Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on types of microbiological fertilizers, procedure and documents for classification of new microbiological fertilizer, manner of marking and identification, content of microorganisms-minimum and maximum quantities

Made 2011-05 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за видовите на микробиолошки ѓубриња, постапката и документите за класифицирање на новото микробиолошко ѓубре во одреден вид, начинот на означување и идентификацијата, содржината на микроорганизми, минимални и максимални количества.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
classification/declassification, ecological production/organic production, fertilizers/nutrients, packaging/labelling, residues, plant production
Categories
agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен В. на Р.М. бр: 73/2011 од 31.05.2011 Влегува во сила на: 01.06.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за видовите на микробиолошки ѓубриња, постапката и документите за класифицирање на новото микробиолошко ѓубре во одреден вид, начинот на означување и идентификација, содржината на микроорганизми, минимални и максимални количества на микроорганизми и примеси (*) МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 12 став 3 од Законот за ѓубриња ("Службен весник на Република Македонија" бр. 110/07, 20/09 и 17/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе. П Р А В И Л Н И К ЗА ВИДОВИТЕ НА МИКРОБИОЛОШКИ ЃУБРИЊА, ПОСТАПКАТА И ДОКУМЕНТИТЕ ЗА КЛАСИФИЦИРАЊЕ НА НОВОТО МИКРОБИОЛОШКО ЃУБРЕ ВО ОДРЕДЕН ВИД, НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ И ИДЕНТИФИКАЦИЈА, СОДРЖИНАТА НА МИКРООРГАНИЗМИ, МИНИМАЛНИ И МАКСИМАЛНИ КОЛИЧЕСТВА НА МИКРООРГАНИЗМИ И ПРИМЕСИ () Член 1 Со овој правилник се пропишуваат видовите на микробиолошки ѓубриња, постапката и документите за класифицирање на новото микробиолошко ѓубре во одреден вид, начинот на означување и идентификација, содржината на микроорганизми, минимални и максимални количества на микроорганизми и примеси. Член 2 Видови на микробиолошки ѓубриња: почвено микробиолошко ѓубре; фолијарно микробиолошко ѓубре и микробиолошки примеси-агенси (носач на микробиолошко ѓубре). Почвеното микробиолошко ѓубре се користи за подобрување на физичките, хемиските и биолошките својства на почвата и тоа: физичките својства на почвата се подобруваат преку зголемување на стабилноста на структурните агрегати; хемиските својства на почвата се подобруваат преку обезбедување на достапни форми на хранливи елементи за растенијата и биолошките својства на почвата се подобруваат преку зголемување на бројот на почвената и ризосферната микрофлора во почвата, при што под ризосферната микрофлора се подразбира микроорганизми кои се наоѓаат до три сантими од кореновиот систем на растението. Фолијарното микробиолошко ѓубре се користи за подобрување на фотосинтетските процеси и исхраната на растенијата преку листовите така што: фолијарното микробиолошко ѓубре ја зголемува фотосинтезата кај растенијата преку создавање на метаболити кои ги стимулираат фотосинтетските процеси и фолијарните микробиолошки ѓубриња ја подобрува исхраната на растенијата преку фиксирање (асимилирање) на хранливите елементи присутни во воздухот. Микробиолошки примеси-агенси се биосоединенија, продукт на микроорганизмите, кои имаат антибиотички особини, а се аплицираат врз лисната маса на растенијата и можат да бидат: микробиолошки примеси-агенси кои се употребуваат во текот на вегетацијата за заштита на растенијата од болести и штетници и http://www.slvesnik.com.mk/Issues/992C00F1FBC94B448AC5165D39D217DC.pdf#page=27 микробиолошки примеси-агенси кои се употребуваат за заштита на плодовите после бербата од расипување. ******* () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр.889/2008 од 5 септември 2008 год. со која се утврдуваат правилата за спроведување на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 834/2007 за органско производство и етикетирање на органските производи во однос на органското производство, етикетирање и контрола CELEX бр. 32008R0889. ****** Член 3 За спроведување на постапката за класификација на новото микробиолошко ѓубре во одреден вид, се поднесува барање до Фитосанитарна управа во кое се наведуваат особено податоците за: 1) заштитното име на микробиолошкото ѓубре; 2) видот на новото микробиолошко ѓубре; 3) производителот на новото микробиолошко ѓубре; 4) називот и седиштето на правното лице кое врши увоз на новото микробиолошко ѓубре и 5) стабилноста на ѓубрето (начин на пакување и складирање заради задржување на квалитетот ). Кон барањето од став 1 на овој член се поднесува следната документација: извештај од овластена лабораторија и декларација за новото микробиолошко ѓубре. Член 4 Новото микробиолошко ѓубре се означува со етикета која содржи: 1) име на микробиолошко ѓубре; 2) видот на новото микробиолошко ѓубре; 3) трајност (за задржување на трајност, минерално и микробиолошко ѓубре се чува на температура до 20 0С, а биопрепарати до 4 0С); 4) токсичност (влијание врз здравје на човекот, животните и пчелите); 5) каренца (за биопрепарат), последен рок за употреба; 6) работна каренца; 7) толеранција и 8) вид на амбалажа. Член 5 Новото микробиолошко ѓубре се идентификува според: 1) името на новото микробиолошко ѓубре; 2) типот на новото микробиолошко ѓубре; 3) составот на макро и микро хранливи елементи на новото микробиолошко ѓубре; 4) бруто и нето маса на задолжителни и незадолжителни макро и микроелемнти на микробиолошкото ѓубре; 5) бројните вредности од аналитички методи, 6) утврдената ефикасност на микробиолошкото ѓубре и 7)упатството за складирање и употреба на микробиолошки ѓубриња. Член 6 Минималните и максималните количества на микроорганизми и примеси во микробиолошкото ѓубре и микробиолошките примеси-агенси изнесуваат за: 1) почвеното микробиолошко ѓубре, минималниот титар (број) е 10 000 000 по g/ml , максималниот титар (број) е 20 000 000 по g/ml односно 1 kg/l на хектар. 2) фолијарното микробиолошко ѓубре, минимален титар (број) 100 000 000 по g/ml, а максималниот титар (број) е 200 000 000 по g/ml односно 100-150 g/ml на хектар и 3) микробиолошките примеси-агенси минималниот титар (број) е 5 g/ml на хектар, а максималниот титар (број) е 10 g/ml на хектар. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 17-263/8 Министер за земјоделство, мај 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on types of microbiological fertilizers, procedure and documents for classification of new microbiological fertilizer, manner of marking and identification, content of microorganisms-minimum and maximum quantities · Nelum