоместок утврден како процент на зафаќање од годишниот при- ход на давателите на водни услуги, остварен од давањето на водните услуги и 6. посебен годишен надоместок кој го плаќаат давателите на услуга утврден како про- цент на зафаќање од годишниот приход на давателите на услуга остварен од давањето на услугите за управување со комунален отпад. (3) За едно лице, кое е носител на една или повеќе лиценци за вршење на енергетски дејности, годишниот надоместок му се наплаќа од вкупниот приход остварен по основ на вршење на енергетските дејности. (4) Доколку едно лице врши енергетска и неенергетска дејност, годишниот надоместок му се наплаќа за енергетските дејности, вршење на водни услуги или управување со кому- нален отпад соодветно на дејноста која ја врши, а се утврдува од сметководствената доку- ментација која е составен дел од годишната сметка и од која може да се утврди структура- та на приходи по дејности. 94 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Регулаторната комисија за енергетика секоја година, најдоцна до 31 октомври, до Собранието поднесува за усвојување предлог финансиски план за следната календарска година. Во предлог финансискиот план се содржани сите планирани приходи и расходи на Регулаторната комисија за енергетика, вклучувајќи ги и платите на членовите и на врабо- тените во Регулаторната комисија за енергетика. (6) Собранието го усвојува предлог финансискиот план и со одлука го утврдува процен- тот на зафаќање од вкупниот годишен приход: 1. којшто не може да биде повисок од 0,1% за носителите на лиценци за вршење на енергетска дејност и од странските друштва коишто вршат енергетска дејност во Републи- ка Северна Македонија и 2. којшто не може да биде повисок од 0,1% за давателите на водни услуги и услугите за управување со комунален отпад остварен од давањето на водните услуги односно услуги за управување со комунален отпад, пресметан според податоци од Централниот регистар на Република Северна Македонија или утврден согласно членот 5 од овој закон, остварен во годината којашто и претходи на годината во која се доставува предлог финансискиот план. (7) Правните лица од ставот (6) на овој член, го уплаќаат годишниот надоместок на сметката на Регулаторната комисија за енергетика на две еднакви рати и тоа првата рата најдоцна до 31 мај, а втората рата најдоцна до 30 септември, во годината за која се однесу- ва финансискиот план од ставот (5) на овој член. (8) Заради остварување на целите од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика самостојно одлучува за употреба на финансиските средства определени во фи- нансискиот план. (9) Ако Собранието не го усвои финансискиот план најдоцна до 31 декември во година- та во која се доставува, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за времено финансирање, односно за користење на средства месечно најмногу до една третина од вкупните извршени расходи во првиот квартал од претходната година најдоцна до 31 март, имајќи ги предвид готовинските текови. Ако Собранието не го усвои финансискиот план до 31 март во тековната година, Регулаторната комисија за енергетика донесува од- лука за продолжување на одлуката за времено финансирање која се применува до усвоју- вање на финансискиот план. (10) Ако во една календарска година остварените приходи на Регулаторната комисија за енергетика се поголеми од реализираните расходи, разликата се пренесува за користење во наредната година и за истиот износ се намалуваат планираните приходи во следниот предлог финансиски план. (11) Регулаторната комисија за енергетика може да донесе одлука за пренамена на сред- ствата по расходни ставки во рамките на вкупно одобрените средства со финансискиот план ако расходите што се предмет на промени не можеле да бидат предвидени при изра- ботување на предлог-финансискиот план, што мора да биде образложено во одлуката и промената на ставката да не е поголема од 25% од износот на ставката во одобрениот фи- нансиски план. Годишен извештај Член 72 (1) Секоја година, најдоцна до 30 април, Регулаторната комисија за енергетика до Соб- ранието доставува годишен извештај за својата работа во претходната година. Годишниот извештај содржи информации за активностите во врска со остварување на надлежноста во согласност со овој и друг закон и за материјално-финансиското работење на Регулаторна- та комисија за енергетика. 95 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Составен дел на годишниот извештај од ставот (1) на овој член, е извештајот за сос- тојбите и функционирањето на пазарите на енергија од член 55 став (4) од овој закон. (3) Регулаторната комисија за енергетика, годишниот извештај од ставот (1) на овој член: 1. го објавува на својата веб-страница, заедно со резимето од годишниот извештај; 2. во рок од 30 дена од објавувањето го доставува до ECRB и Секретаријатот на енер- гетската заедница и 3. го доставува до Владата и Министерството заради информирање. (4) На барање на Владата или министерот, Регулаторната комисија за енергетика навре- мено доставува и други извештаи и информации од делокругот на својата работа што се од значење за извршување на работите на Владата и Министерството, уредени со овој за- кон. Постапување по приговори и разрешување на спорови Член 73 (1) Регулаторната комисија одлучува по приговорите поднесени од: 1. корисниците на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, гас, су- рова нафта и нафтени деривати и топлинска енергија против актите на соодветните опера- тори со кои се одбива пристапот или приклучувањето на соодветниот систем, а во однос на топлинската енергија и против актите на соодветниот оператор со кои се одбива барање за исклучување, како и против актите со кои се утврдува износот на надоместокот и дру- гите услови за приклучувањето, а во однос на топлинската енергија и против актите со кои се утврдува износот на надоместокот и другите услови за исклучувањето; 2. потрошувачите против снабдувачите кои имаат обврска за обезбедување на јавна или универзална услуга, како и против снабдувачите во краен случај во врска со: 2.1. квалитетот на услугата во снабдувањето; 2.2. ограничувањето или оневозможувањето на правото за промена на снабдувач; 2.3. пресметката на потрошената енергија и износот на сметката; 3. потрошувачите, активните потрошувачи и потрошувачите здружени преку агрегатор против снабдувачите, операторот на електропреносниот и електродистрибутивниот сис- тем и операторот на пазарот на електрична енергија во случаите од член 180 став (4), член 181 став (1) и член 182 став (6) од овој закон; 4. вршителите на енергетските дејности и потрошувачите против поединечен акт на операторот на соодветниот пазар на енергија со кој се одбива барањето за упис во соод- ветниот регистар или се одлучува за правата и обврските коишто произлегуваат од учес- твото на соодветниот пазар; 5. потрошувачите против пресметаниот надоместок од член 176 став (6) од овој закон. (2) Регулаторната комисија за енергетика одлучува по приговор од ставот (1) од овој член, само во случај кога подносителот на приговорот ги искористил сите средства за ос- тварување на своето право низ постапките воспоставени од вршителот на енергетската дејност од ставот (1) на овој член. По доставениот приговор Регулаторната комисија за енергетика одлучува во рок од два месеца од приемот на приговорот, а доколку се потреб- ни дополнителни информации, рокот за одлучување може да се продолжи за уште два месеца. (3) Во постапката за одлучување во случаите од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика соодветно го применува Законот за општата управна постапка, ос- вен ако со правилата од ставот (8) на овој член, не се предвидени поинакви рокови и по- стапки. 96 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Одлуките донесени во постапките од ставот (1) на овој член, се конечни и против нив може да се поведе управен спор пред надлежен суд. Поведувањето на управен спор против одлука на Регулаторната комисија донесена во постапка за одлучување по приго- вор не го одлага извршувањето на одлуката. (5) Регулаторната комисија за енергетика одлучува во постапка за разрешување на спо- рови настанати од извршување на договорите помеѓу вршители на нерегулирани енергет- ски дејности, како и помеѓу вршители на нерегулирани енергетски дејности и потрошува- чите кои учествуваат на пазарите на енергија на големо, кога за тоа се договориле дого- ворните страни. (6) Секоја страна во спорот од ставот (5) на овој член, може, пред донесувањето на од- луката на Регулаторната комисија за енергетика, да се откаже од постапката и да побара спорот да се решава на друг начин. (7) Одлуките донесени во постапките од ставот (5) на овој член, се сметаат за правос- илни. (8) Регулаторната комисија за енергетика донесува правила за постапување по пригово- ри и за разрешување на спорови со кои се уредува постапката, износот и начинот на пок- ривање на трошоците во постапката. (9) Со правилата од ставот (8) на овој член, се утврдуваат поедноставени постапки за одлучување по приговорите доставени од ранливите потрошувачи. ПЕТТИ ДЕЛ ЛИЦЕНЦИ Општи одредби Член 74 (1) Забрането е вршење енергетска дејност од членот 4 од овој закон, без лиценца изда- дена од Регулаторната комисија за енергетика. (2) За издавање на лиценцата од ставот (1) на овој член, мора да бидат исполнети усло- вите во однос на технички и финансиски квалификации и непостоење на правни пречки за вршење на дејност. (3) По исклучок нa ставот (1) на овој член лиценца не е потребна за: 1. производство на електрична или топлинска енергија наменето за сопствена потрошу- вачка на лицето кое го врши производството, под услов производствената постројка да не биде приклучена на соодветниот енергетски систем; 2. производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија од обновливи изво- ри на енергија на потрошувачи во станбени и станбено-деловни објекти кои не се приклу- чени на систем за дистрибуција на топлинска енергија; 3. производство на електрична енергија од обновливи извори од една или повеќе елек- троцентрали наменето за сопствена потрошувачка на лицето кое го врши производството, под услов производствената постројка да не биде приклучена на соодветниот енергетски систем; 4. производство на електрична енергија од обновливи извори наменето за сопствена потрошувачка, при што вишокот на произведената енергија се предава во електродистри- бутивна мрежа под услови и на начин определени во прописите со кои се уредуваат об- новливите извори на енергија; 97 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 5. складирање на електрична енергија кога складиштето се користи исклучиво за соп- ствени потреби или е составен дел на електроцентралата која ги исполнува условите од членот 130 став (4) од овој закон или е целосно интегрирана мрежна компонента на елек- тропреносната или електродистрибутивната мрежа; 6. пренос и дистрибуција на електрична енергија или гас преку директни водови; 7. трговија на мало со нафтени деривати и горива за транспорт; 8. трговија со течен нафтен гас во садови под притисок помали од 2 kg; 9. дејности што ги вршат странски лица од член 75 од овој закон. (4) Во случајот од ставот (3) точка 3 на овој член, производителот е должен да достави известување до Регулаторната комисија за енергетика дека изградената електроцентрала не е приклучена на електродистрибутивната мрежа. (5) Лиценцата се издава за период од три до 35 години во зависност од видот на енер- гетската дејност, видот и обемот на обврската за обезбедување јавна услуга во вршењето на енергетската дејност, обемот на средствата потребни за извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за користење на соодветниот енергетски ресурс, како и од барањето доставено од вршителот на енергетска дејност. (6) Лиценцата престанува да важи: 1. по истекот на периодот за кој е издадена; 2. со одземање во согласност со овој закон; 3. ако дејноста за која е издадена лиценцата престанала да биде енергетска дејност; 4. со престанок на правното лице кое е носител на лиценцата освен во случаите од член 79 став (2) точки 4, 5 и 6 од овој закон или 5. по барање на носителот на лиценцата. (7) На едно лице може да му се издаде една лиценца за вршење на две или повеќе енер- гетски дејности во следниве случаи: 1. производство на електрична и топлинска енергија во постројки за комбинирано про- изводство на електрична и топлинска енергија и 2. производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија добиена од геотер- мални извори. (8) На исто лице на негово барање може да му се издадат повеќе лиценци за вршење на иста енергетска дејност кога дејноста ја врши преку енергетски објекти кои претставува- ат засебна техничко-технолошка целина, а тоа да не влијае на одредбите за сопственичко раздвојување и сертифицирање на соодветниот оператор на системот за пренос или дис- трибуција. (9) На едно лице може да му се издадат една или повеќе лиценци за вршење на нерегу- лирани енергетски дејности. (10) На носителот на лиценца за вршење на дејноста организирање и управување со па- зарот на електрична енергија му се издава и лиценца за вршење на дејноста управување со организиран пазар на електрична енергија. (11) Лиценца за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија му се издава и на правно лице регистрирано во регистарот на други правни лица во Република Северна Македонија, кое произведува електрична енергија од обновливи извори доколку вршењето на енергетската дејност не е забранета со друг закон и доколку вкупната инста- лирана моќност не ја надминува инсталираната моќност од 1 МW. (12) Носителот на лиценца е должен до Регулаторната комисија за енергетика да доста- вува годишен извештај за својата работа и за исполнување на обврските утврдени во ли- ценцата за вршење на енергетската дејност. 98 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (13) За издавање, менување, продолжување и пренесување на лиценците за вршење на енергетски дејности, како и за издавање на лиценци за пробна работа, Регулаторната комисија за енергетика наплаќа надоместок во согласност со правилникот за лиценци, освен кога мену- вањето на лиценцата се врши по службена должност. (14) За издавање на лиценца за вршење на енергетските дејности трговија и снабдување со електрична енергија, друштвото задолжително треба да приложи доказ дека на сметка поседува 100.000 евра во денарска противвредност или доказ дека има основни средства во вредност од 100.000 евра во денарска противвредност. Странски лица Член 75 (1) Подружница на странско лице организирана во Република Северна Македонија на чиј основач му е издадена лиценца или друг соодветен документ за вршење на трговија или снабдување со електрична енергија или гас или e НEMO, во држава којашто е дого- ворна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија, може, со примена на начелото на реципроцитет, да ги врши овие дејности во Република Северна Македонија откако ќе му биде издадено решение за упис во регистарот на странски лица коишто можат да вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија. (2) Регулаторната комисија за енергетика го воспоставува и води регистарот од ставот (1) на овој член. (3) Регулаторната комисија за енергетика го врши уписот во регистарот од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за упис. (4) Во постапката за упис во регистарот од ставот (1) на овој член, Регулаторната коми- сија за енергетика соработува со надлежниот орган од договорната страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија што ја издал лиценцата за која се бара упис во регистарот, како и со надлежните органи од други држави во кои странското лице ги врши енергетските дејности. (5) Решението за упис во регистарот од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика го доставува до соодветниот оператор на системот за пренос на електрична енергија, односно гас, како и до соодветниот оператор на пазарот на електрична енергија, односно гас, а ако решението се однесува за упис на НEMO и до Владата. Правилник за лиценци Член 76 (1) Регулаторната комисија за енергетика донесува правилник за лиценци со кој поб- лиску се пропишуваат: 1. условите, начинот и постапката за издавање, менување, продолжување, пренесување, суспендирање, одземање или престанување на важење на лиценците за вршење на енер- гетски дејности и лиценци за пробна работа издадени за работа на енергетскиот објект, ка- ко и роковите за преземање на одделни дејствија во соодветната постапка; 2. постапката за уписот во регистарот на странски лица кои можат да вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија како и за суспендирање и престанување на ре- шението за упис во регистарот; 3. времетраењето на лиценцата и лиценцата за пробна работа; 4. обрасците и потребната документација што се поднесуваат во постапката за изда- вање, менување, продолжување, пренесување, суспендирање или одземање на лиценцата и лиценцата за пробна работа, како и обрасците и потребната документација што се приме- нуваат во постапката за уписот во регистарот на странски лица кои можат да вршат енер- гетска дејност во Република Северна Македонија; 99 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 5. содржината на лиценцата и лиценцата за пробна работа, како и на решението за упис во регистарот на странски лица кои можат да вршат енергетска дејност во Република Се- верна Македонија; 6. начинот на водење на евиденцијата за издадени лиценци и објавувањето на подато- ците од евиденцијата; 7. износот на надоместокот за постапката за издавање, менување, продолжување и пре- несување на лиценцата, како и за постапката за упис во регистарот на странски лица кои можат да вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија и 8.следењето на исполнувањето на обврските содржани во лиценцата и другите обврски што произлегуваат од овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој за- кон. (2) Во правилникот од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика пропишува поедноставени услови, начин, постапка и покуси рокови за издавање, мену- вање, продолжување, пренесување, суспендирање, одземање или престанок на важење на лиценците за вршење на енергетски дејности чие што вршење не е поврзано со приклучу- вање на преносни или дистрибутивни системи. (3) Во правилникот од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија пропишува по- едноставени услови и докази за исполнување на условите, пониски надоместоци и тро- шоци, како и покуси рокови за издавање, менување, продолжување, пренесување, суспен- дирање, одземање или престанок на важење на лиценците за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија од обновливи извори или лиценца за производство на водород од обновливи извори на енергија и биометан и за складирање на електрична енергија од обновливи извори. Лиценца за пробна работа Член 77 (1) По барање на инвеститорот, Регулаторната комисија за енергетика, во рок од 15 де- на од денот на приемот на барањето, му издава лиценца за пробна работа за изградениот енергетски објект за кој сè уште не е издадено одобрение за употреба на енергетскиот об- јект или не е издаден извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер за об- јектите за коишто не е потребно издавање на одобрение за употреба и преку кој треба да ја врши дејноста, исклучиво ако е тоа потребно заради тестирање на техничките перформан- си на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен. (2) Начинот, условите и постапката за пробно приклучување на соодветната преносна, односно дистрибутивна мрежа, како и работењето на енергетските објекти со лиценца за пробна работа се уредуваат со соодветните мрежни правила. (3) Лиценца за пробна работа се издава само еднаш со важност до девет месеци, со можност за нејзино продолжување под услови, на начин и во постапка утврдени со пра- вилникот за лиценци, без плаќање на надоместок. (4) Носителот на лиценцата за пробна работа, за времетраењето на лиценцата ги има си- те права и обврски во однос на работењето на објектот, како да е носител на лиценца, ос- вен ако поинаку не е уредено со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Издавање на лиценца Член 78 (1) По спроведувањето на постапката во согласност со правилникот за лиценци во која се утврдува исполнување на условите од член 74 став (2) од овој закон, Регулаторната ко- мисија за енергетика издава лиценца за вршење на енергетска дејност. 100 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Регулаторната комисија за енергетика издава лиценца откако носителот на лиценца за пробна работа, достави одобрение за употреба на енергетскиот објект или извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер за објектите за коишто не е потребно издавање на одобрение за употреба или решение за ставање во употреба на опремата ко- јашто е вградена во постоечки градежен објект изграден во согласност со овој закон и про- писите донесени врз основа на овој закон. Пренос на лиценца Член 79 (1) Лиценцата не може да се пренесе на друго лице. (2) По исклучок од ставoт (1) на овој член, лиценцата може да се пренесе на друго лице во случај: 1. кога енергетската дејност за која е издадена лиценцата се врши врз основа на конце- сија за користење на природно добро или врз основа на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на енергетски објект каде е извршена промена на концесионерот, односно приватниот партнер во согласност со закон; 2. кога постројката за производство на електрична или топлинска енергија е во состав на неенергетски објект и не може да биде одвоена од него, а неенергетскиот објект го про- менил сопственикот; 3. кога носителот на лиценцата кој врши дејност производство на електрична енергија од обновливи извори преку една или повеќе електроцентрали изврши пренос на сопстве- носта на електроцентралата за чиешто работење е издадена лиценцата на друго лице кое ги исполнува условите за издавање на лиценцата; 4. кога се формира ново друштво при спроведување на постапка за правно раздвојува- ње на вертикално интегрирано друштво во согласност со овој закон; 5. на статусна промена, при што лиценцата се пренесува на новооснованото друштво односно на друштвото коешто продолжува со вршење на енергетската дејност за која е из- дадена лиценцата или 6. на отворање на стечајна постапка со реорганизација на лицето на кое му е издадена лиценцата, а која се спроведува според одобрен план за реорганизација на вршителот на дејноста. Промена на лиценцата Член 80 (1) Носителот на лиценцата е должен да започне постапка за промена на лиценцата ако настане промена во начинот на вршење на дејноста или промена во бројот на енергетски објекти преку кои ја врши дејноста или промена на функционалните и/или техничко-тех- нолошките карактеристики на постојниот енергетски објект ако промената не е во спро- тивност со овој или друг закон. (2) Регулаторната комисија за енергетика поведува постапка за менување на лиценцата по службена должност во рок од 30 дена од настанувањето на промената на законите и другите прописи или правила со кои се уредува вршењето на енергетската дејност за која е издадена лиценцата, како и кога на носителот на лиценцата му е наметната обврска за обезбедување на јавна услуга. 101 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Продолжување на лиценцата Член 81 (1) Времетраењето на лиценцата може да се продолжи на барање на носителот на ли- ценцата што се доставува до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна 60 дена пред истекот на важноста на лиценцата, на начин и постапка утврдени во Правлникот за ли- ценци од членот 76 од овој закон. (2) Носителот на лиценцата кој врши регулирана енергетска дејност е должен една го- дина пред истекот на важењето на лиценцата да ја извести Регулаторната комисија за енергетика за намерата да бара продолжување на лиценцата. Непрекинатост на услугата Член 82 Носителот на лиценца не може да престане да ја исполнува обврската за вршење на јав- ната услуга, односно универзалната услуга кон поединечни корисници на услугата, освен во случај кога корисникот: 1. не ги исполнува своите обврски утврдени со овој закон, други прописи или правила, како и обврските од договорите за користење на соодветните системи и/или договорите за снабдување со енергија или 2. со начинот на користење на услугата може да предизвика загрозување на животот и здравјето на луѓето, животната средина и/или имотот или го попречува обезбедувањето на услугата за други корисници. Дозволени прекини Член 83 (1) Носителот на лиценца кој врши регулирана енергетска дејност или има обврска за обезбедување на јавна или универзална услуга не може без претходно одобрување од Ре- гулаторната комисија за енергетика привремено да прекине со вршењето на енергетската дејност за која е издадена лиценцата. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, носителот на лиценца кој врши регулирана енергетска дејност може привремено да прекине со вршењето на дејноста без претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, ако со вршењето на дејноста може да настане или настанала опасност по животот и здравјето на луѓето, животната средина и/или имотот или опасност по функционирање на енергетските објекти или системи, или ако дејноста не може да се извршува поради виша сила. (3) Во случај кога вршителот на регулирана енергетска дејност треба делумно да преки- не со вршење на соодветната енергетска дејност заради одржување, надградба или изград- ба на мрежите и/или постројките за пренос и дистрибуција, прекинот се спроведува во согласност со соодветните мрежни правила. Суспендирање на лиценца Член 84 (1) Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за суспендирање на ли- ценцата: 102 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. ако на носителот на лиценцата од страна на надлежен прекршочен орган или од стра- на на надлежен суд му е изречена забрана за вршење на дејност за определен временски период или 2. кога е започната постапка согласно членот 57 став (3) точка 2 од овој закон. (2) Одлуката од ставот (1) точка 1 на овој член, Регулаторната комисија за енергетика ја донесува веднаш по приемот на известувањето за изречена забрана од надлежниот орган. (3) Во случај кога Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за суспенди- рање на лиценцата, носителот на лиценцата не смее да ја врши дејноста за која е издадена лиценцата во период додека трае суспензијата, освен да ги презема мерките неопходни за обезбедување на потребното ниво на јавна или универзална услуга во периодот за кој е суспендирана лиценцата наведена во одлуката. (4) Суспендирањето на лиценцата не може да трае подолго од периодот на забрана за вршење на енергетска дејност изречена од надлежниот орган. (5) Заради обезбедување на сигурност во снабдувањето и непрекинато функционирање на енергетскиот систем, Владата, по барање на Регулаторната комисија за енергетика, до- несува одлука со која на друг вршител на енергетска дејност му се наметнува обврска за обезбедување на јавна или универзална услуга за период за кој на носителот на суспенди- раната лиценца му е изречена мерката забрана за вршење на дејноста. Одземање на лиценца Член 85 (1) Лиценцата може да се одземе ако носителот на лиценцата: 1. не започне со вршење на регулирана енергетска дејност или обезбедување јавна, од- носно универзална услуга за која е издадена лиценцата во рокот определен со лиценцата; 2. не ја врши дејноста за која е издадена лиценцата на начин и под услови пропишани со овој и друг закон, како и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон; 3. во своето работење не се придржува кон одлуките и/или не ги извршува поединечни- те акти донесени од Регулаторната комисија за енергетика; 4. во определен рок не постапи по барањето на надлежните инспекциски и други орга- ни кои согласно закон имаат право да бараат отстранување на недостатоците во работење- то кои довеле или би можеле да доведат до престанување на обезбедувањето на услугата на начин пропишан со закон, или до намалување на квалитетот, континуитетот, доверли- воста или сигурноста во обезбедувањето на услугата; 5. не доставува податоци барани од надлежен орган со кои овозможува сигурна и без- бедна работа на енергетскиот сектор и негов развој или 6. престанал да ги исполнува условите за вршење на енергетската дејност за која е изда- дена лиценцата. (2) Во рок од осум дена од дознавањето за постоење на некоја од причините од ставот (1) на овој член, освен во случајот од ставoт (1) точка 4 на овој член, Регулаторната коми- сија за енергетика писмено го известува носителот на лиценцата за постоење на причини за започнување на постапката за одземање на лиценцата и го задолжува да се произнесе во врска со причините за одземање на лиценцата во рок од седум дена од добивањето на из- вестувањето. (3) По истекот на рокот од ставот (2) од овој член, односно од ставот (1) точка 4 на овој член, Регулаторната комисија за енергетика, земајќи го предвид образложението на носи- телот на лиценцата, може да донесе одлука за започнување на постапката за одземање на лиценцата која ја објавува на својата веб-страница. 103 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Во одлуката од ставот (3) на овој член, се утврдуваат постапките, мерките и актив- ностите кои носителот на лиценцата е должен да ги преземе заради отстранување на при- чините поради кои е започната постапката, поединечните рокови за нивно исполнување, како и крајниот рок за отстранување на причините, што не може да биде подолг од шест месеци од денот на донесувањето на одлуката. (5) Ако по истекот на рокот од ставот (2) на овој член, носителот на лиценцата не дос- тави образложение за причините за одземање на лиценцата или ако не ги исполни об- врските во рокот определен со одлуката од ставот (4) на овој член, Регулаторната комиси- ја за енергетика донесува одлука за одземање на лиценцата. Престанок на лиценца Член 86 (1) Лиценцата престанува да важи со истек на период за којшто е издадена или со одлу- ка на Регулаторната комисија за енергетика во следниве случаи: 1. по барање на носителот на лиценцата; 2. со одземање на лиценцата заради настанување на случаите од членот 85 став (1) од овој закон; 3. кога е донесена одлука на надлежен орган со која на носителот му е изречена трајна забрана за вршење на дејност или 4. ако кон носителот на лиценцата е спроведена стечајна постапка, освен во случајот од членот 79 став (2) точка 6 од овој закон, односно постапка за ликвидација. (2) Ако носителот на лиценца којшто има обврска за обезбедување на јавна или универ- зална услуга побарал од Регулаторната комисија за енергетика да му престане лиценцата, или ако лиценцата е одземена согласно со членот 84 од овој закон, за одлуката со која престанува или со која се одзема лиценцата, Регулаторната комисија за енергетика веднаш ја известува Владата и во соработка со Министерството предлага неопходни мерки за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга. (3) Во случаите од ставот (1) на овој член Владата, на предлог на Министерството и Ре- гулаторната комисија за енергетика во рок не подолг од 90 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката за престанување, односно одземањето на лиценцата, во согласност со одредбите од овој закон спроведува постапка за избор на вршител на енергетска дејност којшто ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга. (4) Во лиценцата на вршителот на енергетската дејност којшто е избран во согласност со ставот (2) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика ги наведува обемот и сод- ржината на јавната, односно универзалната услуга, подрачјето на кое се обезбедува услу- гата, како и времетраењето и неопходниот квалитет на услугата при исполнување на об- врската за јавна односно универзална услуга. (5) До завршувањето на постапката за избор од ставот (2) на овој член, вршителот на енергетската дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, е должен да постапува во согласност со мерките од ставот (1) на овој член и да продолжи со обезбедувањето на јавната, односно универзалната услуга, како и да остварува приход со примена на важечките цени и тарифи. 104 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година ШЕСТИ ДЕЛ ИЗГРАДБА НА НОВИ ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ Годишен план за изградба на енергетски објекти Член 87 (1) Владата на предлог на Министерството, донесува Годишен план за изградба на енергетски објекти за производство на електрична и топлинска енергија и складирање на електрична енергија ( во натамошниот текст: Годишeн план за изградба на енергетски об- јекти). (2) Годишниот план за изградба на енергетски објекти се подготвува во согласност со Стратегијата, Интегрираниот национален план за енергија и клима, Акцискиот план и Оп- штинските енергетски планови и треба да придонесе за: 1. забрзување на развојот на обновливи извори на енергија и остварување на енергет- ските цели и целите за заштита на биодиверзитетот; 2. приоритизирање и забрзување на процесот на просторно планирање кое ќе интегрира изградба на енергетски капацитети со минимално негативно влијание врз здравјето и без- бедноста на луѓето и врз животната средина; 3. вклучување на поголем број засегнати страни во развивање на проекти за искористу- вање на обновливи извори на енергија; 4. зачувување на природните живеалишта и заштитени подрачја; 5. поттикнување на заштитата на земјоделското земјиште кое ќе биде усогласено со развивањето на проекти за обновливи извори на енергија; 6. споделување на конкретните придобивки од проектите за искористување на обновли- ви извори на енергија и 7. поттикнување децентрализација во производството на енергија. (3) Годишниот план за изградба на енергетски објекти за наредната година Владата го донесува до 31 декември во тековната година. Годишниот план за изградба на енергетски објекти содржи и проекција за реализација на проекти за следните две години, со посебен осврт на првата година. (4) На барање на Министерството најдоцна до 1 ноември во тековната година, за потре- бите за изработка на Годишниот план за изградба на енергетски објекти, податоци доста- вуваат: Регулаторната комисија за енергетика, министерството надлежно за вршење на ра- ботите од областа на земјоделството, министерството надлежно за вршење на работите од областа на градежништвото и уредување на просторот, министерството надлежно за врше- ње на работите од областа на животната средина, Агенцијата за катастар на недвижности, операторот на електропреносниот систем, операторот на електродистрибутивниот систем, производителите на електрична енергија во државна и приватна сопственост и Заедницата на единиците на локалната самоуправа. (5) Заинтересиран инвеститор до 1 јуни во тековната година може до Министерството да достави иницијатива за вклучување на енергетски објект во Годишниот план за изград- ба на енергетски објекти за наредната година. (6) По исклучок на ставот (5) на овој член Владата на предлог на Министерството, кој мора да е образложен, во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за наредната година, може да ги вклучи и иницијативите доставени до 1 октомври во тековната година, кои се однесуваат на изградба на енергетски објекти за технологии на производство за кои не се постигнати целите од Стратегијата и Интегрираниот национален план за енер- гија и клима. 105 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (7) Годишниот план за изградба на енергетски објекти особено содржи податоци за технологиите за производство на електрична енергија и вкупната инсталирана моќност, расположливиот капацитет на преносните и дистрибутивните мрежи, начинот на приклу- чување на мрежите, влијанието врз мрежите за стационарни режими, по региони и на ни- во на Република Северна Македонија, за коишто ќе може да се започне постапка за из- градба на енергетски објекти во годината за која се однесува планот, постапките за јавно- приватно партнерство, постапките за доделување на концесија и постапките кои се спро- ведуваат со посебен закон со кој се уредува реализацијата на инвестицијата за нејзината изградба. Составен дел на годишниот план е извештајот за реализација на планот за прет- ходната година и резултатите од пресметките кои електропреносниот и електродистрибу- тивниот систем оператор ги изработуваат согласно член 99 став (4) од овој закон. (8) Годишниот план за изградба на енергетски објекти опфаќа енергетски објекти со инсталирана моќност еднаква и поголема од 1МW, како и енергетските објекти од членот 16 ставови (3) и (4) од овој закон. (9) Министерот со правилник ги пропишува: 1. формата, содржината и начинот на поднесување на иницијативата за вклучување на изградбата на енергетски објект во годишниот план за изградба на енергетски објекти; 2. формата и содржината на годишниот план и на извештајот за реализација на годиш- ниот план за претходната година; 3. податоци потребни за изработка на годишниот план, начинот и роковите за нивно доставување од институциите од ставот (4) на овој член; 4. потребната документација за изготвување на Годишниот план за изградба на енер- гетски објекти и документација која ја доставува инвеститорот; 5.начинот за оценување на соодветноста на податоците доставени од инвеститорите за- интересирани за инвестирање во енергетски објекти; 6. начинот на распределба на потребни трошоци за инвестиции за зајакнување на мре- жите за секоја поединечна инвестиција прифатена во Годишниот план за изградба на енер- гетски објекти; 7. начинот на изработка на приклучни точки како и правата и обврските на засегнатите страни за секоја поединечна инвестиција прифатена во Годишниот план за изградба на енергетски објекти; 8. динамиката на развој на проектите и 9. начинот на користење на јавно достапната платформа од ставот (11) на овој член и поднесување на апликации преку истата. (10) Иницијативата за вклучување во Годишниот план за изградба на енергетски објек- ти треба да е во согласност со целите дефинирани во Интегрираниот национален план за енергија и клима согласно овој закон. (11) За поднесување на апликации за иницијатива се следи правилото на прв дојден прв услужен, со поднесување на апликација по електронски пат преку јавно достапна плат- форма или Националниот портал за е-услуги согласно прописите од областа на електрон- ско управување и електронски услуги, како и од областа на електронски документи, елек- тронска идентификација и доверливи услуги. (12) Иницијативата за вклучување во Годишниот план за изградба на енергетски објек- ти се смета дека е уредна и комплетна доколку е изработенa и поднесена согласно пра- вилникот од ставот (9) на овој член и не дава предност на подносителот во однос на поста- пки за доделување на земјиште под долготраен закуп или продажба на градежно земјиште во државна сопственост или добивање на одобрение за градење согласно закон. 106 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (13) Министерството во соработка со операторот на електропреносниот систем и опе- раторот на електродистрибутивниот систем во Годишниот план за изградба на енергетски објекти определува: 1. начин на приклучување на енергетските објекти за секоја поединечна инвестиција прифатена во Годишниот план за изградба на енергетски објекти; 2. потреби од системски резерви; 3. потреба од дополнителни инвестиции во преносната мрежа и дистрибутивните мре- жи за наредните три години,со можност за ажурирање еднаш годишно, кои операторите се должни да ги вклучат во своите развојни планови; 4. следење на енергетскиот развој на општините и планските региони според развојните насоки од Интегрираниот национален план за енергија и клима и општинските енергетски планови; 5. можностите за приклучување на мрежа на основ на мрежни и пазарни анализи изра- ботени согласно членот 99 став (4) од овој закон со цел да направи проверка на текови на моќност, преоптовареност на водови и напонска состојба на мрежа за режими на работа во кои сите елементи се во погон како и за режими на единечни испади, како и висината на минималната и максималната струја на куса врска за потребите на инвеститорите; и 6. потреба за изработка на мрежни и пазарни анализи со цел да направи проверка на те- кови на моќност, преоптовареност на водови и напонска состојба на мрежа за режими на работа во кои сите елементи се во погон како и за режими на единечни испади. (14) Во Годишниот план за изградба на енергетски објекти Министерството во соработ- ка со Регулаторна комисија за енергетика одредува носители на обврската за инвестирање во зајакнување на енергетските мрежи за потребите на планот како и роковите во кои ин- вестициите треба да бидат завршени. (15) Електроцентралите кои користат варијабилен обновлив извор на енергија имаат об- врска во склоп на електроцентралата да инсталираат складиште на електрична енергија со инсталирана моќност еднаква на 20% од инсталираната моќност на електроцентралата из- разен во MW, при што за инсталирана моќност на електроцентрали кои за производство на електрична енергија користат фотонапонски панели се смета збирот од максималните моќности на сите инсталирани инвертери, a на ветерните електроцентрали збирот од максималните моќности на инсталираните генераторски единици. Капацитетот на инста- лираното складиште мора да обезбеди циклус на полнење и празнење од минимум два ча- са со максимална инсталирана моќност на складиштето. (16) Вкупната моќност која електроцентралата во чиј состав има инсталирано скла- диште на електрична енергија ја предава на системот за пренос на електрична енергија или системот за дистрибуција на електрична енергија соодветно на одобрениот приклучок на електроенергетски систем, не смее да ја надмине максималната моќност дефинирана во решението за приклучок на системот за пренос на електрична енергија или системот за дистрибуција на електрична енергија соодветно на одобрениот приклучок на електроенер- гетски систем. (17) Вкупниот инсталиран капацитет на електроцентрали кои користат варијабилни об- новливи извори на енергија и се поврзани на дистрибутивен или затворен дистрибутивен систем, не може да надминува 80% од инсталираната моќност на трансформаторите во трансформаторската станица на местото на предавање на електрична енергија помеѓу дис- трибутивниот, односно затворениот дистрибутивен систем и преносниот систем, под ус- лов вкупната активна моќност испорачана од дистрибутивниот, односно затворениот дис- трибутивен систем кон преносниот систем во трансформаторска станица да не е поголема од 10 MW. 107 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (18) Максималниот инсталиран капацитет на поединечна електроцентрала која користи варијабилни обновливи извори на енергија и која е приклучена на дистрибутивниот, од- носно затворениот дистрибутивен систем не може да ја надмине вредноста од 10 MW. (19) За потребите на процесот на изработка на Годишниот план за изградба на енергет- ски објекти, Министерството вклучува претставници од операторот на електропреносни- от систем, операторот електродистрибутивниот систем, оператор на систем за пренос на гас и оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија. Постапки за доделување овластување за изградба на електроенергетски објекти Член 88 (1) Овластување за изградба на електроенергетски објекти издава Министерството по комплетирана постапката за издавање на одобрение за градење согласно закон, кое одоб- рение станува правосилно со издавањето на овластување за изградба на електроенергетски објекти, во следниве случаи: 1. за изградба на електроенергетски објекти за производство на електрична енергија со инсталирана моќност еднаква на или поголема од 1 МW и за високоефикасни комбинира- ни постројки што произведуваат електрична и топлинска енергија, постројки за производ- ство на синтетички горива со помош на електрична енергија, постројки за производство на водород со помош на електрична енергија како и за складишта на електрична енергија, за која се спроведува постапка за доделување на земјиште во државна сопственост под дол- готраен закуп или продажба на градежно земјиште во државна сопственост; 2. за изградба на енергетски објекти за производство на електрична енергија со инста- лирана моќност еднаква на или поголема од 1 МW и за високо ефикасни комбинирани постројки што произведуваат електрична и топлинска енергија, постројки за производство на синтетички горива со помош на електрична енергија, постројки за производство на во- дород со помош на електрична енергија и складишта на електрична енергија, чијашто из- градба ќе се врши на земјиште во приватна сопственост, врз основа на претходно поднесе- но барање од инвеститор; 3. за изградба на енергетски објекти за производство на електрична енергија и за висо- ко ефикасни комбинирани постројки што произведуваат електрична и топлинска енергија, постројки за производство на синтетички горива со помош на електрична енергија, постројки за производство на водород со помош на електрична енергија и складишта на електрична енергија за кои е спроведена постапка и е доделен договор за воспоставување на јавно приватно партнерство; 4. за изградба на енергетски објекти за производство на електрична енергија, постројки за производство на синтетички горива со помош на електрична енергија, постројки за про- изводство на водород со помош на електрична енергија и складишта на електрична енер- гија за кои е спроведена постапка и е доделена концесија за добра од општ интерес и 5. за изградба на енергетски објект за производство на електрична енергија и за високо ефикасна комбинирана постројка што произведува електрична и топлинска енергија, постројки за производство на синтетички горива со помош на електрична енергија, постројки за производство на водород со помош на електрична енергија и складишта на електрична енергија за коj е донесен посебен закон со кој се уредува реализацијата на ин- вестицијата за нејзината изградба. (2) Овластувањето од ставот (1) на овој член, не е потребно за изградба на енергетски објекти за производство на електрична енергија ако: 1. инсталираната моќност на енергетскиот објект е помала од 1 МW и изградбата се врши на земјиште во приватна сопственост; 108 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. произведената енергија од енергетскиот објект се користи исклучиво за потребите на инвеститорот или 3. со изградбата се врши проширување на постоечки енергетски објект за производство на електрична енергија, при што инсталираната моќност на енергетскиот објект е во рам- ките на инсталираната моќност од точката 1 на овој став. (3) Вкупниот инсталиран капацитет на енергетските објекти за производство на елек- трична енергија, кој може да се инсталира по плански региони и локациите на кои може да се градат енергетски објекти од ставот (1) на овој член е дефиниран во Годишниот план за изградба на енергетски објекти. (4) Вкупниот инсталиран капацитет на енергетски објекти кој може да се инсталира во единица на локалната самоуправа и локациите на кои може да се градат енергетски објек- ти од ставот (2) на овој член е дефиниран во Годишниот план за изградба на енергетски објекти согласно општинскиот енергетски план. (5) Во овластувањето за изградба на електроенергетски објекти се определува рокот на важење на овластувањето, кој зависи од типот и комплексноста на проектот и не може да биде подолг од 15 години, рокот за градење на објектот и рокот за изградба на објектот до фаза на функционално испитување. (6) Овластувањето за барателите од ставот (1) точки 2, 3, 4 и 5 на овој член се издава во рок од 30 дена од денот на доставување на комплетната документација согласно правил- никот од ставот (9) на овој член. (7) Постапка за издавање на овластување од ставот (1) на овој член, се спроведува ако изградбата на електроенергетскиот објект е предвидена во Годишниот план за изградба на енергетски објекти од членот 87 став (1) од овој закон, по комплетирана постапката за из- давање на одобрение за градење согласно закон, кое одобрение станува правосилно со из- давањето на овластување за изградба на електроенергетски објекти. (8) Инвеститорот за енергетскиот објект за кој се издава овластување, заради дефинира- ње на роковите за поодделните фази на развој на проектите, изработува план за реализаци- ја и го доставува до Министерството. Министерството го следи планoт и доколку реализа- цијата на проектот не е во согласност со доставениот план, врши соодветни корекции во Годишниот план за изградба на енергетски објекти. (9) Министерот со правилник ја пропишува формата, содржината на барањето за изда- вање на овластување, потребната документација, рокот на важноста на овластувањето според типот и комплексноста на поединечни објекти и формата и содржината на овласту- вањето, како и начинот за негово издавање. (10) Енергетските објекти мора да ги исполнуваат барањата за генераторски единици и потрошувачи на Европската Унија. (11) Министерството за објектите од ставот (1) на овој член може да додели мерки за поддршка, кои може да опфатат: 1. инвестициона поддршка и 2. надоместок за поттикнување на учеството на високоефикасни когенеративни постројки како и останати енергетски објекти кои имаат позитивно влијание за обезбеду- вање на потребите за системска флексибилност. (12) За доделување на мерките од ставот (11) на овој член, кои не се уредени со законот со кој се уредуваат обновливите извори на енергија, Владата на предлог на Министерство- то донесува уредба за определување на висината и опфатот на мерките за поддршка, по претходно добиено мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата согласно пропи- сите за државна помош. (13) Во постапките за доделување на овластување соодветно се применуваат Законот за општата управна постапка, како и прописите од областа на електронско управување и електронски услуги, како и од областа на електронски документи, електронска идентифи- кација и доверливи услуги. 109 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Комисија за доделување на овластување за изградба на електроенергетски објекти Член 89 (1) Постапката за доделување на овластување од членот 88 од овој закон ја спроведува Комисија за доделување на овластување за изградба на електроенергетски објекти (во на- тамошниот текст: Комисија за доделување на овластување) што ја формира министерот. (2) Комисијата од ставот (1) на овој член, е составена од седум члена и нивни заменици од редот на вработените, од кои: 1. три члена и нивни заменици ги предлага Министерството; 2. еден член и негов заменик ги предлага Владата; 3. еден член и негов заменик го предлага Министерството за транспорт; 4. eден член и негов заменик го предлага операторот на електропреносниот систем и 5. еден член и негов заменик го предлага Министерството за животна средина и прос- торно планирање. Претседател на Комисијата е член од Министерството. (3) Член на комисијата од ставот (1) на овој член може да биде вработен со стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на електро, ма- шинска, градежна, архитектонска струка, економијата или животната средина и кој има најмалку пет години работно искуство на работи и работни задачи поврзани со работење- то на комисијата. (4) На членовите на комисијата од ставот (1) на овој член, им следува надоместок за из- вршена работа за секоја спроведена постапка, чиј износ го определува министерот, кој треба да биде разумен и соодветен на обемот и сложеноста на работата, кој не може да би- де повисок од една третина од просечна исплатена нето-плата по работник објавена до де- нот на исплатата. Средствата за исплата на надоместокот се обезбедуваат од Буџетот на Министерството. (5) Членовите на комисијата од ставот (1) на овој член се избираат за период од две го- дини и ниту еден член не може да биде член на Комисијата повеќе од два пати односно повеќе од четири години. (6) Министерот донесува одлука за престанок на учество на член на Комисијата докол- ку членот: 1. тоа сам го побара; 2. неоправдано отсуство на три седници едноподруго или повеќе од пет седници во те- кот на годината, по предлог од Комисијата со мнозинство гласови; 3. извршил повреда на обврските за непристрасност и независност и 4. работел спротивно на законот. (7) За својата работа Комисијата од ставот (1) на овој член донесува деловник на кој согласност дава министерот. Критериуми за доделување овластување Член 90 (1) При изработката на годишниот план за изградба на енергетски објекти, донесување- то на одлуката за спроведување на постапката и подготовката на документација согласно член 88 став (1) точка 1 од овој закон, како и донесувањето на одлуката за издавање на ов- ластување согласно член 88 став (1) точки 2,3 и 4 од овој закон, се земаат предвид следни- ве критериуми за доделување овластување за изградба на енергетски објект за производ- ство на електрична енергија и високо ефикасна комбинирана постројка: 1. сигурноста во снабдувањето со соодветен вид на енергија; 110 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. безбедноста и сигурноста на електроенергетскиот систем, објектите и соодветната опрема; 3. политиките и мерките од Стратегијата, Интегрираниот национален план за енергија и клима како и проценката на адекватноста на ресурсите во Република Северна Македонија, Годишниот план за изградба на енергетски објекти и oпштинските енергетски планови; 4. потребите од моќност и енергија за балансирање; 5. заштитата на јавното здравје и безбедноста; 6. заштитата на животната средина; 7. користењето на земјиштето и локациите; 8. користењето на јавните површини; 9. енергетската ефикасност; 10. видот на примарната енергија; 11. техничка, финансиска и економска способност на инвеститорот; 12. усогласеноста со мерките донесени во согласност со обврските за јавна услуга, осо- бено во однос на квалитетот и континуитетот на снабдувањето со електрична енергија; 13. придонесот на производниот енергетски објект во однос на намалувањето на емиси- ите на стакленички гасови; 14. придонесот на производниот енергетски објект во учеството на енергијата произве- дена од oбновливи извори на енергија во вкупната бруто финална потрошувачка на енер- гија согласно одлуката за утврдување на националните задолжителни цели согласно зако- нот со кој се уредуваат обновливите извори на енергија и 15. алтернативата на изградбата на нов енергетски објект преку изградба и користење на складиште за електрична енергија и управување преку побарувачката. (2) Постапката за доделување на овластување може да започне само доколку енергет- скиот објект е дел од Годишниот план за изградба на енергетски објекти. (3) Начинот на утврдување на исполнување на критериумите за доделување овластува- ње за изградба на енергетски објект за производство на електрична енергија и високо ефи- касна комбинирана постројка од ставот (1) на овој член со правилник ги пропишува ми- нистерот. Овластување за изградба на енергетски објект за производство на топлинска енергија Член 91 (1) Нов објект за производство на топлинска енергија може да се гради врз основа на овластување за изградба на нов или зголемување на инсталираната моќност на постоен об- јект за производство на топлинска енергија, ако на тоа подрачје не е предвидено изградба на таков објект во рамките на Годишниот план за изградба на енергетски објекти. (2) Овластувањето од ставoт (1) на овој член, го издава советот на единицата на локал- ната самоуправа на чиешто подрачје треба да се изгради капацитетот. (3) Објектот од ставот (2) на овој член мора како технологија да е предвиден во Интег- рираниот национален план за енергија и клима. (4) Овластувањето од ставот (1) на овој член, не е потребно ако: 1. новиот објект за производство на топлинска енергија е со вкупна инсталирана моќ- ност помала од 1МW; 2. со проширувањето на постојниот објект за производство на топлинска енергија, вкупната инсталирана моќност на објектот е помала од 1 МW или 3. произведената енергија во енергетскиот објект ќе се користи исклучиво за потребите на производителот на топлинска енергија. 111 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Овластувањето од ставот (1) на овој член се издава по претходно спроведена поста- пка за доделување на договор за воспоставување јавно-приватно партнерство согласно прописите со кои се уредуваат јавно приватните партнерства. (6) Објектот од ставот (4) на овој член мора како технологија да е предвиден во Интег- рираниот национален план за енергија и клима. (7) Покрај постапките од ставот (5) на овој член, овластувањето од ставот (1) на овој член, може да се издаде врз основа на барање, кое заинтересираниот инвеститор го подне- сува до единицата на локалната самоуправа за објекти со инсталирана моќност помала или еднаква на 1 MW. (8) Градоначалникот на единицата на локалната самоуправа во рок од осум дена од приемот на барањето од ставот (7) на овој член, го објавува во службеното гласило на еди- ницата на локална самоуправа. (9) Барањето од ставот (7) на овој член, го разгледува Комисија за доделување на овлас- тување за изградба на енергетски објект формирана од советот на единицата на локалнaта самоупрaва по предлог на градоначалникот, која е составена од пет члена, стручни лица од областа на електро, машинска, градежна, архитектонска струка, економијата или жи- вотната средина, од кои еден е претседател на комисијата. (10) На членовите на Комисијата од ставот (9) на овој член, им следува надоместок за извршената работа по секое поединечно барање, чијшто износ го определува советот на единицата на локалната самоуправа, а средствата се обезбедуваат од буџетот на единицата на локална самоуправа. (11) Советот на единицата на локална самоуправа, на предлог на Комисијата од ставот (9) на овој член, во рок од 30 дена од денот на приемот на целосното барање, донесува од- лука со образложение за причините за издавање или одбивање на барањето за издавање на овластување за изградба. (12) Одлуката за издавање на овластувањето од ставот (1) на овој член, се објавува во службеното гласило на единицата на локална самоуправа. (13) Против одлуката од ставот (11) на овој член, може да се поведе управен спор пред надлежен суд. (14) Министерот ја пропишува формата и содржината на барањето од ставот (7) на овој член и формата и содржината на одлуката за издавање овластување од ставот (11) на овој член. Рок на важност, измена и пренос на овластување Член 92 (1) Рокот на важност на овластувањето за изградба на енергетски објекти за производ- ство на електрична енергија со инсталирана моќност поголема од 1 MW, за високо ефи- касни комбинирани постројки што произведуваат електрична и топлинска енергија, постројки за производство на синтетички горива со помош на електрична енергија, постројки за производство на водород со помош на електрична енергија и складишта на електрична енергија и за објект за производство на топлинска енергија не може да биде подолг од 15 години. (2) Во посебни случаи кога периодот на изградба на енергетскиот објект е подолг од 15 години овластувањето може да се издаде со подолг рок на важност, а образложението Ми- нистерството го објавува на својата веб- страницата. (3) Овластувањето престанува да важи доколку носителот на овластувањето не го следи планот за реализација на енергетскиот објект доставен до Министерството согласно со членот 88 став (8) од овој закон. 112 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) По барање на носителот на овластувањето доставено пред истекот на роковите од ставовите (1) и (2) на овој член, Министерството го изменува или дополнува издаденото овластување за изградба на нови или проширување на постојни објекти за производство на електрична односно топлинска енергија, вклучително и продолжување на рокот соглас- но ставот (1) на овој член, доколку барањето е во согласност со критериумите од членот 90 од овој закон, врз основа на кои е издадено овластувањето. (5) По барање на носителот на овластување, овластувањето може да се пренесе на друго лице кое ги исполнува условите утврдени со овој закон и кое има добиено согласност од органот кој го издал овластувањето. Гаранција за обезбедување на изградба на електроенергетски објект Член 93 (1) Подносителот на барањето за доделување на овластување за изградба на електрое- нергетски објект од членовите 88 и 91 од овој закон е должен во рок од 15 дена од подне- сување на барањето да достави гаранција во форма на банкарска гаранција или депозит, во корист на Министерството, изразена во евра по MW планирана инсталирана моќност на електроцентралата и/или објектот за складирање на електрична енергија и тоа 25.000 евра по MW моќност. (2) Во случај на поднесување барање од постоечка електроцентрала и/или објект за складирање на електрична енергија за зголемување на инсталирана моќност, износот на гаранцијата од ставот (1) на овој член се определува за моќноста што одговара на вреднос- та на разликата помеѓу ново бараната одобрена моќност и постоечката одобрена моќност и тоа 25.000 евра по разликата во моќноста во MW. (3) Гаранцијата од ставовите (1) и (2) на овој член е непренослива, неотповиклива и бе- зусловна, издадена во корист на Министерството, без право на приговор, наплатлива на прв повик, издадена од деловна банка, која е регистрирана и работи согласно со законите на Република Северна Македонија, со рок на важност од 60 месеци. (4) Во рокот од ставот (3) на овој член не се вклучуваат настаните предизвикани од ви- ша сила предвидени во правилникот од членот 88 став (9) од овој закон. (5) Гаранцијата од ставовите (1) и (2) на овој член не се доставува за електроцентрала и/или објект за складирање на електрична енергија чија изградба се финансира од Буџе- тот, односно заем за кој се издава гаранцијата од страна на Република Северна Македо- нија. (6) Условите и начинот на доставување, враќањето и наплата на гаранцијата се уредува- ат во правилникот од членот 88 ставoт (9) од овој закон. (7) Министерството ја враќа гаранцијата во рок од 45 дена, доколку при градбата на електроцентралата и/или објектот за складирање на електрична енергија е достигната фаза на функционални испитувања на објектот. Изградба на нови системи за дистрибуција на гас Член 94 (1) Градење на нови системи за дистрибуција на гас на определено подрачје oд терито- ријата на Република Северна Македонија се врши врз основа на договор за воспоставува- ње на јавно-приватно партнерство или договор за концесија доделен од страна на Владата во тендерска постапка која се спроведува согласно прописите со кои се уредуваат конце- сиите и јавно-приватните партнерства. 113 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Нов систем за дистрибуција на гас на определено подрачје од територијата на Ре- публика Северна Македонија може да гради и со него да управува и јавно претпријатие или друго правно лице основано за таа намена од страна на Владата или од страна на еди- ницата на локалната самоуправа, ако подрачјето не е опфатено со постапката за доделува- ње на договорот од ставот (1) на овој член. (3) Владата, во согласност со Законот за локалната самоуправа, може да склучи договор за соработка со единиците на локалната самоуправа на чии подрачја треба да се гради системот за дистрибуција на гас. (4) Постапка за градење на нов систем за дистрибуција на гас нема да се спроведе ако на тоа подрачје постои систем за дистрибуција на гас, кој не е доволно искористен или е започната постапка за доделување на договор од ставот (1) на овој член. (5) Постапката за доделување на договорот од ставот (1) на овој член може да се спро- веде само ако системот за дистрибуција на гас е предвиден во Интегрираниот национален план за енергија и клима. Изградба на нови системи за дистрибуција на топлинска енергија Член 95 (1) Изградбата на нови системи за дистрибуција на топлинска енергија на подрачјето на единиците на локалната самоуправа се врши: 1. врз основа на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство што го доде- лува советот на единицата на локална самоуправа или јавно претпријатие или друго прав- но лице основано од Владата или од единицата на локалната самоуправа за таа намена, во тендерска постапка која се спроведува согласно прописите со кои се уредуваат концесиите и јавно-приватните партнерства или 2. од страна на единицата на локална самоуправа или јавно претпријатие или друго правно лице основано од Владата или единицата на локалната самоуправа за таа намена. (2) За да може да се започне постапка за изградба нов систем за дистрибуција на топ- линска енергија истиот мора да биде предвиден во Интегрираниот национален план за енергија и клима. Изградба на системи за складирање на електрична енергија Член 96 Во случај на недостаток на системски резерви за балансирање системите за складирање имаат приоритетен пристап до системот за пренос и/или дистрибуција на енергија. Одложување на изградба на производствени капацитети Член 97 (1) Доколку во Годишниот план за изградба на енергетски објекти се утврди дека одре- ден регион нема доволен мрежен капацитет за интеграција на производство на електрична енергија, зафатите се економски неоправдани и не доведуваат до подобрување на енергет- ската состојба во Република Северна Македонија или зафатите не можат да се изведат во рок од три години, Министерството донесува одлука за одложување на изградба на произ- водствени капацитети на одредениот регион, која ја објавува на својата веб-страница. 114 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Во одлуката за одложување на изградба на производствени капацитети, одредени капацитети во регионот од ставот (1) на овој член, може да бидат изземени под однапред дефинирани критериуми од Годишниот план за изградба на енергетски објекти од членот 87 од овој закон. (3) Министерството во Годишниот план за изградба на енергетски објекти од членот 87 од овој закон во консултација со засегнатиот оператор на електропреносниот систем или операторот на електродистрибутивниот систем дефинира мерки и инвестиции во соодвет- ната мрежа, со кои недостатокот на мрежниот капацитет наведени во одложување на из- градба на производствени капацитети би се надминал. (4) За спроведување на мерките и инвестициите од ставот (3) на овој член министерот донесува одлука со која му наложува на соодветниот оператор на систем да ја изведе ин- вестицијата, по претходна консултација со Регулаторна комисија за енергетика, заради изградба на дополнителна енергетска инфраструктура со која би се надминало ограничу- вањето. (5) Министерството на предлог на операторот на електропреносниот систем или опера- торот на електродистрибутивниот систем, со поднесена соодветна анализа, може да ја од- ложи градбата на електроцентралата од обновливи извори на енергија за одреден регион. (6) Одложувањето на изградбата на производствени капацитети може да се воведе само за одредена технологија во зависност од техничките карактеристики на производствениот процес. (7) Одложувањето на изградбата на производствени капацитети не може да трае подол- го од три години. Директни водови Член 98 (1) Секој производител или снабдувач со електрична енергија, како и секој производи- тел на биометан, производител на водород или снабдувач со гас основан во Република Се- верна Македонија може да ги снабдува своите простории, подружници или потрошувачи преку директни водови (во натамошниот текст: директен вод). (2) Потрошувачите на електрична енергија или гас, поединечно или заедно, може да се снабдуваат преку директен вод од производител или снабдувач со електрична енергија, производител на биометан, производител на водород или снабдувач на гас. (3) Директен вод се гради врз основа на овластување за изградба издадено од Владата, во кое се утврдуваат правата и обврските на носителот на овластувањето. (4) Овластувањето за изградба на директен вод, може да се издаде само во случаи кога: 1. краен потрошувач на електрична енергија или гас или производител на електрична енергија или производител на биометан или производител на водород, започнал постапка за одлучување по приговор до Регулаторната комисија за енергетика затоа што не можел да го оствари правото на приклучок или пристап до постоен систем за пренос или дистри- буција на електрична енергија или гас или 2. трошоците за изградба на директен вод се помали од трошоците за приклучок или пристап на преносната односно дистрибутивната мрежа за електрична енергија или гас. (5) Владата, на предлог на Министерството, со уредба ги пропишува начинот и поста- пката за доделување на овластување за изградба на директен вод на територијата на Ре- публика Северна Македонија, како и содржината на овластувањето. (6) Директниот вод не се смета за составен дел од системите за пренос, односно дистри- буција на електрична енергија или гас. 115 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (7) Користењето на директен вод не го попречува правото на корисникот на директниот вод за пристап на системи и приклучување на мрежи за пренос или дистрибуција на елек- трична енергија или гас согласно со одредбите од овој закон. (8) Владата може да одбие барање за овластување за изградба на директен вод, ако до- делувањето на таквото овластување негативно влијае на вршењето на обврските за јавна услуга од овој закон. Одлуката за одбивање задолжително содржи детално образложение. (9) Овластување за изградба на директен вод не е потребно кога електроцентралата на производителот на електрична енергија или постројката за производство на биогас или производство на водород е: 1. составен дел од неенергетски објект во сопственост на потрошувачот или 2. изградена на градежната парцела на која се наоѓа неенергетскиот објект во сопстве- ност на потрошувачот. СЕДМИ ДЕЛ ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА МРЕЖИ И ПРИСТАП НА ТРЕТА СТРАНА Приклучување на мрежи Член 99 (1) Операторите на системите за пренос и системите за дистрибуција на електрична енергија или гас и за дистрибуција на топлинска енергија се должни на недискриминато- рен начин, применувајќи транспарентни и ефикасни постапки во согласност со соодветни- те мрежни правила да овозможат приклучување на соодветниот систем на: 1. потрошувачи, производители и оператори на складишта на електрична енергија ко- ишто се приклучуваат на електропреносниот или електродистрибутивниот систем на тери- торијата на Република Северна Македонија и 2. потрошувачи на гас или топлинска енергија и корисници на системот за пренос на гас или системите за дистрибуција на гас или топлинска енергија на подрачјето каде што се обезбедува услугата. (2) Операторите на системите за пренос и системите за дистрибуција на електрична енергија или гас и за дистрибуција на топлинска енергија се должни во соодветните мреж- ни правила да гo уредат начинот, постапката, условите и роковите за донесување на реше- ние за приклучување и за приклучување на мрежата, како и методологијата за пресметка на надоместокот за приклучување. (3) Мрежните правила од ставот (2) на овој член, не смеат да содржат дискриминаторни одредби во однос на правата на корисниците на мрежата. (4) За потребите на Годишниот план за изградба на енергетски објекти по барање на Министерството, операторот на електропреносниот систем во соработка со операторот на електродистрибутивниот систем во рок не подолг од 60 дена од денот на доставувањето на барањето, изработуваат и до Министерството доставуваат интегрална студија која се сос- тои од мрежни и пазарни анализи со кои се проверува можноста за интеграција на енер- гетски објекти од аспект на текови на моќност, преоптовареност на водови и напонска состојба на мрежата за режими на работа во кои сите елементи се во погон како и за режи- ми на единечни испади, како и висината на минималната и максималната струја на куса врска за потребите на инвеститорите. (5) За потребите од ставот (4) на овој член операторот на електропреносниот и дистри- бутивниот систем во координација со Министерството изработуваат инвестициски план за зајакнување на мрежа, кој го одобрува Регулаторната комисија за енергетика. 116 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Инвестициите во енергетската инфраструктура согласно со ставот (5) на овој член операторите на соодветните мрежи се должни да ги воведат во плановите за развој во рок од 30 дена од донесувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти . (7) Методологијата за пресметка на надоместокот за приклучување која е составен дел од соодветните мрежни правила ги зема предвид последиците од приклучувањето кои ќе ги претрпат другите корисници на мрежата, местото на приклучување на постројките, об- јектите и уредите за кои се бара приклучување и видот на потребната инсталација за прик- лучување на мрежата, како и заклучоците од Годишниот план за изградба на енергетски објекти. (8) Надоместокот за приклучување на мрежата, како и надоместокот за измена на енер- гетските параметри определени во решението за приклучување на постоечки корисник, го плаќа корисникот и се состои од надоместок за изградба на приклучок или надградба на постоечкиот приклучок, како и трошоци за создавање технички услови во системот за приклучување на нови корисници или зголемување на капацитетот на постојни приклу- чоци. (9) Надоместокот за приклучување на мрежата: 1. се пресметува со примена на методологијата содржана во соодветните мрежни пра- вила; 2. треба да ги обезбеди приходите за потребните инвестиции заради одржливост на со- одветните мрежи и 3. се објавува на веб-страницата на операторот на соодветниот систем. (10) Операторот на електропреносниот и/или електродистрибутивниот систем нема право да одбие приклучување на нов производител на електрична енергија или оператор на складиште на енергија за кој е издадено овластување за изградба на електроенергетски објект за производство на електрична енергија. (11) Операторот на системот за пренос нема право да одбие приклучување на нов про- изводствен капацитет или капацитет за складирање на енергија врз основа на потенцијал- ни идни ограничувања на мрежата. (12) По исклучок на ставот (11) на овој член, со цел обезбедување економска ефикас- ност во однос на новите капацитетите за производство или складирање на електрична енергија, а по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, операто- рот на електропреносниот и/или електродистрибутивниот систем може да: 1. го ограничи расположливиот капацитет за приклучување или 2. понуди приклучување со оперативни ограничувања. (13) Регулаторната комисија за енергетика обезбедува ограничувањата од ставот (12) на овој член, да се воведат врз основа на транспарентни и недискриминаторни постапки и да не создаваат непотребни пречки за пристап на пазарот на електрична енергија. (14) Исклучокот од ставот (12) на овој член, не се применува ако производителот или операторот на складиште на електрична енергија се согласи да ги надомести трошоците за обезбедување на расположливиот капацитет за приклучување или за приклучување без оперативни ограничувања. Решение за приклучување Член 100 (1) Лицето кое бара приклучување на систем за пренос или систем за дистрибуција на електрична енергија или гас или за дистрибуција на топлинска енергија, како и корисни- кот кој бара измена на постоен приклучок заради зголемување на капацитетот, е должно да поднесе барање за приклучување на мрежата до операторот на соодветниот систем, на начин и постапка утврдени во соодветните мрежни правила и овластувањето за изградба на електроенергетски објекти. 117 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Лицето од ставот (1) на овој член, може да се приклучи на соодветниот систем само врз основа на решение за приклучување, кое го издава операторот на системот за кој се ба- ра приклучувањето, во согласност со соодветните мрежни правила. (3) Операторот на соодветниот систем, по доставено известување од страна на Минис- терството за електроенергетски објект за производство на електрична енергија кој е дел од Годишниот план за изградба на енергетски објекти за производство на електрична енергија е должен во рок од седум дена од доставување на известувањето да склучи дого- вор за изработка на студија за приклучување со инвеститорот и да ја изработи студијата во рок од 45 дена од денот на склучувањето на договорот, како и во рок од 15 дена од изра- ботувањето на студијата да изработи технички спецификации и барања за енергетска ин- фраструктура, со исклучок на барањата за кои е одлучено во роковите согласно со зако- ните со кој се регулира користењето на обновливите извори на енергија и барањата за кои е донесен посебен закон со кој се уредува реализацијата на инвестицијата за нејзина- та изградба. (4) Операторот на соодветниот систем издава Решение за приклучување во рок од 15 дена од доставување на целосна проектна документација за енергетска инфраструктура и приклучниот објект од барателот. Операторот на соодветниот систем има право да бара измени во документацијата со цел усогласување на проектната документација со барањата во техничките услови, стандарди и мрежни правила. Во Решението за приклучување осо- бено се утврдуваат техничките услови за приклучување, надоместокот за приклучување што треба да го плати корисникот, рокот во кој операторот го извршува приклучувањето и обврските на операторот во врска со приклучувањето. (5) Заедно со решението за приклучување, операторот на системот за кој се бара прик- лучувањето, до лицето од ставот (1) на овој член доставува и договор за приклучување, во кој е наведен износот на надоместокот за приклучување што треба да го плати корисни- кот, како и рокот на важење на износот на надоместокот кој не може да биде пократок од 90 дена. (6) Потребната документација за донесување на решение за согласност на приклучува- ње подетално се уредува во соодветните мрежни правила. (7) Решението за приклучување престанува да важи ако изградбата на приклучокот не започне во рокот определен во одобрението за градење на приклучокот или инвеститорот не ја следи динамиката за развој на проектот договорена со Министерството, како и во други случаи предвидени со соодветните мрежни правила. (8) Решението за приклучување престанува да важи ако лицето од ставот (1) на овој член не го потпише договорот за приклучување од ставот (5) на овој член и/или, доколку е применливо во самиот договор, не изврши уплата за надоместокот на приклучување на на- чин и во рок предвиден во договорот за приклучување од ставот (5) на овој член, како и во други случаи предвидени со соодветни мрежни правила. Права и обврски во однос на приклучоците Член 101 (1) Новите објекти, вклучувајќи изградба на нови или надградба на постојни приклучо- ци во сопственост на операторот на соодветниот систем или вертикално интегрираното друштво, кога тоа е предвидено со овој закон, ги гради операторот на соодветниот систем или вертикално интегрираното друштво и се нивна сопственост. Новите објекти, вклучу- вајќи ги и приклучоците, се во сопственост на вертикално интегрираното друштво, ако во нивно име ги гради операторот на соодветниот систем. 118 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, во случаи кога приклучокот е наменет за поврзување на еден корисник (краен потрошувач, енергетски систем или постројка за про- изводство на електрична или топлинска енергија), операторот на системот по претходно барање од корисникот може да одобри корисникот сам да го изгради приклучокот на на- чин и услови утврдени во соодветните мрежни правила, при што изградениот приклучок е во сопственост на вертикално интегрираното друштво. (3) Доколку операторот го одбие барањето на корисникот од ставот (2) на овој член, ко- рисникот може да поднесе приговор до Регулаторната комисија за енергетика. (4) Доколку операторот го одобри барањето на корисникот од ставот (2) на овој член, корисникот е должен да го плати делот од надоместокот за приклучување што се однесува на создавањето технички услови во соодветниот систем за приклучување на нови корис- ници или зголемување на капацитетот на постојните приклучоци, при што корисникот плаќа само за капацитетот што е наведен во барањето за приклучување од членот 100 став (1) од овој закон. (5) Корисникот кој го изградил приклучокот може да ја пренесе сопственоста на прик- лучокот на операторот на системот без надоместок. (6) Корисниците кои во своја сопственост имаат енергетска инфраструктура можат сопственоста да ја пренесуваат на вертикално интегрирано друштво кое го има одобрено приклучокот. (7) Надоместоците за приклучување што ги наплаќа операторот на соодветниот систем, надоместоците од ставот (4) на овој член, како и вредноста на приклучоците и другите де- лови од мрежата што корисниците ги отстапуваат на соодветниот оператор на системот се земаат предвид при определувањето на регулираниот приход на операторот на соодветни- от систем. Регулаторната комисија за енергетика, во прописите од член 61 став (1) од овој закон, детално ги пропишува начинот и постапката на водењето на евиденцијата на надо- местоците за приклучоците и средствата што корисниците без надоместок им ги отстапу- ваат на операторите. (8) За електроенергетските објекти што се дел од електроенергетскиот систем, изграде- ни со средства и во сопственост на корисниците на системот, а не се составен дел од прик- лучокот што го користи исклучиво сопственикот на електроенергетскиот објект, операто- рот на соодветниот систем и сопственикот на објектот склучуваат договор за регулирање на меѓусебните права и обврски што произлегуваат од користењето на објектот од страна на операторот на соодветниот систем, на начин и под услови утврдени во соодветните мрежни правила. (9) Заради исполнување на обврската за обезбедување јавна услуга и во согласност со одредбите од овој закон, операторите на системите за пренос и системите за дистрибуција на електрична енергија или гас се должни да ги одржуваат и да управуваат со објектите за електрична енергија или гас чиј сопственик е непознат, а кои се составен дел на соодвет- ниот систем. Регулаторната комисија за енергетика го признава трошокот за одржување на овие објекти при одредување на регулираниот приход на операторот на системот. (10) По усвојување на Годишниот план за изградба на енергетски објекти или негово ажурирање, операторот на електропреносниот систем во рок не подолг од 30 дена, на oпе- раторот на дистрибутивниот систем му издава согласности за приклучување за објектите со Годишниот план за изградба на енергетски објекти. (11) Нов објект за колективно станбено домување со еднаква или поголема од 40 KW инсталирана проектирана топлинска моќност се приклучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија, доколку е предвиден во плански опфат на соодветното подрачје. 119 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Пристап на трета страна Член 102 (1) Операторот на системот за пренос, односно дистрибуција на електрична енергија или гас, како и за дистрибуција на топлинска енергија, заради користење на неговиот ка- пацитет, како и за користење на другите услуги што ги обезбедува, е должен во соглас- ност со соодветните мрежни правила и правилата за снабдување, на постојните и новите корисници на системот да им овозможи пристап на соодветната мрежа, со објективна и недискриминаторна примена на цените и тарифите утврдени согласно членот 61 од овој закон. (2) Корисник на систем во смисла на ставот (1) на овој член, е: 1. корисник на систем за пренос или дистрибуција на електрична енергија е: 1.1. производител на електрична енергија; 1.2. оператор на складиште за електрична енергија; 1.3. агрегатор на електрична енергија; 1.4. активен потрошувач; 1.5. дистрибутивна мрежа што е управувана од граѓанска енергетска заедницата; 1.6. затворен електродистрибутивен систем; 1.7. електродистрибутивен систем приклучен на електропреносен систем; 1.8. потрошувач на електрична енергија; 1.9. станица за полнење на електрични возила; 1.10. снабдувач со електрична енергија и 1.11. трговец со електрична енергија; 2. корисник на систем за пренос или дистрибуција на гас е: 2.1. производител на биометан или водород; 2.2. оператор на складиште за гас; 2.3. систем за дистрибуција на гас приклучен на систем за пренос на гас; 2.4. затворен систем за дистрибуција на гас; 2.5. снабдувач со гас; 2.6. трговец со гас и 2.7. потрошувачи на гас; 3. корисник на систем за дистрибуција на топлинска енергија е: 3.1. производител на топлинска енергија; 3.2. снабдувач со топлинска енергија и 3.3. потрошувач на топлинска енергија. (3) Операторите од ставот (1) на овој член, при обезбедувањето на пристап на системи- те на корисниците од ставот (2) на овој член, ги земаат предвид ограничувањата кои про- излегуваат од оперативните можности на системот. (4) Во случај на недостаток на преносен или дистрибутивен капацитет или заради обез- бедување на сигурноста во снабдувањето или безбедноста на соодветниот систем, опера- торите од ставот (1) на овој член, преземаат мерки со кои може на корисниците од ставот (2) на овој член да им се ограничи пристапот, во согласност со соодветните мрежни пра- вила. (5) Операторот на соодветниот систем во случајот од ставот (4) на овој член, презема оперативни и пазарно ориентирани мерки за отстранување или намалување на ограничу- вањата. (6) Операторите од ставот (1) на овој член, ја известуваат Регулаторната комисија за енергетика за преземените мерки од ставовите (4) и (5) на овој член, како и за динамиката на преземањето на мерките. 120 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Одбивање на пристап Член 103 (1) Операторите од член 102 став (1) од овој закон, може да донесат одлука за одбивање на пристап само во случај кога: 1. нема потребен преносен или дистрибутивен капацитет и кога на капацитет на систе- мот за дистрибуција на топлина постои недостаток на капацитет за електрична енергија или гас поради други залихи на отпадна топлина, топлина од обновливи извори или топ- лина произведена со високоефикасно комбинирано производство или 2. обезбедувањето на пристап за одреден корисник може да ја загрози сигурноста во снабдувањето со енергија во Република Северна Македонија. (2) Операторот кој го одбил пристапот согласно ставот (1) на овој член, е должен одлу- ката за одбивањето да му ја достави на лицето кое побарало пристап во писмена форма, при што е должен во образложението на одлуката да ги наведе причините за одбивањето кои мора да бидат засновани на техничко и економско оправдани критериуми, утврдени во мрежните правила за пренос, односно дистрибуција на соодветниот систем. (3) Лицето чијшто пристап до системот со одлуката од ставот (1) на овој член, е одбие- но или кое е незадоволно со условите за пристап до системот, може да достави приговор до Регулаторната комисија за енергетика во рок од 15 дена од доставувањето на одлуката. (4) Соодветниот операторот е должен, по барање на лицето на кое му е одбиен приста- пот на системот, да му ги обезбеди потребните информации за мерките што треба да се преземат за подобрување на условите во системот, кои би го овозможиле пристапот и за обезбедување на информацијата може да наплати надоместок во износ, кој е претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика. (5) Операторите од членот 102 став (1) од овој закон не може да одбијат пристап на вршител на енергетска дејност на кој му е наметната обврска за обезбедување на јавна ус- луга. Приоритетен пристап на производни капацитети Член 104 (1) Диспечирањето на капацитетите за производство на електрична енергија и капаци- тетите за управување преку побарувачката се врши на транспарентен и недискриминато- рен начин по пазарни услови, освен ако поинаку не е уредено со овој закон. (2) Операторот на електропреносниот и операторот на електродистрибутивниот систем се должни, на објективен, транспарентен и недискриминаторен начин, да обезбедат прио- ритет на пристап на системите и приоритет при диспечирање на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија и/или од високо ефикасни комбинирани постројки, за времетраење на важењето на лиценцата на вршителот на енергетската деј- ност, на начин и под услови утврдени во мрежните правила, имајќи ги предвид ограничу- вањата кои произлегуваат од оперативните можности на електроенергетскиот систем и ако таквите производни постројки се: 1. со инсталирана моќност помала од 200 kW или 2. демонстрациони проекти одобрени од Регулаторната комисија за енергетика, при што таквиот приоритет е ограничен на времето и обемот неопходен за постигнување на целите на проектот. (3) Регулаторната комисија за енергетика, по барање од операторот од ставот (2) на овој член, за производните постројки од ставот (2) точка 1 на овој член, може да донесе одлука да се намали прагот за инсталирана моќност или да не се применува приоритетно диспе- чирање, под услов: 121 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. да постои функционален пазар во тековниот ден и други пазари на електрична енер- гија на големо, како и пазар на балансна енергија, достапен за сите учесници на пазарот; 2. правилата за редиспечирање и управување со загушувањата се транспарентни и се однесуваат на сите учесници на пазарот или 3. да е постигната националната цел за учество на енергијата од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија усвоена во соодветната одлука на Министер- скиот совет на Енергетската заедница или ако електричната енергија произведена од об- новливи извори учествува со најмалку 50% во бруто финалната потрошувачка на елек- трична енергија. (4) Регулаторната комисија за енергетика, пред донесување на одлуката од ставот (3) на овој член, го известува Секретаријатот на Енергетската заедница за намерата за донесува- ње на одлуката со образложение за исполнување на условите и ја објавува на својата веб- страница притоа земајќи ја предвид заштитата на деловно чувствителните информации. (5) Одлуката од ставот (3) на овој член, за престанување на примена на приоритетното диспечирање, се применува за производни постројки кои ќе почнат со работа најмалку шест месеци по нејзиното донесување. (6) Одлуката од ставот (3) на овој член, за намалување на прагот за инсталирана моќ- ност се применува само за производни постројки, кои ќе почнат со работа најмалку шест месеци по нејзиното донесување. (7) Производителите кои имаат приоритет при диспечирање, може во секое време да се откажат од тоа право, по претходно потпишан договор со операторот на електропреносни- от систем. (8) Владата, по претходно добиено мислење од Регулаторната комисија за енергетика, на производителите кои имаат приоритет при диспечирање може да им додели мерки за поддршка од членот 88 став (11) од овој закон, доколку производителите се откажат од правото на приоритет при диспечирање. (9) Приоритетното диспечирање не смее да ја загрози безбедноста на електроенергет- скиот систем и не смее да предизвика или да биде оправдување за директно намалување на прекуграничниот преносен капацитет на интерконективен вод со која било соседна зо- на на наддавање. Начело „Преземи или плати“ Член 105 (1) Операторот на системот за пренос и/или дистрибуција на гас може да одбие пристап до неговиот систем ако оцени дека одобрувањето на пристапот ќе му предизвика сериозни економски или финансиски потешкотии поради претходно преземените обврски што про- излегуваат од договорите засновани на начелото „преземи или плати“. (2) Пред да ја донесе одлуката за одбивање на пристапот од ставот (1) на овој член, опе- раторот на системот за пренос и/или дистрибуција на гас е должен да побара од Регула- торната комисија за енергетика изземање од обврската за одобрување на пристап на трета страна. Кон барањето се доставуваат сите неопходни информации и податоци за потребата од одбивање на пристапот, вклучително и за природата и степенот на потешкотиите, како и мерките што ги презема операторот за нивно надминување. (3) Ако врз основа на доставените информации и податоци од ставот (2) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика оцени дека е потребно да се прифати барањето за изземање од обврската за одобрување на пристап на трета страна, донесува образложена одлука, која се заснова на следниве критериуми: 122 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. потребата да се обезбеди конкурентен, транспарентен и недискриминаторен пазар на гас; 2. потребата за исполнување на обврските за јавна услуга за да се обезбеди сигурноста во снабдувањето со гас; 3. положбата на операторот на пазарот на гас и фактичката состојба на конкуренцијата на пазарот; 4. сериозноста на економските и финансиските потешкотии со кои се соочува операто- рот на системот за пренос или дистрибуција на гас или потрошувачите; 5. датумите на потпишување и условите од договорот или договорите, засновани на на- челото „преземи или плати“, вклучувајќи го и степенот до кој тие дозволуваат промени на пазарот; 6. мерките што ги презема операторот на системот за пренос или дистрибуција на гас за надминување на проблемот; 7. нивото на поврзаност на системот за гас со други системи за гас и степенот на инте- ракција на системите и 8. ефектите кои изземањето може да ги има врз примената на одредбите од овој закон во однос на непреченото функционирање на пазарот на гас. (4) Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за одбивање на барањето за изземање од обврската за пристап на трета страна кое се однесува на договори засновани на начелото „преземи или плати“ склучени пред 1 јули 2006 година, ако утврди дека: 1. продажбата на гас не е под нивото на минималните гаранции за преземање, содржани во договорите за купување на гас засновани на начелото „преземи или плати“ или 2. договорите за купување на гас на начелото „преземи или плати“ можат да се прила- годат или 3. барателот е во можност да најде алтернативни решенија. (5) Регулаторната комисија за енергетика одлуката од ставот (3) на овој член веднаш ја доставува, до Секретаријатот на Енергетската заедница, кон која ќе бидат приложени сите податоци и информации врз основа на кои е донесена одлуката. (6) Носители на лиценци за вршење на енергетска дејност во секторот на гас, на кои согласно со одредбите од овој член Регулаторната комисија за енергетика не им дозволила изземање од обврската за пристап на трета страна, се должни да ги прифатат сите барања за пристап и покрај обврските од договорите за купување на гас засновани на начелото „преземи или плати“. Изземање од обврската за обезбедување на пристап на нов интерконективен вод за електрична енергија Член 106 (1) Инвеститорот на нов интерконективен вод за електрична енергија може да побара од Регулаторната комисија за енергетика целосно или делумно привремено изземање од обврската за обезбедување на пристап за трета страна на интерконективниот вод, ако се исполнети следниве услови: 1. инвестицијата во интерконективниот вод да ја зголемува конкуренцијата и сигурнос- та во снабдувањето со електрична енергија; 2. ризикот поврзан со инвестицијата е таков што инвестиција не може да се реализира ако не се овозможи изземање од обврската за пристап на трета страна; 3. интерконективниот вод за кој се бара изземање од обврската за пристап на трета страна мора да биде во сопственост на лице кое е независно, најмалку во својата правна форма, од операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија и 123 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година операторот на електропреносниот систем од засегната договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија на чија територија ќе се гради интерко- нективниот вод (во натамошниот текст: засегната држава); 4. на корисниците на интерконективниот вод да им се наплатува надоместок; 5. од 1 јули 2007 година ниту еден дел од трошоците за инвестирање и работење на ин- терконективниот вод не се надоместени од надоместоците за користење на водот од стра- на на системите за пренос и дистрибуција поврзани на тој вод и 6. изземањето од обврската за овозможување на пристап на трета страна да не влијае врз конкуренцијата и ефикасноста на пазарот на електрична енергија во регионот, како и врз ефикасното функционирање на системот за пренос со кој е поврзан интерконективни- от вод. (2) Барање за изземање од обврската за обезбедување на пристап за трета страна на ин- терконективен вод до Регулаторната комисија за енергетика може да достави и: 1. инвеститор во интерконективен вод за еднонасочна струја, под услов трошоците и ризиците поврзани со инвестициите да се значително повисоки во споредба со вообичае- ните трошоци и ризици за поврзување на два електропреносни системи со интерконекти- вен вод за еднонасочна струја и 2. инвеститор кој инвестира во значително зголемување на капацитетот на постоен ин- терконективен вод. (3) Регулаторната комисија за енергетика, согласно со надлежното регулаторно тело од засегнатата држава, го доставува барањето од ставот (1) односно ставот (2) на овој член до ECRB, а ако засегнатата држава е држава членка на Европската Унија и до ACER. (4) Ако ECRB, а кога е тоа случај и ACER во рок од 60 дена од денот на приемот на ба- рањето од ставот (3) на овој член, достават мислење по однос на барањето, мислењето се зема предвид при донесување на одлуката од ставот (5) на овој член. (5) Во рок од шест месеци од денот на приемот на барањето од ставовите (1) и (2) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика во соработка со надлежното регулаторно тело на засегнатата држава донесува одлука за одобрување или одбивање на барањето, при што особено се има предвид: 1. потребата од ограничено времетраење на изземањето; 2. недискриминаторниот пристап до интерконективниот вод; 3. времетраењето на изградбата на интерконективниот вод; 4. сите дополнителни капацитети што треба да бидат изградени или постојните капаци- тети што треба да бидат надградени и 5. состојбите на пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија, за- сегнатата држава и регионот. (6) Одлуката од ставот (5) на овој член, содржи детално образложение за причините за одобрувањето или за одбивање на изземањето, а особено: 1. причините за одобрување или одбивање на изземањето, како и финансиските подато- ци со кои се оправдува потребата за изземање; 2. анализа за влијанието на донесената одлука и за последиците што ќе произлезат од одлуката врз конкуренцијата и врз делотворното функционирање на пазарот на електрич- на енергија; 3. причините поради кои е определен временскиот период во кој ќе се применува иззе- мањето и делот од вкупниот капацитет на интерконективниот вод за кој е одобрено иззе- мањето и 4. резултатот од консултациите на Регулаторната комисија за енергетика со надлежното регулаторно тело на засегнатата држава. 124 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (7) Пред да биде донесена одлуката од ставот (5) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика во соработка со надлежното регулаторно тело од засегнатата држава ги ут- врдуваат правилата и механизмите за управување и доделување на капацитетот на интер- конективниот вод, при што во правилата се пропишува начинот на кој: 1. неискористениот капацитет ќе се понуди на пазарот и 2. корисниците на веќе закупениот капацитет ќе ги понудат своите договорени капаци- тети на секундарниот пазар. (8) Одлуката од ставот (5) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика ја доста- вува до ECRB и Секретаријатот на Енергетската заедница, а ако засегнатата држава е држава членка на Европската Унија и до ACER и Европската комисија. (9) Регулаторната комисија за енергетика ја објавува одлуката од ставот (5) на овој член, во согласност со членот 67 став (4) од овој закон. (10) Ако во рокот од ставот (5) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика по барањето од ставовите (1) и (2) на овој член не донесе одлука заради не добиена соглас- ност од страна на надлежното регулаторно тело на засегнатата држава или заради тоа што заедно со надлежното регулаторно тело на засегнатата држава побарано е одлуката за из- земање да ја донесе ECRB односно ACER, се применува одлуката за изземање донесена од ECRB односно ACER. (11) Регулаторната комисија за енергетика учествува во консултациите за донесување на одлуката од ставот (10) на овој член, на барање на ECRB односно ACER. Изземање од обврската за обезбедување на пристап на нова инфраструктура за гас Член 107 (1) Операторот на нов интерконективен вод за гас или на друг голем инфраструктурен објект за гас (во натамошниот текст:инфраструктура) може да поднесе барање до Регула- торната комисија за енергетика, за одреден временски период инфраструктурата да биде изземена од примената на одредбите од овој закон со кои се уредува пристапот на трета страна до инфраструктурата. (2) Регулаторната комисија за енергетика го одобрува барањето од ставот (1) на овој член, ако: 1. инвестицијата во инфраструктурата ја зголемува конкуренцијата во снабдувањето со гас и ја подобрува сигурноста во снабдувањето; 2. ризикот поврзан со инвестицијата е таков што инвестицијата нема да биде реализира- на ако не се овозможи изземање од обврската за овозможување на пристап на трета страна; 3. инфраструктурата е во сопственост на лице кое е независно, барем во неговата прав- на форма, од операторите на системите за гас во чии системи ќе биде изградена инфрас- труктурата; 4. корисниците ќе плаќаат надоместок за користење на инфраструктурата и 5. изземањето не влијае врз конкуренцијата и ефикасноста на функционирање на паза- рот на гас или врз ефикасното функционирање на регулираниот систем со кој е поврзана инфраструктурата. (3) Изземањето од ставот (1) на овој член, се применува и во случаи на значително зго- лемување на капацитетот и надградба на постојната инфраструктура за гас, со што се овозможува развој на нови извори за снабдување со гас. (4) Регулаторната комисија за енергетика секое барање за изземање веднаш го доставу- ва до Секретаријатот на Енергетската заедница. 125 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука по барањето за изземање од обврската за обезбедување на пристап на трета страна за секој поединечен случај од ставо- вите (1) и (2) на овој член. (6) Во зависност од видот на инфраструктурата, при одлучувањето по барањето за иззе- мање може да се определат посебни услови во однос на траењето на изземањето и на не- дискриминацијата во пристапот кон инфраструктурата, при што Регулаторната комисија за енергетика ги има предвид: 1. дополнителните капацитети што треба да бидат изградени; 2. зголемувањето или надградбата на постојната инфраструктура; 3. времетраењето на проектот и 4. состојбите на пазарот на гас во Република Северна Македонија и во регионот. (7) Операторот на инфраструктурата за гас за која е одобрено изземање од обврската за пристап на трета страна е должен, пред одобрувањето на изземањето, да ги утврди и на Регулаторната комисија за енергетика да и ги достави на одобрување правилата за управу- вање и доделување на капацитетите со кои особено се утврдува: 1. обврската на потенцијалните корисници да искажат интерес за договорен капацитет пред да се започне доделувањето на капацитетите на инфраструктурата; 2. обврска за понуда на неискористените капацитети и 3. правото на корисниците на инфраструктурата да тргуваат со неискористениот капа- цитет на секундарниот пазар. (8) Регулаторната комисија за енергетика е должна да го достави предлогот на одлуката за одобрување на изземањето до Комисијата за заштита на конкуренцијата. (9) Регулаторната комисија за енергетика одлуката од ставот (5) на овој член заедно со образложение веднаш ја доставува до Секретаријатот на Енергетската заедница. Образло- жението на одлуката особено содржи: 1. причините врз основа на кои Регулаторната комисија за енергетика го одбила, однос- но го одобрила барањето за изземање од ставот (5) на овој член, вклучувајќи ги и финан- сиските податоци што ја оправдуваат потребата од изземање; 2. анализата на влијанието на одобрувањето на изземањето врз конкуренцијата и ефи- касното функционирање на пазарот на гас; 3. причините поради кои е определен временскиот период во кој ќе се применува иззе- мањето и определувањето на делот од вкупниот капацитет на водот за кој е одобрено иззе- мањето; 4. резултатот од консултациите на Регулаторната комисија за енергетика со надлежното регулаторно тело на другата засегната држава, во случаите кога изземањето се однесува на интерконективен вод за гас и 5. придонесот на инфраструктурата за диверзификацијата во снабдувањето со гас. (10) Регулаторната комисија за енергетика е должна по барање на Секретаријатот на Енергетската заедница да достави дополнителни информации во врска со доставената од- лука од ставот (5) на овој член. (11) Ако во рокот определен од Секретаријатот на Енергетската заедница, Регулаторна- та комисија за енергетика не ги достави побараните дополнителни информации, ќе се сме- та дека одлуката за изземањето заедно со придружната документација е повлечена од страна на Регулаторната комисија за енергетика, освен ако Регулаторната комисија за енергетика потврди дека придружната документација е доставена во целост. (12) Регулаторната комисија за енергетика е должна во рок од 30 дена од денот на прие- мот на мислењето од Секретаријатот на Енергетската заедница да постапи во согласност со мислењето и за тоа да го извести ECRB, како и да ја објави одлуката во „Службен вес- ник на Република Северна Македонија“. 126 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (13) Ако инфраструктурата не почнала да се гради во рок од две години или ако не биде ставена во употреба во рок од пет години од денот на доставување на мислењето од Сек- ретаријатот за Eнергетската заедница со кое се дава согласност на одлуката за одобрување на изземањето, Регулаторната комисија за енергетика бара ново мислење или продолжува- ње на важењето на постојното мислење од Секретаријатот на Енергетската заедница до- колку одлагањето на почнувањето на градбата или ставањето во употреба на инфраструк- турата настанало поради причини што се надвор од контролата на лицето на кое му било одобрено правото на изземање од обврската за обезбедување на пристап на трета страна. ОСМИ ДЕЛ ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ГЛАВА I ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Пазари на електрична енергија Член 108 (1) Пазарот на електрична енергија вклучува: 1. пазар на електрична енергија на големо; 2. пазар на електрична енергија на мало; 3. пазар на балансна енергија и 4. долгорочен пазар. (2) Пазарот на електрична енергија на големо вклучува: 1. пазар со билатерални договори и 2. организиран пазар. (3) Пазарот на електрична енергија со билатерални договори е пазар на кој набавката и продажбата на електричната енергија се врши директно помеѓу учесниците на пазарот на електрична енергија преку билатерален договор за купопродажба на електрична енергија. (4) Организираниот пазар на електрична енергија е пазар ден однапред и пазар во те- ковниот ден, на кој набавката и продажбата на електрична енергија меѓу учесниците на пазарот на електрична енергија се врши преку берзата за електрична енергија. (5) Пазарот на електрична енергија на мало вклучува купопродажба на електрична енергија помеѓу снабдувачите со електрична енергија и нивните потрошувачи кои не се учесници на пазарот на електрична енергија на големо. (6) Тргувањето со електрична енергија на пазарите на електрична енергија од ставот (1) на овој член, се врши слободно и врз основа на економските интереси на секој учесник на пазарот. (7) Со примена на начелата на транспарентност и недискриминација:

  6. 1.Операторот на пазарот на електрична енергија го управува пазарот со билатерални договори;

  7. 2. Операторот на организиран пазар го организира и управува организираниот пазар и

  8. 3.Операторот на електропреносниот систем го организира и управува пазарот на балан- сна енергија. 127 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Начела за работењето на пазарите на електрична енергија Член 109 Регулаторната комисија за енергетика, операторот на електропреносниот систем, опера- торот на електродистрибутивниот систем, операторот на пазарот на електрична енергија, операторот на организиран пазар и НEMO обезбедувaат работењето на пазарите на елек- трична енергија да се врши согласно следниве правила: 1. формирање на цени врз основа на побарувачката и понудата и спречување на актив- ности кои го оневозможуваат формирањето на цените врз основа на побарувачката и по- нудата; 2. овозможување на зголемена конкуренција на пазарот на електрична енергија на мало; 3. активно учество на потрошувачите на пазарот на електрична енергија; 4. заштита на учесниците на пазарот од ризиците од нестабилноста на цените и ублажу- вање на неизвесноста од повратот на инвестицијата преку овозможување на тргување на долгорочни производи на берзите на транспарентен начин и овозможување долгорочните договори за снабдување со електрична енергија да се преговараат надвор од берзата во согласност со прописите со кои се уредува заштитата на конкуренцијата; 5. учество на пазарот на електрична енергија на корисниците на електропреносниот и електродистрибутивниот систем преку агрегација и/или управување преку побарувачката; 6. ефикасно диспечирање на производните постројки, складиштата на електрична енер- гија и управување преку побарувачката; 7. одговорност на производителите за преземените обврски во однос на продажбата на електричната енергија што ја произведуваат; 8. рамноправно учество на пазарот на производителите на електрична енергија од об- новливи извори на енергија, операторите на складиштата и управување преку побарувач- ката, врз основа на проценката за економската и финансиската исплатливост на нивното работење; 9. регионална соработка во остварување на прекуграничниот тек и прекуграничните трансакции на електричната енергија со договорните страни на Енергетската заедница и државите членки од Европската унија, имајќи ги предвид ефектите на краткорочните и долгорочните продукти на пазарите на електрична енергија; 10. развој на производни капацитети со кои се зголемува флексибилноста на системите за пренос и дистрибуција, развој на производни капацитети со намалени емисии на стакле- нички гасови, како и развој на пофлексибилна побарувачка и 11. декарбонизација на електроенергетскиот систем, а со тоа и на економијата, преку овозможување на интеграција на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија, складирање на електрична енергија, управување преку побарувачката како и преку обезбедување стимулации за енергетска ефикасност вклучително и развој на демон- страциони проекти во одржливи, безбедни и ниско-јаглеродни извори на енергија, техно- логии или системи, како и непречена реализација на мерките за поддршка во капацитети за производство на електрична енергија, особено за долгорочни инвестиции со кои се ос- тваруваат целите за декарбонизација на електроенергетскиот систем. Организиран пазар на електрична енергија Член 110 (1) Организираниот пазар на електрична енергија: 128 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1.е организиран на транспарентен и недискриминаторен начин, кој обезбедува индиви- дуален или заеднички пристап на учесниците на пазарот, како и заштита на доверливоста на деловно чувствителните информации и идентитетот при тргување со електричната енергија; 2. овозможува учесниците на пазарот да ги намалат отстапувањата и да учествуваат во меѓузонската трговија што е можно поблиску до реалното време низ сите зони на наддава- ње при што периодот за порамнување на отстапувањата е 15 минути; 3. обезбедува пазарни цени што ја одразуваат вредноста на електричната енергија во реално време кои ги штитат учесниците на пазарот од ризици при склучување на договори за долгорочни производи и определување на цените за регулираните услуги; 4. обезбедува оперативна сигурност со што се овозможува максимално користење на преносниот капацитет; 5. обезбедува еднаков третман на тргувањата во зоната на наддавање и меѓу зоните на наддавање и 6. е организиран на начин кој ќе обезбеди сите учесници на пазарите да имаат можност да пристапат на пазарот поединечно или преку агрегација. (2) Тргувањето на организираниот пазар на електрична енергија се врши согласно пра- вилата за работа на организираниот пазар на електрична енергија кои ги изготвува и доне- сува операторот на организиран пазар, по претходно одобрување од Регулаторната коми- сија за енергетика. Технички ограничувања за формирање на понудите на организираниот пазар на електрична енергија Член 111 (1) Понудите кои ги доставуваат учесниците на пазарот на електрична енергија на голе- мо не можат да бидат предмет на максимални или минимални ограничувања. (2) Одредбата од ставот (1) на овој член, се применува и на цените на електричната енергија во сите временски рамки и цените за порамнувањето на отстапувањата на балан- сно одговорните страни. (3) НEMO применува ограничувања на максималните и минималните цени на клирин- гот на пазарот ден однапред и пазарот во тековниот ден, кои треба да: 1. не предизвикуваат непотребни ограничувања во трговијата со електрична енергија во Република Северна Македонија, регионот и Европската Унија и 2. ја имаат предвид вредноста на неиспорачаната електрична енергија. (4) НEMO ги применува усогласени ограничувања на максималните и минималните постигнати цени во временската рамка ден однапред и во текот на денот во согласност со TCM одобрена од ACER од членот 124 став (2) точка 4 од овој закон. Ограничувањата треба да бидат усогласени за внатрешниот пазар, да ја земат предвид максималната вред- ност на неиспорачаната енергија и со нив непотребно да не се ограничува трговијата. НEMO спроведува транспарентен механизам за навремено автоматско приспособување на техничките ограничувања на тргување во случај да се очекува да се достигнат поставените граници. Прилагодените повисоки граници остануваат применливи додека нема дополни- телни зголемувања на механизамот за навремено автоматско приспособување на технич- ките ограничувања на тргување. (5) Во случаите од ставот (3) на овој член, НEMO го известува операторот на електроп- реносниот систем за висината на ограничувањата. 129 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Во случаите од ставот (4) на овој член, операторот на електропреносниот систем не презема никакви мерки кои би довеле до промена на цените на пазарот на електричната енергија на големо. (7) Регулаторната комисија за енергетика ги идентификува политиките, прописите и мерките што се применуваат, а што можат да предизвикаат индиректно ограничување на формирањето на цените на пазарот на електричната енергија на големо, вклучително и ог- раничување на понудите поврзани со активирање на енергијата за балансирање, механиз- мите за обезбедување на моќност, мерките што ги презема операторот на електропренос- ниот систем, мерките наменети за оспорување на пазарните резултати, мерките за спречу- вање на злоупотребата на доминантна позиција на пазарот, како и мерките за редефинира- ње на неефикасно дефинираните зони за наддавање. (8) Ако Регулаторната комисија за енергетика идентификувала политика, пропис или мерка што би можела да го ограничи формирањето на цените на пазарот на електричната енергија на големо, презема соодветни активности за отстранување или ако не е можно, за ублажување на влијанието на таа политика, пропис или мерка врз трговијата со елек- трична енергија и за тоа го известува Министерството. (9) Министерството доставува извештај до Секретаријатот на Енергетската заедница со детален опис и образложение за преземените и планираните мерки и активности за отстра- нување или ублажување на влијанието на политиките, прописите или мерките од ставот (7) на овој член. Вредност на неиспорачаната електрична енергија Член 112 (1) За потребите на поставувањето на критериумот за доверливост од членот 22 од овој закон, Регулаторната комисија за енергетика ја определува вредноста на неиспорачаната електрична енергија за територијата на Република Северна Македонија. (2) Ако вредноста на неиспорачаната електрична енергија се однесува на зона на надда- вање, Регулаторната комисија за енергетика ја определува единствената проценка на вред- носта на неиспорачаната енергија во согласност со регулаторните тела или други надлеж- ни органи во договорните страни на Енергетската заедница или државите членки на Ев- ропската Унија кои припаѓаат на зоната на прекугранично наддавање. (3) Определувањето на вредноста на неиспорачаната електрична енергија од ставовите (1) и (2) на овој член, се врши со примена на методологијата развиена од ENTSO-E и одобрена од ACER. (4) Регулаторната комисија за енергетика на секои пет години, а ако е потребно и по- често, ја ажурира проценката на вредноста на неиспорачаната електрична енергија. (5) Регулаторната комисија за енергетика вредноста на неиспорачаната електрична енергија ја објавува на својата веб-страница. Учесници на пазарот на електрична енергија на големо Член 113 (1) Учесници на пазарот на електрична енергија на големо се: 1. производителите на електрична енергија; 2. трговците со електрична енергија; 3. снабдувачите со електрична енергија, вклучително и универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај; 130 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. потрошувачите на електрична енергија, освен домаќинствата и малите потрошувачи; 5. оператор на организираниот пазар на електрична енергија; 6. номиниран оператор на организираниот пазар на електрична енергија - НEMO; 7. операторот на електропреносниот систем; 8. операторот на електродистрибутивниот систем; 9. операторот на затворениот електродистрибутивен систем; 10. операторот на пазарот на електрична енергија; 11. оператор на складиште за електрична енергија и 12. агрегаторите. (2) Учесниците на пазарот на електрична енергија од ставот (1) од овој член, се должни на операторот на електропреносниот систем, операторот на електродистрибутивниот сис- тем, како и на операторот на пазарот на електрична енергија, да им ги достават сите пот- ребни податоци во согласност со мрежните правила за пренос на електрична енергија, мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и правилата за регистрација за учество на пазар на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори. (3) Секој учесник на пазарот на електрична енергија од ставот (1) на овој член, е дол- жен да ја регулира својата балансна одговорност. Оператор на пазарот на електрична енергија Член 114 (1) Оператор на пазарот на електрична енергија е друштво кое ги врши работите што се однесуваат на ефикасното функционирање и развојот на пазарот со билатерални договори и го воспоставува и организира работењето на организираниот пазар на електрична енер- гија. (2) Операторот на пазарот на електрична енергија, е должен, во согласност со овој за- кон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон, да врши: 1. управување со пазарот на електрична енергија со билатерални договори; 2. пресметка на дебалансите на балансно одговорните страни и предлог пресметка за трошокот за дебалансите согласно со месечниот пазарен план и конечниот дневен распо- ред, мерењето на електрична енергија, активните количини на услугите за балансирање за секој давател на услуга за балансирање и цената на порамнување добиенa од операторот на електропреносниот систем и операторот на електродистрибутивниот систем; 3. навремено доставување на сите информации потребни за изработка на конечните дневни распореди за купување и продажба на електрична енергија во Република Северна Македонија до операторот на електропреносниот систем; 4. водење на евиденција на сите договори за учество на пазарот, склучени со учесници- те на пазарот на електрична енергија; 5. водење на евиденција на сите договори за формирање на балансни групи склучени помеѓу учесниците на пазарот на електрична енергија и операторот на пазарот на елек- трична енергија; 6. изработка на дневен и месечен пазарен план; 7. водење на регистар на учесниците на пазарот; 8. објавување на информации кои се неопходни за непречено организирање и управува- ње на пазарот на електрична енергија; 9. навремено доставување до операторот на електропреносниот систем на сите инфор- мации за регистрираните учесници на пазарот на електрична енергија; 131 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 10. следење на работата на снабдувачите во однос на нивното учество на пазарот на ма- ло и презема активности за отстранување на евентуалните недостатоци кои влијаат на си- гурноста во снабдувањето и цената на електричната енергија; 11. обезбедување на потребните информации за снабдувачот со електрична енергија во краен случај и 12. други работи утврдени со закон. (3) Операторот на пазарот на електрична енергија не смее да тргува со електрична енер- гија, освен во случај на тргување со електрична енергија произведена од повластени про- изводители кои согласно закон со кој се уредени обновливите извори на енергија користат повластена тарифа. (4) Операторот на пазарот на електрична енергија го овозможува тргувањето со га- ранции за потекло согласно закон со кој се уредени обновливите извори на енергија. (5) Операторот на пазарот на електрична енергија води Регистар на гаранции за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори, во кој ги запишува сите изда- дени, пренесени и укинати или поништени гаранции за потекло согласно закон со кој се уредени обновливи извори на енергија. (6) Операторот на пазарот на електрична енергија соработува со операторите на пазари- те на електрична енергија на други држави и сите регионални и меѓународни организации и асоцијации. (7) Операторот на пазарот на електрична енергија и операторот на електропреносниот систем водат евиденција за трансакциите за физичката испорака на електрична енергија, кои се уредуваат со правилата за регистрација на учество на пазар на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори. (8) Регулаторната комисија за енергетика може да одлучи да овозможи увид на учесни- ците на пазарот на електрична енергија во информациите од ставот (7) на овој член, под услов деловно чувствителните информации за поединечните учесници на пазарот или за поединечни трансакции да не бидат откриени. Раздвојување на дејностите Член 115 (1) Друштвото кое поседува лиценца за вршење на дејноста организација и управување со пазарот на електрична енергија не може да биде носител на лиценца и не може да учес- твува во производството, складирањето, преносот на електричната енергија и управување- то со електропреносниот систем, дистрибуцијата, трговијата, снабдувањето со електрична енергија. (2) Во случај кога операторот на пазарот на електрична енергија е во сопственост на операторот на електропреносниот систем, операторот на пазарот на електрична енергија jа обезбедува својата функционална независност од операторот на електропреносниот сис- тем во поглед на правната форма, организацијата и одлучувањето согласно програмата од членот 135 од овој закон. (3) Со цел да се обезбеди независност на операторот за пазар на електрична енергија исто лице или лица немаат право во исто време: 1. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со друш- тво што врши дејности производство, складирање, снабдување или трговија со електрична енергија и во исто време директно или индиректно да управуваат или остваруваат друго право во операторот на пазарот на електрична енергија; 132 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со опера- торот на пазарот на електрична енергија и во исто време директно или индиректно да уп- равуваат или остваруваат друго право во друштво што врши дејности производство, скла- дирање, снабдување или трговија со електрична енергија; 3. да именуваат членови на орган на надзор, орган на управување на операторот на па- зарот на електрична енергија и во исто време директно или индиректно да управуваат или остваруваат друго право во друштво што врши дејности производство, складирање, снаб- дување или трговија со електрична енергија и 4. да биде член на орган на надзор, на орган на управување или на некое од телата кои законски го застапуваат операторот на пазарот на електрична енергија и во исто време да биде член на соодветен орган или тело во друштво што врши дејности производство, скла- дирање, снабдување или трговија со електрична енергија. Правила за регистрација за учество на пазар на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори Член 116 (1) Операторот на пазар на електрична енергија, во соработка со операторот на елек- тропреносниот систем подготвува и по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, донесува правила за регистрација на учество на пазар на електрична енерги- ја и уредување на пазарот на билатерални договори, засновани на начелата на транспарен- тност, недискриминација и конкурентност. (2) Правилата од ставот (1) на овој член, треба да : 1. овозможат поттикнување на слободно формирање на цените и избегнување актив- ности со кои се спречува формирањето на цените да биде врз основа на побарувачката и понудата; 2. создадат развој на производни капацитети со кои се зголемува флексибилноста на системите за пренос и дистрибуција, развој на производни капацитети со намалени еми- сии на стакленички гасови, како и развој на пофлексибилна побарувачка; 3. обезбедат декарбонизација на електроенергетскиот систем, а со тоа и на економијата, преку овозможување на интеграција на електричната енергија од обновливи извори на енергија и преку обезбедување стимулации за енергетска ефикасност; 4. обезбедат непречена реализација на мерките за поддршка во капацитети за производ- ство на електрична енергија, особено за долгорочни инвестиции со кои се остваруваат це- лите за декарбонизација на електроенергетскиот систем, складирање на енергија, енергет- ска ефикасност и одговор на побарувачката за да се задоволат потребите на пазарот и да се олесни фер конкуренцијата со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето; 5. создадат регионална соработка; 6. поттикнат развој на демонстрациони проекти во одржливи, безбедни и ниско-јагле- родни извори на енергија, технологии или системи; 7. овозможат ефикасно диспечирање на производните единици, складиштата на елек- трична енергија и управување преку одговор на побарувачката; 8. обезбедат слободен влез и излез на производител на електрична енергија, оператор на складиште и управување со потрошувачката на електрична енергија врз основа на нив- ната проценка за економската и финансиската исплатливост на нивното работење; 9. овозможат олеснување на трговијата со енергетски производи помеѓу договорните страни на Енергетската заедница и држави членки на Европската унија и ги имаат предвид ефектите на краткорочните и долгорочните продукти на пазарите на електрична енергија и 133 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 10. овозможат заштита на учесниците на пазарот од ризиците од нестабилноста на це- ните и ублажување на неизвесноста од повратот на инвестицијата преку овозможување на тргување на долгорочни производи на берзите на транспарентен начин и овозможување долгорочните договори за снабдување со електрична енергија да се преговара надвор од берзата во согласност со Законот за заштита на конкуренција. (3) Со правилата од ставот (1) на овој член, особено се уредуваат: 1. постапка за регистрација за учество на пазарот на електрична енергија на големо; 2. условите кои треба да ги исполнат учесниците на пазарот на електрична енергија; 3. елементите на договорите за учество на пазарот на електрична енергија; 4. формата, содржината и начинот на водење на регистарот за учесници на пазар на електрична енергија на големо; 5. функционирањето на пазарот на електрична енергија на билатерални договори; 6. воспоставувањето, организирањето и контролата на тргувањето со електрична енер- гија, вклучувајќи го и прекуграничното тргување, во согласност со обврските од членува- њето во меѓународните организации; 7. одговорностите на балансно одговорните страни, вклучувајќи го и склучувањето на договорите за балансна одговорност; 8. формата, содржината и начинот на водење регистар на балансно одговорни страни; 9. начинот на пресметка на дебалансите помеѓу номинираните и реализираните тран- сакции врз основа на мерењата направени од страна на операторот на електропреносниот систем и операторот на електродистрибутивниот систем; 10. финансиското порамнување со балансно одговорната страна; 11. начинот и постапката на формирање на балансна група; 12. формата, содржината и начинот на водење регистар на балансни групи; 13. откупот на електричната енергија од повластените производители кои користат пов- ластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и нејзина продажба, како и начинот на уредување на правата и обврските на операторите на електропреносниот и електродистрибутивниот систем и повластените производители на електрична енергија и 14. преземање на пропишаните мерки кон учесниците на пазарот во случај на неиспол- нување на нивните обврски. (4) Во правила за регистрација за учество на пазар на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори, во постапката за регистрација за учество на пазарот на електрична енергија на големо во која барател е производител на електрична енергија од обновливи извори се пропишуваат покуси рокови, поедноставени услови и докази за исполнување на условите, како и пониски надоместоци во однос на пропишаните за дру- гите учесници на пазарот. Надоместоци за користење на пазарот на електрична енергија Член 117 (1) Операторот на пазарот на електрична енергија на учесникот на пазар му го пресме- тува и фактурира надоместокот за користење на пазарот на електрична енергија врз осно- ва на најавените трансакции, со примена на тарифата утврдена во одлуката што ја донесу- ва Регулаторната комисија за енергетика, согласно член 62 од овој закон. (2) Надоместокот за користење на пазарот на електрична енергија го плаќаат снабдува- чите и трговците за најавените трансакции за крајна потрошувачка или крајните потрошу- вачи за најавени трансакции за сопствени потреби кога не набавуваат електрична енергија од снабдувачи или трговци регистрирани на пазарот на електрична енергија на големо. 134 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Снабдувачите и трговците надоместокот за користење на пазарот на електрична енергија го наплаќаат од потрошувачите со кои имаат склучено договори за снабдување, односно продажба на електрична енергија. (4) Операторот на електропреносниот систем и операторот на електродистрибутивниот систем плаќаат надоместок за користење на пазарот на електрична енергија кога купуваат електрична енергија за покривање на загубите и за сопствени потреби. Оператор на организиран пазар на електрична енергија Член 118 (1) Оператор на организиран пазар на електрична енергија е друштво кое ги врши рабо- тите што се однесуваат на ефикасното функционирање и развојот на организираниот пазар на електрична енергија. (2) Операторот на организираниот пазар на електрична енергија, е должен, во соглас- ност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон, да врши: 1. склучување договори со учесниците на организираниот пазар на електрична енер- гија, со операторот на електропреносниот систем и со другите НEMO и оператори на елек- тропреносни системи во договорните страни на Енергетската заедница и држави членки на Европска Унија, со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски, начинот на обезбе- дување на доверливоста на податоците за трансакциите на пазарот, како и објавувањето на податоците што се неопходни за функционирање на пазарот; 2. имплицитна аукција на преносни капацитети; 3. креирање криви на понуда и побарувачка на електрична енергија и 4. финансиско порамнување со учесниците на организираниот пазар согласно склуче- ните договори и добиените резултати од спојувањето на пазарите ден однапред и во теков- ниот ден. Номиниран оператор на пазар на електрична енергија Член 119 (1) Операторoт на организиран пазар за електрична енергија од членот 118 од овој за- кон, назначен од Владата како НEMO, има ексклузивно право да управува со организира- ниот пазар на електрична енергија во Република Северна Македонија доколку ги исполну- ва условите пропишани во уредбата од ставот (2) од овој член. (2) Владата, по претходно добиено мислење од Регулаторната комисија за енергетика, донесува уредба со која поблиску ги уредува потребните правни, технички, кадровски и финансиски услови што треба да ги исполни НEMO, а особено: 1. утврдените права и обврски од договорот за основање на Енергетската заедница и од правото на Европската унија, кои се однесуваат на НEMO во договорните страни на Енер- гетска заедница и државите членки на Европска Унија; 2. информатичка технологија, техничка инфраструктура и оперативни постапки потреб- ни за спојување на пазарите на електрична енергија ден однапред и во тековниот ден; 3. вработени лица од областите на електротехника, машинство или економија и 4. финансиски средства и гаранции за обезбедување од изложеност на ризик при спро- ведување на своите активности и обезбедување на потребни услуги во однос на финансис- ко порамнување и плаќање. 135 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) На секои четири години, Регулаторната комисија за енергетика, по службена долж- ност оценува дали операторот на организиран пазар за електрична енергија назначен како НEMO ги исполнува условите пропишани во уредбата од ставот (2) од овој член и за тоа ја известува Владата. (4) Доколку Регулаторната комисија за енергетика утврди дека операторот на организи- ран пазар на електрична енергија од член 118 од овој закон ги исполнува условите пропи- шани во уредбата од ставот (2) од овој член, доставува позитивно мислење и ѝ предлага на Владата да донесе одлука за потврдување на назначување на операторот на организиран пазар на електрична енергија за НEMO. (5) Во случаите од ставот (4) на овој член Владата го потврдува назначувањето на опе- раторот на организиран пазар на електрична енергија од член 118 од овој закон, за единствен НEMO на територијата на Република Северна Македонија. (6) Операторот од ставот (5) на овој член нема право да нуди услуги на пазари за елек- трична енергија во други држави. (7) За исполнување на своите обврски како НEMO, операторот на организиран пазар на електрична енергија од членот 118 од овој закон по претходно одобрување од Регулатор- ната комисија за енергетика, утврдува надоместок за регистрација и донесува тарифа за тргување на организираниот пазар на електрична енергија. (8) Ако при оценката од ставот (3) од овој член Регулаторната комисија за енергетика, утврди дека операторот на организиран пазар на електрична енергија не ги исполнува ус- ловите од уредбата од ставот (2) на овој член, ѝ предлага на Владата да распише оглас за пријавување на заинтересирани кандидати, кои се веќе назначени за НEMO во договорни- те страни на Енергетската заедница или држава- членка на Европската Унија. НEMO од друга држава Член 120 (1) Владата по исклучок на членот 119 став (4) од овој закон, може да одобри повеќе од еден НEMO да нуди услуги за извршување на задачите поврзани со спојување на пазарите на електрична енергија ден однапред или во тековниот ден во Република Северна Македо- нија, во постапка утврдена со членот 119 став (8) од овој закон. (2) Во постапката од ставот (1) на овој член Владата: - обезбедува еднаков третман на домашните и странските лица или - одобрува еден или повеќе НEMO назначен во една од договорните страни на Енергет- ската заедница или во држава членка на Европската Унија да може да нуди услуги за тргу- вање на организираниот пазарот на електрична енергија во Република Северна Македони- ја ден однапред или во тековниот ден без да биде назначен за НEMO во Република Север- на Македонија. (3) По донесување на одлука за избор во постапката од ставот (1) на овој член од Вла- дата, Регулаторната комисија за енергетика го запишува НEMO, во регистарот на стран- ски лица од членот 75 од овој закон. (4) НEMO избран во постапката од ставот (2) на овој член, должен е да ги применува правилата за тргување во Република Северна Македонија. (5) Регулаторната комисија за енергетика го следи работењето на сите НEMO, кои вр- шат спојување на пазарите ден однапред и во тековниот ден во Република Северна Маке- донија и разменува информации за нивното работење со регулаторните тела на договорни- те страни на Енергетската заедница или во држава членка на Европската Унија. 136 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Владата во постапката за назначување, нема да назначи НEMO, доколку понудата е доставена од НEMO назначен во некоја од договорните страни на Енергетската заедница или во држава членка на Европската Унија, а при тоа: 1. постојат технички пречки електричната енергија купена на кој било пазар ден однап- ред и во тековниот ден да биде испорачана на организираниот пазар на електрична енер- гија во Република Северна Македонија; 2. правилата за работа на пазарот ден однапред и во тековниот ден во Република Север- на Македонија не се компатибилни со правилата донесени во земјата каде што е назначен за НEMO или 3. е назначен за НEMO во договорна страна на Енергетската заедница или во држава членка на Европската Унија како законски монопол. (7) Во случаите од ставот (6) на овој член Владата ги известува понудувачот НEMO, регулаторното тело на државата каде што е назначен, како и ECRB и Секретаријатот на Енергетската заедница односно ACER и Европската Комисија доколку се работи за НEMO назначено во држава членка на Европската Унија. (8) Одлуката од ставот (6) на овој член треба да биде образложена. (9) Доколку на НEMO назначен во договорна страна на Енергетската заедница или на држава членка на Европската Унија не му се дозволи да нуди услуги во Република Север- на Македонија, Владата за тоа го известува канидидатот НEMO, регулаторното тело на државата каде што е назначен, како и ECRB односно ACER доколку се работи за НEMO назначено во држава членка на Европската Унија. Владата во известувањето ги наведува причините, а доколку причините се од ставот (6) точки 1 и 2 на овој член, утврдува како и до кога може да се надминат техничките пречки за тргување или да се изврши усогласува- њето со правилата во државата во којашто е назначен операторот на организиран пазар. Неисполнување на условите на НEMO Член 121 (1) При новонастанати факти и околности пред истекот на рокот од лиценцата или при оценката од член 119 став (3) од овој закон, доколку Регулаторната комисија за енергетика утврди дека НEMO не исполнува некои од условите утврдени во уредбата од членот 119 став (2) од овој закон и предлага на Владата да донесе одлука, со која ќе му наложи на НEMO да ги отстрани недостатоците. (2) Доколку Регулаторната комисија за енергетика утврди дека НEMO во рок од три ме- сеци од денот на приемот на одлуката од ставот (1) на овој член, не ги отстрани недостато- ците наведени во одлуката, ѝ предлага на Владата да донесе одлука за одземање на стату- сот на НEMO и да започне нова постапка согласно членот 119 став (8) од овој закон за назначување на нов НEMO, за што го известува ECRB. (3) Во случајот од ставот (2) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика започ- нува постапка по службена должност за одземање на лиценцата на операторот на органи- зираниот пазар на електрична енергија, согласно член 85 од овој закон и за одлуката го известува регулаторното тело на државата каде што е назначен, како и ECRB односно ACER доколку се работи за НEMO назначено во држава членка на Европската Унија. Спојување на организираните пазари на електрична енергија Член 122 (1) НEMO во соработка со операторот на електропреносниот систем, го спроведува единственото спојување на пазарите на електрична енергија ден однапред и во тековниот ден преку примање на налози од учесниците на пазарот и спарување и доделување на на- 137 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година лозите во согласност со резултатите од спојувањето ден однапред и во тековниот ден , об- јавувањето на цените, клирингот и финансиското порамнување, по договорите кои произ- легуваат од тргувањето, во согласност со важечките спогодби и прописите што се задол- жителни за учесниците на пазарот. (2) Во однос на единственото спојување на пазарите на електрична енергија ден однап- ред и во тековниот ден, НEMO: 1. ја врши функцијата на оператор на пазарно спојување во соработка со други НEMO; 2. ги спроведува барањaта за единствено спојување ден однапред и во тековниот ден, барањата за вршење на функцијата на оператор на пазарно спојување и за алгоритамот за ценовно спојување на пазарите и алгоритмите за континуирано тргување, како и сите пра- шања поврзани со функционирањето на спојувањето на пазарите на електрична енергија; 3. ги применува највисоките и најниските цени утврдени на регионално ниво усогласе- ни со највисоките и најниските цени на внатрешниот пазар на електрична енергија на Ев- ропската унија; 4. обезбедува производите кои се резултат на алгоритамот за пазарно спојување да се изразени во евра и ќе ги референцира на пазарното време.; 5. обезбедува анонимност и споделување на добиените информации за налозите кои се потребни за вршење на работите на оператор на пазарно спојување на пазарот ден однап- ред и во тековниот ден; 6. ги оценува резултатите кои се добиени при пазарното спојување и доделува налози врз основа на тие резултати, ги потврдува како конечни резултатите кои се сметаат дека се точни, доставува известување за тие резултати до сите оператори на електропреносните системи, изведувачи на координираната пресметка на капацитети и сите НEMO во зоната на наддавање, како и презема одговорност за тие резултати; 7. ги известува без одлагање учесниците на пазарот за резултатите од нивните налози; 8. дејствува како централна договорна страна за финансиско порамнување и плаќање во размената на електрична енергија која е резултат на единственото спојување ден однап- ред и во тековниот ден, во согласност со соодветните методологии кои се применуваат на внатрешниот пазар на електрична енергија во Европската Унија; 9. доставува до Регулаторна комисија за енергетика информации за настанатите и пред- видените трошоци во врска со единственото спојување ден однапред и во тековниот ден, при што надоместувањето на трошоците на НEMO за воспоставувањето, работењето и промените во работењето на спојувањето на пазарот ден однапред и на пазарот во теков- ниот ден се вклучува во тарифата од членот 119 став (7) од овој закон; 10. по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, одлучува за из- носот на надоместокот од член 119 став (7) од овој закон и го објавува на својата веб-стра- ница; 11. дејствува како агент за испорака; 12. oбезбедува информации и предвидување за трошоци за спојување на пазарите на електрична енергија ден однапред и во тековниот ден за соодветните регулаторни тела и оператори на електропреносни системи, при што трошоците на НЕМО за воспоставување, измена и управување со спојувањето на пазарите на електрична енергија ден однапред и во тековниот ден се подмируваат од страна на засегнатите оператори на електропреносни системи и 13. доколку е применливо и востанови договори кои засегаат повеќе од еден НЕМО во рамките на една зона на наддавање, спроведува спојување на пазарите на електрична енергија ден однапред и во тековниот ден, согласно постигнатите договори и во координа- ција со операторите на преносните системи. 138 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) НEMO изработува правила за работа на организираниот пазар на електрична енер- гија во кои се утврдуваат постапките, начелата и стандардите за организирање и функци- онирање на организираниот пазар на електрична енергија, начелата и правилата за финан- сиско порамнување, начинот на објавување на податоците потребни за функционирање на пазарот и други прашања потребни за негово функционирање и ги објавува на својата веб- страница. НEMO ги донесува правилата, по претходно одобрување од Регулаторната ко- мисија за енергетика. (4) НEMO, согласно правилата од ставот (3) на овој член, одлучува кој од регистрира- ните учесници на пазарот може да учествува на организираниот пазар на електрична енер- гија. (5) Централните договорни страни, обезбедуваат навремено порамнување и усогласу- вање на барањата на учесниците на пазарот и имаат улога на договорна страна во однос на финансиските права и обврски кои произлегуваат од тргувањата на учесниците на па- зарот на електрична енергија. (6) Секоја централна договорна страна обезбедува анонимност помеѓу учесниците на пазарот. (7) Централните договорни страни имаат улога на договорни страни едни кон други, во однос на финансиските права и обврски кои произлегуваат од размена на електрична енер- гија помеѓу зоните на наддавање. (8) При размената од ставот (7) на овој член се земаат предвид: 1. нето-позициите и 2. планираните размени. (9) Централните договорни страни обезбедуваат за секоја пазарна единица време: 1. да нема отстапувања помеѓу сумата на електрична енергија пренесена надвор од зо- ните на наддавање (вишоците) и сумата на електрична енергија пренесена во зоните на наддавање (кусоците), во сите зони на наддавање, земајќи ги ограничувањата на алокации- те каде е тоа соодветно; 2. увозот и извозот на електрична енергија помеѓу зоните на наддавање се еднакви меѓу себе, со можни отстапувања кои се резултат само на алокациски ограничувања, онаму ка- де тоа е соодветно. (10) Агентот за испорака може да ја преземе улогата на договорна страна помеѓу раз- лични централни договорни страни при размена на енергија, доколку засегнатите договор- ни страни склучат конкретен договор за таа цел. Доколку не се постигне договор, распоре- дот за испорака се дефинира од страна на регулаторните тела кои се одговорни за зоните на наддавање за кои е неопходно порамнување и спогодување за размена на енергија. (11) Сите централни договорни страни или агенти за испорака имаат право на приход од загушување како резултат на спојување на пазарите на електрична енергија ден однап- ред и/или во тековниот ден. (12) Сите централни договорни страни или агенти за испорака обезбедуваат наплатени- те приходи од ставот (11) на овој член да бидат префрлени на операторите на електропре- носните системи не подоцна од две недели од датумот на порамнување и спогодување. (13) Доколку времето на плаќање помеѓу две зони на наддавање не е хармонизирано се назначува орган кој ќе ја регулира временската разлика и ќе ги сноси трошоците кои про- излегуваат од истата. Начин на вршење на функцијата на оператор на пазарното спојување Член 123 (1) НEMO може да врши функција на oператор за спојување на пазарот заедно со НEMO од државите членки на Европската Унија и од договорните страни на Енергетска заедница. 139 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) При вршење на функцијата на оператор на пазарното спојување ден однапред и во тековниот ден, НEMO: 1. ги воспоставува, применува и одржува алгоритмите, системите и постапките за спо- јувањето на пазарите ден однапред и во тековниот ден кои се применуваат во внатрешни- от пазар на електрична енергија во Европската Унија; 2. ги обработува влезните податоци за доделување на капацитетите за прекуграничен пренос, вклучително и ограничувањата за нивната распределба помеѓу зоните на наддава- ње обезбедени во процесот на координирана пресметка на капацитетот која ја врши опера- торот на електропреносниот систем, или Регионалниот координативен центар којшто ја врши пресметката во име на операторите на електропреносните системи во зоната на над- давање и ги доставува до засегнатите НEMO не подоцна од еден час пред затворањето на пазарот ден однапред или не подоцна од 15 минути пред отворањето на тргувањето на па- зарот во тековниот ден помеѓу зоните на наддавање; 3. оперативно ги применува алгоритмите за ценовно спојување на пазарите ден однап- ред и во тековниот ден и за континуирано тргување кои се применуваат во внатрешниот пазар на електрична енергија во Европската Унија; 4. ја потврдува точноста на резултатите од спојувањето ден однапред и во тековниот ден како и на сите калкулатори на капацитет и планирани размени и на доставување на резултатите до засегнатите НEMO и оператори на електропреносните системи и 5. обезбедува анонимност на налозите доставени преку заедничкиот регистар на на- лози. (3) Ако спојувањето на пазарот помеѓу две или повеќе зони на наддавање не вклучува држава членка на Европската Унија, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика и во соработка со операторот на електропреносниот систем и другите НEMO од зоната на наддавање, НEMO обезбедува примена на алгоритми, системи и по- стапки за спојувањето на пазарите ден однапред кои се усогласени со соодветните алго- ритми, системи и постапки на внатрешниот пазар на електрична енергија во Европската Унија со целосно почитување на карактеристиките на секоја зона на наддавање. (4) Во вршењето на работите на оператор на пазарно спојување, НEMO соработува со другите НEMO во регионот во создавањето, како и ефикасно и сигурно спроведување и функционирање на спојувањето на пазарите ден однапред и во тековниот ден, засновано на начелото на недискриминација и обезбедува дека во вршењето на работите на оператор на пазарно спојување нема за себе или за друг учесник на пазарот да создава неоправдани економски предности преку злоупотреба на доверливите информации со цел да се овозмо- жи пазарна предност или зголемување на економската добивка. (5) НEMO во соработка со НEMO назначен во договорните страни на Енергетската За- едница и држави членки на Европската Унија доставува до Регулаторната комисија за енергетика, ECRB и ACER, план за интеграција на пазарно спојување кој содржи детален опис,временска рамка за спроведување на интеграцијата како и влијанието на интеграци- јата врз извршување на функцијата оператор на пазарно спојување. Соработка на НEMO со операторот на електропреносниот систем во спојувањето на организираниот пазар Член 124 (1) Во вршењето на работите на спојување на пазарите ден однапред и во тековниот ден, операторот на електропреносниот систем: 140 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. ги применува правилата за внатрешниот пазар на електрична енергија на Европска- та Унија при соработката со операторите на електропреносните системи и НEMO од до- говорните страни на Енергетската заедница и/или од држави членки на Европската Унија заради обезбедување на функционирањето на алгоритмите за ценовно спојување на паза- рите ден однапред и во тековниот ден и алгоритмите за континуирано тргување во однос на доделување на капацитетите за прекуграничен пренос; 2. го пресметува меѓузонскиот капацитет и ограничувањата во доделување на капаци- тет; 3. ги потврдува резултатите од пресметките од спојувањето на пазарите ден однапред и во тековниот ден во однос на капацитетите за пренос помеѓу зоните на наддавање и огра- ничувањата за доделувањето на прекуграничниот преносен капацитет; 4. каде што има потреба воспоставува, во координација со операторите на електропре- носните системи во регионот, методологија за резервна постапка за доделување на прекуг- раничниот преносен капацитет од членот 143 став (4) точка 2 потточка 2.4 од овој закон, со која се обезбедува ефикасно, транспарентно и недискриминаторно доделување на пре- носните капацитети во случај кога во постапката за единствено спојување на пазарот ден однапред не се пресметани резултати; 5. применува временски термин на отворање и време на затворање на спојувањето во тековниот ден помеѓу зоните на наддавање врз основа на усогласување со останатите опе- ратори на електропреносните системи и во согласност со методологии што се применува- ат во внатрешниот пазар на електрична енергија во Европската Унија; 6. дејствува како агент за испорака, ако е тоа договорено со НЕМО; 7. каде што има потреба воспоставува калкулатори за планирана размена за пресмету- вање и објавување на закажани размени на границите помеѓу зоните на наддавање; 8. ги почитува резултатите од спојувањето на пазарите ден однапред и во тековниот ден; 9. ги применува временските термини за отворање и затворање на меѓузонското тргува- ње на пазарот во тековниот ден и 10. ги дели приходите од загушувањето во согласност со методологијата за распределба на приходот од загушувањата. (2) НEMO, по претходно известување до Регулаторната комисија за енергетика, во со- работка со операторот на електропреносниот систем во целост ги применува следниве па- невропски TCM одобрени од ACER со кои се уредува: 1. планот од членот 123 став (5) од овој закон; 2. методологија за резервно постапување (анг. back-up metodology) во случај кога врше- њето на редовните функции на спојување на пазарите е оневозможено заради усогласува- ње со обврските на НEMO во врска со влезните податоци и резултатите од алгоритмот за ценовно спојување на пазарите ден однапред и во тековниот ден и резултатите од алгорит- мот за континуирано тргување; 3. производи кои НEMO ги зема предвид во процесот на спојување на пазарите ден од- напред и на пазарите во тековниот ден; 4. по спојувањето на пазарите ден однапред односно на пазарите во тековниот ден, усогласени максимална и минимална цена на порамнување, кои ја земаат предвид и про- ценката на вредноста на неиспорачаната енергија, што НEMO треба да ја примени во со- одветното спојување во сите зони на наддавање кои учествуваат во спојувањето и 5. усогласени алгоритми за ценовно спојување на пазарите ден однапред и во тековниот ден и за континуирано тргување, кои ги вклучуваат барањата на операторите на електроп- реносните системи за ефикасно доделување на преносни капацитети, како и барањата на засегнатите НEMO за ефикасно усогласување и за временското ограничување во поднесу- вањето на номинации при извршувањето на функцијата на оператор на пазарното споју- вање. 141 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Трошоци за спојување на организираните пазари на електрична енергија и за учество во европските платформи за размена на балансна енергија од резервите за обновување на фреквенциската стабилност со мануелна и автоматска активација и за урамнотежу- вање на дебалансите Член 125 (1) Трошоците за спојување на организираните пазари на електрична енергија се одне- суваат на воспоставување, ажурирање или понатамошен развој на алгоритмот за ценовно спојување, континуирано тргување и оперативно спојување на пазарите ден однапред и во тековниот ден. (2) Трошоците за учество во Европските платформи за балансирање се однесуваат на платформите за размена на балансната енергија од резервите за обновување на фрек- венциската стабилност со мануелна и автоматска активација и за урамнотежување на де- балансите. (3) Трошоците од ставовите (1) и (2) на овој член се поделени на: 1. заеднички трошоци кои произлегуваат од координираните активности на сите НEMO и оператори на електропреносни системи од договорните страни на Енергетска Заедница и држави членки на Европската Унија; 2. регионални трошоци кои произлегуваат од активностите на НEMO и операторите на електропреносните системи кои соработуваат во одреден регион; 3. национални трошоци кои произлегуваат од активностите на НEMO и операторот на електропреносниот систем во Република Северна Македонија. (4) Заедничките трошоци од ставот (3) точка 1 на овој член се делат меѓу НEMO и опе- раторите на електропреносните системи од договорните страни на Енергетска Заедница и држави членки на Европската Унија во согласност со правилата кои важат во Европската Унија. (5) НEMO и операторите на електропреносните системи кои соработуваат во одреден регион заеднички изработуваат предлог договори со кои се уредува поделбата на регио- налните трошоци од ставот (3) точка 2 на овој член. Предлог договорите Регулаторната комисија за енергетика и надлежните национални тела на секоја договорна страна на Енергетска заедница и држава членка на Европската Унија во регионот поединечно ги одобруваат.НEMO и операторите на електропреносните системи кои соработуваат во од- реден регион може алтернативно да ги користат правилата за поделба на трошоците од ставот (2) од овој член. (6) НEMO и операторот на електропреносниот систем, заедно со НEMO и операторите на електропреносните системи во договорните страни на Енергетска заедница и државите членки на Европската Унија, доставуваат годишен извештај до Регулаторната комисија за енергетика и до останатите регулаторни тела, во кој детално се објаснети трошоците за воспоставување, изменување и работење на спојувањето на пазарите ден однапред и во те- ковниот ден. (7) Трошоците кои се директно поврзани со спојување на пазарите ден однапред и во тековниот ден се јасно и одделно идентификувани и подлежат на ревизија. (8) Извештајот од ставот (6) на овој член, ги опфаќа придонесите направени за трошо- ците на НEMO од страна на операторот на електропреносниот систем во согласност со членот 61 од овој закон. Пазар на балансна енергија Член 126 (1) Сите учесници на пазарот на електрична енергија се одговорни за дебалансите кои ги предизвикуваат односно имаат балансна одговорност. 142 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Учесниците на пазарот се балансно одговорни страни или договорно ја делегираат нивната балансна одговорност на балансно одговорна страна по сопствен избор. (3) Секоја балансно одговорна страна финансиски е одговорна за дебалансите кои ќе ги предизвика, се залага да биде избалансирана или да му помогне на електроенергетскиот систем да биде избалансиран. (4) Отстапување од балансната одговорност е можно само за: 1. демонстрациони проекти кои користат иновативни технологии одобрени од Регула- торната комисија за енергетика, при што таквиот приоритет е ограничен на времето и обе- мот неопходен за постигнување на целите на проектот; 2. производни објекти кои користат обновливи извори на енергија со инсталирана моќност помала од 200 kW; 3. производни објекти кои користат повластени тарифи за продадена електрична енер- гија произведена од обновливи извори на енергија и пуштени во погон пред влегување во сила на овој закон. (5) На учесниците на пазарот кои се целосно или делумно ослободени од балансната одговорност, може да им се доделат мерки за поддршка заради прифаќање на балансна од- говорност. (6) Учесниците на пазарот на кои им е дозволено отстапување од балансната одговор- ност,обезбедуваат финансиската одговорност за деблалнсите кои ги предизвикуваат, да биде исполнета од страна на друг учесник на пазарот. (7) Операторот на електропреносниот систем обезбедува пазарот на балансна енергија, вклучително и претквалификацијата за учество на пазарот на балансна енергија, да е орга- низиран на начин со кој се: 1. обезбедува недискриминација меѓу учесниците на пазарот, имајќи ги предвид раз- личните технички потреби на електроенергетскиот систем и различните технички мож- ности на капацитетите за производство и складирање на електрична енергија како и упра- вување преку побарувачката; 2. обезбедува дефинирање и набавка на услугите на транспарентен, пазарно заснован и технолошки независен начин; 3. обезбедува недискриминаторски пристап на сите учесници на пазарот, поединечно или преку агрегација, вклучително и за електрична енергија произведена од обновливи из- вори на енергија, управување преку побарувачката и складирање на енергија и 4. има предвид потребата за прилагодување кон зголемениот удел на променливото производство, зголеменото управување преку побарувачка и појавата на нови технологии. (8) Операторот на електропреносниот систем и давателите на балансни услуги склучу- ваат договор за балансен капацитет. (9) Цената на балансната енергија се утврдува на транспарентен и пазарен начин. (10) Цената на балансната енергија не се утврдува однапред во договорите за балансен капацитет. Процесите за набавка се транспарентни, заштитувајќи ја доверливоста на де- ловно чувствителните информации. Порамнувањето на енергијата за балансирање за стан- дардните производи за балансирање и специфичните производи за балансирање се заснова на маргинални цени (плаќање по расчистување), освен ако сите регулаторни органи во Ев- ропската Унија не одобрат алтернативен метод на цени, врз основа на заеднички предлог од сите оператори на преносните систем во Европската Унија по анализа која покажува дека алтернативниот метод на одредување цени е поефикасен. (11) Дебалансот се пресметува по цена што ја одразува вредноста на енергијата во реал- но време. (12) Пазарот на балансна енергија обезбедува оперативна сигурност, истовремено овоз- можувајќи максимално искористување и ефикасно доделување на меѓузонскиот капацитет низ временски рамки согласно со членот 156 од овој закон. Резервирањето на прекугра- ничниот капацитет за таа цел може да биде ограничено. 143 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (13) Набавката на балансен капацитет за учесниците на пазарот се заснова на пазарни услови и се организира на недискриминаторен начин, без оглед на нивното учество во процесот на претквалификација, индивидуално или преку агрегатори. (14) На учесниците на пазарот им е дозволено да наддаваат што е можно поблиску до реалното време, а рокот за понуда на балансна енергија не смее да биде пред времето на затворање на меѓузонскиот пазар во тековниот ден. (15) Операторот на електропреносниот систем обезбедува капацитет за балансирање на пазарот на балансна енергија на национално и/или на регионално ниво, согласно правила- та за пазар на балансна енергија. (16) Ако нема доволно понуди на пазарот за балансен капацитет, по барање на операто- рот на електропреносниот систем, Регулаторната комисија за енергетика може да донесе одлука со која на операторот на електропреносниот систем му дозволува друг начин на обезбедување на капацитет за балансирање од начинот утврден во правилата за пазар на балансна енергија. Отстапувањата од обврската се заснова на набавка на балансен капаци- тет со користење на примарниот пазар и се ревидира на секои три години. (17) Набавките на растечки и опаѓачки балансен капацитет се вршат одделно, при што доколку стандардните производи за балансирање или некои од капацитетите кои обезбе- дуваат балансни услуги не се доволни за постигнување оперативна сигурност на електроп- реносниот систем, операторот на електропреносниот систем може да побара од Регулатор- ната комисија за енергетика да одобри, како отстапување, активирање на други механизми за постигнување на потребната оперативна сигурност. (18) Барањата од ставовите (16) и (17) на овој член, содржат опис на начините за обез- бедување на капацитет за балансирање и механизмите за кои се бара да се активираат за постигнување на потребната оперативна сигурност, како и мерките предложени за мини- мизирање на употребата на посебни производи со што се постигнува економска ефикас- ност, како и доказ дека посебните производи не создаваат значителна неефикасност и на- рушување на балансниот пазар. (19) Договор за балансен капацитет од ставот (8) на овој член се склучува еден ден пред обезбедувањето на балансниот капацитет, а договорниот период не може да биде подолг од еден ден освен доколку Регулаторната комисија за енергетика одобрила претходни до- говори или подолги периоди со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето или да се подобри економската ефикасност. (20) Во случај на отстапувања од ставовите (16) и (17) на овој член, за најмалку 40% од стандардните балансни производи и минимум 30% од сите производи што се користат за балансен капацитет, договорите за балансниот капацитет се склучуваат еден ден пред обезбедувањето на балансниот капацитет и периодот на склучување договор не може да биде подолг од еден ден. За преостанатиот дел од балансниот капацитет договарањето се извршува најмногу еден месец пред да се обезбеди балансен капацитет и има максимален договорен период од еден месец. (21) На барање на операторот на електропреносниот систем кое вклучува специфичен период за време на кој се применува изземањето, специфичен обем на балансниот капа- цитет на ќе се применува изземањето, анализа на влијанието на изземањето врз учеството на балансните ресурси и оправдување за изземањето што покажува дека таквото изземање ќе доведе до пониски трошоци за крајните купувачи, Регулаторната комисија за енергети- ка може да одлучи да го продолжи договорниот период на преостанатиот дел од балансни- от капацитет од ставот (20) на овој член за најмногу од 12 месеци под услов таквата од- лука да биде временски ограничена и позитивните ефекти од намалување на трошоците за крајните потрошувачи да ги надминуваат негативните влијанија на пазарот. 144 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (22) Операторот на електропреносниот систем или неговиот делегиран оператор го об- јавува тековниот системски баланс на нивните области за распоред, проценетите цени на дебалансот и проценетите цени на балансна енергија колку што е можно поблиску до ре- алното време но не подолго од 30 минути по доставата. Правила за пазар на балансна енергија и обврски на операторот на електропреносниот систем Член 127 (1) Операторот на електропреносниот систем изготвува правила за пазар на балансна енергија и по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика ги донесува и објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-стра- ница. (2) Правилата за пазар на балансна енергија се објективни, транспарентни, недискрими- наторни и пазарно-ориентирани и со нив особено се уредува: 1. правата и обврските на давателите на услуги за балансирање; 2. постапката за набавка на услугите за балансирање; 3. методологијата за формирање на цени за услугите за балансирање, како и постапката за нивна пресметка, фактурирање и наплата, којашто треба да биде недискриминаторна, да ги одразува реално направените трошоците и да овозможи минимизирање на трошоците за балансирање; 4. начинот на утврдување на активираните количини на услугите за балансирање коиш- то се порамнуваат помеѓу давателите на услугите за балансирање; 5. финансиското порамнување со давателите на услуги за балансирање, вклучувајќи ги и договорите и финансиските гаранции што се бараат од давателите на услуги во врска со порамнувањето на услугите за балансирање; 6. примената на паневропските, регионалните и националните TCM за балансирање. (3) Операторот на електропреносниот систем во согласност со одредбите од овој закон и правилата за пазар на балансна енергија, е должен да: 1.ги утврди активираните количини на услугите за балансирање со секој давател на ус- луги за балансирање; 2. ги утврди сите дебаланси со секоја балансно одговорна страна; 3. ги пресмета потребните количини на системски услуги кои ги набавува на пазарот на балансна енергија; 4. ја пресмета цената на порамнување за отстапувањата на балансно одговорните страни; 5. направи финансиско порамнување со давателите и корисниците на услуги за балан- сирање и 6. воспостави и води регистар на даватели на услуги за балансирање. (4) Операторот на електропреносниот систем на учесниците на пазарот на електрична енергија им фактурира за настанатите отстапувања од најавените физички трансакции, по цени пресметани во согласност со методологијата за пресметка за надоместок за услугите на бaлансирање утврдена во правилата за пазар на балансна енергија на електроенергет- скиот систем од ставот (1) на овој член. (5) Операторот на електропреносниот систем ги доставува до операторот на пазарот на електрична енергија податоците од системите за мерење на електрична енергија, активи- раните количини на услугите за балансирање за секој давател на услуга за балансирање и цената на порамнување. 145 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Операторот на пазарот на електрична енергија врши пресметка на дебалансите на балансно одговорните страни и предлог пресметка за трошокот за дебалансите и ги доста- вува до операторот на електропреносниот систем. (7) Операторот на електропреносниот систем квартално ја известува Регулаторната ко- мисија за енергетика за договорите кои ги склучил со давателите на услуги за балансира- ње и за нивната реализација. (8) Заради обезбедување оперативна сигурност и ефикасно функционирање на регио- налниот пазар на услуги за балансирање врз основа на начелата на конкуренција, недис- криминација и транспарентност во рамки на Енергетската заедница, операторот на елек- тропреносниот систем соработува со другите оператори на електропреносни системи од договорните страни на Енергетската заедница и засегнатите држави членки на Европската Унија. Долгорочни пазари Член 128 (1) Операторот на електропреносниот систем доделува права за долгорочно користење на преносен капацитет или права со еднакво дејство со коишто им се овозможува на учес- ниците на пазарот, вклучително и на производителите на електрична енергија од обновли- ви извори, да се заштитат од ценовните ризиците во различни зони на наддавање, освен ако проценката на долгорочниот пазар спроведена на границите на зоните за тргување од страна на надлежните регулаторни тела во тие зони не покаже дека постои доволна мож- ност да се заштитат од ризиците од разликата во цените во зоните на наддавање. (2) Правата за долгорочно користење на преносен капацитет се доделуваат на транспа- рентен, пазарен и недискриминаторен начин преку единствените платформи за координи- рано доделување на преносен капацитет во Енергетската заедница и во Европската Унија. (3) Операторот на пазарот на електрична енергија може, да нуди производи за заштита од ризик, вклучително и долгорочни финансиски производи за заштита од ризик, за да им обезбеди на учесниците на пазарот, вклучувајќи ги и сопствениците на постројки за про- изводство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, соодветни можности за заштита од флуктуации на цените. ГЛАВА II ПРОИЗВОДСТВО И СКЛАДИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Производител на електрична енергија Член 129 (1) Производителот на електрична енергија во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон и издадената лиценца: 1. врши продажба на произведената електрична енергија; 2. нуди системски услуги на операторот на електропреносниот систем заради баланси- рање на системот, согласно расположливите производни капацитети и барањата утврдени во правилата за пазар на балансна енергија на електроенергетскиот систем и мрежните правила за пренос на електрична енергија; 3. обезбедува достапност на договорените количини на електрична енергија и/или сис- темски услуги до точката на прием во електропреносниот или електродистрибутивниот систем во согласност со условите и обврските од неговата лиценца, како и со договорот за приклучување; 146 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. ги одржува во оперативна состојба сите потребни технички ресурси, вклучително и уреди за телеметрија на тековното производство; 5. доставува извештаи, податоци и информации до операторот на електропреносниот систем или операторот на електродистрибутивниот систем во согласност со мрежните правила; 6. доставува до операторот на електропреносниот систем и операторот на пазарот на електрична енергија податоци и информации од договорите за купување и продажба на електрична енергија, расположливоста на производниот капацитет и/или системските ус- луги, освен деловно-финансиските податоци и 7. е опремен со сите потребни технички ресурси за доставување на информации до со- одветниот оператор на електропреносен или електродистрибутивен систем вклучително и уреди за далечинско мерење на производството во реално време. (2) Производителот на електрична енергија, освен производител на електрична енергија од обновливи извори кој користи повластена тарифа, има право да купува електрична енергија на пазарот на електрична енергија, да обезбедува други енергенти, како и да пре- зема други дејствија на пазарите за енергија заради оптимизирање на своето производство и трошоците во работењето. (3) Производител на електрична енергија кој е сопственик и/или управува со електро- централа со инсталирана моќност еднаква или поголема од 200 MW или со повеќе елек- троцентрали со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 400 MW, е должен најмалку пет години да ги чува сите податоци што се однесуваат на работењето на елек- троцентралите, од кои можат да се утврдат и проверат за секој поединечен час сите негови оперативни одлуки поврзани со диспечирање и неговото учество на пазарите на електрич- на енергија, во кои се вклучени и податоци за расположливите производствени капацитети и понудените и активираните системски услуги на ниво на електроцентрала во периодите кога се одвива тргувањето и производството, како и за учество на аукциите за интерконек- тивни капацитети. (4) Производителот на електрична енергија е должен да овозможи увид во податоците од ставот (3) на овој член, на Регулаторната комисија за енергетика на Секретаријатот на Енергетската заедница во согласност со обврските на Република Северна Македонија од ратификуваните меѓународни договори, како и на Комисијата за заштита на конкуренција- та во согласност со прописите со кои се уредува заштитата на конкуренцијата. (5) Производител на електрична енергија може да биде претставен на пазарот на елек- трична енергија на големо од агрегатор. Складирање на електрична енергија Член 130 (1) Складирање на енергија се врши: 1. како енергетска дејност од страна на оператор на складиште кое не е дел од електро- централа на производител или од потрошувач; 2. од производител на електрична енергија како составен дел на електроцентрала и чија инсталирана моќност е поголема или еднаква 1 MW, при што за складиштето, односно електроцентралата, е потребно овластување за изградба согласно овој закон; 3. од производител на електрична енергија како составен дел на електроцентрала чија инсталирана моќност е помала од 1 MW, при што за складиштето, односно електроцентра- лата, не е потребно посебно овластување за изградба; 147 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. како целосно интегрирана мрежна компонента на електропреносен и/или електродис- трибутивен систем при што за складиштето не е потребно овластување согласно овој за- кон доколку инсталираната моќност е поголема од 1 MW. (2) Складиште кое е составен дел на електроцентрала и кое има инсталирана моќност до 40% од инсталираната моќност на електроцентралата, се смета за интегриран систем за складирање на електрична енергија на електроцентралата и може да се користи за склади- рање на произведената електрична енергија од сопствените генераторски единици и/или складирање на електрична енергија која ја презема од мрежа и предава на мрежа согласно максимална одобрена едновремена моќност на приклучокот на електроцентралата. (3) Операторот на складиште: 1. учествува на пазарите на електрична енергија, односно купува и продава електрична енергија; 2. обезбедува услуга за складирање на електрична енергија за потребите на учесниците на пазарот на електрична енергија; 3. нуди системски услуги на операторот на електропреносниот и електродистрибутив- ниот систем, во согласност со техничките карактеристики и мрежните правила на соодвет- ниот систем и правилата за пазар на балансна енергија; 4. може да склучи договор со операторот на електропреносниот систем за учество во механизмот за балансирање доколку едновремената максимална моќност која складиште- то може да ја предаде на мрежата е еднакво на или поголемо од 1 MW; 5. на операторот на електропреносниот или на електродистрибутивниот систем му ги става на располагање податоците потребни за функционирање на системот во согласност со мрежните правила на електропреносниот и на електродистрибутивниот систем и 6. за потребите на складирањето користи електрична енергија произведена од капаците- ти за производство на електрична енергија кои ги смета за најповолни, во согласност со пропишаните услови од ставот (4) на овој член. (4) Операторот на складиште е должен да ги исполнува пропишаните технички и опера- тивни услови, особено оние пропишани со соодветните мрежни правила и технички про- писи и постапува во согласност со правилата за соодветниот пазар на електрична енергија на којшто учествува. (5) Операторот на складиште кога купува електрична енергија има права и обврски ка- ко потрошувач, а кога продава електрична енергија има права и обврски како производи- тел. Сопственост и користење на складишта на електрична енергија од операторите на електропреносниот и електродистрибутивниот систем Член 131 (1) Операторот на електропреносниот, односно електродистрибутивниот систем сора- ботува на недискриминаторна основа со секое лице кое поседува, развива или управува со складиште на енергија и врши нивно поврзување на мрежата. (2) Операторот на електропреносниот, односно електродистрибутивниот систем нема право да поседува, развива, користи или управува со складиште на енергија. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика може да донесе одлука со која му се одобрува на операторот на електропреносниот, односно електродистрибутивниот систем да поседува, развива, користи или управува со складиште на енергија ако се исполнети следниве услови: 148 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. на други страни, по отворена, транспарентна и недискриминаторна тендерска поста- пка, што е предмет на преглед и одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, не им е доделено право да поседуваат, развиваат, управуваат или да работат со такви објекти или не можат да доставуваат услуги навремено и по разумна цена; 2. складирањето на енергија или соодветните системски услуги му се неопходни на операторот за ефикасно, доверливо и безбедно функционирање на електропреносниот, од- носно електродистрибутивниот систем и

  9. 3. Регулаторната комисија за енергетика ја проценила неопходноста од такво отстапу- вање и извршила проценка на тендерската постапка, вклучувајќи ги и условите на тендер- ската постапка, и дала одобрение. Регулаторната комисија за енергетика може да изготви упатства или клаузули за набавка за да им помогне на операторите на дистрибутивните системи да обезбедат правична тендерска постапка. (4) Одлуката од ставот (3) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика ја доста- вува до Министерството, Секретаријатот на Енергетската заедница и до ECRB со соодвет- но образложение. (5) Регулаторната комисија за енергетика, на секои пет години, а по потреба и почесто, врши јавна консултација за постојните објекти за складирање енергија со цел да се проце- ни потенцијалната достапност и интересот за инвестирање во такви објекти и интересот на други субјекти да инвестираат во складишта на енергија. (6) Ако од јавната консултација од ставот (5) на овој член, се утврди дека постои мож- ност трети страни да поседуваат, користат или управуваат со потребните складишта на енергија на финансиски исплатлив начин, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука со која на операторот на електропреносниот, односно електродистрибутивниот систем му се наметнува во рок од 18 месеци постепено да прекине со активности кои се однесуваат на развивање на складишта. Регулаторната комисија за енергетика ги призна- ва вложените средства и ја надоместува проценетата вредност на складиштата за енер- гија согласно методологијата за формирање на цени и тарифи за регулирани енергетски дејности од членот 61 од овој закон. ГЛАВА III ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Оператор на електропреносен систем Член 132 Операторот на електропреносниот систем во Република Северна Македонија во соглас- ност со обврските утврдени со овој закон, правилата и прописите донесени врз основа на овој закон, како и со обврските преземени со ратификуваните меѓународни договори и об- врските коишто произлегуваат од членството во ENTSO – E, на објективен, транспарентен и недискриминаторен начин и при економично, ефикасно и одржливо искористување на електропреносната мрежа и интерконективните водови: 1. обезбедува доверлив и сигурен пренос на електрична енергија за потребите на корис- ниците на системот на територијата на Република Северна Македонија и на корисниците на други системи за пренос на електрична енергија кои имаат пристап до системот преку интерконективни водови; 2. го управува, одржува и развива електропреносниот систем, овозможува приклучува- ње на корисниците на електропреносниот систем и им доделува право на користење на електропреносните капацитети и 149 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. остварува соработка со операторите на електропреносните системи во рамките на ед- на или повеќе географски области опфатени со воспоставениот систем на регионални структури за соработка, дава поддршка во работењето и управувањето со Регионалниот координативен центар во чија работа учествува и ги спроведува договорените мерки и до- биените насоки и препораки од ACER или од ENTSO-E. Сопственичко раздвојување на операторот на електропреносниот систем Член 133 (1)Операторот на електропреносниот систем е акционерско друштво кое: 1. е сопственик на електропреносната мрежа што се состои од трафостаници, линиски инфраструктурни објекти и други постројки, објекти и средства што се во функција на уп- равувањето со електропреносниот систем и преносот на електрична енергија; 2. не е дел од вертикално интегрирано друштво; 3. е носител на лиценца за вршење на енергетската дејност пренос на електрична енер- гија; 4. не врши други енергетски дејности определени со овој закон и во своето работење е независен од вршителите на други енергетски дејности и 5. е сертифицирано за оператор на електропреносниот систем од страна на Pегулатор- ната комисија за енергетика, во постапка утврдена со овој закон. (2) Со цел да се обезбеди независноста на операторот на електропреносниот систем во смислa на ставот (1) точка 4 на овој член, исто лице или лица немаат право во исто време: 1. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со друш- тво што врши дејности производство, складирање, снабдување или трговија со електрична енергија и во исто време директно или индиректно да управуваат или остваруваат друго право во операторот на електропреносниот систем; 2. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со опера- торот на електропреносниот систем и во исто време директно или индиректно да управу- ваат или остваруваат друго право во друштво што врши дејности производство, склади- рање, снабдување или трговија со електрична енергија; 3. да именуваат членови на орган на надзор и на орган на управување на операторот на електропреносниот систем и во исто време директно или индиректно да управуваат или остваруваат друго право во друштво што врши дејности производство, складирање, снаб- дување или трговија со електрична енергија и 4. да биде член на орган на надзор, на орган на управување или на некое од телата кои законски го застапуваат операторот на електропреносниот систем и во исто време да биде член на соодветен орган или тело во друштво што врши дејности производство, склади- рање, снабдување или трговија со електрична енергија. (3) Ограничувањата од ставот (2) на овој член, особено се однесуваат на: 1. користење на право на глас; 2. избор и именување на членови на органот на надзор и органот на управување и/или 3.поседување на мнозински удел. (4) Операторот на електропреносниот систем не може да има лиценци и не може да би- де вклучен во вршење на дејностите дистрибуција, производство, складирање, снабдување или трговија со електрична енергија, како и лиценца за организирање и управување со па- зарот на електрична енергија. 150 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Ако две лица кои се органи на државна власт или органи на единица на локална са- моуправа или други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија или со закон, од кои едното врши контрола врз операторот на електропренос- ниот систем а, другото врши контрола врз друштво што врши некоја од дејностите произ- водство, складирање, снабдување или трговија со електрична енергија, се смета дека не е исто лице од ставот (2) на овој член. (6) Операторот на електропреносниот систем и неговите вработени не смеат да ги пре- несуваат деловно чувствителните информации кои ги поседуваат на друштва за дистрибу- ција, производство, складирање, снабдување или трговија со електрична енергија. (7) Како друштво што врши дејност производство, складирање, снабдување или тргови- ја со електрична енергија од ставот (2) од овој член: 1. се смета и друштво што врши некоја од дејностите производство, складирање, снаб- дување или трговија со гас; 2. не се смета потрошувач коj директно или индиректно учествува во управувањето во друштва кои вршат некоја од дејностите производство, складирање и/или снабдување со електрична енергија, ако: - на просечно годишно ниво е нето-потрошувач на електрична енергија земајќи го пред- вид неговото учество во произведената електричната енергија од друштвата во кои учес- твува во управувањето и - вредноста на електричната енергија што ја продава на трети лица е незначителна во однос на другите негови деловни активности. Сопственик на операторот на електропреносниот систем Член 134 (1) Министерството надлежно за работите од областа на енергетиката, рударството и минерални суровини е сопственик на друштвото коешто е оператор на електропреносниот систем. (2) Министерството од ставот (1) на овој член е самостојно при донесување на одлуки за избор на орган на надзор, односно орган на управување на друштвото од ставот (1) на овој член. (3) Членовите на органот на надзор, односно на органот на управување на операторот на електропреносниот систем: 1. се самостојни во постапка за донесување на одлуки согласно закон и 2. не смеат да бидат избрани за членови на орган на надзор, односно на орган на упра- вување на друштва кои вршат производство, складирање, снабдување или трговија со електрична енергија или друштва кои имаат можност за директно или индиректно влија- ние врз одлучувањето во тие друштва. Програма за усогласеност Член 135 Операторот на електропреносниот систем, независно од организационата форма, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, донесува програма за усогласеност со која се утврдуваат мерките кои треба да се преземаат заради оневозможу- вање на дискриминација на корисниците на електропреносниот систем по кој било основ, се определуваат обврските на вработените во реализацијата на програмата и се утврдува начинот за следење на усогласеноста на работењето на операторот на електропреносниот систем со обврските утврдени со овој закон и програмата. 151 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Службеник за усогласеност Член 136 (1) Реализацијата на програмата од членот 135 од овој закон, ја следи службеник за усогласеност. (2) Службеникот за усогласеност од ставот (1) на овој член, е именуван од органот за надзор на операторот на електропреносниот систем, по претходно одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика. (3) Регулаторната комисија за енергетика нема да го одобри именувањето на предложе- ниот службеник за усогласеност ако утврди дека не ги исполнува условите за независност или стручност од овој член. (4) Органот за надзор на операторот на електропреносниот систем може, по претходно одобрение или по барање од Регулаторната комисија за енергетика, да го разреши службе- никот за усогласеност заради прекршување на условите за независност или стручност, или неисполнување на обврските од програмата за усогласеност од членот 135 од овој закон. (5) Регулаторната комисија за енергетика ги одобрува условите со кои се уредува ман- датот и условите за вработување на службеникот за усогласеност, вклучувајќи го и вре- метраењето на неговиот мандат или вработување, со цел да се обезбедат независноста, ка- ко и сите потребни услови за остварување на неговите овластувања и извршување на него- вите должности. (6) За време на мандатот, службеникот за усогласеност не може да извршува друга про- фесионална дејност, ниту да има интерес или деловен однос, директно или индиректно, со друштва од енергетскиот сектор или со нивните содружници или акционери. (7) Операторот на електропреносниот систем е должен на службеникот за усогласеност да му ги даде на увид сите податоци и информации потребни за остварување на неговите овластувања и по негово барање, да му овозможи пристап до сите простори и простории во кои ја врши својата дејност. (8) Службеникот за усогласеност е должен да: 1. го следи спроведувањето на програмата за усогласеност и изработува годишен из- вештај за преземените мерки за нејзиното спроведување, кој го доставува до Регулаторна- та комисија за енергетика; 2. доставува извештаи до органот за надзор и дава препораки во однос на програмата за усогласеност и нејзината реализација и 3. ja известува Регулаторната комисија за енергетика за значителни прекршувања во спроведувањето на програмата за усогласеност. (9) Службеникот за усогласеност ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика предложениот инвестициски план и предложените одлуки за поединечни инвестиции во електропреносниот систем, истовремено кога органот на управување на операторот на електропреносниот систем ги доставува одлуките до органот за надзор. (10) Органот на управување, органот за надзор и раководните лица на операторот на електропреносниот систем се должни да го повикаат службеникот за усогласеност да при- суствува на сите закажани состаноци и да му ги достават сите потребни материјали, а осо- бено кога се одлучува за: 1. условите поврзани со услугите за пристап и користење на електропреносниот систем кои се однесуваат на цените за користење, доделувањето на преносниот капацитет и упра- вувањето со загушувањата; 2. проектите поврзани со управување, одржување и развој на електропреносниот сис- тем, вклучувајќи ги и инвестициите во интерконективните водови и 152 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. набавката или продажбата на електрична енергија и системски услуги неопходни за функционирање на електропреносниот систем, вклучувајќи ги и системските услуги за ба- лансирање. Сертификација на операторот на електропреносниот систем Член 137 (1) Вршителот на дејноста пренос на електрична енергија мора да биде сертифициран како оператор на електропреносниот систем на начин, во постапка и во рок утврдени со овој закон. (2) Постапката за сертификација на операторот на електропреносниот систем се спрове- дува: 1.на барање на операторот на електропреносниот систем на кого му е издадена лиценца за вршење на дејноста пренос на електрична енергија во согласност со ставот (4) на овој член или 2. по службена должност од страна на Регулаторната комисија за енергетика во случај: 2.1. кога операторот на електропреносниот систем нема да поднесе барање за сертифи- кација; 2.2. кога настанала или може да настане повреда на обврските за сопственичко раздво- јување утврдени во член 133 од овој закон или 2.3. на доставено образложено барање од Секретаријатот на Енергетската заедница. (3) Ако операторот на електропреносниот систем не е сертифициран, должен е да дос- тави барање за сертификација со документи пропишани со правилата за сертификација што ги донесува Регулаторната комисија за енергетика. (4) Во рок од четири месеци од денот на доставување на барањето за сертификација од страна на операторот на електропреносниот систем или од датумот кога Секретаријатот на Енергетската заедница го доставил образложеното барање од ставот (2) точка 2 потточка 2.3 на овој член, Регулаторната комисија за енергетика изготвува предлог одлука за серти- фикација на операторот на електропреносниот систем и заедно со сите информации пов- рзани со предлог одлуката, веднаш му ја доставува на Секретаријатот на Енергетската за- едница. (5) Во рок од 60 дена по добивање на мислењето од страна на Секретаријатот на Енер- гетската заедница, Регулаторната комисија за енергетика, донесува одлука по барањето за сертификација. Регулаторната комисија за енергетика го зема предвид мислењето на Сек- ретаријатот на Енергетската заедница, и ги објавува причините за можните отстапки од мислењето. (6) Регулаторната комисија за енергетика ја објавува одлуката од ставoт (5) од овој член, во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница, на која го објавува и мислењето издадено од Секретаријатот на Енергетската заедница. (7) Регулаторната комисија за енергетика води службена евиденција за комуникацијата остварена со Секретаријатот на Енергетската заедница во врска со постапката за сертифи- кација на операторот на електропреносниот систем. Службената евиденција се става на увид на операторот на електропреносниот систем кој бара сертификација и на засегнатите институции од јавниот сектор. Регулаторната комисија за енергетика е должна како довер- ливи да ги чува деловно чувствителните податоци. (8) Операторот на електропреносниот систем, производителите на електрична енергија, операторите на електродистрибутивните системи, снабдувачите на електрична енергија или трговците со електрична енергија во текот на постапката за сертификација, на барање на Регулаторната комисија за енергетика или Секретаријатот на Енергетската заедница, се должни веднаш да ги достават сите потребни податоци и информации. 153 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (9) По спроведувањето на постапката за сертификација, Регулаторната комисија за енергетика на операторот на електропреносниот систем му издава сертификат со кој се назначува за оператор на електропреносниот систем и се потврдува дека ги исполнува ус- ловите во поглед на сопственичкото раздвојување и независноста како и условите во пог- лед на финансиско-материјалната способност, техничката и кадровската оспособеност, како и другите услови пропишани со овој закон. Постапка за сертификација на лица од трети држави Член 138 (1) По барање од операторот или сопственикот на електропреносниот систем, Регула- торната комисија за енергетика спроведува постапка за сертификација на операторот на електропреносниот систем којшто е под контрола од лице или група лица од трета држава или трети држави. (2) Операторот или сопственикот од ставот (1) од овој член, е должен веднаш да ја из- вести Регулаторната комисија за енергетика за околностите коишто можат да доведат до преземање на контрола врз него од страна на лице или група лица од трета држава или трети држави. (3) Регулаторната комисија за енергетика е должна за барањето за сертификација од ставот (1) од овој член и известувањето од ставот (2) од овој член, како и за последиците од преземањето на операторот на електропреносниот систем, веднаш да ги извести Ми- нистерството и Секретаријатот на Енергетската заедница. (4) Министерството, во рок од 60 дена од приемот на известувањето од ставот (3) од овој член, изготвува мислење во кое е содржана проценка дали издавањето на сертифика- тот може да ја загрози сигурноста во снабдувањето во Република Северна Македонија или сигурноста во снабдувањето на договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија, особено земајќи ги предвид: 1. правата и обврските на Енергетската заедница во однос на државата или државите од ставот (1) од овој член, кои произлегуваат од меѓународното право и ратификуваните ме- ѓународни договори во однос на сигурноста во снабдувањето, вклучувајќи и други догово- ри што се однесуваат на сигурност во снабдувањето склучени со една или повеќе трети држави во кои Енергетската заедница е договорна страна; 2. правата и обврските на Република Северна Македонија кон државата или државите од ставот (1) од овој член, кои произлегуваат од ратификуваните меѓународни договори со таа држава или држави, во согласност со законодавството на Енергетската заедница и 3. други специфични околности. (5) Регулаторната комисија за енергетика, во рок од четири месеци од приемот на бара- њето од ставот (1) од овој член, изготвува предлог-одлука за сертификација, односно од- бивање на барањето за сертификација. (6) Регулаторната комисија за енергетика го одбива барањето за сертификација од ста- вот (1) на овој член, ако: 1. операторот на електропреносниот систем не докаже дека ги исполнува условите про- пишани во правилникот за лиценци и во член 131 ставови (2) и (4) oд овој закон или 2. издавањето на сертификатот ја загрозува сигурноста на снабдувањето на Република Северна Македонија или сигурноста на снабдувањето на договорна страна на Енергетска- та заедница или држава членка на Европската Унија. (7) Регулаторната комисија за енергетика е должна веднаш да ја достави до Секретари- јатот на Енергетската заедница предлог-одлуката од ставот (5) на овој член, заедно со пропратната документација врз основа на која е изготвена Предлог- одлуката , заради до- бивање на мислење. 154 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (8) Во рок од 60 дена од денот на приемот на мислењето од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука по барање- то за сертификација. (9) При донесувањето на одлуката од ставот (8) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика е должна да го земе предвид мислењето на Министерството и мислењето на Секретаријатот на Енергетската заедница. (10) Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и мислењето на Секретаријатот на Енергетската заедница се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Маке- донија“. (11) Ако одлуката на Регулаторната комисија за енергетика не е во согласност со мис- лењето на Секретаријатот на Енергетската заедница, со одлуката се објавува и образложе- ние. Ревизија на сертификацијата Член 139 (1) Регулаторната комисија за енергетика започнува постапка за ревизија на сертифика- цијата доколку добие сознанија дека настанала или дека постои можност за настанување на која било промена утврдена во членовите 133 и 137 од овој закон, добиени при врше- ње на надзор врз работењето на операторот на електропреносниот систем или при извес- тување од операторот или службеникот за усогласеност од членот 136 од овој закон или на друг начин. (2) Постапката од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика ја за- почнува и по барање од Секретаријатот на Енергетската заедница. (3) Регулаторната комисија за енергетика доставува до операторот на електропреносни- от систем известување за започнувањето на постапката за ревизија на сертификацијата со кое го задолжува да ја обезбеди потребната документација, податоци и информации од кои може да се утврди планираната или настанатата промена, како и рокот за нивно доста- вување кој не може да биде пократок од 15 дена. (4) Во рок од 60 дена по добивањето на бараните податоци, информации и документа- ција, Регулаторната комисија за енергетика изготвува предлог одлука за издавање на нов или одземање на постојниот сертификат и ја доставува на мислење до Секретаријатот на Енергетската заедница. (5) Во рок од 60 дена по добивање на мислењето од Секретаријатот на Енергетската за- едница, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за издавање на нов или од- земање на постојниот сертификат и ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница. При донесување на одлуката, Регулаторната коми- сија за енергетика го зема предвид мислењето на Секретаријатот на Енергетската заедница и на својата веб-страница ги објавува причините за можните отстапки од мислењето. Oбврски на операторот на електропреносниот систем Член 140 (1) Операторот на електропреносниот систем е должен: 1. да ги приклучи на електропреносната мрежа производителите, операторите на скла- дишта и потрошувачите на електрична енергија, како и електродистрибутивните системи вклучувајќи ги и затворените електродистрибутивни системи во Република Северна Маке- донија,како и да им овозможи зголемување на одобрена моќност на веќе приклучени про- 155 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година изводители, складишта и потрошувачи на електрична енергија, како и електродистрибу- тивните системи во Република Северна Македонија и да ги објави на својата веб-страница условите и надоместоците за приклучување како и овозможување на зголемување на одобрена моќност; 2. да ги објави на својата веб-страница или на друг начин да им ги обезбеди сите ин- формации потребни за пристап, како и тарифите за пренос на електрична енергија и да им обезбеди пристап на електропреносниот систем на сите корисници; 3. во секое време да има на располагање материјални, технички и човечки ресурси, како и финансиски средства потребни за исполнување на неговите обврски; 4. да склучи договори со операторите на соседните електропреносни системи со кои е поврзан со цел да обезбеди сигурен, безбеден и квалитетен пренос на електрична енергија и размена на податоци со цел оптимално управување со електропреносната мрежа и ко- ристење на интерконективните капацитети; 5. да ги прифати и обезбеди прекуграничните текови на електрична енергија преку електропреносната мрежа на Република Северна Македонија во рамки на расположливиот преносен капацитет; 6. да учествува во изработка на регионалните ТCM, да ги изготвува националните и да ги применува паневропските ТCM; 7. да донесува план за развој на електропреносниот систем за период од 10 години; 8. да соработува со ENTSO-E и со операторите на електропреносните системи на дого- ворните страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија во под- готовката на десетгодишниот план за развој на електропреносната мрежа на Европската Унија и на усогласени регионални инвестициски планови за развој на електропреносните мрежи; 9. да изготви годишен план за одржување на интерконективните водови од електропре- носната мрежа, усогласен со операторите на поврзаните електропреносни системи и по одобрување од Регулаторната комисија за енергетика да го објави на својата веб- стра- ница; 10. да изработи годишен план за одржување на внатрешните водови од електропренос- ната мрежа, и по претходно одобрување од Регулаторна комисија за енергетика да го об- јави на својата веб-страница; 11. да гради нови и да ги одржува и надградува постојните интерконективни водови, водејќи сметка за ефикасно искористување на постојните интерконективни капацитети, избегнување на можните внатрешни загушувања и рамнотежата помеѓу инвестициските трошоци и придобивките за потрошувачите; 12. да ја обезбеди дигитализацијата на електропреносниот систем и примената на па- метни мрежи, паметни системи за мерење и ефикасно собирање на податоци од системот во реално време; 13. да го организира и управува пазарот на балансна енергија; 14. да воспостави и води регистар на балансно-одговорни страни; 15. да изработи конечен дневен распоред во соработка со операторот на пазарот на електрична енергија и да ги евидентира и чува податоците добиени во процесот на изра- ботка на конечниот дневен распоред; 16. да обезбеди дневно диспечирање со примена на моделот на самодиспечирање и уп- равување во реално време со тековите на електрична енергија во електропреносната мре- жа и интерконективните водови, водејќи сметка за целокупното производство и побару- вачка на електрична енергија во Република Северна Македонија, како и за внатрешните и прекуграничните трансакции врз основа на конечниот дневен распоред; 156 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 17. да обезбеди размена на податоци со операторите на други електроенергетски систе- ми потребни за исполнување на обврските од членството во ENTSO-E и за безбедно и ефикасно управување со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија; 18. да ја поттикнува прекуграничната размена на електрична енергија со примена на имплицитни аукции за краткорочно доделување на прекугранични преносни капацитети во организираниот пазар на електрична енергија, како и со прекугранично поврзување на механизмите за размена на балансна енергија и резервна моќност; 19. да објавува податоци и навремено да обезбеди информации од операторите на со- седните електропреносни системи за расположливите преносни капацитети на интерко- нективните водови заради обезбедување на недискриминаторен, објективен и транспарен- тен пристап и користење на електропреносниот систем; 20. да обезбеди инсталирање и одржување на мерните уреди и да ја мери електричната енергија на сите мерни места во точките на прием и испорака на електрична енергија во електропреносниот систем и да ги стави на располагање податоците од мерењата на ко- рисниците на системот и на операторот на пазарот на електрична енергија; 21. да им обезбеди пристап на корисниците на електропреносниот систем до мерните уреди што се во негова сопственост; 22. да набавува системски услуги кои не се користат за регулација на фреквенција и ус- луги за балансирање на електропреносниот систем согласно со членот 147 од овој закон; 23. да донесе правила за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика, како и да набавува електрична енергија согласно донесените правила; 24. да набавува електрична енергија за покривање на загубите во електропреносната мрежа и електрична енергија за сопствени потреби, со цел да се обезбеди сигурно и довер- ливо функционирање на електропреносниот систем, по пазарни услови, на транспарентен и недискриминаторен начин; 25.да ги решава загушувањата во електропреносниот систем во согласност со овој за- кон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон; 26. да обезбеди балансирање на електроенергетскиот систем по пазарни услови и по- рамнување на отстапувањата и услугите за балансирање, како и да ги обезбеди фактурира- њето и наплатата на услугите за балансирање, согласно правилата за пазар на балансна енергија; 27.да учествува во регионално координираната пресметка на прекугранични преносни капацитети, како и во изработката на правилата и/или методологиите за координирана пресметка на капацитети; 28. да учествува во спојувањето на пазарите на електрична енергија и реализацијата на трансакциите на споените пазари, како и во изработката на правилата и/или методологии- те за спојување на пазарите на електрична енергија; 29. да соработува со НEMO во постапките за определување на редоследот за диспечи- рање на производните постројки и потрошувачите за управување со загушувањата во спо- ените пазари на електрична енергија и 30. да обезбеди доверливост на деловните податоци на корисниците на електропренос- ниот систем. (2) Операторот на електропреносниот систем е должен да води диспечерска книга, за- писи за доверливоста на електропреносниот систем, податоци од системот за надзор и уп- равување како и мерни податоци, и да ги чува најмалку 10 години. (3) Операторот на електропреносниот систем е должен да води евиденција за работење- то на електропреносниот систем и по барање на Регулаторната комисија за енергетика да и овозможи пристап до податоците. 157 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Операторот на електропреносниот систем може привремено да ја прекине испорака- та на електрична енергија преку електропреносниот систем: 1. по претходна најава, при вршење на планирани прегледи, испитувања, контролни ме- рења, одржување, реконструкции, проширувања на мрежите, уредите и инсталациите, приклучување на нови корисници на електропреносниот систем и 2. без најава во случај на потреба од спречување на хаварии и други ризици од нарушу- вања во електроенергетскиот систем или во случај на виша сила. (5) Регулаторната комисија за енергетика може да му дозволи на операторот на елек- тропреносниот систем да извршува и други активности освен утврдените со овој закон, доколку со нив се овозможува исполнување на неговите обврски од овој закон или про- писите донесени врз основа на овој закон, како и да му дозволи да поседува, развива и уп- равува со други мрежи, различни од електропреносната мрежа. (6) Oператорот на електропреносниот систем, заедно со останатите оператори на елек- тропреносни системи, е должен пред поднесувањето на предлогот регионални TCM, или нивни измени и дополнувања, да врши консултации: 1. во период не покус од еден месец, со засегнатите учесници на пазарот на електрична енергија, корисници на електропреносниот систем и потрошувачи во Република Северна Македонија и доколку е потребно да врши консултации на регионално ниво со засегнати- те договорни страни на Енергетска заедница и засегнатите држави членки на Европската Унија. 2.по спроведените консултации од точката 1 на овој став, предлогот го доставува до си- те оператори на електропреносни системи кои се засегнати со неговата примена; 3. утврдува предлог во кој ги зема предвид забелешките добиени во консултациите од точката 2 на овој став, кој го доставува до Регулаторната комисија за енергетика на одоб- рување и 4. кон предлогот од точката 3 на овој став, доставува и образложение за прифаќање или неприфаќање на забелешките добиени во текот на консултациите, кое го објавува на своја- та веб-страница пред или истовремено со објавувањето на усвоениот предлог од точка 1 на овој став. (7) Операторот на електропреносниот систем во процесот на планирање на зафати за реконструкции, ревитализации и/или инвестиции e должен да ги земе во предвид насоки- те од Стратегијата, Интегрираниот национален план за енергија и клима, Акцискиот план за спроведување на Интегрираниот национален план за енергија и клима, општинските енергетски планови и Годишниот план за изградба на енергетски објекти. (8) Операторот на електропреносниот систем може да пресметува договорени размени како резултат на поединечно спојување во тековниот ден за што изработува предлог за за- едничка методологија за пресметката. Предлог за заедничка методологија е предмет на јавни консултации со засегнатите страни, вклучувајќи ги и релевантните тела на секоја до- говорна страна на Енергетската заедница и држава членка на Европската Унија. (9) Со методологијата од ставот (8) на овој член се опишува пресметката и каде е пот- ребно, се наведуваат сите информации кои релевантните НЕМО треба да ги достават за потребите на изработка на калкулаторот на планираните размени како и временската рам- ка за доставување на информациите. (10) Пресметката на планираните размени се заснова на нето - позиции од членот 122 став (8) од овој закон. (11) Надоместокот за користењето на електропреносниот систем го плаќаат корисници- те на електрична енергија приклучени на електропреносната мрежа. 158 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (12) Најдоцна две години по одобрувањето на предлогот од ставот (8) на овој член од страна на регулаторните тела на предметниот регион, релевантните оператори на елек- тропреносен систем вршат ревизија на методологијата. Обврски од членството во европската мрежа на оператори на електропреносни систе- ми (ENTSO-E) Член 141 (1) Операторот на електропреносниот систем, на договорна основа, остварува соработ- ка со другите оператори на електропреносните системи, членови на ENTSO-E во рамките на Енергетската Заедница во активностите за развој и функционирање на внатрешниот па- зар за електрична енергија на Европската Унија и зајакнување на меѓузонската трговија, како и во обезбедувањето на оптимално управување, координирано работење и стабилен техничко-технолошки развој на Европската електроенергетска мрежа. (2)Трошоците кои произлегуваат од членството во ENTSO-E се на товар на операторот на електропреносниот систем и се земаат предвид при пресметката на тарифите, од членот 61 став (7) точка 12 од овој закон. Координирано управување со електропреносниот систем Член 142 (1) Операторот на електропреносниот систем e должен да го координира управувањето со системот и доделувањето на прекуграничните преносни капацитети со операторите на електропреносните системи од член 141 став (1) од овој закон кои учествуваат во телата за регионална соработка воспоставени со ратификуваните меѓународни договори, а осо- бено: 1. ја координира распределбата на расположливите преносни капацитети на секоја од границите на зоната на наддавање; 2. ја координира пресметката на прекуграничниот капацитет како и проценката и ефи- касната употреба на корективните активности за справување со загушувањата на секоја од границите на зоната на наддавање опфатена со соодветниот регион за координирана пресметка на капацитети; 3. го координира управувањето со системот со операторите од регионот на координира- но управување со електропреносните системи , а посебно проценката и употребата на ко- рективните активности потребни за обезбедување на сигурност и економичност во работе- њето на заемно поврзаните електропреносни системи, проценката на адекватноста на ре- сурсите во регионот и употребата на механизми за координиран пристап до заемно дос- тапните механизми за балансирање на системот и 4. учествува во утврдувањето и спроведувањето на мерките за заемно воспоставување и одржување на оперативната сигурност на системите при координирано управување со прекини во преносот коишто се во состав на регионот на координирано управување од точката 3 на овој став. Права и обврски на операторот на електропреносниот систем кои произлегуваат од соработката во регионот на координирана пресметка на капацитети Член 143 (1) Заради спојување на пазарите на електрична енергија ден однапред и во тековниот ден, како и функционирање на долгорочните пазари и пазарот на балансна енергија, опе- раторот на електропреносниот систем соработува со операторите на електропреносните 159 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година системи и Регионалниот координативен центар во регионот на координирана пресметка на капацитети во согласност со правилата и обврските кои произлегуваат од ратификува- ните меѓународни договори и членството во ENTSO-E. (2) Операторот на преносниот систем учествува во работата на Регионалниот координа- тивен центар кој е одговорен за електропреносниот регион и регионот за пресметка на ка- пацитетот на кој операторот на електропреносниот систем припаѓа. Операторот на елек- тропреносниот систем до Регионалниот координативен центар ги доставува сите инфор- мации неопходни за извршување на обврските од ставот (1) од овој член. (3) Ако границата на која се пресметуваат преносните капацитети е помеѓу Република Северна Македонија и држава членка на Европската Унија, координираната пресметка на преносните капацитети е во надлежност на Регионалниот координативен центар утврден во договор склучен помеѓу операторот на електропреносниот систем на Република Север- на Македонија и операторот на електропреносниот систем на таа држава членка на Ев- ропската Унија. (4) Операторот на електропреносниот систем, по претходно известување до Регулатор- ната комисија за енергетика, во целост ги применува следниве ТСМ одобрени од ACER и нивните измени со кои се уредува: 1. во однос на координирано доделување на меѓузонските преносни капацитети и спра- вување со загушувањата во спојувањето на пазарите ден-однапред и во тековниот ден: 1.1. конфигурацијата на регионот за пресметка на капацитети во кој припаѓа територи- јата на Република Северна Македонија; 1.2. методологијата за обезбедување на податоци за производството и побарувачката кои се користат во пресметката на преносните капацитети; 1.3. методологијата за утврдување на заедничкиот мрежен модел; 1.4. методологија за хармонизирана пресметка на меѓузонските преносни капацитети; 1.5. методологијата за пресметка на цената на капацитет во тековниот ден; 1.6. временскиот термин за отворање и временскиот термин за затворање на меѓузон- ското тргување на пазарот во тековниот ден; 1.7. временскиот праг за гарантирање на преносниот капацитет во пазарот ден-однап- ред; 1.8. методологијата за распределба на приходот од загушувањата; 1.9. методологијата за пресметка на договорените трансакции на тргувањето кои произ- легуваат од единечно спојување на пазарите ден-однапред и 1.10. методологијата за пресметка на закажаните трансакции на тргувањето кои произ- легуваат од единечно спојување на пазарите во тековниот ден; 2. во однос на координирано доделување на капацитет на долгорочните пазари: 2.1. методологијата за обезбедување на податоци за производството и побарувачката на електрична енергија кои се користат во пресметката на преносните капацитети; 2.2. методологијата за утврдување на заедничкиот мрежен модел; 2.3. правилата и условите за учество на единствените платформи за координирано доде- лување на преносен капацитет во Енергетската заедница и во Европската Унија, 2.4. усогласените правила за доделување на преносниот капацитет; 2.5. методологијата за распределба на приходот од загушувањата; 2.6. методологиите за распределба на трошоците за воспоставување, развој и работење на единствените платформи и 2.7. методологиите за распределба на трошоците за гарантирање на долгорочните права на преносен капацитет и соодветните надоместоци. 160 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Операторот на електропреносниот систем заеднички со операторите на преносните системи на регионот за пресметка на капацитетот ги изработува и ги доставува на одобру- вање до Регулаторната комисија за енергетика и останатите регулаторни тела во соодвет- ниот регион, следниве ТСМ, со рокови за започнување на нивна примена, со кои се уре- дува: 1. координирано доделување на меѓузонските преносни капацитети и справување со за- гушувањата во спојувањето на пазарите ден-однапред и пазарите во тековниот ден и тоа: 1.1. заедничка методологија за пресметка на меѓузонскиот преносен капацитет која вклучува и методологија за да се утврди маргина на преносната доверливост , методологи- ја за утврдување на оперативни сигурносни ограничувања и случајни испади релевантни за пресметка и распределба на преносниот капацитет, методологија за начинот на гене- раторското поместување и методологија за корективни мерки; 1.2. одлуки за воведување или одложување на воведувањето на пресметка на преносни- от капацитет врз основа на тековите на електрична енергија за пазарот ден-однапред и па- зарот во тековниот ден, како и одлуки за можно соодветно изземање; 1.3. методологија за координирано редиспечирање и контратргување; 1.4. координирани резервни постапки за транспарентно и недискриминаторно доделу- вање на преносните капацитети ако спојувањето на пазарите ден-однапред не ги даде оче- куваните резултати; 1.5. механизам за дополнителни регионални аукции во тековниот ден; 1.6. заедничка методологија за распределба на трошоците за редиспечирање и контрат- ргување заедно со трошоците за корективните активности со прекуграничен ефект и 2. координирано доделување на капацитет на долгорочните пазари и тоа: 2.1. методологија за пресметка на меѓузонскиот преносен капацитет; 2.2. методологија за поделба на меѓузонскиот прекуграничен капацитет; 2.3. регионални форми на долгорочното право на користење на преносен капацитет кое се доделува на секоја од границите на зоната на наддавање во регионот, понудено од опе- раторот на електропреносниот систем преку единствена платформа за аукциска распре- делба, во форма на право на физички пристап на учесниците на пазарот до капацитетот во годишната и месечната временска рамка, со можност и за други временски рамки; 2.4. координирана резервна постапка за одложено доделување, ако основниот механи- зам за долгорочното доделување на преносен капацитет не успее; 2.5. усогласени регионални правила за долгорочно право на пристап и користење на преносниот капацитет кое вклучува физички пристап, обврска за користење на правото на пристап и можност за користење на правото на пристап, како и правила за надоместок во случај на ограничување на правото на пристап; 2.6. усогласени услови и барања за воспоставување на единствена регионална аукциска платформа за долгорочно доделување на право на користење на преносните капацитети и 2.7. методологија за споделување на трошоците за воспоставување, развој и управување со единствената регионална аукциска платформа за долгорочно доделување на право на користење на преносните капацитети. (6) Регулаторната комисија за енергетика поединечно ги одобрува следниве ТСМ изгот- вени од страна на операторот на електропреносниот систем: 1. ревизија на конфигурацијата на границите на зоната на наддавање во својата кон- тролна област ако ревизијата има незначително влијание врз контролните области на со- седните оператори и интерконективните водови и придонесува за подобрување на ефикас- носта или безбедноста на управувањето со системот; 161 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. доделувањето на меѓузонски преносен капацитет и други аранжмани ако повеќе НЕ- МО се активни во зоната или ако прекуграничните водови се управувани од оператори кои не се сертифицирани; 3. трошоците за доделување на преносниот капацитет и за справување со загушувањата во електропреносната мрежа и 4. споделување на регионалните трошоци за поединечно спојување на пазарите ден-од- напред и на пазарите во тековниот ден. (7) Трошокот за ден-однапред преку зонски капацитет го одразува пазарното загушува- ње и се сведува на разликата помеѓу соодветните ден однапред цени на порамнување на засегнатите зони на наддавање. Трошоците за дебаланс или дополнителни трошоци не се пресметуваат. Права и обврски на операторот на електропреносниот систем, кои произлегуваат од соработката во регионот поврзани со оперативната сигурност Член 144 (1) Операторот на електропреносниот систем, во целост ги применува следниве ТСМ одобрени од ACER и нивните измени со кои се уредува: 1. основните организациски услови, задачи и надлежност во размената на податоци по- меѓу операторите во регионот потребни за одржување на оперативната сигурност; 2. методологијата за изработка на заедничките мрежни модели; 3. методологијата за координација на анализата на оперативната сигурност ; 4. методологијата за утврдување на минималната инерција на системот во синхроната област континентална Европа; 5. методологијата за оценка на релевантноста на ресурсите за координирано справува- ње со прекините; 6. методологиите и условите и вредностите содржани во оперативните договори, а осо- бено параметрите за квалитет, условите за фреквенциска стабилност и правилата за од- ржување, обновување и ограничувањата на резервите за обновување на фреквенциската стабилност како и резервите за замена, кои се споделуваат или разменуваат со оператори- те од соседните синхрони области и 7. мерки за ублажување на ризикот и последиците од прекин на функционирање на сис- темите за пренос во синхроната област континентална Европа. (2) Операторот на електропреносниот систем, заедно со операторите на преносните системи на регионот за пресметка на капацитетот изработува и доставува на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика и останатите регулаторни тела во соодветниот регион ТСМ, со рокови за започнување на нивна примена, со кои се уредува: 1. правила за координација на постапките за оперативна безбедност за операторите во секој од опфатените региони на координирана пресметка на меѓузонски капацитети; 2. методологии и услови содржани во оперативните договори кои се применуваат во контролниот блок, а се однесуваат на: ограничувања на степенот на зголемување на излез- ната моќност на производните постројки, координирани активности за намалување на грешките во контролата на обновувањето на фреквенциската стабилност кои вклучуваат измени во производството и побарувачката на активна моќност, како и правила за димен- зионирање на резервите за обновување на фреквенциската стабилност; 3. корективни мерки за трајно намалување на грешките во контролата на обновувањето на фреквенциската стабилност во контролниот блок во насока на идно достигање на по- ставените целни вредности и 4. заедничкиот предлог за утврдување на конфигурацијата на контролниот блок. 162 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Регулаторната комисија за енергетика поединечно ги одобрува следниве ТСМ изгот- вени од страна на операторот на електропреносниот систем: 1. податоците, нивната структура и динамиката на нивната размена со операторите на електродистрибутивните системи и значајните корисници на електропреносниот систем во Република Северна Македонија; 2. дополнителни барања за групите на даватели на услуги на резерва за одржување на фреквенциската стабилност и критериуми за нивно исклучување од обврската за обезбеду- вање на ваква резерва; 3. предлог за одбивање на неадекватни групи даватели на услуги на резерва за одржува- ње на фреквенциската стабилност; 4. предлог за привремен минимален период на активирање на резерва за одржување на фреквенциската стабилност која треба да биде обезбедена од давателите на резервата; 5. технички барања за давателите на услуги на резерва за обновување на фреквенциска- та стабилност; 6. предлог за одбивање на неадекватни групи даватели на услуги на резерва за обнову- вање на фреквенциската стабилност определени од операторот на електропреносниот сис- тем; 7. технички барања за поврзување на постројки кои обезбедуваат услуга на резерва за замена и соодветните групи за даватели на услугата и 8. предлог за одбивање на неадекватни групи на даватели на услуги на резерва за за- мена. (4) Операторот на електропреносниот систем по одобрувањето од страна на Регулатор- на комисија за енергетика односно ECRB или ACER или доколку не е потребно одобру- вање, по нивното стапување во сила, ги објавува ТСМ на својата веб-страница, освен до- колку истите се сметаат за доверливи информации согласно членот 259 од овој закон. Права и обврски на операторот на електропреносниот систем кои произлегуваат од соработката во регионот поврзани со енергијата за балансирање и системски услуги Член 145 (1) Операторот на електропреносниот систем, во целост ги применува следниве ТСМ одобрени од ACER: 1. правила за воспоставување и менување на европските платформи за размена на ба- лансна енергија од резервите за обновување на фреквенциската стабилност со мануелна и автоматска активација и за урамнотежување на дебалансите; 2. стандардни производи на капацитет во понудата за балансирање; 3. методологија за класифицирање на причините за активирање на понудите на балан- сна енергија; 4. проценка на можното зголемување на минималниот волумен на капацитет во пону- дите на балансна енергија на европските платформи; 5. методологии за утврдување на цените на балансна енергија и меѓузонски преносен капацитет кои се користат во размената на балансна енергија или пребивањето на дебалан- сите, 6. методологија за доделување на меѓузонскиот преносен капацитет во процесот на раз- мена на балансен капацитет или споделување на резервите; 7. методологија за вкрстено оптимизирање на постапката за доделување на меѓузонски- от преносен капацитет; 163 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 8. правила за меѓусебно порамнување на планираната размена на енергија меѓу опера- торите на електропреносните системи; 9. правила за усогласување на главните услови во порамнувањето на дебалансите; 10. правила за воспоставување на европска платформа за споделување на резерви за за- мена во географската област на операторите кои вршат такво споделување; 11. правила за меѓусебно порамнување на планираната размена на енергија помеѓу опе- раторите на електроенергетските системи кои вршат планирана размена на енергија во синхроната област континентална Европа и 12. правила за порамнување на ненамерната размена на енергија во рамките на синхро- ната област континентална Европа. (2) Операторот на електропреносниот систем, заедно со операторите на преносните системи на регионот за пресметка на капацитетот ги изработува и ги доставува на одобру- вање до Регулаторната комисија за енергетика и останатите регулаторни тела во соодвет- ниот регион следниве ТСМ, со рокови за започнување на нивна примена, со кои се уре- дува: 1. воспоставување на усогласени заеднички правила и постапки за набавка или размена на балансен капацитет помеѓу операторите кои набавуваат, разменуваат или планираат таква заемна размена за географска област која опфаќа два или повеќе оператори на елек- тропреносни системи кои разменуваат или се подготвени да разменат балансен капацитет; 2. методологија за пресметка на веројатноста да има меѓузонска понуда на балансен ка- пацитет по затворањето на портата на пазарот во тековниот ден за географска област која опфаќа два или повеќе оператори на електропреносни системи кои разменуваат балансен капацитет; 3. услови и постапка за размена на балансни услуги за географска област која покрива два или повеќе електропреносни системи, при што давателот на балансни услуги ги дава услугите наменети за размена прво на операторот на системот со кој има договор за балан- сирање, а кој потоа ги испорачува услугите на операторот на системот со кој се врши раз- мената; 4. методологија за пресметка на меѓузонскиот капацитет за потребите на размена на ба- лансен капацитет во секој од опфатените региони на координирана пресметка на меѓузон- ски капацитети; 5. постапка за доделување на меѓузонски преносен капацитет за размена на балансен капацитет или за споделување на резерви за балансирање за географската област која пок- рива два или повеќе електропреносни системи и 6. принципи на алгоритмите за балансирање за операторите кои разменуваат услуги, за географска област која покрива два или повеќе електропреносни системи. (3) Регулаторната комисија за енергетика поединечно ги одобрува следниве ТСМ изгот- вени од страна на операторот на електропреносниот систем: 1. предлог за изземање од обврската за објавување на понудените цени за балансна енергија или балансен капацитет во случај на основаност за злоупотреба на пазарот на ба- лансни услуги; 2. методологија за распределба на трошоците кои произлегуваат од активностите презе- мени од операторите на поврзаните електродистрибутивни системи; 3. правила и услови за давателите на услуги за балансирање и за балансно-одговорните страни, кои вклучуваат и правила за суспензија и обновување на пазарните активности и кои можат да бидат донесени во соработка со еден или повеќе оператори на електропре- носни системи од заедничката контролна област; 164 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4.предлог за дефинирање и користење на специјални производи на балансна енергија и балансен капацитет кои ќе се применуваат на европските платформи од ставoт (1) точка 1 на овој член, независно од стандардните производи; 5. предлог за ограничување на волуменот на понудите на балансни услуги упатени на европските платформи за размена на балансна енергија во моделот на самодиспечирање, ако тргувањето на пазарот во тековниот ден се затвора по затворањето на тргувањето на европските пазари на балансна енергија; 6. предлог за изземање од обврската за одвоена набавка на моќност за нагорно и надол- но балансирање; 7. предлог, ако е тоа можно, за воспоставување дополнителен механизам за порамнува- ње независен од механизмот за порамнување на дебалансите, наменет за порамнување по- меѓу балансно-одговорните страни на трошоците во набавката на балансната моќност, ад- министративните трошоци и други трошоци поврзани со балансирањето; 8. предлогот за изземање од една или од повеќе обврски кои произлегуваат од правила- та за пазар на балансна енергија и 9. предлог за надомест на трошоците од обврските наметнати на операторот на елек- тропреносниот систем кои произлегуваат од овој член и правилата за балансирање. Права и обврски на операторот на електропреносниот систем, кои произлегуваат од соработката во регионот поврзани со вонредни состојби и повторно воспоставување на функциите на системот Член 146 (1) Мрежните правила за пренос на електрична енергија содржат одредби со кои се уре- дуваат правата и обврските на операторот на електропреносниот систем, кои произлегува- ат од соработката во регионот поврзани со вонредна состојба и воспоставување на нор- мална работа на електроенергетскиот систем, а особено: 1. начинот, постапката и условите на дејствување на давателите на услуги за заштита на системот на договорна основа; 2. начинот, постапката и условите на дејствување на давателите на услуги за повторно воспоставување на функциите на системот на договорна основа; 3. начинот, постапката и условите за исклучување од електропреносниот систем и пов- торно вклучување корисници; 4. листата на корисници на електропреносниот систем, кои имаат обврска да преземат мерки и да ги прилагодат своите инсталации според барањата кои се однесуваат на прик- лучување на производни постројки и потрошувачи на електрична енергија на електропре- носната мрежа и 5. планот за тестирање со кој се одредува опремата и способностите на електропренос- ниот систем кои се значајни за планот за заштита на системот и планот за обновување на функциите на системот. (2) Со одредбите од ставот (1) точки 1 и 2 на овој член, особено се уредуваат: 1. карактеристиките на услугата која се обезбедува; 2. можностите и условите за агрегација и 3. целната географска распределба на изворите на моќност со можност за самостојно повторно воспоставување на системот, од состојба на целосна неактивност на системот или од состојба на работа во островска конфигурација, за давателот на услуги за повторно воспоставување. 165 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Операторот на електропреносниот систем изготвува и по одобрување од Регулатор- ната комисија за енергетика, донесува одбранбен план на системот и план за повторно воспоставување на системот, кој треба да е усогласен со мерките од плановите на остана- тите оператори од синхроната област континентална Европа. (4) Операторот на електропреносниот систем го следи спроведувањето на плановите од ставот (3) на овој член и во случај на неисполнување на обврските од страна на корисни- ци на електропреносниот систем од ставот (1) точка 4 на овој член ја известува Регула- торната комисија за енергетика. Регулаторната комисија за енергетика по известувањето од операторот на електропреносниот систем ги задолжува корисниците да преземат мерки и прилагодување на инсталациите со барањата за приклучување на производни постројки и потрошувачи на електрична енергија на електропреносната мрежа.За непостапување Ре- гулаторната комисија за енергетика покренува прекршочна постапка. (5) Во правилата за регистрација на учество на пазар на електрична енергија и уредува- ње на пазарот на билатерални договори се уредува начинот, постапката и условите за сус- пендирање и повторно воспоставување на пазарните активности на пазарот во итни слу- чаи, како и начинот, постапката и условите за пресметка на дебалансите и на соодветните финансиски трансакции од услугите за балансирање во случај на суспензија на пазарните активности. Набавка на електрична енергија и услуги на операторот на електропреносниот систем Член 147 (1) Операторот на електропреносниот систем набавува енергија, моќност и системски услуги во транспарентна, конкурентна и недискриминаторна постапка и тоа за: 1. покривање на загубите во електропреносната мрежа; 2. управување со загушувањата во електропреносната мрежа; 3. балансирање на електропреносниот систем; 4. обезбедување на системски услуги кои не се користат за регулација на фреквенција или резерви и 5. сопствени потреби. (2) Ако набавената електричната енергија или системските услуги од ставот (1) на овој член, не се доволни или физички не може да се испорачаат, операторот на електропренос- ниот систем, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика може да спроведе транспарентна, конкурентна и недискриминаторна постапка за набавка на пот- ребната електрична енергија или системските услуги. (3) Ако операторот на електропреносниот систем не може да ја набави електричната енергија или системските услуги на начин утврден во ставот (2) на овој член, Владата, по претходно добиено мислење од Регулаторната комисија за енергетика, може да донесе од- лука за наметнување обврска за јавна услуга согласно членот 7 од овој закон, на снабдувач со електрична енергија за обезбедување на електричната енергија или системските услуги, при што во однос на трошоците и штетата од изгубената добивка му доделува соодветен надоместок утврден во мислењето на Регулаторната комисија за енергетика, кој треба да е во согласност со прописите за државна помош. (4) Регулаторната комисија за енергетика може да одобри привремено изземање од об- врската за набавки на услугите од ставот (1) точка 4 на овој член, во период не подолг од шест месеци, ако операторот на електропреносниот систем достави доказ дека набавките на системски услуги на пазарот се економски неефикасни. (5) Обврската за набавка на системски услуги не се однесува на целосно интегрираните мрежни компоненти од електропреносниот систем. 166 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Операторот на електропреносниот систем преку транспарентен процес со учество на корисниците на системот, операторите на електродистрибутивните системи и давателите на услуги утврдува листа на спецификации за системските услуги кои се набавуваат на па- зарот, претходно одобрена од Регулаторната комисија за енергетика и ја објавува на своја- та веб- страница. Според спецификациите, операторот на електропреносниот систем како составен дел на правилата за пазар на балансна енергија дефинира стандардизирани паке- ти од услуги, за секоја категорија на системски услуги и за сите квалификувани учесници на пазарот, вклучувајќи ги и оние кои нудат енергија или услуги од ставот (7) на овој член. (7) Операторот на електропреносниот систем е должен да овозможи сите производни постројки и сите понудувачи на електрична енергија, кои го имаат потребниот степен на прилагодливост за учество на пазарот, коишто се исплатливи, одржливи, го помагаат ефи- касното и безбедното работење на системот и овозможуваат да се намали потрошувачката и да се намалат потребите од надградба или замена на производните капацитети да учес- твуваат на пазарот на балансна енергија со обезбедување на еднакви услови за: 1. енергија добиена од обновливи извори; 2. енергија добиена преку агрегација; 3. услуги од управување преку побарувачката; 4. услуги или енергија од складишта на енергија или 5. услуги од мерки на енергетска ефикасност. (8) Операторот на електропреносниот систем соработува, разменува информации и се координира со операторите на електродистрибутивните системи, со цел да обезбеди опти- мално искористување на ресурсите, безбедно и ефикасно функционирање на електропре- носниот системот и развој на делот на системски услуги на пазарот на балансна енергија. Мрежни правила за пренос на електрична енергија Член 148 (1) Операторот на електропреносниот систем, по претходно одобрување од Министер- ството и Регулаторната комисија за енергетика, ги донесува мрежните правила за пренос на електрична енергија и ги објавува во „Службен весник на Република Северна Македо- нија“ и на својата веб-страница. (2) Со мрежните правила за пренос на електрична енергија особено се уредуваат: 1. техничките и другите услови за сигурно и безбедно функционирање на електропре- носниот систем; 2. техничко-технолошките услови и начинот за приклучување на корисниците на елек- тропреносниот систем; 3. технички услови за обезбедување на системски услуги и услуги за флексибилност; 4. методологијата за определување на надоместокот за приклучување на електропре- носната мрежа; 5. условите и начинот на пристап на трето лице на електропреносниот систем; 6. објективни, недискриминаторни и транспарентни постапки за разрешување на загу- шувањата во електропреносниот систем; 7. техничко-технолошките услови за работа на објектите за производство на електрична енергија за кои е издадена лиценца за пробна работа; 8. планирањето на одржувањето и развојот на електропреносниот систем; 9. начинот на усогласување со корисниците на електропреносниот систем во случаи на планирани прекини; 167 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 10. содржината на плановите за развој на електропреносниот систем, како и начинот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат неопходните податоци за изготвување на плановите за развој; 11. начинот и постапката за прогнозирање на потрошувачката на електрична енергија, како и обврските на корисниците на електропреносниот систем во поглед на доставување на неопходните податоци потребни за изготвување на прогнозите за потрошувачката; 12. мерките за обезбедување на потребната оперативна сигурност на електропреносни- от систем; 13. мерките, активностите и постапките во случај на нарушувања и хаварии; 14. функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на електричната енергија и моќност; 15. техничките критериуми за обезбедување на системски услуги; 16. начинот на диспечирање и редиспечирање; 17. квалитетот на електрична енергија која се испорачува преку електропреносниот систем; 18. квалитетот на услугите што операторот на електропреносниот систем ги обезбедува на корисниците; 19. механизмите за координација и размена на информации со корисниците на системот и со операторите на соседните електропреносни системи; 20. комуникациските протоколи за надзор и управување на електропреносниот систем, 21. работата на системот за оперативно управување; 22. начинот на објавување на информациите кои согласно овој закон е должен да ги об- јавува; 23. начинот и постапката за обезбедување на информации за корисниците на системот и 24. вонредна состојба и воспоставување на нормална работа на електроенергетскиот систем согласно со членот 146 од овој закон. (3) Операторот на електропреносниот систем е должен мрежните правила од ставот (1) на овој член, да ги усогласи со барањата утврдени во соодветните правила на ENTSO-E. (4) Регулаторната комисија за енергетика донесува Правила за изземање од примената на одделни обврски од мрежните правила за пренос на електрична енергија, со кои особе- но се уредуваат: 1. критериумите врз основа на кои се доделува изземање на примената на одделни об- врски од мрежните правила за пренос на електрична енергија; 2. формата, содржината и начинот на доставување на барањето за изземање од приме- ната на одделни обврски од мрежните правила за пренос на електрична енергија; 3. потребната документација која се доставува со барањето од точката 2 на овој став и 4. постапката и роковите за постапување по барањето од точката 2 на овој став. (5) Врз основа на барање поднесено од операторот на електропреносниот систем Регу- латорната комисија за енергетика согласно со правилата од ставот (3) на овој член, може да донесе одлука за изземање од примената на одделни обврски од мрежните правила за пренос на електрична енергија. Дополнителни приходи на операторот на електропреносниот систем Член 149 (1) Операторот на електропреносниот систем може да го продаде вишокот на електрич- на енергија што го набавил согласно член 140 став (1) точки 22 и 24 од овој закон, на орга- низираниот пазар на електрична енергија или на пазарот на балансна енергија и за секоја таква продажба е должен да ја извести Регулаторната комисија за енергетика. 168 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Операторот на електропреносниот систем може, со одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, да остварува приходи од давање на користење на електропренос- ната инфраструктура согласно со членот 262 од овој закон. (3) При давањето на користење од ставот (2) на овој член, операторот на електропре- носниот систем обезбедува користењето на мрежата од трети лица да не влијае на безбед- носта, сигурноста и економичноста во работењето притоа исполнувајќи ги сите безбеднос- ни услови, вклучувајќи ги и стандардите за сајбер безбедност. (4) Операторот на електропреносниот систем остварените приходи од ставовите (1) и (2) на овој член, ги води на посебна сметка и за тоа ја известува Регулаторната комисија за енергетика. (5) При утврдување на тарифата за пренос на електрична енергија, Регулаторната коми- сија за енергетика ги зема предвид приходите што ги остварува операторот на електропре- носниот систем од ставовите (1) и (2) на овој член. (6)Операторот на електропреносниот систем може приходите остварени согласно со ставот (2) од овој член, по претходно одобрување на Регулаторната комисија за енерге- тика, да ги користи за реализација на проекти од планот од членот 150 од овој закон. Десетгодишен план на развој на електропреносниот систем Член 150 (1) Операторот на електропреносниот систем е должен на секои две години, по консул- тација со засегнатите учесници на пазарот, корисници на електропреносниот систем и потрошувачи, да подготви план за развој на електропреносниот систем за период од след- ните 10 години, кој особено ги содржи: 1. потребите од одржување, проширување и надградбата на електропреносниот систем и мрежа, вклучувајќи ги и потребите и можностите за зголемување на преносниот капаци- тет, како и приклучување на нови капацитети за производство, складирање и потрошувач- ка на електрична енергија; 2. потребните мерки со кои се обезбедува адекватност на електропреносниот систем и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија; 3. главната електропреносна инфраструктура која се планира да се изгради или надгра- ди во следните 10 години; 4. тековните и новите инвестиции кои треба да се реализираат во следните три години и 5. временската рамка за реализација на проектите дефинирани во планот. (2) При изготвување на планот од ставот (1) на овој член, операторот на електропренос- ниот систем ги има предвид: 1. можностите за користење на механизми за управување преку побарувачката, скла- дишта на енергија или други мерки како алтернатива на проширувањето и надградбата на електропреносниот систем и нивното влијание; 2. прогнозите и очекуваните промени во побарувачката на електрична енергија, вклучи- телно и прогнозите од операторите на електродистрибутивните системи; 3. потребите за овозможување на услови за изградба и приклучување на нови објекти за производство на електрична енергија од обновливи извори и складишта на енергија; 4. остварување на националните цели и индикативните траектории за енергетска ефи- касност, обновливи извори на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови согласно Интегрираниот национален план за енергија и клима; 5. плановите и мерките за зголемување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија; 169 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 6. потребите од зголемување на прекуграничните капацитети за одделни корисници на системот и долгорочните обврски на инвеститорите за оваа намена од регионалните пла- нови за развој на електропреносните системи; 7. потребите од зголемување на прекуграничните преносни капацитети за исполнување на акцискиот план за намалување на структурни загушувања од членот 153 од овој закон и постигнување на целите за искористеност на прекуграничните преносни капацитети од членот 155 од овој закон;

  10. 8. PECI и PMI во електропреносната инфраструктура и 9. податоците за потребите од десетгодишниот план за развој на електропреносната мрежа на ENTSO-E и на соседните електропреносни системи. (3) Операторот на електропреносниот систем, e должен до 1 октомври во годината во која се донесува планот од ставот (1) на овој член, да го достави до Министерството, кое во рок од 20 дена од денот на приемот на планот, ја проверува неговата усогласеност со Интегрираниот национален план за енергија и клима и за тоа му доставува на операторот на електропреносниот систем образложено мислење. (4) По добиеното мислење од ставот (3) на овој член, операторот на електропреносниот систем, до 31 октомври, го доставува усогласениот план на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика. (5) По доставувањето на усогласениот план од ставот (4) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика во рок од 30 дена : 1. проверува дали во планот се земени предвид барањата од ставот (2) на овој член и да- ли планот е усогласен со десетгодишниот план за развој на ENTSO-E и за таа цел може да изврши консултации со ACER, a по извршената проверка и спроведените консултации мо- же да побара операторот на електропреносниот систем да го дополни или прилагоди пла- нот и 2.спроведува јавни консултации со постојните корисници на електропреносниот сис- тем, вклучувајќи ги и операторите на електродистрибутивните системи, како и потенци- јалните корисници кои треба да ги образложат своите барања за приклучување, а резулта- тите од консултациите заедно со заклучокот за потребните инвестиции ги доставува до операторот на електропреносниот систем и ги објавува на својата веб-страница. (6) По спроведување на дејствијата од ставот (5) на овој член, операторот на електроп- реносниот систем, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, го донесува планот и го објавува на својата веб -страница. Неисполнување на инвестициите содржани во планот за развој на електропреносниот систем Член 151 (1)Регулаторната комисија за енергетика ја следи и оценува реализацијата на мерките и проектите од планот од членот 150 од овој закон и ако утврди дека операторот на елек- тропреносниот систем, во рок од три години, не успеал да ги реализира инвестициите предвидени во планот, кои се дел и од тековниот план, освен во случај на виша сила, пре- зема најмалку една од следниве мерки: 1. донесува одлука со која му наложува на операторот на електропреносниот систем са- мостојно да ги реализира инвестициите или 2. донесува одлука со која го задолжува операторот на електропреносниот систем да организира тендерска постапка за реализација на инвестициите отворена за секоја заинте- ресирана страна. 170 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Ако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за организирање тендерска постапка согласно со ставот (1) точка 2 на овој член, го задолжува операторот на елек- тропреносниот систем да преземе една или повеќе од следниве мерки: 1. финансирање на инвестицијата од страна на трето лице; 2. изградба и реализација на инвестицијата од страна на трето лице; 3. самостојна изградба на новата инфраструктура и 4. самостојно управување и користење на новата инфраструктура. (3) Во случаите од ставот (2) на овој член, операторот на електропреносниот систем е должен да му ги обезбеди на инвеститорот сите информации потребни за реализација на инвестицијата, како и да преземе соодветни мерки заради олеснување на реализацијата на инвестицискиот проект и приклучување на новоизградената инфраструктура на електроп- реносната мрежа. (4) Регулаторната комисија за енергетика ги одобрува финансиските аспекти за реали- зација на инвестициите во случаите од ставот (2) на овој член. (5)Ако Регулаторната комисија за енергетика преземе некоја од мерките од ставот (1) на овој член, трошоците на инвестицијата се надоместуваат преку тарифата за пренос на електрична енергија. ГЛАВА IV ПРЕКУГРАНИЧЕН ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Управување со загушувања во зоната на наддавање Член 152 (1) Операторот на електропреносниот систем, по претходно одобрување од Регулатор- ната комисија за енергетика спроведува мерки за управување со загушувањата во елек- тропреносната мрежа и/или во прекуграничните електропреносни капацитети во зоната на наддавање. (2) Oператорот на електропреносниот систем го утврдува својот предлог за конфигура- ција на границите на зоната на наддавање врз основа на долгорочните структурни загушу- вања во електропреносната мрежа, со цел да обезбеди: 1. отстранување на долгорочните структурни загушувања во електропреносната мрежа, освен ако тие не влијаат врз соседните зони на наддавање или како привремен исклучок, нивното влијание врз соседните зони на наддавање може да се отстрани со употреба на ко- рективни мерки и тие загушувања нема да доведат до намалување на меѓузонскиот капа- цитет достапен за тргување на границите на зоната на наддавање согласно услови од член 155 од овој закон и 2. максимална економска ефикасност и максимални можности за тргување меѓу зоните на наддавање во регионот на координирана пресметка на капацитети на кој припаѓа Ре- публика Северна Македонија, при што се одржува сигурноста во снабдувањето. (3) Операторот на електропреносниот систем за потребите на изготвување на извешта- јот на ENTSO-E за загушување во и помеѓу зоните на наддавање, доставува до ENTSO-E податоци за структурни загушувања и други поголеми физички загушувања во електроп- реносната мрежа и на прекуграничните капацитети, вклучувајќи ја местоположбата и за- честеноста на таквите загушувања. (4) Со цел да се согледаат сите структурни загушувања и да се предложат и разгледаат различни конфигурации на зоната на наддавање заради определување на нејзината опти- мална конфигурација, операторот на електропреносниот систем соработува со Регулатор- 171 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година ната комисија за енергетика, ENTSO-Е и операторите на електропреносните системи од регионот на координирана пресметка на капацитети во кој учествува Република Северна Македонија и ги обезбедува потребните информации и поддршка во изготвувањето на прегледот на зоните на наддавање изготвен од ENTSO-E. (5) Ако во извештајот од ставот (3) или во прегледот од ставот (4) на овој член или во извештајот на еден или повеќе оператори на електропреносни системи за своите контрол- ни области кој е одобрен од едно или повеќе надлежни регулаторни тела, се укажува на структурно загушување во електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Регулаторната комисија за енергетика, во соработка со операторот на електропреносниот систем и засегнатите корисници на електропреносната мрежа: 1. доставува до Министерството предлог за донесување акцискиот план од членот 153 од овој закон или 2. дава предлог за промена на конфигурацијата, по предлог од операторот на електроп- реносниот систем за преоценување и промена на конфигурацијата на зоната на наддавање и по спроведена консултација со надлежните регулаторни тела и операторите на електрое- нергетските системи од регионот на координирана пресметка на капацитети. (6) Во предлогот од ставот (5) точка 2 на овој член, се определува датумот за започну- вање на примената на променетата конфигурација, кој треба да овозможи период за при- лагодување на аранжманите со одложено тргување со електрична енергија договорени во рамките на претходната конфигурација на зоната. (7) Министерството, само или со надлежните органи од државите во регионот за пресметка на капацитетот, кои одлучиле да ја изменат конфигурацијата на зоната за над- давање, донесува одлука во рок од шест месеци од доставениот предлог, земајќи ги пред- вид мислењата од други држави членки на Европската унија и договорни страни на Енер- гетска заедница во истиот регион за пресметка на капацитетот. (8) Одлуката од ставот (7) на овој член е образложена и веднаш се доставува до Секре- таријатот на Енергетската заедница и ECRB, а ако предлогот не се достави или одлуката не е донесена во предвидениот рок, Регулаторната комисија за енергетика ги наведува причините за недоставување на предлогот односно недонесување на одлуката и ја приме- нува соодветната одлука донесена од ECRB за задржување на постојната или определува- ње на нова конфигурација на границите на зоната на наддавање. Акциски план за намалување на загушувањата Член 153 (1) Во рок од шест месеци од денот на приемот на предлогот од член 152 став (5) точка 1 од овој закон, Министерството изготвува, и по претходно мислење од Регулаторната ко- мисија за енергетика, донесува акциски план за намалување на идентификуваните струк- турни загушувања во електропреносната мрежа кој се спроведува во период не подолг од четири години, со временски распоред за спроведување на мерките содржани во планот. (2) Заради постигнување на минималниот праг на прекуграничен преносен капацитет на интерконективните водови за меѓузонско тргување определен во членот 155 став (2) од овој закон, Министерството во акцискиот план од ставот (1) на овој член, предвидува мер- ки за зголемување на преносниот капацитет, освен за изземањата одобрени со членот 155 став (12) од овој закон или отстапувањата определени во член 161 став (6) од овој закон, во линеарна траекторија на раст утврдена на годишно ниво, при што почетната точка е ед- наква на повисоката вредност помеѓу: 172 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. капацитетот кој бил доделен на интерконективниот вод или на критичниот елемент на мрежата кој ги предизвикал загушувањата, во годината пред донесувањето на акциски- от план и 2. соодветниот просечен износ на достапен капацитет во текот на последните три годи- ни пред усвојувањето на акцискиот план. (3) Во текот на спроведувањето на акцискиот план од ставот (1) на овој член, капаците- тот што е достапен за меѓузонско тргување, вклучително и со преземање на корективни активности во регионот на координирана пресметка на капацитети, треба да биде најмалку еднаков на вредностите од линеарната траекторија од ставот (2) на овој член. (4) Трошоците за обезбедување на потребниот меѓузонски капацитет согласно траекто- ријата од ставот (2) на овој член и трошоците предвидени согласно акцискиот план од ста- вот (1) на овој член и за преземенети корективни активности од ставот (3) на овој член, се на товар на операторот на електропреносниот систем. (5) Операторот на електропреносниот систем, самостојно или во соработка со други за- сегнати оператори на електропреносни системи, на годишно ниво, во текот на спроведува- њето на акцискиот план од ставот (1) на овој член и шест месеци по завршувањето на не- говата примена, изготвува извештај со оценка за остварувањето на линеарната траекторија од ставот (2) на овој член во претходните 12 месеци. Операторот на електропреносниот систем го доставува до Регулаторната комисија за енергетика на одобрување извештајот или податоците за извештајот ако се изготвува на регионално ниво. Операторот на елек- тропреносниот систем го доставува одобрениот извештај до ECRB и до Министерството за натамошно постапување. (6) Ако извештајот од ставот (5) на овој член, покаже дека линеарната траекторија од ставот (2) на овој член, не е постигната, Министерството, во рок од шест месеци од денот на приемот на извештајот, самостојно или во целосна усогласеност со надлежните тела на засегнатите договорни страни на Енергетската заедница или држави членки на Европската Унија, донесува одлука за промена или задржување на конфигурацијата на зоната на над- давање. При донесување на одлуката, Министерството ги зема предвид доставените мис- лења од други договорни страни на Енергетската заедница или држави членки на Европ- ската Унија. Министерството ја доставува одлуката со соодветно образложение до Секре- таријатот на Енергетската заедница и ECRB. (7) Ако одлуката од ставот (6) на овој член, не е донесена во предвидениот рок, Минис- терството доставува известување со соодветно образложение до Секретаријатот на Енер- гетската заедница. (8) Во случајот од ставот (7) на овој член, Министерството ја применува одлуката доне- сена од Секретаријатот на Енергетската заедница за промена или задржување на конфигу- рацијата на зоната на наддавање помеѓу засегнатите договорни страни. (9) Заради отстранување на загушување во електропреносната мрежа кое се појавило во периодот од шест месеци пред истекот на акцискиот план од ставот (1) на овој член, Ми- нистерството донесува одлука за: 1. промена на конфигурацијата на зоната на наддавање согласно членот 152 став (5) точка 2 од овој закон или 2. преземање на корективни активности на товар на операторот на електропреносниот систем. (10) Ако во период од шест месеци од денот на приемот на извештајот за идентифику- вано структурно загушување од член 152 став (3) од овој закон, не е усвоен акцискиот план од ставот (1) на овој член, операторот на електропреносниот систем, во рок од 12 ме- сеци од денот на приемот на извештајот оценува дали во текот на изминатите 12 месеци, расположливиот прекуграничен капацитет го достигнал минималниот праг утврден во член 155 став (2) од овој закон и доставува извештај од оценката на одобрување до Регула- торната комисија за енергетика која одобрениот извештај го доставува до ECRB. 173 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (11) Операторот на електропреносниот систем го доставува одобрениот извештај од ставот (10) на овој член, до Министерството. Ако оценката покаже дека електропреносни- от систем не е усогласен со долната граница на капацитетот од член 155 став (2) од овој закон, Министерството ја започнува постапката на разгледување на конфигурацијата на зоната на наддавање од ставот (6) на овој член. (12) Ако операторот на електропреносниот систем учествува во изработка на акциски план на друга договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европска- та Унија, придонесува во изработка на извештајот за оценка за остварувањето на линеар- ната траекторија со доставување на податоците кои од него ги бара операторот на елек- тропреносниот систем кој го изработува акцискиот план. Општи услови за управување со загушувања Член 154 (1) За управување со загушувањата во електропреносната мрежа, операторот на елек- тропреносниот систем применува: 1. недискриминаторни пазарно засновани механизми кои даваат ценовни сигнали до учесниците на пазарот, корисниците на мрежата и засегнатите оператори на електропре- носни системи; 2. методи кои не се засноваат на трансакции со електрична енергија и со кои не се врши дискриминација или селекција меѓу договорите на одделни учесници на пазарот; 3. мерки за безбедно управување со електропреносниот систем кои имаат минимално влијание врз соседните контролни области и ги координира таквите мерки со засегнатите оператори на електропреносни системи и 4. мерка со која се прекинува или намалува обемот на трансакцијата на доделен капаци- тет само во вонредни ситуации кога операторот на електропреносниот систем мора брзо да дејствува и кога не е достапно соодветно редиспечирање, при што секоја таква поста- пка се применува ограничено, краткотрајно и на пропорционален и недискриминаторен начин, а на засегнатите учесници на пазарот на коишто им е прекинат или ограничен обе- мот на трансакцијата на доделениот капацитет им обезбедува, освен во случај на виша сила, соодветен надомест. (2) Операторот на електропреносниот систем не смее да го ограничи обемот на достап- ниот преносен капацитет на интерконективен вод во зоната на наддавање заради надмину- вање на загушувањата или заради управување со тековите на електрична енергија од внат- решните трансакции во зоната на наддавање. (3) Со цел преоптоварениот или загушениот интерконективен вод да се искористи до својот максимален капацитет секогаш кога е можно, операторот на електропреносниот систем ги пребива барањата за преносен капацитет на тековите на електрична енергија во заемно спротивни насоки и не ги одбива трансакциите што го ослободуваат системот од загушување, ако со тоа не се нарушува безбедноста на електрепреносниот систем. (4) Ако настане загушување во електропреносната мрежа операторот на електропренос- ниот систем ги реализира потврдените експлицитни или имплицитни аукции од член 155 став (4) од овој закон, кои нудат најголема вредност за критичниот преносен капацитет на мрежата во дадената временска рамка. Употребата на резервирани цени во методите за до- делување на капацитетот е забранета, освен за нови интерконективни водови кои се ис- клучени од обврската за обезбедување на пристап на трета страна согласно член 106 од овој закон. 174 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Операторот на електропреносниот систем ги доставува до Регионалниот координа- тивен центар сите податоци коишто се користат за координираната пресметка на меѓузон- ските преносни капацитети достапни за тргување, вклучително и податоците за техничка- та достапност на корективните активности без рестрикции во снабдувањето и оперативни безбедносни граници, методи на промена на производство, корективни мерки, маргина на доверливост и ограничување на претходно доделениот меѓузонски капацитет. (6) Операторот на електропреносниот систем ги применува сите мерки, препораки и упатства на Регионалниот координативен центар насочени кон достигнување на линеарна- та траекторија согласно членот 153 став (2) од овој закон или максималниот достапен пре- носен капацитет од членот 155 став (2) точка 1 од овој закон, а по потреба го ажурира по- стојниот или донесува нов акциски план. (7) Операторот на електропреносниот систем не може да отстапи од спроведувањето на активностите за координирана пресметка на преносни капацитети и координирана безбед- носна анализа, освен во согласност со членот 161 став (6) од овој закон. Регулаторната ко- мисија за енергетика, врз основа на мислење добиено од ECRB и/или ACER, презема со- одветни мерки против операторот на електропреносниот систем, ако предусловите за от- стапување не биле исполнети. (8) Во постапката за распределба на трошоците за корективните активности помеѓу операторите на електропреносните системи, Регулаторната комисија за енергетика заедно со регулаторните тела во регионот на координирана пресметка на капацитети утврдува до кој степен тековите кои произлегуваат од внатрешните трансакции во зоните на наддава- ње придонесуваат за загушувањата на границите помеѓу соседните зони на наддавање. (9) Регулаторната комисија за енергетика ги утврдува трошоците од ставот (8) на овој член, пресметани врз основа на придонесот кон загушувањата предизвикани од ваквите текови коишто се распределуваат на операторите на електропреносните системи во зоните на наддавање кои ги создаваат тие текови, освен ако тие текови се под нивото што може да се очекува без структурно загушување во зоната на наддавање, потврдено од операто- рите на електропреносните системи во регионот на координирана пресметка на капаците- ти одделно за секоја граница на зоната на наддавање и одобрено од регулаторните тела во регионот. Општи услови за доделување на прекуграничните преносни капацитети Член 155 (1) Операторот на електропреносниот систем ги обезбедува, доделува, а по потреба ги зголемува прекуграничните капацитети, управува со прекуграничните текови во електроп- реносната мрежа на Република Северна Македонија и го става на располагање на учесни- ците на пазарот максималниот достапен преносен капацитет на интерконективните водови и деловите од мрежата на Република Северна Македонија кои се изложени на прекугра- нични текови, со примена на правилата и стандардите за безбедно работење на електроп- реносниот систем со цел да не се загрози снабдувањето со електрична енергија во Репуб- лика Северна Македонија и во регионот на координирана пресметка на капацитети. (2) Условите за ослободување на максимален расположлив преносен капацитет на ко- рисниците на системот, освен за исклучоците од членот 106 од овој закон и отстапувањата од членот 161 став (6) од овој закон, како и изземањата од ставот (12) на овој член, се сме- та дека се исполнети кога достапниот капацитет за меѓузонска трговија е над следниве прагови: 175 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. за границите на кои се користи пристап на пресметка на координиран нето-преносен капацитет, долната граница на достапен капацитет е 70% од преносниот капацитет при по- читување на оперативните безбедносни граници по одбивањето на резервата за непредви- дени ситуации, по можност пресметани според методологијата применета во координира- ната пресметка на капацитети; 2. за границите на кои се користи пристап на пресметка на капацитет врз основа на те- ковите на енергија, долната граница на достапен капацитет е маргината одредена во про- цесот на пресметка на капацитетот достапен за текови предизвикани од меѓузонската раз- мена, која треба да е еднаква на 70% од преносниот капацитет при почитување на опера- тивните безбедносни граници за внатрешните и меѓузонските критични елементи на мре- жата земајќи ја предвид резервата за непредвидени ситуации, по можност пресметани спо- ред методологијата применета во координираната пресметка на капацитети и 3. за маргините на доверливост, кружните текови на енергија и внатрешните текови на енергија на сите критични мрежни елементи може да се искористи најмногу 30% од пре- носниот капацитет. (3) Максималниот достапен преносен капацитет, како и минималниот резервиран пре- носен капацитет од ставот (2) на овој член, се постигнува со мерки на контра тргување и редиспечирање, вклучително и прекугранично редиспечирање и со координирана и недис- криминаторна примена на прекугранични корективни активности, при што за распредел- бата на трошоците за редиспечирање и контра-тргување операторот на електропреносниот систем применува методологија одобрена од Регулаторната комисија за енергетика. (4) Операторот на електропреносниот систем го утврдува процентот од вкупниот рас- положлив преносен капацитет на секој интерконективен вод кој се доделува во секоја вре- менска рамка. Правото на користење на прекуграничниот преносен капацитет се доделува за секоја временска рамка одделно, преку: 1. механизми за регионално координирани експлицитни аукции за капацитет во која би- ло временска рамка или за билатерално координирани експлицитни аукции за капацитет за интерконективните водови или временските рамки за кои не се користат регионално ко- ординирани аукции и/или 2. имплицитни аукции за временските рамки на ден-однапред и/или на тековниот ден при спојувањето на пазарите на електрична енергија, со кои соодветниот преносен капа- цитет се доделува заедно со правото на реализација на трансакцијата на пазарот на елек- трична енергија или 3. континуирано тргување со преносен капацитет, како дополнување на аукциите за ка- пацитет во тековниот ден. (5) Ако спојувањето на пазарите не овозможи, делумно или во целост, имплицитно до- делување на преносен капацитет во временска рамка од ставот (4) точка 2 на овој член, се користи резервна постапка за експлицитно доделување на недоделениот капацитет во таа временска рамка согласно ставот (4) точка 1 на овој член. Различни видови аукции од ста- вот (4) на овој член може да се применат истовремено на ист интерконективен вод. Во случај на загушување предност се дава на преносниот капацитет валидно доделен по по- висока цена во соодветната временска рамка, без оглед на видот на постапката во која е доделен. (6) Правото на користење на експлицитно доделениот преносен капацитет во секоја временска рамка носителот може да го препродаде на секундарен пазар управуван од опе- раторот на електропреносниот систем, ако понудата е доставена до операторот пред тер- минот определен за временската рамка за која се однесува понудата. Операторот на елек- тропреносниот систем, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енерге- тика, донесува и објавува на својата веб-страница правила и постапка за учество во секун- 176 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година дарниот пазар на преносен капацитет. Ако утврди дека постојат оправдани причини опе- раторот на електропреносниот систем може да одбие трансакција за препродажба на се- кундарниот пазар и ја известува за причините Регулаторната комисија за енергетика и си- те учесници на пазарот на електрична енергија. (7) Учесникот на пазарот е должен да го извести операторот на електропреносниот сис- тем за својата намера да искористи, или да врати право на користење на доделениот пре- носен капацитет, во дел или во целост, во определен временски период пред отворањето на тргувањето односно активирањето на преносниот капацитет во одредена временска рамка и да добие потврда на достапноста. Ако известувањето не е доставено, не е навре- мено, не е соодветно доставено односно не е наведена намерата за искористување или за враќање на правото на користење на доделениот преносен капацитет се смета дека учес- никот на пазарот се откажал од правото на користење на доделениот капацитет во таа вре- менска рамка. Операторот на електропреносниот систем го става на располагање на паза- рот секој преносен капацитет кој нема да се користи, на транспарентен и недискриминато- рен начин. (8) Ако учесникот на пазарот не го искористи доделениот преносен капацитет чијашто достапност во соодветната временска рамка е потврдена согласно со ставот (7) на овој член, не го понуди неискористениот доделен капацитет за продажба на секундарниот па- зар за соодветната временска рамка согласно со ставот (6) на овој член, или не го врати на операторот на електропреносниот систем правото на користење на доделениот капацитет во соодветната временска рамка во рокот одреден во ставот (7) на овој член, плаќа надо- месток соодветен на проценетата вредност на нереализираниот пренос на енергија опреде- лен со методологијата од ставот (10) на овој член, но не и за други последователни загуби. (9) Ако операторот на електропреносниот систем, самостојно или во споделена одго- ворност со НEMO, од причини кои не се предизвикани од учесникот на пазарот, не му го обезбеди потврдениот преносен капацитет, е должен на учесникот на пазарот да му ис- плати надоместок кој произлегува од губењето на правото за користење на капацитетот, утврден со примена на методологијата од ставот (10) на овој член, но не и за други по- следователни загуби. (10) Регулаторната комисија за енергетика на предлог на операторот на електропренос- ниот систем донесува правила за определување на одговорноста од неисполнување на об- врските при доделувањето на преносните капацитети, во кои е содржана методологија за пресметка на финансиските последици и начинот на нивното надоместување. (11) Финансиските последици од ставот (9) на овој член, се на товар на операторот на електропреносниот систем или на НEMO, додека финансиските последици од ставот (8) на овој член, се на товар на учесникот на пазарот којшто не го искористил достапниот ка- пацитет соодветно со преземената одговорност. (12) Регулаторната комисија за енергетика, по претходно доставено и објавено образло- жено барање од операторот на електропреносниот систем и во согласност со сите регула- торни тела од регионот на координирана пресметка на капацитети, може да донесе одлука за одобрување на изземањето од исполнувањето на условот од ставот (2) на овој член, на предвидлива основа заради одржување на оперативната безбедност, при што причините за изземањето ги објавува на својата веб-страница. Изземањето кое не се однесува на нама- лување на капацитет кој е веќе доделен, може да се одобри за непрекинат период не по- долг од една година или, ако обемот на изземањето значително се намали по првата го- дина, за период од најмногу две години. Обемот на изземањето е ограничен на нивото не- опходно за одржување на оперативната безбедност на електропреносниот систем при што не смее да се врши дискриминација помеѓу внатрешната и меѓузонската размена. 177 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (13) За секое одобрено изземање операторот на електропреносниот систем изготвува и по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика објавува методологија за отстранување на причините за неисполнување на целта за минимално ниво на достапен преносен капацитет од ставот (2) на овој член и план за инвестициски проекти со долго- рочни решенија за прашањата заради кои е издадено изземањето, во кој се содржат и роко- ви за нивно спроведување. (14) Одобреното изземање од ставот (12) на овој член, престанува со истек на периодот за кое е одобрено или со започнување на примената на методологијата и реализацијата на планот од ставот (13) на овој член. (15) Операторот на електропреносниот систем однапред ги утврдува критериумите и правилата за утврдување на финансиските обврски кои настануваат како последица на не- исполнување на обврската за физичко доделување на преносен капацитет и ги доставува на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика. (16) При распределбата на трошоците за корективните активности за надминување на структурни загушувања помеѓу операторот на електропреносниот систем и операторите на засегнатите електропреносни системи, Регулаторната комисија за енергетика оценува до кој степен тековите кои произлегуваат од внатрешните трансакции на зоната на надда- вање придонесуваат за загушувањата на границите со соседните зони на наддавање и врз основа на тоа ги утврдува трошоците на операторот на електропреносниот систем, освен ако тие трошоци се под нивото што може да се очекува без структурното загушување во зоната на наддавање. Доделување на меѓузонските капацитети во различни временски рамки Член 156 (1) Операторот на електропреносниот систем по затворање на тргувањето на пазарот ден-однапред или на пазарот во тековниот ден, за секоја наредна временска рамка го пресметува и повторно го распределува вкупниот расположлив меѓузонски преносен капа- цитет, кој е составен од збирот на: 1. достапниот меѓузонски капацитет кој е однапред предвиден за доделување во актуел- ната временска рамка; 2. преостанатиот меѓузонски капацитет кој претходно не бил доделен на учесниците на пазарот и 3. секој доделен меѓузонскиот капацитет во претходните распределби во која било по- широка временска рамка од којшто корисникот се откажал или не го искористил. (2) Операторот на електропреносниот системот изготвува и по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, донесува правила со кои ги уредува постапките за доделување на меѓузонскиот капацитет за да овозможи користење на капацитетот на пазарот ден-однапред, пазарот во тековниот ден и за целите на прекуграничното баланси- рање, при што особено ги зема предвид: 1. карактеристиките на пазарот ден-однапред, пазарот во тековниот ден и пазарот за ба- лансна енергија; 2. оперативните услови во електроенергетскиот систем и последиците при порамнува- ње на потврдените распореди и 3. усогласеноста на процентните вредности доделени на различни временски рамки и временските рамки усвоени за различните механизми за доделување на меѓузонски капа- цитети кои се веќе воспоставени. 178 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Ако при распределбата на меѓузонскиот преносен капацитет преостане капацитет којшто не е доделен по затворање на тргувањето на пазарот во тековниот ден, операторот на електропреносниот систем го користи капацитетот за размена на енергија за балансира- ње или во процесот на порамнување на дебаланси. (4) При доделување на меѓузонските преносни капацитети за размена на енергија за ба- лансирање или за споделување на резервната моќност за балансирање, операторот на елек- тропреносниот систем користи методологии уредени со правилата за пазарот на балансна енергија од членот 127 од овој закон. (5) Операторот на електропреносниот систем не може, во процесот на утврдување меѓу- зонски преносен капацитет, да ја зголеми маргината на доверливост поради размена на ба- лансна енергија и споделување на резервната моќност за балансирање. Редиспечирање Член 157 (1) Операторот на електропреносниот систем врши редиспечирање на производството и побарувачката врз основа на објективни, транспарентни и недискриминаторни критериу- ми заради надминување на физичките загушувања во електроенергетската мрежа и интер- конективните водови. Редиспечирањето се применува на производните постројки независ- но од видот на технологии, складиштата на енергија и на понудувачите на услуга за упра- вување преку побарувачката (во натамошниот текст: ресурси кои се редиспечираат) во Ре- публика Северна Македонија или ако е технички изводливо, во друга договорна страна на Енергетската заедница или во држава членка на Европската Унија. (2) Ресурсите коишто се редиспечираат се избираат со примена на пазарни механизми и за редиспечирањето имаат право на финансиски надоместок. Ако за редиспечирање се ну- ди балансна енергија тоа нема да влијае на определувањето на цената на енергијата на па- зарот на балансна енергија. (3) Операторот на електропреносниот систем може да врши редиспечирање со примена на механизми кои не се пазарно засновани само ако: 1. нема расположлива пазарно заснована алтернатива; 2. сите расположливи ресурси кои се достапни со примена на пазарни механизми се ис- користени; 3. бројот на сите расположливи производни постројки, складишта и понуди за услуги со управување преку побарувачката на локации од каде би можеле да ја понудат услугата е недоволен за да обезбеди делотворна конкуренција или 4. тековната состојба во електроенергетската мрежа доведува до загушување кое се ја- вува на повторлив и предвидлив начин, така што редиспечирањето во пазарни услови ре- довно би предизвикало стратегии во наддавањето кои го зголемуваат нивото на загушу- вање. (4) Во случајот од ставот (3) точка 4 на овој член, операторот на електропреносниот систем ги спроведува мерките содржани во акцискиот план од членот 153 став (1) од овој закон, за да се отстрани внатрешното загушување или да се обезбеди минималното ниво на прекуграничен капацитет во меѓузонската размена определен во членот 155 став (2) од овој закон. (5) Операторот на електропреносниот систем и операторите на дистрибутивните систе- ми доставуваат годишен извештај за редиспечирањето до Регулаторната комисија за енер- гетика, во кој особено ги наведуваат: 179 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. образложение на случаите на оправдано намалување на услугата на редиспечирање (надолно редиспечирање) на производни постројки од ставот (9) на овој член, со наведува- ње на причините; 2. нивото на развој и делотворноста на пазарните механизми за редиспечирање за од- делните ресурси; 3. причините, количините на енергија во MWh и видот на примарна енергија на постројките за производство на електрична енергија вклучени во редиспечирање со при- мена на пазарно и не пазарно засновани механизми и 4. преземените мерки за намалување на потребата од надолно редиспечирање на постројките за производство на електрична енергија со користење на обновливи извори на енергија или високоефикасно комбинирано производство, вклучително и инвестициите во дигитализација на мрежната инфраструктура и услуги за зголемена прилагодливост на системот. (6) Регулаторната комисија за енергетика го доставува извештајот од ставот (5) на овој член, до ECRB и на својата веб-страница објавува кратка содржина на податоците содржа- ни во извештајот и препораки за потребните подобрувања. (7) Ако се исполнети критериумите за одржување на доверливост и безбедност на елек- тропреносната или електродистрибутивната мрежа утврдени во соодветните мрежни пра- вила, операторот на електропреносниот систем и операторите на електродистрибутивните системи обезбедуваат: 1. способност на електропреносната мрежа и електродистрибутивните мрежи да ја пре- несат електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија или високо ефикасни комбинирани постројки со најмало можно редиспечирање; 2. независно од условот од точка 1 на овој став, при планирањето на мрежната инфрас- труктура да се земе предвид потребата од ограничено редиспечирање таму каде соодвет- ниот оператор ќе покаже, на транспарентен начин, дека со тоа се постигнува економска ефикасност; 3. предвиденото редиспечирање од точката 2 на овој став да не надмине 5 % од годиш- ното производство на електрична енергија произведена од објектите од точка 1 на овој став; 4. соодветни мрежни и пазарно насочени оперативни мерки за минимизирање на надол- ното редиспечирање на електричната енергија произведена од објектите од точка 1 на овој став и 5. услуги за флексибилност кои се доволни за да можат мрежите да ги исполнат бара- њата од точка 1 на овој став. (8) Ако количината на електричната енергија произведена од електроцентрали кои ко- ристат обновливи извори на енергија или од високо ефикасни комбинирани постројки надмине 50 % од годишната бруто-финална потрошувачка на електрична енергија во Ре- публика Северна Македонија, Регулаторната комисија за енергетика може да определи различно ниво на дозволеното редиспечирање во однос на нивото определно во ставот (7) точка 2 на овој член. (9) Ако се користи надолно редиспечирање со спроведување на постапки кои не се па- зарно засновани, операторот на електропреносниот систем ги применува следниве пра- вила: 1. производните постројки кои користат обновливи извори на енергија се предмет на надолно редиспечирање само ако не е достапна друга мерка или други производни капа- цитети за редиспечирање или ако примена на алтернативно решение би предизвикало нес- размерно поголеми трошоци или ризици за безбедноста на мрежата; 180 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. високо ефикасните комбинирани постројки се предмет на надолно редиспечирање са- мо ако не е достапна друга мерка или други производни капацитети за редиспечирање, ос- вен надолно редиспечирање на производни постројки кои користат обновливи извори на енергија, или ако примена на алтернативно решение би предизвикало несразмерно поголе- ми трошоци или ризици за безбедноста на мрежата и 3. производството на електрична енергија за сопствени потреби од постројките од точ- ките 1 и 2 на овој став, кои имаат техничка можност за предавање на производството во електропреносната мрежа е предмет на редиспечирање само ако со ниедно друго решение не можат да се решат безбедносните потреби или ризици во мрежата. (10) При користењето на постапки на редиспечирање кои не се пазарно засновани, опе- раторот на електропреносниот систем финансиски го надоместува нарачаното редиспечи- рање на ресурсите кои се редиспечираат, освен на производителите кои имаат склучено договор за приклучување на мрежа кој не вклучува гаранции за непрекинлива испорака на енергија. (11) Надоместокот од ставот (10) на овој член, ќе биде еднаков на повисокиот од сле- дниве елементи: 1. дополнителните оперативни трошоци предизвикани со редиспечирањето, како тро- шоците за дополнителни количини на гориво при нагорно редиспечирање или за дополни- телна топлинска енергија при надолно редиспечирање на постројка за комбинирано произ- водство на топлинска и електрична енергија или 2. нето-добивката од продажбата на електричната енергија на пазарот ден-однапред ко- ја единицата за производство или складирање на енергија или за управување преку поба- рувачката би ја произвела без барањето за редиспечирање. Ако на единицата за производ- ство или складирање на енергија или за управување преку побарувачката ѝ е доделена фи- нансиска поддршка вреднувана врз основа на обемот на произведената или потрошената електрична енергија, износот на финансиската поддршка која би го добила без барањето за редиспечирање се смета за дел од нето добивката. (12) Надоместокот од ставот (10) на овој член, може да се утврди и како средна вред- ност на елементите од ставот (11) на овој член, ако примената на повисокиот елемент до- ведува до неоправдано високи или неоправдано ниски вредности на надоместокот за од- делни ресурси коишто се редиспечираат. (13) Операторот на електропреносниот систем изготвува и по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика донесува методологија за определување на финан- сискиот надоместок кој му го исплаќа на ресурсот што се редиспечира за секое редиспечи- рање и ја објавува на својата веб-страница. Приходи од загушувања во електропреносната мрежа Член 158 (1) Операторот на електропреносниот систем директно ja применува методологијата за распределба на приходот од загушувањата усвоена од ACER. (2) Ако загушувањето е настанато на пазарот ден-однапред или на пазарот во тековниот ден, надоместоците од загушувањата се пресметуваат и наплатуваат за соодветниот пазар во кој е настанато загушувањето. (3) Операторот на електропреносниот систем не пресметува и не наплатува надоместо- ци за загушувања настанати кај новите интерконективни водови определени во членот 106 од овој закон. 181 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Распределба на приходите од загушувањата, не смее да го наруши процесот на доде- лување на капацитет во корист на кој било учесник на пазарот, ниту негативно да влијае врз процесот на намалувањето на загушувањата. (5) При распределбата на приходите од загушувањата, приоритет се дава на: 1. гарантирањето на достапноста на физички доделениот преносен капацитет, вклучу- вајќи надоместок за откажување од доделениот непрекинлив преносен капацитет и 2. одржувањето или зголемувањето на меѓузонскиот преносен капацитет преку опти- мално користење на постојниот интерконективен вод низ координирани корективни ак- тивности или за надоместување на трошоците за инвестициите во мрежата кои се потреб- ни за намалување на загушувањата или зголемување на капацитетот на интерконективни- от вод. (6) Ако и по распределбата на приходите од загушувањата од ставот (5) на овој член, преостанат средства од приходите, Регулаторната комисија за енергетика може да одлучи да ги земе предвид таквите приходи како добивка на операторот при одобрувањето на ме- тодологијата за пресметка на мрежната тарифа или при усвојувањето на тарифата или и во двата случаи. Операторот на електропреносниот систем го депонира преостанатиот при- ход на своја посебна сметка со цел да биде искористен за приоритетите од ставот (5) на овој член, кога за тоа ќе се создадат услови. (7) Операторот на електропреносниот систем однапред ја утврдува намената на корис- тење на средства од приходите од загушувањата и до Регулаторната комисија за енергети- ка поднесува извештај за планираната намена на приходите од ставот (5) на овој член и нивната реализација. (8) Регулаторната комисија за енергетика поднесува извештај за користењето на прихо- дот од загушувањата до ECRB, најдоцна до 1 март секоја година, кој содржи податоци за: 1. износот на приходите од загушувањата во претходната календарска година; 2. начинот на распределба на приходите според приоритетите од ставот (5) на овој член, вклучувајќи ги и конкретните проекти за кои се користени и износот кој е депониран на посебна сметка; 3. износот на средствата од ставот (6) на овој член кои се земаат предвид при пресмету- вање на мрежните тарифи и 4. усогласеноста на искористувањето на приходот од загушувањето утврдено според методологијата од ставoт (1) на овој член, со методологијата за пресметување на тарифа за пренос на електрична енергија. Меѓусебна компензација со операторите на електропреносните системи Член 159 (1) Операторот на електропреносниот систем го применува механизмот за меѓусебна компензација на трошоците настанати при одржувањето на прекуграничните текови на електрична енергија низ електропреносната мрежа при што: 1. наплатува надоместок за трошоците за одржување на прекуграничните текови на електрична енергија низ електропреносниот систем на Република Северна Македонија, од операторите на електропреносните системи од кои тековите потекнале и од операторите на електропреносните системи кај кои тековите завршиле и 2. им исплаќа надоместок на операторите на електропреносните системи за трошоците за одржување на прекуграничните текови на електрична енергија кои потекнале или зав- ршиле во електропреносниот систем на Република Северна Македонија. 182 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Големината на прекуграничните текови кои се преземаат или предаваат на операто- рите на електропреносните системи согласно ставот (1) на овој член, се утврдува врз осно- ва на измерените физички текови на електрична енергија на границите со соседните елек- тропреносни системи во одредениот период. (3) Операторот на електропреносниот систем редовно ги исплаќа и наплатува трошоци- те од ставот (1) на овој член, во определени интервали во однос на одреден изминат пе- риод, а по потреба може да врши дополнително прилагодување на исплатениот надомес- ток на реално направените трошоци. (4) Операторот на електропреносниот систем може со еден или повеќе оператори на електропреносните системи од заедничкиот контролен блок да договори заедничко заста- пување во рамките на целиот контролен блок во примената на механизмот за компензаци- ја на трошоците, без притоа тековите во рамките на контролниот блок да се сметаат за прекугранични текови за да се избегне потребата од компензација помеѓу тие оператори. Координација со другите оператори и објавување на податоци Член 160 (1) Операторот на електропреносниот систем во мрежните правила за пренос на елек- трична енергија утврдува механизми за координација и размена на информации со корис- ниците на системот и со операторите на електропреносни системи во регионот за коорди- нирано управување со системи заради обезбедување сигурност на мрежата при управува- њето со загушувањата. (2) Операторот на електропреносниот систем на својата веб-страница ги објавува: 1. применетите стандарди за работа, безбедност и планирање на електропреносниот систем, вклучително и општата методологија за пресметка на вкупниот преносен капаци- тет за електрична енергија на електропреносната мрежа и за пресметка на маргината на доверливост при пренос на електрична енергија врз основа на електричните и физичките карактеристики на мрежата, која е одобрена од Регулаторната комисија за енергетика; 2. проценката на расположливиот и резервираниот годишен, месечен и дневен преносен капацитет кои се објавуваат во одредени интервали пред денот на физичко користење на преносниот капацитет и вклучува проценка за недела-однапред и за месец-однапред, како и квантитативна индикација за сигурноста на проценката за расположливост на капаците- тот и 3. збирни податоци и прогнози за електроенергетскиот систем заради обезбедување ус- лови за транспарентност на пазарот на електрична енергија, кои особено вклучуваат пода- тоци за: 3.1. прогнозираната и реализираната побарувачка, расположливостa и реализираната искористеност на постројките за производство на електрична енергија, како и за распо- ложливоста и реализираната искористеност на електроенергетските мрежи и интерконек- ции; 3.2. потребите и расположливоста на услугите за балансирање и резервна моќност, како и податоци со проценка за достапноста на механизми за прилагодливост на системот, вклучувајќи складишта на енергија и управување преку побарувачката и 3.3. расположливостa и реализираната искористеност на мали производни постројки, особено на производни постројки кои користат обновливи извори на енергија групирани според технологијата. (3) Корисниците на електропреносниот систем и учесниците на пазарот на електрична енергија, на барање од операторот на електропреносниот систем се должни да му ги дос- тавуваат сите податоци потребни за исполнување на обврската од ставот (2) на овој член. 183 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Операторот на електропреносниот систем е должен да обезбеди заштита на доставените деловно чувствителни податоци. (4) Производителите на електрична енергија ги доставуваат податоците од ставот (3) на овој член по барање на Министерството, Регулаторната комисија за енергетика, Комисија- та за заштита на конкуренцијата и Секретаријатот на Енергетската заедница. (5) Операторот на електропреносниот систем ги доставува податоците од ставот (2) на овој член, како и други податоци кои се предвидени во листата на податоци објавена во соодветниот прирачник на ENTSO-Е, до ENTSO-Е и ги објавува на својата веб-страница. (6) Операторот на електропреносниот систем, по претходно одобрување на Регулатор- ната комисија за енергетика, донесува и објавува на својата веб-страница правила за фор- мата, содржината и динамиката на доставување и објавување на податоците од ставот (5) на овој член. Операторот на електропреносниот систем разменува податоци за мрежата и протокот на електрична енергија со операторите на електропреносните системи од регио- нот на координирана пресметка на капацитети и ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика, а по барање овие податоци ги доставува и до Секретаријатот на Енергетска- та заедница и до други регулаторни тела од договорните страни на Енергетската заедница и држави членки на Европската Унија. (7) Регулаторната комисија за енергетика ја следи примената на правилата од ставот (6) на овој член и поднесува до ECRB годишен извештај за транспарентноста на операторот на електропреносниот систем. Регионален координативен центар Член 161 (1) Операторот на електропреносниот систем соработува со Регионалниот координати- вен центар на регионот за координирано управување со системи во кој припаѓа неговата контролна област во согласност со актот со кој е уредено основањето на Регионалниот ко- ординативен центар и по потреба, за одделни прашања, со регионалните координативни центри од други региони за кое има склучено билатерални договори. (2) Операторот на електропреносниот систем учествува во Регионалниот координати- вен центар основан во регионот на кој му припаѓа операторот на електропреносниот сис- тем. (3) Во рамки на соработката од ставот (1) на овој член, операторот на електропреносни- от систем на Регионалниот координативен центар му делегира активности од регионално значење во регионот на координирано управување со системи или на границите на зоната на наддавање, а особено: 1. координирана пресметка на меѓузонски преносни капацитети кои се доделуваат во временската рамка ден-однапред и во временската рамка во тековниот ден; 2. координирана безбедносна анализа; 3. создавање на заеднички мрежен модел; 4. поддршка за оценување на усогласеноста на планот за заштита и планот за обновува- ње на функциите на системот за пренос; 5. подготовка на регионални прогнози за краткорочна адекватност на ресурсите, особе- но прогнози помеѓу недела однапред и ден-однапред; 6. извршување на задачи поврзани со проценките на сезонската адекватност до степе- нот до кој му се доделени во координација со другите оператори во регионот; 7. координација на регионалното планирање на прекини во согласност со усогласени правила и постапки; 8. обука и сертификација на вработените во регионалните координативни центри; 184 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 9. поддршка за координација и оптимизација на обновувањето на функциите на систе- мите, по барање на два или повеќе оператори во регионот; 10. подготовка на анализи и извештаи врз основа на резултатите од следењето на пре- кините; 11. утврдување на висината на резервната моќност во регионот; 12. унапредување на регионална размена и набавка на енергија за балансирање; 13. поддршка за оптимизација во пресметките и порамнувањата помеѓу два или повеќе оператори на електропреносни системи во регионот, по нивно барање; 14. задачи поврзани со идентификација на регионалните кризни сценарија во електрое- нергетскиот сектор; 15. задачи во подготовката на регионални мерки за намалување на ризиците; 16. пресметка на максималната влезна моќност од странски извори во механизмите за обезбедување на моќност наменети за издавање препораки и 17. извршување задачи поврзани со поддршката при идентификување на потребите за нов преносен капацитет, за ажурирање на постоечкиот преносен капацитет или за други алтернативи. (4) Операторот на електропреносниот систем му ги обезбедува на Регионалниот ко- ординативен центар сите информации потребни за извршување на неговите задачи и ги добива од Регионалниот координативен центар сите информации и препораки потребни за извршување на координираните активности во регионот. (5) Операторот на електропреносниот систем соработува со другите оператори од реги- онот за координирано управување со системи во согласност со постапките и препораките за усвојување или ревизија на мерките за координирано управување определени од Регио- налниот координативен центар. (6) Ако операторот на електропреносниот систем оцени дека примената на мерките на Регионалниот координативен центар што се однесуваат на координирана пресметка на ка- пацитетите и на координирана безбедносна анализа би предизвикала нарушување на опе- ративната сигурност на електропреносниот систем, може да одлучи да не ги применува тие мерки и за тоа е должен да го извести Регионалниот координативен центар и операто- рите на електропреносните системи од регионот за работа на систем и да достави образло- жение за одлуката. (7) Преиспитување на координирани активности или препораки се активира на барање на еден или повеќе оператори на електропреносни системи во регионот за работа на систе- мот. Операторот на електропреносниот систем е должен да ја прифати и примени потврде- ната или изменетата мерка од Регионалниот координативен центар. (8) На Регионалниот координативен центар може да му се достави барање за презема- ње координирана мерка од активностите од ставот (3) на овој член, од една или повеќе до- говорни страни на Енергетска заедница или држави членки на Европската Унија од заед- ничкиот регионот за работа на системот. ГЛАВА V ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Оператор на електродистрибутивен систем Член 162 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем или вертикално интегрираното друштво кое е основач на операторот на електродистрибутивниот систем на територијата на Република Северна Македонија е сопственик на електродистрибутивната мрежа која се 185 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година состои од трафостаници, линиски инфраструктурни објекти далекуводи, објекти и сред- ства што се во функција на вршење на енергетската дејност дистрибуција на електрична енергија. (2) Операторот на електродистрибутивниот систем е одговорен за одржување, надгра- дување и проширување на електродистрибутивната мрежа, како и за функционирање на електродистрибутивниот систем и е должен да обезбеди негово поврзување со електроп- реносниот систем. (3) Операторот на дистрибутивниот систем е одговорен за обезбедување на долгорочна способност на системот, кој треба да одговори на разумната побарувачка за електроенер- гетска дистрибуција, работење, одржување и развој засновани врз економските услови на безбеден, сигурен и ефикасен систем за дистрибуција на електрична енергија во неговата област, заштита на животната средина и енергетската ефикасност. (4) Операторот на дистрибутивниот систем помеѓу корисниците на системот или кате- гориите на корисници на систем се однесува на еднаков и недискриминаторен начин, осо- бено во корист на неговите подружници. (5) Операторот на дистрибутивниот систем им обезбедува на корисниците на системот информации што им се потребни за ефикасен пристап до системот вклучувајќи и употреба на системот. (6) Операторот на електродистрибутивниот систем, врши набавка на електрична енер- гија за покривање на загубите на електрична енергија во електродистрибутивниот систем, на транспарентен и недискриминаторен начин и под пазарни услови. (7) Во набавката на производи и услуги неопходни за ефикасно, сигурно и безбедно ра- ботење на електродистрибутивниот систем, операторот на електродистрибутивниот сис- тем донесува правила изработени во координација со операторот на електропреносниот систем и другите засегнати учесници на пазарот. Правилата се изработуваат и донесуваат на објективен, транспарентен и недискриминаторен начин. Операторите на електродис- трибутивните системи се должни условите за набавка на производите и услугите, вклучу- вајќи ги и каде што е соодветно правилата и тарифите, да ги објавават и применат на не- дискриминаторен начин, кој ги отсликува реалните трошоци. (8) При извршување на задачите од ставот (7) на овој член, операторите на дистрибу- тивните системи набавуваат помошни услуги, кои не вклучуваат регулација на фреквенци- ја потребни за соодветниот електродистрибутивен систем на транспарентен и недискри- минаторен начин и под пазарни услови, освен во случај кога Регулаторната комисија за енергетика дала мислење дека набавката на помошни услуги кои не вклучуваат регулација на фреквенцијата е економски неисплатливо, со што се одобрува отстапување. Обврската за набавка на помошни услуги кои не вклучуваат регулација на фреквенција не се однесу- ва на целосно интегрираните мрежни компоненти. (9) При набавката на производите и услугите наведени во ставот (7) на овој член опе- раторот на електродистрибутивниот систем обезбедува ефикасно учество на сите учесни- ци на пазарот што нудат енергија од обновливи извори, учесници на пазарот вклучени во управувањето со побарувачката, операторите на складишта за енергија и агрегаторите кои ги исполнуваат барањата за учество на пазарот и имаат соодветни техничките карактерис- тики утврдени во правилата. (10) Операторите на електродистрибутивните системи соработуваат со операторот на електропреносниот систем во планирањето и работењето на нивните мрежи, особено пре- ку размена на потребните информации и податоци во врска со работата на производстве- ните капацитети и управување со потрошувачката, секојдневното работење и долгорочно- то планирање на мрежните инвестиции, со цел да се обезбеди економичен, безбеден и си- гурен развој и работење на нивните мрежи и координиран пристап до ресурси како што се дистрибуирано производство, складирање на енергија или управување со потрошувачката што може да ги поддржи нивните посебни потреби. 186 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (11) Операторот на електродистрибутивниот систем соработува со останатите операто- ри на електродистрибутивните системи и учествува во работата на ECDSO-E со цел да се промовира завршувањето и функционирањето на внатрешниот пазар за електрична енер- гија и да се промовира оптимално управување и координирана работа на дистрибутивните и преносни системи. Раздвојување на дејности Член 163 (1) Друштво коешто поседува лиценца за вршење на дејност дистрибуција на електрич- на енергија не може да има лиценца и не може да учествува во вршењето на дејностите производство, складирање, пренос, организација и управување со пазарот на електрична енергија, трговија и/или снабдување со електрична енергија. (2) Ако операторот на електродистрибутивниот систем е дел од вертикално интегрира- но друштво за електрична енергија, во однос на неговиот правен субјективитет, организа- ција и одлучување, мора да е независен и да дејствува независно од другите дејности, на- ведени во ставот (1) на овој член, на вертикално интегрирано друштво за електрична енергија кои не се поврзани со дистрибуција на електрична енергија. Операторот на елек- тродистрибутивниот систем не е должен да ја раздвои сопственоста на средствата на дис- трибутивниот систем од вертикално интегрираното друштво за електрична енергија. (3) Со цел да се обезбеди независност на операторот на електродистрибутивниот сис- тем и исполнување на обврската за обезбедување на јавна услуга на недискриминаторен, објективен и транспарентен начин, операторот на електродистрибутивниот систем обезбе- дува: 1. лицата кои учествуваат во управувањето и раководењето со операторот на електро- дистрибутивниот систем да не можат да учествуваат во управувачките и раководните структури во правните лица кои се вршители на дејности производство, пренос, трговија, снабдување, складирање на електрична енергија и организирање и/или управување со па- зарот на електрична енергија; 2. лицата кои учествуваат во управувањето и раководењето со операторот на електро- дистрибутивниот систем да имаат независност во нивната работа и одлучување од верти- калното интегрирано друштво и 3. донесувањето на одлуки на операторот на електродистрибутивниот систем во врска со средствата неопходни за функционирање, одржување и развој на системот да биде не- зависно од интересите на вертикално интегрираното друштво за електрична енергија на кое му припаѓа, за што операторот на електродистрибутивниот систем треба да ги има на располагање потребните човечки, технички, финансиски и материјални ресурси. (4) Ако операторот на електродистрибутивниот систем е дел од вертикално интегрира- но друштво за електрична енергија: 1. неговата независност не го исклучува правото на вертикално интегрираното друштво за електрична енергија да го одобри годишниот финансиски план на операторот на елек- тродистрибутивниот систем и да ја утврди рамката за задолжување на операторот на елек- тродистрибутивниот систем; 2. вертикално интегрирано друштво за електрична енергија нема право да му дава инструкции на операторот на електродистрибутивниот систем во однос на неговото секој- дневно работење, ниту во однос на неговите поединечни одлуки за изградба или надград- ба на електродистрибутивната мрежа што се во рамките на одобрениот финансиски план или соодветен плански документ и 187 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. операторот на електродистрибутивниот систем не може да ги користи предностите на својата вертикална интеграција за да ја наруши конкуренцијата, а особено не смее во својата комуникација и употребата на својата фирма да создава забуна во однос на посеб- ниот идентитет на друштвото за снабдување кое е дел од вертикалното интегрирано друш- тво за електрична енергија. (5) Операторот на електродистрибутивниот систем, независно од организациската форма, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, назначува службеник за усогласеност и донесува програма за усогласеност со која се утврдуваат мерките кои треба да се преземаат заради оневозможување на дискриминација на корис- ниците на електродистрибутивниот систем по која било основа, се определуваат об- врските на вработените во реализацијата на програмата и се утврдува начинот на следење на усогласеноста на работењето на операторот на електродистрибутивниот систем со програмата. (6) Службеникот за усогласеност на операторот на електродистрибутивниот систем до Регулаторната комисија за енергетика доставува на одобрување годишен извештај во кој ги наведува мерките преземени во текот на претходната година и мерките што треба да се преземат во наредната година, во рамки на програмата за усогласеност од ставот (5) на овој член. Операторот на електродистрибутивниот систем, по одобрувањето на извештајот од страна на Регулаторната комисија за енергетика, го објавува на својата веб-страница. (7) Службеникот за усогласеност на операторот на електродистрибутивниот систем треба да има пристап до сите потребни информации од операторот на електродистрибу- тивниот систем, како и на секое поврзано друштво со операторот на електродистрибутив- ниот систем, заради исполнување на своите задачи. (8) По исклучок од ставот (1) на овој член, друштвото кое врши дејност дистрибуција на електрична енергија може да врши и дејност снабдување со електрична енергија ако на неговиот електродистрибутивен систем се приклучени помалку од 100.000 потрошувачи. Должности на оператор на електродистрибутивен систем Член 164 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем, во согласност со овој закон и про- писите и правилата донесени врз основа на овој закон, е должен: 1. да обезбеди сигурно и доверливо функционирање на електродистрибутивниот систем со кој управува; 2. да обезбеди долгорочна способност на системот за задоволување на оправданите ба- рања за дистрибуција на електрична енергија; 3. да го развива, надградува и одржува електродистрибутивниот систем со кој управува под економски оправдани услови со посебно внимание на безбедноста, доверливоста, ефи- касноста и заштитата на животната средина; 4. да обезбеди сигурна, безбедна и квалитетна дистрибуција и испорака на електрична енергија преку електродистрибутивниот систем со кој управува, на недискриминаторен и транспарентен начин и во согласност со пропишаниот квалитет; 5. да ги приклучи производителите, складиштата и потрошувачите на електрична енер- гија на електродистрибутивниот систем со кој управува во економско-технички оптимал- ни точки, како и да овозможи пристап на трета страна за користење на електродистрибу- тивниот систем; 6. на корисниците на електродистрибутивниот систем навремено да им ги обезбеди ин- формациите кои им се потребни за пристап до електродистрибутивниот систем со кој уп- равува; 188 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 7. да им овозможи на снабдувачите електронски пристап до листата на потрошувачи, со назначување на категоријата на приклучок согласно тарифниот систем за дистрибуција, како и нивната потрошувачка за последните 12 месеци; 8. да ja олесни постапката за приклучувањето на обновливите извори на енергија и на складиштата за енергија во електродистрибутивниот систем; 9. да овозможи управување преку побарувачката; 10. да им овозможи на корисниците пристап до пазарите на енергија; 11. да придонесе кон дигитализацијата на системот со кој управува, вклучително и раз- вивање на паметни мрежи и вградување на паметни мерни системи; 12.при испорака на електрична енергија да дава приоритет на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија или високоефикасни комбинирани построј- ки согласно член 104 став (2) од овој закон; 13.да го води регистарот на мерни места и на корисници на електродистрибутивниот систем; 14. на својата веб-страница да ги објавува сите надоместоци за секоја категорија на приклучоци претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика; 15. на својата веб-страница да објави план за одржување на електродистрибутивната мрежа во согласност со мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика; 16. да го усогласи работењето на електродистрибутивниот систем со работењето на електропреносниот систем; 17. да набави системски услуги и електрична енергија за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа по пазарни услови на транспарентен, недискриминаторен и конкурентен начин во согласност со правилата за набавка на електрична енергија, коиш- то ги изготвува и донесува по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енер- гетика; 18. да ја мери електричната енергија преземена во и предадена од електродистрибутив- ниот систем со кој управува; 19. да овозможи визуелен пристап на корисниците до мерните уреди што се во негова сопственост или во сопственост на вертикално интегрираното друштво; 20. да води диспечерска книга, записи за доверливоста на системите за комуникација, податоци од системот за надзор и управување, како и мерни податоци и таквите податоци, книги и записи да ги чува најмалку 10 години; 21. по барање на операторот на електропреносниот систем, да му обезбеди информации за процена на побарувачката на електрична енергија; 22. да спроведува мерки за подобрување на ефикасноста на дистрибуцијата на елек- трична енергија; 23. да воспостави и применува системи за управување со безбедност на податоци, сај- бер безбедност и заштитата на податоците и да соработува со органите надлежни за овие прашања; 24. да учествува во изработката на мрежните правила за пренос на електрична енергија во делот поврзан со работењето и планирањето на електродистрибутивниот систем; 25. да учествува во работата на единиците на локалната самоуправа при подготовката на просторните планови и локалните развојни планови, програми и стратегии за прашања кои влијаат на електродистрибутивниот систем; 26. по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика да донесе план за намалување на загубите; 189 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 27. по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика да донесе ценов- никот за нестандардни услуги на соодветниот оператор на електроенергетскиот систем од членот 188 од овој закон, и да ги објави на својата веб-страницата и 28. да доставува податоци до операторот на пазар на електрична енергија за снабдува- чите кои учествуваат на пазарот на мало. (2) Надоместокот за користењето на електродистрибутивниот систем го плаќаат корис- ниците на електрична енергија приклучени на електродистрибутивната мрежа. Операто- рот на електродистрибутивниот систем од потрошувачите приклучени на неговиот систем го наплатува надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем, како и надо- местокот за користење на електропреносниот систем согласно објавените тарифи. (3) Операторот на електродистрибутивниот систем може да склучи договори со снабду- вачи или трговци со електрична енергија со кои ги овластува да ги наплатат надоместоци- те од ставoт (2) на овој член, од потрошувачите приклучени на електродистрибутивната мрежа. (4) Операторот на електродистрибутивниот систем може, по барање на потрошувач, да изврши промена на категоријата на приклучок и соодветно да ја ажурира листата од ста- вот (1) точка 7 на овој член. Промена на категорија на приклучок не може да се врши ако потрошувачот започнал постапка за промена на снабдувач. (5) Операторот на електродистрибутивниот систем може привремено да ја прекине ис- пораката на електрична енергија од електродистрибутивната мрежа при вршење на плани- раните прегледи, испитувања, контролни мерења, одржување, реконструкции, проширува- ња на мрежите, уредите и инсталациите, како и во случај на потреба од спречување на ри- зици од нарушувања во електроенергетскиот систем, и за тоа ги известува корисниците во согласност со мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. (6) Операторот на електродистрибутивниот систем соработува со операторот на елек- тропреносниот систем и операторот на пазарот на електрична енергија заради обезбедува- ње на учество на учесниците на пазарите кои се поврзани на електродистрибутивната мрежа. Обезбедувањето на услуги за балансирање од даватели на услуги за балансирање приклучени на електродистрибутивниот систем се врши во соработка со операторот на електропреносниот систем, согласно правилата за пазар на балансна енергија. (7) Регулаторната комисија за енергетика може да му дозволи на операторот на елек- тродистрибутивниот систем да извршува и други активности од оние утврдени со овој за- кон, ако таквите активности му овозможуваат на операторот на електродистрибутивниот систем да ги исполни обврските утврдени со овој закон или прописите донесени врз осно- ва на овој закон. Регулаторната комисија за енергетика може да му дозволи на операторот на електродистрибутивниот систем да поседува, развива и управува со други мрежи, раз- лични од електродистрибутивната мрежа. План за развој на електродистрибутивниот систем Член 165 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем е одговорен за долгорочно планира- ње на развојот на електродистрибутивниот систем на подрачјето на кое ја врши дејноста. (2) Операторот на електродистрибутивниот систем е должен на секои две години да подготви план за развој на електродистрибутивниот системот за период од следните пет години, во кој треба да бидат содржани информации за развојот на електродистрибутив- ниот систем во согласност со барањата утврдени во мрежните правила за дистрибуција и информациите за потребите од приклучување нови корисници на електродистрибутивната мрежа доставени од надлежните институции и учесниците на пазарот на електрична енер- гија, како и потребите и можностите за изградба и приклучување постројки за складирање електрична енергија и станици за полнење на електрични возила. 190 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Операторот на електродистрибутивниот систем, најдоцна на 1 октомври во годината во која се донесува планот, започнува постапка за усогласување на предлогот на планот со Министерството, во однос на потребните проширувања и надградби на електродистрибу- тивниот систем заради можности за изградба на нови капацитети за производство на елек- трична енергија од обновливи извори и остварување на националните цели и индикатив- ната траекторија за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, намалување на емисиите на стакленички гасови и зголемување на сигурноста во снабдувањето со елек- трична енергија, која завршува најдоцна до 25 октомври. (4) По завршувањето на постапката за усогласување од ставот (3) на овој член, операто- рот на електродистрибутивниот систем спроведува консултации во однос на планот за развој на системот со корисниците на електродистрибутивната мрежа и со операторот на електропреносниот систем и планот заедно со резултатите од консултациите најдоцна до 15 ноември го доставува на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика. Во по- стапката за одобрување Регулаторната комисија за енергетика може да побара измени на доставениот план. Одобрениот план операторот на електродистрибутивниот систем го до- несува и го објавува на својата веб - страница. (5) Операторот на електродистрибутивниот систем секоја година подготвува едного- дишни, петгодишни и десетгодишни прогнози за потрошувачката на електрична енергија за електродистрибутивниот систем со кој управува и најдоцна до 31 октомври ги доставу- ва до Министерството и Регулаторната комисија за енергетика, на одобрување. (6) Операторот на електродистрибутивниот систем, за секој регулиран период опреде- лен согласно членот 61 став (8) од овој закон, изработува план за инвестирање во електро- дистрибутивниот систем, усогласен со планот од ставот (2) на овој член и го доставува за одобрување до Регулаторната комисија за енергетика. Во планот особено треба да биде прикажано очекуваното зголемување на ефикасноста на работењето на електродистрибу- тивниот систем преку намалување на загубите на електрична енергија и подобрување на квалитетот на испорачаната електрична енергија од електродистрибутивната мрежа, како резултат на предвидените инвестиции, како и влијанието врз зголемувањето на бројот на електроцентрали, кои користат обновливи извори на енергија и нивната просторна распре- деленост. Користење на услуги за флексибилност во дистрибутивните мрежи Член 166 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем во петгодишниот план за развој на системот, врз основа на анализа на трошоци и придобивки, на разбирлив и едноставен на- чин ги прикажува: 1. потребите за користење на услуги за флексибилност, вклучувајќи управување преку побарувачката, агрегација, управување со загушувањата и складирање на електрична енергија; 2. преземање мерки за енергетска ефикасност за да се подобри ефикасноста во управу- вањето и развојот на електродистрибутивниот систем и 3. на кој начин и до кој степен користењето на мерките од точка 2 на овој став, ја нама- лува или одложува потребата од надградба или одржување на електродистрибутивниот систем. (2) Врз основа на анализата од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енер- гетика утврдува дали набавката на услуги за флексибилност: 1. е економски оправдана; 191 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. ја намалува потребата за надградба или одржување на електродистрибутивниот сис- тем; 3. овозможува ефикасно и безбедно функционирање на електродистрибутивниот сис- тем и 4. не доведува до нарушувања на пазарот или загушувања во електродистрибутивниот систем од поголеми размери. (3) Ако Регулаторната комисија за енергетика утврди дека ефектите од користењето на услугите за флексибилност се позитивни, на операторот на електродистрибутивниот сис- тем му дозволува да набавува услуги од сите учесници на пазарот, вклучително и од учес- ниците на пазарот кои нудат енергија од обновливи извори, давателите на услуги на упра- вување преку побарувачката, операторите на складишта на енергија и агрегаторите, врз основа на транспарентни, недискриминаторни и пазарни постапки и стандардизирани па- зарни производи за услуги за флексибилност. (4) Операторот на електродистрибутивниот систем, по претходно одобрување од Регу- латорната комисија за енергетика во транспарентен процес со учество на корисниците на системот и операторот на електропреносниот систем, утврдува листа на спецификации за услугите за флексибилност кои се набавуваат на пазарот како стандардизирани пакети на услуги на пазарите на електрична енергија во Република Северна Македонија и во регио- нот и ја објавува на својата веб-страница. (5) Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да обезбеди еднакви усло- ви за понудите на енергија и услуги од ставот (3) на овој член. (6) При набавка и активирање на услугите за флексибилност за потребите на електро- дистрибутивниот систем, операторот на електродистрибутивниот систем и операторот на електропреносниот систем ги разменуваат сите потребни информации и се координираат заради оптимална употреба на ресурсите за обезбедување на услуги за флексибилност, безбедно и ефикасно функционирање на системот и олеснување на развојот на пазарот на електрична енергија и пазарот на услуги за флексибилност. (7) Во согласност со методологијата за формирање на тарифи за дистрибуција на елек- трична енергија од членот 61 став (1) точка 1 од овој закон, на операторот на електродис- трибутивниот систем му се надоместуваат трошоците поврзани со набавката на услуги за флексибилност, вклучувајќи ги трошоците за потребните информатички и комуникациски технологии и трошоците за инфраструктура. (8) Во мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, операторот на елек- тродистрибутивниот систем ги определува техничките услови за обезбедување на систем- ски услуги и услуги за флексибилност. Мерење на електрична енергија Член 167 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да ја мери електричната енергија што ја презема и испорачува на корисниците приклучени на електродистрибутив- ната мрежа преку мерни уреди, во согласност со овој закон и мрежните правила за дистри- буција на електрична енергија. (2) Мерните уреди, вклучувајќи ги и паметните системи за мерење се во сопственост на операторот на електродистрибутивниот систем или на вертикалното интегрирано друш- тво. (3) Разликата во трошоците за поставување или замена на мерните уреди од ставот (2) на овој член, која не е покриена со надоместокот за приклучување на потрошувачот, е на товар на операторот на електродистрибутивниот систем, а се надоместува преку тарифата за дистрибуција за електрична енергија. 192 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Локацијата на мерните уреди ја утврдува операторот на електродистрибутивниот систем во зависност од техничките можности на локацијата, која може да биде во или над- вор од границите на имотот на корисниците приклучени на електродистрибутивната мрежа. Ако операторот на електродистрибутивниот систем утврди дека при замена на по- стојниот мерен уред е потребно да се изврши дислокација на мерното место, должен е на своја сметка да ја изведе дислокацијата со минимално нарушување на обезбедувањето на услугата на корисникот и со минимално оштетување на имотот на корисникот. Операто- рот на електродистрибутивниот систем е должен да ја надомести штетата врз имотот на корисникот настаната како последица на дислокацијата на мерното место. (5) Ако мерниот уред се наоѓа на имот од корисникот на системот, корисникот е дол- жен да му овозможи на овластеното лице на операторот на електродистрибутивниот сис- тем право на пристап на делот од имотот или објектот каде што се наоѓа мерниот уред за- ради: 1. читање на мерните уреди; 2. контрола, вградување, надзор, замена и одржување на опремата на мерното место; 3. исклучување на корисникот на системот кога постапува спротивно на условите за ко- ристење на електродистрибутивната мрежа пропишани во мрежните правила за дистрибу- ција на електрична енергија и 4. исклучување на потрошувачот, на барање на снабдувачот, во согласност со одредби- те во правилата за снабдување со електрична енергија . (6) Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да ги достави собраните и обработените податоци од мерните места до: 1. операторот на пазарот на електрична енергија ако корисникот на дистрибутивниот систем учествува на тој пазар; 2. операторот на електропреносниот систем, за потребите за балансирање како и за ко- рисници на дистрибутивниот систем кои учествуваат на пазарот на балансна енергија; 3. снабдувачот или агрегаторот, вклучувајќи ги и податоците потребни за балансирање; 4. производителот и операторот на складиште на електрична енергија приклучен на дистрибутивниот систем, од неговото мерно место; 5. потрошувачот за неговата потрошувачка, по негово барање без одлагање и надомес- тоци, во лесно разбирлива и споредлива форма и 6. други лица, вклучувајќи ги граѓанските енергетски заедници, заедниците за користе- ње на обновливи извори на енергија и активните потрошувачи. Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија Член 168 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем е должен, по претходно одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика, да донесе мрежни правила за дистри- буција на електрична енергија, засновани на начелата на интероперабилност на системите, објективност и недискриминација и кои се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница. (2) Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија особено ги уредуваат: 1.условите и начинот на користење и пристап на електродистрибутивниот систем од трета страна; 2. постапката за приклучување на корисници на електродистрибутивната мрежа засно- вана на начелото на недискриминација за приклучување на различни корисници на систе- мот; 193 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. техничко-технолошките услови и начинот на приклучување на електродистрибутив- ната мрежа на потрошувачите, складиштата и на производителите на електрична енергија; 4. техничките и другите услови за сигурно и безбедно функционирање на електродис- трибутивниот систем и обезбедување на квалитетна услуга; 5. техничко-технолошките услови, начинот за приклучување и начинот на користење и пристап на електродистрибутивниот систем од корисниците кои произведуваат електрич- на енергија од обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, како и начинот на кој произведената електрична енергија се предава во електродистрибутивната мрежа; 6. техничките нормативи и стандарди во однос на опремата, уредите и материјалите што се употребуваат при изведување на приклучоци; 7. техничко-технолошките услови за работа на објектите за производство на електрична енергија во режим на работа со лиценца за пробна работа; 8. планирањето, одржувањето и развојот на електродистрибутивниот систем; 9. начинот на усогласување со корисниците на електродистрибутивниот систем во слу- чај на планирани прекини; 10.мерките, активностите и постапките во случај на нарушувања и хаварии; 11. методологијата за определување на надоместокот за приклучување на електродис- трибутивната мрежа; 12. доверливоста на деловните податоци на корисниците на услугите од електродистри- бутивниот систем; 13. функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на електричната енергија и моќност; 14. квалитетот на електрична енергија што се испорачува преку електродистрибутивни- от систем; 15. квалитетот на услугите што операторот на електродистрибутивниот систем ги обез- бедува на корисниците; 16.содржината на плановите за развој на електродистрибутивниот систем, како и начи- нот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат неопходните пода- тоци за изработка на плановите за развој; 17. доставувањето на податоци за долгорочна прогноза на потрошувачката на електрич- на енергија до операторот на електропреносниот систем; 18. протоколите за комуникација за надзор, функционирање и управување со електро- дистрибутивниот систем; 19. технички услови за приклучување на станици за полнење на електрични возила; 20. технички услови за обезбедување на системски услуги и услуги за флексибилност; 21. начинот и постапката за обезбедување на информации за корисниците на системот и 22.содржината на ценовникот од членот 164 од овој закон. (3) Во случај кога постојат повеќе оператори на електродистрибутивни системи, Регу- латорната комисија за енергетика обезбедува меѓусебно усогласување на поединечните мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија. (4) Врз основа на барање поднесено од операторот на електродистрибутивниот систем Регулаторната комисија за енергетика согласно со правилата од ставот (2) на овој член, може да донесе одлука за изземање од примената на одделни обврски од мрежните прави- ла за дистрибуција на електрична енергија. 194 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Интеграција на електромобилноста во електричната мрежа Член 169 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем нема право да поседува, развива или управува со станица за полнење на електрични возила, освен ако станицата е во негова сопственост и ја користи исклучиво за сопствени потреби. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, Министерството со одлука може да му доз- воли на оператор на електродистрибутивниот систем да поседува, развива или управува со станици за полнење на електрични возила, доколку се исполнети следниве услови:

  11. 1. Регулаторната комисија за енергетика ги одобрила условите содржани во тендерска- та документација за тендерската постапка за избор на лице кое поседува, развива или уп- равува со станици за полнење на електрични возила, која ја спроведува операторот на електродистрибутивниот систем; 2. по спроведената отворена, транспарентна и недискриминаторна тендерска постапка организирана од oператорот на електродистрибутивниот систем, ниту еден учесник не до- бил право да поседува, развива, користи или управува со станици за полнење на електрич- ни возила, односно учесниците во постапката понудиле цени понеповолни од цените на конкурентните пазари во регионот и 3. операторот на електродистрибутивниот систем управува со станиците за полнење во согласност со одредбите од овој закон за пристап на трета страна и не ги дискриминира корисниците на системот во корист на неговите поврзани друштва. (3) Регулаторната комисија за енергетика изработува упатство за подготовка и спрове- дување на тендерската постапка. (4) Ако операторот на електродистрибутивниот систем добил дозвола да поседува, раз- вива или управува со станици за полнење на електрични возила согласно ставот (2) на овој член, Министерството, периодично или најмногу на секои пет години, спроведува јавна консултација за утврдување на потенцијалниот интерес на други субјекти за поседување, развивање или управување со станиците за полнење на електрични возила. (5) Доколку со спроведената јавна консултација од ставот (4) на овој член, се утврди де- ка други субјекти се заинтересирани да поседуваат, развиваат или управуваат со станици за полнење и по спроведена тендерска постапка друго лице се стекне со правото да посе- дува, развива или управува со станици за полнење на електрични возила, Министерството донесува одлука со која на операторот на електродистрибутивниот систем му наложува да не започнува активности за изградба на нови станици за полнење, а постоечките станици за полнење во рок од 18 месеци да престанат со работа. Трошоците од инвестициите во инфраструктурата за полнење на електрични возила што не се повратени преку продажба или дотогашното управување со инфраструктурата, Регулаторна комисија за енергетика може да му ги надомести на операторот на електродистрибутивниот систем преку тари- фата за дистрибуција на електрична енергија. (6) Операторот на електродистрибутивниот систем соработува на недискриминаторска основа со секое лице кое поседува, развива или управува со станици за полнење на елек- трични возила, вклучително и нивно поврзувањето на мрежата. (7) Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да се координира со опера- торот на електропреносниот систем во одредување на локациите на станиците за полнење со капацитет еднаков или повисок од 50 kW. (8) Министерот поблиску го пропишува начинот на интеграцијата на електромобилнос- та во електричната мрежа. 195 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (9) Заради зголемување на учеството на електрични возила во транспортот и остварува- ње на целите за учество на обновливи извори на енергија содржани во Интегрираниот на- ционален план за енергија и клима, Регулаторната комисија за енергетика, може да донесе одлука со која ги определува највисоките цени на електрична енергија за полнење на елек- трични возила, која не ги надминува просечните малопродажни цени на горивата за тран- спорт, формирани согласно прописот од членот 61 став (1) точка 3 од овој закон, во прет- ходните шест месеци и имајќи ја предвид моќноста на уредите за полнење. (10) Полнењето на електрични возила не претставува снабдување со електрична енер- гија. Соработка на операторот на електропреносниот систем со оператори на електродистрибутивни системи Член 170 (1) Операторот на електропреносниот систем и операторот на електродистрибутивниот систем се должни да соработуваат за да обезбедат економичен и сигурен развој и работа на нивните системи, а особено во: 1. планирањето на развојот на системите, инвестициите во зголемување на преносниот капацитет и поврзувањето на нови корисници со цел да се обезбеди економичен и сигу- рен развој и работа на нивните мрежи; 2. размената на информации потребни за секојдневното работење и за перформансите на производствени капацитети кои се поврзани на соодветниот систем и давателите на ус- луги за управување преку побарувачката и 3. координирањето и споделувањето на ресурси, вклучително и дистрибуирано произ- водство, складирање на енергија или услуги за управување преку побарувачката што може да ги опслужува потребите на двата система. (2) Операторот на електродистрибутивниот систем соработува со операторите на елек- тродистрибутивните системи на другите договорни страни на Енергетската заедница пре- ку Координативната група на операторите на дистрибутивниот систем на Енергетската за- едница, заради: 1. промовирање и поддршка на завршувањето и функционирањето на заедничкиот па- зар на електрична енергија; 2. промовирање на оптимално управување и координирано работење на системите за дистрибуција и пренос и 3. застапеност и соработка во рамките на асоцијацијата на операторите на европските дистрибутивни системи. Затворен систем за дистрибуција на електрична енергија Член 171 (1) Регулаторната комисија за енергетика може на систем во кој се дистрибуира елек- трична енергија во рамки на географски ограничено подрачје во кое се врши индустриско производство, производство на електрична енергија, се вршат трговски дејности или се обезбедуваат заеднички услуги, а не се врши снабдување на домаќинства со електрична енергија, да му додели статус на затворен систем за дистрибуција на електрична енергија, ако: 1. поради посебни технички или безбедносни причини, активностите или производниот процес на корисниците на таа мрежа се интегрирани; 196 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. преку системот се дистрибуира електрична енергија првенствено на сопственикот или операторот на системот или неговите поврзани друштва или 3. преку системот се дистрибуира електрична енергија произведена од повеќе електро- централи поврзани на единствена приклучна точка на електропреносната мрежа со цел оп- тимизирање на трошоците за приклучување. (2) Регулаторната комисија за енергетика со правилник ги уредува условите и критери- умите за доделување на статус на затворен систем за дистрибуција на електрична енер- гија. (3) Регулаторната комисија за енергетика му издава на операторот на системот од ста- вот (1) на овој член, лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на електрична енергија во која се определуваат правата и обврските на операторот на затворениот систем за дистрибуција на електрична енергија. (4) Регулаторната комисија за енергетика може да го изземе операторот на затворениот систем за дистрибуција за електрична енергија од обврските за: 1. набавка на системски услуги и електрична енергија за покривање на загубите на електрична енергија според постапки кои се засноваат на начелата на транспарентност, недискриминација и конкурентност; 2. одобрување на тарифите, како и на методологиите врз основа на кои се формираат тарифите, пред нивното влегување во сила; 3. да набавува услуги за флексибилност согласно членот 166 од овој закон; 4. да не поседува, развива или управува со складишта за електрична енергија и/или 5. да не поседува, развива или управува со станици за полнење на електрични возила. (5) Кога е одобрено изземањето од ставот (4) на овој член, корисникот на затворениот систем за дистрибуција на електрична енергија може да побара од Регулаторната комиси- ја за енергетика да ги разгледа и одобри тарифите или методологиите на кои е засновано пресметувањето на применетите тарифи. (6) Изземањето од ставот (4) на овој член, се применува кога затворениот систем на дистрибуција повремено се користи од страна на мал број домаќинства во подрачјето на затворениот систем, и покрај тоа што некој член од домаќинството е вработен или на друг начин ангажиран кај сопственикот на затворениот систем за дистрибуција. Дополнителни приходи Член 172 (1) Операторот на електродистрибутивниот систем може, со одобрување од Регулатор- ната комисија за енергетика, да остварува приходи од давање на користење на електродис- трибутивната инфраструктура во согласност со членот 262 од овој закон. (2) При давањето на користење од ставот (1) на овој член, операторот на електродис- трибутивниот систем обезбедува користењето на мрежата од трети лица да не влијае на безбедноста, сигурноста и економичноста во работењето притоа исполнувајќи ги сите без- бедносни услови, вклучувајќи ги и стандардите за сајбер безбедност. (3) Операторот на електродистрибутивниот систем приходите остварени согласност со ставот (1) на овој член, ги води на посебна сметка и за тоа ја известува Регулаторната ко- мисија за енергетика. (4) При утврдување на тарифата за дистрибуција на електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика ги зема предвид приходите што ги остварува операторот на елек- тродистрибутивниот систем согласно со ставот (1) на овој член. 197 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Операторот на електродистрибутивниот систем може приходите остварени по основ на ставот (1) на овој член, по претходно одобрување на Регулаторната комисија за енерге- тика, да ги користи за реализација на проекти од планот од членот 165 од овој закон. (6) Операторот на електродистрибутивниот систем може да го продаде вишокот на електрична енергија што го набавил согласно член 164 став (1) точка 17 од овој закон, на организираниот пазар на електрична енергија или на пазарот на балансна енергија и за се- која таква продажба е должен да ја извести Регулаторната комисија за енергетика. ГЛАВА VI СНАБДУВАЧИ И ТРГОВЦИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Снабдувач со електрична енергија Член 173 (1) Снабдувачот со електрична енергија набавува електрична енергија во Република Се- верна Македонија и/или од странство заради продажба на своите потрошувачи, други снабдувачи, трговци, операторите на електропреносниот или електродистрибутивниот систем, производители на електрична енергија за оптимизирање на нивното работење, ка- ко и на други учесници на пазарот на електрична енергија. (2) Снабдувачот со електричната енергија ја набавува електричната енергија на пазарот на билатерални договори и на организираниот пазар, по нерегулирани цени. (3) Снабдувачот со електричната енергија самостојно ја одредува цената по која ја про- дава електричната енергија. (4) Снабдувачот со електричната енергија за количината на електрична енергија за која се обврзал да ја испорача на своите потрошувачи го обезбедува неопходниот капацитет за пренос и/или дистрибуција од соодветните оператори. (5) Снабдувачот со електрична енергија е должен, во согласност со овој закон и пропи- сите и правилата донесени врз основа на овој закон, да: 1. набави електрична енергија за своите потрошувачи; 2. ги испорача количините на електрична енергија коишто ги набавил заради исполну- вање на обврските утврдени во договорите за снабдување; 3. ги исполни своите обврски кон потрошувачите во однос на сигурноста, обемот и ди- намиката на снабдувањето; 4. да ја преземе балансната одговорност за своите потрошувачи, а особено за дома- ќинствата и малите потрошувачи; 5. обезбедува услуги за своите потрошувачи со квалитет утврден во правилата за снаб- дување со електрична енергија; 6. обезбеди недискриминаторен третман на сите потрошувачи, а особено за потрошува- чите од оддалечените подрачја; 7. ги објави на својата веб - страница општите услови на своите договори за снабдување со електрична енергија за потрошувачите; 8. овозможи потрошувачите да добиваат редовни и точни известувања за реалната пот- рошувачка и трошоците за електрична енергија, за да можат потрошувачите да управуваат со својата потрошувачка; 9. овозможи промена на снабдувач на транспарентен и недискриминаторен начин; 10.обезбеди при секоја промена на снабдувач со електрична енергија, потрошувачот да добие конечно затворање на сметката во рок од шест недели од денот на промената на снабдувачот; 198 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 11. воспостави постапки за ефикасно решавање на приговорите на своите потрошувачи во рок од 60 дена од денот на поднесување на приговорот, вклучувајќи можност и за вон- судско решавање на спорови и обврска за враќање и/или компензација на средства кога е тоа оправдано; 12. ги плати набавените количини на електрична енергија, како и резервираниот капа- цитет и регулираните услуги од операторот на електропреносниот систем и/или операто- рите на електродистрибутивните системи; 13. доставува до операторот на електропреносниот систем и операторот на пазарот на електрична енергија податоци за трансакциите и плановите за потрошувачка на електрич- на енергија за своите потрошувачи, неопходни за пресметка на дебалансите; 14. обезбеди соодветна заштита на доверливите податоци од договорите склучени на пазарот со билатерални договори и 15. ги објавува општите статистички податоци поврзани со неговите потрошувачи, зе- мајќи ја предвид доверливоста на податоците. Доставување и објавување на податоци Член 174 (1) Производителот, снабдувачот и трговецот со електрична енергија на Регулаторната комисија за енергетика, односно на Комисијата за заштита на конкуренцијата во соглас- ност со прописите со кои се уредува заштитата на конкуренцијата, им овозможува увид во податоците кои се однесуваат на сите негови трансакции за купопродажба на електрична енергија и деривативи, вклучително и деривативи на финансискиот пазар, со купувачите на големо, како и со операторот на електропреносниот систем, операторот на електродис- трибутивниот систем или операторот на пазарот за електрична енергија остварени во по- следните пет години. (2) Универзалниот снабдувач на Регулаторната комисија за енергетика, односно на Ко- мисијата за заштита на конкуренцијата во согласност со прописите со кои се уредува заш- титата на конкуренцијата, им овозможува увид во податоците поврзани со сите свои реа- лизирани трансакции од денот на неговото регистрирање како учесник на пазарот на елек- трична енергија. (3) Снабдувачот со електрична енергија во краен случај на Регулаторната комисија за енергетика, односно на Комисијата за заштита на конкуренцијата во согласност со пропи- сите со кои се уредува заштитата на конкуренцијата, им овозможува увид во податоците кои се однесуваат на сите трансакции за купопродажби на електрична енергија и дерива- тиви, вклучително и деривативи на финансискиот пазар, со купувачите на големо, опера- торите на електропреносниот или електродистрибутивниот систем или операторот на па- зарот за електрична енергија, договорени најмалку за период од последните пет години. (4) Податоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, содржат детални показатели за секоја трансакција, како што се: времетраењето, правилата за испорака и порамнувањето, количините, датумите и времето на извршување и цените на трансакцијата и средството за идентификација на соодветниот потрошувач на големо, како и позначајни детали на сите неподмирени договори за снабдување со електрична енергија и деривативи на електрична енергија. (5) По барање од учесник на пазарот, Регулаторната комисија за енергетика може да му овозможи увид во податоците коишто и се доставени согласно ставовите (1), (2) и (3) на овој член, под услов да не се објавуваат деловно чувствителни информации за одделни учесници на пазарот или одделни трансакции. 199 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Критериумите за овозможување на увидот од ставот (5) на овој член со правилник ги пропишува Регулаторната комисија за енергетика, кој го објавуваат на својата веб- страница. (7) Регулаторната комисија за енергетика на барање на Секретаријатот на Енергетската заедница ги доставува податоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член. Комуникација со потрошувачи Член 175 (1) Универзалниот снабдувач со електрична енергија е должен да воспостави единствен контакт центар, којшто е кадровски екипиран и технички опремен и преку кој на своите потрошувачи навремено, на транспарентен и недискриминаторен начин, без плаќање на надоместок, им ги обезбедува сите неопходни информации во врска со нивните права и обврски, примената на важечките прописи и начините за постапување по приговорите и решавањето на споровите, во согласност со правилата за снабдување од член 64 од овој за- кон. (2) Снабдувач со електрична енергија, кој не е универзален снабдувач на своите потро- шувачи им ги обезбедува на транспарентен и недискриминаторен начин, без плаќање на надоместок, сите неопходни информации за нивните права, обврски, примена на важечки- те прописи, начините на постапување по приговорите и решавањето на приговорите во согласност со правилата за снабдување, на соодветен и прифатлив начин, кој не ја исклу- чува и можноста за воспоставување на контакт центар, доколку е прифатлив за снабдува- чот. (3) Информациите од ставовите (1) и (2) на овој член, се уредуваат со правилата за снабдување и особено се однесуваат на: 1. важечките цени за електрична енергија; 2. стандардните услови за обезбедување и начинот на користење на услугите; 3. различните начини на плаќање кои оневозможуваат дискриминација меѓу потрошу- вачите; 4. постапката, условите и начинот за промена на снабдувачот; 5. можноста за решавање на приговорите, вклучувајќи можност и за вонсудско решава- ње на спорови и обврска за враќање и/или компензација на средства кога е тоа оправдано; 6. реалната потрошувачка и трошоците за електрична енергија, за да можат да управу- ваат со својата потрошувачка во определена временска рамка во зависност од техничките функции на инсталираните мерни уреди; 7. секоја промена на условите во договорот за снабдување, вклучително и зголемување- то на цената најмалку 15 дена пред отпочнување на нивната примена, вклучувајќи го и правото на раскинување на договорот ако потрошувачот не ги прифати новите услови по- нудени во известувањето; 8. условите, начинот и постапката за вклучување во категоријата на ранливи потрошу- вачи и 9. условите, начинот и постапката за отпочнување на снабдување со електрична енерги- ја во краен случај. (4) Снабдувачот со електрична енергија е должен да го прилагоди работното време на единствениот контакт центар од ставот (1) на овој член, на потребите на потрошувачите и да обезбедува информации, како и прием на барања и приговори од потрошувачите, лично или преку електронски средства за комуникација. 200 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Снабдувачот со електрична енергија на своите потрошувачи им обезбедува листа со практични информации за правата на потрошувачите и ја објавува на својата веб-стра- ница. (6) Снабдувачот со електрична енергија може да ги снабдува потрошувачите преку мер- ни уреди за заеднички простори, само ако лицето коешто управува со заедничкиот прос- тор склучи договор со снабдувачот со којшто ќе прифати да плати за целата испорачана електрична енергија измерена преку мерниот уред, согласно правилата за снабдување со електрична енергија. Промена на снабдувач Член 176 (1) Секој потрошувач има право да го промени својот снабдувач. (2) Промената на снабдувачот се врши на барање на потрошувачот. (3) Снабдувачите со електрична енергија и операторите на соодветните системи овоз- можуваат постапката за промена на снабдувач да се изврши во рок од 48 часа од приемот на барањето за промена, на недискриминаторен начин во однос на трошоците и дејствија- та и во постапка пропишана со правилата за снабдување со електрична енергија. (4) Домаќинствата и малите потрошувачи имаат право на промена на снабдувач без ни- какви трошоци. (5) По исклучок од ставот (4) на овој член, снабдувачот со електрична енергија може да наплати надоместок за економска загуба, ако потрошувачот еднострано и предвремено го раскине договорот за снабдување со определено времетраење и со фиксна цена, а рас- кинувањето не е поради неисполнување на обврските од страна на снабдувачот, при што надоместокот е предвиден со договорот и потрошувачот претходно е запознаен со мож- носта за плаќање на надоместокот. (6) Надоместокот од ставoт (5) на овој член, треба да биде сразмерен и да не ја надмине директната економска загуба на снабдувачот што произлегува од раскинувањето на дого- ворот, вклучително и трошоците за инвестиции или услуги поврзани со снабдувањето, кои веќе му биле обезбедени на потрошувачот како дел од договорот за снабдување, при што товарот за докажување на директната економска загуба е на снабдувачот или агрегаторот вклучувајќи ги и трошоците за какви било инвестиции или услуги кои се веќе обезбедени на потрошувачот како дел од договорот. Потрошувачот има право да достави приговор до Регулаторната комисија за енергетика во однос на пресметаниот надоместок од ставот (5) на овој член. (7) Условите од договорот за снабдување кои се однесуваат на надоместокот од ставот (5) на овој член, ги следи Регулаторната комисија за енергетика. Товарот на докажување на директната економска загуба го сноси снабдувачот или учесникот на пазарот. (8) Домаќинствата имаат право да учествуваат во шеми за колективна промена на снаб- дувач. (9) Одредбите од овој член соодветно се применуваат на потрошувачите и снабдувачи- те од член 180 од овој закон. (10) Одредбите од овој член не се применуваат при снабдување во краен случај. Трговец со електрична енергија Член 177 (1) Трговецот со електрична енергија, во согласност со овој закон и прописите и прави- лата донесени врз основа на овој закон, купува електрична енергија во Република Северна Македонија и/или во странство заради продажба на други учесници на пазарот на елек- трична енергија, како и за продажба во странство. 201 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Трговецот со електрична енергија е должен на операторот на електропреносниот систем и операторот на пазарот на електрична енергија навремено да им ги достави ин- формациите за количините на електрична енергија и соодветните временски распореди од сите договори за купопродажба на електрична енергија, како и од договорите за прекугра- нични трансакции преку електропреносната мрежа, во согласност со правилата за регис- трација за учество на пазар на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори, условите, прописи и методологиите за доделување на прекугранични преносни капацитети од членот 143 ставови (4), (5) и (6) од овој закон. (3) Кога трговец со електрична енергија врши прекугранични трансакции на електрична енергија, должен е да закупи доволен прекуграничен преносен капацитет за електричната енергија за која се обврзал да ја испорача на своите потрошувачи, во согласност со овој за- кон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон. (4) Трговецот со електрична енергија е должен да ги испорача количините на електрич- на енергија, кои ги набавил заради исполнување на обврските утврдени во договорите склучени на пазарот со билатерални договори, како и да обезбеди соодветна заштита на доверливите податоци од договорите. ГЛАВА VII ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Потрошувачи на електрична енергија Член 178 (1) Секој потрошувач на електрична енергија може по сопствен избор да се снабдува со електрична енергија од снабдувач, во согласност со условите утврдени со овој закон и со правилата за снабдување со електрична енергија. (2) Потрошувачот на електрична енергија може да има склучено повеќе од еден дого- вор за снабдување со електрична енергија во исто време, под услов да има посебни прик- лучни точки и мерни уреди. (3) Потрошувачот кој учествува на пазарот на електрична енергија на големо може да набавува електрична енергија директно од трговци или производители на електрична енергија или од организиран пазар на електрична енергија. (4) Потрошувачот кој учествува на пазарот на електрична енергија на големо може да купува електрична енергија од производител, снабдувач или трговец со електрична енер- гија од друга држава, која пристапила кон сите важечки меѓународни договори во областа на електричната енергија кои Република Северна Македонија ги има ратификувано и ги применува правилата и прописите донесени согласно со овој закон. (5) Операторот на соодветниот систем им ја прекинува испораката на електрична енер- гија на потрошувачите кои немаат договор за снабдување со електрична енергија или не ја уредиле својата балансна одговорност во согласност со условите од овој закон и прописи- те и правилата донесени врз основа на овој закон, освен на домаќинствата и малите потро- шувачи на електрична енергија кои ќе бидат снабдувани од универзалниот снабдувач. Договор за снабдување со електрична енергија Член 179 (1) Снабдувачите со електрична енергија и потрошувачите своите меѓусебни права и обврски ги уредуваат со договор за снабдување. 202 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, ако помеѓу универзалниот снабдувач и пот- рошувачот не е склучен договор за снабдување, за нивните меѓусебни права и обврски се применуваат општите услови за снабдување пропишани во правилата за снабдување со електрична енергија. (3) Општите услови кои снабдувачите им ги нудат на потрошувачите и одредбите со кои се уредуваат правата и обврските на потрошувачите во договорите за снабдување тре- ба да бидат фер, транспарентни, јасни, прецизни и не треба да вклучуваат дополнителни барања кои можат да го попречат остварувањето на правата на потрошувачите и пред склучување на договорот за снабдување снабдувачите се должни да им ги направат дос- тапни на потрошувачите. (4) На договорите за снабдување со електрична енергија, покрај условите утврдени во овој закон и правилата за снабдување со електрична енергија, соодветно се применуваат и законите од областа на облигационите односи и заштитата на потрошувачите. Договор за снабдување со електрична енергија со динамична цена Член 180 (1) Снабдувачите со електрична енергија, со исклучок на универзалниот снабдувач, имаат право да склучуваат договори за снабдување со електрична енергија со динамична цена со потрошувачите. (2) Снабдувачите ги информираат потрошувачите за можностите, трошоците и ризици- те од договорите за снабдување со електричната енергија со динамични цени, како и за потребата од инсталирање на паметни мерни системи. (3) На барање на потрошувач кој има инсталирано паметни мерни системи, снабдува- чот кој има повеќе од 200.000 потрошувачи е должен да склучи договор за снабдување со електричната енергија со динамична цена. (4) Потрошувачот може да склучи договор за снабдување со електричната енергија со динамична цена со повеќе снабдувачи во согласност со правилата за снабдување со елек- трична енергија. (5) Снабдувачот треба да добие согласност од потрошувачот пред да го измени или да склучи анекс на договорот за снабдување, со договор за снабдување со електрична енер- гија со динамична цена. (6) Регулаторната комисија за енергетика ja следи примената на договорите за снабду- вање со електрична енергија со динамични цени, понудите на овие договори на пазарот, како и нивното влијание врз сметките на потрошувачите и нивото на променливост на це- ните, за најмалку 10 години од нивната достапност, а наодите ги објавува во извештајот од членот 72 од овој закон. Договор за агрегација Член 181 (1) Крајните потрошувачи кои учествуваат на пазарот на електрична енергија, активни- те потрошувачи, производителите на електрична енергија и операторите со складишта на електрична енергија приклучени на електропреносната или електродистрибутивната мрежа, кои ги исполнуваат техничките и другите услови определени во правилата за паза- рот на балансна енергија и соодветните мрежни правила, по сопствен избор можат да склучат договор за агрегација со вршител на енергетска дејност, кој се јавува во својство на агрегатор: 203 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. без оглед на тоа дали е договорна страна во важечки договор за снабдување со елек- трична енергија, договор за откуп на произведена или складирана електрична енергија или друг договор за агрегација и 2. без претходна согласност од постојниот снабдувач на електрична енергија или агре- гатор. (2) Пред склучувањето на договорот за агрегација, агрегаторот му ги обезбедува на ли- цето од ставот (1) на овој член сите потребни информации за условите од понудениот до- говор. (3) Во текот на извршувањето на склучениот договор за агрегација, најмалку еднаш во секој период на фактурирање и/или по барање на лицето од ставот (1) на овој член, на не- дискриминаторен начин и без надоместок: 1. агрегаторот му овозможува непречен пристап до податоците потребни за управување со производството, управување преку побарувачката или управување со складиштето на електрична енергија и 2. операторот на соодветниот електроенергетски систем му овозможува непречен прис- тап до податоците за неговата предадена, односно преземена енергија и моќност. (4) Снабдувачот со електрична енергија на крајниот потрошувач кој има склучено дого- вор за агрегација не смее да му наметнува дискриминаторни технички и административни барања, услови, постапки или дополнителни надоместоци во врска со извршувањето на договорот за снабдување, ниту да го попречува договорот за агрегација. Активен потрошувач Член 182 (1) На активен потрошувач не смее да му се наметнуваат несразмерни или дискримина- торни технички и административни барања, постапки и надоместоци за пристап и приклу- чување на мрежата, како и за учество на пазарот на електрична енергија. (2) Активниот потрошувач има право да: 1. ја продава произведената електрична енергија на својот снабдувач со кого во догово- рот за снабдување има одредби за откуп на произведената електрична енергија; 2. ја продава произведената електрична енергија на пазарот на електрична енергија на големо и тоа: 2.1. директно, ако инсталираната моќност на постројката е над прагот определен со правилата за регистрација за учество на пазар на електрична енергија и уредување на паза- рот на билатерални договори или 2.2. индиректно преку агрегатор или снабдувач или 2.3. имаат право да ја продаваат електричната енергија од сопствено производство, вклучително и преку договори за купување електрична енергија; 3. учествува во механизмите за обезбедување флексибилност на системот и шеми за енергетска ефикасност. (3) Активниот потрошувач може да овласти трето лице за инсталирањето, одржувањето и функционирањето на постројката за производство на електрична енергија, вклучително и обработка со податоците, при што третото лице не се смета за активен потрошувач. (4) Активниот потрошувач за електричната енергија преземена од мрежата, на операто- рот на соодветниот систем му плаќа надоместок за користење на мрежата, одреден на транспарентен и недискриминаторен начин. (5) Активниот потрошувач, кој директно учествува на пазарот на електрична енергија претходно ја уредува својата балансна одговорност. (6) Активниот потрошувач, кој поседува складиште за енергија: 204 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. има право на приклучување на мрежата во разумен рок по барањето, ако ги исполну- ва условите пропишани со прописите и правилата донесени врз основа на овој закон; 2. не подлежи на двојни надоместоци за складираната електрична енергија што ја ко- ристи за свои потреби или за обезбедување услуги за флексибилност на операторите на електроенергетските системи; 3. нема обврска да прибави лиценца за оператор на складиште со електрична енергија и не подлежи на непропорционални барања за лиценцирање или такси и 4.смее да учествува на пазарот на балансна енергија на кој може да дава повеќе услуги истовремено, ако е технички изводливо. Граѓанска енергетска заедница Член 183 (1) Граѓанската енергетска заедница може да врши: 1. производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка или за продажба на пазарот на електрична енергија во својство на активен потрошувач; 2. снабдување на електрична енергија на заедницата; 3. агрегација; 4. складирање и испорака на електрична енергија за подмирување на потребите на заед- ницата; 5. дистрибуција преку затворен дистрибутивен систем; 6. услуги за енергетска ефикасност, вклучително и управување преку побарувачката; 7. услуги за полнење на електрични возила и 8. други енергетски услуги на своите членови согласно со Законот за енергетска ефи- касност и правилата и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Граѓанската енергетска заедница ги врши енергетските дејности во согласност со овој закон и правилата и прописите донесени врз основа на овој закон и издадените ли- ценци, при што со членството во граѓанската енергетска заедница потрошувачите не ги гу- бат своите права и обврски во однос на пристапот на мрежата и снабдувањето со елек- трична енергија, кои ги имаат како домаќинства или активни потрошувачи. (3) При пристапување и истапување на член од граѓанска енергетската заедница соод- ветно се применуваат одредбите за промена на снабдувач од членот 176 од овој закон. (4) Соодветните правила донесени врз основа на овој закон, содржат одредби со кои се уредува начинот на остварување на правата и обврските на граѓански енергетски заедници во однос на: 1. учество на пазарите на електрична енергија; 2. можноста да бидат сопственици или да станат оператори на затворени системи за дистрибуција на електрична енергија и самостојно да ги управуваат под условите и во сог- ласност со одредбите од ставот (11) на овој член и 3. можноста за олеснета испорака на електрична енергија во и од заедницата преку електродистрибутивниот систем, за што на операторот на електродистрибутивниот систем му се определува правичен надоместок. (5) Правилата донесени врз основа на овој закон со кои се уредува начинот на оствару- вање на правата и обврските на граѓанските енергетски заедници обезбедуваат граѓанска- та енергетска заедница: 1. да се третира на недискриминаторен и сразмерен начин во однос на нејзините права и обврски како краен потрошувач, производител, снабдувач, оператор на дистрибутивен систем, оператор за складирање на енергија, давател на услуги за управување преку поба- рувачка или агрегатор; 205 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. да има третман на активен потрошувач согласно со членот 181 став (3) од овој закон, во однос на потрошувачката на електричната енергија произведена од производните постројки на заедницата и 3. да ја уреди балансната одговорност. (6) Граѓанската енергетска заедница има право да ја распредели произведената елек- тричната енергија од производните постројки на заедницата меѓу своите членови во сог- ласност со меѓусебно договорените обврски. (7) Граѓанската енергетска заедница се основа и работи според одредбите од овој закон, Законот за здруженија и фондации и/или Законот за задруги, како и прописите донесени врз основа на овие закони. (8) Граѓанската енергетска заедница, најдоцна 30 дена пред почетокот на работењето, на својата веб-страница ги објавува условите и начинот на пристапување и истапување на членови, управување и одлучување, активностите кои ги врши и услугите кои ги обезбе- дува за своите членови, начинот на распределба односно употреба на добивката, како и други информации од значење за работењето на заедницата. (9) Член на граѓанска енергетска заедница може да истапи од членство во заедницата, без да го изгуби правото на користење на мрежата со која управува заедницата. (10) На пресметковните мерни места на членовите на граѓанската енергетска заедница приклучени на мрежите што не се во сопственост или управувани од заедницата се приме- нуваат: 1. посебно мерење на кое ја регистрира предадената и преземената електрична енергија во мрежата или од мрежата и 2. тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесени од Регулаторна- та комисија за енергетика. (11) Регулаторна комисија за енергетика на електродистрибутивната мрежа која е во сопственост или со која управува граѓанската енергетска заедница може да и додели ста- тус на затворен систем за дистрибуција на електрична енергија, односно на граѓанската енергетска заедница да и додели статус на оператор на затворен систем за дистрибуција на електрична енергија во согласност со одредбите од овој закон, при што се применуваат прописите и правилата со кои се уредуваат правата и обврските на затворен систем за дис- трибуција на електрична енергија. (12) На членовите на граѓанската енергетска заедница приклучени на дистрибутивната мрежа управувана од заедницата се применуваат тарифи утврдени од Регулаторната ко- мисија за енергетика. (13) Ако Регулаторната комисија за енергетика ја изземала граѓанската енергетска заед- ница од обврската за одобрување на тарифи за дистрибуција на електрична енергија сог- ласно членот 171 став (4) точка 2 од овој закон, тарифата за членовите на заедницата ја од- редува заедницата врз основа на претходно спроведена анализа на трошоци и придобивки од дистрибуирањето на електричната енергија. (14) Регулаторната комисија за енергетика го следи отстранувањето на неоправдани пречки и ограничувања за развојот на потрошувачката на самогенерираната електрична енергија и граѓанските енергетски заедници. Управување преку побарувачката Член 184 (1) Краeн потрошувач поврзан на електропреносната или електродистрибутивната мре- жа коj ги исполнува техничките услови и барања, за управување преку побарувачката, ут- врдени во правилата за пазар на балансна енергија, можe да продава услуги на управува- 206 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година ње преку побарувачката на сите пазари за електрична енергија, самостојно или преку агре- гатор, под недискриминаторни услови како и производителите, во согласност со правила- та со кои се уредува соодветниот пазар на електрична енергија. (2) Агрегаторот кој има склучено договор за агрегација со краен потрошувач, може да ги продава услугите на управување преку побарувачката независно од останатите учесни- ци на пазарот. (3) Секој учесник на пазарот кој има склучено договор за агрегација, вклучувајќи ги и независните агрегатори, имаат право да учествуваат на пазарот на електрична енергија без согласност на другите учесници на пазарот. (4) При набавката на системските услуги, операторот на електропреносниот систем и операторот на електродистрибутивниот систем не смеат да вршат дискриминација, ако се исполнети техничките барања, без оглед дали понудените услуги се обезбедуваат од краен потрошувач или од агрегатор како услуга на управување преку побарувачка или од произ- водство или складирање на електрична енергија или со друга технологија. (5) Регулаторната комисија за енергетика, во соработка со операторот на електропре- носниот систем, операторот на електродистрибутивниот систем и операторот на пазарот на електрична енергија и по претходно извршени консултации со значајни учесници на пазарот и крајни потрошувачи, ги утврдува техничките барања за учество на давателите на услуги на управување преку побарувачката на пазарот на електрична енергија, во завис- ност од карактеристиките на пазарот и техничките можности на давателот на услугата. (6) Регулаторната комисија за енергетика врз основа на утврдените технички барања за учество од ставот (5) на овој член донесува правила за управување преку побарувачката со кои особено се уредуваат : 1. правата и обврските на крајните потрошувачи и агрегаторите, вклучително и неза- висните агрегатори, кои нудат услуги на управување преку побарувачката и останатите учесници на пазарот во однос на понудата, купопродажбата и активирањето на услугите на управување преку побарувачката; 2. постапките за размена на информации помеѓу субјектите од точка 1 на овој став, како и заштита на деловно чувствителните информации и личните податоци на потрошувачите и 3.распределбата на балансна одговорност помеѓу крајните потрошувачи кои нудат ус- луги на управување преку побарувачката преку агрегацијата и агрегаторот. (7) Снабдувачот чијшто краен потрошувач нуди услуги на управување преку побару- вачката самостојно или преку независни агрегатори, во договорот за снабдување со крај- ниот потрошувач не смее да наметнува дополнителни ограничувања, надоместоци, дого- ворни казни и други ограничувања. (8)По исклучок од ставот (7) на овој член , Регулаторната комисија за енергетика може да донесе одлука за одредување на паричен надоместок, кој крајниот потрошувач или аг- регаторот што нуди услуги на управување преку побарувачката, го плаќа на својот снаб- дувач или на неговата балансно одговорна страна, ако со активирањето на услугата им се создаваат дополнителни трошоци. (9) Во одлуката од ставот (8) на овој член, се зема предвид: 1. да се надоместат само трошоците кои непосредно произлегуваат од активирањето на услугата на управување преку побарувачка и нејзиното времетраење; 2. износот на надоместокот да не претставува пречка за учество на пазарот на крајниот потрошувач или агрегаторот или за примена на други мерки на флексибилност на елек- тропреносниот или електродистрибутивниот систем и 207 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. придобивките коишто другите учесници на пазарот ги имаат од примената на услуга- та на управување преку побарувачката, при што со надоместокот се покрива разликата по- меѓу трошоците и придобивките пресметани кумулативно за сите учесници на пазарот. Фактура за потрошена електрична енергија Член 185 (1) Снабдувачот со електрична енергија, врз основа на мерењата за потрошената елек- трична енергија извршени од операторот на соодветниот систем, на своите потрошувачи им фактурира за испорачаната електрична енергија по договорената цена, при што во фак- турата особено ги вклучува: 1. надоместок за потрошена електрична енергија, без данок на додадена вредност; 2.надоместок за користење на електродистрибутивниот и/или електропреносниот сис- тем, ако за тоа има склучено договор со операторот на соодветниот систем, без данок на додадена вредност; 3. надоместок за електричната енергија од обновливи извори на енергија произведена од повластени производители кои користат повластени тарифи, без данок на додадена вредност; 4. надоместок за користење на пазарот на електрична енергија, без данок на додадена вредност; 5. даночната стапка по која се пресметува данок на додадена вредност согласно закон за соодветниот промет наведен во точките од 1 до 4 на овој став и 6. износ на пресметан данок на додадена вредност за секој промет наведен во точките од 1 до 4 на овој став. (2) Во случај кога за пресметковниот период не е извршено мерење на потрошената електрична енергија од операторот на соодветниот систем, снабдувачот ја изготвува фак- турата врз основа на претпоставена потрошувачка, која еднаш на три месеци во тековната година се усогласува со реалната потрошувачка и издава коригирана фактура за соодвет- ниот пресметковен период, а на барање на потрошувачите им доставува јасно и разбирли- во објаснување за начинот на кој истата е изготвена. Коригираната фактура се издава нај- доцна до рокот утврден за вршење на исправка на даночна пријава согласно законот со кој се уредува данокот на додадена вредност. (3) Снабдувачот со електрична енергија не смее да му наплати на потрошувачот надо- месток за изготвување и доставување на фактурата за потрошената електрична енергија, како и за информациите содржани во фактурата. (4) Регулаторната комисија за енергетика во правилата за снабдување со електрична енергија поблиску ги уредува обврските на снабдувачот во врска со фактурите за потро- шената електрична енергија и тоа: 1. информациите содржани во фактурата и начинот на нивно прикажување; 2. начин на изготвување на пресметката содржана во фактурата, особено во случај кога пресметката не е изготвена согласно реалната потрошувачка; 3. начин на доставување и плаќање на фактурата и 4. обезбедување на информации во врска со промените на цените на електрична енерги- ја и започнувањето на примената на променетите цени. (5) При донесувањето на правилата за снабдување со кои се уредува формата и содржи- ната на фактурата Регулаторната комисија за енергетика ги има предвид ставовите и пред- лозите на овластените тела за заштита на колективни интереси и права на потрошувачите како и со организации на потрошувачи. 208 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) При издавањето на фактура за потрошена електрична енергија, снабдувачот со електрична енергија го применува и законот со кој се уредува данокот на додадена вред- ност. Воведување паметни мерни системи Член 186 (1) Заради активно учество на потрошувачите на пазарот на електрична енергија, унап- редување на енергетската ефикасност и оптимално користење на електричната енергија, операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија се должни да направат техничка и економска анализа на сите трошоци и придобивки за пазарот, како и за зголемување на енергетската ефикасност од воведување на паметни мерни системи и да ја достават до Регулаторната комисија за енергетика. (2) Ако анализата од ставот (1) на овој член, покаже дека воведувањето на паметни мер- ни системи е оправдан, Регулаторната комисија за енергетика ѝ предлага на Владата да донесе одлука за воведување на паметни мерни системи во Република Северна Македо- нија. (3) Анализата од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика ја доста- вува до Секретаријатот на Енергетската заедница. (4) При вршење на анализата од ставот (1) на овој член, операторите на електропренос- ниот и електродистрибутивниот систем ги земаат предвид: 1. економски исплатливиот модел на воведување на паметни мерни системи од соодвет- ниот оператор на електроенергетскиот систем; 2. временската рамка со динамика за воведување на паметни мерни системи; 3. методологијата за анализа на трошоците и придобивките и минималните технички функции на паметни мерни системи применувана во Европската Унија и 4. најдобрите достапни техники за обезбедување на највисоко ниво на сајбер безбед- ност и заштита на податоците. (5) Ако врз основа на анализата од ставот (1) на овој член, се утврди дека воведувањето на паметни мерни системи е неоправдано, Регулаторната комисија за енергетика на секои четири години, а по потреба и почесто, ги задолжува операторите на електропреносниот и електродистрибутивниот систем да извршат ревизија на постојната анализа и за резулта- тите ја известува Владата и Секретаријатот на Енергетската заедница. (6)Ако Владата донесе одлука за воведување на паметни мерни системи, во одлуката се определува и динамиката за следните 10 години за воведување на паметни мерни уреди, при што во рок од седум години од донесувањето на одлуката кај 80% од потрошувачите треба да има инсталирано паметни мерни уреди. (7) Регулаторната комисија за енергетика ја следи динамиката на воспоставување на системот за паметни мерни системи и за тоа известува во своите годишни извештаи. (8) Ако Владата донесе одлука за воведување на систем на паметни мерни системи, Ре- гулаторната комисија за енергетика ги зема предвид како оправдани трошоците за воведу- вање на паметни мерни системи при утврдување на тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и при одобрувањето на развојните планови на соодветните оператори на електроенергетскиот систем. Функционалност на паметни мерни системи Член 187 (1) Паметниот мерен систем треба да ги исполни следниве барања: 209 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. прецизно да ја мери реалната потрошувачка на електрична енергија и крајниот пот- рошувач да има увид во својата потрошувачка на електрична енергија на дневна основа; 2. да овозможи мерење и пресметка на електричната енергија што крајниот потрошу- вач ја преземал од мрежата, односно електричната енергија што активниот потрошувач ја преземал од мрежата и што ја предал во мрежата, во пресметковниот интервал за пресме- тување на отстапувањата согласно правилата за пазар на балансна енергија; 3.да му обезбеди едноставен и безбеден пристап на крајниот потрошувач, односно на активниот потрошувач до потврдените историски податоци за потрошувачката преку стандардизиран интерфејс без дополнителни трошоци; 4. да му обезбеди едноставен и безбеден пристап на крајниот потрошувач, односно на активниот потрошувач до непотврдените податоци за потрошувачката на дневна основа со регистрирање на вредности на 15 минути, преку далечински пристап заради овозможу- вање поддршка на автоматизирани програми за енергетска ефикасност, управување преку побарувачката и други услуги, како и интероперабилност без дополнителни трошоци; 5. безбедноста на паметни мерни системи и комуникација на податоци да е во соглас- ност со правилата за сајбер безбедност, како и достапните техники за обезбедување на сај- бер безбедноста, сразмерно со трошоците и 6.заштита на личните и деловните податоци на крајните потрошувачи во согласност со прописите од областа на заштита на податоците. (2) Пред инсталацијата на паметни мерни системи или за време на инсталирањето, опе- раторот на соодветниот електроенергетски систем на крајниот потрошувач му дава соод- ветни инструкции и информации, особено во однос на сите можности на паметниот мерен систем во однос на управувањето со читањето и следењето на тековите на енергија во се- која насока, како и во однос на постапувањето со личните податоци во согласност со про- писите со кои се уредува заштита на личните податоци. (3) На барање на крајниот потрошувач, операторот на соодветниот електроенергетски систем на потрошувачот или на трето лице кое дејствува во негово име му ги става на располагање податоците за електричната енергија што ја предал во мрежата и податоците за потрошената електрична енергија, преку далечински пристап, во лесно разбирлива форма, која му овозможува да врши споредување под исти услови. (4) Потрошувачот согласно со ставот (3) на овој член, може да ги преземе своите мер- ни податоци или да ги пренесе на друга страна без дополнителни трошоци и во согласност со правото на преносливост на податоците уредено со закон. Право на користење на паметни мерни системи Член 188 (1)Ако од анализата од членот 186 од овој закон, се утврди дека воведувањето на па- метни мерни системи е неоправдан, операторот на соодветниот електроенергетскиот сис- тем е должен на барање на крајниот потрошувач или на барање на снабдувачот, со соглас- ност на крајниот потрошувач, да инсталира паметни мерни системи кој ги исполнува тех- ничките барања утврдени во член 187 од овој закон. (2) Во понудата за инсталирање нa паметни мерни системи, операторот на соодветниот електроенергетски систем му дава на барателот прецизни информации за: 1. функциите и интероперабилноста поддржани од паметниот мерeн уред; 2. достапните услуги и поволности кои може да се реализираат со користење на памет- ниот мерен уред и 3. трошоците кои се на товар на барателот. 210 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Трошоците од став (2) точка 3 на овој член, се пресметуваат согласно ценовникот за нестандардни услуги на соодветниот оператор на електроенергетскиот систем од членот 164 од овој закон, одобрен од Регулаторната комисија за енергетика и објавен на веб-стра- ницата на операторот. (4) Операторот на соодветниот електроенергетски систем е должен да го инсталира па- метниот мерен уред во разумен рок, но најдоцна четири месеци од денот на поднесување- то на барањето од ставот (1) на овој член. (5) Операторот на соодветниот електроенергетски систем е должен најмалку на секои две години да ја ажурира понудата на паметни мерни системи и можностите за надградба на инсталираните паметни мерни уреди во согласност со најновите технолошки достигну- вања. Конвенционални мерни уреди Член 189 (1) Операторот на соодветниот електроенергетски систем е должен на секое пресмет- ковно мерно место на крајниот потрошувач кое не е опремено со паметни мерни системи да инсталира конвенционален мерен уред кој точно ја мери реалната потрошувачка на тоа пресметковно мерно место. (2) Конвенционалниот мерен уред треба да овозможи едноставно и директно читање од страна на крајниот потрошувач или да му овозможи читањето да се врши далечински или преку друг соодветен интерфејс. Управување со податоци Член 190 (1) Управувањето со податоците обезбедува ефикасен и безбеден пристап до податоци- те и делотворна размена на податоци, како и заштита и безбедност на податоците. (2) Операторот на електроенергетскиот систем во соодветните мрежни правила ги уре- дува прашањата во врска со управувањето, обработката, размената и пристапот до мерни- те податоци и податоците за потрошувачката на крајниот потрошувач, како и податоците потребни во постапката за промена на снабдувач и податоците потребни за управување преку побарувачката, во согласност со овој закон и со прописите за заштита на подато- ците. (3) Операторот на електроенергетскиот систем е должен на едноставен и недискрими- наторен начин и под еднакви услови да обезбеди пристап до податоците од ставот (2) на овој член, на учесници на пазарот кои имаат деловен интерес за нивно користење. (4) Службеникот за усогласеност во соодветниот оператор на електроенергетскиот сис- тем ја следи примената на условите за пристап до податоците од ставот (3) од овој член и ја известува Регулаторната комисија за енергетика за секое отстапување. (5) Операторот на електроенергетскиот систем е должен без надоместок на крајниот потрошувач да му обезбеди пристап до податоците од ставот (2) на овој член или по него- во барање да ги стави на располагање на трето лице. (6) Операторот на електроенергетскиот систем по претходно одобрување на Регулатор- ната комисија за енергетика, утврдува надоместок за пристап до податоците од ставот (2) на овој член, на учесници на пазарот кои имаат деловен интерес за нивно користење. (7) Со цел унапредување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија на мало и избегнување на прекумерните административни трошоци за учесниците на пазарот се овозможува целосна интероперабилност на енергетските услуги во рамки на Енергетската заедница и примена на постапките за пристап до податоците од овој член. 211 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година ДЕВЕТТИ ДЕЛ ПАЗАР НА ГАС ГЛАВА I ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ГАС Пазари на гас Член 191 (1) Пазарот на гас вклучува пазар на гас на големо, пазар на гас на мало и пазар на ус- луги за балансирање. (2) Пазарот на гас на големо вклучува: 1. пазар со билатерални договори и 2. организиран пазар. (3) Пазарот на гас со билатерални договори е пазар на кој набавката и продажбата на гас се врши директно помеѓу учесниците на пазарот на гас преку билатерален договор за купопродажба на гас. (4) Организираниот пазар на гас може да биде пазар ден однапред и пазар во тековниот ден, на кој набавката и продажбата на гас меѓу учесниците на пазарот на гас се врши пре- ку берза за гас. (5) Пазарот на гас на мало вклучува купопродажба на гас помеѓу снабдувачите со гас и нивните потрошувачи, кои не се учесници на пазарот на гас на големо. (6) Тргувањето со гас на пазарите на гас од ставот (1) на овој член, се врши слободно и врз основа на економските интереси на секој учесник на пазарот. (7) Врз основа на начелата на транспарентност и недискриминација: 1. операторот на пазарот на гас го управува пазарот со билатерални договори и органи- зираниот пазар на гас и 2. операторот на системот за пренос на гас го организира и управува пазарот на услуги за балансирање. Начела за работењето на пазарите на гас Член 192 Регулаторната комисија за енергетика, операторот на системот за пренос на гас, опера- торот на системот за дистрибуција на гас и операторот на пазарот на гас овозможуваат ра- ботењето на пазарите на гас да се заснова на следниве начела: 1. формирање на цени врз основа на побарувачката и понудата; 2. зголемена конкуренција на пазарот на гас на мало со што се овозможува потрошува- чите да имаат корист од можностите кои ги нудат пазарите; 3. овозможување на потрошувачите да учествуваат на пазарот на гас; 4. рамноправно учество на пазарот на сите учесници, вклучувајќи ги производителите на електрична енергија и производителите на топлинска енергија, во согласност со усло- вите предвидени со овој закон; 5. прекуграничен тек и прекугранични трансакции на гас со договорните страни на Енергетската заедница и државите членки од Европската Унија; 6. сите производители на биометан и водород, како и сите трговци и снабдувачи на гас се директно или индиректно одговорни за продажба на биометани водородот што го про- изведуваат, односно природниот гас, биометан и водородот што го увезуваат. 212 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Организиран пазар на гас Член 193 (1) Организираниот пазар на гас: 1. е организиран на транспарентен и недискриминаторен начин, обезбедувајќи индиви- дуален или заеднички пристап на учесниците на пазарот, како и заштита на доверливоста на деловно чувствителните информации и идентитетот при тргување со гас; 2. овозможува учесниците на пазарот да го намалат дебалансот и да учествуваат во ме- ѓузонската трговија што е можно поблиску до реалното време низ сите зони на наддавање; 3. обезбедува пазарни цени што ја одразуваат вредноста на гас во реално време кои ги штитат учесниците на пазарот од ризици при склучување на договори за долгорочни про- изводи и определување на цените за регулираните услуги; 4. обезбедува оперативна сигурност со што се овозможува максимално користење на преносниот капацитет и 5. обезбедува еднаков третман на тргувањата во зоната на наддавање и меѓу зоните на наддавање. (2) Тргувањето на организираниот пазар на гас се уредува со правилата за пазар на гас. (3) Секој учесник на пазарот на гас од ставoт (1) на овој член, има балансна одговор- ност. Учесници на пазарот Член 194 (1) Учесници на пазарот на гас на големо се: 1. трговците со гас; 2. снабдувачите на гас; 3. потрошувачите на гас, освен домаќинствата и малите потрошувачи; 4. операторот на системот за пренос на гас; 5. операторот на системот за дистрибуција на гас; 6. операторот на затворениот систем за дистрибуција на гас; 7. оператор на складиште на гас и 8. операторот на пазарот на гас. (2) Учесниците на пазарот на гас од ставот (1) на овој член, се должни на операторот на системот за пренос на гас, операторот на системот за дистрибуција на гас, како и на опера- торот на пазарот на гас, да им ги достават сите потребни податоци во согласност со мреж- ните правила за пренос на гас, мрежните правила за дистрибуција на гас и правилата за па- зар на гас. (3) Секој учесник на пазарот на гас од ставот (1) на овој член, има балансна одговор- ност. Оператор на пазар на гас Член 195 (1) Операторот на пазарот на гас е друштво кое ги врши работите што се однесуваат на организацијата, ефикасно функционирање и развој на пазарот со билатерални договори и организираниот пазар на гас . (2) Операторот на пазарот на гас е должен во согласност со овој закон и правилата и прописите донесени врз основа на овој закон да врши: 1. управување на пазарот на гас со билатерални договори; 213 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. организирање и управување на организираниот пазар на гас за трговија со гас во Ре- публика Северна Македонија и/или приклучување со други организирани пазари на гас; 3. пресметка на количините на потребната услуга за балансирање заради одредување на цената на дебалансната енергија, а согласно податоците добиени од операторот на систе- мот за пренос на гас; 4. пресметка на дебалансите на балансно одговорните страни согласно конечниот дне- вен распоред и мерењата добиени од операторот на системот за пренос на гас, оператори- те на системите за дистрибуција на гас; 5. финансиско порамнување и контрола врз финансиското покривање на признаените дебаланси врз основа на квантитативно порамнување на дебалансите; 6. навремено доставување до операторот на системот за пренос на гас на сите информа- ции потребни за изработка на конечните дневни распореди за купување и продажба на гас во и надвор од границите на Република Северна Македонија; 7. водење на евиденција на сите договори за учество на пазарот на гас склучени со учесниците; 8. водење на евиденција на сите договори за формирање на балансни групи склучени помеѓу учесниците на пазарот на гас и операторот на пазар на гас; 9. изработка на дневен пазарен план; 10. воспоставување и водење на регистар на учесници на пазарот на гас; 11. објавување на информации кои се неопходни за непречено организирање и управу- вање на пазарот на гас и 12. обезбедување на потребните услуги за снабдувачот со гас во краен случај, заради соодветно задоволување на потребите на неговите потрошувачи. (3) Операторот на пазарот на гас, операторот на системот за пренос на гас , операторите на системот за дистрибуција на гас и друштвата за снабдување им овозможуваат увид на надлежните државни органи во евиденциите за физичките трансакции на гас коишто се уредуваат со правилата за пазар на гас. (4) Регулаторната комисија за енергетика може да одлучи да им овозможи увид на учес- ниците на пазарот на гас во евиденциите од ставот (3) на овој член, под услов да не се об- јават деловно чувствителни информации за индивидуални учесници на пазарот или поеди- нечни трансакции. (5) Операторот на пазарот на гас соработува со операторите на пазарите на гас на други држави и сите регионални и меѓународни организации и асоцијации. (6) Операторот на пазарот на гас е должен да обезбеди доверливост на деловните пода- тоци кои учесниците на пазарот на гас се должни да му ги достават. Раздвојување на дејностите Член 196 (1) Друштвото кое поседува лиценца за вршење на дејноста организација и управување со пазарот на гас не може да биде носител на лиценца и не може да учествува во преносот на гас и управувањето со систем за гас, дистрибуцијата, трговијата и снабдувањето со гас. (2) Во случај кога оператор на пазарот на гас е субјект во сопственост на операторот на системот за пренос на гас, операторот на системот за пренос на гас ја обезбедува својата независност од операторот на пазарот на гас во поглед на правната форма, организацијата и одлучувањето, во согласност со програмата од член 206 од овој закон. (3) Со цел да се обезбеди независност на операторот на пазар на гас исто лице и лица немаат право во исто време: 214 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со друш- тво што врши дејности производство, складирање, снабдување или трговија со гас и во ис- то време директно или индиректно да управуваат или остваруваат друго право во операто- рот на пазарот на гас; 2. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со опера- торот на пазарот на гас и во исто време директно или индиректно да управуваат или ос- тваруваат друго право во друштво што врши дејности производство, складирање, снабду- вање или трговија со гас; 3. да именуваат членови на орган на надзор, орган на управување на операторот на па- зарот на гас и во исто време директно или индиректно да управуваат или остваруваат дру- го право во друштво што врши дејности производство, складирање, снабдување или трго- вија со гас и 4. да биде член на орган на надзор, на орган на управување или на некое од телата кои законски го застапуваат операторот на пазарот на гас и во исто време да биде член на со- одветен орган или тело во друштво што врши дејности производство, складирање, снабду- вање или трговија со гас. Правила за пазар на гас Член 197 (1) Регулаторната комисија за енергетика, во соработка со операторот на пазарот на гас и операторот на системот за пренос на гас донесува правила за пазар на гас, засновани на начелата на транспарентност, недискриминација и конкурентност. (2) Правилата за пазар на гас од ставот (1) на овој член треба да овозможат: 1. поттикнување на слободно формирање на цените и избегнување активности со кои се спречува формирањето на цените да биде врз основа на побарувачката и понудата; 2. развој на производни капацитети со кои се зголемува флексибилноста на системите за пренос и дистрибуција на гас и со кои се овозможува одржливо производство со нама- лени емисии на стакленички гасови и пофлексибилна побарувачка; 3. декарбонизација на енергетскиот сектор, а со тоа и на економијата, преку овозможу- вање на интеграција на биометан и водород од обновливи извори на енергија и преку обез- бедување стимулации за енергетска ефикасност; 4. соодветни инвестициски мерки за поддршка во капацитети за производство на био- метан и водород, особено за долгорочни инвестиции со кои се остваруваат целите за де- карбонизација на енергетскиот сектор, складирање на енергија, енергетска ефикасност и одговор на побарувачката за да се задоволат потребите на пазарот и се олесни фер конку- ренцијата со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето; 5. регионална соработка; 6. развој на демонстрациони проекти во одржливи, безбедни и ниско-јаглеродни извори на енергија, технологии или системи; 7. ефикасно диспечирање на складиштата на гас; 8. пристап на пазарот на оператор на складиште на гас и снабдувач со гас врз основа на проценката за економската и финансиската исплатливост на нивното работење и 9. олеснување на трговијата со енергетски производи помеѓу договорните страни на Енергетската заедница согласно ефектите на краткорочните и долгорочните продукти на пазарите на гас и 10. заштита на учесниците на пазарот на гас од ризиците од нестабилноста на цените и ублажување на неизвесноста од повратот на инвестицијата преку овозможување на тргу- вање на долгорочни производи на берзите на транспарентен начин и овозможување долго- рочните договори за снабдување со гас да се преговараат надвор од берзата во согласност со прописите со кои се уредува заштитата на конкуренцијата. 215 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Со правилата за пазар на гас особено се уредуваат: 1. постапка за регистрација за учество на пазарот на гас на големо; 2. условите што треба да ги исполнат учесниците на пазарот на гас; 3. елементите на договорите за учество на пазарот на гас; 4. формата, содржината и начинот на водење на регистарот за учесници на гас на го- лемо; 5. воспоставувањето, организирањето и контролата на тргувањето со гас, вклучувајќи го и прекуграничното тргување, во согласност со обврските од членувањето во меѓународ- ните организации; 6. одговорностите на балансно одговорните страни, вклучувајќи го и склучувањето на договорите за балансна одговорност; 7. формата, содржината и начинот на водење регистар на балансно одговорни страни; 8. начинот и постапката на формирање на балансна група; 9. формата, содржината и начинот на водење регистар на балансни групи; 10. преземање на пропишаните мерки кон учесниците на пазарот во случај на неиспол- нување на нивните обврски; 11. постапката и начинот за собирање и доставување на податоци до Регулаторната ко- мисија за енергетика во однос на состојбите и појавите на пазарот на гас и 12. постапките, начелата и стандардите за организирање и функционирање на организи- раниот пазар на гас, начелата и правилата за финансиско порамнување, начинот на објаву- вање на податоците потребни за функционирање на пазарот и други прашања потребни за негово функционирање. (4) Регулаторната комисија за енергетика и операторот на пазарот на гас ги објавуваат правилата за пазар на гас на своите веб-страници. Надоместоци за користење на пазарот на гас Член 198 (1) Операторот на пазарот на гас го пресметува и фактурира надоместокот за користење на пазарот на гас врз основа на најавените трансакции, со примена на тарифата утврдена во одлуката што ја донесува Регулаторната комисија за енергетика согласно член 62 став (2) од овој закон. (2) Снабдувачите и трговците можат надоместокот за користење на пазарот на гас да го наплатат од потрошувачите со кои имаат склучено договори за снабдување, односно про- дажба на гас. (3) Операторот на систем за пренос на гас и операторот на системот за дистрибуција на гас плаќаат надоместок за користење на пазарот на гас кога купуваат гас за покривање на загубите и сопствените потреби. Пазар на услуги за балансирање Член 199 (1) Операторот на систем за пренос на гас е должен да обезбеди пазарот на услуги за балансирање, вклучително и претквалификацијата за учество на пазарот на услуги за ба- лансирање, да е организиран на начин што: 1. обезбедува недискриминација меѓу учесниците на пазарот, имајќи ги предвид раз- личните технички потреби на корисниците на системот; 2. обезбедува дефинирање и набавка на услугите на транспарентен, пазарно заснован и технолошки независен начин и 216 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. обезбедува недискриминаторски пристап на сите учесници на пазарот. (2) Цената на услугата за балансирање се утврдува на транспарентен и пазарен начин, освен ако цената не е утврдена на начин уреден со правилата за пазар на услуги за балан- сирање, по претходно одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика. (3) Пазарот на услуги за балансирање, обезбедува оперативна сигурност, истовремено овозможувајќи максимално искористување и ефикасна распределба на меѓузонскиот капа- цитет. (4) На учесниците на пазарот им е дозволено да наддаваат што е можно поблиску до ре- алното време, а рокот за понуда на услуги за балансирање не смее да биде пред времето на затворање на меѓузонски пазар во тековниот ден. (5) Операторот на системот за пренос на гас обезбедува капацитет за балансирање на пазарот на услуги на балансирање на национално и на регионално ниво. (6) Операторот на системот за пренос на гас може да побара од Регулаторната комисија за енергетика активирање на други механизми за постигнување на потребната оперативна сигурност, ако стандардните балансни производи или некои од капацитетите кои обезбе- дуваат балансни услуги не се доволни за постигнување оперативна сигурност на системот за пренос на гас. (7) Барањето од ставот (6) на овој член, треба да содржи опис на предложените меха- низми за постигнување на оперативна сигурност на системот за пренос на гас и дека нив- ната употреба не создава значителна неефикасност и нарушување на пазарот на услуги за балансирање. Правила за пазар на услуги за балансирање Член 200 (1) Операторот на системот за пренос на гас, изготвува правила за пазар на услуги за балансирање и по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика ги до- несува и ги објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница. (2) Правилата од ставот (1) на овој член, се објективни, транспарентни, недискримина- торни и пазарно ориентирани и ги одразуваат потребите на системот, имајќи ги предвид ресурсите со кои располага операторот на системот за пренос на гас, а со нив особено се уредуваат: 1. правата и обврските на давателите на услуги за балансирање; 2. постапката за набавката на услуги за балансирање; 3. методологијата за формирање на цени за услугите за балансирање, како и постапката за нивна пресметка, фактурирање и наплата, којашто треба да биде недискриминаторна, да ги одразува реално направените трошоците и да овозможи минимизирање на трошоците за балансирање; 4. начинот на утврдување на активираните количини на услугите за балансирање коиш- то се порамнуваат помеѓу давателите на услугите на бaлансирање и 5. финансиското порамнување со давателите на услуги за балансирање и со балансно одговорните страни. (3) За да се овозможи преземање на навремени корективни мерки од страна на корисни- ците на системот, операторот на системот за пренос на гас, на својата веб-страница без на- доместок обезбедува навремени, доволни и проверени информации за исполнување на ба- лансната одговорност на корисниците на системот. (4) Во согласност со одредбите од овој закон и правилата од ставот (1) на овој член, операторот на системот за пренос на гас е должен да: 217 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. ги утврди активираните количини на услугите за балансирање со секој давател на ус- луги за балансирање; 2. ги утврди сите дебаланси со секоја балансно одговорна страна; 3. ги пресмета сите потребни количини на системски услуги кои ги набавува на пазарот на услуги за балансирање; 4. ја пресмета цената на порамнување за отстапување на балансно одговорните страни; 5. направи финансиско порамнување со давателите и корисниците на услуги за балан- сирање и 6. воспостави и води регистар на даватели на услуги за балансирање. (5) Операторот на системот за пренос на гас им фактурира трошок за надоместок за ус- лугите на бaлансирање на учесниците на пазарот на гас за настанатите отстапувања од на- јавените физички трансакции, по цени пресметани во согласност со методологијата за пресметка за надоместок за услугите на бaлансирање утврдена во правилата за пазар на балансна енергија. (6) Надоместоците за дебалансите што ги наплатува операторот на системот за пренос на гас: 1. ги одразуваат трошоците за балансирање и обезбедуваат соодветни стимулативни мерки за корисниците на системот заради балансирање на нивната испорака и преземање на гас; 2. не содржат вкрстено субвенционирање помеѓу корисниците на системот и 3. не го попречуваат влезот на нови учесници на пазарот. (7) Операторот на системот за пренос на гас му ги обезбедува на операторот на пазарот на гас сите податоци потребни за пресметка на дебалансите. (8) Операторот на системот за пренос на гас квартално ја известува Регулаторната ко- мисија за енергетика за договорите кои ги склучил со давателите на услуги за балансира- ње и за нивната реализација. (9) Операторот на системот за пренос на гас е должен: 1. да го усогласи балансниот механизам утврден во правилата од ставот (1) на овој член, со соодветните балансни механизми на другите договорни страни на Енергетската заедница и држави членки на Европската Унија и да го оптимизира балансниот механизам и нивоата на надоместоците за балансирање со цел да ја олесни трговијата со гас и 2. да соработува со другите оператори на системи за пренос на гас заради олеснување на развојот на пазарот на услуги за балансирање на регионално ниво. ГЛАВА II ПРОИЗВОДСТВО И СКЛАДИРАЊЕ НА ГАС Производител на биометан и водород Член 201 (1) Производител на биометан односно водород има право да: 1. се приклучи на системот за пренос односно дистрибуција на гас, ако квалитетот на гасот и техничките услови пропишани во мрежните правила за пренос на гас се испол- нети; 2. го продава произведениот биометан односно водород на пазарот на гас; 3. нуди системски услуги на операторот на системот за пренос на гас заради балансира- ње на системот, согласно техничките капацитети и барањата утврдени во правилата за па- зар на услуги за балансирање и мрежните правила за пренос гас; 218 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. ја ограничи или целосно ја запре испораката на биометан односно водородот во слу- чај на: 4.1. загрозување на општата безбедност и здравјето на луѓето; 4.2.редовно одржување или реконструкција на производната постојка; 4.3. отстранување на дефект на производната постојка и 5. купува електрична енергија или гас за производство на водород. (2) Производителот на биометан, односно водород е должен да обезбеди произведениот биометан односно водород да ги исполнува критериумите пропишани со мрежните прави- ла за пренос на гас. (3) Производителот на биометан, односно водород доставува до операторот на систе- мот за пренос на гас и операторот на пазарот на гас и операторот на пазар на електрична енергија податоци и информации од договорите за купување на електрична енергија и гас и продажба на биометан и водород, како и расположливоста на производниот капацитет и/или системските услуги, освен деловно финансиските податоци. Складирање на гас Член 202 (1) Операторот на складиште на гас: 1. го одржува и развива складиштето; 2. обезбедува услуга за складирање на гас за потребите на другите учесници на пазарот на гас; 3. купува гас за сопствени потреби и за покривање на загубите во складиштето на тран- спарентен и недискриминаторен начин; 4. продава гас кој корисниците не го искористиле во претходно договорен рок или ако нивниот договор за складирање е престанат; 5. може да нуди системски услуги на операторот на системот за пренос и системот за дистрибуција на гас, во согласност со техничките карактеристики и правилата за работа на соодветниот систем и правилата за работа на пазарот на гас и 6. на операторот на преносниот или дистрибутивниот систем му ги става на располага- ње податоците потребни за функционирање на системот во согласност со правилата за ра- бота на системот за пренос, односно дистрибуција на гас и правилата за работа на пазарот на гас. (2) Операторот на складиште е должен да ги исполнува пропишаните технички и опера- тивни услови, особено оние пропишани со соодветните мрежни правила и технички про- писи и постапува во согласност со правила за пазар на гас. (3) Ако на територијата на Република Северна Македонија постои само еден оператор на складиште на гас, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, операторот на складиште на гас утврдува надоместок за пристап до складиште на гас, до- несува тарифа за складирање и ја објавува на својата веб-страница. Правила за работа на складиште на гас Член 203 (1) Операторот на складиште на гас по претходно одобрување од Регулаторната коми- сија за енергетика донесува правила за работа на складиште за гас со кои се уредуваат: 1. услови за безбедно, доверливо и сигурно работење на складиштето; 2. користење и одржување на објектите кои се дел од складиштето; 3. планирање на работата на складиштето; 219 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. управување со складирањето и регулирање на протокот и притисокот при вбризгува- ње и екстракција на гас на начин што обезбедува безбедно и сигурно работење во двата циклуса, во случај на прекини и дефекти; 5. видови услуги кои ги нуди операторот на складиште; 6. услови и постапки за пристап до складиштето и доделување на капацитетот, инстру- мент за обезбедување на плаќање и критериуми за утврдување на износот и периодот за кој се бара; 7. начин и динамика на објавување на збирни податоци за искористеноста на капаците- тот на складиштето и 8. други прашања неопходни за работење на складиштето и функционирање на пазарот. (2) Операторот на складиште на гас правилата од ставот (1) на овој член, ги објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница. ГЛАВА III ПРЕНОС НА ГАС Сопственичко раздвојување на операторот на системот за пренос на гас Член 204 (1) Операторот на системот за пренос на гас во Република Северна Македонија е друш- тво кое: 1. е сопственик на системот за пренос на гас; 2. не е дел од вертикално интегрирано друштво; 3. е носител на лиценца за вршење на енергетската дејност пренос на гас; 4. не врши и е независен од вршењето на други енергетски дејности определени со овој закон и 5. е сертифицирано и назначено за оператор на системот за пренос на гас од страна на Регулаторната комисија за енергетика, во постапка утврдена со овој закон. (2) Со цел да се обезбеди независност на операторот на системот за пренос на гас, исто лице или лица немаат право во исто време: 1. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со друш- тво кое врши некоја од дејностите производство, складирање и/или снабдување со гас и директно или индиректно да управуваат или остваруваат друго право со операторот на системот за пренос на гас; 2. директно или индиректно да учествуваат во управувањето и раководењето со опера- торот на системот за пренос на гас и во исто време директно или индиректно да управува- ат или остваруваат друго право во друштво кое врши некоја од дејностите производство и/или снабдување со гас и 3. да именува членови на органот на надзор и органот на управување на операторот на системот за пренос на гас и во исто време директно или индиректно управуваат или оства- руваат друго право во друштво кое врши некоја од дејностите производство и/или снабду- вање со гас. (3) Ограничувањата од ставот (2) на овој член, особено се однесуваат на: 1. користење на право на глас; 2. избор и именување на членови на органот на надзор и органот на управување на друштвото или 3. поседување на мнозински удел. 220 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Операторот на системот за пренос на гас не може да има лиценци и не може да биде вклучен во вршење на дејностите производство, складирање, организирање и управување со пазарот на гас, дистрибуција, трговија со гас или снабдување со гас. (5) Операторот на системот за пренос на гас и неговите вработени не смеат да ги прене- суваат деловно чувствителните информации кои ги поседуваат на друштва за производ- ство и/или снабдување со гас. (6) Како друштво што врши некоја од дејностите производство или снабдување од ста- вот (2) од овој член, се смета и друштво што врши некоја од дејностите производство или снабдување со електрична енергија. (7) Како оператор на систем од ставот (2) од овој член, се смета и оператор на електроп- реносен систем. Сопственик на операторот на системот за пренос на гас Член 205 (1) Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е сопственик на друштвото коешто е оператор на системот за пренос на гас. (2) Министерството е самостојно при донесување на одлуки за избор на орган на над- зор, односно орган на управување на друштвото од ставот (1) на овој член. (3) Членовите на органот на надзор, односно на органот на управување на операторот на системот за пренос на гас: 1. се самостојни во постапка за донесување на одлуки согласно закон и 2. не смеат да бидат избрани за членови на орган на надзор, односно на орган на упра- вување на друштва коишто вршат производство или снабдување/трговија со гас или друш- тва коишто имаат можност за директно или индиректно влијание врз одлучувањето во тие друштва. Програма за усогласеност Член 206 Операторот на системот за пренос на гас независно од организационата форма, по прет- ходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, донесува програма за усогла- сеност со која се утврдуваат мерките кои треба да се преземат заради оневозможување на дискриминација на корисниците на системот за пренос на гас по кој било основ, се дефи- нираат обврските на вработените во реализацијата на програмата и се утврдува начинот за следење на усогласеноста на работењето на операторот на системот за пренос на гас со об- врските утврдени со овој закон и програмата. Службеник за усогласеност Член 207 (1) Реализацијата на програмата од член 206 од овој закон, ја следи службеник за усог- ласеност. (2) Службеникот за усогласеност од ставот (1) на овој член, е именуван од органот за надзор на операторот на системот за пренос на гас, по претходно одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика. (3) Регулаторната комисија за енергетика нема да го одобри именувањето на службени- кот за усогласеност поради непостоење на независност или стручност. 221 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Органот за надзор може да го разреши службеникот за усогласеност по претходно одобрение од Регулаторната комисија за енергетика. По барање на Регулаторната комиси- ја за енергетика, органот за надзор го разрешува службеникот за усогласеност заради не- исполнување на условите за независност или стручност. (5) Регулаторната комисија за енергетика ги одобрува условите со кои се уредува ман- датот или условите за вработување на службеникот за усогласеност, вклучувајќи го и вре- метраењето на неговиот мандат или вработување, со цел да се обезбедат независноста, ка- ко и сите потребни услови за остварување на неговите овластувања и извршување на него- вите должности. (6) За време на својот мандат, службеникот за усогласеност не може да извршува друга професионална дејност, ниту да има интерес или деловен однос, директно или индирек- тно, со друштво од енергетскиот сектор или со неговите содружници или акционери. (7) Операторот на системот за пренос на гас е должен на службеникот за усогласеност да му ги даде на увид сите податоци и информации потребни за остварување на неговите овластувања и по негово барање да му овозможи пристап до сите простории во кои опера- торот ја врши својата дејност. (8) Службеникот за усогласеност е должен да: 1. го следи спроведувањето на програмата за усогласеност и да изработи и достави до Регулаторната комисија за енергетика годишен извештај за преземените мерки за нејзино спроведување; 2. доставува извештаи до органот за надзор и да дава препораки во однос на програмата за усогласеност и нејзината реализација и 3. ја известува Регулаторната комисија за енергетика за значителни прекршувања во спроведувањето на програмата за усогласеност. (9) Службеникот за усогласеност ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика предложениот инвестициски план или предложените одлуки за поединечни инвестиции во системот за пренос на гас. Одлуките се доставуваат и до органот за надзор односно орга- нот на управување заради информирање односно одлучување. (10) Органот на управување, органот за надзор и раководните лица на операторот на системот за пренос на гас се должни да го повикаат службеникот за усогласеност да при- суствува на сите закажани состаноци и да му ги достават сите потребни материјали, а осо- бено кога се одлучува за: 1. условите поврзани со услугите за пристап и користење на системот за пренос на гас, а особено во однос на надоместоците за користење, доделувањето на преносниот капаци- тет и управувањето со загушувањата; 2. проекти поврзани со управувањето, одржувањето и развојот на системот за пренос на гас, вклучувајќи ги и инвестициите во приклучоците и во интерконективните капацитети и 3. набавка или продажба на гас неопходен за функционирање на системот за пренос на гас, вклучувајќи ги и системските услуги за балансирање. Сертификација на операторот на системот за пренос на гас Член 208 (1) Вршителот на дејноста пренос на гас мора да биде сертифициран како оператор на системот за пренос на гас на начин, во постапка и во рок утврдени со овој закон. (2) Постапката за сертификација на операторот на системот за пренос на гас се спрове- дува: 222 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. на барање на операторот на системот за пренос на гас на кого му е издадена лиценца за дејноста пренос на гас, или 2. по службена должност од страна на Регулаторната комисија за енергетика во случај: 2.1. кога операторот на системот за пренос на гас нема поднесено барање за сертифика- ција, или 2.2. кога настанала или може да настане повреда на одредбите за сопственичко раздво- јување пропишани со овој закон или 3. на доставено образложено барање од Секретаријатот на Енергетската заедница. (3) Операторот на системот за пренос на гас е должен: 1. ако не е сертифициран, да достави барање за сертификација придружено со докумен- ти пропишани со правилата за сертификација што ги донесува Регулаторната комисија за енергетика и 2. да ја извести Регулаторната комисија за енергетика за сите планирани активности по- ради кои би требало да се спроведе ревизија на сертификацијата. (4) Во рок од четири месеци од денот на доставување на барањето за сертификација од страна на операторот на системот за пренос на гас или од денот на доставување на об- разложеното барање од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница од став (2) точка 3 на овој член, Регулаторната комисија за енергетика донесува предлог одлука за сертификација на операторот на системот за пренос на гас и веднаш ја доставува до Сек- ретаријатот на Енергетската заедница заедно со сите информации поврзани со предлог од- луката. (5) Во рок од 60 дена од денот на приемот на мислењето од Секретаријатот на Енергет- ската заедница, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука по барањето за сертификација. Регулаторната комисија за енергетика го зема предвид мислењето на Сек- ретаријатот на Енергетската заедница и ги објавува причините за можните отстапки од мислењето. (6) Регулаторната комисија за енергетика ја објавува одлуката од ставот (5) на овој член, во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница, на која го објавува и мислењето издадено од Секретаријатот на Енергетската заедница. (7) Регулаторната комисија за енергетика води службена евиденција за комуникацијата остварена со Секретаријатот на Енергетската заедница во врска со постапката за сертифи- кација на операторот на системот за пренос на гас. Службената евиденција се става на увид на операторот на системот за пренос на гас кој бара сертификација, како и на за- сегнатите институции од јавниот сектор. Регулаторната комисија за енергетика е должна да ги чува деловно чувствителните податоци како доверливи. (8) Операторот на системот за пренос на гас, операторите на системите за дистрибуција и снабдувачите или трговците со гас, во текот на постапката за сертификација на барање на Регулаторната комисија за енергетика и/или Секретаријатот на Енергетската заедница, се должни веднаш да ги достават сите потребни податоци и информации. (9) По спроведувањето на постапката за сертификација, Регулаторната комисија за енергетика на операторот на системот за пренос на гас му издава сертификат со кој се наз- начува за оператор на системот за пренос на гас и се потврдува дека ги исполнува услови- те во поглед на сопственичкото раздвојување и независноста како и условите во поглед на финансиско-материјалната способност и техничката и кадровската оспособеност, како и другите услови пропишани со овој закон. 223 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Постапка за сертификација на лица од трети држави Член 209 (1) По барање од операторот или сопственикот на системот за пренос на гас, Регулатор- ната комисија за енергетика спроведува постапка за сертификација на операторот на сис- темот за пренос на гас којшто е под контрола од лице или група лица од трета држава или трети држави. (2) Операторот или сопственикот од ставот (1) на овој член, е должен веднаш да ја из- вести Регулаторната комисија за енергетика за околностите коишто можат да доведат до преземање на контрола врз него од страна на лице или група лица од трета држава или трети држави. (3) Регулаторната комисија за енергетика е должна за барањето за сертификација од ставот (1) на овој член и известувањето од ставот (2) на овој член, како и за последиците од преземањето на операторот на системот за пренос на гас, веднаш да ги извести Минис- терството и Секретаријатот на Енергетската заедница. (4) Министерството, во рок од два месеци од приемот на известувањето од ставот (3) на овој член, изготвува мислење во кое е содржана проценка дали издавањето на сертифика- тот може да ја загрози сигурноста во снабдувањето во Република Северна Македонија и/или сигурноста на снабдувањето на договорна страна на Енергетската заедница или држава членка на Европската Унија, особено земајќи ги предвид: 1. правата и обврските на Енергетската заедница во однос на државата или државите од ставот (1) на овој член кои настанале на основа на меѓународното право и ратификуваните меѓународни договори во однос на сигурност во снабдувањето, вклучувајќи и други дого- вори што се однесуваат на сигурност во снабдувањето склучени со една или повеќе трети држави во кои Енергетската заедница е договорна страна, 2. правата и обврските на Република Северна Македонија кон државата или државите од ставот (1) на овој член коишто настанале врз основа на ратификуваните меѓународни договори со таа држава или држави до степен во кој тие договори се во согласност со за- конодавството на Енергетската заедница и 3. други специфични околности. (5) Регулаторната комисија за енергетика, во рок од четири месеци од денот на приемот на барањето од ставот (1) на овој член, изготвува предлог-одлука за сертификација, однос- но одбивање на барањето за сертификација. (6) Регулаторната комисија за енергетика го одбива барањето за сертификација од ста- вот (1) од овој член, ако: 1. операторот на системот за пренос на гас не докаже дека ги исполнува условите про- пишани во членот 204 од овој закон или 2. издавањето на сертификатот ја загрозува сигурноста на снабдувањето на Република Северна Македонија и/или сигурноста на снабдувањето на договорна страна или држава членка на Енергетската заедница. (7) Регулаторната комисија за енергетика е должна веднаш да ја достави до Секретари- јатот на Енергетската заедница предлог-одлуката од ставот (5) на овој член, заедно со придружната документација врз основа на која е донесена одлуката, заради добивање на мислење. (8) Регулаторната комисија за енергетика, во рок од 60 дена од денот на приемот на мислењето, односно истекувањето на рокот за доставување на мислењето на Секретарија- тот на Енергетската заедница, донесува одлука за сертификација, односно одбивање на ба- рањето за сертификација. 224 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (9) При донесувањето на одлуката од ставот (8) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика е должна целосно да го земе предвид мислењето на Министерството и мисле- њето на Секретаријатот на Енергетската заедница. (10) Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и мислењето на Секретаријатот на Енергетската заедница се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Маке- донија“. (11) Ако одлуката на Регулаторната комисија за енергетика не е во согласност со мис- лењето на Секретаријатот на Енергетската заедница, со одлуката се објавува и образложе- ние. Ревизија на сертификацијата Член 210 (1) Регулаторната комисија за енергетика започнува постапка за ревизија на сертифика- цијата ако при вршење на надзор врз работењето на операторот на системот за пренос на гас, или ако била известена од операторот, или од службеникот за усогласеност од чле- нот 207 од овој закон или на друг начин дошла до сознанија дека настанала или се плани- ра настанување на промена во сопственичката структура на операторот, или друга проме- на којашто може да влијае врз исполнувањето на обврските утврдени во членовите 204, 205 и 211 од овој закон. (2) Постапката од ставот (1) на овој член, Регулаторната комисија за енергетика ја за- почнува и по барање од Секретаријатот на Енергетската заедница. (3) Регулаторната комисија за енергетика доставува до операторот на системот за пре- нос на гас известување за започнување на постапката за ревизија на сертификацијата со кое го задолжува да ја обезбеди потребната документација, податоците и информациите од коишто може да се утврди планираната или настанатата промена, како и рокот за нивно доставување којшто не може да биде покус од 15 дена. (4) Во рок од 60 дена од денот на приемот на бараните податоци, информации и доку- ментација, Регулаторната комисија за енергетика изготвува предлог одлука за издавање на нов или одземање на постојниот сертификат и ја доставува на мислење до Секретаријатот на Енергетската заедница. (5) Во рок од 60 дена од денот на приемот на мислењето од Секретаријатот на Енергет- ската заедница, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за издавање на нов или одземање на постојниот сертификат и ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница. При донесување на одлуката, Регулатор- ната комисија за енергетика го зема предвид мислењето на Секретаријатот на Енергетска- та заедница и на својата веб - страница ги објавува причините за можните отстапки од мислењето. Права и обврски на оператор на системот за пренос на гас Член 211 (1) Операторот на системот за пренос на гас ја одржува, надградува и проширува пре- носната мрежа за гас, управува со системот за пренос на гас и обезбедува поврзување со други системи, вклучувајќи и системи за пренос на гас на други држави. (2) Операторот на системот за пренос на гас е должен во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон: 225 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. да придонесе за сигурност во снабдувањето со гас, преку обезбедување на сигурен, безбеден, економски исплатлив и квалитетен пренос и испорака на гас преку системот за пренос; 2. да обезбеди доверливо и сигурно функционирање на системот за пренос на гас и унапредување на оперативноста; 3. во секое време да има на располагање материјални, технички и човечки ресурси, како и финансиски средства потребни за исполнување на своите обврски во однос на развојот, надградувањето и одржувањето на системот за пренос на гас; 4. да им ги обезбеди сите информации потребни за пристап и користење на системот за пренос на гас и да им обезбеди пристап на корисниците на системот за пренос на гас; 5. согласно мрежните правила за пренос на гас да ги приклучи на системот за пренос на гас системите за дистрибуција на гас, производителите на биометан и водород и складиш- тата за гас, а другите корисници да ги приклучи на системот за пренос на гас ако тоа е еко- номски оправдано; 6. да ги објави на својата веб-страница тарифите за пренос, претходно одобрени од Ре- гулаторната комисија за енергетика; 7. да гради нови и да надградува постојните преносни мрежи во Република Северна Ма- кедонија; 8. да гради нови и да ги надградува постојните интерконективни капацитети со сосед- ните држави, водејќи сметка за ефикасно искористување на постојните интерконективни капацитети и рамнотежа помеѓу инвестициските трошоци и придобивките за потрошува- чите; 9. да ги обезбеди прекуграничните текови на гас преку својата мрежа за пренос во рам- ките на расположливиот преносен капацитет; 10. да изработи годишен план за одржување на системот за пренос и по неговото одоб- рување од страна на Регулаторната комисија за енергетика да го објави на својата веб- страница; 11. да изработи конечен дневен распоред за пренос и оптоварување на системот за пре- нос на гас и да ги евидентира и чува податоците добиени во процесот на изработка на ко- нечниот дневен распоред; 12. да обезбеди дневно диспечирање и управување во реално време со текот на гас во- дејќи сметка за внатрешните и прекуграничните трансакции преку системот за пренос на гас, врз основа на конечниот дневен распоред; 13. да обезбеди синхронизирана работа на системот за пренос на гас со системите за пренос со кои е директно поврзан, како и да соработува и разменува податоци со операто- рите на други системи за пренос на гас; 14. да објавува податоци и навремено да обезбеди информации од операторите на со- седните системи за пренос на гас за расположливите преносни капацитети на интерконек- тивните водови или транснационалните гасоводи, заради обезбедување на ефикасен, не- дискриминаторен, објективен и транспарентен пристап и користење на системот за пренос на гас; 15. да обезбеди инсталирање и одржување на мерни уреди и да го мери текот на гас на сите мерни места во точките за прием и испорака во системот за пренос и да ги достави податоците од мерењата до корисници на системот и до операторот на пазарот на гас; 16. да им обезбеди пристап на корисниците на системот за пренос на гас за отчитување на мерните уреди што се во негова сопственост; 17. да набави системски услуги за балансирање на системот за пренос на гас, согласно правилата за балансирање на системот за пренос на гас; 226 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 18. да воспостави и води регистар на даватели на услуги за балансирање и регистар на балансно одговорни страни; 19. да изготви правила за набавка на гас за покривање на загубите и за сопствените пот- реби во системот за пренос на гас и да ги достави до Регулаторната комисија за енергети- ка за одобрување; 20. да набави гас за покривање на загубите и сопствените потреби во системот за пре- нос на гас со цел да обезбеди сигурно и доверливо функционирање на системот за пренос на гас по пазарни услови на транспарентен, недискриминаторен и конкурентен начин; 21. да ги решава преоптоварувањата во преносната мрежа за гас, во согласност со мрежните правила за пренос на гас; 22. да обезбеди балансирање на системот за пренос на гас и порамнување на отстапува- њата и услугите за балансирање, во однос на давателите и корисниците на услугите за ба- лансирање, како и да ги обезбеди пресметувањето, фактурирањето и наплатата на услуги- те за балансирање; 23. да води евиденција и распоред на физичките трансакции и да ги утврди потребните измени во распоредот на диспечирање на гас во случај на загрозување во снабдувањето со гас, хаварии или поголеми отстапувања на потрошувачката на гас од утврдените количини во рамките на техничките можности на системот за пренос на гас, при што трошоците за набавка на гасот, со примена на балансниот механизам, се надоместуваат од учесниците на пазарот на гас коишто предизвикале отстапување; 24. да им обезбеди доверливост на деловните податоци на корисниците на системот за пренос на гас; 25. да учествува во работата на регионалните и меѓународните организации и 26. навремено да им обезбеди информации на операторите на преносните и дистрибу- тивните системи на гас со кои е поврзан со цел сигурно и ефикасно функционирање на системите и интерконективните водови. (3) Операторот на системот за пренос на гас на учесниците на пазарот на гас им го ста- ва на располагање, на сите влезни и излезни точки, севкупниот капацитет на системот во- дејќи притоа сметка за интегритетот на системот и ефикасното функционирање на мре- жата. (4) Операторот на системот за пренос на гас е должен да води диспечерска книга, запи- си за доверливоста на системот за пренос, податоци од системот за надзор и управување и мерни податоци и книгите, записите и податоците да ги чува најмалку 10 години. (5) Операторот на системот за пренос на гас е должен на начин утврден со мрежните правила за пренос на гас да води евиденција за работењето на системот за пренос и за тоа да ја известува Регулаторната комисија за енергетика, по нејзино барање. (6) Операторот на системот за пренос на гас може привремено да ја прекине испораката на гас од преносната мрежа со која управува при вршење на планирани прегледи, испиту- вања, контролни мерења, поправки, одржување, реконструкции и проширувања на објек- тите, уредите и инсталациите, приклучување на нови корисници, како и во случај на пот- реба од спречување на ризици од нарушување во системот за пренос на гас. Начинот, по- стапката и известувањата за ваквите прекини, операторот на системот за пренос ги врши во согласност со мрежните правила за пренос на гас. (7) Операторот на системот за пренос на гас заради надзор, контрола и одржување има право на пристап до инсталациите и мерно-регулационите станици коишто се составен дел на преносната мрежа со која управува, а кои се наоѓаат на имотите на потрошувачите, на начин и под услови утврдени во мрежните правила за пренос на гас. 227 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Координирано управување со системот за пренос на гас Член 212 (1) Операторот на систем за пренос на гас соработува со операторите на другите систе- ми за пренос на гас на договорните страни на Енергетската заедница и државите членки на Европската Унија, со цел да: 1. обезбеди сигурно работење на систем за пренос на гас на Република Северна Маке- донија и снабдување со гас на потрошувачите; 2. придонесе кон оптимизирано управување, усогласено работење и стабилен технички развој на Европската мрежа за пренос на гас и 3. воспостави, одржува и зајакнува меѓузонска трговија со гас. (2) Операторот на систем за пренос на гас го координира управувањето со системот и доделувањето на прекуграничните преносни капацитети со операторите на системите за пренос на гас од ставот (1) на овој член, опфатени со територијалните структури за регио- нална соработка коишто се воспоставени со ратификуваните меѓународни договори. Планирање на развој Член 213 (1)Операторот на системот за пренос на гас е должен на секои две години да подготви план за развој на системот за пренос на гас за период од следните 10 години. Содржината на планот се уредува со мрежните правила за пренос на гас и во него се содржани сите не- опходни информации за проширувањето и надградбата на системот за пренос на гас вклу- чувајќи ги и приоритетите за изградба на нови интерконективни водови усогласени со операторите на системите за пренос на гас во регионот. (2) Операторот на системот за пренос на гас до 1 октомври во годината во која се усво- јува планот од ставот (1) на овој член е должен да го достави до Министерството, кое во рок од 20 дена од денот на приемот на планот ја проверува неговата усогласеноста со Ин- тегрираниот национален план за енергија и клима и на операторот му доставува образло- жено писмено мислење. (3) По добиеното мислење од ставот (2) на овој член, операторот на системот за пренос на гас, до 31 октомври го доставува усогласениот план на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика и по одобрување од страна на Регулаторната комисија за енерге- тика, го објавува на својата веб - страница. (4) Операторот на системот за пренос на гас подготвува и најдоцна до 31 октомври се- која година доставува до Министерството и до Регулаторната комисија за енергетика ед- ногодишни, петгодишни и десетгодишни прогнози за побарувачката на гас во Република Северна Македонија. Неисполнување на инвестициите содржани во планот за развој на системот за пренос на гас Член 214 (1) Регулаторната комисија за енергетика ја следи и оценува реализацијата на планот од член 215 од овој закон и ако утврди дека операторот на системот за пренос на гас, во рок од три години, не успеал да ги реализира инвестициите предвидени во планот, кои се дел и од тековниот план, освен во случај на виша сила, Регулаторната комисија за енергетика, презема најмалку една од следните мерки: 228 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. донесува одлука со која му наложува на операторот на системот за пренос на гас са- мостојно да ги реализира инвестициите или 2. донесува одлука со која му наложува на операторот на системот за пренос на гас да организира тендерска постапка за избор на инвеститор кој ќе ги реализира инвестициите. (2) Ако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да се организира тендер- ска постапка согласно ставот (1) точка 2 на овој член, го задолжува операторот на систе- мот за пренос на гас да преземе една или повеќе од следните мерки: 1. финансирање на инвестицијата од страна на трето лице; 2. изградба и реализација на инвестицијата од страна на трето лице; 3. самостојна изградба на новата инфраструктура и 4. самостојно управување и користење на новата инфраструктура. (3) Во случаите од ставот (2) на овој член, операторот на системот за пренос на гас е должен да му ги обезбеди на инвеститорот сите информации потребни за реализација на инвестицијата, како и презема соодветни мерки заради олеснување на реализацијата на инвестицискиот проект и приклучување на новоизградената инфраструктура на мрежа за пренос на гас. (4) Регулаторната комисија за енергетика ги одобрува финансиските аспекти за реали- зација на инвестициите во случаите од ставот (3) на овој член. (5) Ако Регулаторната комисија за енергетика преземе некоја од мерките од ставот (1) на овој член, трошоците на инвестицијата се надоместуваат преку тарифата за пренос гас. План за инвестирање во системот за пренос на гас Член 215 (1) За секој регулиран период одреден согласно член 61 став (8) од овој закон, операто- рот на системот за пренос на гас изготвува и доставува за одобрување до Регулаторната комисија за енергетика планови за инвестирање во системот за пренос, во кои особено треба да биде прикажано очекуваното зголемување на ефикасноста на работата на систе- мот како резултат на предвидените инвестиции. (2) Регулаторната комисија за енергетика обезбедува трошоците за реализација на ин- вестициите од ставот (1) на овој член, да се надоместуваат преку тарифата за пренос на гас. Договори за пренос за гас Член 216 (1) Операторот на системот за пренос на гас е должен: 1. да обезбеди услуги за пристап на постојан или прекинлив капацитет на трета страна и да обезбеди цената за капацитетот што подлежи на прекини да ја одразува веројатноста за прекини и 2. да им понуди на корисниците на системот долгорочни и краткорочни услуги. (2) Операторот на системот за пренос на гас е должен на корисниците на системот да им нуди услуги за пренос на гас со примена на еднакви договорни услови, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и објавени на неговата веб-страницата. (3) Тарифите коишто операторот на системот за пренос на гас ги применува за догово- ри за пренос со нестандардни датуми на почнување на преносот или пократко времетрае- ње од стандардните годишни договори за пренос на гас се утврдуваат согласно тарифниот систем за пренос на гас, со примена на начелата утврдени во член 61 став (6) од овој за- кон. 229 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Операторот на системот за пренос на гас одобрува пристап на трета страна ако бара- телот на пристапот обезбеди гаранции за плаќањето на услугата, што се определуваат врз основа на начелата на недискриминација, транспарентност и сразмерност и не претставу- ваат пречка за влез на пазарот на гас. Тргување со правата на капацитети Член 217 (1) Операторот на системот за пренос на гас, во согласност со мрежните правила за пре- нос за гас, правилата за пазар на гас и правилата за доделување на прекугранични пренос- ни капацитети, утврдува транспарентни и недискриминаторни постапки и услови во дого- ворите за тргување со кои на корисниците на системот им се овозможува неискористениот капацитет за пренос на гас што го закупиле на примарниот пазар да го продадат на секун- дарниот пазар на капацитет, како и начинот на известување и признавање на правото на капацитет набавено на секундарниот пазар по претходно известување од корисникот на системот. (2) Операторот на системот за пренос на гас е должен, по претходно одобрување од Ре- гулаторната комисија за енергетика, да ги објави на својата веб-страница постапките и ус- ловите од договорите од ставот (1) на овој член за тргување со капацитети на примарниот и секундарниот пазар. Надоместоци за пристап на системот за пренос на гас Член 218 (1) Надоместоците што операторот на системот за пренос на гас ги наплаќа за пристап до системот за пренос на гас се утврдуваат врз основа на тарифите одобрени од Регулатор- ната комисија за енергетика. (2) Операторот на системот за пренос на гас е должен при утврдувањето на надоместо- ците од ставот (1) на овој член, да овозможи надоместоците да: 1. обезбедат одржување и подобрување на интегритетот на системот за пренос на гас; 2. ги одразуваат реално направените трошоци за пристап, ако таквите трошоци се тран- спарентни; 3. се применуваат на недискриминаторен начин; 4. вклучат соодветен поврат на инвестициите во системот за пренос на гас; 5. не ја ограничуваат ликвидноста на пазарот на гас; 6. не ја нарушуваат прекуграничната трговија помеѓу системите за пренос на гас и 7. не се пресметуваат врз основа на должината и времетраењето на транспортот на га- сот. (3) Во согласност со тарифните системи од членот 62 од овој закон, Регулаторната ко- мисија за енергетика може да одлучи при утврдување на тарифите да се користат пазарни механизми како што се аукциите, под услов претходно да ги одобри тие механизми и при- ходите кои произлегуваат од нив. (4) Надоместоците за секоја влезна или излезна точка на системот за пренос на гас кои операторот им ги наплаќа на корисниците на системот за пренос на гас се определуваат во согласност со механизмите и методологиите за утврдување и распределба на трошоците во однос на влезните и излезните точки, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и се применуваат на недискриминаторен начин. 230 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Ако разликите во тарифите или во механизмите за балансирање утврдени од опера- торите на системите за пренос на гас во регионот ја попречуваат трговијата на гас во реги- онот, операторот на системот за пренос на гас во соработка со Регулаторната комисија за енергетика ќе побара од Секретаријатот на Енергетската заедница преземање на мерки за соодветно усогласување на тарифите и механизмите за балансирање на регионално ниво. (6) Операторот на системот за пренос на гас им го фактурира надоместокот за користе- ње на системот за пренос на гас на: 1. потрошувачите коишто набавуваат гас на пазарот на гас и 2. снабдувачите или трговците коишто им обезбедуваат гас на потрошувачите и опера- торите на системите за дистрибуција на гас. Мрежни правила за пренос на гас Член 219 (1) Операторот на системот за пренос на гас е должен, по претходно одобрување од Ре- гулаторната комисија за енергетика, да ги донесе и да ги објави во „Службен весник на Ре- публика Северна Македонија“ и на својата веб- страница мрежните правила за пренос на гас. (2) Мрежните правила за пренос на гас особено ги уредуваат: 1. техничките и другите услови за сигурно и безбедно функционирање на системот за пренос на гас; 2. техничко-технолошките услови и начинот за приклучување на објектите, уредите и постројките на системот за пренос на гас; 3. постапката за давање на согласност на корисниците за приклучување на преносната мрежа, како и соработката и обврските на операторот на системот за пренос; 4.методологијата за определување на надоместокот за приклучување на преносната мрежа; 5. условите и начинот на пристап на трета страна на системот за пренос, како и начин на определување на гаранциите за плаќање на услугите за пренос на гас; 6. начинот на усогласување со корисниците на системот за пренос на гас во случаи на планирани прекини; 7. содржината на плановите за развој и одржување на системот за пренос, како и начи- нот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат неопходните пода- тоци за изготвување на тие планови; 8. начинот и постапката за прогнозирање на потребите од гас, како и обврските на ко- рисниците на системот за пренос на гас во поглед на доставувањето на неопходните пода- тоци потребни за изготвување на прогнозите за потребите од гас; 9. мерките, активностите и постапките во случај на нарушувања и хаварии; 10. функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на количините на гасот; 11. техничките критериумите за обезбедување на системски услуги; 12. начинот и постапката за објавување и доделување на расположливиот преносен ка- пацитет и управувањето со преоптоварувањата во системот за пренос на гас; 13. начинот и постапката за пристап до инсталациите и мерно-регулационите станици што се составен дел на системот за пренос, а се во сопственост на потрошувачите или ко- рисниците; 14. квалитетот на услугите што операторот на системот за пренос на гас ги обезбедува на корисниците; 15. работата на системите за оперативно управување; 231 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 16. начинот на објавување на информациите коишто согласно со одредбите од овој за- кон е должен да ги објавува; 17. начинот и постапката за обезбедување на информации за корисниците на системот и 18. начинот на соработка со операторите на системите за пренос на гас со кои е пов- рзан, како и со операторите на дистрибутивните системи приклучени на системот за пре- нос на гас. (3) Мрежните правила за пренос на гас содржат и технички спецификации на системот за пренос на гас. Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети Член 220 (1) Операторот на системот за пренос на гас, по претходно одобрување од Регулаторна- та комисија за енергетика, ги донесува правилата за доделување на преносни капацитети за гас и ги објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница. (2) Правилата од ставот (1) на овој член, се: 1. пазарно ориентирани и се применуваат на транспарентен и недискриминаторен на- чин во однос на корисниците на системот; 2. усогласени со правилата за пазар и се способни да се прилагодат на промените на па- зарот и 3. во согласност со техничките спецификации на системот за пренос на гас во Републи- ка Северна Македонија и системот за пренос на гас на договорните страни на Енергетска- та заедница и државите членки на Европската Унија. (3) Со правилата од ставот (1) од овој член, се поставуваат механизмите за распределба на капацитетот во преносните системи за гас за постоечки и проширени капацитети. До- полнително се утврдува начинот на соработка на соседните оператори на преносните сис- теми за гас со цел олеснување на продажбата на капацитетот, земајќи ги предвид општите трговски и технички правила во врска со механизмите за распределба на капацитетот. (4) Со правилата од ставот (1) на овој член, се уредува: 1. подрачјето на примена кај системите за пренос на природен гас; 2. начинот на соработка на соседните оператори на системот за пренос на природен гас со цел: координирање на одржувањето, стандардизирање на меѓусебната комуникација, пресметување и максимизирање на капацитетите и меѓусебна размена на податоците; 3. методологијата за распоредување на капацитетите на интерконекциските точки, стан- дардните капацитетни производи кои ги нудат операторите на системот за пренос на при- роден гас, единиците мерки за капацитет, годишните аукции за годишни капацитети и го- дишните аукции за тримесечни капацитети, периодичните аукции на месечни капацитети и капацитети за нареден ден, аукции за капацитети во тековен ден, аукциските алгоритми со сукцесивен пораст на цените и аукциски алгоритам за единствена цена; 4. усогласувањето на главните одредби и услови на производите на споениот капацитет од страна на операторите на системот за пренос на природен гас, како и спојувањето на капацитетите на корисниците на мрежата кои поседуваат постоечки договори за пренос на раздвоени капацитети; 5. барањата за исполнување на економските тестови и постапките за проширување на капацитетите со нивна примена како и можноста за нивно спојување; 232 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 6. проценка на пазарните потреби за проширување на капацитетите, фаза на нивно про- ектирање, објавување и одобрување од страна на Регулаторната комисија за енергетика, како и ставање на проширените капацитети на аукција и алтернативните механизми за нивна прераспределба; 7. прекинлив капацитет и начинот на неговата распределба, минимални рокови за наја- ва на прекинот, координирање на процесот на прекин, дефинирање на редоследот и при- чините за прекин; 8. платформите за резервирање на капацитетите кои се нудат од страна на операторите на системот за пренос на природен гас. (5) Операторот на системот за пренос на гас ги доставува правилата од ставот (1) на овој член до Секретаријатот на Енергетската заедница со цел следење на обврските за ис- полнетоста на правилата. Комуникација со корисници Член 221 (1) Заради обезбедување на транспарентност, објективност и недискриминација во при- мена на тарифите, како и ефикасно користење на системот за гас од страна на корисни- ците, операторот на системот за пренос на гас е должен постојано да ја ажурира својата веб-страница и да објавува детални информации со кои располага, а кои се однесуваат на: 1. услугите, како и условите под кои се обезбедува ефикасен пристап на трета страна на системот, вклучително и техничките информации потребни за обезбедување на пристапот; 2. техничките, договорените и расположливите капацитети за сите релевантни точки на нумеричка основа, вклучувајќи ги влезните и излезните точки, на редовна и постојана ос- нова, на стандардизиран начин лесен за користење; 3. пропишаниот квалитет на гасот; 4. методологијата за формирање и структурата на тарифите, како и отстапувањето од тарифите; 5. понудата и побарувачката пред и по реализираните трансакции, врз основа на номи- нации, предвидувања и реализирани текови на гас, во и надвор од системот за пренос на гас и 6. преземените мерки, како и направените трошоци и приходи за балансирање на систе- мот за пренос на гас. (2) Регулаторната комисија за енергетика, по консултации со корисниците на системот, ги одобрува информациите од ставот (1) точка 2 на овој член, коишто ги објавува операто- рот на системот за пренос на гас. (3) Регулаторната комисија за енергетика обезбедува информациите од ставот (1) на овој член, да бидат достапни навремено и без надоместок. Мерење на количините на гас Член 222 (1) Операторот на системот за пренос на гас е должен да ги мери количините на гас што ги презема и испорачува на корисниците на системот со кој управува, со мерни уреди и целата пропратна опрема во функција на мерењето, во согласност со овој закон и мреж- ните правила за пренос на гас. (2) Мерните уреди и целата пропратна опрема во функција на мерењето од ставот (1) на овој член, се во сопственост на операторот на системот за пренос на гас, а доколку се во сопственост на потрошувачот, потрошувачот е должен да ги даде на користење на операторот на системот за пренос на гас. 233 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Локацијата на мерните уреди и целата пропратна опрема во функција на мерењето ја утврдува операторот на системот за пренос на гас во зависност од техничките можности на локацијата, која може да биде во или надвор од границите на имотот на корисникот на системот. (4) Ако мерниот уред се наоѓа на имотот од корисникот на системот, корисникот е дол- жен да му овозможи на овластеното лице на операторот на системот за пренос на гас пра- во на пристап во секое време до секој дел од неговиот имот или објект каде што се наоѓа мерниот уред, заради: 1.читање на мерните уреди; 2.контрола, вградување, надзор, замена или одржување на опремата на мерното место; 3.исклучување на корисникот од системот кога постапува спротивно на условите за ко- ристење на системот за пренос на гас пропишани во мрежните правила за пренос на гас и 4.исклучување на потрошувачот, на барање на снабдувачот, во согласност со одредбите од правилата за снабдување со гас. (5) Операторот на системот за пренос на гас е должен да ги достави собраните и обра- ботените податоци од мерните места до: 1.операторот на пазарот на гас; 2.корисниците на системот за пренос на гас кои учествуваат на пазарот на услуги за ба- лансирање, за потребите за балансирање; 3. производителите на гас и операторите на складишта на гас приклучени на преносни- от систем, за нивните мерни места и 4.потрошувачите на гас за нивната потрошувачка, по нивно барање без одлагање и на- доместоци, во лесно разбирлива и споредлива форма. ГЛАВА IV ДИСТРИБУЦИЈА НА ГАС Оператор на системот за дистрибуција на гас Член 223 (1) Операторот на системот за дистрибуција на гас за определено подрачје на територи- јата на Република Северна Македонија во кое врши дистрибуција на гас, го одржува, а ко- га е економски исплатливо го надградува и проширува системот за дистрибуција со кој управува и го поврзува со системот за пренос на гас. (2) Операторот на системот за дистрибуција на гас во согласност со овој закон и пропи- сите и правилата донесени врз основа на овој закон, е должен: 1. да обезбеди сигурно, доверливо, економски исплатливо и безбедно функционирање на системот за дистрибуција на гас со кој управува; 2. да обезбеди сигурна, безбедна и квалитетна испорака на гас преку системот за дис- трибуција на гас со кој управува на недискриминаторен и транспарентен начин, и во сог- ласност со пропишаниот квалитет; 3. согласно мрежните правила за дистрибуција на гас да ги приклучи на системот за дистрибуција на гас производителите на биометан и водород и складиштата за гас, а дру- гите корисници да ги приклучи на системот за дистрибуција на гас ако е тоа економски оправдано; 4. да овозможи пристап на трета страна за користење на системот за дистрибуција на гас; 234 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 5. навремено да обезбеди информации до другите оператори на системи за дистрибуци- ја на гас, како и операторот на системот за пренос на гас; 6. на корисниците на системот за дистрибуција на гас навремено да им ги обезбеди ин- формациите кои се потребни за ефикасен пристап до системот; 7. да им овозможи на снабдувачите електронски пристап до листата на потрошувачи која не ги вклучува домаќинствата, како и нивната потрошувачка за последните 12 ме- сеци; 8. на својата веб-страница да објави листа со надоместоци за секоја категорија на пот- рошувачи, која претходно е одобрена од Регулаторната комисија за енергетика; 9. да го развива, надградува и одржува системот за дистрибуција на гас со кој управува и да обезбеди долгорочна способност на системот за задоволување на оправданите барања за дистрибуција на гас; 10. да го усогласи работењето на системот за дистрибуција на гас со работењето на сис- темот за пренос на гас; 11. да подготви план за одржување на дистрибутивната мрежа, и по неговото одобрува- ње од Регулаторната комисија за енергетика, да го усвои и да го објави на својата веб- страница; 12. да набави системски услуги и гас за покривање на загубите во дистрибутивната мрежа по пазарни услови на транспарентен, недискриминаторен и конкурентен начин, во согласност со правилата за набавка на гас; 13. да ги мери количините на гас преземени од системот за пренос на гас, а кои се испо- рачани до потрошувачите и да ги достави податоците од мерењата до снабдувачите или трговците со гас, операторот на системот за пренос на гас, операторот на пазар на гас и во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон до секоја друга страна што може да ги побара; 14. да овозможи пристап на корисниците до мерните уреди во сопственост на операто- рот на системот за дистрибуција на гас во согласност со овој закон и мрежните правила за дистрибуција на гас; 15. да води диспечерска книга, записи за доверливоста на системите за комуникација, податоци од системот за надзор и управување, мерни податоци и таквите податоци да ги чува во период од најмалку 10 години; 16. да обезбеди доверливост на деловните податоци на корисниците на системот за дис- трибуција и да спречи дискриминаторен начин на откривање на информациите за своите активности со кои може да се оствари комерцијална предност за поврзаните друштва и 17. да не ги злоупотребува доверливите информации добиени од трета страна во однос на обезбедување на пристап до системот за дистрибуција на гас. (3) Надоместокот за користењето на системот за дистрибуција на гас го плаќаат потро- шувачите приклучени на системот за дистрибуција на гас. Операторот на системот за дис- трибуција на гас им го фактурира на потрошувачите приклучени на неговиот систем надо- местокот за користење на системот, а може да им го фактурира и надоместокот за корис- тење на системот за пренос на гас согласно објавените тарифи. (4) Операторот на системот за дистрибуција на гас може да склучува договори со снаб- дувачите или трговците на гас кои може да ги овласти да ги наплатуваат надоместоците од ставот (3) на овој член, од потрошувачите на гас приклучени на системот за дистрибуција на гас. (5) Операторот на системот за дистрибуција на гас е должен да изготви и да ги достави на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика правилата за набавка на гас од ставот (2) точка 12 на овој член. 235 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (6) Операторот на системот за дистрибуција на гас може привремено да ја прекине ис- пораката на гас од дистрибутивната мрежа со која управува при вршење на планирани прегледи, испитувања, контролни мерења, одржување, реконструкции, проширувања на мрежите, уредите и инсталациите како и во случај на потреба од спречување на ризици од нарушувања во системот за дистрибуција на гас. Привремениот прекин може да се врши во време кога со тоа најмалку им се нанесува штета на корисниците на системот, во сог- ласност со мрежните правила за дистрибуција на гас. (7) По исклучок од ставот (1) на овој член, ако системот за дистрибуција со кој управу- ва операторот на системот за дистрибуција на гас не е поврзан со системот за пренос на гас и се напојува со компримиран гас, операторот на системот е должен во мрежните пра- вила за дистрибуција на гас да ја уреди постапката за набавка на системски услуги и ба- лансирање на отстапувањата помеѓу фактичката и планираната потрошувачка на гас во ре- ално време. Раздвојување на дејностите Член 224 (1) Друштво коешто поседува лиценца за вршење на дејност дистрибуција на гас не мо- же да има лиценца и не може да учествува во вршењето на дејностите пренос на гас, орга- низација и управување на пазарот на гас, трговија со гас и/или снабдување со гас. (2) Ако операторот на системот за дистрибуција на гас е дел од вертикално интегрирано друштво за гас, во однос на неговиот правен субјективитет, организација, и одлучување, мора да е независен и да дејствува независно од другите активности кои не се поврзани со дистрибуција на гас. Независноста на операторот на системот за дистрибуција на гас не вклучува обврска за раздвојување на сопственоста на средствата на дистрибутивниот сис- тем од вертикално интегрираното друштво за гас. (3) Со цел да се обезбеди независност во вршењето на енергетската дејност дистрибу- ција на гас и исполнување на обврската за вршење на јавна услуга на недискриминаторен, објективен и транспарентен начин, операторот на системот за дистрибуција на гас обезбе- дува: 1. лицата кои учествуваат во управувањето и раководењето со операторот на системот за дистрибуција на гас не можат да учествуваат во управните и извршните тела на носите- лите на лиценци за пренос на гас, организација и управување со пазарот на гас, трговија со гас, и/или снабдување со гас, 2. лицата кои учествуваат во управувањето и раководењето со операторот на системот за дистрибуција на гас мора да имаат независност во нивната работа и одлучување од вер- тикалното интегрирано друштво и 3. донесувањето на одлуки на операторот на системот за дистрибуција на гас во врска со средствата неопходни за функционирање, одржување и развој на системот мора да биде независно од интересите на вертикално интегрираното друштво за гас на кое му припаѓа, за што операторот на системот за дистрибуција на гас треба да ги има на располагање пот- ребните човечки, технички, финансиски и материјални ресурси. (4) Ако операторот на системот за дистрибуција на гас е дел од вертикално интегрирано друштво за гас: 1. неговата независност не го исклучува правото на вертикално интегрираното друштво за гас да го одобри годишниот финансиски план на операторот на системот за дистрибу- ција на гас и да ја утврди рамката за задолжување за операторот на системот за дистрибу- ција на гас, 236 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. вертикално интегрираното друштво за гас нема право да му дава инструкции на опе- раторот на системот за дистрибуција на гас во однос на неговото секојдневно работење, ниту пак во однос на неговите поединечни одлуки за изградба или проширување на дис- трибутивните водови, коишто се во рамките на одобрениот финансиски план или еквива- лентен инструмент и 3. операторот на системот за дистрибуција на гас не може да ја користи својата верти- кална интеграција за да ја наруши конкуренцијата, а особено не смее во својата комуника- ција и употреба на својата фирма да создава забуна во однос на посебниот идентитет на друштвото за снабдување кое е дел од вертикално интегрираното друштво за гас. (5) Операторот на системот за дистрибуција на гас, независно од организационата форма, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, назначува службеник за усогласеност, како и донесува програма за усогласеност со која се утврдува- ат мерките кои треба да се преземат заради оневозможување на дискриминација на корис- ниците на системот за дистрибуција на гас по кој било основ, се дефинираат обврските на вработените во реализацијата на програмата и се утврдува начинот за следење на усогла- сеноста на работењето на операторот на системот за дистрибуција на гас со програмата. (6) Службеникот за усогласеност на операторот на системот за дистрибуција на гас дос- тавува годишен извештај за одобрување до Регулаторната комисија за енергетика, во кој се наведени мерките преземени во претходната година и мерките што треба да се преземат во наредниот период во рамки на програмата за усогласеност од ставот (5) на овој член. Годишниот извештај од овој став се објавува на веб-страницата на операторот на системот за дистрибуција на гас. (7) Службеникот за усогласеност на операторот на системот за дистрибуција на гас тре- ба да има пристап до сите информации на операторот на системот за дистрибуција на гас, како и на секое поврзано друштво со операторот на системот за дистрибуција на гас, со цел да ги исполни своите задачи. (8) По исклучок од ставот (1) на овој член друштвото кое врши дејност дистрибуција на гас може да врши и дејности снабдување со гас, снабдување со гас со обврска за јавна ус- луга и снабдување со гас во краен случај, ако на неговиот систем се приклучени помалку од 100.000 потрошувачи. План за развој на системот за дистрибуција за гас Член 225 (1) Операторот на системот за дистрибуција на гас е одговорен за долгорочно планира- ње на развојот на системот за дистрибуција на гас на подрачјето на кое ја врши дејноста. (2) Операторот на системот за дистрибуција на гас е должен на секои две години да из- готви план за развој на системот за дистрибуција на гас за период од следните пет години, со содржина утврдена со мрежните правила за дистрибуција на гас и најдоцна до 31 ок- томври во тековната година да го достави на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика, а по добиеното одобрување, го донесува планот и го објавува на својата веб- страница. Планот треба да ги содржи сите неопходни информации за проширување и над- градба на системот и треба да биде усогласен со десетгодишниот план за развој на систе- мот за пренос на гас. (3) Операторот на системот за дистрибуција на гас подготвува и најдоцна од 31 октом- ври во тековната година, доставува до Министерството и Регулаторната комисија за енер- гетика едногодишни, петгодишни и десетгодишни прогнози за потребите од гас за систе- мот за дистрибуција со кој управува. 237 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Операторот на системот за дистрибуција на гас, за секој регулиран период опреде- лен согласно членот 61 став (8) од овој закон, изготвува план за инвестирање во системот за дистрибуција на гас усогласен со планот од ставот (2) од овој член и го доставува на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика. Во планот особено треба да биде прикажано очекуваното зголемување на ефикасноста на работата на системот за дистри- буција на гас како резултат на предвидените инвестиции. Мерење на количините на гас Член 226 (1) Операторот на системот за дистрибуција на гас е должен да ги мери количините на гас што ги презема и испорачува на корисниците на системот со кој управува, со мерни уреди, во согласност со овој закон и мрежните правила за дистрибуција на гас. (2) Мерните уреди од ставот (1) на овој член, се во сопственост на операторот на систе- мот за дистрибуција на гас. (3) Локацијата на мерните уреди ја утврдува операторот на системот за дистрибуција на гас во зависност од техничките можности на локацијата, која може да биде во или надвор од границите на имотот на корисникот на системот. Ако операторот на системот за дис- трибуција на гас утврди дека при замена на постојниот мерен уред е потребно да се из- врши дислокација на мерното место, должен е на своја сметка да ја изведе дислокацијата со минимално нарушување на обезбедувањето на услугата на корисникот и со минимално оштетување на имотот на корисникот. Операторот на системот за дистрибуција на гас е должен да ја надомести штетата врз имотот на корисникот настаната како последица на дислокацијата на мерното место. (4) Ако мерниот уред се наоѓа на имотот од корисникот на системот, корисникот е дол- жен да му овозможи на овластеното лице на операторот на системот за дистрибуција на гас право на пристап до секој дел од неговиот имот или објект каде што се наоѓа мерниот уред, заради: 1. читање на мерните уреди; 2. контрола, вградување, надзор, замена или одржување на опремата на мерното место; 3. исклучување на корисникот од системот кога постапува спротивно на условите за ко- ристење на системот за дистрибуција на гас пропишани во мрежните правила за дистрибу- ција на гас и 4. исклучување на потрошувачот, на барање на снабдувачот, во согласност со одредби- те од правилата за снабдување со гас. (5) Операторот на системот за дистрибуција на гас е должен да ги достави собраните и обработените податоци од мерните места до: 1. операторот на пазарот на гас; 2. операторот на системот за пренос на гас, за потребите за балансирање, како и до ко- рисниците на дистрибутивниот систем кои учествуваат на пазарот на услуги за баланси- рање; 3. производителите на биометан и водород и операторите на складишта на гас приклу- чени на дистрибутивниот систем, за нивните мерни места и 4. потрошувачите за нивната потрошувачка, по нивно барање без одлагање и надомес- тоци, во лесно разбирлива и споредлива форма. 238 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Мрежни правила за дистрибуција Член 227 (1) Операторот на системот за дистрибуција на гас е должен по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, да ги донесе мрежните правила за дистрибуција на гас за системот со кој управува и да ги објави во „Службен весник на Република Север- на Македонија“ и на својата веб-страница. (2) Со мрежните правила за дистрибуција на гас особено се уредуваат: 1. техничките услови за приклучување на потрошувачите на гас на системот за дистри- буција на гас; 2. методологијата за определување на надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на гас; 3. условите и начинот за пристап на трета страна на системот за дистрибуција на гас; 4. техничките и другите услови за доверливо и безбедно функционирање на системот за дистрибуција на гас и за обезбедување на квалитетни услуги на корисниците на системот; 5. мерките, активностите и постапките во случај на испади и кризи; 6. начинот и постапката за надзор и тестирање на дистрибутивната мрежа за гас; 7. начинот и постапката за регулирање на текот и притисокот на гасот преку дистрибу- тивната мрежа; 8. начинот и постапката за усогласување на активностите во системот за дистрибуција на гас со активностите во системот за пренос на гас; 9. функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на количините на гасот; 10. планирањето на одржувањето и развојот на системот за дистрибуција на гас; 11. начинот на усогласување со корисниците на системот за дистрибуција на гас во слу- чаи на планирани прекини; 12. содржината на плановите за развој на системот за дистрибуција на гас, како и начи- нот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат неопходните пода- тоци за изготвување на плановите за развој; 13. квалитетот на услугата за испорака на гас; 14. прогнозата на потребите од гас, врз основа на податоците добиени од снабдувачите и плановите за развој на потрошувачите; 15. начинот и постапката за доставување на информации на корисниците на системот за дистрибуција на гас и 16. начинот на соработка со операторот на системот за пренос на гас и останатите опе- ратори на системи за дистрибуција на гас. (3) Во случај на постоење на повеќе оператори на системи за дистрибуција на гас на те- риторијата на Република Северна Македонија, Регулаторната комисија за енергетика обез- бедува меѓусебно усогласување на поединечните мрежни правила за дистрибуција на гас. Затворен систем за дистрибуција на гас Член 228 (1) Регулаторната комисија за енергетика може на систем во кој се дистрибуира гас во рамки на географски ограничено подрачје во кое се врши индустриско производство, се вршат трговски дејности или се обезбедуваат заеднички услуги и не се врши снабдување на домаќинства со гас, да му додели статус на затворен систем за дистрибуција на гас, ако: 1. поради посебни технички или безбедносни причини, активностите или производниот процес, корисниците на таа мрежа се интегрирани или 239 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. преку системот се дистрибуира гас првенствено на сопственикот или операторот на системот или на нивни поврзани друштва. (2) Регулаторната комисија за енергетика со правилник ги уредува условите и критери- умите за доделување на статус на затворен систем за дистрибуција на гас. (3) Регулаторната комисија за енергетика му издава на операторот на системот од ста- вот (1) на овој член, лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на гас во која се определуваат правата и обврските на операторот на затворениот систем. (4) Регулаторната комисија за енергетика може да го изземе операторот на затворениот систем за дистрибуција од обврските за: 1. набавка на гас за покривање на загубите на гас и резервниот капацитет во својот сис- тем според постапки кои се засноваат на начелата на транспарентност, недискриминација и конкурентност и/или 2. одобрување на тарифите, како и на методологиите врз основа на кои се пресметуваат тарифите пред нивното влегување во сила. (5) Кога изземањето од ставoт (4) на овој член, е одобрено, корисникот на затворениот систем за дистрибуција на гас може да побара од Регулаторната комисија за енергетика да ги разгледа и одобри тарифите или методологиите на кои е засновано пресметувањето на применетите тарифи. (6) Изземањето од ставот (4) на овој член, се применува кога затворениот систем на дистрибуција повремено се користи од страна на мал број домаќинства во подрачјето на затворениот систем, и покрај тоа што некој член од домаќинството е вработен или на друг начин ангажиран кај сопственикот на затворениот систем за дистрибуција. Комбиниран оператор Член 229 (1) Друштво по исклучок на членот 204 став (4) од овој закон, може да функционира ка- ко комбиниран оператор на систем за пренос и дистрибуција на гас, на кое му се издава лиценца за пренос и дистрибуција на гас согласно овој закон. (2) Комбинираниот оператор од ставот (1) на овој член, ги има истите права и обврски како и операторот на системот за пренос на гас и оператор на системот за дистрибуција, во согласност со овој закон. (3) На комбинираниот оператор од ставот (1) на овој член, не може да му се издаде ли- ценца за вршење на дејностите организирање и управување на пазарот со гас, трговија со гас или снабдување со гас. (4) Регулаторната комисија за енергетика со правилник ги уредува условите и критери- умите за доделување на статус на комбиниран оператор на систем за пренос и дистрибу- ција на гас. ГЛАВА V СНАБДУВАЧИ, ТРГОВЦИ И ПОТРОШУВАЧИ СО ГАС Снабдувач со гас Член 230 (1) Снабдувачот со гас набавува гас во Република Северна Македонија и/или од стран- ство заради продажба на своите потрошувачи, вклучувајќи производители на електрична енергија и/или топлинска енергија, други снабдувачи, трговци, операторот на системот за пренос или дистрибуција на гас и други учесници на пазарот на гас. 240 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Снабдувачот со гас кој се обврзал да испорача гас го обезбедува неопходниот капа- цитет за пренос и/или дистрибуција од соодветните оператори. (3) Снабдувачот со гас, врз основа на извршените мерења од соодветниот оператор на системот за дистрибуција, на своите потрошувачите им фактурира за испорачаниот гас по договорената цена, при што во фактурата ги вклучува и надоместоците за користење на системот за пренос, надоместокот за користење на пазарот на гас и/или надоместокот за користење на системот за дистрибуција на гас. (4) Снабдувачот со гас е должен, во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон, да: 1. ги исполни своите обврски кон потрошувачите во однос на сигурноста и обемот на снабдувањето со гас; 2. обезбеди за своите потрошувачи услуга со квалитет утврден во правилата за снабду- вање со гас; 3. обезбеди недискриминаторен третман на сите потрошувачи; 4. доставува до операторот на системот за пренос на гас податоци за трансакциите и плановите за потрошувачка на гас за своите потрошувачи, неопходни за пресметка на де- балансите; 5. овозможи потрошувачите да добиваат редовни и точни известувања за реалната пот- рошувачка и трошоците за гас, за да можат да управуваат со својата потрошувачка; 6. ги плати набавените количини на гас, како и системските услуги од операторот на системот за пренос на гас и/или оператор на системот за дистрибуција на гас; 7. овозможи промена на снабдувач на транспарентен и недискриминаторен начин, без трошоци за потрошувачот, во рок не подолг од три недели од денот кога потрошувачот доставил барање за снабдување до новиот снабдувач со гас; 8. обезбеди при секоја промена на снабдувач со гас, потрошувачот да добие конечно затворање на сметката во рок од шест недели од настанувањето на промената на снабдува- чот, 9. воспостави постапки за ефикасно решавање на приговорите на своите потрошувачи во рок од 60 дена, вклучувајќи можност и за вонсудско решавање на спорови и обврска за враќање и/или компензација на средства кога е тоа оправдано; 10. ги објави на својата веб-страница условите од договорите за снабдување со гас за секоја категорија потрошувачи и 11. работи врз начелата на објективност, транспарентност и недискриминација и ги об- јавува општите статистички податоци поврзани со неговите потрошувачи, како и неговите активности, земајќи ја предвид заштитата на доверливоста на податоците. (5) Снабдувачот со гас, на Регулаторната комисија за енергетика, односно на Комисија- та за заштита на конкуренцијата во согласност со прописите со кои се уредува заштитата на конкуренцијата, како и на Секретаријатот на Енергетската заедница, им овозможува увид во податоците кои се однесуваат на негови трансакции и деривативи за купопродаж- ба на гас со потрошувачите што ги исполнуваат условите за самостојно учество на пазарот на гас, како и со операторот на системот за пренос на гас, операторот на системот за дис- трибуција на гас, или операторот на пазарот на гас, остварени во последните пет години. (6) Податоците од ставот (5) на овој член, содржат детали за карактеристиките на тран- сакциите како што се времетраењето, правилата за испорака и порамнување, количината, датумите и времето на извршување и цените на трансакцијата и средството за идентифи- кација на засегнатиот потрошувач на големо, како и поважните детали за сите неподмире- ни обврски од договорите за снабдување со гас и деривативи на гас. 241 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Јавна услуга за снабдување со гас Член 231 (1) Снабдувачот на гас со обврска за јавна услуга, избран согласно со ставовите (3) и (7) на овој член, при обезбедување на јавната услуга снабдување со гас е должен да: 1. ги информира потрошувачите за нивните права и условите за испорака на гас во рам- ки на јавната услуга; 2. ја применува цената на гасот формирана согласно со тарифниот систем од членот 62 став (1) од овој закон; 3. ги извести потрошувачите за условите за снабдување и цената на гас, како и да ги ин- формира дека имаат право да изберат друг снабдувач на гас; 4. ги снабдува со гас, како јавна услуга, домаќинствата и малите потрошувачи на гас во рамки на територијата за која има лиценца да обезбеди јавна услуга снабдување со гас; 5. набави гас по пазарни услови и да ја одбере најдобрата понуда што му овозможува да обезбеди ефикасно обезбедување на јавната услуга и 6. ги објави на својата веб-страница цените за снабдување во рамки на јавната услуга за снабдување со гас. (2) Цените за гас што ги наплаќа снабдувачот на гас кој има обврска за јавна услуга тре- ба да: 1. се објективни и транспарентни; 2. ги одразуваат трошоците во однос на набавката и снабдувањето на гас; 3. се лесно споредливи со цените на другите снабдувачи на гас и 4. не дискриминираат потрошувачи од иста категорија. (3) Владата, на предлог на Министерството или единицата на локалната самоуправа, по претходно добиеното мислење од Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за спроведување на тендерска постапка по пат на јавен повик согласно прописите со кои се уредува набавка на јавна услуга за избор на снабдувачот на гас со обврска за јавна ус- луга. (4) Со одлуката од ставот (3) на овој член, особено се утврдуваат: 1. критериумите за избор на снабдувач на гас со обврска за јавна услуга; 2. тендерските услови; 3. рокот за донесување на одлука за избор на најповолен понудувач или за поништува- ње на постапката и 4. времетраењето за кое се назначува снабдувачот на гас со обврска за јавна услуга ко- ешто не може да биде подолго од пет години. (5) Врз основа на изготвена анализа во која се зема предвид повратот на трошоците, Ре- гулаторната комисија за енергетика ги предлага критериумите и времетраењето од ставот (4) точки 1 и 4 на овој член.. (6) Во постапката од ставот (3) на овој член, понуди може да достават друштва кои има- ат лиценца за снабдување со гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика или се запишани во регистарот на странски лица. (7) Доколку по спроведената тендерска постапка од ставот (3) на овој член, не се избере снабдувач со гас со обврска за јавна услуга, Владата, во рок од три месеци од завршување на постапката започнува нова тендерска постапка по пат на јавен повик за избор на снаб- дувач на гас со обврска за јавна услуга. (8) Во случај кога нема да успее новата тендерска постапка од ставот (7) на овој член, Владата, на предлог на Министерството, по претходно добиеното мислење од Регулатор- ната комисија за енергетика, донесува одлука за назначување на снабдувач на гас со об- врска за јавна услуга за период којшто не може да биде покус од три години и подолг од пет години, во согласност со членот 7 од овој закон. 242 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (9) Обврските од членот 230 ставови (5) и (6) од овој закон, се применуваат и на снаб- дувачот со гас со обврска за јавна услуга. Постапка за избор на снабдувач во краен случај Член 232 (1) Владата, на предлог на Министерството по спроведена тендерска постапка со јавен повик согласно прописите со кои се уредува набавка на јавна услуга, донесува одлука за избор на снабдувачот со обврска да обезбеди снабдување со гас во краен случај. (2) Снабдувачот од ставот (1) на овој член, се избира за период од пет години. (3) Владата, на предлог на Министерството, а по претходно доставени анализи на паза- рот со гас и предлог критериуми од Регулаторната комисија за енергетика ја усвојува тен- дерската документација и донесува одлука за спроведување на постапката од ставот (1) на овој член, во рок најдоцна од 12 месеци пред истекот на периодот за кој е избран постој- ниот снабдувач кој има обврска да обезбеди снабдување со гас во краен случај. (4) Постапката од ставот (1) на овој член, ја спроведува комисијата формирана од ми- нистерот. (5) При оценувањето на понудите особено се земаат предвид следниве критериуми: 1. понудена маржа; 2. искуство на понудувачот во вршење на енергетската дејност снабдување со гас; 3. финансиска состојба на понудувачот и 4. техничка и/или кадровска способност на понудувачот. (6) Комисијата од ставот (4) на овој член, ги прибира, оценува и ги рангира понудите и на министерот му доставува извештај за спроведената постапка со предлог одлука за из- бор на најповолна понуда или поништување на постапката. (7) Во постапката од ставот (1) на овој член, соодветно се применуваат и одредбите од Законот за концесии и јавно приватно партнерство. (8) До започнување со работа на новиот снабдувач со гас во краен случај избран на на- чин утврден во ставот (1) на овој член, снабдувањето во краен случај го врши постојниот снабдувач во краен случај, во согласност со правата и обврските утврдени во лиценцата. (9) Ако до изборот на нов снабдувач со гас во краен случај на постојниот снабдувач со гас во краен случај му истекла или ќе му истече важноста на лиценцата, Регулаторната ко- мисија за енергетика, по службена должност му издава нова лиценца или ја продолжува важноста на лиценцата за снабдување со гас во краен случај, која е со важност до денот на издавање на лиценцата на снабдувачот со гас во краен случај избран во постапката од став (1) на овој член. (10) На членовите на Комисијата од ставот (4) на овој член им следува надоместок за извршената работа за секоја спроведена постапка, чијшто износ го определува министерот и кој треба да биде разумен и соодветен на обемот и сложеноста на работата и не може да биде повисок од една третина од просечна исплатена нето-плата по работник објавена до денот на исплатата. Средствата за исплата на надоместокот се обезбедуваат од Буџетот на Министерство. Комуникација со потрошувачите Член 233 (1) Снабдувачот со гас воведува единствен контакт центар којшто е кадровски екипи- ран и технички опремен, преку кој навремено на своите потрошувачи, на транспарентен и недискриминаторен начин, без плаќање на надоместок, им ги обезбедува сите неопходни 243 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година информации во врска со нивните права и обврски, примената на важечките прописи и на- чините за постапување по приговорите и решавање на споровите. Снабдувачот на потро- шувачите особено им овозможува информации за: 1. важечките цени за гас и за стандардните услови, во однос на пристапот до услуги и нивно користење; 2. стандардни услови за обезбедување и начин на користење на услугите; 3. различни начини на плаќање кои оневозможуваат дискриминација помеѓу потрошу- вачите; 4. постапката, условите и начинот за промена на снабдувачот; 5. можноста за решавање на приговорите, вклучувајќи можност и за вонсудско решава- ње на спорови и обврска за враќање и/или компензација на средства кога е тоа оправдано; 6. секоја промена на условите во договорот за снабдување, вклучително и зголемување- то на трошоците, најмалку 15 дена пред отпочнување на нивната примена, вклучувајќи го и правото на раскинување на договорот ако потрошувачот не ги прифати новите услови понудени во известувањето; 7. условите, начинот и постапката за вклучување во категоријата на ранливи потрошу- вачи и 8. условите, начинот и постапката за отпочнување на снабдување со гас во краен случај. (2) Снабдувачот со гас во однос на единствениот контакт центар од ставот (1) на овој член, е должен да: 1. го прилагоди работното време на центрите за контакт со потрошувачите согласно потребите на потрошувачите и 2. посредува со операторот на системот за пренос на гас или релевантниот оператор на системот за дистрибуција на гас во врска со жалби и/или информации кои се однесуваат на прашања што се регулирани со договорот за користење на мрежите за пренос и дистри- буција на гас. (3) Снабдувачот со гас, по претходно одобрување од Регулаторна комисија за енерге- тика, на своите потрошувачи им обезбедува копија од потсетник за потрошувачи, која сод- ржи практични информации за правата на потрошувачите и ја објавува на својата веб- страницата. (4) Снабдувачот со гас може да ги снабдува потрошувачите преку мерни уреди за заед- нички простори, само ако лицето кое управува со заедничкиот простор склучи договор со снабдувачот со кој ќе прифати да плати за целата испорачана енергија измерена преку мерниот уред, согласно правилата за снабдување со гас. Трговец со гас Член 234 (1) Трговецот со гас во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон, купува гас на пазарот на гас во Република Северна Македонија или странство заради продажба на други трговци, снабдувачи, потрошувачи, операторот на системот за пренос на гас и операторот на системот за дистрибуција на гас, како и за про- дажба во странство. (2) Трговецот со гас е должен на операторот на системот за пренос на гас, операторот на системот за дистрибуција на гас и операторот на пазарот на гас навремено да им ги дос- тавува информациите за количините на гас и соодветниот временски распоред определен во сите договори за купопродажба на гас, како и од договорите за прекугранични трансак- ции преку системот за пренос на гас, во согласност со правилата за пазар на гас и правила- та за доделување на прекугранични преносни капацитети. 244 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Трговецот со гас, во случаите кога врши прекугранични трансакции на гас, е должен да обезбеди доволен преносен капацитет, вклучувајќи прекуграничен и/или дистрибути- вен капацитет и системски услуги, во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон. (4) Трговецот со гас е должен да ја врши својата должност во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон, а особено да: 1. ги исполни барањата за финансиски гаранции утврдени од страна на операторот на системот за пренос на гас и за обврските за балансирање на предвидените и реализираните трансакции со гас; 2. по барање на Регулаторната комисија за енергетика, навремено ги достави информа- ции и извештаи за трансакциите со гас и деловните активности во Република Северна Ма- кедонија; 3. им фактурира на своите потрошувачи за испорачаниот гас, како и за преносниот ка- пацитет и/или дистрибутивниот капацитет, ако за нивното обезбедување е овластен од страна на потрошувачот и 4. обезбеди доверливоста на податоците и количините на гас испорачан на потрошува- чите. (5) Трговецот со гас, на Регулаторната комисија за енергетика, односно на Комисијата за заштита на конкуренцијата во согласност со прописите со кои се уредува заштитата на конкуренцијата, како и на Секретаријатот на Енергетската заедница, им овозможува увид во податоци кои се однесуваат на сите нивни трансакции за купопродажба на гас со потро- шувачите, како и со операторот на системот за пренос на гас, операторот на системот за дистрибуција на гас или операторот на пазарот на гас најмалку за период од последните пет години. (6) Податоците од ставот (5) на овој член, содржат детали за карактеристиките на тран- сакциите како што се времетраењето, правилата за испорака и порамнување, количината, датумите и времето на извршување и цените на трансакцијата и средствата за идентифика- ција на засегнатиот потрошувач на големо, како и утврдени детали на сите неподмирени договори за снабдување со гас. Потрошувачи на гас Член 235 (1) Секој потрошувач на гас може по сопствен избор да се снабдува со гас од снабду- вач, во согласност со условите утврдени со овој закон и со правилата за снабдување со гас. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, потрошувачите кои учествуваат на пазарот на гас на големо можат да набавуваат гас и од трговци на гас. (3) Потрошувачите кои учествуваат на пазарот на гас на големо, заради исполнување на своите потреби, обезбедуваат соодветен преносен и/или дистрибутивен капацитет или таа обврска можат да ја пренесат на своите снабдувачи или трговци. (4) Потрошувачите кои набавуваат гас од снабдувачи или трговци на гас имаат право да ги добијат сите релевантни податоци за потрошувачката од нивните снабдувачи односно трговци. Содржината на податоците кои треба да ги обезбеди снабдувачот на гас поблиску се уредува со правилата за снабдување со гас. Договор за снабдување со гас Член 236 (1) Снабдувачот и потрошувачот своите меѓусебни права и обврски ги уредуваат со до- говор за снабдување склучен во писмена форма. 245 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Општите услови кои снабдувачот му ги нуди на потрошувачот и одредбите со кои се уредуваат правата и обврските на потрошувачот во договорите за снабдување треба да бидат фер, транспарентни, јасни, прецизни и не треба да вклучуваат дополнителни барања кои можат да го попречат остварувањето на правата на потрошувачот. (3) Пред потпишувањето на договорот за снабдување со гас, снабдувачот на потрошу- вачот му доставува кратка и јасна содржина на клучните договорни услови. Кога догово- рите се склучуваат преку посредници, покрај доставувањето на содржината на клучните договорни услови, на потрошувачот му се доставуваат и информациите наведени во пра- вилата за снабдување со гас. (4) Условите и елементите на договорот за снабдување, како и начинот на неговото склучување и раскинување се уредуваат со правилата за снабдување со гас. (5) На договорите за снабдување со гас, покрај барањата утврдени во овој закон и пра- вилата за снабдување со гас, соодветно се применуваат и прописите со коишто се уредува- ат облигационите односи и заштитата на потрошувачите. ДЕСЕТТИ ДЕЛ ПАЗАР НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ГЛАВА I ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА Производител на топлинска енергија Член 237 (1) Производителот на топлинска енергија: 1. е сопственик или има право на користење и управување на постројката за производ- ство на топлинска енергија во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон и условите и обврските утврдени во лиценцата и 2. врши продажба на топлинска енергија на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија на кој е приклучен, под услови определени со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон. (2) Производителот на топлинска енергија може да продава топлинска енергија и на потрошувачи кои се директно поврзани на неговиот производен објект. (3) Производителот на топлинската енергија, во согласност со издадената лиценца, е должен да доставува годишни извештаи до Регулаторната комисија за енергетика и до гра- доначалникот на единицата на локална самоуправа во врска со опремата, објектите, пла- новите за одржување, како и планираниот капацитет. Регулиран производител на топлинска енергија Член 238 (1) Регулираниот производител на топлинска енергија има обврска за производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите и за обезбедување на енергија за пок- ривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребни работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија на кој е прик- лучен. 246 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Регулаторната комисија за енергетика му издава лиценца за регулирано производ- ство на топлинска енергија на производителот на топлинска енергија кој ги исполнува следниве услови: 1. е сопственик или има право на користење на објекти кои се наменети за производ- ство на топлинска енергија и не се помали од две третини од вкупната инсталирана моќ- ност на приклучените потрошувачи; 2. има способност да го одржува пропишаниот температурен режим на своите построј- ки за производство на топлинска енергија и потребниот притисок на носителот на топлина утврден со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија; 3. е финансиски способен за набавка на потребното гориво за производство на топлин- ска енергија и 4. има кадровска поставеност и екипираност која овозможува доверливо, безбедно и непрекинато производство на топлинска енергија со пропишан квалитет. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, во системите за дистрибуција на топлинска енергија на кои има приклучено само еден производител на топлинска енергија, му се из- дава лиценца за регулирано производство на топлинска енергија. (4) Регулираниот производител на топлинска енергија е должен во текот на грејната се- зона да обезбеди или има на располагање оперативни резерви од алтернативно гориво во количина која е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет. Минимал- ните оперативни резерви на алтернативно гориво посебно се наведуваат во лиценцата за вршење на дејноста. (5) Регулаторната комисија за енергетика донесува правилник за утврдување на цените за топлинска енергија и системски услуги со кој се уредува начинот, постапката и методо- логијата за определување на надоместокот за системските услуги и системската резерва, регулираната цена за произведената топлинска енергија, начинот на определување на це- ната по која операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија ја откупува топлинската енергија произведена од производителот на топлинска енергија, како и пери- одот за кој се пресметува пондерираната цена на топлинската енергија. ГЛАВА II ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА Оператор на системот за дистрибуција на топлинска енергија Член 239 (1) Дистрибуција на топлинска енергија се врши од страна на: 1. друштво кое е сопственик на систем за дистрибуција на топлинска енергија или 2. друштво за посебна намена основано врз основа на договор за воспоставување на јав- но приватно партнерство за изградба и/или стопанисување со систем за дистрибуција на топлинска енергија или 3. друштво врз основа на договор за јавна услуга за управување, користење, одржување и проширување или надградување на постоечки систем за дистрибуција на топлинска енергија или 4. јавни претпријатија или други правни лица основани од единица на локалната само- управа. (2) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, врз основа на изда- дената лиценца, врши дејност дистрибуција на топлинска енергија и управување со систе- мот за дистрибуција на топлинска енергија. 247 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Корисници на системот за дистрибуција на топлинска енергија се производителите, снабдувачите и потрошувачите на топлинска енергија. (4) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија може привремено да ја прекине испораката на енергија од системот за топлинска енергија при вршење на пла- нираните прегледи, испитувања, контролни мерења, одржување, реконструкции, проши- рувања на мрежите, уредите и инсталациите, како и санација на дефекти кои предизвикале непланирани прекини во испораката на топлинска енергија, заради заштита на системот. Известувањата за ваквите прекини операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија ги врши во согласност со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енер- гија. Должности на оператор на системот за дистрибуција Член 240 Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија има обврска да ја од- ржува, надградува и проширува мрежата за дистрибуција на топлинска енергија во систе- мот и е должен да: 1. обезбеди сигурно, безбедно и доверливо функционирање на системот за дистрибуци- ја на топлинска енергија во согласност со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и обврските утврдени во лиценцата; 2. го одржува, развива и кога тоа е економски исплатливо и/или кога придонесува за заштита на животната средина, проширува системот за дистрибуција на топлинска енер- гија, во согласност со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и со пла- новите за развој на системот, усогласени со плановите и програмите за развој на енергети- ката на единиците на локална самоуправа; 3. ги приклучи производителите и потрошувачите на системот за дистрибуција на топ- линска енергија со кој управува, како и да овозможи пристап на трета страна за користење на системот за дистрибуција во согласност со овој закон и мрежните правила за дистрибу- ција на топлинска енергија, врз основа на начелата на објективност, транспарентност и не- дискриминација, со примена на цените и тарифите претходно одобрени и објавени од страна на Регулаторната комисија за енергетика; 4. обезбеди топлинска енергија потребна за покривање на загубите во дистрибутивната мрежа и системски услуги од регулираниот производител; 5. врши набавка, поставување и одржување на мерните уреди на излезните точки од производните постројки и во топлинските потстаници на коишто се приклучени објектите на потрошувачите и мерење на топлинската енергија која се презема или испорачува од топлинскиот систем, во согласност со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија; 6. ги преземе сите пропишани мерки за безбедност при користењето на системот за дис- трибуција на топлинска енергија, како и мерките за заштита на животната средина; 7. ја испорача топлинската енергија од местата на приклучок на производните построј- ки до местата на приклучување на потрошувачите на системот (топлинска потстаница), во согласност со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и условите ут- врдени во лиценцата; 8. обезбеди квалитетна испорака на топлинската енергија преку системот за дистрибу- ција; 9. го усогласи работењето на системот со производителите заради непречено вршење на дистрибуција на топлинска енергија; 248 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 10. врши надзор и тестирање на системот за дистрибуција на топлинска енергија; 11. ја следи техничката и функционалната подготвеност на објектите за дистрибуција на топлинска енергија и на својата веб-страница објавува информации за техничката сос- тојба на системот пред и по извршената реконструкција или санација по настаната хавари- ја и 12. подготви долгорочна прогноза на побарувачката на топлинска енергија за потребите на регулираниот производител на топлинска енергија. Обврски на операторот на системот за дистрибуција за откуп на топлинска енергија Член 241 (1) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија ја откупува топлин- ската енергија произведена од производителите приклучени на системот за дистрибуција на топлинска енергија со кој управува. (2) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, по претходно одоб- рување од Регулаторната комисија за енергетика, е должен да склучи договор со регулира- ниот производител на топлинска енергија со времетраење кое не може да е пократко од една година за: 1. обезбедување на системска резерва; 2. системски услуги за обезбедување на потребните работни параметри во системот за дистрибуција на топлинска енергија; 3. топлинска енергија за покривање на загубите во системот за дистрибуција и 4. обезбедување на топлинска енергија за задоволување на побарувачката на потрошу- вачите. (3) Со договорот од ставот (2) на овој член, особено се уредува: 1. начинот и постапката за обезбедување на системската резерва и системските услуги, во согласност со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и 2. начинот на плаќање на услугите и топлинската енергија што регулираниот произво- дител ги обезбедува за системот за дистрибуција на топлинска енергија. (4) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија е должен да ја отку- пува топлинската енергија испорачана од производителите на топлинска енергија во дис- трибутивниот систем ако цената на топлинската енергија понудена од производителот е пониска од регулираната цена за топлинската енергија на регулираниот производител за износ кој е поголем или еднаков со минимално потребната разлика меѓу овие цени, ут- врдена со методологијата од правилникот од членот 238 став (5) од овој закон. (5) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, по претходно одоб- рување од Регулаторната комисија за енергетика, е должен да склучи договори со снабду- вачите со топлинска енергија за продажба на топлинска енергија наменета за потребите на потрошувачите. (6) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија е должен да ја дос- тави до Регулаторната комисија за енергетика целокупната документација во врска со ис- полнување на договорите со производителите и снабдувачите со топлинска енергија, како и финансиските извештаи и ревидираните финансиски извештаи изработени од овластен ревизор, извештаите за работењето и други податоци, во согласност со условите пропиша- ни со лиценцата издадена од Регулаторната комисија за енергетика. 249 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Член 242 Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија е должен, по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, да ги донесе и да ги објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на својата веб-страница мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија со кои особено се уредуваат: 1. техничко-технолошките услови за приклучување на потрошувачите и на производи- телите на топлинска енергија на системот за дистрибуција на топлинска енергија, заснова- ни на начелата на недискриминација, објективност и транспарентност; 2. техничките и другите услови што треба да ги обезбедат корисниците на системот за дистрибуција на топлинска енергија; 3. мерките, активностите и постапките во случај на хаварии; 4. условите и начинот за пристап на трета страна на системот за дистрибуција на топ- линска енергија засновани на начелата на недискриминација, објективност и транспарен- тност; 5. функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење и пресметка на испорачаната топлинска енергија; 6. содржината на плановите за развој на системот за дистрибуција на топлинска енер- гија, како и начинот и постапката според која корисниците на системот ги доставуваат не- опходните податоци за изготвување на плановите за развој; 7. начинот и постапката за обезбедување на системска резерва и системски услуги од страна на регулираниот производител; 8. начинот и постапката на размена на податоците помеѓу операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, регулираниот производител, производителите и снабдувачите и 9. начинот и постапката за обезбедување на информации за корисниците на системот. ГЛАВА III СНАБДУВАЧИ И ПОТРОШУВАЧИ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА Снабдувач со топлинска енергија Член 243 (1) Снабдувачот со топлинска енергија е должен да ги снабдува потрошувачите со кои има склучено договор за сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија во согласност со правилата за снабдување со топлинска енергија, склучените до- говори за снабдување и издадената лиценца. (2) Снабдувачот со топлинска енергија, за сите системи за топлинска енергија со кои се снабдуваат потрошувачите, е должен да склучи годишен договор со операторот на систе- мот за дистрибуција на топлинска енергија за набавка на топлинска енергија за потребите на потрошувачите, по цени и тарифи претходно одобрени и објавени од Регулаторната ко- мисија за енергетика. (3) Договорот од ставот (2) на овој член, гo одобрува Регулаторната комисија за енерге- тика и со него подетално се уредуваат меѓусебните права и обврски на снабдувачите и операторот на системот за дистрибуција, а се заснова на мрежните правила за дистрибуци- ја на топлинска енергија и правилата за снабдување со топлинска енергија. 250 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Снабдувачот со топлинска енергија, врз основа на отчитувањата на мерните уреди и отчитувањата на уредите за локално распределување од член 244 ставови (4) и (6) од овој закон, врши наплата за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите по цена ут- врдена од Регулаторна комисија за енергетика. (5) Снабдувачот со топлинска енергија е должен да доставува до Регулаторната коми- сија за енергетика годишни извештаи за продадената топлинска енергија, според условите утврдени во лиценцата. (6) Годишните извештаи од ставот (5) на овој член, снабдувачот со топлинска енергија е должен да ги достави и до Министерството и градоначалниците на единиците на локал- ната самоуправа на чија територија снабдувачот ја врши дејноста. Мерни уреди Член 244 (1) Мерните уреди на излезните точки од производната постројка и мерните уреди во топлинските потстаници преку кои објектите на потрошувачите се приклучени на дистри- бутивната мрежа, се во сопственост на операторот на системот за дистрибуција на топлин- ска енергија, вклучително и мерните уреди во топлинските потстаници во зградите кои за првпат се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. (2) Локацијата на мерните уреди ја утврдува операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија во зависност од техничките можности на локацијата, која може да би- де во или надвор од границите на имотот на потрошувачот. (3) Ако мерниот уред се наоѓа на имотот на корисникот, корисникот е должен да му овозможи на овластеното лице на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија право на пристап на секој имот или објект до мерниот уред, односно приклучокот заради: 1. читање на мерните уреди; 2. контрола, вградување, надзор, замена и одржување на опремата на мерното место; 3. исклучување на корисникот кога постапува спротивно со условите за користење на дистрибутивната мрежа пропишани во мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и 4. исклучување на потрошувачот, на барање на снабдувачот, во согласност со одредби- те од правилата за снабдување со топлинска енергија. (4) Уредот чие мерење служи за одредување на локалното распределување на топлин- ската енергија помеѓу различните потрошувачи во еден објект во кој има само еден таков мерен уред, е составен дел од системот за мерење на потрошена топлинска енергија во об- јектот и е во сопственост на потрошувачите. (5) Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија е должен да им овозможи на потрошувачите пристап до мерниот уред. (6) Секој објект, со повеќе потрошувачи, којшто се приклучува на системот за дистри- буција на топлинска енергија, мора да има вградено уреди за мерење на локалното распре- делување на топлинската енергија за секој потрошувач поединечно, доколку е технички физибилно и економски исплатливо во контекст на потенцијалните енергетски заштеди. (7) Постапката за вградување на уредите чие мерење служи за одредување на локалното распределување на топлинската енергија кај новите и постоечките објекти се уредува со правилата за снабдување со топлинска енергија, додека начинот за распределба и пресмет- ка на потрошената топлинска енергија се уредува со тарифниот систем за продажба на топлинска енергија. 251 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (8) Начинот на отчитување на уредите од ставот (4) на овој член, се уредува со догово- рот за снабдување склучен помеѓу снабдувачот и потрошувачот, во согласност со прави- лата за снабдување со топлинска енергија. (9) Со правилата за снабдување со топлинска енергија се уредуваат условите, начинот и постапката под кои потрошувачот му ги предава на управување и користење на снабдува- чот уредите од ставовите (4) и (6) на овој член. Права и обврски на потрошувач Член 245 (1) Потрошувачите на топлинска енергија приклучени на системот за дистрибуција на топлинска енергија имаат право на слободен избор од кој снабдувач ќе бидат снабдувани. (2) Сопственикот на посебен дел во станбени, станбено – деловни, деловно – станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, а кој не е приклучен на системот за централно греење, има обврска да плаќа дел од вкупни- от надоместок за топлинска енергија, кој се определува согласно со тарифниот систем за топлинска енергија. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, обврската за плаќање на дел од вкупниот на- доместок за топлинска енергија не се однесува на сопствениците кои се ослободени од плаќање на надоместокот за топлинска енергија во постапка утврдена согласно со прави- лата за снабдување со топлинска енергија. Раздвојување на дејности Член 246 (1) Носителот на лиценца за дејноста регулирано производство на топлинска енергија не може да биде носител на лиценца за дејностите дистрибуција и снабдување со топлин- ска енергија. (2) Носителот на лиценца за дејноста дистрибуција на топлинска енергија не може да биде носител на лиценца за дејностите производство и снабдување со топлинска енергија. (3) По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член, ако во еден систем за топлинска енергија вкупната инсталирана моќност на потрошувачите е помала од 1000 MW , ли- ценците за вршење на дејностите производство или регулирано производство на топлин- ска енергија, оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија може да му бидат доделени на едно лице. ЕДИНАЕСЕТТИ ДЕЛ ПАЗАР НА СУРОВА НАФТА, НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ И ГОРИВА ЗА ТРАНСПОРТ Технички прописи за вршење на енергетски дејности Член 247 (1) Вршителите на енергетски дејности од член 4 став (1) точки 22, 23, 24, 25, 27, 28 и 29 од овој закон се должни објектите, уредите и постројките за вршење на енергетските дејности да ги користат и одржуваат во согласност со техничките прописи и стандарди и другите прописи за сигурно и безбедно работење и заштита на животната средина. 252 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Техничките прописи од ставот (1) на овој член, ги донесува министерот по претход- на согласност на министерот надлежен за работите од областа на транспортот, министерот надлежен за работите од областа на заштита на животната средина и министерот надле- жен за работите од областа на внатрешните работи. (3) Нови објекти за транспорт на сурова нафта и нови објекти за транспорт на нафтени деривати и горива за транспорт се градат од страна на правни лица врз основа на овласту- вање издадено од Владата со соодветна примена на критериумите од членот 90 од овој за- кон. Правила за работа на нафтовод Член 248 (1) Вршителот на дејност транспорт на сурова нафта преку нафтовод е должен, по прет- ходно одобрување од Министерството, да донесе правила за работа на нафтоводот и да ги објави на својата веб-страница. Со правилата особено се уредуваат: 1. техничките услови за транспорт на сурова нафта; 2. техничките услови за одржување и безбедно функционирање на нафтоводот; 3. начин на определување на видовите инструменти за обезбедување на плаќање за ус- лугите за пренос на сурова нафта; 4. начинот на усогласување со корисниците на нафтоводот во случаи на планирани пре- кини; 5. содржината на плановите за развој и одржување на нафтоводот како и начинот и по- стапката според која корисниците на нафтоводот ги доставуваат неопходните податоци за изработување на плановите; 6. мерките и постапките што треба да се спроведат во случај на хаварии; 7. начинот, условите и постапката за договорен пристап на трета страна до системот за транспорт на сурова нафта; 8. функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на транспортираните количини на сурова нафта и 9. другите услови неопходни за безбеден и сигурен транспорт. (2)Вршителот на дејност транспорт на сурова нафта преку нафтовод е должен правила- та од ставот (1) на овој член, да ги изготви во согласност со техничките прописи од членот 247 став (2) од овој закон и да ги достави на одобрување до Министерството. Министер- ството ги одобрува правилата по претходно добиени мислења од министерствата од чле- нот 247 став (2) од овој закон, кои се должни во рок од 30 дена да ги достават мислењата до Министерството. Правила за работа на продуктовод Член 249 (1) Вршителот на дејност транспорт на нафтени деривати преку продуктовод е должен, по претходно одобрување од Министерството, да донесе правила за работа на продуктово- дот и да ги објави на својата веб-страница, со кои особено се уредуваат: 1. техничките услови за транспорт на нафтените деривати; 2. техничките услови за одржување и безбедно функционирање на продуктоводот; 3. начин на определување на видовите на инструменти за обезбедување на плаќање на услугите за пренос на нафтени деривати; 4. начинот на усогласување со корисниците на продуктоводот во случаи на планирани прекини; 253 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 5. содржината на плановите за развој и одржување на продуктоводот, како и начинот и постапката според која корисниците на продуктоводот ги доставуваат неопходните пода- тоци за изработување на плановите; 6. мерките и дејствијата што треба да се преземат во случај на хаварии; 7. начинот, условите и постапката за договорен пристап на трета страна до системот за транспорт на нафтените деривати; 8. функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на транспортираните количини на нафтените деривати и 9. другите услови неопходни за безбеден и сигурен транспорт. (2) Вршителот на дејност транспорт на нафтени деривати преку продуктовод е должен правилата од ставот (1) на овој член, да ги изготви во согласност со техничките прописи од членот 247 став (2) од овој закон. Правилата од ставот (1) на овој член, се доставуваат до Министерството заради одобрување. Министерството ги одобрува правилата по прет- ходно добиени мислења од министерствата од членот 247 став (2) од овој закон, кои се должни да ги достават мислењата до Министерството во рок од 30 дена. Пристап Член 250 (1) Вршителите на енергетските дејности транспорт на сурова нафта преку нафтовод, односно транспорт на нафтени деривати преку продуктовод, се должни да им овозможат договорен пристап на корисниците на нафтоводот, односно продуктоводот на недискри- мининаторен и транспарентен начин заради транспорт на сурова нафта, односно нафтени деривати, под услов да се исполнети техничките услови за пристап на трета страна утврде- ни во правилата од членовите 248 и 249 од овој закон. (2) Вршителот на енергетската дејност од ставот (1) на овој член и корисникот на наф- товодот, односно продуктоводот, по поднесено барање од корисникот, склучуваат договор за пристап со кој во согласност со правилата од членовите 248 и 249 од овој закон, особе- но се уредуваат: 1. податоците за точката на прием и точката на предавање; 2. динамиката на транспортот, квалитетот на суровата нафта, односно нафтениот дери- ват; 3. надоместокот за извршениот транспорт, како и видовите на инструментите за обезбе- дување на плаќањата; 4. начин за разрешување спорови и 5. договорни казни за недозволени отстапувања во однос на договорената количина и пропишан квалитет на транспортираната сурова нафта, односно нафтен дериват согласно со прописот од членот 257 од овој закон. (3) Вршителот на енергетската дејност од ставот (1) на овој член, е должен да обезбеди доверливост на деловните податоци кои корисникот на нафтоводот, односно продуктово- дот му ги доставува заради склучувањето на договорите од ставот (2) на овој член. (4) Вршителот на енергетската дејност од ставот (1) на овој член, може со решение да го одбие барањето за пристап поради: 1. недостаток на капацитет; 2. погонски пречки или преоптовареност на нафтоводот, односно продуктоводот; 3. загрозување на безбедноста или функционирањето на нафтоводот, односно продук- товодот; 4. несоодветен квалитет на суровата нафта, односно нафтениот дериват согласно со прописот од членот 257 став (1) од овој закон или 254 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 5. други услови предвидени во правилата од членовите 248 и 249 од овој закон. (5) Решението од ставот (4) на овој член, треба да биде детално образложено, а се доне- сува во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за пристап. (6) Против решението од ставот (4) на овој член, корисникот може да поднесе приговор до Регулаторната комисија за енергетика, согласно со правилата за постапување по приго- вори од членот 73 од овој закон. Надоместоци Член 251 (1) Министерот донесува методологија за определување на највисокиот износ на надо- местоците за извршениот транспорт преку нафтовод, односно продуктовод, заснована на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со која се обезбедува: 1. урамнотежување на интересите на вршителот на енергетската дејност-транспорт на сурова нафта преку нафтовод, односно транспорт на нафтени деривати преку продуктовод и корисниците на нафтоводот, односно продуктоводот, како и заштита на корисниците од каква било злоупотреба на доминантната позиција на пазарот; 2. надоместување на оправданите трошоци, поттикнување ефикасно работење, како и стекнување соодветен принос на капитал на вршителот на енергетската дејност транспорт на сурова нафта преку нафтовод, односно транспорт на нафтени деривати преку продукто- вод и 3. финансиски средства неопходни за инвестиции, со кои ќе се обезбеди одржливо и си- гурно функционирање и развој на нафтоводот, односно продуктоводот. (2) Вршителот на енергетската дејност транспорт на сурова нафта преку нафтовод, од- носно транспорт на нафтени деривати преку продуктовод, најдоцна до 31 октомври во те- ковната година доставува на одобрување до Владата одлука со надоместоци за услугите за вршење транспорт преку нафтовод, односно продуктовод, изработен врз основа на ме- тодологијата од ставот (1) на овој член за вршење транспорт преку нафтовод, односно продуктовод, кој се применува од наредната година. (3) Кон одлуката од ставот (2) на овој член, се доставува следнава документација: 1. финансиски извештаи со сите прилози во согласност со усвоените меѓународни стан- дарди за финансиско известување објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“, со извештај на овластен ревизор; 2. финансиско-сметководствени и техничко-економски и други податоци и информа- ции, вклучително и податоци за транспортирани количини на сурова нафта и/или нафтени деривати во претходните три години и 3. планови за инвестирање за наредните пет години, со опис и образложение за економ- ската и енергетската оправданост на секоја инвестиција одделно, како и податоци за сте- пенот на реализација на инвестициите до денот на доставување на предлог-одлуката за на- доместокот. (4) Владата, по претходно мислење од Министерството и Регулаторната комисија за енергетика, ја одобрува одлуката од ставот (2) на овој член. (5) Во постапката за одобрување на одлуката од ставот (2) на овој член, покрај доку- ментацијата од ставот (3) на овој член, Владата може да побара од вршителот на енергет- ската дејност да достави и други документи, информации и податоци од значење на одоб- рување на одлуката. (6) По исклучок од ставот (2) на овој член, за нафтовод за сурова нафта или продукто- вод што претходно не e користен за транспорт на сурова нафта односно нафтени деривати и кој планира да го започне својот прв оперативен период во тековната година или за 255 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година нафтовод за сурова нафта или продуктовод кој поради одржување, надградба или друга неоперативна состојба не вршел транспорт на сурова нафта односно нафтени деривати во тековната година и кој планира да започне со работа во тековната година, вршителот на енергетската дејност транспортот на сурова нафта преку нафтовод, односно транспорт на нафтени деривати преку продуктовод најдоцна два месеца пред датумот на отпочнување со работа, доставува на одобрување до Владата одлука со надоместоци за услугите за вршење транспорт преку нафтовод, односно продуктовод, изработена согласно методоло- гијата од ставот (1) на овој член. (7) По одобрување од Владата, одлуката од ставот (6) на овој член се применува од де- нот на започнување со примена во тековната година до крајот на наредната година. (8) По истекот на рокот на примена од ставот (7) на овој член вршителот на енергет- ската дејност транспорт на сурова нафта преку нафтовод, односно продуктовод при доста- вување на одобрување на одлуката со надоместоци за услугите за вршење транспорт пре- ку нафтовод, односно продуктовод за наредните години постапува согласно ставот (2) на овој член. Трговец Член 252 (1) Трговецот на големо со горива купува сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и/или горива за транспорт од производители, тргува со други трговци на големо со горива и ги снабдува трговците на мало со горива и потрошувачите. (2) Трговецот на големо со горива треба да има во сопственост или да има право на ко- ристење посебни објекти за складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и/или горива за транспорт. (3) Трговецот на големо со горива е должен во секое време да има оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт. (4) Трговецот на големо со горива, трговијата ја врши преку објекти за складирање на големо на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и/или горива за транспорт, кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис. (5) Министерот со правилник го пропишува нивото и начинот на пресметка на опера- тивните резерви од ставот (3) на овој член. (6) Во случај на потешкотии во снабдувањето и/или одредени технички проблеми, Вла- дата, на предлог на Министерството, со одлука може да му дозволи на трговецот користе- ње на оперативните резерви од ставот (3) на овој член. (7) Ако кај трговецот на големо настанат потешкотии во набавката и/или одредени тех- нички проблеми, трговецот на големо може да ги користи оперативните резерви од ставот (3) на овој член, со поднесување на образложено известување до Министерството и Регу- латорната комисија за енергетиката, притоа наведувајќи ги количините кои ќе ги користи и времето кога ќе бидат вратени во пропишаните количини согласно правилникот од ста- вот (5) на овој член, кое не може да биде подолго од 20 дена по истекот на времето кога оперативните резерви би биле користени. (8) Трговецот на мало со горива дејноста ја врши преку бензински станици или об- јекти, кои ги исполнуваат условите пропишани со закон или друг пропис. (9) Потрошувачите можат да набавуваат нафтени деривати, биогорива и горива за тран- спорт и од странство ако нафтените деривати или горивата за транспорт ги користат ис- клучиво за сопствена потрошувачка и доколку поседуваат соодветни складишни капаци- тети изградени согласно закон и подзаконски прописи, за што не е потребна лиценца за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт. 256 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Полнење и продажба на течен нафтен гас и компримиран гас Член 253 (1) Трговецот на големо со сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт може да полни и дистрибуира садови под притисок со течен нафтен гас, односно компримиран гас за еднократна или повеќекратна употреба, ако има во сопственост или има право на користење на полнилници за течен нафтен гас, односно компримиран гас, кои ги задово- луваат пропишаните услови и стандарди за изградба, одржување и безбедно функциони- рање. (2) Називот или дел од називот на трговецот од ставот (1) на овој член мора да биде ис- такнат на секој поединечен сад под притисок за течен нафтен гас и компримиран гас. Полнење и продажба на садови под притисок со течен нафтен гас Член 254 (1) Лиценцираниот вршител на дејност од членот 4 став (1) точка 25 од овој закон може да полни, продава и/или дистрибуира за трговија садови под притисок со течен нафтен гас, за еднократна или повеќекратна употреба, ако има во сопственост или има право на користење на полнилници за течен нафтен гас коишто ги задоволуваат пропишаните усло- ви и критериуми за изградба, одржување и безбедно функционирање. (2) Полнењето на боци и преносни резервоари со течен нафтен гас не се врши на бен- зинските станици од автоматите за снабдување на моторните возила или од складиште за течен нафтен гас од автоматите за преточување на течен нафтен гас. Објекти за складирање Член 255 (1) Објект за складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива или горива за транспорт претставува техничко-технолошка и функционална целина наменета за склади- рање, составена од резервоари и помошни постројки, кој треба да ги исполнува пропиша- ните услови за изградба, одржување, заштита од пожари, заштита на животна средина, ка- ко и условите за евидентирање на количините и потребниот капацитет. (2) Пресметката на зафатнината на резервоарите, во кои се складира суровата нафта, нафтените деривати, биогоривата или горивата за транспорт се врши со користење на таб- лици за одредување на зафатнината, изработени и издадени од Бирото за метрологија, на основа на меѓународно признати стандарди за пресметка на количество на нафта и нафте- ни деривати, усвоени во Република Северна Македонија. (3) Министерот со правилник ги пропишува условите за евидентирање на количините и потребниот капацитет на објектите од ставот (1) на овој член. Одредување на цени Член 256 Во согласност со прописот од членот 61 став (1) точка 3 од овој закон, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт. 257 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Квалитет Член 257 (1) Владата, на предлог на Министерството, донесува уредба за квалитетот на течните горива со која особено се уредува: 1. видот на течни горива што можат да се пласираат на пазарот како и нивните каракте- ристики; 2. начинот на утврдување на квалитетот на течните горива; 3. начинот и постапката за следење на квалитетот на течните горива и 4. барањата во однос на квалитетот на течните горива кои треба да ги обезбедат учесни- ците на пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт. (2) Квалитетот на нафтените деривати и горивата за транспорт се потврдува со изјава за сообразност што производителите, трговците на големо на дериватот или горивото за транспорт, трговци на мало со горива, како и потрошувачите кои набавуваат нафтени де- ривати, биогорива и горива за транспорт од странство ја обезбедуваат од правни лица ак- редитирани согласно со стандардот МКС ЕН ИСО/ИЕЦ 17020 врз основа на извештај за испитување на квалитетот на дериватот или горивото за транспорт од страна на лаборато- рии акредитирани согласно со стандардот МКС ЕН ИСО/ИЕЦ 17025. (3) Увоз и промет со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и/или горива за тран- спорт не може да се врши во Република Северна Македонија ако за тие производи не е из- дадена изјава за сообразност од ставот (2) на овој член. ДВАНАЕСЕТТИ ДЕЛ ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ Управување со енергетски објекти и опрема Член 258 (1) Корисникот на енергетскиот систем е должен да: 1. ги користи и управува своите енергетски објекти, уреди или инсталации во соглас- ност со овој и друг закон, други прописи и соодветните мрежни правила и да не ги загро- зува животот и здравјето на луѓето, животната средина и имотот; 2. ги отстрани во определениот рок недостатоците на неговите енергетски објекти, уре- ди или инсталации утврдени од Државниот инспекторат за енергетика, рударство и мине- рални суровини; 3. не врши приклучување на својот објект, уред или инсталација на енергетски систем, односно преку своите објекти, уреди или инсталации да не овозможува приклучување на друг корисник без претходна согласност на операторот на енергетскиот систем; 4. не врши манипулација со мерните уреди, 5. не ја попречува испораката на енергијата на другите корисници; 6. се придржува кон мерките пропишани во соодветната уредба од членот 45 од овој за- кон во случај на кризна состојба и 7. да ја плати испорачаната енергија на снабдувачот и услугите од операторите, во до- говорен рок. (2) За опремата за производство на електрична и/или топлинска енергија, вградена во новоизграден енергетски објект или вградена во постоечки градежен објект, инвеститорот, треба да има решение за ставање во употреба на опремата по прв пат, издадено од Држав- ниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини согласно со Законот за Државен инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини. 258 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Министерот донесува технички прописи за проектирање, изградба, ставање во упот- реба, функционирање и одржување на енергетски објекти, уреди и инсталации. Постапување со доверливи информации од страна на операторите Член 259 (1) Операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, гас, операторите на системите за дистрибуција на топлинска енергија, како и операторите на соодветните пазари на енергија се должни да ја чуваат доверливоста на деловно чувстви- телни информации добиени при извршувањето на дејноста и да спречат нивно обелодену- вање. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, објавувањето или обелоденувањето на ин- формации кои не се од доверлива природа, а можат да донесат предности или придобивки за кое било друго лице или учесник на пазарот, соодветниот операторот ги објавува на не- дискриминаторен начин. (3) Министерството, Регулаторната комисија за енергетика или друг надлежен државен орган, може да побара од операторот од ставот (1) на овој член, да овозможи пристап до деловно чувствителните информации што ќе ги користи исклучиво за сопствени потреби и истите се должни да обезбедат доверливост и заштита од обелоденување на добиените информации согласно закон со кој се уредува заштитата на лични податоци. (4) Операторите од ставот (1) на овој член, се должни, на својата веб- страница или на друг начин, да ги направат јавно достапни информациите потребни за безбедно и ефикас- но работење на соодветниот систем, односно за делотворна конкуренција и ефикасно фун- кционирање на пазарите. Размена на податоци меѓу вршители на енергетски дејности Член 260 (1) Корисникот на системот е должен на операторот на системот кој го користи, како и на снабдувачите и трговците со енергија да им ги обезбеди своите податоци за контакт (име и презиме / назив на корисникот, адреса/седиште, телефон, електронска пошта, мати- чен/даночен број и број на документ за идентификација). (2) Вршителите на енергетските дејности од ставот (1) на овој член, заради остварување на обврските кои произлегуваат од овој закон и прописите и правилата донесени врз осно- ва на овој закон, се должни да водат евиденција на корисниците на системот која ги сод- ржи податоците од ставот (1) на овој член и имаат право податоците да ги обработуваат, ажурираат и разменуваат меѓу себе, како и да ги доставуваат на барање на државните ор- гани и судовите. (3) Податоците на корисниците од ставот (1) на овој член, можат да се користат исклу- чиво за: 1. уредување на договорни односи (приклучување на системи за енергија или гас, испо- рака на енергија или гас и слично); 2. наплата на побарувања; 3. спроведување на судски или управни постапки и 4. комуникација со корисниците заради исполнување на обврските од овој закон и про- писите донесени врз основа на овој закон. (4) Вршителите на енергетските дејности од ставот (1) на овој член, се должни со пода- тоците да постапуваат во согласност со законот со кој се уредува заштитата на личните податоци. 259 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) По престанување на договорните односи, податоците за корисниците од ставот (1) на овој член, се чуваат за период од три години од денот на издавање на последната сметка, односно фактура на корисниците за обезбедените услуги согласно со овој закон. (6) Корисниците на системот се должни во рок од 30 дена од настаната промена на по- датоците од ставот (1) на овој член, да ги информираат вршителите на енергетските деј- ности од ставот (1) на овој член, за промената на податоците. Надоместок на штета Член 261 (1) Операторот на соодветниот систем за пренос или дистрибуција на енергија има пра- во на надоместување на штетата што настанала како резултат на неовластено преземена енергија или нерегистрирани количини на енергија заради неовластена манипулација со мерните уреди. (2) Постапката за утврдување на причините за настанатата штета, како и начинот на пресметка на штетата и надоместокот што корисникот треба да го плати, се утврдуваат со соодветните мрежни правила. (3) Корисниците на системите за пренос или дистрибуција на енергија имаат право на надоместување на штетата настаната поради намалена испорака или прекин во испораката на енергијата од страна на операторот на соодветниот систем. Користење на водови од оператор на јавни електронски комуникациски услуги Член 262 (1) Операторите на електропреносниот и електродистрибутивниот систем можат да ги дадат на користење постојните електроенергетски водови на оператор кој обезбедува јав- ни електронски комуникациски услуги за пренос на комуникациски сигнали, радиодифуз- ни мрежи и кабелски телевизиски мрежи, независно од видот на информациите што се пренесуваат, за што склучуваат соодветни договори, под услов да не се наруши преносот и дистрибуцијата на електричната енергија и корисникот да не ги користи електроенергет- ски водови за вршење на електроенергетски дејности. (2) Операторот кој обезбедува јавни електронски комуникациски услуги за пренос на комуникациски сигнали, радиодифузни мрежи и кабелски телевизиски мрежи ако е пот- ребно да обезбеди електрична енергија за опремата поставена на инфраструктурата на енергетските оператори, треба да има и решение за приклучување на системот во соглас- ност со соодветните мрежни правила. Ракувачи на енергетски уреди и постројки Член 263 (1) Ракувач на одделни видови на енергетски уреди и постројки е лице со соодветно стручно образование во областа за видот на ракувач, со практично работно искуство на соодветни енергетски уреди и постројки под надзор по завршување на стручното образо- вание, и со положен стручен испит за ракувач на енергетски уреди и постројки (во ната- мошниот текст: испит). (2) Право на полагање на испит стекнуваат ракувачите на одделни видови на енергет- ски уреди и постројки, ако ги исполнуваат следниве услови за: 1. ракување со парни турбини: 260 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1.1. над 10 MW, средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки и 1.2. до 10 MW , средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рам- ка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и девет месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки под надзор; 2. ракување со гасни турбини кои служат за производство на електрична енергија, сред- но стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки; 3. ракување со хидротурбини кои служат за производство на електрична енергија, сред- но стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки; 4. ракување со котларници со АТК (автоматска термичка команда) инсталирана моќ- ност: 4.1. над 20 MW , средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки; 4.2. до 20 MW , средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рам- ка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки и 4.3. до 5 MW , со стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квали- фикација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки; 5. ракување со котли: 5.1. со механизирано палење, средно стручно техничко образование од IV ниво од Ма- кедонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 ме- сеци работа под надзор на ракување со котловски постројки и 5.2. со рачно палење, со стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки; 6. ракување со парни клипни машини, со стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со парни клипни машини; 7. ракување со мотори со внатрешно согорување во вкупна моќност: 7.1. над 200 KW, стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квали- фикација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со мотори и 7.2. до 200 KW, со стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна ква- лификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со мотори; 8. ракување со компресори и разладни постројки: 8.1. со вкупна моќност над 200 KW, со средно стручно техничко образование од IV ни- во од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро, машинска или хе- миско-технолошка струка и 12 месеци под надзор со компресори и разладни постројки и 261 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 8.2. со вкупна моќност до 200 KW , со средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро, машинска или хемиско- технолошка струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со компресори и разладни постројки; 9. ракување со црпни станици: 9.1. со вкупна моќност над 200 KW, средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со црпни станици и 9.2. со вкупна моќност до 100 KW , со стручно оспособување од двегодишно траење од- носно стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енер- гетска, електро, машинска или хемиско-технолошка струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со црпни станици; 10. ракување со генератори на гас, со стручно оспособување од двегодишно траење од- носно стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од елек- тро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со генераторите на гас; 11. ракување со котли за централно греење: 11.1. со инсталирана моќност над 1 MW работен притисок 0,5 бара,температура до 110° C на излезната вода, средно стручно техничко образование од IV ниво од Македон- ската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци ра- бота под надзор на ракување со котли и 11.2. со инсталирана моќност од преку 0,2 MW до 1 MW работен притисок од 0,5 бара, температура од 110° C на излезната вода, со стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка, 12 месеци работа под надзор, од кои шест месе- ци на ракување со котли или завршено основно училиште и 18 месеци работа под надзор, од кои шест месеци ракување; 12. ракување со климатизација, со стручно оспособување од двегодишно траење однос- но стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергет- ска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со клима- тизацијата; 13. ракување со уредите за подготвување на напојна, котловска и разладна вода преку 15м3 (метри кубни) на час, со стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од хемиско технолошка или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со уреди- те за подготвување на напојната котловската и разладната вода; 14. ракување со уредите за полнење и манипулација со технички гасови, со стручно ос- пособување од двегодишно траење односно стручна квалификација од II ниво од Маке- донската рамка на квалификации од електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор или завршено основно училиште и 12 месеци работа под надзор; 15. ракување со садови под притисок од прва и втора класа, со стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квалификација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување за работниците со енергетска струка, односно 12 месеци за работни- ците со електро или машинска струка; 16. ракување со трафостаници и разводни електропостројки средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од електро или енергет- ска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со трафостаници и разводни елек- тропостројки; 262 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 17. ракување со диспечерски центри и електрокоманди, со завршен електротехнички факултет, електроенергетика и со стекнати најмалку 240 ЕКТС или VII/1 степен односно VIA ниво од Македонската рамка на квалификации и 12 месеци работа под надзор на ра- кување со диспечерски центри и електрокоманди; 18. ракување со енергетскиот блок за производство на електрична енергија, средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со енергетскиот блок; 19. ракување со уредите за сушење: 19.1. над 500 kW, средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со уредите за сушење и 19.2. до 500 kW, стручно оспособување од двегодишно траење односно стручна квали- фикација од II ниво од Македонската рамка на квалификации од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со уредите за сушење; 20. ракување со технолошки печки со ефект над 0,5 MW што се палат со течно и гасно гориво, средно стручно техничко образование од IV ниво од Македонската рамка на ква- лификации од енергетика, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со технолошките печки и 21. ракување со диспечерски центри во секторот за гас од: 21.1. диспечери кои вршат мониторинг на системот за пренос, со средно образование од III и/или IV ниво од Македонската рамка на квалификации и 12 месеци работа под над- зор за следење на работењето на Системот за пренос на природен гас и 21.2.технички диспечери, кои вршат ракување со електрокоманди, со завршен електро- технички или машински факултет и со стекнати најмалку 240 ЕКТС или VII/1 степен од- носно VIA ниво од Македонската рамка на квалификации и 12 месеци работа под надзор за следење на работењето на системот за пренос на природен гас и ракување со диспечер- ски центри и електрокоманди. (3) Испитот се состои од два дела и тоа: - писмен дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот и - устен дел (практична работа), со кој се проверува способноста на кандидатот за раку- вање на соодветни енергетски уреди и постројки за кои се пријавил за полагање. (4) Испитот се полага во мартовска, мајска, септемвриска и декемвриска испитна се- сија. (5) Kандидатот го пријавува учеството на испитна сесија од ставот (4) на овој член од 1 до 15 ден од месецот кој претходи на месецот во кој се одржува испитна сесија. (6) Писмениот дел од испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија и избрано од Министерството во постапка согласно со Законот за јавните набавки. (7) Усниот дел од испитот со практична работа го спроведува Комисија која ја формира и разрешува министерот. Комисијата во зависност од видот и карактеристиките на енер- гетските уреди и постројки се состои од најмалку пет, а најмногу девет членови, од редот на вработените во Министерството, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и надворешни стручни лица, со завршено високо образование од об- ласта на инженерство и технологија. На членовите на комисијата им следува паричен на- доместок за извршената работа, кој на годишно ниво не го надминува нивото на три про- сечни месечни нето-плати исплатени во Република Северна Македонија за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика. 263 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (8) За полагање на испитот, ракувачите со енергетски уреди и постројки плаќаат надо- месток што го определува министерот, кој не може да биде поголем од 15% од просечната месечна нето - плата исплатена во Република Северна Македонија во претходната кален- дарска година. (9) Надоместокот за полагање на испитот се уплатува на сметката на сопствени прихо- ди на Министерството. (10) На кандидатот кој го положил испитот, министерот на предлог на комисијата од ставот (7) на овој член, му издава уверение за положен стручен испит за ракување со одде- лен вид на енергетски уреди и постројки. (11) За лицето кое ракува со диспечерски центри и електрокоманди во операторот на електропреносниот систем и ги исполнува условите од ставот (2) точка 17 на овој член, обуката, полагањето на испитот и сертифицирањето се врши согласно со мрежните прави- ла и придружните документи на ENTSO-E. (12) За спроведениот испит се води записник, а за сите спроведените испити еви- денција, од страна на Министерството. (13) Министерот поблиску ги пропишува: 1. програмата за испитот; 2. начинот на бодирање на писмениот и усниот дел од испитот; 3. начинот на изработување и ревидирање на прашањата од испитот; 4. начинот на користење на електронскиот систем за полагање на писмениот дел од ис- питот; 5. техничките услови за просторијата во која се полага писмениот дел од испитот; 6. условите за прекин и продолжување на полагањето на испитот; 7. содржината, начинот и рокот на изработка на записникот и извештајот од полагање на испитот; 8. формата и содржината на уверението за положен испит и 9. содржината и начинот на водење на евиденцијата за спроведени испити, како и роко- вите за нејзино чување. Квалитет на испорака и снабдување со електрична енергија Член 264 (1) Регулаторната комисија за енергетика донесува правилник за следење на техничките и деловните показатели и за регулирање на квалитетот на испораката и снабдувањето со електрична енергија со кој се уредуваат: 1. индикаторите за техничкиот и комерцијалниот квалитет на испораката и комерцијал- ниот квалитет на снабдувањето со електрична енергија; 2. начинот на утврдување на потребните вредности на индикаторите за следење на ква- литетот на испорака и снабдување со енергија и начинот на евидентирање на податоците и пресметката на индикаторите; 3. начинот и роковите за доставување на податоци и извештаи до Регулаторна комисија за енергетика и 4. начинот за определување на износот на надоместокот кој му се исплатува на крајни- от потрошувач врз основа на утврдениот степен на отстапување од пропишаниот квалитет за испорака на електрична енергија. (2) Регулаторната комисија за енергетика ги зема предвид остварените вредности на ин- дикаторите за квалитетот на испорака на електрична енергија при одобрување на планови- те за развој и потребните средства за инвестиции на соодветните мрежни оператори. 264 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Во прописите и методологиите од членот 54 став (1) од овој закон, се утврдува и на- чинот на утврдување на максималниот износ на стимулации, односно намалување на одобрениот максимален приход, во зависност од насоката и степенот на отстапување од бараните вредности на индикаторите за квалитет на испорака. Контрола на квалитетот на електричната енергија Член 265 (1) Министерот со правилник за контрола на квалитетот на електричната енергија го пропишува начинот на мерењата на квалитетот на електричната енергија испорачана пре- ку електропреносниот систем или електродистрибутивните системи. (2) По барање на корисник на електропреносниот или електродистрибутивниот систем, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини или инспекциско тело акредитирано според Законот за акредитација врши мерење на квалитетот на испора- чаната електрична енергија во услови на нормален режим на работа на соодветниот сис- тем. (3) Потрошувачот на електрична енергија доставува барање за мерење на квалитетот на испорачаната електрична енергија до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини преку неговиот снабдувач или трговец или склучува договор со акре- дитирано инспекциско тело. (4) Министерот го утврдува надоместокот за мерењата на квалитетот на електричната енергија што ги врши Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални су- ровини, во зависност од видот на мрежата и посебните барања за мерењата на квалитетот. (5) Надоместокот за мерењата на квалитетот на електричната енергија што ги врши ак- редитирано инспекциско тело се определува со договорот од ставот (3) на овој член. (6) Ако резултатите од извршените мерења се во согласност со квалитетот пропишан со мрежните правила за пренос или дистрибуција на електрична енергија, надоместокот за извршените мерења го плаќа корисникот. (7) Ако резултатите од извршените мерења направени од Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини или од акредитираното инспекциско тело не се во согласност со квалитетот пропишан со мрежните правила за пренос или дистрибуци- ја на електрична енергија, операторот на соодветниот систем го плаќа надоместокот за из- вршените мерења, кој не може да биде повисок од надоместокот утврден во согласност со ставот (4) на овој член или во договорот од ставот (5) на овој член. (8) Операторите на електропреносниот и електродистрибутивниот систем вршат кон- трола на квалитетот на електричната енергија и проверка дали корисниците на соодветни- от систем го користат системот според условите и критериумите пропишани во соодвет- ните мрежни правила. (9) Директорот на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суро- вини, најдоцна до 31 декември, донесува план за мерење на квалитетот со електрична енергија, со опфат на мерни точки и динамика за спроведување на мерењата за следната календарска година. (10) Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, најдоцна до 15 март, доставува извештај до Министерството и до Регулаторната комисија за енерге- тика за реализацијата на планот од ставот (9) на овој член, за претходната календарска го- дина. 265 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Заштита на деловни информации Член 266 (1) Вршителите на енергетски дејности се должни да обезбедат и да гарантираат довер- ливост на деловните податоци и информации што ги добиваат од корисниците при врше- њето на дејноста во согласност со закон, освен за информации: 1. што се достапни за јавноста; 2. за кои постои писмена согласност за обелоденување од корисникот и 3. кои вршителот на енергетската дејност е должен да ги обезбеди согласно со об- врските утврдени во лиценцата, одлука на надлежен суд или на барање на државен орган. (2) Вршителите на енергетските дејности не смеат да ги злоупотребуваат деловните тај- ни и информации што се добиени при вршење на дејноста заради стекнување на деловна корист за себе и/или за трети лица. Забрана за изведување работи покрај енергетски објекти Член 267 (1) Изградба и изведување на други работи, засадување на растенија и дрвја на земјиш- те под, над и покрај енергетските објекти, уреди и постројки не е дозволено доколку со из- ведувањето на работите се нарушува процесот на производството, пренесување и дистри- буција на енергија или се загрозува безбедноста на луѓето и имотот. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, ако изведувањето на работите е неопходно за остварување на јавен интерес, вршителот на енергетската дејност по барање на изведу- вачот на работите, е должен да даде писмена согласност за изведување на работите во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, во која ги определува и потребните заштитни мерки за објектите, уредите и постројките. (3) Преземање на заштитните мерки определени во согласноста од ставот (2) на овој член, е на трошок на изведувачот на работите. Обврска за обезбедување привремен премин преку земјиште Член 268 (1) Сопственикот, односно корисникот на земјиште е должен да дозволи привремен премин преку земјиштето за вршење премер, снимање, проектирање и изведување на ра- боти на одржување и реконструкција на енергетски објекти. (2) Сопственикот, односно корисникот на земјиштето има право на надоместок за ште- тата настаната со работите од ставот (1) на овој член. (3) Ако мерниот уред се наоѓа на имотот од корисникот на системот, корисникот е дол- жен да му овозможи на овластеното лице на операторот на системот право на пристап до секој дел од неговиот имот или објект каде што се наоѓа мерниот уред, заради: 1. читање на мерните уреди; 2. контрола, вградување, надзор, замена или одржување на опремата на мерното место; 3. исклучување на корисникот од системот кога постапува спротивно на условите за ко- ристење на системот пропишани во соодветните мрежни правила и 4. исклучување на потрошувачот, на барање на снабдувачот, во согласност со одредби- те од соодветните правилата за снабдување. 266 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Стечај над вршител на енергетска дејност со обврска за обезбедување на јавна услуга Член 269 (1) Кога вршителот на енергетска дејност, кој има обврска за обезбедување на јавна ус- луга, бара отворање на стечајна постапка со лично управување, должен е пред доставува- ње на барањето за отворање на стечајна постапка, планот за лично управување да го дос- тави на мислење до Регулаторната комисија за енергетика. (2) Регулаторната комисија за енергетика, во рок од 30 дена од денот на приемот на планот од став (1) на овој член, го доставува мислењето по планот до вршителот на енер- гетската дејност, во кое покрај обврските утврдени во лиценцата, може да определи и дру- ги обврски за вршителот на енергетската дејност при спроведување на планот за лично уп- равување. (3) Стечајниот судија до Регулаторната комисија за енергетика веднаш го доставува ре- шението за отворање на стечајна постапка. (4) Регулаторната комисија за енергетика во рок од седум дена од приемот на решение- то од ставот (3) на овој член, по службена должност врши прибележување на отворената стечајна постапка во лиценцата за вршење на енергетска дејност . (5) Ако на вршителот на енергетска дејност од ставот (1) на овој член, е отворена сте- чајна постапка по барање на доверител: 1. стечајниот судија веднаш го доставува решението за отворање на стечајна постапка до Регулаторната комисија за енергетика; 2. стечајниот управник, во рок од три дена од денот на донесувањето на одлуките од стечајниот судија, стечајниот управник, одборот и/или собранието на доверители, ги дос- тавува до Регулаторната комисија за енергетика и

  12. 3. Регулаторната комисија за енергетика во рок од седум дена од приемот на решението од точка 1 на овој став, по службена должност врши прибележување на отворената стечај- на постапка во лиценцата за вршење на енергетска дејност на друштвото. (6) Стечајниот управник е должен да обезбеди друштвото во стечај непречено да ја врши енергетската дејност од ставот (1) на овој член, до донесувањето на одлука од страна на собранието на доверители. (7) Ако во стечајната постапка се донесе одлука за реорганизација на друштвото, сте- чајниот судија веднаш го доставува планот за реорганизација до Регулаторната комисија за енергетика. (8) Регулаторната комисија за енергетика, во рок од 30 дена од денот на приемот на планот за реорганизација од ставот (7) на овој член, го доставува до стечајниот судија и собранието на доверители мислењето по планот за реорганизација на друштвото. (9) По одобрувањето на планот за реорганизација и ако мислењето за планот за реорга- низација од Регулаторната комисија за енергетика е позитивно, Регулаторната комисија за енергетика во рок од седум дена од денот на добивањето на известувањето од стечајниот управник за одобрување на планот за реорганизација, донесува одлука за пренос на ли- ценцата за вршење на енергетска дејност на субјектот којшто го спроведува планот за ре- организација на друштвото. 267 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година ТРИНАЕСЕТТИ ДЕЛ НАДЗОР Органи кои вршат надзор Член 270 (1) Министерството врши надзор над спроведувањето на овој закон и прописите доне- сени врз основа на овој закон, освен над прописите и правилата донесени или одобрени од Регулаторната комисија за енергетика. (2) Министерството врши надзор над законитоста на работата на единиците на локална- та самоуправа во согласност со овој закон. (3) Регулаторната комисија за енергетика врши надзор над работењето на вршителите на регулирани енергетски дејности, како и на вршителите на енергетски дејности на коиш- то им е наметната обврска за обезбедување на универзална, односно јавна услуга, во сог- ласност со овој закон. (4) Регулаторната комисија за енергетика врши надзор над спроведувањето на одредби- те од овој закон што се однесуваат на обврските за сопственичко раздвојување на операто- рите на системите и пристапот на трета страна и приклучувањето на корисниците на соод- ветните системи. (5) Регулаторната комисија за енергетика врши надзор над спроведувањето на одред- бите од овој закон што се однесуваат на обезбедување на интегритет и транспарентност, односно забраната за тргување засновано на внатрешни информации и забраната за мани- пулација на пазар и/или обид за манипулација на пазарите на енергетски производи на го- лемо. (6) Регулаторната комисија за енергетика врши надзор над работењето на носителите на лиценци во однос на исполнување на нивните обврски утврдени во издадените лиценци. (7) Вршењето на надзорот од овој член се заснова на начелото на законитост, одговор- ност и самостојност во остварувањето на надлежностите утврдени со овој и друг закон. Постапување по утврдени неправилности и недостатоци Член 271 (1) Ако при вршењето на надзорот од членот 270 од овој закон, се утврдат неправил- ности, органот што го врши надзорот е должен да ги извести лицата кај кои е извршен надзорот за утврдените неправилности и недостатоци и доколку е можно им определува рок за нивно отстранување. (2) Ако лицата кај кои е извршен надзор не ги отстранат констатираните неправилности и недостатоци во утврдениот рок, органот што го врши надзорот презема мерки за нивно отстранување, кој е на трошок на субјектот на надзорот. (3) Во случај кога констатираните неправилности и недостатоци можат да предизвикаат штетни последици, непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето или финансиска штета или штета по имотот од поголема вредност или загрозување на животната средина или загрозување на јавниот интерес или работењето на органот што го врши надзорот, ор- ганот за тоа веднаш ја известува Владата, а по потреба и други органи и предлага мерки за нивно отстранување согласно закон. 268 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) Кога утврдените неправилности и недостатоци се констатирани при вршењето на надзор од страна на Регулаторната комисија за енергетика во случаите од членот 270 ста- вови (1),(3), (4), (5) и (6) од овој закон, а не се отстранети во рокот определен со известува- њето од ставот (1) на овој член или нивното отстранување не е можно, Регулаторната ко- мисија за енергетика започнува постапка за суспендирање, односно одземање на лиценца- та и/или поднесува барање за поведување на прекршочна постапка во согласност со од- редбите од овој закон. Предмет на надзор и мерки над единиците на локалната самоуправа Член 272 (1) При вршењето на надзорот од членот 270 став (2) од овој закон, Министерството: 1. ја следи законитоста на работата на советот и градоначалникот на единицата на ло- калната самоуправа, презема мерки и активности и поднесува иницијативи за остварување на нивната надлежност во согласност со закон; 2. оценува дали органите на единицата на локалната самоуправа обезбедуваат работите од нивна надлежност да се извршуваат во согласност со постапките утврдени со овој за- кон; 3. им укажува на советот и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа за пречекорување на нивната надлежност утврдена со закон и друг пропис и им предлага со- одветни мерки за надминување на ваквата состојба; 4. укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на со- ветот и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа кои би можеле да го оне- возможат вршењето на работите од јавен интерес од локално значење; 5. дава препораки за доследно спроведување на надлежностите на советот и градона- чалникот на единицата на локалната самоуправа утврдени со овој закон, на нивно барање; 6. го следи навременото донесување на актите утврдени со овој закон од страна на сове- тот и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа; 7. поднесува иницијативи и предлози до советот и градоначалникот на единицата на ло- калната самоуправа, ако констатира неспроведување на законот како резултат на судир на надлежности меѓу органите на општината; 8. ја следи законитоста на решенијата што градоначалникот ги донесува во решавање на управните работи за права, обврски и интереси на физичките и правните лица донесени врз основа на овој и друг закон и презема мерки за кои е овластен со закон и 9. навремено ги известува органите на единицата на локалната самоуправа за констати- раните состојби во нивната работа и за преземените мерки при вршењето на надзорот. (2) За преземените мерки и активности од ставот (1) на овој член, Министерството го информира советот и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа. (3) Ако и покрај укажувањата и преземените мерки и активности, советот и градоначал- никот на единицата на локалната самоуправа не го обезбедат извршувањето на работите од ставот (1) на овој член, по сила на закон им се ограничува или одзема вршењето на со- одветната надлежност. (4) Во случајот од ставот (3) на овој член, Министерството ги презема и врши одземе- ните надлежности на советот и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа во име и за сметка на единицата на локалната самоуправа, но не повеќе од една година од денот на нивното преземање. 269 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Надзор од страна на Регулаторната комисија за енергетика Член 273 (1) Регулаторната комисија за енергетика врши надзор согласно со годишниот план за вршење на надзор кој го донесува најдоцна до 31 декември во годината за наредната го- дина, а може да врши и вонреден надзор. (2) Надзорот го вршат овластени лица вработени во Регулаторната комисија за енерге- тика. (3) Лицето врз кое се врши надзорот е должно на овластените лица да им овозможи непречено вршење на надзорот, а особено да подготви и да стави на увид точни и целосни податоци, извештаи, исправи, материјали или други документи кои се неопходни за из- вршување на надзорот, да даде усни информации во форма на изјави или одговори, да овозможи пристап до просториите, постројките, енергетските производи, документите или кое било друго средство во врска со предметот на надзорот. (4) Покрај спроведувањето на надзорот на начин утврден со овој член, Регулаторната комисија за енергетика го врши надзорот над учесниците на пазарите на енергија на голе- мо со енергетски производи од членот 56 од овој закон преку истражување кое опфаќа ис- питување и проверување на недозволените дејства од членот 56 од овој закон. (5) Регулаторната комисија за енергетика донесува правилник за вршење на надзор, со кој поблиску се пропишува подготовката и спроведувањето на надзорот. Предмет на инспекциски надзор Член 274 (1) Инспекциски надзор врз спроведувањето на овој закон вршат Државниот инспекто- рат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат. (2) Инспекцискиот надзор опфаќа надзор над спроведувањето на одредбите од овој и друг закон, прописи, правила, стандарди, технички спецификации и норми за квалитет што се однесуваат на вршење на енергетските дејности од страна на вршителите на енер- гетските дејности, корисниците на енергетските системи и потрошувачите. (3) Во вршењето на инспекцискиот надзор, инспекциските служби од ставот (1) на овој член, за одделни работи од инспекцискиот надзор можат да користат услуги од стручни лица од други тела и установи, односно други правни лица, ако за нивното извршување е потребна посебна стручност или опрема. (4) Инспекциските органи кои вршат инспекциски надзор над работењето на вршители- те на енергетските дејности за кои е потребна лиценца, на барање од Регулаторната коми- сија за енергетика се должни веднаш да и ги достават сите информации кои се од значење за издавање или одземање на лиценца, вклучувајќи и информации за тековното работење на носителот на лиценца. Вршење на инспекциски надзор Член 275 (1) Во постапката за инспекциски надзор инспекциските служби од членот 274 став (1) од овој закон ги применуваат одредбите од законот со кој се уредува инспекцискиот над- зор, доколку со овој или друг закон поинаку не е уредено. (2) По иницијатива на оператор на систем за дистрибуција на енергија, а во врска со примената на член 164 став (5), член 218 став (4) и член 241 став (3) од овој закон, инспек- циските служби од членот 274 ставот (1) на овој закон ќе извршат вонреден инспекциски надзор во согласност со законот со кој се уредува инспекцискиот надзор. 270 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Вршителите на енергетските дејности, корисниците на енергетските системи и пот- рошувачите се должни да постапат по барањето, односно наредбата од инспекциските ор- гани од членот 274 од овој закон, а особено: 1. да овозможат непречено вршење на инспекцискиот надзор; 2. да стават на увид исправи и податоци кои се потребни за вршење на надзорот; 3. да овозможат во определен рок пристап до просториите, производите, документите или кое било друго средство кое е предмет на инспекцискиот надзор; 4. по писмено барање на инспекцискиот орган да го прекинат работењето за време на инспекцискиот надзор, ако тоа е потребно за вршење на надзорот и утврдување на фактич- ката состојба и 5. по писмено барање на инспекцискиот орган, во рок определен со барањето, на инспекторот да му достават или подготват точни и целосни податоци, извештаи, материја- ли или други документи кои се неопходни за извршување на инспекцискиот надзор. Постапување на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини Член 276 (1) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор инспектор од надлежниот Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини утврди дека не се применува- ат или несоодветно се применуваат одредбите од овој и друг закон, други прописи, пра- вила, стандарди, технички спецификации и норми за квалитет донесува решение со кое изрекува опомена во кое определува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците утврдени со записник. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, во случај кога инспекторот оцени дека ут- врдените неправилности и недостатоци можат да предизвикаат или предизвикуваат непос- редна опасност по животот и здравјето на луѓето или финансиска штета или штета по имо- тот од поголема вредност или загрозување на животната средина или загрозување на јав- ниот интерес, донесува решение со кое: 1. ја забранува употребата на објектот, постројката, уредот или инсталацијата или 2. ја забранува изградбата, односно поставувањето на објектот, постројката, уредот или инсталацијата. (3) Ако по истекот на рокот определен при изрекувањето на опомената од ставот (1) на овој член, инспекторот утврди дека неправилностите и недостатоците сe уште не се от- странети, донесува решение со кое изрекува инспекциска мерка од ставот (2) на овој член. (4) За донесеното решение од ставовите (2) и (3) на овој член, кое се однесува на носи- тел на лиценца за вршење на енергетска дејност инспекторот е должен да ја извести Регу- латорната комисија за енергетика. (5) Ако вршителот на енергетска дејност не постапи согласно со решението од ставови- те (2) и (3) на овој член, инспекторот од Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини поднесува барање за поведување на прекршочна постапка. (6) Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини воспоста- вува и води евиденција на изречени опомени од ставот (1) на овој член. (7) Против решението на инспекторот од надлежниот Државен инспекторат за енерге- тика, рударство и минерални суровини, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од де- нот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во уп- равна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор. 271 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Постапување на Државниот пазарен инспекторат Член 277 (1) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, надлежниот инспектор при Државниот пазарен инспекторат утврди дека не се применуваат или несоодветно се применуваат пра- вилата со кои се уредува снабдувањето на потрошувачите со енергија или учесниците на пазарот на течните горива не се придржуваат кон обврските утврдени со прописот од чле- нот 257 став (1) од овој закон, донесува решение со кое изрекува опомена во кое опреде- лува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците утврдени со записник. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, во случај кога инспекторот оцени дека ут- врдените неправилности и недостатоци можат да предизвикаат или предизвикуваат непос- редна опасност по животот и здравјето на луѓето или финансиска штета или штета по имо- тот од поголема вредност или загрозување на животната средина или загрозување на јав- ниот интерес, донесува решение со кое наредува да се повлечат од промет течните горива чијшто квалитет не одговара на пропишаниот. (3) Ако по истекот на рокот определен при изрекувањето на опомената од ставот (1) на овој член, инспекторот утврди дека неправилностите и недостатоците сe уште не се от- странети, донесува решение со кое изрекува инспекциска мерка од ставот (2) на овој член. (4) За донесеното решение од ставовите (2) и (3) на овој член кое се однесува на носи- тел на лиценца за вршење на енергетска дејност инспекторот е должен да ја извести Регу- латорната комисија за енергетика. (5) Ако вршителот на енергетска дејност не постапи согласно со решението од ставови- те (2) и (3) на овој член, инспекторот од надлежниот пазарен инспекторат поднесува бара- ње за поведување на прекршочна постапка. (6) Државниот пазарен инспекторат воспоставува и води евиденција на изречени опо- мени од ставот (1) на овој член. (7) Против решението на инспекторот од надлежниот Државен пазарен инспекторат, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до Државна- та комисија за одлучување во втор степен во управна постапка, постапка од работен од- нос и инспекциски надзор. ЧЕТИРИНАЕСЕТТИ ДЕЛ ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 278 (1) Поведување на прекршочна постапка за прекршоци утврдени во овој закон можат да побараат органите кои со овој закон се задолжени да вршат надзор. (2) За прекршоците од членовите 282, 283, 284, 285, 286, 287, 288, 289, 290, 291, 293, 294 и 295 како и од членовите 281 и 292 од овој закон за кои е предвидена глоба во износ над 1.000 евра во денарска противвредност за правно лице, над 500 евра во денарска про- тиввредност за одговорното лице во правното лице и над 250 евра во денарска про- тиввредност за физичко лице од овој закон надлежните органи од ставот (1) на овој член, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. (3) На постапките од ставот (1) од овој член, соодветно се применуваат одредбите од Законот за прекршоците. 272 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Член 279 (1) Министерството води прекршочната постапка и изрекува прекршочни санкции за прекршоците од членовите 281 и 292 од овој закон. (2) За водење на прекршочната постапка и изрекување на прекршочна санкција за прек- ршоците од ставот (1) на овој член, за кои е предвидена глоба во износ до 1.000 евра во де- нарска противвредност за правно лице, 500 евра во денарска противвредност за одговор- ното лице во правното лице и 250 евра во денарска противвредност за физичко лице, ми- нистерот со решение формира комисија за одлучување по прекршок (во натамошниот текст: прекршочна комисија), составена од три члена од редот на лицата вработени во ми- нистерството и тоа: 1. еден член дипломиран правник, со положен правосуден испит и со пет години ра- ботно искуство во својата област, кој е претседател на прекршочната комисија; 2. еден член со висока стручна подготовка од областа на техничките науки со пет годи- ни работно искуство во својата област и 3. еден член со висока стручна подготовка од областа на економските науки со пет го- дини работно искуство во својата област. (3) Прекршочната комисија се избира за период од три години со право на повторен из- бор на членовите. (4) Министерот на предлог на претседателот на прекршочната комисија може да донесе решение за разрешување на член на прекршочната комисија во следниве случаи: 1. со истекот на времето за кое е именуван за член; 2. по негово барање; 3. со исполнување на условите за старосна пензија согласно со закон; 4. ако му се утврди трајна неспособност за учество во работата на прекршочната коми- сија; 5. ако со правосилна судска одлука се утврди прекршување на прописите за водење на прекршочната постапка; 6. ако не ги исполнува обврските кои произлегуваат од работењето во прекршочната комисија и 7. ако непријавил постоење на конфликт на интереси за случај за кој решава Прекр- шочната комисија. (5) Прекршочната комисија за својата работа донесува деловник кој го одобрува ми- нистерот. (6) Прекршочната комисија работи во совет, а одлучува со мнозинство гласови од вкуп- ниот број на членови. (7) Членовите на прекршочната комисија одлучуваат самостојно и независно врз основа на закон и според своето стручно знаење и сопствено убедување. (8) Против решенијата на прекршочната комисија може да се изјави правно средство до надлежен орган согласно со Законот за прекршоците. Член 280 (1) Кога надлежниот инспектор ќе утврди дека е сторен прекршок, ќе состави записник во кој ќе ги забележи битните елементи на дејствието, времето, местото и начинот на сто- рувањето на прекршокот, описот на дејствието и лицата затекнати на самото место. (2) Пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците од член 281, член 282 ставови (3), (4), (5), (6) и (7), член 283, член 284 ставови (2), (3), (4) и (5), член 285, член 286 ставови (2), (3), (4) и (5), член 287 ставови (1), (2), (4), (6), (7), (8), (9), (10), (11) и (12), член 288 ставови (2), (3), (4) и (5), член 289, член 290 ставови (2), (3), (4) и (5), член 291 ставови (1), (2), (3), (4), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13) и (14), члено- 273 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година ви 292 и 293, член 294 ставови (2), (3) и (4) и член 295 ставови (2), (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14) и (15) од овој закон, надлежниот инспектор е должен на сто- рителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување со издавање на прекр- шочен платен налог. (3) Надлежниот инспектор на сторителот на прекршокот му издава прекршочен платен налог. (4) Во постапката за порамнување глобата во прекршочниот платен налог се изрекува во минималниот пропишан износ за прекршокот. (5) По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог, сторителот на прекр- шокот е должен да ја плати глобата, во рок од осум дена од приемот на прекршочниот платен налог на сметката означена во платниот налог. (6) Сторителот на прекршокот кој ќе ја плати глобата во рокот од ставот (5) на овој член, ќе плати половина од изречената глоба, за кое право се поучува во правната поука. (7) Примањето на платниот налог од ставот (5) на овој член, се забележува во записни- кот. (8) Ако сторителот на прекршокот не ја плати глобата во рокот од ставот (5) на овој член, надлежниот инспектор поднесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд согласно со член 278 од овој закон, односно до прекршочната комисија согласно со член 279 од овој закон. (9) Надлежниот инспектор е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на поведените постапки. (10) Во евиденцијата од став (9) на овој член, се собираат, обработуваат и чуваат сле- дниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен на- лог кој му се издава и исходот на постапката. (11) Личните податоци од ставот (10) на овој член, се чуваат пет години од денот на внесувањето во евиденцијата. (12) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот. Член 281 (1) Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како микротрговец , глоба во износ од 300 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класи- фицирано како мал трговец, глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како среден трговец и гло- ба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок на друштвото класифицирано како голем трговец, кое не доставува податоци за изра- ботка и следење на енергетскиот биланс и податоци неопходни за изработка на стратеги- ите, програмите и извештаите за реализација на програмите, чие донесување е предвидено со овој закон (член 14 став (5)). (2) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговор- ното лице во друштвото класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во друштвото класифици- рано како мал или среден трговец и глоба во износ од 250 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече на одговорното лице во друштвото класифицирано како голем трго- вец, за прекршок за дејствата од став (1) на овој член. 274 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Член 282 (1) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чие вршење има добиено лиценца од Ре- гулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на: 1. вршител на енергетска дејност од член 54 став (2) од овој закон ако не го објави ак- тот во „Службен весник на Република Северна Македонија“; 2. учесник на пазарите на големо од член 56 став (4) од овој закон за тргување заснова- но на внатрешни информации на пазарот на големо на електрична енергија и гас (член 56 став (1)); 3. учесник на пазарите на големо од член 56 став (4) од овој закон за манипулација на пазарот на големо на електрична енергија и гас (член 56 став (2)); 4. учесник на пазарите на големо од член 56 став (4) од овој закон за обид за манипула- ција на пазарот на големо на електрична енергија и гас (член 56 став (3)); 5. учесник на пазарите на големо од член 56 став (4) од овој закон ако не доставува из- вештаи до Регулаторната комисија за енергетика или ако не објавува целосни и точни внатрешни информации (член 56 став (6)); 6. вршител на енергетска дејност ако не достави до Регулаторната комисија за енерге- тика годишен извештај од член 61 став (9) од овој закон; 7. вршител на енергетската дејност кој побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, не продолжи со обезбедувањето на јавната, односно универзалната услуга во согласност со мерките за обезбедување јавна, односно универзална услуга и да продолжи со обезбедувањето на јавната, односно универзалната услуга, како и да остварува приход со примена на важечките цени и тарифи (член 86 став (5)); 8. оператор на складиште кое не е дел од електроцентрала на производител или од пот- рошувач, кој не го врши складирањето како енергетска дејност (член 130 став (1) точка 1); 9. производителот на електрична енергија како составен дел од електроцентрала чија инсталирана моќност е поголема или еднаква на 1 MW, кој нема потребно овластување за изградба на складиштето односно електроцентралата согласно овој закон (член 130 став (1) точка 2) и 10. операторот на складиште не ги исполнува пропишаните технички и оперативни ус- лови, особено оние пропишани со соодветните мрежни правила и технички прописи и не постапува во согласност со правилата за соодветниот пазар на електрична енергија на кој учествува (член 130 став (4)). (2) Глоба во износ од 1% од вкупниот приход на правното лице остварен во претходна- та фискална година во енергетската дејност за чиешто вршење има добиено лиценца од Регулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на друштвото: 1. кое врши една или повеќе регулирани енергетски дејности, а не води одвоена сметко- водствена евиденција за секоја регулирана енергетска дејност одделно (член 5 став (1)), 2. кое не доставува до Регулаторната комисија за енергетика информации и податоци потребни за следењето на функционирањето на пазарите на енергија во Република Север- на Македонија (член 55 став (6)); 3. учесник на пазарите на големо од член 56 став (4) од овој закон, не поднесе барање за запишување во евиденцијата што ја воспоставува и води Регулаторната комисија за енер- гетика (член 56 став (5)); 4. кое во рамките на вршењето на својата дејност посредува во договарање на трансак- ции со енергетски производи на пазарите има основано сомнение дека определена тран- сакција може да претставува тргување засновано на внатрешни информации, манипулаци- ја на пазар или обид за манипулација на пазар, а за тоа не ја известило Регулаторната ко- мисија за енергетика (член 56 став (7)); 275 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 5. кое не воспоставило и не применува ефикасни механизми за препознавање на тргува- ње засновано на внатрешни информации, манипулација на пазар или обид за манипулаци- ја на пазар (член 56 став (8)); 6. операторите на електропреносниот и електродистрибутивниот систем, НЕМО, снаб- дувачите и производителите на електрична енергија кои управуваат со електроцентрали со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 200 MW, ако не ги применува мер- ките и активностите за сајбер безбедност (член 65 ставови (1) и (2)); 7. вршител на енергетска дејност, во определен рок не ги достави на Регулаторната ко- мисија за енергетика потребните документи, податоци и информации (член 66 став (1)); 8. носителот на лиценца за вршење енергетска дејност не достави годишен извештај до Регулаторната комисија за енергетика (член 74 став (12)) и 9. носител на лиценца за вршење на регулирана енергетска дејност без претходно одоб- рување од Регулаторната комисија за енергетика привремено прекинал со вршењето на дејноста за која е издадена лиценцата (член 83 став (1)). (3) Глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност му се изрекува за прекршок на друштвото класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класи- фицирано како мал трговец, глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како среден трговец и гло- ба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок на друштвото класифицирано како голем трговец, кое: 1. не чува копија и не ги направи достапни за увид документите од членот 5 став (1) на Регулаторната комисија за енергетика (член 5 став (2)); 2. не достави ревидирани годишни финансиски извештаи за секоја регулирана енергет- ска дејност одделно до Регулаторната комисија за енергетика и/или не ги објави на својата веб-страница (член 5 став (3)); 3. не достави други извештаи, сметки и евиденции по барање на Регулаторната комиси- ја за енергетика (член 5 став (4)); 4. не ги применува мерките наложени со одлуката донесена од Регулаторна комисија за енергетика (член 57 став (1)); 5. не се придржува кон цените и тарифите утврдени во одлуките што ги донесува Регу- латорната комисија за енергетика (член 62 став (9)); 6. врши енергетска дејност без да му биде издадена лиценца за вршење на дејноста (член 74 став (1)); и 7. кое не ги исполнува неговите обврски утврдени во издадената лиценца за вршење на енергетска дејност, а за кои не е пропишана посебна санкција во останатите прекршочни одредби од овој закон. (4) Глоба во износ до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок за дејствата од став (1) на овој член на одговорното лице во друштвото. (5) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок на физичко лице за тргување засновано на внатрешни информации, манипулација на пазарите на големо на електрична енергија и гас, односно обид за манипулација на паза- рите на големо на електрична енергија и гас (член 56 ставови (1), (2) и (3)). (6) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок на физичко лице за прекршок за дејствата од став (2) точки 4 и 5 на овој член. (7) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговор- ното лице во друштвото класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во друштвото класифици- рано како мал или среден трговец и глоба во износ од 500 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече на одговорното лице во друштвото класифицирано како голем трго- вец за прекршоците од ставовите (2) и (3) на овој член. 276 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (8) За прекршок од ставовите (2) и (3) на овој член на одговорното лице во друштвото може да му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење должност во траење до шест месеци. (9) Покрај глобата од став (1) на овој член, на учесник на пазарите на големо од членот 56 став (4) од овој закон може да му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење дејност во траење до две години за прекршок за дејствата од член 56 ставови (1), (2) и (3) од овој закон. Прекршочни одредби за производител на електрична енергија Член 283 (1) На друштвото или на другото правно лице производител на електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како микротрговец, глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, кое: 1. не доставило известување до Регулаторната комисија за енергетика согласно член 74 став (4) од овој закон; 2. не доставува извештаи, податоци и информации до операторот на електропреносниот систем или операторот на електродистрибутивниот систем (член 129 став (1) точка 5); 3. не доставува до операторот на пазарот на електрична енергија и операторот на елек- тропреносниот систем податоци и информации од договорите за купување и продажба на електрична енергија, расположливоста на производниот капацитет и/или системските ус- луги (член 129 став (1) точка 6); 4. не и овозможи увид на Регулаторната комисија за енергетика во податоците согласно член 129 став (4). (2) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговор- ното лице во друштвото, односно друго правно лице класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во друштвото, односно друго правно лице класифицирано како мал или среден трго- вец и глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговор- ното лице во друштвото односно друго правно лице класифицирано како голем трговец, за прекршоците од ставот (1) на овој член. Прекршочни одредби за операторот на електропреносниот систем Член 284 (1) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чие вршење има добиено лиценца од Ре- гулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на операторот на елек- тропреносниот систем ако: 1. не го прекине снабдувањето на потрошувачот согласно членот 9 став (13) од овој за- кон; 2. го користи складиштето на енергија за натамошна продажба за електрична енергија и на пазарот за балансирање (член 131 став (2)); 3. не донесе програма за усогласеност (член 135); 277 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. не именува службеник за усогласеност (член 136 став (2)), 5. не достави барање за сертификација до Регулаторната комисија за енергетика (член 137 став (3)), 6. не ги приклучи на електропреносната мрежа производителите, потрошувачите, опе- раторите на складишта и операторите на електродистрибутивните системи (член 140 став (1) точка 1), 7. не им ги обезбеди сите информации потребни за пристап и не им обезбеди пристап на сите корисници на електропреносниот систем (член 140 став (1) точка 2), 8. не ги обезбеди прекуграничните текови на електрична енергија преку електропренос- ната мрежа на Република Северна Македонија (член 140 став (1) точка 5), и 9. не ги користи приходите од загушувањата во согласност со член 158 ставови (5) и (6) од овој закон. (2) Глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на електропреносниот систем ако: 1. не изготви проценка на адекватност на ресурсите во Република Северна Македонија (член 20 став (1)); 2. не склучи договори за обезбедување на моќност согласно член 23 став (12) од овој за- кон; 3. склучи договори за обезбедување на моќност или врши исплати за обезбедување на моќност спротивно на член 24 став (6) од овој закон; 4. не постапи по задолжението од Министерството согласно член 28 став (1) од овој за- кон; 5. не изготви краткорочна проценка на адекватност од настанување од електроенергет- ска криза согласно член 29 став (1) од овој закон; 6. не изготви сезонска проценка на соодветноста од настанување од електроенергетска криза согласно член 29 став (3) од овој закон; 7. не изготви Нацрт-план за подготвеност за справување со ризици согласно член 30 став (1) од овој закон; 8. не воспостави и води регистар на даватели на услуги за балансирање (член 127 став (3), точка 6); 9. не склучи договори со операторите на соседните електропреносни системи со кои е поврзан (член 140 став (1) точка 4); 10. не го организира и управува пазарот на балансна енергија (член 140 став (1) точка 13); 11. не обезбеди дневно диспечирање и управување во реално време со тековите на елек- трична енергија (член 140 став (1) точка 16); 12. не обезбеди инсталирање и одржување на мерните уреди и не ја мери електричната енергија на сите мерни места во точките на прием и испорака на електропреносниот сис- тем (член 140 став (1) точка 20); 13. не набавува системски услуги за балансирање на електропреносниот систем, соглас- но правилата за пазар на балансна енергија (член 140 став (1) точка 22); 14. не обезбеди балансирање на електроенергетскиот систем и порамнување на отста- пувањата и услугите за балансирање (член 140 став (1) точка 26); 15. не ги донесе и објави мрежните правила за пренос на електрична енергија, претход- но одобрени од Министерството (член 148 став (1)), 16. не ја извести Регулаторна комисија за енергетика за остварување на дополнителни приходи (член 149 став (4)); 17. не ги објавува податоците и не ги доставува до ENTSO-Е во согласност со об- врските преземени со ратификуваните меѓународни договори (член 160 став (5)). 278 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на електропреносниот систем ако: 1. не им обезбеди на лицата кои бараат приклучок детална проценка на трошоците за изградба на приклучокот и проценка на трошоците за создавање на технички услови во мрежата (член 99 став (8)); 2. не ги објави на својата веб-страница тарифите за пренос на електрична енергија, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 140 став (1) точка 2); 3. не изработи и објави на својата веб-страница годишен план за одржување на интер- конективните водови (член 140 став (1) точка 9); 4. не изработи и објави на својата веб-страница годишен план за одржување на внат- решните водови од електропреносната мрежа (член 140 став (1) точка 10); 5. не објавува податоци и навремено не обезбеди информации од операторите на сосед- ните електропреносни системи за расположливите преносни капацитети на интерконек- тивните водови (член 140 став (1) точка 19) и 6. не го подготви, усогласи со Министерството или објави на својата веб- страница пла- нот за развој на електропреносниот систем, претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика (член 150). (4) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на електропреносниот систем ако: 1.не ги достави до ENTSO-E потребните податоци согласно членот 19 од овој закон; 2. не изработи конечен дневен распоред (член 140 став (1) точка 15); 3. не им обезбеди пристап на корисниците на електропреносниот систем до мерните уреди што се во негова сопственост (член 140 став (1) точка 21); 4. не изготви правила за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем и за сопствени потреби и не ги достави до Регулаторната коми- сија за енергетика за одобрување (член 140 став (1) точка 23); 5. не води диспечерска книга, записи за доверливоста на електропреносниот систем, по- датоци од системот за надзор и управување и мерни податоци (член 140 став (2)); 6. не ја објави на својата веб-страница процената на расположливиот и резервираниот годишен, месечен и дневен преносен капацитет (член 160 став (2) точка 2) и 7. не обезбеди доверливост на деловните податоци на корисниците на електропренос- ниот систем (член 259 став (1)). (5) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставовите (1) и (2) на овој член на одговорното лице во операторот на елек- тропреносниот систем, глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (3) на овој член на одговорното лице во операторот на електропреносниот систем и глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (4) на одговорното лице во операторот на електропре- носниот систем. Прекршочни одредби за операторот на пазар на електрична енергија и операторот на организираниот пазар на електрична енергија Член 285 (1) На друштвото оператор на пазар на електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ако е класифицира- но како среден трговец или глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денар- ска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 279 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. не изврши пресметка на дебалансите на балансно одговорните страни (член 114 став (2) точка 2); 2. не води регистар на учесниците на пазарот (член 114 став (2) точка 7); 3. не достави до операторот на електропреносниот систем навремено информации за регистрираните учесници на пазарот на електрична енергија (член 114 став (2) точка 9); 4. тргува со електрична енергија, спротивно на членот 114 став (3) од овој закон. (2) На НЕМО ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во де- нарска противвредност ако е класифициран како среден трговец или глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако: 1. не донесе одлука за износот на надоместоците и не ја објави одлуката на својата веб- страница (член 122 став (2) точка 10)). 2. не донесе и објави на својата веб-страница правила за работа на организираниот па- зар на електрична енергија претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 122 став (3)), (3) На друштвото оператор на пазар на електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицира- но како среден трговец или глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не ги достави до операторот на електропреносниот систем сите информации потреб- ни за изработка на конечните дневни распореди за купување и продажба на електрична енергија (член 114 став (2) точка 3); 2. не изработи дневен и месечен пазарен план (член 114 став (2) точка 6); 3. не ги обезбедува потребните информации за снабдувачот со електрична енергија во краен случај (член 114 став (2) точка 11). (4) На друштвото оператор на пазар на електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицира- но како среден трговец и глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвред- ност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не води евиденција за сите договори склучени со учесниците на пазарот на електрич- на енергија за учество на пазарот (член 114 став (2) точка 4); 2. не води евиденција на сите договори за формирање на балансни групи склучени по- меѓу учесниците на пазарот на електрична енергија и операторот на пазарот на електрична енергија (член 114 став (2) точка 5); 3. не објавува информации кои се неопходни за непречено организирање и управување на пазарот на електрична енергија (член 114 став (2) точка 8); 4. не обезбеди доверливост на деловните податоци кои учесниците на пазарот на елек- трична енергија се должни да му ги достават (член 259 став (1)). (5) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок за дејствата од ставот (1) на овој член на одговорното лице во операторот на пазарот на електрична енергија, глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок за дејствата од ставот (3) на овој член одговорното лице во операторот на пазарот на електрична енергија и глоба во износ од 300 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече за прекршок за дејствата од ставот (4) на овој член на одговорното лице во операторот на пазарот на електрична енергија. (6) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шокот од ставот (2) на овој член на одговорното лице во операторот на организираниот пазар на електрична енергија. 280 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Прекршочни одредби за операторот на електродистрибутивниот систем Член 286 (1) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чиешто вршење има добиено лиценца од Регулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на операторот на елек- тродистрибутивниот систем, ако: 1. не го прекине снабдувањето на потрошувачот согласно членот 9 став (13) од овој за- кон; 2. го користи складиштето на енергија за натамошна продажба за електрична енергија и на пазарот за балансирање (член 131 став (2)); 3. ги користи предностите на својата вертикална интеграција за да ја наруши конку- ренцијата (член 163 став (4) точка 3); 4. не назначи службеник за усогласеност и не ја достави програма за усогласеност на одобрување до Регулаторна комисија за енергетика (член 163 став (5)); 5. не ги приклучи производителите, складиштата и потрошувачите на електродистри- бутивниот систем со кој управува, како и не овозможи права за користење на електродис- трибутивниот систем (член 164 став (1) точка 5); 6. на корисниците на електродистрибутивниот систем навремено не им ги обезбеди ин- формациите потребни за пристап до електродистрибутивниот систем со кој управува (член 164 став (1) точка 6); 7. не им овозможи на снабдувачите електронски пристап до листата на потрошувачи, со назначување на категоријата на приклучок како и нивната потрошувачка за последните 12 месеци (член 164 став (1) точка 7); 8. не постапи согласно одлуката на Министерството од член 169 став (5) од овој закон и 9. не ја извести Регулаторна комисија за енергетика за остварување на дополнителни приходи (член 172 став (3)). (2) Глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече за прекршок на операторот на електродистрибутивниот систем ако: 1. не го усогласи работењето на електродистрибутивниот систем со работењето на електропреносниот систем (член 164 став (1) точка 16); 2. не набави системски услуги и електрична енергија за покривање на загубите во дис- трибутивната мрежа (член 164 став (1) точка 17); 3. не ја мери електричната енергија што се презема и што се предава од електродистри- бутивниот систем со кој управува (член 164 став (1) точка 18); 4. не изработи и не достави планови за инвестирање во електродистрибутивниот систем за секој регулиран период до Регулаторна комисија за енергетика (член 165 став (6)); 5. не ги достави собраните и обработени податоци од мерните места согласно член 167 став (6); 6. не изработи и објави на својата веб-страница мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 168 став (1)); 7. поседува, развива и управува со станици за полнење кои не ги користи исклучиво за сопствени потреби согласно член 169 став (1) од овој закон; 8. не се координира со операторот на електропреносниот систем во одредување на ло- кации на станици за полнење согласно членот 169 став (7) од овој закон. (3) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на електродистрибутивниот систем ако: 281 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. не го подготви, усогласи со Министерството или, претходно одобрен од Регулаторна- та комисија за енергетика, не го објави на својата веб-страница планот за развој на елек- тродистрибутивниот систем, (член 165 ставови (2), (3) и (4)); 2. утврди листа на спецификации на услуги за флексибилност без одобрување од Регу- латорна комисија за енергетика од членот 166 став (4) од овој закон; и 3. не обезбеди еднакви услови на понудите за енергија и услуги на флексибилност сог- ласно член 166 став (5) од овој закон. (4) Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на електродистрибутивниот систем ако: 1. не им обезбеди на лицата кои бараат приклучок детална проценка на трошоците за изградба на приклучокот и проценка на трошоците за создавање на технички услови во мрежата (член 99 став (8)); 2. не објави на својата веб-страница листа на надоместоци за секоја категорија на пот- рошувачи, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 164 став (1) точка 14); 3. не го објави на својата веб-страница планот за одржување на мрежата, претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика (член 164 став (1) точка 15); 4. не овозможи пристап на корисниците до мерните уреди што се во сопственост на операторот на електродистрибутивниот систем, или на вертикално интегрираното друш- тво (член 164 став (1) точка 19); 5. не води диспечерска книга, записи за доверливоста на системите за комуникација, податоци од системот за надзор и управување, мерни податоци (член 164 став (1) точка 20) и 6. не обезбеди доверливост на деловните податоци на корисниците на електродистрибу- тивниот систем (член 259 став (1)). (5) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставовите (1) и (2) на овој член на одговорното лице во операторот на електро- дистрибутивниот систем, глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоци од ставот (3) на овој член на одговорното лице во операторот на електродистрибутивниот систем и глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече прекршоци од ставот (4) од овој член на одговорното лице во операторот на електродистрибутивниот систем. Прекршочни одредби за снабдувач и трговец со електрична енергија Член 287 (1) На друштвото снабдувач со електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мик- ротрговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекр- шок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано ка- ко голем трговец, ако: 1. не ги исполни своите обврски кон потрошувачите, во однос на сигурноста и обемот на снабдувањето (член 173 став (5) точка 3); 2. не овозможи промена на снабдувач (член 173 став (5) точка 9); 3. не воспостави постапки за ефикасно решавање на приговорите на своите потрошува- чи во рок од 60 дена, вклучувајќи можност и за вонсудско решавање на спорови и обврска за враќање и/или компензација на средства кога е тоа оправдано (член 173 став (5) точка 11) и 282 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. не доставува до операторот на електропреносниот систем податоци за трансакциите и плановите за потрошувачка на електрична енергија за своите потрошувачи (член 173 став (5) точка 13). (2) На друштвото снабдувач со електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мик- ротрговец, глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекр- шок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано ка- ко голем трговец, ако: 1. не постапи согласно обврските од членoт 9 ставови (5), (6) и (7) од овој закон; 2. не ги испорачал количините на електрична енергија коишто ги набавил заради ис- полнување на обврските во договорите за снабдување (член 173 став (5) точка 2); 3. не обезбеди за своите потрошувачи услуга со квалитет утврден во правилата за снаб- дување со електрична енергија (член 173 став (5) точка 5); 4. не обезбеди недискриминаторен третман на сите потрошувачи, а особено за потро- шувачите од оддалечените подрачја (член 173 став (5) точка 6); 5. не ги објави на својата веб-страница општите услови на своите договори за снабдува- ње со електрична енергија за малите потрошувачи и домаќинствата (член 173 став (5) точ- ка 7); 6. не овозможи потрошувачите да добиваат редовни и точни известувања за реалната потрошувачка и трошоците за електрична енергија (член 173 став (5) точка 8); 7. не обезбедил соодветна заштита на доверливите податоци од договорите склучени на пазарот со билатерални договори (член 173 став (5) точка 14); 8. ги објавува општите статистички податоци поврзани со неговите потрошувачи, без да обезбеди заштита на доверливоста (член 173 став (5) точка 15) и 9. не овозможи увид на Регулаторната комисија за енергетика согласно член 174 став (1) од овој закон. (3) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чие вршење има добиено лиценца од Ре- гулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на друштвото универза- лен снабдувач на електрична енергија, ако: 1. не постапува во согласност со (член 8 став (11)) од овој закон; 2. не врши снабдување на ранливите потрошувачи и потрошувачите од оддалечените подрачја (член 8 став (11) точка 1)); 3. не спроведува постапки за набавка на електрична енергија, во согласност со правила- та за набавка на електрична енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика (член 8 став (11) точка 4)) и 4. не обезбеди снабдување со електрична енергија на домаќинство или мал потрошувач на кој му престанал договорот за снабдување (член 9 став (3)); (4) На друштвото универзален снабдувач со електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифици- рано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не ги информира потрошувачите, не ги објави на својата веб-страница правата и ус- ловите под кои потрошувачите можат да бидат снабдувани од универзален снабдувач, це- ните за снабдување со електрична енергија и постапката за остварување на правото на промена на снабдувачот (член 8 став (11) точка 2) и 283 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. не овозможи увид на Регулаторната комисија за енергетика во податоците согласно член 174 став (2) од овој закон. (5) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чие вршење има добиено лиценца од Ре- гулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на друштвото снабдувач со електрична енергија во краен случај, ако: 1. не ги снабдува потрошувачите кои останале без снабдувач со електрична енергија во случаите од членот 9 став (2) од овој закон и 2. не применува цени за електрична енергија формирани во согласност со прописот од член 61 став (1) точка 4 од овој закон. (6) На друштвото снабдувач со електрична енергија во краен случај ќе му се изрече гло- ба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифи- цирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трго- вец, ако: 1. не објавува на својата веб-страница најмалку еднаш годишно информации во соглас- ност со член 9 став (14) од овој закон и 2. не овозможи увид на Регулаторната комисија за енергетика согласно член 174 став (3) од овој закон. (7) На друштвото трговец со електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како микрот- рговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако: 1. не му ги достави на операторот на електропреносниот систем и операторот на паза- рот на електрична енергија, информациите за количините на електрична енергија и соод- ветните временски распореди од сите договори за купопродажба на електрична енергија, како и од договорите за прекугранични трансакции преку електропреносната мрежа (член 177 став (2)), 2. не ги испорача количините на електрична енергија кои ги набавил заради исполнува- ње на обврските утврдени во договорите склучени на пазарот со билатерални договори и не обезбеди доверливост на податоците од договорите (член 177 став (4)). (8) На друштвото трговец со електрична енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифициран како микротрго- вец, глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во де- нарска противвредност ако е класифициран како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако не овозможи увид во податоците на Регулаторната комисија за енерге- тика(член 174 став (1)). (9) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (1) на овој член на одговорното лице во друштвото снабдувач со елек- трична енергија и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (2) на овој член на одговорното лице во друштвото снабдувач со електрична енергија. 284 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (10) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (4) на овој член на одговорното лице во друштвото универзален снабду- вач со електрична енергија. (11) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (5) на овој член на одговорното лице во друштвото снабдувач со елек- трична енергија во краен случај и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (6) на овој член на одговорното лице во друш- твото снабдувач со електрична енергија во краен случај. (12) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (7) на овој член на одговорното лице во друштвото трговец со електрич- на енергија и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (8) на овој член на одговорното лице во друштвото трговец со елек- трична енергија. (13) На друштвото снабдувач со електрична енергија или на друштвото трговец со електрична енергија може да му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење деј- ност во траење до шест месеци за прекршоците од ставовите (1), (2), (5) и (6) на овој член. (14) На одговорното лице во друштвото снабдувач со електрична енергија или на одго- ворното лице во друштвото трговец со електрична енергија може да му се изрече прекр- шочна санкција забрана на вршење дејност во траење до шест месеци за прекршоците од ставовите (1), (2), (5) и (6) на овој член. Прекршочни одредби за операторот на системот за пренос на гас Член 288 (1) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чиешто вршење има добиено лиценца од Регулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на операторот на сис- темот за пренос на гас, ако: 1. не го прекине снабдувањето на потрошувачот согласно член 9 став (13) од овој закон; 2. не донесе програма за усогласеност (член 206); 3. не именува службеник за усогласеност (член 207 став (2)); 4. не достави барање за сертификација до Регулаторна комисија за енергетика (член 208 став (3) точка 1); 5. не ја извести Регулаторната комисија за енергетика за сите планирани активности за кои би требало да се спроведе ревизија на сертификација (член 208 став (3) точка 2); 6. не ги обезбеди сите информации потребни за пристап и користење на системот за пренос на гас и не обезбеди пристап на корисниците на системот за пренос на гас (член 211 став (2) точка 4), и 7. не ги обезбеди прекуграничните текови на гас преку својата мрежа за пренос во рам- ките на расположливиот преносен капацитет (член 211 став (2) точка 8). (2) Глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на системот за пренос на гас, ако: 1. не постапи по барањето од Министерството во согласност со член 39 став (1) од овој закон; 2. не ги изготви планот за превенција и интервентниот план согласно член 40 став (2) од овој закон; 285 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 3. не ги одобри барањата на корисниците за приклучување на преносниот систем сог- ласно мрежните правила за пренос на гас кои се економски оправдани (член 211 став (2) точка 5); 4. не обезбеди дневно диспечирање и управување во реално време со протокот на гас преку системот за пренос на гас врз основа на конечниот дневен распоред (член 211 став (2) точка 12); 5. не обезбеди инсталирање и одржување на мерни уреди и не го мери протокот на гас на сите мерни места во точките за прием и испорака во системот за пренос (член 211 став (2) точка 15); 6. не набави системски услуги за балансирање на системот за пренос на гасот, согласно правилата за балансирање на системот за гас (член 211 став (2) точка 17); 7. не воспостави и не води регистар на даватели на услуги за балансирање и регистар на балансно одговорни страни (член 211 став (2) точка 18); 8. не обезбеди балансирање на системот за пренос на гас и порамнување на отстапува- њата и услугите за балансирање (член 211 став (2) точка 22); 9. не ги донесе и објави на својата веб-страница мрежните правила за пренос на гас, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 219 став (1)) и 10. не ги донесе и објави на својата веб-страница правилата за доделување на преносни капацитети за гас, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 220 став (1)). (3) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на системот за пренос на гас, ако: 1. не ги објави на својата веб-страница тарифите за пренос, претходно одобрени од Ре- гулаторната комисија за енергетика (член 211 став (2) точка 6), 2. не изработи и објави на својата веб-страница годишен план за одржување на пренос- ниот систем, претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика (член 211 став (2) точка 10); 3. не објавува податоци и навремено не обезбеди информации за другите оператори на системи за пренос на гас во однос на расположливите преносни капацитети (член 211 став (2) точка 14); 4. не изработи и објави на својата веб-страница план за развој на системот за пренос на гас, претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика (член 213 став (3)). (4) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на операторот на системот за пренос на гас, ако: 1. не изработи конечен дневен распоред за пренос и оптоварување на системот за пре- нос на гас (член 211 став (2) точка 11); 2. не им обезбеди пристап на корисниците на системот за пренос на гас до мерните уре- ди што се во негова сопственост (член 211 став (2) точка 16); 3. не изготви правила за набавка на гас за покривање на загубите во системот за пренос на гас и не ги достави до Регулаторната комисија за енергетика за одобрување (член 211 став (2) точка 19); 4. не обезбедува доверливост на деловните податоци на корисниците на услугите на системот (член 211 став (2) точка 24); 5. навремено не обезбеди информации на операторите на преносните и дистрибутивни- те системи на гас со кои е поврзан (член 211 став (2) точка 26) и 6. не води диспечерска книга, записи за доверливоста на преносниот систем, податоци од системот за надзор и управување и мерни податоци (член 211 став (4)) 7. не ја ажурира својата веб-страница и не објавува информации согласно со членот 221 став (1) од овој закон. 286 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (5) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставовите (1) и (2) на овој член на одговорното лице во операторот на системот за пренос на гас, глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (3) на овој член на одговорното лице во операторот на системот за пренос на гас и глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (4) на овој член на одговорното лице во операторот на системот за пренос на гас. Прекршочни одредби за операторот на пазар на гас Член 289 (1) На друштвото оператор на пазар на гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трго- вец или глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не изврши пресметка на дебалансите на балансно одговорните страни (член 195 став (2) точка 4); 2. не врши финансиско порамнување и контрола врз финансиското покривање на приз- наените дебаланси (член 195 став (2) точка 5) и 3. не воспостави и не води регистар на учесниците на пазарот на гас (член 195 став (2) точка 10 ). (2) На друштвото оператор на пазар на гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трго- вец или глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. навремено не ги достави до операторот на системот за пренос на гас сите информа- ции потребни за изработка на конечните дневни распореди (член 195 став (2) точка 6); 2. не изработи дневен пазарен план (член 195 став (2) точка 9) и 3. не ги обезбеди потребните услуги за снабдувачот со гас во краен случај (член 195 став (2) точка 12). (3) На друштвото оператор на пазар на гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трго- вец и глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифици- рано како голем трговец, ако: 1. не води евиденција на сите договори склучени со учесниците на пазарот на гас (член 195 став (2) точка 7); 2. не води евиденција на сите договори за формирање на балансни групи склучени по- меѓу учесниците на пазарот на гас и операторот на пазар на гас (член 195 став (2) точка 8) и 3. не објавува информации кои се неопходни за непречено организирање и управување на пазарот на гас (член 195 став (2) точка 11). (4) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (1) на овој член на одговорното лице во операторот на пазар на гас, гло- ба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (2) на овој член на одговорното лице во операторот на пазар на гас и глоба во износ 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече прекршоците од ставот (3) на овој член на одговорното лице во операторот на пазар на гас. 287 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Прекршочни одредби за операторот на системот за дистрибуција на гас Член 290 (1) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чиешто вршење има добиено лиценца од Регулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на операторот на сис- темот за дистрибуција на гас, ако: 1. не го прекине снабдувањето на потрошувачот согласно членот 9 став (13) од овој за- кон; 2. не ги приклучи потрошувачите на дистрибутивната мрежа и не овозможи пристап на трета страна за користење на системот за дистрибуција (член 223 став (2) точка 4); 3. навремено не обезбеди информации до другите оператори на системи за дистрибу- ција, како и операторот на системот за пренос на гас (член 223 став (2) точка 5); 4. на корисниците на системот за дистрибуција на гас навремено не им ги обезбеди ин- формациите кои се потребни за ефикасен пристап до системот (член 223 став (2) точка 6); 5. не им овозможи на снабдувачите електронски пристап до листата на потрошувачи која не ги вклучува домаќинствата, како и нивната потрошувачка за последните 12 месеци (член 223 став (2) точка 7) и 6. не назначи службеник за усогласеност и не донесе програма за усогласеност, прет- ходно одобрена од Регулаторна комисија за енергетика (член 224 став (5)). (2) На друштвото оператор на системот за дистрибуција на гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифициран како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако: 1. не му ги обезбеди на Министерството податоци од член 39 став (3) од овој закон; 2. не набави системски услуги и гас за покривање на загубите во дистрибутивната мре- жа по пазарни услови (член 223 став (2) точка 12); 3. не ги мери количините на гас преземени од системот за пренос, а кои се испорачува- ат до потрошувачите (член 223 став (2) точка 13); 4. не изработи и не достави план за инвестирање во системот за дистрибуција на гас за секој регулиран период на одобрување до Регулаторната комисија за енергетика (член 225 став (4)) и 5. не ги донесе и објави на својата веб-страница мрежните правила за дистрибуција за гас, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 227 став (1)). (3) На друштвото оператор на системот за дистрибуција на гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифициран како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако не изработи и објави на својата веб-страница план за развој на системот за дистрибу- ција на гас, претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика (член 225 став (2)). (4) На друштвото оператор на системот за дистрибуција на гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 288 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. не објави на својата веб-страница листа со надоместоци за секоја категорија на пот- рошувачи, претходно одобрена од Регулаторна комисија за енергетика (член 223 став (2) точка 8); 2. не подготви и објави на својата веб-страница план за одржување на дистрибутивната мрежа, претходно одобрен од Регулаторната комисија за енергетика (член 223 став (2) точка 11); 3. не им овозможи пристап на корисниците до мерните уреди (член 223 став (2) точка 14); 4. не води диспечерска книга и записи за доверливоста на системите за комуникација, податоците од системот за надзор и управување, мерните податоци и истите не ги чува во период од најмалку десет години (член 223 став (2) точка 15); 5. не обезбеди доверливост на деловните податоци на корисниците на системот за дис- трибуција и не спречи дискиминаторен начин на откривање на информациите за своите активности (член 223 став (2) точка 16) и 6. ги злоупотреби доверливите податоци од трета страна во однос на обезбедување на пристап до системот на дистрибуција на гас (член 223 став (2) точка 17). (5) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставовите (1) и (2) на овој член на одговорното лице во операторот на системот за дистрибуција на гас, глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (3) на овој член на одговорното лице во операторот на системот за дистрибуција на гас и глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (4) на овој член на одговорното лице во операто- рот на системот за дистрибуција на гас. Прекршочни одредби за снабдувач и трговец со гас Член 291 (1) На друштвото снабдувач со гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како микротрговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифици- рано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не му ги обезбеди на Министерството податоци од член 39 став (3) од овој закон; 2. не ги исполни своите обврски кон потрошувачите во однос на сигурноста и обемот на снабдувањето (член 230 став (4) точка 1), 3. не доставува до операторот на системот за пренос на гас податоци за трансакциите и плановите за потрошувачка на гас за своите потрошувачи, неопходни за пресметка на де- балансите (член 230 став (4) точка 4) и 4. не воспостави постапки за ефикасно решавање на приговори на своите потрошувачи во рок од 60 дена вклучувајќи можност и за вонсудско решавање на спорови и обврска за враќање и/или компензација на средства (член 230 став (4) точка 9). (2) На друштвото снабдувач со гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како микротрговец, глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не постапи согласно обврските од членот 9 ставови (5), (6) и (7) од овој закон; 289 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2. не им фактурира на своите потрошувачи за испорачаниот гас (член 230 став (3)); 3. не обезбеди недискриминаторен третман на сите потрошувачи (член 230 став (4) точка 3); 4. не овозможи потрошувачите да добиваат редовни и точни известувања за реалната потрошувачка и трошоците за гас (член 230 став (4) точка 5)); 5.не ги објави на својата веб-страница условите од договорите за снабдување со гас за секоја категорија потрошувачи (член 230 став (4) точка 10); 6. ги објави општите статистички податоци поврзани со неговите потрошувачи, без да обезбеди заштита на доверливоста (член 230 став (4) точка 11); 7. не овозможи увид во податоци на Регулаторната комисија за енергетика и на Секре- таријатот на Енергетската заедница (член 230 став (5)) 8. не ги исполни обврските од член 231 од овој закон. (3) На друштвото снабдувач со гас со обврска за јавна услуга ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифициран како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако: 1. не ги применува цените за гас формирани во согласност со тарифниот систем, (член 231 став (1) точка 2) и 2. не ги снабдува со гас, како јавна услуга, домаќинствата и малите потрошувачи на гас во рамки на територијата за која има лиценца да обезбеди јавна услуга снабдување со гас (член 231 став (1) точка 4). (4) На друштвото снабдувач со гас со обврска за јавна услуга ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифициран како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако: 1. не овозможи увид во податоци на Регулаторната комисија за енергетика и на Секре- таријатот на Енергетската заедница согласно член 230 став (5) од овој закон. 2. не ги информира потрошувачите за нивните права и условите за испорака на гас во рамки на јавната услуга (член 231 став (1) точка 1) 3. не ги извести потрошувачите за условите за снабдување и цената на гасот, како и да ги информира дека имаат право да изберат друг снабдувач на гас (член 231 став (1) точка 3) и 4. не ги објави цените за снабдување во рамки на јавната услуга за снабдување со гас, на својата веб-страница (член 231 став (1) точка 6) . (5) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чиешто вршење има добиено лиценца од Регулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на друштвото снабду- вач со гас во краен случај, ако: 1. не ги снабдува потрошувачите кои останале без снабдувач со гас во случаите наведе- ни во членот 9 став (2) од овој закон и 2. не применува цени за гас формирани во согласност со прописот од член 61 став (1) точка 5 од овој закон. (6) На друштвото снабдувач со гас во краен случај ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како мал тр- говец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ако 290 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година е класифициран како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифициран како голем трговец, ако не овозможи увид во податоци на Регулаторната комисија за енергетика и на Секретаријатот на Енер- гетската заедница согласно со членот 230 став (5) од овој закон. (7) На друштвото трговец со гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како микротрговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицира- но како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не им ги достави на операторот на системот за пренос на гас и на операторот на паза- рот на гас информациите за количините на гас и соодветниот временски распоред поврзан од сите договори за купопродажба на гас, како и договорите кои се однесуваат на прекуг- ранични трансакции преку преносниот систем (член 234 став (2)); 2. навремено не ги достави до Регулаторната комисија за енергетика, информации и из- вештаи за трансакциите со гас и деловните активности во Република Северна Македонија (член 234 став (4) точка 2) и 3. не обезбеди доверливост на податоците и количините на гас испорачан на потрошу- вачите (член 234 став (4) точка 4); (8) На друштвото трговец со гас ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како микротрговец, глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска про- тиввредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако не овозможи увид во податоците на Регулаторната комисија за енергетика и Секрета- ријатот на Енергетската заедница (член 234 став (5)). (9) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (1) на овој член на одговорното лице во друштвото снабдувач со гас и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (2) на одговорното лице во друштвото снабдувач со гас. (10) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (4) на овој член на одговорното лице во друштвото снабдувач со гас со обврска за јавна услуга и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (3) на овој член на одговорното лице во друштвото снаб- дувач со гас со обврска за јавна услуга. (11) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (5) на овој член на одговорното лице во друштвото снабдувач со гас во краен случај и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (6) на овој член на одговорното лице во друштвото снабдувач со гас во краен случај. (12) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност за прекршоците од ста- вот (7) на овој член на одговорното лице во друштвото трговец со гас и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (8) на овој член на одговорното лице во друштвото трговец со гас. (13) На друштвото снабдувач со гас или на друштвото трговец со гас може да му се из- рече прекршочна санкција забрана на вршење дејност во траење до шест месеци за прекр- шоците од ставовите (1), (2), (7) и (8) на овој член. 291 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (14) На одговорното лице во друштвото снабдувач со гас или на одговорното лице во друштвото трговец со гас може да му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење дејност во траење до шест месеци за прекршоците од ставовите (1), (2), (7) и (8) на овој член. Прекршочни одредби за пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт Член 292 (1) Глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класи- фицирано како мал трговец, глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како среден трговец и гло- ба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок на друштвото класифицирано како голем трговец, кое врши дејност: 1. преработка на сурова нафта и производство на нафтени деривати, производство на биогорива, производство на горива наменети за транспорт со намешување на нафтени де- ривати и биогорива, полнење на садови под притисок со течен нафтен гас, компримиран и течен гас, транспорт на сурова нафта преку нафтовод, транспорт на нафтени деривати пре- ку продуктовод трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и гори- ва за транспорт и трговија на садови под притисок со течен нафтен гас, компримиран и те- чен гас, ако објектите, уредите и постројките за вршење на енергетските дејности не ги ко- ристат и одржуваат во согласност со техничките прописи и стандарди и другите прописи за сигурно и безбедно работење и заштита на животната средина (член 247 став (1)); 2. транспорт на сурова нафта преку нафтовод, ако не донесе и објави на својата веб- страница правила за работа на нафтоводот, претходно одобрени од Министерството (член 248 став (1)); 3. транспорт на нафтени деривати преку продуктовод, ако не донесе и објави на својата веб-страница правила за работа на продуктоводот претходно одобрени од Министерството (член 249 став (1)), 4. транспорт на сурова нафта преку нафтовод, односно транспорт на нафтени деривати преку продуктовод не овозможи пристап на корисниците на нафтоводот, односно продук- товодот заради транспорт на сурова нафта, односно нафтени деривати, ако биле исполнети техничките услови за пристап на трета страна (член 250 став (1)); 5. транспорт на сурова нафта преку нафтовод, односно транспорт на нафтени деривати преку продуктовод не обезбеди доверливост на деловните податоци од корисниците (член 250 став (3)) и 6. на пазарот на течните горива, а не се придржува кон обврските утврдени со уредбата за квалитетот на течните горива (член 257 став (1)). (2) Глоба во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класи- фицирано како мал трговец, глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како среден трговец и гло- ба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок на друштвото класифицирано како голем трговец, кое врши дејност: 292 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 1. трговија на големо со горива и не поседува и нема право да користи посебни објекти за складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и/или горива за транспорт (член 252 став (2)); 2. трговија на големо со нафтени деривати и горива за транспорт, ако нема во секое вре- ме оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт (член 252 став (3)); 3. трговија на големо со горива, не се врши преку објекти за складирање на големо на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и/или горива за транспорт, кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис (член 252 став (4)); 4. трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт спро- тивно од членот 253 од овој закон; 5. трговија на големо со горива, без да користи објекти за складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива, или горива за транспорт кои ги исполнуваат условите про- пишани во член 255 од овој закон и 6. производство, трговија на големо и трговија на мало на нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт како и на потрошувачите кои набавуваат нафтени деривати, биого- рива и горива за транспорт од странство ако немаат изјава за сообразност од акредитирани правни лица (член 257 став (3)). (3) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставoт (1) на овој член на одговорното лице во друштвото и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (2) на овој член на одговорното лице во друштвото. (4) За прекршоците од ставот (1) на овој член на друштвото може да му се изрече прек- ршочна санкција забрана на вршење дејност во траење до 30 дена. (5) За прекршоците од ставот (2) на овој член на друштвото може да му се изрече прек- ршочна санкција забрана на вршење дејност и ќе му се одземе лиценцата. (6) За прекршоците од ставовите (1) и (2) на овој член на одговорното лице во друш- твото може да му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење должност во траење до 30 дена. Прекршочни одредби за производител на топлинска енергија Член 293 (1) На друштвото производител на топлинска енергија ќе му се изрече глоба за прекр- шок во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како микротрговец, глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекр- шок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано ка- ко голем трговец, ако не доставува годишни извештаи до Регулаторната комисија за енер- гетика и до градоначалникот на единицата на локалната самоуправа во врска со опремата, објектите, плановите за одржување, како и планираниот капацитет (член 237 став (3)). (2) На друштвото регулиран производител на топлинска енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како микротрговец, глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска про- тиввредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и гло- ба за прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифи- цирано како голем трговец, ако во текот на грејната сезона нема обезбедено оперативни резерви од алтернативно гориво (член 238 став (4)). 293 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговор- ното лице во друштвото класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во друштвото класифици- рано како мал или среден трговец и глоба во износ од 300 евра во денарска противвред- ност ќе му се изрече на одговорното лице во друштвото класифицирано како голем трго- вец за прекршоците од ставовите (1) и (2) на овој член. (4) На одговорното лице во друштвото може да му се изрече прекршочна санкција заб- рана на вршење должност во траење до една година. Прекршочни одредби за операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија и снабдувач со топлинска енергија Член 294 (1) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чиешто вршење има добиено лиценца од Регулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на операторот на сис- темот за дистрибуција на топлинска енергија, ако: 1. не го одржува, развива и кога тоа е економски исплатливо, проширува системот за дистрибуција на топлинска енергија (член 240 став (1) точка 2)); 2. не ги приклучи производителите и потрошувачите на системот за дистрибуција со кој управува, не им овозможи пристап на трета страна за користење на системот за дис- трибуција и не ги применува цените и тарифите претходно одобрени од страна на Регула- торната комисија за енергетика (член 240 став (1) точка 3)); 3. не ги преземе сите пропишани мерки за безбедност при користењето на системот за дистрибуција на топлинска енергија, како и мерките за заштита на животната средина (член 240 став (1) точка 6)); 4. не врши надзор и тестирање на системот за дистрибуција на топлинска енергија (член 240 став (1) точка 10)); 5. не ја следи техничката и функционалната подготвеност на објектите за дистрибуција на топлинска енергија и на својата веб-страница не објавува информации за техничката состојба на системот пред и по извршената реконструкција или санација по настаната ха- варија (член 240 став (1) точка 11)) и 6. не откупува топлинска енергија од другите производители согласно со член 241 став (4) од овој закон. (2) На друштвото оператор на системот за дистрибуција на топлинска енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекршок во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како голем трговец, ако: 1. не обезбеди топлинска енергија потребна за покривање на загубите во дистрибутив- ната мрежа и системски услуги од регулираниот производител (член 240 став (1) точка 4)); 2. не врши набавка, поставување и одржување на мерните уреди на излезните точки од производните постројки и во топлинските потстаници на коишто се приклучени објектите на потрошувачи и мерење на топлинската енергија што се презема или испорачува од топ- линскиот систем (член 240 став (1) точка 5)); 3. не го усогласи работењето на системот со производителите заради непречено врше- ње на дистрибуција на топлинска енергија (член 240 став (1) точка 9)); 294 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. не подготви долгорочна прогноза на побарувачката на топлинска енергија (член 240 став (1) точка 12)); 5. не ја достави до Регулаторната комисија за енергетика целокупната документација во врска со исполнување на договорите со производителите и снабдувачите со топлинска енергија, како и финансиските извештаи и ревидираните финансиски извештаи изработе- ни од овластен ревизор, извештаите за работењето и други податоци (член 241 став (6)) и 6. не ги донесе и објави на својата веб-страница мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, претходно одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (член 242 став). (3) На друштвото снабдувач со топлинска енергија ќе му се изрече глоба за прекршок во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мик- ротрговец, глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како мал трговец, глоба за прекршок во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано како среден трговец и глоба за прекр- шок во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ако е класифицирано ка- ко голем трговец, ако: 1. не ги снабдува потрошувачите со кои има склучено договор за сигурно, континуира- но и квалитетно снабдување со топлинска енергија (член 243 став (1)); 2. не склучи годишен договор со операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија за набавка на топлинска енергија за потребите на потрошувачите (член 243 став (2)). 3. не доставува до Регулаторната комисија за енергетика, годишни извештаи за прода- дената топлинска енергија (член 243 став (5)) и 4. не доставува до Министерството и градоначалниците на единиците на локалната са- моуправа на чија територија снабдувачот ја врши дејноста, годишни извештаи за продаде- ната топлинска енергија (член 243 став (6)). (4) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставовите (1) и (2) на овој член на одговорното лице во друштвото и глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставот (3) на овој член на одговорното лице во друштвото. Други прекршочни одредби Член 295 (1) Глоба во износ до 10% од вкупниот приход на правното лице остварен во претход- ната фискална година во енергетската дејност за чиешто вршење има добиено лиценца од Регулаторната комисија за енергетика ќе му се изрече за прекршок на носител на лиценца за вршење енергетска дејност, ако не обезбеди закуп на складишен капацитет согласно членот 38 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на давател на моќност класифициран како мал трговец, глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на давател на моќ- ност класифициран како среден трговец и глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денар- ска противвредност ќе му се изрече за прекршок на давател на моќност класифициран ка- ко голем трговец, ако: 1. не го извести операторот на електропреносниот систем согласно членот 25 став (2) од овој закон и 2. не плаќа за недостапност на капацитетот што го понудил согласно членот 25 став (5) од овој закон. 295 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (3) Глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на голем потрошувач на гас, ако на Министерството не му ги обезбеди пода- тоците согласно членот 39 став (3) од овој закон. (4) Глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на носител на лиценца за вршење на енергетска дејност во областа на гас, ако на Министерството не му ги доставува информациите согласно членот 44 став (1) од овој закон. (5) Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на носител на лиценца за вршење на енергетска дејност класифициран како мал трговец, глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на носител на лиценца за вршење на енергетска дејност класифициран како среден трговец и глоба во износ од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок носител на лиценца за вршење на енергетска дејност класифициран како голем трговец, ако не отпочне постапка за промена на лиценца согласно членот 80 став (1) од овој закон. (6) Глоба во износ од 100 евра до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице корисник на електродистрибутивен систем, систем за дистри- буција на гас или систем за дистрибуција на топлинска енергија класифицирано како мик- ротрговец, глоба во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како мал трговец, глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класи- фицирано како среден трговец и глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска про- тиввредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како голем трго- вец, ако не му овозможи на овластено лице на операторот на соодветниот систем право на пристап заради извршување на работите од член 167 став (5), член 222 став (4) и член 244 став (3) од овој закон. (7) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, корисник на електродистрибутивен систем, систем за дистрибуција на гас или систем за дистрибуција на топлинска енергија, ако не му овозможи на овластеното лице на операторот на соодветниот систем право на пристап заради извршување на рабо- тите од член 167 став (5), член 222 став (4) и член 244 став (3) од овој закон. (8) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговец-поединец корисник на енергетски систем ако постапува спротивно на об- врските утврдени во член 258 став (1) од овој закон. (9) Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифици- рано како мал трговец, глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифицирано како среден трговец и глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифицирано како голем трговец, ако постапува спротивно на обврските утврдени во членот 258 став (1) од овој закон. (10) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шок на физичко лице корисник на енергетски систем ако постапува спротивно на об- врските утврдени во членот 258 став (1) од овој закон. (11) Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото вршител на енергетска дејност класифицирано како микротрго- вец, глоба во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како мал трговец, глоба во износ од 1.000 до 296 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класи- фицирано како среден трговец и глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска про- тиввредност ќе му се изрече за прекршок на друштвото класифицирано како голем трго- вец, ако ги злоупотребил деловните тајни и информации што ги добил при вршење на деј- носта заради стекнување на деловна корист, како и заради преземање на дискриминатор- ски дејства во корист на трети лица (член 266 став (2)). (12) Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифицирано како микротрговец, глоба во износ од 300 до 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифици- рано како мал трговец, глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифицирано како среден трговец и глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице класифицирано како голем трговец: 1. кое гради или изведува други работи, засадува растенија и дрвја на земјиште под, над и покрај енергетските објекти, уреди и постројки со кои се нарушува процесот на произ- водство, пренесување и дистрибуција на енергија или се загрозува безбедноста на луѓето и имотот, освен во случаите определени со овој закон (член 267 став (1)) и 2. сопственик, односно корисник на земјиштето ако не дозволи премин преку тоа зем- јиште за вршење премер, снимање, проектирање и изведување на работи на одржување и реконструкција на енергетски објекти, како и вршење на инспекциски надзор на објектите кои се поставени на тоа земјиште (член 268 став (1)). (13) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставот (1) на овој член на одговорното лице во друштвото. (14) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекр- шоците од ставовите (4), (6) и (7) на овој член и на одговорното лице во правното лице. (15) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршоците од ставот (7) на овој член. Член 296 Одмерувањето на висината на глобата за правно лице односно трговец поединец се врши согласно со Законот за прекршоците. ПЕТНАЕСЕТТИ ДЕЛ ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 297 (1) Претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика именувани до денот на влегувањето во сила на овој закон, чијшто мандат не е истечен или престанат, продолжуваат да ја извршуваат својата функција до истекот на мандатот за кој се имену- вани. (2) Носителите на лиценците за вршење на енергетска дејност издадени до денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни во рок од еден месец од денот на влегување- то во сила на овој закон, до Регулаторната комисија за енергетика да поднесат барање за промена на лиценцата согласно одредбите од овој закон. (3) Лиценците за вршење на енергетска дејност кои се променети согласно ставот (2) на овој член, продолжуваат да важат до истекот на рокот на важноста на лиценците. 297 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (4) За промена на лиценца од ставовите (2) и (3) на овој член на носител на лиценца за вршење на енергетска дејност не му се наплаќа надоместок за постапката за менување на лиценцата. (5) На носителите на лиценците за вршење на енергетска дејност кои во рокот од ставот (2) на овој член, нема да поднесат барање за промена на лиценцата, лиценцата престанува да им важи. (6) Започнатите постапки за издавање, менување, продолжување, пренесување, суспен- дирање, одземање или престанување на лиценци, пробни лиценци и привремени лиценци за вршење на енергетска дејност до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе зав- ршат согласно одредбите од овој закон. (7) Започнатите постапки за одлучување по приговори за штети настанати поради огра- ничување или прекин на испораката на електрична енергија, природен гас, сурова нафта и нафтени деривати и топлинска енергија, од и во системите за пренос или дистрибуција на електрична енергија или природен гас, сурова нафта и нафтени деривати до денот на вле- гувањето во сила на овој закон, ќе завршат согласно Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија” број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24). (8) Вршител на енергетска дејност од членот 4 од овој закон, која како енергетска деј- ност не е утврдена во Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македо- нија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, и 236/22, 134/24 и 147/24), со денот на влегување во сила на овој закон дејноста може да ја врши без лиценца, најдоцна до три месеци од донесување на правилникот за лиценци согласно одредбите од овој закон. Член 298 (1) Прагот за инсталирана моќност на електроцентрали од обновливи извори на енерги- ја и на високо ефикасни комбинирани постројки кои имаат приоритет на пристап на елек- троенергетските системи и приоритет при диспечирање на произведената електричната енергија утврден во член 104 став (2) точка 1 од овој закон, од денот на влегување во сила на овој закон до 31 декември 2025 година изнесува 400 kW. (2) Прагот за инсталирана моќност на електроцентрали од обновливи извори на енерги- ја и на високо ефикасни комбинирани постројки кои имаат приоритет на пристап на елек- троенергетските системи и приоритет при диспечирање на произведената електричната енергија утврден во член 104 став (2) точка 1 од овој закон, од 1 јануари 2026 година изне- сува 200 kW. (3) По исклучок на ставовите (1) и (2) на овој член производителите на електрична енергија од обновливи извори или високо ефикасни комбинирани постројки за производ- ство на електрична и топлинска енергија кои се стекнале со лиценца, вклучително и прив- ремена лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија, ка- ко и инвеститорите кои склучиле договор за право на користење на премија и го изградиле и пуштиле електроенергетскиот објект во комерцијална работа од денот на влегување во сила на овој закон, можат да го користат правото на приоритет при диспечирање до исте- кување на периодот определен во договорот. Член 299 (1) Енергетските објекти за кои е добиено: - одобрение за градење и Решение за согласност за приклучување на преносната или дистрибутивната мрежа или 298 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година - овластување за изградба на нови енергетски објекти, согласно Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Репуб- лика Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24) или друг закон, во рок не подолг од 120 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон се сметаат за објекти оп- фатени односно вклучени во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година и најдоцна до 15 ноември 2025 година може да поднесат барање за овластување до Министерството. (2) Во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон операторот на елек- тропреносниот систем и електродистрибутивниот систем согласно членот 87 од овој закон ги вклучуваат во развојните планови, енергетските објекти од ставот (1) на овој член. (3) Заинтересиран инвеститор до Министерството, може да достави иницијатива за из- градба на складиште на електрична енергија како самостојна постројка или како дел од електроцентрала која е во погон од денот на влегувањето во сила на овој закон до 30 сеп- тември 2025 година. (4) Складиштата на електрична енергија за кои е поднесена иницијатива во рокот од ставот (3) на овој член ќе бидат опфатени во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година. (5) Во рок од 30 дена од денот на донесувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година, операторот на електропреносниот систем и електро- дистрибутивниот систем согласно членот 87 од овој закон ги вклучуваат во развојните планови, складиштата од ставот (4) на овој член. (6) Во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон единиците на ло- кална самоуправа, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, операторот на електропреносниот систем, операторот на системот за пренос на природен гас и операторот на електродистрибутивниот систем до Минис- терството доставуваат извештај за енергетските објектите и статусот на енергетските об- јекти од ставот (1) на овој член. (7) Владата до 31 октомври 2025 година на предлог на Министерството го донесува Го- дишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година. (8) Заинтересиран инвеститор до 1 октомври 2025 година до Министерството може да достави иницијатива за вклучување на енергетски објект во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. (9) Општинскиот план за 2026 година единиците на локалната самоуправа го изготвува- ат до 1 октомври 2025 година. (10) Заинтересиран инвеститор до 1 септември 2025 година до единицата на локалната самоуправа може да достави иницијатива за вклучување во општинскиот план за 2026 го- дина. (11) Операторот на електропреносниот систем во соработка со операторот на електро- дистрибутивниот систем, по доставено барање од Министерството за потребите за Годиш- ниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година изработуваат интегрална сту- дија од членот 99 став (4) од овој закон до 15 октомври 2025 година. (12) Операторот на електропреносниот систем во соработка со операторот на електро- дистрибутивниот систем, по доставено барање од Министерството за потребите за Годиш- ниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година изработуваат интегрална сту- дија од членот 99 став (4) од овој закон до 1 декември 2025 година. (13) Министерството го доставува Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година до Влада до 15 јануари 2026 година. (14) Владата го донесува Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 го- дина до 31 јануари 2026 година. 299 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (15) Eлектронската платформа од членот 87 став (11) од овој закон Министерството ја изработува до 31 декември 2026 година. До изработката на платформата, постапката за до- делување на овластување за изградба на нови енергетски објекти ќе се води во хартиена форма. (16) Правилникот за обновливи извори на енергија (*) донесен согласно со одредбите од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24) се применува до влегувањето во сила на законот со кој се уредуваат обновливите извори на енергија. Член 300 (1) Владата во рок од два месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон и до 1 јануари 2028 година, до Секретаријатот на Енергетската заедница доставува извештаи за неопходноста и сразмерноста на јавните интервенции и за оцена на напредокот кон пости- гнување на ефективна конкуренција помеѓу снабдувачите и транзицијата кон пазарно зас- новани цени. (2) За регулираните цени од членот 6 став (2) од овој закон Владата до 31 декември 2028 година до Секретаријатот на Енергетската заедница поднесува извештај за почитува- њето на условите од членот 6 став (6) од овој закон, вклучително и за сообразноста на снабдувачите од кои се бара да ги применат таквите интервенции, како и за влијанието на регулираните цени врз финансиската состојба на снабдувачи. Член 301 Во рок од 18 месеци од денот влегувањето во сила на овој закон корисниците кои во своја сопственост имаат енергетска инфраструктура која е пуштена во погон од 2022 годи- на можат согласно овој закон сопственоста да ја префрлат на вертикално интегрирано друштво кое го има одобрено приклучокот. Член 302 (1) Интегрираниот национален план за енергија и клима од овој закон за периодот од 2025 до 2030 година ќе биде изготвен и Владата усвоен до 31 декември 2025 година. (2) Интегриран национален енергетски и климатски извештај за напредокот на статусот на реализација на планот од ставот (1) на овој член Владата го доставува до Секретари- јатот на енергетската заедница до 15 март 2027 година. (3) Владата до 1 јануари 2029 година земајќи ја предвид долгорочната перспектива го известува Секретаријатот на енергетската заедница за усвојувањето на Интегрираниот на- ционален план за енергија и клима од ставот (1) на овој член. (4) Владата до 1 јануари 2033 година го известува Секретаријатот на енергетската заед- ница за ажурираниот последен Нацрт - интегриран национален план за енергија и клима за кој доставила известување или за кој ги навела оправданите причини заради кои не го ажурира нацрт интегрираниот план. (5) Владата до 1 јануари 2034 година го известува Секретаријатот на енергетската заед- ница за ажурираниот последен Интегриран национален план за енергија и клима за кој доставила известување или за кој ги навела оправданите причини заради кои не го ажу- рира Интегрираниот национален план за енергија и клима. Член 303 (1) Министерството во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој за- кон го усвојува планот за подготвеност на справување од членот 30 став (7) од овој за- кон, го објавува на веб-страницата и го доставува до Секретаријатот на енергетската заед- ница. 300 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година (2) Првиот ажуриран план од ставот (1) на овој член Министерството го доставува до Секретаријатот на енергетската заедница до 5 јануари 2029 година. (3) Министерството во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој за- кон подготвува извештај за проценката на ризик од членот 39 од овој закон и го доставува до Секретаријатот на енергетската заедница. (4) За првиот ажуриран извештај од ставот (3) на овој член Министерството го извес- тува Секретаријатот на енергетската заедница најдоцна до 1 јануари 2028 година, а наред- ните ги ажурира согласно членот 39 став (4) од овој закон. (5) Акцискиот план за намалување на загушувањата од членот 153 од овој закон Ми- нистерството го донесува до 31 декември 2027 година. Член 304 (1) За производни постројки кои се пуштени во погон од денот на влегување во сила на овој закон до 31 декември 2025 година отстапувањето од балансна одговорност од членот 126 од овој закон е дозволено само доколку постројките за производство на електрична енергија користат обновливи извори на енергија и се со инсталираната моќност помала од 400 kW. (2) За производни постројки кои ќе бидат пуштени во погон по 1 јануари 2026 година отстапувањето од балансна одговорност од членот 126 од овој закон е дозволено само доколку постројките за производство на електрична енергија користат обновливи извори на енергија и се со инсталираната моќност помала од 200 kW. (3) Договорите од членот 126 став (21) од овој закон од 1 јануари 2026 не може да би- дат подолги од шест месеци. (4) Регулаторната комисија за енергетика поднесува извештај до Секретаријатот на Енергетската заедница и ECRB за учеството на вкупниот капацитет опфатен со договори- те од членот 126 став (21) од овој закон со времетраење или период на набавка подолг од еден ден до 1 јануари 2028 година. Член 305 Во рок од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон операторот на елек- тродистрибутивниот систем е должен да воведе можност за времена мерка на измени во шемата на производство и/или оптоварување на системот, во нагорна или надолна насока, што се активира од операторот на електропреносниот систем или од оператор на електро- дистрибутивен систем, со цел да се сменат физичките текови на енергија на системот и да се отстрани загушувањето или на друг начин да се овозможи безбедна работа на системот при што капацитетот кој ќе се редиспечира е поголем од 1 MW. Член 306 Одредбата од членот 131 ставот (6) од овој закон, не се применува за складиштата на енергија кои се целосно интегрирани мрежни компоненти или за вообичаениот период на амортизација на нови складишта за кои е донесена конечна инвестициска одлука најдоцна до 31 декември 2023 година, под услов складиштата да: 1. бидат приклучени на мрежата во рок од две години од конечната инвестициска одлу- ка односно најдоцна до 31 декември 2025 година; 2. бидат интегрирани во електропреносниот или електродистрибутивниот систем; 3. се користат само за реактивно моментално враќање на мрежната безбедност во случај на непредвидени настани на мрежата, кога таквата мерка за реставрирање започнува вед- наш и завршува кога редовното повторно испраќање може да го реши проблемот и 301 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година 4. не се користат за купување или продавање на електрична енергија на пазарите, вклу- чително и на пазарот на енергија за балансирање. Член 307 (1) Регулаторната комисија за енергетика во рок од осум дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ги утврдува исполнетоста на условите од Уредбата за работењето на операторот на организираниот пазар на електрична енергија и за потребните технички, кадровски и финансиски услови што треба да ги исполни (*) („Службен весник на Репуб- лика Северна Македонија” број 227/19) и до Владата доставува мислење и предлог за до- несување на одлука за назначување на вршителот на дејност управување со организиран пазар на електрична енергија, назначен за оператор на организираниот пазар на електрич- на енергија согласно Одлуката за назначување на операторот на пазарот на електрична енергија за оператор на организираниот пазар на електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 218/20) за номиниран оператор на организирани- от пазар на електрична енергија – НЕМО во Република Северна Македонија. (2) Владата во рок од три дена од денот на доставување на предлогот од ставот (1) на овој член донесува одлука за назначување на оператор на пазар на електрична енергија за номиниран оператор на пазар на електрична енергија-НЕМО во Република Северна Маке- донија согласно со овој закон за период од четири години од денот на назначувањето. (3) Министерството во рок од осум дена од денот на назначувањето на операторот на пазарот на електрична енергија за НEMO го информира Секретаријатот на Енергетска за- едница за назначувањето во согласност со правата и обврските од ратификуваните дого- вори. (4) Во рок од 18 месеци од влегувањето во сила на овој закон, НEMO заедно со другите НEMO и операторите на електропреносните системи во регионот воспоставува и примену- ва методологии согласно член 124 став (1) точки 2 и 5 од овој закон, за работа на органи- зираниот пазар на електрична енергија во Република Северна Македонија или на регио- налниот пазар на електрична енергија, со кои се обезбедува ефикасно, транспарентно и не- дискриминаторно доделување на преносните капацитети. Член 308 (1) Владата во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон донесува одлука за пренос на сопственичката структура на друштвото оператор на електропренос- ниот систем согласно членот 134 став (1) од овој закон. (2) Преносот на сопственоста на акциите на друштвото оператор на електропреносниот систем, на сопственикот од ставот (1) на овој член се запишува во Централен депозитар за хартии од вредност, во рок од 10 дена од донесување на одлуката од ставот (1) на овој член. (3) Друштвото оператор на електропреносен систем ја започнува постапката за серти- фикација од членот 137 од овој закон, во рок од 30 дена од преносот на сопственоста на акциите согласно со ставот (2) на овој член. (4) Одлуката за сертификација и назначување за оператор на електропреносен систем на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 175/19) донесена согласно одредбите од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македо- нија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24) се применува до донесување на нова одлука. 302 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Член 309 Рокот за промена на снабдувач со електрична енергија утврден во член 176 став (3) од овој закон, до 31 декември 2025 година изнесува 21 ден од денот на приемот на барањето за промена на снабдувачот. Член 310 (1) Со денот на влегувањето во сила на овој закон постојниот оператор на системот за пренос на природен гас продолжува да ја врши функцијата оператор на системот за пре- нос на гас од членот 204 од овој закон и оператор на пазар на гас, до определување на друштво на кое ќе му биде доделена лиценца за вршење енергетска дејност организирање и управување на пазарот на гас, согласно одредбите од овој закон. (2) Одлуката за сертификација и назначување на оператор на системот за пренос на природен гас на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 139/24) донесена согласно одредбите од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24) се применува до донесување на нова одлука. Член 311 (1) Подзаконските акти предвидени со овој закон, кои се однесуваат на сигурноста во снабдувањето со енергија, подготвеноста за справување со ризици и управување со енер- гетска криза, статусот и надлежностите на Регулаторната комисија за енергетика, ли- ценците, изградбата на нови енергетски објекти, пристапот на трети страни и приклучува- њето на мрежи, пазарот на електрична енергија и пазарот на гас ќе се донесат во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Подзаконските акти предвидени со овој закон, кои се однесуваат на енергетските биланси и енергетската статистика, пазарот на топлинска енергија, пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт, управувањето со енергетски објекти, оп- рема, уреди и постројки, утврдувањето и контролата на квалитетот на испорака и снабду- вање со електрична енергија и надзорот ќе се донесат во рок од 18 месеци од денот на вле- гувањето во сила на овој закон. (3) До донесувањето на подзаконските акти од ставовите (1) и (2) на овој член, ќе се применуваат подзаконските акти донесени врз основа на Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24). Член 312 (1) Започнатите постапки за полагање на испитот за стручна оспособеност на ракувачи- те со енергетски уреди и постројки до денот на влегување во сила на овој закон, ќе зав- ршат согласно на Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24). (2) Министерот ќе го донесе актот од членот 263 став (13) од овој закон во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (3) До донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (2) на овој член, ќе се применува подзаконскиот акт донесени врз основа на Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24). 303 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година Член 313 (1) Постапките за стекнување на статус на повластен производител на електрична енер- гија кои се започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат во сог- ласност со Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24). (2) На решенијата за стекнување на статус на привремен повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија, решенијата за стекнување на статус на повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија и од- луките за користење на повластени тарифи и премии за електрична енергија од обновливи извори на енергија, донесени до денот на влегувањето во сила на овој закон, се применува Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24) и прописите донесени врз основа на законот, кои се однесуваат на постапките за стекнува- ње на статус на повластен производител, решенијата за стекнување на статус на повластен производител и одлуките за користење на повластени тарифи и премии за електрична енергија од обновливи извори на енергија. (3) Договорите за откуп на електрична енергија произведена од повластените произво- дители на електрична енергија, коишто се склучени до денот на влегувањето во сила на овој закон, продолжуваат да важат до истекот на рокот за кој се склучени. Член 314 (1) Снабдувачот со електрична енергија во краен случај и снабдувачот со природен гас во краен случај кои до денот на влегувањето во сила на овој закон обезбедуваат јавна услуга согласно Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19 и 236/22, 134/24 и 147/24) услугата ја обезбедуваат до истекот на времето на траење на лиценцата. (2) Универзалниот снабдувач со електрична енергија што ја обезбедува универзалната услуга до денот на влегувањето во сила на овој закон согласно Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24), услугата ја обезбедува до исте- кот на времето на траење на лиценцата. Член 315 (1) Во рок од 15 дена од денот на донесувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година министерот ја формира Комисијата за доделување на овластување за изградба на електроенергетски објекти од членот 89 од овој закон. (2) Постојната комисија за спроведување на постапка за доделување на овластувања за објекти формирана согласно Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24) продолжува со работа до формирањето на комисијата од ставот (1) на овој член. Член 316 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за енергети- ка (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Ре- публика Северна Македонија“ број 96/19, 236/22, 134/24 и 147/24), освен одредбите кои се 304 од 305 Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година однесуваат за правилникот за обновливи извори на енергија, уписот во регистарот на елек- троцентрали, мерките за поддршка на обновливите извори на енергија и издавањето на га- ранциите за потекло и одредбите од членовите 297 ставови (1) и (7), 299 став (16), 311 став (3), 312 став (3), 313, 314 и 315 став (2) од овој закон. Член 317 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 305 од 305

Energy Law · Nelum