Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation the detailed conditions for the packaging of plant protection products, declaration and labelling with standard phrases

Made 2010-09 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за поблиските услови за пакувањето на производите за заштита на растенијата, декларирањето и означувањето на стандардните фрази.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
plant protection, pesticides, packaging/labelling, standards
Categories
agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 1 од 10 20101442950 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 25 став 9 од Законот за производи за заштита на растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 110/07 и 20/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за здравство и министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАКУВАЊЕТО НА ПРОИЗВОДИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА, ДЕКЛАРИРАЊЕТО И ОЗНАЧУВАЊЕТО НА СТАНДАРДНИТЕ ФРАЗИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови за пакувањето на производите за заштита на растенијата, декларирањето и означувањето на стандардните фрази. Член 2 Производите за заштита на растенијата (во натамошниот текст: производите) кои се ставаат во промет треба да имаат: 1. пакување кое е дизајнирано и конструирано на начин кој нема да дозволи содржината да истече или да се истури, освен кога има специјални безбедносни направи; 2. пакување и затворачи кои се изработени од јаки материјали кои нема да предизвикаат оштетување на содржината, ниту ќе можат да формираат други соединенија со содржината на пакувањето; 3. пакување и затворачи кои треба да бидат цврсти и јаки, кои нема да можат да се олабават и кои ги исполнуваат условите за безбедност при нормално ракување и манипулирање со нив; 4. пакување кое треба да биде зацврстено со заменливи направи за затворање кои треба да бидат дизајнирани така што да се обезбеди повторно затворање без да се излее односно истури содржината; 5. пакување кое е дизајнирано на тој начин што по првото отворање на пакувањето ќе биде трајно оштетено; и 6. пакување кое независно од капацитетот треба да биде опремено со затворачи кои оневозможуваат отворање од страна на деца. Член 3 (1) Секое поединечно пакување на производите за заштита на растенијата кое се пушта во промет за употреба на територијата на Република Македонија треба да содржи етикета на македонски јазик и кирилично писмо, која му служи на корисникот како основна информација за безбедна и поефикасна примена на производите. (2) Производите кои содржат активни супстанции вклучени во Листата на активни супстанции и кои се оценувани во согласност со прописите за униформни принципи за оценување и одобрување на производите за заштита на растенијата, треба да имаат етикета на која се наведени и дополнителните ознаки за предупредување за посебните ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 91/414 ЕЕC од 15 јули 1991 година за ставање на производите за заштита на растенијата на пазарот (CELEX бр. 31991L0414), Директивата на Комисијата 2003/82 ЕC од 11 септември 2003 година (CELEX бр. 32003L0082) со која се дополнува Директивата на Советот 91/414 ЕЕC во врска со стандардните ознаки за предупредување за посебните ризици и ознаките за известување за производите за заштита на растенијата и Директивата на Советот на ЕУ 78/631 ЕЕС од 26 јуни 1978 година (CELEX бр. 31978L0631) за усогласување на законите на земјите членки кои се однесуваат на класификација, пакување и етикетирање на опасните супстанции (пестициди). Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 2 од 10 ризици за луѓето или животната средина кои се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Дополнителните ознаки за известување за заштита на луѓето или животната средина, кои се применуваат и на производите на база на микроорганизми, кога се работи за пречувствителност на кожата и дишните патишта, означувањето на производите на база на микроорганизми треба да биде во согласност со Правилникот за постапката за обработка на барањата и подеталната документација и податоците за оценување на досието за производот за заштита на растенијата и потребните податоци, документи и постапката за пререгистрација на производите за заштита на растенијата, дел Б Прилог 1 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/09). Дополнителните ознаки за известување за заштита на луѓето или животната средина се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) На првиот видлив дел на етикетата односно амбалажата треба да се наоѓаат следните податоци во наведениот редослед: 1. Трговскиот назив или заштитниот знак на производот; 2. Називот и адресата на носителот на одобрението и бројот на одобрението за производот за заштита на растенијата и, ако се поинакви, називот и адресата на лицето што е одговорно за финалното пакување и обележување или за финалното обележување на производот пазарот; 3. Името и содржината на сите активни супстанции и другите опасни супстанции во согласност со прописите кои ги уредуваат класификацијата, означувањето и пакувањето на опасните супстанции (податоци, симболи и ознаки вклучувајки ги и ознаките за предупредување (R фрази) и ознаките за известување (S фрази), како и назив и концентрација на сите други опасни супстанции); доколку супстанцијата не е дефинирана со овие прописи нејзиното име се наведува според меѓународните стандарди ISO односно IUPAC; формулација според меѓународниот коден систем (FAO и CIPAC); 4. Нето количеството на производот (нето волумен или нето маса на производот за заштита на растенијата во единица амбалажа); 5. Датум на истекување на рокот на употреба на производите (месец и година) и серискиот број; 6. Бројот на основното решение за регистрација и името на органот што го издал, во случај на промена на решението, при што се додава текстот: „со сите промени”; 7. Видот на дејството на производот и намената на користење (на пример, за користење само како инсектицид за уништување на одреден штетен организам врз одредени растенија); 8. Типот на препаратот (на пример, водотоплив прашок, концентрирана емулзија итн.); 9. Дополнителни предупредувања и известувања за заштита на луѓето и животната средина во согласност со дополнителните стандарди за предупредување и известување за производите за заштита на растенијата од Прилогот 1 и Прилогот 2 на овој правилник; 10. Мерки за заштита на корисникот со наведување на бараната заштитна опрема при ракување со производите, подготвување на растворите за прскање, изведување на третирањето и работа на третираните површини после третирањето, знаци на труење и мерки за прва помош кај луѓето; 11. Посебни услови за водење на земјоделството, заштита на растенијата и животната средина каде производите за заштита на растенијата смеат или не смеат да се користат, доколку има потреба; 12. Детално упатство за употреба и степен на дозирање на производите, изразени во метрички единици, за секоја намена предвидена според условите од одобрението (видови на растенија, целни штетни организми, време на користење, количеството во кое се Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 3 од 10 применува производот, број на третирања, временско растојание меѓу третирањата, начин на примена, примена на помали површини и сл.); 13. Упатство за безбедност за временските интервали од примената на производот до: сеење или садење на културата која се третира, сеење или садење на културата која следи во плодоредот, дозволен пристап на луѓе или на животни на третираните површини (работна каренца), берба, жетва, косење, преработка на складирани земјоделски производи (каренца), толеранција (МДК- максимално дозволена количина на резидуи), користење на производите за исхрана; 14. Предупредувања за можната фитотоксичност, чувствителност на одредени сорти или други несакани ефекти од производите за заштита на растенијата врз културите кои се третираат и следните култури во плодоредот; 15. Услови за чување на производот; 16. Можни влијанија на ефикасноста на производот; 17. Реченицата: ,,Производот може да се продава само во специјализирани продавници (земјоделски аптеки)”; 18. Упатство за комбинирање со други препарати, нивна компатибилност и правење на смеси и раствори за прскање; 19. Начин на миење на амбалажата, опис на постапката за чистење на уредите за примена,постапување со остатоците од производот и празната амбалажа; 20. Упатство за постапување во случаи на ненамерно испуштање на производот во животната средина; 21. Каде што е потребно, реченицата: „Производот е ограничен на одредени категории корисници”; 22. Реченицата со затемнети букви: „Наведената употреба е во согласност со решението за регистрација”; и 23. Други дополнителни информации доколку се потребни за производот. (2) Ако производот има етикета и пропратен лист ( лист кои се приложува кон на пакувањето на производите во случај на недостаток на слободен простор на првиот видлив дел на етикетата односно пакувањето, а се смета за составен дел на етикетата и може да биде одвоен со упатство за употреба , во вид на брошура и сл.), податоците од точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 став (1) на овој член треба да се наоѓаат на првиот видлив дел од етикетата односно амбалажата, и во тој случај на етикетата односно амбалажата се наведува: „Пред употреба на производот задолжително да се прочита упатството на пропратниот лист”. На пропратниот лист треба да бидат наведени сите податоци од точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22 и 23 став (1) на овој член. (3) По исклучок од одредбите од став (1) на овој член, во недостаток на простор на првиот видлив дел од етикетата односно амбалажата, податоците од точките 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22 и 23 став (1) на овој член може да се наоѓаат на друг дел од етикетата и во тој случај трговскиот назив на производот се наведува на горниот дел на етикетата односно амбалажата. . (4) По исклучок на став (1) на овој член, ако заради големината на амбалажата сите податоци не можат да се отпечатат на првата страна на етикетата, податоците може поинаку да бидат распределени на етикетата по претходно одобрение согласно Законот за производи за заштита на растенијата. (5) Датумот на истекување на рокот на употреба и серискиот број, покрај на етикетата можат да бидат отпечатени и на амбалажата и во тој случај на етикетата треба да биде наведено каде се тие отпечатени. Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 4 од 10 (6) Големината и ширината на буквите, како и растојанието меѓу нив треба да бидат такви за тие написи да бидат јасни и читливи. Член 5 Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на декларирање на средствата за заштита на растенијата („Службен весник на Република Македонија” бр. 65/2001). Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 17- 194/5 Министер за земјоделство, септември 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Министер за здравство, Бујар Османи, с.р. Министер за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, с.р. ПРИЛОГ 1 ДОПОЛНИТЕЛНИ ОЗНАКИ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОСЕБНИТЕ РИЗИЦИ ЗА ЛУЃЕТО ИЛИ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. Дополнителни ознаки за предупредување за посебните ризици 1.1. Посебни ризици за луѓето (RSh) RSh 1 Отровно во допир со очите. RSh 2 Може да предизвика фотосензибилизација. RSh 3 Во допир со пареа предизвикува изгореници на кожата и очите, а допир со течен гас предизвикува смрзнатини. 1.2. Посебни ризици за животната средина (RSe) Нема дополнителни ознаки за предупредување. 2. Мерки за одредување на дополнителни ознаки за предупредување за посебните ризици 2.1. Мерки за одредување на дополнителните ознаки за предупредување за ризиците за луѓето RSh 1 Отровно во допир со очите. Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 5 од 10 Оваа ознака се наведува на етикетата ако тестот за надразливост на очите, одреден со подточката 7.1.5 од делот А на Прилог 1 од Правилникот за постапката за обработка на барањата и подеталната документација и податоците за оценување на досието за производот за заштита на растенијата и потребните податоци,документи и постапката за пререгистрација на производите за заштита на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2009), кај инфицираните животни предизвикува јасно видливи знаци на системска токсичност (на пример, симтоми на инхибиција на холинестераза) или смртност, што може да биде последица на апсорпција на активните супстанции преку слузницата на окото. Ознаката се наведува во случаите кога постојат докази дека кај луѓето доаѓа до системска токсичност по допир со очите. Во тие случаи треба да се наведе начин за заштита на очите, согласно општите одредби од Прилог 2 од овој правилник. RSh 2 Може да предизвика фотосензибилизација. Оваа ознака се наведува на етикетата ако постојат експериментални докази или докази за тоа дека изложеноста на луѓето на производите за заштита на растенијата предизвикува фотосензибилизација. Ознаката исто така треба да биде наведена во случаи кога производот содржи 1% активна супстанција или додаток кој кај луѓето предизвикува фотосензибилизација. Во тие случаи треба да се наведат мерките за лична заштита при употреба на производите, согласно општите одредби од Прилог 2 од овој правилник. RSh 3 Во допир со пареа предизвикува изгореници на очите и кожата, а допир со течен гас предизвикува смрзнатини. Оваа ознака во зависност од потребата се наведува на етикетата на производите кои се во вид на течен гас. Во тие случаи треба да се наведат мерките за лична заштита при употреба на производите, согласно општите одредби од Прилог 2 од овој правилник. Кога производот е означен со ознаките R34 или R35 согласно прописите кои го уредуваат подрачјето на класификација, пакување и означување на опасните супстанции и препарати, RSh 3 ознаката не се наведува. 2.2. Мерки за одредување на дополнителни ознаки за предупредување за ризиците за животната средина. Нема дополнителни ознаки за предупредување. ПРИЛОГ 2 ДОПОЛНИТЕЛНИ ОЗНАКИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЛУЃЕТО ИЛИ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. Општи дополнителни ознаки за известување На етикетата на сите производи треба да се наведе следната ознака која, во зависност од потребата, се дополнува со текст во заграда: SP 1 Да се спречи загадување на водите со производот или неговата амбалажа (Уредите за примена на производите да не се чистат во близина на површински води / Да се спречи загадување на одводните канали од земјоделските стопанства и патиштата) Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 6 од 10 2. Посебни дополнителни ознаки за известување 2.1. Ознаки за известување за лицата кои ги применуваат производите за заштита на растенијата (Spo) Општи дополнителни ознаки за известување a) соодветни лични заштитни средства: комбинезони, престилки, ракавици, цврсти обувки, гумени чизми, заштита за лице, цврсто прилепени очила, капа, качулка или посебен вид респиратор), б) работи при кои се потребни одредени лични заштитни средства: мешање, полнење или ракување со неразредени производи, примена или распрскување на разредени производи, ракување со неодамна третирани материјали како што се растенија или почва или влез во неодамна третирани подрачја, в) посебни барања за изведување на одредени постапки: – за полнење на резервоарот на распрскувачот со прозвод треба да се користи затворен систем на пренос, – лицето кое го применува производот треба во текот на примената да работи во затворена кабина (опремена со систем за климатизација / филтрирање на воздухот), Посебни дополнителни ознаки за известување SPo 1 Во случај на допир со кожата, производот да се отстрани со сува крпа и да се измие кожата со поголема количина на вода. SPo 2 После употребата на производите, да се испере заштитната облека. SPo 3 После примената на производите да не се вдишува чадот и веднаш да се напушти третираното подрачје. SPo 4 Амбалажата да се отвори на отворен простор и во суви услови. SPo 5 Пред повторно влегување темелно да се проветрат третираните површини / стакленици (треба да се наведе времето) додека применетиот производ не се исуши. 2.2. Ознаки за известување за заштита на животната средина (SPe) SPe 1 Поради заштита на подземните води / организми во почвата да не се употребува овој или друг производ кој содржи (се наведува активната супстанција или повеќе активни супстанции, каде е потребно) повеќе од (се наведува временското растојание или бројот на апликации). SPe 2 Поради заштита на подземните води / водените организми да не се употребува на (се наведува типот на почва или други посебни услови) почва. Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 7 од 10 SPe 3 Поради заштита на водените организми / нецелните растенија / нецелните членконоги / инсекти треба да се почитуваат зоните на безбедност од (да се наведат растојанијата) до неземјоделски / водени површини. SPe 4 Поради заштита на водените организми / нецелните растенија да не се употребува на непропусливи површини како што се асфалт, бетон, камени коцки за поплочување, железнички пруги и други површини каде постои голема можност за површинско измивање. SPe 5 Поради заштита на птиците / дивите видови цицачи производот треба да биде во целост внесен (инкорпориран) во почвата, вклучувајќи ги и крајните редови. SPe 6 Поради заштита на птиците / дивите видови цицачи треба да се отстрани случајно растурениот производ. SPe 7 Да не се применува во време на парење на птиците. SPe 8 Опасно за пчели / Поради заштита на пчелите и другите инсекти опрашувачи да не се третира посевот за време на цветање / Да не се применува во време на напасувањето на пчелите / Да се тргне или покрие кошницата во текот на примената и одредено време (да се наведе) после примената / Да не се применува во време на цветање на плевелот / Да се отстрани плевелот пред цветање / Да не се применува производот пред (да се наведе времето). 2.3. Ознаки за известување кои се однесуваат на добра земјоделска пракса SPa 1 Поради спречување на појавата на отпорност (резистентност) да не се применува овој или друг производ кој содржи (се наведува активната супстанција или повеќе активни супстанции) повеќе од (да се наведе растојанието помеѓу апликациите или број на апликации). 2.4. Посебни дополнителни ознаки за известување за родентициди (SPr) SPr 1 Мамците се поставуваат на тој начин што се спречува консумирање од страна на други животни. Мамци во облик на блокови се поставуваат така што глодарите не можат да ги разнесуваат. SPr 2 Третираното подрачје во времето на примена мора да биде означено.Мора да биде наведена опасноста од труење (примарно и секундарно) со антикоагуланси, како и соодветниот противотров. SPr 3 Во текот на третирањето, мртвите глодари треба секојдневно да се отстрануваат. Не смее да се собираат во контејнери за отпадоци. Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 8 од 10 3. Мерки за одредување на посебни дополнителни ознаки за известување 3.1. Мерки за одредување на дополнителни ознаки за известување на лицата кои ги применуваат производите SPo 1 Во случај на допир со кожата, производот да се отстрани со сува крпа и да се измие кожата со поголема количина на вода. Ознаката се употребува за производи кои содржат супстанции кои можат бурно да реагираат со вода, како што се цијанидни соли или алуминиум фосфид. SPo 2 После употребата на производите, да се испере заштитната облека. Ознаката е препорачлива во случај кога за заштита на лицето кое ги применува производите е потребно заштитна облека. Задолжителна е за сите производи кои се класифицирани како T или T+. SPo 3 После примената на производите да не се вдишува чадот и веднаш да се напушти третираното подрачје. Ознаката може да се употребува за производи кои се употребуваат како фумиганти и кога употребата на маска за дишење не е доволна. SPo 4 Амбалажата да се отвори на отворен простор и во суви услови. Ознаката се употребува за производи кои содржат активни материи кои можат бурно да реагираат со вода или влажен воздух, како што е алуминиум фосфид или кои содржат самозапалливи супстанции како што се (алкиленбис-) дитиокарбамати. Ознаката може да се употребува и за испарливи производи кои се класифицирани како R20, R23 или R26. Во поединечни случаи треба да се побара стручно мислење за да се оцени дали својствата на препаратот и амбалажата се такви да претставуваат опасност за применувачите. SPo 5 Пред повторно влегување темелно да се проветрат третираните површини / стакленици (треба да се наведе времето) додека применетиот производ не се исуши. Ознаката може да се употребува за производи кои се применуваат во стакленици или друг затворен простор како на пример магацини. 3.2. Мерки за одредување на дополнителни ознаки за известување за животната средина SPe 1 Поради заштита на подземните води / организми во почвата да не се употребува овој или друг производ кој содржи (се наведува активната супстанција или повеќе активни супстанции, каде е потребно) повеќе од (се наведува временското растојание или бројот на апликации). Ознаката се употребува за производи за кои е одредено дека за една или повеќе примени наведени на етикетата потребно е да се превземат мерки за намалување на ризикот од насобирање на производи во почвата, ефектите од дождовните глисти или други организми кои живеат во почвата или микрофлората на почвата, и / или загадување на подземните води. Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 9 од 10 SPe 2 Поради заштита на подземните води / водените организми да не се употребува на (се наведува типот на почвата или други посебни услови) почва. Ознаката може да се употребува како мерка за намалување на ризикот од можно загадување на подземните или површинските води во чувствителни услови (на пример, поради типот на почвата, топографијата или дренирана почва) ако оценувањето извршено за една или повеќе примени наведени на етикетата покажува дека е потребно да се превземат мерки за намалување на ризикот од несакани ефекти. SPe 3 Поради заштита на водените организми / нецелните растенија / нецелните членконоги / инсекти треба да се почитуваат зоните на сигурност од (да се наведат растојанијата) до неземјоделски / водени површини. Ознаката се применува заради заштита на нецелните растенија, нецелните членконоги и / или водените организми ако оценувањето извршено за една или повеќе примени наведени на етикетата покажува дека е потребно да се превземат мерки за намалување на ризикот од несакани ефекти. SPe 4 Поради заштита на водените организми / нецелните растенија да не се употребува на непропусливи површини како што се асфалт, бетон, камени коцки за поплочување, железнички пруги и други површини каде постои голема можност за површинско измивање. Во зависност од начинот на примена на производот, ознаката може да се употреби за намалување на ризикот од површинско измивање заради заштита на водените организми или нецелните растенија. SPe 5 Поради заштита на птиците / дивите видови цицачи производот треба да биде во целост внесен (инкорпориран) во почвата, вклучувајќи ги и крајните редови. Ознаката се употребува за производи како што се оние во облик на гранули или пелети кои мора да се внесат во почвата заради заштита на птиците и дивите цицачи. SPe 6 Поради заштита на птиците / дивите видови цицачи треба да се отстрани случајно растурениот производ. Ознаката се употребува за производи како што се оние во облик на гранули или пелети за да се избегне конзумирање од страна на птиците или дивите цицачи. Се препорачува за сите производи во цврста состојба кои се употребуваат неразредени. SPe 7 Да не се применува во време на парење на птиците. Ознаката се употребува ако оценувањето извршено за една или повеќе примени наведени на етикетата покажува дека е потребно да се превземат мерки за намалување на ризикот. SPe 8 Опасно за пчели / Поради заштита на пчелите и другите инсекти опрашувачи да не се третира посевот за време на цветање / Да не се применува во време на напасување на на пчели / Да се тргне или покрие кошницата во текот на примената и одредено време (да се наведе) после примената / Да не се применува во време на цветање на плевелот / Да се отстрани плевелот пред цветање / Да не се применува производот пред (да се наведе времето). Службен весник на РМ, бр. 144 од 1.11.2010 година 10 од 10 Ознаката се употребува за производи за кои оценувањето извршено за една или повеќе примени наведени на етикетата покажува дека е потребно да се превземат мерки за намалување на ризикот за да се заштитат пчелите и другите инсекти опрашувачи. Во зависност од начинот на примена на производот може да се одбере соодветна ознака за да се намали опасноста за пчелите и другите инсекти опрашувачи и нивните легла. 3.3. Мерки за одредување на дополнителни ознаки за известување кои се однесуваат на добра земјоделска пракса SPa 1 Поради спречување на појавата на отпорност (резистентност) да не се применува овој или друг производ кој содржи (се наведува активната супстанција или повеќе активни супстанции) повеќе од (да се наведе растојанието помеѓу апликациите или бројот на апликации). Ознаката се употребува ако таквото ограничување е потребно за да се ограничи ризикот од развој на отпорност (резистентност). 3.4. Мерки за одредување на посебните дополнителни ознаки за известување за родентициди SPr 1 Мамците се поставуваат на тој начин што се спречува консумирање од страна на други животни. Мамци во облик на блокови се поставуваат така што глодарите не можат да ги разнесуваат.За да се обезбеди правилна примена, ознаката треба да се наоѓа на истакнато место на етикетата,така што во најголема мера се исклучува можноста од погрешна примена. SPr 2 Третираното подрачје во времето на примена мора да биде означено.Мора да биде наведена опасноста од труење (примарно и секундарно) со антикоагуланси, како и соодветниот противотров. Ознаката треба да се наоѓа на истакнато место на етикетата, така што во најголема мера ќе се избегне ризикот од случајно труење. SPr 3 Во текот на третирањето, мртвите глодари треба секојдневно да се отстрануваат. Не смее да се собираат во контејнери за отпадоци. За да се избегне секундарно труење на животните, оваа ознака се употребува за сите родентициди кои содржат антикоагуланс како активна супстанција.

Regulation the detailed conditions for the packaging of plant protection products, declaration and labelling with standard phrases · Nelum