Decree on the implementation of measures for protection and rescue of animals and products of animal origin
颁布于 2010-07-13 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Уредба за спроведување на мерката заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Food and nutrition, Fisheries and aquaculture
- 关键词
- animal health, hazards, early warning system, fish products, food safety and quality
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 126 од 22.09.2010 година 1 од 5 20101262466 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 50 став 3 од Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/04, 49/04 и 86/08), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 13.07.2010 година, донесе У Р Е Д Б А ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКAТA ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа уредба се уредува спроведувањето на мерката за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло, во рамките на системот за заштита и спасување. Планирањето и подготвувањето на активностите за спроведување на мерката за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло се врши од страна на органите на Државната управа, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, служби и трговските друштва (во натамошниот текст: задолжени субјекти). Член 2 Поимите животни и производи од животинско потекло во смисла на оваа уредба го имаат следното значење: 1. Животни се: копитари (коњи, мазги, мули и магариња); чапункари (говеда, биволи, овци, кози и свињи); перната живина (кокошки, мисирки, гуски, шатки и друга перната живина); украсни и егзотични птици и животни; кучиња мачки, куникули, пчели, пијавици, свилени буби, риби, ракови, школки, ежови, желки, полжави, жаби, ловен дивеч, диви ѕверови, лабораториски животни и инсекти. 2. Производи од животинско потекло се: составни делови од животинското тело во сурова, полупреработена или преработена состојба (млеко, “производи од млеко“ јајца, производи од месо, риби, икра, мед и други производи од ракови, школки, полжави и жаби) наменети за исхрана на луѓето. II. ПЛАНИРАЊЕ И ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 3 Заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло опфаќа планирање и подготвување на активности за спроведување на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло од дејствата на природните непогоди. Член 4 Задолжените субјекти при спроведување на мерката за заштита и спасување на животни и производи од животинско потекло соработуваат со сопствениците и одгледувачите на животни и со производителите на производите од животинско потекло. Службен весник на РМ, бр. 126 од 22.09.2010 година 2 од 5 А) Планирање на заштитата и спасувањето на животни и производи од животинско потекло Член 5 Планирањето на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло опфаќа утврдување на потребна организација за спроведување на мерката за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло и пропишување на стандардната оперативна процедура. Планирањето на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло се остварува во рамките на интегралното планирање (развојно и оперативно) за заштита и спасување во планските документи. Член 6 Потребната организација за спроведување на мерката за заштита и спасување на животни и производите од животинско потекло, се утврдува во плановите за заштита и спасување. При утврдувањето на потребната организација за спроведување на мерката за заштита и спасување на животни и производите од животинско потекло од став 1 на овој член детално се разработуваат задачите на задолжените субјекти и задачите, големината и видовите на силите за заштита и спасување кои ќе учествуваат во спроведувањето на мерките за заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло, местата за собирање на повредените и заболените, тријажните пунктови, патиштата и начините на извршување на транспортот до најблиските ветеринарни установи за кои ќе се прифаќаат животните на кои им е потребна помош. Член 7 Активностите и постапките учесниците во организираното спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги преземаат согласно стандардните оперативни процедури донесени од страна на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Б) Подготвување на активности за спроведување на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло Член 8 Подготвувањето на активностите за спроведување на мерката за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло се состои од организациски и оперативни активности и мерки со кои се обезбедуваат потребните предуслови за спроведување на планираните активности за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. За реализација на активностите од став 1 на овој член задолжените субјекти кои ја организираат заштитата и спасувањето посебно и подетално треба да предвидат: пополнување на организирани сили за заштита и спасување со соодветен персонал и материјални ресурси; обуки, тренинг и вежби; обезбедување на материјални ресурси, нивно одржување и сервисирање и склучување на потребни договори за извршување на одредени задачи и активности. Член 9 Задолжените субјекти кои ја спроведуваат заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло ги обезбедуваат потребните средства и сили за успешно и ефикасно спроведување на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло. Службен весник на РМ, бр. 126 од 22.09.2010 година 3 од 5 III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО НА ЖИВОТНИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 10 Во спроведувањето на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло задолжените субјекти и силите за заштита и спасување ги исполнуваат задачите и должностите утврдени во плановите за заштита и спасување, согласно пропишаната стандардна оперативна процедура. Спроведувањето на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло опфаќа превентивни и оперативни мерки и активности . а) Активности во функција на превенција Член 11 Во функција на превенција на заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло задолжените субјекти ги обезбедуваат потребни персонални и материјални ресурси утврдени во плановите за заштита и спасување од член 9 од оваа уредба за непречено функционирање на превентивните и оперативните активности на заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло од заразни болести, радиолошки, хемиски и биолошки загадувања, заштита од пожари, заштита и спасување на вода и под вода, заштита и спасување од урнатини и други несреќи (глад и сл.). Член 12 Спроведувањето на превентивните активности и мерки задолжените субјекти ги обезбедуваат податоците за состојбите на теренот и ги преземаат следните активности: правилно сместување, исхрана и напојување на домашните животни; редовно вакцинирање согласно Програмите за итни мерки донесени од страна на надлежниот орган. ограничување и забрана на увоз на животни и производи од животинско потекло од земји во кои постојат заразни заболувања кај животните; контрола и утврдување на хигиено - епидемиолошките услови и исправност на увезените животни, сточната храна и производите од животинско потекло; редовна радиолошко хемиска и биолошка контрола на животната средина, животните, сточната храна и производите од животинско потекло; лабораториска контрола на крвта, други излачувања кај животните, органи и ткива или нивни делови; обезбедување доволни количини на храна и вода за животните и нивна заштита од сите видови на загадување; контрола на хигиено-епидемиолошките услови и исправност на складиштата, магацините, ладилниците и другите објекти во кои се чуваат и складираат производите од животинско потекло; обезбедување на потребните персонални и материјални ресурси за функционирање на воспоставената организација и спроведување на обука, тренинг и вежби со персоналот и силите за заштита и спасување. б) Оперативни функции Член 13 Од страна на задолжените субјекти за спроведување на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло во рамките на оперативните функции се спроведуваат активности и мерки во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и во отстранувањето на последиците. Службен весник на РМ, бр. 126 од 22.09.2010 година 4 од 5 б-1)Активности и мерки во случај на непосредна опасност Член 14 Кога надлежниот орган согласно Закон ќе утврди постоење на можност за настанување на потенцијална опасност ги известува надлежните органи од член 1 од оваа уредба и одговорните лица во задолжените субјекти за зголемување на готовноста за спроведување на заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. Задолжените субјекти од став 1 на овој член ги активираат надлежните и одговорни лица за спроведување на заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло и ги активираат за преземање организациски, стручни, безбедносни и други мерки заради зголемување на подготвеноста за извршување на задачите во спроведување на заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло. б-2) Активности и мерки за време на траење на опасноста Член 15 За време на траењето на опасноста, задолжените субјекти вклучени во заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло ги спроведуваат следните мерки и активности : ги следат резултатите од извидувањата, вршат контрола на лабораториските анализи на примероците од животните и производите од животинско потекло на кои е воочена промена, ги утврдуваат причинителите кои ја предизвикуваат промената и оштетувањата кај животните и предлагаат преземање на соодветни мерки; спроведуваат изолација на подрачјата на кои е појавена заразната болест; изолација на заболените животни и спроведување на мерки согласно програмите за итни мерки донесени од страна на надлежниот орган за карантинско лечење; вакцинација на животните во загрозеното подрачје согласно Програмите за итни мерки донесени од страна на надлежниот орган; целосна вакцинација на населението, до колку се работи за болести кои се пренесуваат на луѓето; избегнување и спречување на непотребно движење и собирање на животните; забрана за колење на животните во загрозените подрачја, освен ако се работи за колење на нужда и со посебно одобрение од страна на официјалниот ветеринар надлежен за тоа епизоолошко подрачје“; спроведување на мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на загрозените населби, водните објекти и останатите објекти од посебно значење со цел уништување на изворот и преносителите на заразата; запознавање на населението на загрозеното подрачје со опасностите што му се закануваат, карактеристиките и начинот на пренесувањето на заразните болести, превентивни и оперативни мерки на заштита кои треба секој да ги спроведува како и начинот на однесување, мерките на безбедност и учеството во акциите за заштита и спасување на животните, сточната храна, водата и производите од животинско потекло; мерки за радиолошко хемиска и биолошка заштита; мерки за противпожарна заштита; мерки за заштита и спасување од поплави. Службен весник на РМ, бр. 126 од 22.09.2010 година 5 од 5 б-3) Активности и мерки во отстранување на последиците Член 16 Во отстранување на последиците субјектите кои учествуваат во заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло можат да се ангажираат и употребуваат и за мерките за отстранување на последиците и тоа: преземање на санитарно-хигиенски и санитарно -епидемиолошки мерки на загрозеното подрачје со цел спречување на ширење на заразни болести на други подрачја во соработка со организациите и институциите кои имаат материјално технички средства и стручно оспособени лица за оваа работа; закопување-отстранување на мрши од животни, загадени, затруени и расипани производи од животинско потекло, сточна храна, отпадни материи на начин на кој не се загрозува животната околина. Член 17 Раководниот персонал во задолжените субјекти и командниот персонал на силите за заштита и спасување врз основа на водената евиденција најдоцна четири часа по завршување на активностите го анализираат своето учество во спроведувањето на мерката за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло. Извештајот за извршената анализа и евиденцијата за употребата на службите и силите за заштита и спасување во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и во отстранување на последиците од страна на раководниот персонал во задолжените субјекти се доставува до Дирекцијата за заштита и спасување најдоцна два дена по завршувањето на активностите. IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 18 Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за спроведување на мерките за заштита и спасување на животните и производите од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ бр. 94/05). Член 19 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ . Бр. 51-3017/1 Заменик на претседателот 13 јули 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р.