跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Decree on the methodology for distribution of funds realized as income from the fee for production of energy from fossil fuels

颁布于 2008-01-02 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Уредба за методологијата за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Energy, Environment
关键词
energy conservation/energy production, environmental fees/charges, liability/compensation, fees/royalties, financing, oil, taxes
类别
energy

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 12 од 23.01.2008 година 20080120141 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 185-а, став 8 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05 и 24/07), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 2.01.2008 година, донесе УРЕДБА ЗА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА ОСТВАРЕНИ КАКО ПРИХОД ОД НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА Член 1 Со оваа уредба се пропишува Методологијата за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива. Член 2 Средствата остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива ќе ги распределува Владата на Република Македонија најдоцна 30 дена по објавување на Буџетот на Република Македонија преку буџетот на Министерството за финансии како наменски дотации согласно членовите 5 и 6 од оваа уредба, на предлог на министерот за локална самоуправа. Член 3 Методологијата за распределба на средствата остварени како приход од надоместок за производство на енергија од фосилни горива се заснова на начелата на едноставност и транспарентност. Член 4 Распределба на средствата од член 1 на оваа уредба се врши согласно следните критериуми: - Подрачјето на општината каде обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност; - Бројот на жители на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност; - Бројот на жители на соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност; - Подрачје на соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност. Член 5 Средствата остварени по основ на надоместокот се распределуваат на општините на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност и на соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност во воздушен радиус од 10 км од местоположбата на инсталацијата и тоа преку фиксен и варијабилен дел.

  2. 1 од 2 „Службен весник на РМ“ бр. 12 од 23.01.2008 година Член 6 Под кластер се подразбираат сите општини кои ќе бидат корисници на средствата од еден обврзник за плаќање на надоместок за производство на енергија од фосилни горива и тоа: општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност и соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност. Фиксен дел од средствата во висина од 15% се алоцира на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност, а варијабилниот дел од средствата во висина од 85% се алоцираат пропорционално во зависност од подрачјето и бројот на жители на сите општини вклучително и општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност. Алгебарската презентација на методологијата за секој кластер посебно е следната: Вкупно = 0,007 џ произведени књх Година Пресметката се повторува за сите кластери од општини за секој од обврзниците кои плаќаат надоместок за производство на енергија од фосилни горива. Член 7 Во пресметката на распределбата на вкупно пресметаните приходи се земаат предвид бројот на жители и површината на општините во соодветниот кластер. Распределбата на варијабилниот дел за секоја општина се врши на следниот начин: Број на жители ------------------------- Површинаи ------------------------- Општинаи = 0.85 * ------------------------- н Број на жители Σ ------------------------- и=1 Површинаи И – е соодветната општина во кластерот, а н – бројот на општини во кластерот. Член 8 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 19-8336/1 Претседател на Владата 2 јануари 2008 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р.

  3. 2 од 2

Decree on the methodology for distribution of funds realized as income from the fee for production of energy from fossil fuels · Nelum