Decree implementing measures for radiological, chemical and biological protection
颁布于 2010-06-29 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Уредба за спроведување на мерката радиолошка, хемиска и биолошка заштита.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Environment, Cultivated plants, General
- 关键词
- biosecurity, public health, hazards, risk assessment/management, monitoring, animal health, hazardous substances, radiation, emissions, plant protection
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 20100911628 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 50 став 3 од Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија" бр.36/04, 49/04 и 86/08) Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29.06.2010 година, донесе УРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКАТА РАДИОЛОШКА, ХЕМИСКА И БИОЛОШКА ЗАШТИТА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа уредба се уредува спроведувањето на мерката радиолошка, хемиска и биолошка заштита. Планирањето и подготвувањето на активностите за спроведување на мерката радиолошка, хемиска и биолошка заштита се врши од страна на органите на државната управа, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, служби и трговските друштва, во рамките на нивните надлежности (во натамошниот текст: задолжени субјекти). Член 2 Радиолошката, хемиската и биолошката заштита опфаќа мерки и активности за заштита на луѓето, добитокот и растенијата, со навремено откривање, следење и контрола на опасностите од последиците од несреќи со опасни материи, како и последиците од радиолошки, хемиски и биолошки агенси и преземање на мерки и активности за отстранување на последиците од нив. II. ПЛАНИРАЊЕ И ПОДГОТВУВАЊЕ НА РАДИОЛОШКА, ХЕМИСКА И БИОЛОШКА ЗАШТИТА Член 3 Мерката радиолошка, хемиска и биолошка заштита опфаќа планирање и подготвување на активности за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита. Член 4 Радиолошката, хемиската и биолошката контрола треба да овозможи: - благовремено откривање, следење и утврдување на радиолошката, хемиската и биолошката опасност; - прогнозирање и процена на радиолошката, хемиската и биолошката опасност; - благовремено информирање и известување за (настанатата) радиолошката, хемиската и биолошката опасност; Радиолошката, хемиската и биолошката контрола се реализира со преземање на следните мерки и активности: следење на заканите и откривање на потенцијални радиолошки, хемиски и биолошки опасности, радиолошко, хемиско и биолошко набљудување, радиолошко, хемиско и биолошко извидување, дозиметриска контрола, лабораториски работи и контролно заштитна служба.
1 од 5 Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година Член 5 Радиолошката, хемиската и биолошката заштита ги опфаќа мерките, постапките и активностите за лична и колективна заштита, со чие спроведување и употреба треба да се обезбеди заштита на населението, животните, растенијата и материјалните добра во услови на радиолошка, хемиска и биолошка контаминација. Член 6 Радиолошката, хемиската и биолошката деконтаминација опфаќа преземање на мерки, активности и постапки со употреба на сили за заштита и спасување и материјално- технички средства, заради отстранување, на присуството на радиолошките, хемиските и биолошките контаминенти и последиците предизвикани од истите кај населението, животните, растенијата и материјалните добра. а) Планирање на радиолошка, хемиска и биолошка заштита Член 7 Планирањето на радиолошка, хемиска и биолошка заштита опфаќа процена на можните загрозувања на населението, животните, растенијата и материјалните добра од радиолошка, хемиска и биолошка контаминација предизвикана од различни причини и во различни услови, утврдување на потребна организација за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита и пропишување на стандардни оперативни процедури за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита. Планирањето на радиолошка, хемиска и биолошка заштита се остварува во рамките на интегралното планирање за заштита и спасување, како посебен документ во плановите. Член 8 Во плановите за заштита и спасување се утврдува потребната организација за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита , при што детално се разработуваат задачите, улогите, функциите, овластувањата и надлежностите на сите задолжени субјекти, вклучени во проблематиката на радиолошка, хемиска и биолошка заштита, како и јачината и видот на силите за заштита и спасување кои ќе учествуваат во оперативно спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита. Активностите и постапките учесниците во организираното спроведување на мерката радиолошка, хемиска и биолошка заштита и спасувањето ги преземаат согласно стандардните оперативни процедури донесени од страна на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
б) Подготвување на активности за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита Член 9 Подготвувањето на активностите за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита опфаќа организациски и оперативни мерки и постапки, со кои се обезбедуваат потребните предуслови за успешно спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита. За реализација на активностите од став 1 на овој член, задолжените субјекти кои спроведуваат радиолошка, хемиска и биолошка заштита во рамките на развојното и оперативно планирање предвидуваат: - персонално пополнување на силите за заштита и спасување кои ќе учествуваат во спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита; 2 од 5 Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година - обезбедување на материјални ресурси за потребите на радиолошка, хемиска и биолошка заштита; - проверка, тековно одржување и сервисирање на обезбедените материјални ресурси; - едукација, обука, тренинг и вежби; и - склучување на потребни договори за извршување на одредени задачи и активности. Член 10 Задолжените субјекти во подготвувањето на активностите за спроведување на радиолошката, хемиската и биолошката заштита од член 9 ги спроведуваат планираните активности согласно планските документи и пропишаните стандардни оперативни процедури . III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАДИОЛОШКА, ХЕМИСКА И БИОЛОШКА ЗАШТИТА Член 11 Во спроведување на радиолошката, хемиската и биолошката заштита задолжените субјекти и силите за заштита и спасување ги исполнуваат задачите и должностите кои се разработени и дефинирани со плановите за заштита и спасување, согласно стандардните оперативни процедури. Член 12 Спроведувањето на радиолошката, хемиската и биолошката заштита опфаќа превентивни и оперативни мерки и активности. а) Активности во функција на превенција Член 13 Со превентивните мерки и активности задолжените субјекти согласно плановите за заштита и спасување ги обезбедуваат пропишаните потребни персонални и материјални ресурси за непречено функционирање и извршување на операциите од областа на радиолошка, хемиска и биолошка заштита, спроведуваат едукација, обука, тренинг и вежби, ги одржуваат и сервисираат материјалните средства наменети за радиолошка, хемиска и биолошка заштита, ги склучуваат потребните договори согласно одредбите на законот за заштита и спасување.
б) Оперативни функции Член 14 Задолжените субјекти за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита во рамките на оперативните функции спроведуваат активности и мерки во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и во отстранување на последиците. 3 од 5 Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 6-1) Активности и мерки во случај на непосредна опасност Член 15 Кога ќе се добие информација и утврди можност за настанување на потенцијална опасност од радиолошка, хемиска и биолошка контаминација на населението, подрачјата, животните и растенијата, одговорните лица на задолжените субјекти ја зголемуваат готовноста за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита. Согласно став 1 на овој член, се ангажираат лицата определени за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита за преземање организациски, стручни, безбедносни и други мерки, заради зголемување на подготвеноста за извршување на задачите за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита. 6-2) Активности и мерки за време на траење на опасноста Член 16 За времетраење на опасноста, задолжените субјекти вклучени во радиолошка, хемиска и биолошка заштита ги спроведуваат следните активности и мерки: - ги насочуваат и координираат активностите за самозаштита; учествуваат во спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка контрола и радиолошка, хемиска и биолошка заштита; и - раководат и ги координираат активностите за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка контрола и радиолошка, хемиска и биолошка заштита. 6-З) Активности и мерки во отстранување на последиците Член 17 Мерките и активностите кои задолжените субјекти со плановите за заштита и спасување ги преземаат за спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка деконтамианција се спроведуваат веднаш по обезбедените услови за тоа. Приоритет при преземањето на мерки и активности за радиолошка, хемиска и биолошка деконтаминација, имаат населението и материјално-техничките средства и животните и растенијата со кои луѓето при натамошните дејства доаѓаат во допир. Во услови на радиолошка, хемиска и биолошка контаминација, првенствено се преземаат мерки и активности за извршување на хемиска деконтаминација, а потоа на радиолошка и биолошка деконтаминација.
Член 18 Раководниот персонал во задолжените субјекти и командниот персонал на силите за заштита и спасување на основа на водената евиденција за активностите во спроведување на радиолошка, хемиска и биолошка заштита најдоцна четири часа по завршувањето на активностите, го анализираат своето учество во спроведувањето на радиолошка, хемиска и биолошка заштита. Извештајот за извршената анализа и евиденцијата за употребата на службите и силите за заштита и спасување во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и во отстранување на последиците од страна на раководниот персонал во задолжените субјекти се доставува до Дирекцијата за заштита и спасување најдоцна два дена по завршувањето на активностите. 4 од 5 Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 19 Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за спроведување на мерките за радиолошка, хемиска и биолошка заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/05). Член 20 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.51-2922/1 Заменик на претседателот 29 јуни 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р. 5 од 5