Decree implementing measures for protection and rescue from floods
颁布于 2010-06-29 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Уредба за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Water
- 关键词
- hazards, early warning system, flood, monitoring, public health, risk assessment/management, waterworks, wetlands
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 1 од 6 20100911629 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 50 став 3 од Законот за заштита и спасување („Службен Весник на Република Македонија“ бр.36/04, 49/04 и 86/08) Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29.06.2010 година, донесе УРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКАТА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ПОПЛАВИ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа уредба се уредува спроведувањето на мерката заштита и спасување од поплави во рамките на единствениот систем за заштита и спасување. Планирањето и подготвувањето на активностите за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави се врши од страна на органите на државната управа, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, служби и трговските друштва, во рамките на нивните надлежности (во натамошниот текст: задолжени субјекти). Член 2 Заштитата и спасувањето од поплави опфаќа регулирање на водотеците, изградба на заштитни објекти, одржување и санирање на оштетените делови на заштитните објекти, набљудување и извидување на состојбите на водотеците и високите брани, заштитните објекти и околината, обележување на висинските коти на плавниот бран, навремено известување и тревожење на населението во загрозените подрачја, спроведување на евакуација на населението и материјалните добра од загрозеното подрачје, обезбедување на премин и превоз преку вода, спасување на загрозените луѓе на вода и под вода, црпење на водата од поплавените објекти и извлекување на загрозените и настраданите, обезбедување на населението во поплавените подрачја со основните услови за живот и учество во санирање на последиците предизвикани од поплавата. II. ПЛАНИРАЊЕ И ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО ОД ПОПЛАВИ Член 3 Заштитата и спасувањето од поплави опфаќа планирање и подготвување на активности за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. а) Планирање на заштита и спасување од поплави Член 4 Планирањето на заштита и спасување од поплави опфаќа процена на можните загрозувања на населението, материјалните добра и животната средина од поплави, утврдување на потребна организација за спроведување на заштита и спасување од поплави и пропишување на стандардна оперативна процедура за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 2 од 6 Планирањето на заштита и спасување од поплави се остварува во рамките на интегралното планирање за заштита и спасување како посебен документ во плановите. Член 5 Во рамките на планирањето се изработуваат плански документи за заштита и спасување од поплави при што се користи: водостопанската основа на Република Македонија; водостопанската основа на загрозеното подрачје; Просторниот план на Република Македонија; постојната хидротехничка документација за водотеците, за езерата, за браните, односно акумулациите; хидрометеоролошките податоци; прогноза за опасноста од појава на поплави и документација што за таа цел би се изготвила. За акумулации, покрај планските документи за заштита и спасување од поплави на став 1 на овој член, се изработуваат и документи за последиците од евентуално рушење на брана и мерки за превентивно делување за заштита и спасување од поплави. Член 6 Организацијата за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави се утврдува согласно плановите за заштита и спасување. При утврдување на потребната организација за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави детално се разработуваат задачите, улогите, функциите, овластувањата и надлежностите на сите задолжените субјекти вклучени во заштитата и спасувањето од поплави, како и задачите, јачината и видот на силите за заштита и спасување. Член 7 Активностите и постапките учесниците во организираното спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги преземаат согласно стандардните оперативни процедури донесени од страна на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. б) Подготвување на активности за спроведување на заштита и спасување од поплави Член 8 Подготвувањето на активностите за спроведување на заштита и спасување од поплави опфаќа организациски и оперативни мерки и постапки со кои се обезбедуваат потребните предуслови за спроведување на планираните активности за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. За реализација на активностите и мерките од став 1 на овој член, задолжените субјекти кои ја спроведуваат заштитата и спасувањето од поплави во рамките на развојното и оперативно планирање предвидуваат: персонално пополнување на силите за заштита и спасување кои ќе учествуваат во спроведување на мерката; обезбедување на материјални ресурси за потребите за заштита и спасување од поплави; проверка, тековно одржување и сервисирање на обезбедените материјални ресурси, едукација, обука, тренинг и вежби и склучување на потребни договори за извршување на одредени задачи и активности. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 3 од 6 Член 9 Задолжените субјекти во подготвувањето на активностите за успешно и ефикасно спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги спроведуваат планираните активности од член 8 став 2 од оваа уредба и стандардните оперативни процедури. III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ПОПЛАВИ Член 10 Во спроведувањето на заштита и спасување од поплави задолжените субјекти и силите за заштита и спасување ги исполнуваат задачите и должностите утврдени во плановите за заштита и спасување според стандардните оперативни процедури. Член 11 Спроведувањето на заштитата и спасувањето од поплави опфаќа активности во функција на превенција и оперативни функции. а) Активности во функција на превенција Член 12 Во функција на превенција, задолжените субјекти за спроведување на заштита и спасување од поплави ја воспоставуваат потребната организација од членовите 5 и 6 на оваа уредба. Во рамките на активностите од став 1 на овој член, задолжените субјекти ги обезбедуваат потребните персонални и материјални ресурси за функционирање во сопствената организација, спроведуваат едукација, обука и вежби со персоналот на задолжените субјекти и силите за заштита и спасување, ги почитуваат и ги спроведуваат техничките прописи, норми и процедури за користење на постројките, инсталациите и опремата, ги одржуваат и сервисираат материјалните средства, наменети за заштита и спасување од поплави и ги склучуваат потребните договори утврдени со Законот. Член 13 Заради превенција се воспоставуваат следните мерки и активности: се определуваат водостопанските, електростопанските, комуналните, хидрометеоролошките и други објекти и постројки што можат да послужат во заштита и спасување од поплави и се прецизира нивната улога и функција, се означуваат нивните локации и правните субјекти кои управуваат со нив; се определуваат местата и бреговите на водотекот, акумулацијата или езерото каде што најчесто се јавуваат излевања на водата и за тие места се предвидуваат најпотребни хидротехнички и други заштитни работи и мерки за брзо спречување на излевањето; кај регулираните водотеци, се определуваат слабите места на насипите или утврдените брегови и се изготвува техничка документација за брзо санирање на тие места; кај нерегулираните водотеци, во зависност од материјалните добра што треба да се заштитуваат од поплавите, се определуваат одбранбените линии кои во зависност од нивната должина и конфигурацијата на теренот се делат на делници и сектори; по делници, односно сектори на загрозеното подрачје, се определуваат места каде ќе се депонира потребниот заштитен материјал; за да се спречат поголеми штети во низ водните делови од подрачјето, се определуваат простори за привремено задржување на излеаните води во низ водните делници или сектори и за тие простори се преземаат потребни активности; Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 4 од 6 се обезбедуваат врски меѓу делниците и секторите во загрозеното подрачје и врски со силите за заштита и спасување; се преземаат активности и мерки на објектите во и покрај коритата и бреговите на водотекот (мостови, подолжни и попречни насипи на патиштата, железничките пруги и др.), кои со своето постоење го попречуваат течењето на големите води; се преземаат активности и мерки за одржување на заштитните објекти и изведба на информатички систем за далечинско набљудување и управување со акумулациите од хидротехничките објекти (темелни испусти, зафати и сл.). б) Оперативни функции Член 14 Задолжените субјекти за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави во рамките на оперативните функции спроведуваат активности и мерки во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и за отстранување на последиците. Член 15 Мерки и активности за заштита и спасување од поплави се преземаат: пред да настане поплавата, кога водостоите во водотеците, акумулациите или езерата, односно количествата на протечните води се во границите на нормална состојба, нема излевање на вода надвор од нивните корита, а хидрометеоролошките прогнози не навестуваат надоаѓање на поголеми води; за време на непосредна опасност од поплави - кога водостоите на водотеците, акумулациите или езерата го достигнале критичното ниво на определените профили односно места, а хидролошките прогнози навестуваат надоаѓање на поголеми води; за време додека трае поплавата - кога водостоите во водотеците, акумулациите или езерата го надминале критичното ниво на еден или повеќе од определените профили, односно места и започнало излевање на водата надвор од нивните корита, или кога се појавуваат знаци за уривање на насипи и на други заштитни објекти, поради што може да се излеат значителни количини на вода во загрозеното подрачје, а хидролошките прогнози навестуваат за натамошно надоаѓање на големи води и кога е прогласена непосредна опасност од уривање на брана, или се урнала брана која што се наоѓа во, или возводно од загрозеното подрачје. б-1) Активности и мерки во случај на непосредна опасност Член 16 Во случај на непосредна опасност од поплави се преземаат следните активности и мерки: се утврдуваат водостоите и протоците на вода во водотеците, односно водостоите во акумулациите и во езерата на определените профили, односно места и се прогласува состојба на непосредна опасност од поплави; за определените објекти и постројки што ќе служат за заштита и спасување од поплави се утврдува начинот на извршување на нивната функција и се врши празнење или сопирање на испуштањето на водата од низводни акумулации кои што имаат непосредно влијание на загрозеното подрачје; се следи и известува за промените на водостоите и нивоата на акумулациите и езерата на определените профили, односно места; се отстрануваат објектите што го попречуваат течењето на надојдените води; се воспоставува и активира системот за врски помеѓу силите за заштита и спасување; се преземаат и други активности и мерки на соодветно настаната состојба на теренот. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 5 од 6 б-2) Активности и мерки за време траење на опасноста Член 17 За време на траење на опасноста од поплавата, задолжените субјекти за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги спроведуваат следните активности и мерки: ги насочуваат и координираат самозаштитните активности на населението; учествуваат во спроведување на заштита и спасување од поплави со силите за заштита и спасување, механизацијата и транспортните средства по делници, односно сектори; во зависност од водостојот во водотекот, акумулацијата или езерото, односно количината на вода што може да се излие надвор од коритата, односно од одбранбените линии, се преземаат активности и мерки за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави и се евакуира населението и материјалните добра од загрозеното подрачје; во поплавените подрачја се обезбедува премин и превоз преку вода, спасување на загрозените луѓе на вода и под вода, црпење на водата од поплавените објекти и извлекување на загрозените и настраданите; се врши празнење или сопирање на испуштањето на вода од узводните хидроакумулации и активирање на други објекти и постројки предвидени да служат за заштита од поплави; обезбедување на персонални и матерјални ресурси; се преземаат и други активности и мерки за поуспешна заштита од поплави. Член 18 За време на опасност од рушење на брана се врши навремено известување и тревожење на населението во загрозеното подрачје, се спроведува евакуација на населението и материјалните добра на релативно побезбедни простори. б-3) Активности и мерки во отстранување на последиците Член 19 Во отстранувањето на последиците задолжените субјекти кои учествуваат во спроведување на заштита и спасување од поплави преземаат мерки и активности за санирање на состојбата и намалување на настанатите загуби и штети кај населението, санирање на оштетените делови на заштитните објекти и другите материјалните добра и животната средина. Член 20 Раководниот персонал во задолжените субјекти и командниот персонал на силите за заштита и спасување, врз основа на водената евиденција за спроведување на активностите за заштита и спасување од поплави најдоцна четири часа по завршувањето на активностите, го анализираат и изработуваат извештајот за своето учество во спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. Извештајот за извршената анализа и евиденцијата за употребата на службите и силите за заштита и спасување во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и во отстранување на последиците од страна на раководниот персонал во задолжените субјекти се доставува до Дирекцијата за заштита и спасување најдоцна два дена по завршувањето на активностите. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 6 од 6 IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 21 Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за спроведување на заштита и спасување од поплави ("Службен весник на Република Македонија" бр. 93/05). Член 22 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.51-2923/1 Заменик на претседателот 29 јуни 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.