跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Decree on the manner of work of commissions for assessment and determination of the amount of damage caused by natural disasters, epidemics, epizootics and other accidents

颁布于 2005-11-09 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Уредба за начинот на работа на комисиите за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
General
关键词
resource/damage valuation, hazards, procedural matters

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 143 став 2 од Законот за заштита и спасување ("Службен весник на Република Македонија бр. 36/2004 и 49/2004), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 9.11.2005 година, донесе УРЕДБА ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА КОМИСИИТЕ ЗА ПРОЦЕНА И УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ШТЕТА НАСТАНАТА ОД ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ, ЕПИДЕМИИ, ЕПИЗООТИИ, ЕПИФИТОТИИ И ДРУГИ НЕСРЕЌИ Член 1 Со оваа уредба се уредува начинот на работа на комисиите за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи (во натамошниот текст: Комисии). Член 2 При процена и утврдување на висината на штетата врз средствата и другите материјални добра, комисиите ја применуваат Единствената Методологија за процена на штетите од елементарни и други непогоди ( во натамошниот текст: Единствената Методологија). Член 3 Комисиите, во својата работа соработуваат со надлежните државни органи, научно- стручни институции и по потреба ангажираат и стручни лица – експерти од соодветната област каде што се врши процената на штетата. Член 4 Комисиите, процената на штетата ја организираат на целото подрачје што претрпело штета и обезбедуваат целосност на опфатот со користење на статистичките кругови од Државниот завод за статистика. Член 5 Комисиите, штетата ја проценуваат со директен увид во секое средство и материјално добро во сопственост на правните лица, самостојните вршители на дејности и граѓаните што претрпеле каква и да е штета и за секое прегледано средство треба да утврдат дали е оштетено или уништено. За потешко оштетените средства треба да утврдат дали нивното оштетување е во толкава мера, што не може да се изврши поправка, или трошоците за поправка се толку високи, што таа не е исплатлива, во кој случај треба да се третираат како уништени средства. Член 6 Комисиите, за секое оштетено средство и материјално добро изработуваат пресметка на трошоците потребни за доведување на средствата во првобитна состојба, односно во состојба во кое биле пред настанување на оштетувањето. Пресметаните износи на штетите се намалуваат за вредноста на спасениот материјал, чија вредност се пресметува согласно Единствената Методологија.

  2. Член 7 Комисиите за процена на штети спроведуваат и глобална процена на штети согласно Единствената Методологија. 1 Член 8 Проценетите штети, Комисиите ги евидентираат на пропишаните обрасци и табели согласно Единствената Методологија. Член 9 Комисиите изработуваат Извештај за процената на штетите во вид на елаборат согласно Единствената Методологија. Член 10 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 19-4079/1 Заменик на претседателот 9 ноември 2005 година на Владата на Република Скопје Македонија, Јован Манасијевски, с.р. 2

Decree on the manner of work of commissions for assessment and determination of the amount of damage caused by natural disasters, epidemics, epizootics and other accidents · Nelum