跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Decree on the manner of construction of public shelters and maintenance and use of already constructed shelters and other protection facilities and determination of required number of shelters

颁布于 2010-11-17 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Уредба за начинот на изградба на јавните засолништа и одржувањето и користењето на веќе изградените зсолништа и другите заштитини објекти и определување на потребниот број на засолнишни места.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
General
关键词
hazards, public health

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 153 од 26.11.2010 година 20101533149 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 65 од Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2004, 49/2004, 86/2008 и 124/2010), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 17.11.2010 година, донесе УРЕДБА ЗА НАЧИНОТ НА ИЗГРАДБА НА ЈАВНИТЕ ЗАСОЛНИШТА И ОДРЖУВАЊЕТО И КОРИСТЕЊЕТО НА ВЕЌЕ ИЗГРАДЕНИТЕ ЗАСОЛНИШТА И ДРУГИТЕ ЗАШТИТНИ ОБЈЕКТИ И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИОТ БРОЈ НА ЗАСОЛНИШНИ МЕСТА I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа уредба се уредува начинот на изградба на јавните засолништа и одржувањето и користењето на веќе изградените засолништа и другите заштитни објекти и определувањето на потребниот број на засолнишни места. Член 2 Засолнувањето и заштитата на населението, материјалните добра и културното наследство во Република Македонија се врши со изградба на јавни засолништа и други заштитни објекти во согласност со Програма на Владата на Република Македонија за исклучително загрозени објекти, програми на единиците на локалната самоуправа за јавни засолништа за потребите на подрачјето на секоја одделна општина и во согласност со урбанистичките планови. Засолнувањето и заштитата на населението се планира и спроведува и во веќе изградените засолништа и други заштитни објекти, определени како такви со градежно- техничката документација со која е одобрена градбата. II. НАЧИН НА ИЗГРАДБА НА ЈАВНИТЕ ЗАСОЛНИШТА И ДРУГИТЕ ЗАШТИТНИ ОБЈЕКТИ Член 3 Засолништата според отпорноста се градат како засолништа за основна заштита во согласност со техничките нормативи за изградба на јавни засолништа донесени од страна на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Член 4 Засолништата и другите заштитни објекти според заштитните карактеристики можат да бидат: - засолништа затворени и херметизирани простории, опремени со инсталации за прочистување на воздухот и други инсталации и опрема кои овозможуваат оптимални услови за заштита и престој на населението и сместување на материјални добра и културно наследство; - засолни-отворени или херметизирани објекти за засолнување што немаат инсталации за прочистување на воздухот, при чија употреба да се користат личните средства за радиолошко-хемиска и биолошка заштита и - засолни со зајакната плоча (масивна двојно армирано-бетонска плоча, со дебелина 25 см) која обезбедува заштита од уривање.

  2. 1 од 5 Службен весник на РМ, бр. 153 од 26.11.2010 година Член 5 Засолните според заштитните карактеристики можат да бидат: - засолни за заштита од радиоактивни и отровни оптоварувања-влијанија кои се задолжително затворени или херметизирани и - засолни за заштита од механички оптоварувања, од парчиња на убојните средства и од урнатите објекти. Механичката отпорност на конструкцијата на засолните на квазистатичко оптоварување од воздушен ударен бран изнесува од 25 - 50 кРа. а) Изградба на јавни засолништа за исклучително загрозени објекти Член 6 Изградбата на јавни засолништа од страна на Републиката се врши само во случај на исклучително загрозени објекти што ги утврдува Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на геолошко-хидролошките и сеизмички карактеристики на земјиштето и на капацитетот на задоволување на потребите на засолнување. б) Изградба на јавни засолништа на единиците на локалната самоуправа Член 7 Од страна на единицата на локалната самоуправа со Програма се утврдуваат локациите за изградба на засолништа и други заштитни објекти на своето подрачје и внесуваат во урбанистичките планови. Член 8 Микролокациите за изградба на засолништата се планираат со урбанистички план според местото на живеење и работење на населението, како самостојни објекти. Член 9 Испитувањето на исправноста на инсталацијата за проветрување на засолништата и другите заштитни објекти се врши од страна на трговски друштва регистрирани за таа дејност. III. ОДРЖУВАЊЕ НА ВЕЌЕ ИЗГРАДЕНИТЕ ЗАСОЛНИШТА И ДРУГИ ЗАШТИТНИ ОБЈЕКТИ Член 10 Изградените засолништа и другите заштитни објекти се одржуваат во исправна состојба со тековно и инвестиционо одржување. Тековното и инвестиционо одржување се презема врз основа на техничкиот преглед на засолништата и другите заштитни објекти. Начинот на извршување на работите за тековното и инвестиционо одржување на засолништата и другите заштитни објекти се врши согласно нормативите и стандардите за заштита и спасување.

  3. а) Тековно и инвестиционо оддржување на засолништата и другите заштитни објекти со кои стопанисува Дирекцијата за заштита и спасување Член 11 Тековното одржување на засолништата и другите заштитни објекти со кои стопанисува Дирекцијата за заштита и спасување опфаќа активности кои се состојат во тримесечен, шестмесечен и годишен преглед. 2 од 5 Службен весник на РМ, бр. 153 од 26.11.2010 година Тримесечниот преглед се состои од проверки на комплетноста и исправноста на засолништата и другите заштитни објекти. Шестмесечниот преглед ги опфаќа активностите од тримесечниот преглед, со тоа што се извршува и детално чистење и подмачкување на подвижните делови од заштитата и опремата, како и подмачкување со глицерин на сите гумени заптивки во вентилите, манжетните од инсталацијата и филтро-вентилационите уреди. Годишниот преглед ги опфаќа сите активности од тримесечниот и шестмесечниот преглед и се врши измена на елементи, позиции кои не се во согласност со нормите и условите кои треба да ги исполнуваат, како и мерење на сите елементи вградени во засолништето, контрола на конструкцијата, средствата за затворање, опремата за престој и електричната инсталација. Член 12 Кога засолништето или другиот заштитен објект со кои стопанисува Дирекцијата за заштита и спасување е издаден под закуп, тековното одржување го врши закупецот во текот на траење на закупот од сопствени средства. Тековното одржување во случај од став 1 на овој член се состои од: - визуелен и функционален преглед на пет дена; - проверување на засолништето или другите заштитни објекти; -пуштање во погон на уредите за вентилација и утврдување на исправноста на инсталациите што му припаѓаат на засолништето; - поправки на инсталациите и опремата што ги користи; - одржување на хигиена со дезинфекција и дезинсекција и - варосување по потреба. Член 13 Закупецот учествува во исплатувањето на трошоците за тековно одржување на заедничките простории (приоди) сразмерно на квадратурата и намената на делот на засолништето или заштитниот објект и тоа за: чистење, надоместоци за исплата на експлоатациони трошоци (греење, осветлување и сл.).

  4. Член 14 Инвестиционото одржување на засолништата и другите заштитни објекти, опфаќа активности со кои се вршат парцијални подобрувања на елементите и инсталациите на засолништата и другите заштитни објекти во целина во согласност со важечките нормативи и стандарди. Член 15 Контролата на состојбата на засолништата и другите заштитни објекти се врши од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. Член 16 Секое засолниште има книга за одржување во која се внесуваат податоци за извршените технички контроли, за преземени мерки и за начинот за отстранување на утврдените недостатоци. Со книгата за одржување на засолништето се чуваат: Упатството за одржување на засолништето, атестите, гарантните листови. 3 од 5 Службен весник на РМ, бр. 153 од 26.11.2010 година б) Тековно и инвестиционо оддржување на засолништата и другите заштитни објекти со кои стопанисуваат единиците на локалната самоуправа Член 17 Тековното одржување на засолништата и другите заштитни објекти со кои стопанисуваат единиците на локалната самопуправа опфаќа активности кои се состојат во прегледи што ги вршат единиците на локалната самоуправа во согласност со Планот и Програмата за заштита и спасување. Со тековните прегледи се вршат проверки на комплетноста и исправноста на засолништата и другите заштитни објекти. Член 18 Тековното одржување во случај од став 1 на овој член се состои од: - визуелен и функционален преглед на пет дена; - проверување на засолништето или другите заштитни објекти; - пуштање во погон на уредите за вентилација и утврдување на исправноста на инста- лациите што му припаѓаат на засолништето; - поправки на инсталациите и опремата што ги користи; - одржување на хигиена со дезинфекција и дезинсекција и - варосување по потреба. Член 19 Инвестиционото одржување на засолништата и другите заштитни објекти, опфаќа активности со кои се вршат парцијални подобрувања на елементите и инсталациите на засолништата и другите заштитни објекти во целина во согласност со важечките нормативи и стандарди.

  5. Член 20 Со книгата за одржување на засолништето се чуваат: Упатството за одржување на засолништето, атестите, гарантните листови. Член 21 Контролата на состојбата на засолништата и другите заштитни објекти со кои стопанисува локалната самопуправа се врши од страна на надлежните служби за заштита и спасување на локалната самоуправа. IV. КОРИСТЕЊЕ НА ЗАСОЛНИШТА И ДРУГИ ЗАШТИТНИ ОБЈЕКТИ а) Користење на засолништата и другите заштитни објекти во услови на мир Член 22 Изградените засолништа и другите заштитни објекти во услови на мир, покрај основната намена за која се изградени можат да се користат и за други намени. Користењето на засолништата за други намени покрај основната намена се врши врз основа на програми со кои се реализира обука, едукација или тренинг во областа на заштитата и спасувањето и за извршување на други дејности врз основа на договор за закуп. 4 од 5 Службен весник на РМ, бр. 153 од 26.11.2010 година б) Користење на засолништа и други заштитни објекти со кои стопанисува Дирекцијата за заштита и спасување Член 23 Засолништата и другите заштитни објекти со кои стопанисува Дирекцијата за заштита и спасување можат да се користат за реализација на програми на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување за обука, едукација и тренинг за заштита и спасување и за давање под закуп за обавување на други дејности. Член 24 Во услови на вонредна и воена состојба на територијата на Република Македонија или на нејзин дел, а врз основа на евиденцијата што ја води Дирекцијата за заштита и спасување, Дирекцијата за заштита и спасување со известување за настаната ситуација ќе побара да се стават во функција засолништата и другите заштитни објекти што се дадени во закуп најдоцна до 48 часа, а за засолништата со кои стопанисува локалната самоуправа ќе побара таа веднаш да ја воспостави функцијата на засолнишата што ги дала во закуп. V. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИОТ БРОЈ НА ЗАСОЛНИШНИ МЕСТА

  6. Член 25 Вкупниот број на засолнишни места во Република Македонија што по потреба утврдена со закон и во согласност со плановите за заштита и спасување можат едновремено да се стават во функција, треба да овозможат засолнување на најмалку 30 % од населението на Република Македонија. Динамиката за реализација на процентот од став 1 на овој член се утврдува во планoвите за заштита и спасување, со Програма на Владата на Република Македонија за мерките за заштита и спасување и програмите на единиците за заштита и спасување. VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 26 Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за начинот на изградбата, одржувањето и користењето на засолништата и другите заштитни објекти и определувањето на потребниот број на засолнишни места („Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/2005). Член 27 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 51-6339/1 Заменик на претседателот 17 ноември 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р. 5 од 5

Decree on the manner of construction of public shelters and maintenance and use of already constructed shelters and other protection facilities and determination of required number of shelters · Nelum