跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Decree on limit values for levels and types of pollutants in ambient air and alert thresholds, deadlines for reaching limit values, margins and tolerance for limit value, target values and long-term goals

颁布于 2005-06-22 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целн вредности и долгорочни цели.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Air and atmosphere
关键词
air quality/air pollution, emissions, monitoring, ozone layer, policy/planning, pollution control, protection of environment, public health

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 10 од Законот за квалитет на амбиентниот воздух (�Службен весник на РМ� бр. 67/04) и член 36, став 2 од Законот за Владата на Република Македонија (�Службен весник на РМ� бр. 59/00 и 12/03), Владата на Република Македонија, на седни цата одржана на 22.06.2005 година, донесе У Р Е Д Б А ЗА ГРАНИЧНИ ВРЕДНОСТИ ЗА НИВОА И ВИДОВИ НА ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАН ЦИИ ВО АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ И ПРАГОВИ НА АЛАРМИРАЊЕ, РОКОВИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ, МАРГИНИ НА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ГРАНИЧНА ВРЕДНОСТ, ЦЕЛНИ ВРЕДНОСТИ И ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ Член 1 Со оваа уредба се пропишуваат гранични вредности за нивоата и видовите на загадувач ки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели за озон. Член 2 Одредени изрази употребени во оваа уредба го имаат следното значење: 1. Долгорочни цели за озон се: нивоа на концентрации на озон во амбиентниот воздух под кои, во согласност со современите научни постигнувања, директните неповолни ефе кти врз човековото здравје и/или животната средина во целина се малку веројатни и кои треба долгорочно да се постигнат, колку што е можно поблиску, за да се постигне ефект ивна заштита на човековото здравје и на животната средина. 2. Целни вредности за озон се: нивоа на концентрации на озонот во амбиентниот воз дух кои што се фиксирани со цел да се избегнат повеќе долгорочни штетни ефекти врз чо вековото здравје и/или животната средина како целина, а кои што треба да се постигнат во определен период. 3. Азотни оксиди се: збир на азотен оксид и азот диоксид дадени во милијардити дело ви и изразени како азот диоксид во микрограми на кубен метар. 4. Суспендирани честички со големина од десет микрометри (РМ10) се: честички кои што поминуваат низ отвор што селектира по големина со 50% губење на ефикасноста при аеродинамичен дијаметар со големина од десет микрометри (10µm). 5. Праг за предупредување за озон е: ниво над кое постои ризик за човековото здравје, за посебно осетливи делови од населението, како резултат од краткотрајна изложеност и за кое се неопходни ажурирани информации. 6. Рок е: временски период кој е предвиден за претставување на вредностите на прагот, а во текот на кој се мери загадувачката супстанција во воздухот. Член 3 Одредбите од ова уредба се применуваат при: 1. Оценување на квалитетот на амбиентниот воздух и утврдување на зони и агломера ции за територијата на Република Македонија во смисла на член 18 и 22 од Законот за ква литет на амбиентниот воздух. 2. Оценување на квалитетот на амбиентниот воздух и воспоставување на мрежи за мо ниторинг и мерење на квалитетот на амбиентниот воздух во смисла на член 21 од Законот за квалитет на амбиентниот воздух. 3. Следење на квалитетот на амбиентниот воздух со државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух, како и со локалните мрежи. 4. Мерење на квалитетот на амбиентниот воздух во мерните станци и мерните места кои што не се вклучени во државната мрежа, а се управувани од страна на акредитирани правни лица, општините и градот Скопје со цел да се следи влијанието на загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето на луѓето и животната средина. 5. Планирање и заштита на квалитетот на амбиентниот воздух. 6. Други случаи определени со закон. 1. Гранични вредности за нивоа на концентрации на сулфур двооксид во амбиент ниот воздух и праг на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредно сти и маргини на толеранција Член 4 Гранични вредности за нивоа на концентрации на сулфур диоксид во амбиентниот воз дух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција се дадени во Прилог 1 поглавје А точка 1. Прилогот 1 е даден во прилог на оваа уредба и е нејзин составен дел. Член 5 Праг на алармирање за сулфур двооксид во амбиентниот воздух е даден во Прилог 1 поглавје Ц точка 1. 2. Гранични вредности за нивоа на концентрации на азот двооксид и азотни окси ди во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на гра ничните вредности и маргини на толеранција Член 6 Гранични вредности за нивоа на концентрациите на азот двооксид и азотни оксиди во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толе ранција се дадени во Прилог 1 поглавје А точка 2. Член 7 Праг на алармирање за азот двооксид во амбиентниот воздух е даден во Прилог 1 пог лавје Ц точка 2. 3. Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички со го лемина од 10 микрометри (РМ10) во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција Член 8 Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички со големина од 10 микрометри (РМ10) во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција се дадени во Прилог 1 поглавје А точка 3. 4. Гранични вредности за нивоа на концентрации на олово во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција Член 9 Гранични вредности за нивоа на концентрации на оловото во амбиентниот воздух, крај ните рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција се даде ни во Прилог 1 поглавје А точка 4. 5. Гранични вредности за нивоа на концентрации на бензин во амбиентниот воз дух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција Член 10 Гранични вредности за нивоа на концентрации на бензин во амбиентниот воздух, роко ви за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција се дадени во При лог 1 поглавје А точка 5. 6. Гранични вредности за нивоа на концентрации на јаглерод моноксид во амби ентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на то леранција Член 11 Гранични вредности за нивоа на концентрации на јаглерод моноксид во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција се да дени во Прилог 1 поглавје А точка 6. 7. Целни вредности и долгорочни цели, праг на предупредување и праг на аларми рање за озонот во во амбиентниот воздух Член 12 Целни вредности за 2010 година, за нивоа на концентрации на озон во амбиентниот воздух се дадени во Прилог 1 поглавје Б точка 1. Долгорочни цели за озон во амбиентниот воздух се дадени во Прилог 1 поглавје Б точ ка 2. Член 13 Праг на предупредување и праг на алармирање за озон во амбиентниот воздух е даден во Прилог 1 поглавје Ц точка 3. Член 14 Гранични вредности за нивоа на концентрации на пооделните загадувачки супстанции дадени со оваа уредба се изразени во микрограми на метар кубен (µg/m3) и за јаглерод мо ноксид во милиграми на метар кубен (mg/m3). Член 15 Волуменот се изразува во стандардни услови на температура од 2930К и притисок од 101,3 kPa. Член 16 Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во �Службен весник на Републи ка Македонија�, а ќе се применува од 1.01.2007 година. Бр. 19-2361/1 Претседател на Владата 22 јуни 2005 година на Република Македонија, Скопје д-р Владо Бучковски, с.р.

Decree on limit values for levels and types of pollutants in ambient air and alert thresholds, deadlines for reaching limit values, margins and tolerance for limit value, target values and long-term goals · Nelum