Decree on public participation in the preparation of regulations and other acts, as well as plans and programmes in the field of environment
颁布于 2008-11-23 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Environment
- 关键词
- environmental planning, non-governmental entity, public participation, policy/planning
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 147 од 26.11.2008 година 1 од 4 20081473026 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 61, став (4) и (8) од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05 и 24/07), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 23.11.2008 година, донесе УРЕДБА ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО ТЕКОТ НА ИЗРАБОТКАТА НА ПРОПИСИ И ДРУГИ АКТИ, КАКО И ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Со оваа уредба се пропишуваат условите, начинот и постапката за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина, видовите на планови и програми од областа на животната средина, начинот и постапката за учеството на јавноста при изработување, донесувањето, изменувањето или ревидирањето на плановите и програмите, како и начинот и критериумите врз основа на кои се определува јавноста, вклучувајќи и невладини организации. Член 2 Видовите на планови и програми од областа на животната средина (во натамошниот текст: плански документи) кои се донесуваат согласно оваа уредба се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на оваа уредба. Во постапката за изработката на прописи и други акти (во натамошниот текст: прописи) и/или плански документи, органите на државната управа и органите на единицата на локалната самоуправа (во натамошниот текст: органите), треба на јавноста да и овозможат ефективно да учествува во изработката на прописите и во донесувањето, изменувањето и ревидирањето (во понатамошниот текст: изработка) на планските документи во нивната најрана фаза на нивното донесување, односно при донесување на одлуката согласно член 4 од оваа уредба. Член 3 Согласно член (2) од оваа уредба органите треба да ја информират јавноста и невладините организации (во натамошниот текст: заинтересираната јавност), по пат на јавни известувања објавени во најмалку еден дневен весник достапен на целата територија на Република Македонија и на Интернет страницата на органот, и/или по пат на јавни известувања објавени преку електронските медиуми чија програма е достапна согласно територијалната надлежност на органот. Јавните известувања од став (1) од овој член треба да содржат: информации за донесената одлука од член (4) од оваа уредба; местото, времето и рокот каде што може да се изврши увид на прописот и/или планскиот документ; местото и времето каде ќе се одржува јавната расправа; адресата (поштенска и електронска) каде можат да се доставуваат забелешки, мислења и предлози; доколку тоа е можно, електронска адреса од каде што може да се превземе електронска верзија на прописот и/или планскиот документ, како и други информации кои можат да придонесат во остварување на правото на учество на заинтересираната јавност во одлучувањето. Член 4 За изработка на пропис и/или плански документ органите треба да донесат одлука за изработка на пропис и/или плански документ и да ја објават на својата веб страна. Службен весник на РМ, бр. 147 од 26.11.2008 година 2 од 4 Одлуката од став (1) од овој член содржи: Име на органот кој што ги изработува прописот и/или планскиот документ; Наслов на прописот и/или планскиот документ со краток опис на неговата содржина и опфат; Редослед на активности во постапката кои ќе се превземат поврзани за изработката на прописот и/или планскиот документ; Опис и/или назив на субјектите кои ја преставуваат заинтересираната јавност; Начинот на вклучување на заинтересираната јавност во изработката на прописот и/или планскиот документ, вклучувајќи ги и роковите за давање на забелешки, мислења и предлози, роковите за јавниот увид и местото и времето на одржувањето на јавната расправа. Член 5 Во зависност од видот и содржината на прописот и/или планскиот документ, органот ја определува заинтересираната јавност преку определување на субјекти врз кои може да влијае спроведуањето на прописот и/или планскиот документ, замајќи ги предвид следните критериуми: 1. економски (вршење на стопански или други економски дејности) и тоа: зголемување на дополнителни финансиски обврски (даноци, такси или промени во регулативата со кои се наметнуваат нови обврски); промени во вршењето на дејностите преку наметнување на нови стандарди; 2. социјални, и тоа: влијание од апект на старосната структура; вилјание врз половата структура; влијание врз образовната структура; влијание врз посебни здруженија заради остварување на заеднички интерес; влијание врз вршењето на социјалната и здравствената дејност; 3. еколошки - влијанија врз медиумите и областите на животната средина според кои критериуми се определуваат субјекти кои вршат научни, стручни и образовни активности во областа на животната средина, органите, како и јавните претпријатија или вршители на дејност од јавен интерес кои делуваат во областа на животната средина. Во случај кога органот согласно став 1 точка 2 од овој член, не може да определи субјекти од социјалниот аспект тогаш во заинтересирана јавност влегуваат здруженија, организации и институции кои промовираат остварување на генерални социјални цели (здруженија на пензионери, центри за социјални работи, социјална инклузија, родови прашања и слично). Член 6 Органот за изработката на пропис и/или плански документ треба да обезбеди услови за учество на заинтересираната јавност со одржување на најмалку една јавна расправа и да го стави нацрт прописот и нацрт планскиот документ на јавен увид и на својата веб страна. Јавниот увид може да трае најмалку 30 дена. Јавната расправа се одржува најмалку 15 дена од денот на ставањето на прописот и/или планскиот документ на јавен увид, а најдоцна пет дена пред денот на истекувањето на рокот за јавниот увид, од ставот 2 од овој член. Член 7 Органот, субјектите од заинтересираната јавност писмено и/или со електронска пошта треба да ги покани да земат учетво на јавната расправа за изработката на прописот и/или планскиот документ. Службен весник на РМ, бр. 147 од 26.11.2008 година 3 од 4 Правни и физички лица кои сметаат дека се засегнати со изработката на прописот и/или планскиот документ можат да побараат од органот да бидат повикани на јавната расправа согласно став (1) од овој член најдоцна пет дена пред одржување на јавната расправа. Член 8 Јавната расправа вклучувајќи го и јавниот увид ги координира и води органот што го изработува прописот и/или планскиот документ. На јавната расправа сите присутни можат да дадат свои забелешки, мислења и предлози. За спроведената јавна расправа и нејзиното одржување се води записник од страна на органот, како и список на сите присутни учесници на расправата. Доколку за тоа постои можност органот може јавната расправа да ја пренесува директно на еден од електронските медиуми или да обезбеди електронски аудио или видео запис и истите да ги направи достапни на јавноста. Член 9 Ако во текот на јавната расправа или во рокот на траење на јавниот увид, субјектите од заинтересираната јавност не достават забелешки, мислења или предлози ќе се смета дека јавноста немала никакви забелешки по прописот и/или планскиот документ. Член 10 Органот во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавниот увид, треба да достави поединечен или збирен одговор на сите пристигнати забелешки, мислења и предлози по прописот и/или планскиот документ. Органот треба да подготви извештај за одржаната јавна расправа и истиот да го објави на својата веб страница. Член 11 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 19-5992/1 Претседател на Владата 23 ноември 2008 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 147 од 26.11.2008 година 4 од 4