Decree amending and supplementing the Decree on limit values for levels and types of pollutants in ambient air and alert thresholds, deadlines for reaching limit values, margins of tolerance for limit value, target values and long-term goals
颁布于 2013-01-03 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вреност, целни вредности и долгорочни цели.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Air and atmosphere
- 关键词
- air quality/air pollution, emissions, monitoring, policy/planning, pollution control, protection of environment, public health
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 4 од 9.1.2013 година 1 од 5 20130040040 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 10 став (1) од Законот за квалитет на абиентниот воздух, („Службен весник на Република Македонија” бр. 67/2004; 92/2007; 35/2010; 47/2011 и 59/2012) и член 36, став (2) од Законот за Влада на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија”бр. 59/2000; 12/2003; 55/2005; 37/2006; 115/2007; 19/2008; 82/2008; 10/2010 и 51/2011), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 3.01.2013 година, донесе УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ГРАНИЧНИ ВРЕДНОСТИ ЗА НИВОА И ВИДОВИ НА ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИИ ВО АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ И ПРАГОВИ НА АЛАРМИРАЊЕ, РОКОВИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ, МАРГИНИ НА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ГРАНИЧНА ВРЕНОСТ, ЦЕЛНИ ВРЕДНОСТИ И ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ Член 1 Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вреност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ број 50/05), во членот 2 во точката 1) зборовите „ за озон “ се бришат и зборовите „на озонот“ се заменуваат со зборовите „ на загадувачки супстанции“. Точката 4) се менува и гласи: „4) Суспендирани честички со големина до десет микрометри (PM10): се честички во прав кои поминуваат низ направа со отвор кој врши селекција според големина, како што е дефинирано во референтиот метод МКС ЕN 12341 за земање примероци и за мерење на РМ10, со ефикасност на поминување од 50% низ отвор со аеродинамичен дијаметар до 10 m (микрометри).“ По точката 6) се додаваат пет нови точки 7), 8), 9), 10) и 11) кои гласат: „7) Суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри (PM2.5): се честички во прав кои поминуваат низ направа со отвор кој врши селекција според големина, како што е дефинирано во референтниот метод МКС ЕN 14907 за земање примероци и за мерење на РМ2.5, со ефикасност на поминување од 50% низ отвор со аеродинамичен дијаметар до 2.5 m (микрометри). 8) Вкупна депозиција е вкупната маса на загадувачките супстанции која се пренесува од атмосферата до површината (пр. почва, вегетација, вода, објекти итн.) во определена област за определен временски период. 9) Арсен, Кадмиум, Никел и Бензо(а)пирeн е вкупната содржина на овие елементи и соединенија во РМ10 фракциите. 10) Полициклични ароматични јаглеводороди се органски соединенија, составени од најмалку два кондензирани ароматични прстени составени само од јаглерод и водород. 11) Жива во гасовита состојба е пареа од елементарна жива и реактивна жива во гасна состојба, т.е. сооединенија на жива растворливи во вода кои на доволно висок парен притисок постојат во гасна состојба.“ Член 2 Членот 3 се брише. Службен весник на РМ, бр. 4 од 9.1.2013 година 2 од 5 Член 3 По членот 12 се додаваат два нови наслова 8 и 9 и два нови члена 12-а и 12-б кои гласат: „8. Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри во амбиентниот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција и целни вредности. Член 12-а (1) Гранични вредности за нивоа на концентрации на суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри во амбиентиот воздух, рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција се дадени во Прилог 1 поглавје А, точка 7 на оваа уредба. (2) Целната вредност за суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри се дадени во Прилог 1, поглавје Б точка 2 на оваа уредба. 9. Целни вредности за нивоа на концентрации на арсен, кадмиум, никел и бензо (а)пирен во амбиентниот воздух.“ Член 12-б Целни вредности за нивоа на концентрации на арсен, кадмиум, никел и бензо(а)пирен во амбиентниот воздух се дадени во Прилог 1 поглавје Б точка 2 на оваа уредба.“ Член 4 По членот 13 се додаваат два нови члена 13-а и 13-б кои гласаат: „Член 13-а За да се осигура дека концентрациите на загадувачките супстанци во амбиентниот воздух, не ги надминуваат граничните и целните вредности и соодветната маргина на толеранција, во зоните и агломерациите треба да се спроведат сите потребни мерки дефинирани во Плановите за квалитетот на воздухот согласно член 26 од Законот за квалитет на амбиентниот воздух, без притоа да се наметнат несразмерни трошоци“. Член 13-б (1) Во случај кога, во дадена зона или агломерација, сообразноста со граничните вредности за азот двоксид или на бензен не може да се постигне до роковите наведени во Прилог 1 точка 2 и точка 5 од оваа уредба, може истите да се одложат за најмногу пет години за таа одредена зона или агломерација, само врз основа на донесен План за квалитет на воздухот во согласност со член 26 ставови (1), (5), и (7) од Законот за квалитет на амбиентниот воздух за зоната или за агломерацијата на која ќе се применува одложувањето, во кој соодветно се вградуваат информациите наведени во Плановите за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и Краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух кои се подготвуваат согласно член 23 од Законот за квалитет на амбиентниот воздух во однос на одделните загадувачки супстанции на начин, и тоа на начин со кој ќе се прикаже постигнување сообразност со граничните вредности во определениот нов рок. (2) Во случај кога, во дадена зона или агломерација, сообразноста со граничните вредности за PM10, како што се утврдени во Прилог 1, Поглавје А, точка 3 од оваа уредба, не може да се постигне поради посебни карактеристики на разместеност, неповолни климатски услови или прекугранични придонеси, примената на гранични вредности може да се одложи најдоцна до крајот на 2015 година под услов да се исполнети условите Службен весник на РМ, бр. 4 од 9.1.2013 година 3 од 5 утврдени во став (1) од овој член и доколку Министерството за животна средина и просторно планирање покаже дека се преземени сите соодветни мерки на национално, регионално и на локално ниво за да се исполнат роковите. (3) Со примена на одредбите од ставовите (1) и (2) од овој член, треба да се обезбеди граничната вредност за оние загадувачки супстанци, наведени во Прилог 1, Поглавје А од оваа уредба да не ја надминува максималната маргина на толеранција. (4) Пред да се примени одложувањето на граничните вредности на азот двоксид или на бензен утврдени во ставовите (1) и (2) од овој член Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува Владата на Република Македонија (во понатамошниот текст: Владата) со цел да ја информира за состојбата со постигнувањето на граничните вредности на загадувачките супстанци и за мерките утврдени во Планот за квалитет на воздухот од став (2) на овој член, вклучувајќи ги сите релевантни информации кои и се потребни на Владата за да оцени дали се задоволени релевантните услови или не. Во својата оценка, Владата ги зема предвид проценетите влијанија на мерките кои ги презема министерството и другите правни лица со цел заштита на квалитетот на амбиентниот воздух, во моментот, како и оние што ќе се преземаат во иднина, како и проценетите влијанија на тековните мерки и на планираните мерки што се преземаат во соседните држави на Република Македонија. (5) Одложувањето на примената на граничните вредности на азот двоксид или на бензен може да се одобри доколку се утврди дека се исполнети релевантните услови утврдени во ставовите (1), (2) и (3) од овој член. (6) По исклучок од став (5) на овој член може да се да предвидат други мерки за приспособување или да се подготват нови Планови за квалитет на воздухот, доколку се оцени дека тие ќе бидат поефикасни во запазувањето на роковите за постигнување на граничните вредности на загадувачките супстанции. Член 5 Членот 14 се менува и гласи: „Гранични вредности, целните вредности и долгорочните цели за нивоа на концентрации на пооделните загадувачки супстанци дадени со оваа уредба се изразени во микрограми на метар кубен (µg/m3), додека пак за јаглерод моноксид во милиграми на метар кубен (mg/m3), а за арсен, кадмиум, никел и бензо(а)пирен во нанограми на метар кубен (ng/m3).“ Член 6 Во Прилогот 1, поглавје А, точка 1 од оваа уредба, во потточките 2 и 3, зборовите „1 ви јануари 2012 година“ се бришат. Во потточката 3, зборовите „Гранична вредност за заштита на екосистеми“ се заменуваат со зборовите „Критично ниво за заштита на вегетацијата“, и зборовите „1-ви јануари 2012 година“ се бришат. Во точката 2, во потточката 3, зборовите „ Годишна гранична вредност за заштита на вегетацијата“ се заменуваат со зборовите „Критично ниво за заштита на вегетацијата“, и зборот „м3“ се заменува со зборот „m3“. Во точката 3, зборовите „фаза 1“ и делот „фаза 2“ заедно со потточките 1 и 2 се бришат По точката 6, се додава нова точка 7 која гласи: Службен весник на РМ, бр. 4 од 9.1.2013 година 4 од 5 Во поглавјето Б, зборот „разликате“ се заменува со зборот „разликите“ и по зборот „параметри“ се додават зборовите „согласно Правилникот за критериумите, методите и постапките за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух. (а) За вкупната содржина во фракцијата на РМ10 со просечна вредност во текот на една календарска година“ Точката 2, станува точка 4. Во поглавјето Ц, во насловот и во точката 3, зборовите „праг за предупредување“ се заменуваат со зборовите „праг за информирање“. Службен весник на РМ, бр. 4 од 9.1.2013 година 5 од 5 Член 7 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2013 година. Бр.41-9553/1-12 Заменик на претседателот 3 јануари 2013 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.