Regulation on variety registration and on keeping of the National Variety List
Made 2009-08-04 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за запишување на сортата во Национална сортна листа и за водење на Национална сортна листа.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- plant variety, procedural matters, registration
- Categories
- agriculture
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Стр. 1954. Правилник за запишување на сорта та во Национална сортна листа и за водење на Национална сортна листа... 1 1955. Национална сортна листа.................. 7 1956. Решение за стапување во примена на востановен катастар на недвижности.. 11 1957. Решение за стапување во примена на востановен катастар на недвижности.. 11 1958. Решение за стапување во примена на востановен катастар на недвижности.. 11 1959. Решение за стапување во примена на востановен катастар на недвижности.. 12 1960. Решение за стапување во примена на востановен катастар на недвижности.. 12 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 1954. Врз основа на член 34 став 3, член 36 став 4 и член 41 став 3 од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 39/06 и 89/08), министерот за земјо делство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СОРТАТА ВО НАЦИО НАЛНА СОРТНА ЛИСТА И ЗА ВОДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНА СОРТНА ЛИСТА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Содржина на правилникот Со овој правилник се пропишува постапката за за пишување на сортата во националната сортна листа, Стр. 1961. Решение за стапување во примена на востановен катастар на недвижности.. 12 1962. Решение за конверзија на податоците од катастар на земјиште во катастар на недвижности...................................... 12 1963. Одлука за определување највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата..... 13 1964. Објава за стапката на пораст на трошо ците на живот и платите за месец јули 2009 година.................................................... 14 Огласен дел........................................... 1-48 содржината на пријавата за запишување на сортата во националната сортна листа, поблиските услови за соод ветноста за предложеното име на сортата за одделни видови на земјоделски растенија и начинот на водење на националната сортна листа. II. ПОСТАПКА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СОРТАТА ВО НАЦИОНАЛНАТА СОРТНА ЛИСТА Член 2 Пријавување на сорта (1) Запишувањето на сорта во националната сортна ли ста се врши врз основа на пријава за запишување на сорта та во национална сортна листа (во понатамошниот текст: пријава), која се поднесува до Министерството за земјо делство, шумарство и водостопанство- Управа за семе и са ден материјал (во понатамошниот текст: Управата). (2) Пријавата се поднесува за секоја сорта посебно, во два примерока, на Образец даден во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Број 103 Год. LXV Понеделник, 17 август 2009 Цена на овој број е 150 денари www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk С О Д Р Ж И Н А Стр. 2 - Бр. 103 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 17 август 2009 Член 3 Поднесување на пријава (1) Пријава за запишување на сортата во национал ната сортна листа се поднесува до Управата, во рок од 30 дена од денот на добивање на решението за призна та и одобрена сорта за производство, како и извршени те испитувања за различност, еднообразност и стабил ност на сортата од страна на Министерството за земјо делство, шумарство и водостопанство. (2) Пријавата за запишување на сортата во Нацио налната сортна листа за странска сорта се поднесува до Управата по доставување на соодветен документ за из вршени DUS-тест и VCU-тест. (3) Постапката од став (1) на овој член се примену ва и при барање за повлекување на веќе поднесена при јава. Во тој случај Управата ја исклучува сортата од по натамошна постапка за запишување на сортата во на ционалната сортна листа, по плаќање на трошоците на правени за проверка на сортата за тековната година од страна на подносителот на пријавата согласно Правил никот за висината на надоместување на трошоците за испитување на вредноста за производство и употреба на сортата со сортни опити и висината на надомест за работата на Комисијата за национална сортна листа за земјоделски растенија. Член 4 Решение за запишување на сортата во национална сортна листа Управата согласно член 44 од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија на пријаву вачот односно одржувачот на сортата му издава реше ние за запишување на сортата во национална сортна листа, доколку се исполнети условите од член 37 став (1) од Законот за семенски и саден материјал за земјо делски растенија, како и условите од член 5 на овој правилник. III. УСЛОВИ ЗА СООДВЕТНОСТА ЗА ПРЕДЛОЖЕНОТО ИМЕ НА СОРТАТА Член 5 Предлагање на име на сортата (1) Кога пријавувачот во пријавата не го предложил името на сортата за запишување во националната сорт на листа, може да го достави било кога во период до подготовка на конечниот извештај за испитување на VCU-тестот и DUS-тестот на сортата. Предлогот за името на сортата пријавувачот го доставува до Управа та. (2) Доколку пријавувачот со датумот на поднесува ње на пријавата за запишување на сортата во национал ната сортна листа не го доставил предлогот за името на сортата, Управата го повикува тоа да го стори во рок од 60 дена од повикувањето. (3) Доколку пријавувачот до подготовката на ко нечниот извештај за испитување на вредноста за произ водство и употреба на сортата, не го доставил предло гот за името на сортата согласно став (2) на овој член, запишувањето на сортата во национална сортна листа се одбива согласно член 44 став (4) од Законот за се менски и саден материјал за земјоделски растенија. (4) Предложеното име е соодветно доколку овозмо жува разликување на сортата од која да е друга општо позната сорта од ист вид, името на соратата не е на вредливо и не доведува до забуна особено во поглед за потеклото на сортата и нејзините особини. Член 6 Несоодветност на предложеното име на сортата (1) Предложеното име на сортата не е соодветно доколку: се состои од една буква; се состои од повеќе букви или букви кои не формираат изговорлив збор, освен доколку се работи за кратенка; содржи само број, освен доколку тој е составен дел на името или кога тој означува дека сортата е или ќе биде една од нумерираната серија на биолошки сродни сорти; се состои од повеќе од три дела, освен доколку името на сортата веќе било одобрено во некоја од др жавите членки на UPOV; се состои од претерано долг збор или го содржи тој збор во името; содржи тире, растојание кое не е растојание по меѓу два составни дела, мешавина на големи и мали букви во рамките на одделни делови, допишување го ре, допишување долу, знак или цртеж, содржи растоја ние и името на сортата може да содржи најмногу две важечки кратенки со најмногу три знака, кои се распо редени на двата краја од името на сортата. (2) Името на сортата во форма на код не е соодвет но доколку: се состои од само една или повеќе бројки, освен во случаи на инбред линии; се состои од само една буква; содржи повеќе од десет букви односно букви и броеви; содржи повеќе од четири изменливи групи на една група или повеќе букви и еден број или повеќе броеви и содржи тире, допишување горе, долу, знак или цртеж. Член 7 Разликување на името на сортата (1) Името на сортата треба да овозможи разликува ње на сортата од било која друга општопозната сорта од ист вид растенија. (2) Исти видови на растенија од став (1) од овој член се видовите кои спаѓаат во иста група на растени ја (житни, градинарски, фуражни, маслодајни и влакно дајни). 17 август 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 103 - Стр. 3 (3) Името на сортата не овозможува меѓусебно раз ликување на сортите, доколку разликата е само во една буква, број или со акцентни ознаки над буквите, во споредба со регистрираното име на сортата од ист вид растенија во било која држава членка на UPOV. Разли ка во една буква за разликување на име на сортата, е можна доколку: е во важечката кратенка како одделен дел на името на сортата; се разликуваат почетните букви на името на сортата и името на сортата е кратко. (4) Името на сортата може да е исто како името на сорта со која веќе не се тргува, доколку поминале нај малку пет години од бришењето на таа сорта од нацио налната сортна листа. (5) Ознаките кои се во општа употреба во трговија та со семенски и саден материјал не смеат да се упо требуваат во името на сортата ако се: парични единици или стручни изрази поврзани со маса и мерења; стручни изрази кои станале дел од говорниот ја зик и чие потврдување како име на сорта би можело да им пречи на други снабдувачи во трговијата со семен ски и саден материјал на други сорти и изрази кои во согласност со прописите не смеат да се употре-буваат за други намени. Член 8 Име на сорта кое доведува до забуна Името на сортата доведува до забуна доколку: создава неточен впечаток дека сортата има одредени карактеристики или вредности; создава неточен впечаток дека сортата е сродна на друга сорта или дека произлегува од неа; се однесува на одделна карактеристика или вредност на начин кој создава неточен впечаток дека карактеристиката или вредноста ја има само таа сорта, иако такви каракте-ристики и вредности имаат и други те сорти; со својата сличност на општо познато пазарно име, кое не е регистрирано како стокова марка или име на сорта, кое инсинуира дека сортата е некоја друга сорта или дава неточен впечаток за идентитетот на пријавувачот, лицето одговорно за одржување на сор тата или селекционерот; содржи или го составуваат: (a) компаративи или суперлативи; (б) латинско или македонско име на род или на вид на кои им припаѓа сортата и (в) име на физичко или правно лице, така што соз дава неточен впечаток за идентитетот на пријавувачот, лицето одговорно за одржување на сортата или селек ционерот. Член 9 Повторно доставување на име на сортата (1) Кога Управата ќе утврди дека предложеното име не одговара на пропишаните услови за соодвет ност од член 7 и 8 на овој правилник, го повикува при јавува-чот да достави нов предлог за име на сортата, во рок од 60 дена од приемот на поканата. (2) Доколку пријавувачот во рокот од став (1) на овој член не достави нов предлог за име на сортата, се одбива запишување на сортата во национална сортна листа согласно член 5 став (3) од овој правилник. IV. ВОДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНА СОРТНА ЛИСТА Член 10 Начин на водење на национална сортна листа Националната сортна листа како официјален список на признаени видови и сорти на земјоделски растенија, за кои е дозволена трговија на семенски и саден материјал, Управата ја води за видови и сорти на житни, фуражни, маслодајни, влакнодајни и градинарски растенија, на Образец даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој пра вилник, а за видови и сорти на винова лоза, на Образец даден во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 11 Преодни одредби Со денот на пристапување на Република Македони ја во Европската Унија, престануваат да се применува ат одредбите од член 6, 7 и 8 од овој правилник. Член 12 Престанување на примена Со денот на влегување на сила на овој правилник престануваат да се применуваат: Правилникот за содржина и податоци кои треба да ги содржи барањето за потврдување на новата сорта (култивар), односно за дозвола за интродукција на странска сорта (култивар) на земјоделски и шумски растенија и за име на сортата (“Службен лист на СФРЈ” бр.56/89) и Правилникот за регистарот на нови домашни сорти односно за евиденција на странски сорти на зем јоделски и шумски растенија, за кои е дозволена ин тродукција (“ Службен лист на СФРЈ ” бр.56/89). Член 13 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 18-9896/1 Министер, 4 август 2009 година Љупчо Димовски, с.р. Скопје Стр. 4 - Бр. 103 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 17 август 2009 17 август 2009 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 103 - Стр. 5 Стр. 6 - Бр. 103 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 17 август 2009