Regulation on types of biostimulators, procedure and documents for classification of new biostimulator, manner of marking and identification, content of physiologically active components and nutrients, minimum and maximum quantities of physiologically active components and nutrients and impurities in biostimulators
Made 2011-07 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за видовите на биостимулатори, постапката и документите за класификација на новиот биостимулатор во одреден вид, начинот на означување и идентификација, содржината на физиолошки активните компоненти и хранливи елементи, минимални и максимални количества на физиолошки активните компоненти и хранливи елементи и примеси во биостимулаторите.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- classification/declassification, ecological production/organic production, fertilizers/nutrients, packaging/labelling, residues, plant production
- Categories
- agriculture
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен В. на Р.М. бр: 106/2011 од 04.08.2011 Влегува во сила на: 05.08.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за видовите на биостимулатори, постапката и документите за класификација на новиот биостимулатор во одреден вид, начинот на означување и идентификација, содржината на физиолошки активните компоненти и хранливи елементи, минимални и максимални количества на физиолошки активните компоненти и хранливи елементи и примеси во биостимулаторите (*) МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 13 став 3 од Законот за ѓубриња ("Службен весник на Република Македонија" бр. 110/07, 20/09 и 17/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе. П Р А В И Л Н И К ЗА ВИДОВИТЕ НА БИОСТИМУЛАТОРИ, ПОСТАПКАТА И ДОКУМЕНТИТЕ ЗА КЛАСИФИКАЦИЈА НА НОВИОТ БИОСТИМУЛАТОР ВО ОДРЕДЕН ВИД, НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ И ИДЕНТИФИКАЦИЈА, СОДРЖИНАТА НА ФИЗИОЛОШКИ АКТИВНИТЕ КОМПОНЕНТИ И ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ, МИНИМАЛНИ И МАКСИМАЛНИ КОЛИЧЕСТВА НА ФИЗИОЛОШКИ АКТИВНИТЕ КОМПОНЕНТИ И ХРАНЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИМЕСИ ВО БИОСТИМУЛАТОРИТЕ () Член 1 Со овој правилник се пропишуваат видовите на биостимулатори, постапката и документите за класификација на новиот биостимулатор во одреден вид, начинот на означување и идентификација, содржината на физиолошки активните компонентии и хранливи елементи, минимални и максимални количества на физиолошки активните компонентии и хранливи елементи и примеси во биостимулаторите. Член 2 Биостимулаторите се физиолошки активни органски материи со ниска содржина на хранливи елементи, од природно или синтетичко потекло (хормони, витамини, аминокиселини, хумусни киселини и сл.) збогатени со макро и микро елементи кои во соодветни услови имаат стимулативно дејство на поединечни физиолошко-биохемиски процеси во поединечни фази од развојот на растението. Член 3 Во зависност од составот на елементите биостимулаторите се делат на : 1) Биостимулатори кои содржат макро елементи; 2) Биостимулатори кои содржат микро елементи и 3) Биостимулатори кои содржат макро-микро елементи. Член 4 Класификацијата на новиот биостимулатор, се врши по поднесено барање до Фитосанитарна управа во кое се наведуваат податоците за: заштитното име на биостимулаторот; видот на новиот биостимулатор; http://www.slvesnik.com.mk/Issues/93E67E7943435848A5FF34DAB30CBBBB.pdf#page=65 производителот на биостимулаторот; називот и седиштето на биостимулаторот и стабилноста на ѓубрето (начин на пакување и складирање заради задржување на квалитетот ). () Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр.889/2008 од 5 септември 2008 год. со која се утврдуваат правилата за спроведување на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 834/2007 за органско производство и етикетирање на органските производиво однос на органското производство, етикетирање и контрола CELEX бр. 32008R0889. Кон барањето од став 1 на овој член се поднесува следната документација : извештај од овластената лабораторија; декларација на биостимулаторот и упатство за употреба издадено од производител на биостимулаторот. Член 5 По спроведената класификација, новиот биостимулатор се означува со етикета која содржи ознака за: трајност (за задржување на трајност, биостимулатор се чува на температура до 40С); токсичност (влијание врз здравје на човекот, животните и пчелите); каренца (за биопрепарат) ; работна каренца; толеранција и вид на амбалажата. Член 6 Новиот биостимулатор се идентификува според: 1) името на новиот биостимулатор; 2) типот на биостимулаторот; 3) составот на макро и микро хранливите елементи на биостимулаторот; 4) бруто и нето маса на задолжителните и незадолжителните макро и микро елемнти на новиот биостимулатор; 5) бројните вредности од аналитички методи; 6) утврдената ефикасност на биостимулаторот и 7) упатството за складирање и употреба на биостимулаторот. Член 7 Минималните количества на физиолошки активните компоненти во биостимулатор се 150g/ml, додека максималните количества се до 200 g/ml, во зависност од развојните фенофази на растенијата. Хранливите микро и макро елементи кои се додаваат заедно со биостимулаторот треба да бидат најмалку 10% од вкупните количини на биостимулатор за микро елементи, а најмногу до 50% од вкупните количини на биостимулаторот за макро елементи. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија ". Бр. 17-262/7 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.