Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on trade in seed material from oil and fiber plants

Made 2007-03-12 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за трговија со семенски материјал од маслодајни и влакнодајни растенија.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Organisation
European Union
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
oleaginous plants, crops, certification, processing/handling, inspection, internal trade, seeds/planting material, procedural matters, registration, data collection/reporting, packaging/labelling, classification/declassification, plant production, agricultural commodities
Categories
agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Стр. 6 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 Член 4 Издадената легитимација се враќа во случај на пре станок на работниот однос или кога нејзиниот носител е распореден на друго работно место во Бирото за ме трологија (во понатамошниот текст: Биро). Во случаите од став 1 на овој член, легитимацијата се предава веднаш на директорот на Бирото. Член 5 Носителот кој ќе ја изгуби легитимацијата или на друг начин ќе остане без неа, веднаш ги известува ди ректорот на Бирото и министерот за економија, за вре мето, местото и околностите под кои легитимацијата е изгубена или исчезната на друг начин. Во случаите од став 1 на овој член, на носителот му се издава нова легитимација, а претходно издадената легитимација, се огласува за неважечка. Член 6 Легитимацијата се заменува со нова кога поради дотраеност или оштетување истата стане неупотребли ва и кога има промена на личните податоци на нејзини от носител, а претходно издадената легитимација се враќа. Член 7 За секоја легитимација што е издадена, заменета или вратена според одредбите на овој правилник се во ди евиденција. Член 8 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за образецот и начи нот на издавање на службената легитимација на работ ници на Заводот за стандардизација и метрологија, ов ластени за вршење на надзор (,,Службен весник на Ре публика Македонија” бр. 19/96). Член 9 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија ’’. Бр. 25- 948/ 2 9 март 2007 година Министер за економија, Скопје Вера Рафајловска с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 481. Врз основа на член 8 став 10, 11 и 12, член 9 став 2, член 12 став 2, член 13 став 3, член 14 став 2, член 16 став 3, член 17 став 3, член 18 став 5 и член 20 став 3 од Законот за семенски и саден материјал за земјодел ски растенија („Сл.весник на РМ” бр.39/2006), мини стерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ТРГОВИЈА СО СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ ОД МАСЛОДАЈНИ И ВЛАКНОДАЈНИ РАСТЕНИЈА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Содржина на правилникот Со овој правилник се пропишува, етикетирањето на партиите семе, максималната големина на партија се ме, начинот на пакувањето и препакувањето на семен скиот материјал од одделни видови маслодајни и влак нодајни растенија; видовите и категориите, како и поб лиските услови за ставање во трговија; малите количи ни на семенски материјал на земјоделски растенија кои не ги исполнуваат условите за трговија, а кои се наме нети за научни цели, селекција, официјално испитува ње или за инспекциски надзор; формата и содржината и начинот на водење на евиденција од страна на снаб дувачот за состојбата на семенските посеви и побли ските услови за вршење на подготовката за трговија; начинот, постапката, методите за вршење на стручна контрола на семенските посеви и земање мостри за ис питување, како и условите за производство што треба да ги исполнуваат посевите, роковите, формата и содр жината на пријавата; начинот и постапката за сертифи кација, формата и содржината на сертификатот како и формата и содржината на етикетите. Член 2 Видови на маслодајни и влакнодајни растенија Видови на маслодајни и влакнодајни растенија се: 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 7 Arachis hypogea L. Кикиритки Brassica juncea (L.) Czern Кафеав синап Brassica napus L. ssp.oleifera (DC) Маслодајна репка Brassica nigra (L.) W.D.J. Koch. Црн синап Brassica rapa L. ssp. oleifera (DC.) Metzg Сурепка (огрштица) Cannabis sativa L. Коноп Carthamus tintctorius L. Сафлор (шафраника) Carum carvi L. Ким Glycine max (L.) Merrill Соја Gossypium ssp. L. Памук Halianthus annuus L. Сончоглед Linum usitatissimum L Лен Papaver somniferum L. Афион Sinapis alba L. Бел синап Sesamum indicum L. Сусам Член 3 Значење на поимите Поимите употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. семе на селекционерот е семе кое го произведува селекционерот, односно одржувачот на сортата или е произведено во негово име и за негова сметка, а е наме нето за производство на предосновно или основно семе; 2. не конечно сертифицирано семе е произведено односно ожнеано семе од било која категорија, за кое во постапката за официјално сертифицирање било утврдено дека ги исполнува условите од прилогот 1, кој е составен дел на овој правилник; 3. конечно сертифицирано семе е семе од било која категорија кое во постапките односно анализите извршени од официјална лабараторија, утврдено е дека ги исполнува условите во поглед на квалитетот наве дени во прилог 2 кој е составен дел на овој правилник; 4. орган за сертифицирање е правно или физичко лице на кое му е дадено јавно овластување во соглас ност со Законот за семенски и саден материјал за земјо делски растенија (во понатамошниот текст: Закон), кој го контролира семенскиот материјал од земјоделски растенија; 5. лица кои вршат контрола и земаат мостри и лабараториите под службен назор се физички или правни лица кои ги исполнуваат пропишаните услови во согласност со Законот, овластени се од Управата за семе и саден материјал за вршење прегледи под служ бен надзор, земање на мостри под официјален надзор и за тестирање на семенски материјал под официјален надзор; 6. преглед на поле е дел од постапката за офици јално сертифицирање, со која се утврдува дали семен скиот посев на маслодајните и влаконодајните растени ја ги исполнува пропишаните услови; 7. сорта која се опрашува на поинаков начин (ту ѓооплодна) е група на селекционирани растенија, која јасно се разликува од другите сорти по било која осо бина и ги зачувува тие особини при размножувањето; 8. родителска компонента е најмала единица која селекционерот ја употребува за одржување на својата сорта, од која, во една или повеќе генерации, е произ ведено семето од таа сорта; 9. самооплодна линија е доволно хомогена и по стојана линија добиена со вештачко самооплодување, по пат на селекција во повеќе едно подруго генерации или преку соодветни методи; 10. хибридна сорта е група на растенија кои се до волно различни една од друга според едно или повеќе својства, назначени од селекционерот. Хибридни сорти се: дволиниски хибрид, е непосредно потомство од вкрстосувањето на две самооплодни линии; четворолиниски хибрид, е непосредно потомство од вкрстосување на два дволиниски хибрида; тролиниски хибрид, е непосредно потомство од вкрстосување помеѓу самооплодна линија и дволини ски хибрид; 11. машка стерилност е стерилност на поленовиот прав кај двополните растенија; 12. хибридност е процент на наследување на својства та на родителските компоненти во првата генерација (F1). Член 4 Категории на семе Со семето на одделните видови маслодајни и влак нодајни растенија, може да се тргува само со следниве категории: a) основно семе за сите видови на маслодајни и влакнодајни растенија е семе кое: го произвел одржувачот на сортата или е произве дено во негово име и за негова сметка, директно од се мето на селекционерот или е произведено од предос новното семе; е наменето за производство на семе од категорија та на сертифицирано семе, од категориите на сертифи цирано семе од прва генерација или сертифицирано се ме од втора генерација; одговара на условите во поглед на квалитетот и другите услови за основно семе од прилог 1 и прилог 2 кои се составен дел на овој правилник, и е утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка во постапката за официјално сертифицирање со официјален преглед од страна на органот за сертифи цирање. б) основно семе за сите видови на маслодајни и влакнодајни растенија, кај хибридните сорти 1. Основно семе од самооплодни линии доколку: ги задоволува условите за основно семе, од прилог 1 и 2 од овој правилник; е утврдено дека ги исполнува условите од овој правилник при официјалната контрола од страна на ор ганот за сертификација; 2. Основно семе од дволиниски хибриди доколку: ги задоволува условите за основно семе, од прилог 1 и 2 од овој правилник; е наменето за производство на тролиниски и че творолиниски хибриди, и ги исполнува условите од овој правилник при официјалната контрола од страна на органот за серти фикација. в) сертифицирано семе за сите видови кафеав си нап, сурепка, црн синап, маслодајна репка, дводомен коноп, шафраника, ким, сончоглед, афион и бел синап доколку: е произведенo директно од основното семе ; е наменето за производство на сертифицирано се ме од прва генерација или за производство на земјодел ски растенија, го задоволува квалитетот и другите услови за сер тифицирано семе, според прилог 1 и прилог 2 од овој правилник, при официјалното сертифицирање од органот за сертификација е утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка, и може да биде произведено од предосновното семе од одгледувач или лице кое е овластено од одгледува чот, информирајќи го со пријава органот за сертифика ција повикувајќи се на член 8 од овој правилник. г) сертифицирано семе од прва генерација за сите видови кикирики, еднодомен коноп, лен, памук и соја доколку: е произведено непосредно од основното семе; одржувачот односно селекционерот го бара тоа може да се произведе и од предосновно семе и со офи цијален преглед од страна на органот за сертифицира ње е утврдено дека ги исполнува условите за сертифи цирано семе од прва генерација од прилог 1 и прилог 2 од овој правилник; Стр. 8 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 е наменето за производство на семе од категорија на сертифицирано семе од втора генерација, и во постапка за официјално сертифицирање, со офи цијален преглед од страна на органот за сертификација утврдено е дека ги исполнува условите од оваа точка, односно дека контролорот, вршителот за земање на мо стри или лабораторија под службен надзор со преглед утврдиле дека се исполнети условите од оваа точка. д) Сертифицирано семе од втора генерација за ки кирики, лен, памук и соја доколку: е произведено директно од основното семе или од сертифицирано семе прва генерација; е наменето за производство на земјоделски расте нија; ги исполнува условите за сертифицирано семе од втора генерација од прилог 1 и 2 од овој правилник, и ги исполнува условите предвидени со овој правил ник во постапката за официјално сертифицирање од страна на органот за сертифицирање ѓ) сертифицирано семе од втора генерација за дво домен коноп доколку: е произведено непосредно од сертифицирано семе од прва генерација, доколку одржувачот односно се лекционерот го бара тоа од предосновното семе и со официјален преглед од страна на органот за сертифи цирање утврдено е дека ги исполнува условите за сер тифицирано семе од втора генерација од прилог 1 и прилог 2 од овој правилник; е наменето за производство на земјоделски расте нија, и во постапка за официјално сертифицирање, со офи цијален преглед од страна на органот за сертификација е утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка, од носно дека контролорот, вршителот за земање на мостри или лабораторија под официјален надзор со преглед утврдиле дека се исполнети условите од оваа точка. е) трговско семе за црн синап доколку: е произведено во име и за сметка на снабдувачот; е автентично за видот; одговара на условите во поглед на квалитетот за категоријата на трговско семе од прилог 2 на овој пра вилник, и е утврдено дека ги исполнува условите од оваа точка во постапката за официјално сертифицирање со официја лен преглед од страна на органот за сертификација. Член 5 Трговија со предосновно семе и не конечно сертифицирано семе По исклучок на одредбите од член 4 од овој правил ник, може да се тргува и со: a) предосновно семе, доколку: директно е произведено од селекционерот однос но одржувачот на сортата или е произведено во негово име и за негова сметка; органот за сертифицирање со официјален преглед утврдил дека предосновното семе ги исполнува усло вите за сертифицирање како основно семе, од прилог 1 и 2 од овој правилник; семето е спакувано и оригинално затворено сог ласно одредбите на овој правилник, и пакувањата се означени со официјална етикета, на која се наведени податоците од прилог 4, точка 1, кој е составен дел на овој правилник; б) не конечно сертифицирано семе, е доколку се тргува со намена да се подготви за пазар, а е во соглас ност со одредбите од овој правилник. Член 6 Исклучоци во поглед на ‘ртливоста (1) По исклучок на одредбите од член 4 и член 5 од овој правилник, официјално се сертифицира и се пушта во трговија семе од категоријата на предосновно и ос новно семе, иако не ги исполнува условите во поглед на ‘ртливост од прилог број 2. (2) По исклучок на одредбите од член 4 од овој пра вилник, официјално се сертифицира и се пушта во тр говија до првиот примател семе од категоријата на ос новно семе, сертифицирано семе, сертифицирано семе од прва генерација, сертифицирано семе од втора гене рација и трговско семе, иако официјалниот преглед со кој се утврдува дали семето одговара на условите за ‘ртливост од прилог 2, се уште не е завршен. (3) Во случаите од став 1 и 2 од овој член, органот за сертифицирање може да издаде етикети согласно член 21 од овој правилник, кога е приложен привре мен аналитички извештај за квалитетот на семето и до колку е наведено името и адресата на првиот примател на семето. (4) Пакуваното семе од став 1 од овој член, снабду вачот треба да го означи со дополнителна етикета која ги содржи следниве податоци: моментална ‘ртливост на семето; лично име и адреса на постојан или привремен престој, или фирма и седиште на снабдувачот, и број на партија на семето. Член 7 Национална сортна листа (1) Официјалното сертифицирање и трговија може да се врши со сорти на маслодајни и влакнодајни рас тенија кои ги исполнуваат условите за упис и се запи шани во националната сортна листа. (2) За семе од сорти на маслодајни и влакнодајни растенија кои се во постапка за запишување во нацио налната сортна листа, може да се врши официјално сертифицирање, односно трговија со семето. II. ПРОИЗВОДСТВО НА СЕМЕ Член 8 Пријавување на семенски посеви (1) Снабдувачот го пријавува семето за официјално сертифицирање кај органот за сертифицирање и до Управата за семе и саден материјал, со пријава, на обра зец бр. 1 прилог 5 кој е составен дел на овој правилник. (2) Пријавата ги содржи најмалку следниве подато ци за: снабдувачот: лично име и адреса на постојан или привремен престој или фирма и седиште на снабдува чот и негов единствен регистарски број; произведителот, кога тој произведува семе во име и за сметка на снабдувачот: лично име и адреса на по стојан или привремен престој или фирма и седиште на произведителот; местото на производство; земјиштето на кое е засеан семенскиот посев: по вршина и број на парцелата (катастарски број), како и микротопоним за земјиштето; предходни посеви на земјоделски растенија на земјиштето; потекло на употребеното семе за семенскиот посев; дата на сеидбата, и количество на засеано семе. (3) Снабдувачот кон пријавата треба да приложи копии од документи со кои се докажува потеклото на употребеното семе. Доколку снабдувачот употреби се ме кое сам го произвел, доволна е копија од официјал ниот сертификат за не конечно сертифицирано семе, која ја издава органот за сертифицирање во согласност со член 15 од овој правилник. (4) Рокот за пријавување на семенскиот посев за официјално сертифицирање за секоја година е: до 31 март за зимските сорти на маслодајни и влакнодајни растенија; до 15 април за пролетните сорти на маслодајни и влакнодајни растенија. 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 9 Член 9 Плодоред (1) Парцелата е соодветна за производство на се менски посев за одделен вид, односно сорта на масло дајни и влакнодајни растенија, доколку на неа најмалку два предходни вегетациони периоди не биле посеани маслодајни и влакнодајни растенија од ист вид. (2) Кога се произведуваат хибридни сорти на мас лодајна репка, најмалку пет вегетациони периоди не треба да се сеат растенија од фам. Brassicaceae на иста та парцела. Член 10 Изолација (1) Семенскиот посев од видови на маслодајни и влакнодајни растенија кои се опрашуваат на друг на чин (туѓооплодни), треба да е оддалечен од посеви од ист вид и сорта кои се извори на цветен полен, за да се спречи несаканото опрашување на семенскиот посев. (2) Семенскиот посев од самооплодните видови на маслодајни и влакнодајни растернија, треба да е одда лечен со препрека или простор од другите посеви на маслодајни и влакнодајни растенија, за да се спречи механичкото мешање на семињата за време на жетвата. (3) Условите за изолација на семенските посеви на маслодајните и влакнодајните растенија се наведени во прилог 1 точка 1.1. кој е составен дел од овој пра вилник. Член 11 Заплевеност Доколку органот за сертификација утврди дека се менскиот посев е толку многу заплевен што на него не е можно производство на семе кое ќе одговара на услови те од овој правилник, официјално не се сертифицира. Член 12 Здравствена состојба Условите во поглед на здравствена состојба на се менските посеви на маслодајните и на влакнодајните растенија се наведени во прилогот 2 табела 1.1. кој е составен дел од овој правилник. Член 13 Идентитет и чистота на сортата (1) Семенскиот посев во поглед на идентитетот и чистота на сортата, односно кај категоријата трговско семе, треба да ги исполнува условите од прилозите 1 и 2 од овој правилник. (2) За идентитетот и чистотата на сортата кај семето од хибридните сорти, треба да важат истите карактери стики вклучувајќи ја и машката стерилност односно обновување на плодноста. Член 14 Стручна контрола на семенските посеви (1) Органот за сертифицирање по прием на пријава та од член 8 од овој правилник, врши преглед на семен скиот посев на полето. Прегледот се врши во фаза која овозможува точна проценка за исполнувањето на усло вите пропишани со овој правилник. (2) Кај сите маслодајни и влакнодајни растенија, треба да се извршат најмалку два прегледа на поле за секој семенски посев, освен кај хибридните сорти од маслодајна репка и памук. (3) Кај семенскиот посев наменет за производство на хибридни сорти од маслодајна репка треба да се из вршат најмалку три прегледа на поле. Првиот преглед треба да се изврши пред цветањето, вториот на почето кот и третиот на крајот од цветањето. (4) Кај семенскиот посев наменет за производство на хибридни сорти од памук треба да се извршат нај малку три прегледа на поле. Првиот преглед треба да се изврши пред цветањето, вториот на почетокот и тре тиот на крајот од цветањето. (5) Големината, бројот и распоредувањето на кон тролните единици, како и методите за вршење на стручна контрола при производството на семенските посеви по кои се вршат прегледите на поле, дадени се во прилог 1 од овој правилник. (6) Покрај методите од став 5 на овој член, по бара ње на производителот, прегледите на поле можат да се вршат и според методите на Организацијата за економ ска соработка и развој (во понатамошниот текст: OECD шеми). Член 15 Сертификација на семе кое не е конечно сертифицирано (1) Органот за сертифицирање, по завршениот пос леден преглед на семето на поле согласно член 14 од овој правилник, составува записник на образец 2 даден во прилог 6 кој е составен дел од овој правилник. (2) Доколку, со прегледите на поле се утврди дека семенскиот посев ги исполнува условите утврдени со овој правилник, на барање на снабдувачот, органот за сертифицирање издава сертификат согласно Законот за не конечно сертифицирано семе за маслодајни и влак нодајни растенија. Член 16 Конечна официјална сертифицикација за извршена стручна контрола (1) Органот за сертифицирање, конечно официјално го потврдува семето како сертифицирано семе од мас лодајни и влакнодајни растенија произведено надвор од територијата на Република Македонија, согласно член 30 од Законот. (2) Органот за сертифицирање на барање на снабду вачот, конечно го сертифицира семето произведено во земјата, со издавање на сертификат за извршена струч на контрола на семенски посев, на образец бр. 3, даден во прилог 7 кој е составен дел од овој правилник, кој треба да ги содржи податоците од прилог 4 точка 6 за соодветната категорија во согласност со член 4 од овој правилник, доколку: за наведеното семе бил извршен преглед на поле; семето ги исполнува условите за соодветна кате горија на семе од прилог 1 на овој правилник, и со официјален преглед утврдено е дека се испол нети условите од прилог 2 за истата категорија. III. ПОДГОТВУВАЊЕ НА СЕМЕТО ЗА ТРГОВИЈА Член 17 Партија и земање на мостри од семето (1) Снабдувачот го пријавува земањето на мостри и пакувањето на партијата семе. Најголема маса на пар тија семе е наведена во прилог 3, кој е составен дел на овој правилник. Пријавата за земање на мостри посеб но се поднесува на образец бр.4 даден во прилог 8, кој е составен дел на овој правилник. (2) Пријавата ги содржи најмалку следните подато ци за: снабдувачот: лично име и адреса на постојан или привремен престој или фирма и седиште на снабдува чот и негов единствен регистарски број; место на кое се земаат мострите од семето; вид, сорта и категорија на семиња од маслодајни и влакнодајни растенија; партија на семето од кое се земаат мострите; количество на семето и начин на негово пакување. Стр. 10 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 (3) Мострите за анализа на квалитетот на семето, официјално ги зема органот за сертификација од уште неспакуваната и затворена хомогена партија на семе, кој ја запечатува после земање на мострите. Доколку семето е веќе затворено и е означено под официјален надзор, мострите за анализа на квалитетот на семето се земаат од спакуваната партија на семе. (4) На органот за сертифицирање, треба да му се овозможи пристап до секоја единица на пакување во партијата семе. (5) Начинот на земање мостри и вршење на анализа на квалитет на семето, се врши според методите од Меѓународната организација за тестирање на семето (ISTA) или методите пропишани од министерот за зем јоделство, шумарство и водостопанство, согласно член 8 став 10 од Законот. Член 18 Конечна сертификација на семето Конечно официјално сертифицирање на семето се врши доколку се утврди дека семето во поглед на ква литет ги исполнува условите од прилог 1 и 2 од овој пра вилник за што се издава сертификат на образец бр. 5, даден во прилог 9 кој е составен дел од овој правилник. IV. ТРГОВИЈА СО СЕМЕ Член 19 Основни услови за трговија со семе Со основно семе, сертифицирано семе од сите кате гории и трговско семе, може да се тргува само со хомо гени партии и затворени пакувања, кои согласно член 21, 22, 23 и 24 од овој правилник имаат соодветен си стем на затворање и означување. Член 20 Мали пакувања Мали пакувања се пакувања на семе од маслодајни и влакнодајни растенија од категоријата на сертифицирано семе, сертифицирано семе од прва генерација, сертифици рано семе од втора генерација или трговско семе, намене ти за пазарот на територијата на Република Макединија, до најголема вкупна маса на пакување до 2 kg. Член 21 Официјални етикети, етикети на снабдувачот и OECD етикети (1) Семето со кое се тргува, се означува со офици јални етикети кои ги издава органот за сертификација за партијата семе кое ги исполнува условите од овој правилник. (2) Официјалните етикети се со: бела боја со виолетова дијагонална линија, за пре досновно семе; бела боја, за основно семе; сина боја, за сертифицирано семе или сертифици рано семе од прва генерација; црвена боја, за сертифицирано семе од втора гене рација; кафена боја, за трговско семе; сива боја, за не конечно сертифицирано семе, и портокалова боја, за семе на сорти кои се во по стапка за запишување во националната сортна листа. (3) Официјалните етикети се означени со сериски броеви. Најмали димензии на официјалната етикета е 110 mm х 67 mm. (4) По исклучок на одредбите од став 1 од овој член, малите пакувања на семето можат да се означат со етикета од снабдувачот. Бојата на етикетата од снаб дувачот за одделната категорија семе е иста како и бо јата на официјалната етикета од став 2 од овој член. Проверка на содржината и формата на етикетата се вр ши пред употребата. (5) За секоја партија семе се издава сертификат за офи цијална сертификација на семето, кој ги содржи најмалку податоците кои се наведени на официјалната етикета. (6) На посебно барање на снабдувачот и доколку се исполнети условите во согласност со OECD шемите за сертификација, се издава OECD етикета и OECD серти фикат за идентитетот и чистота на сортата. (7) Податоците кои треба да се отпечатени на ети кетите, се наведени во прилог 4 од овој правилник. Член 22 Пакување и затворање (1) Пакувањето на основното семе, сертифицирано то семе, сертифицираното семе од прва и втора генера ција и трговското семе, освен кај малите пакувања, се официјално оригинално затворени или оригинално за творени под официјален надзор, така што не можат да се отворат без да се оштети системот за затворање или да се оштети официјалната етикета или пакувањето. (2) Системот за затварање на пакувањата на семето од став 1 на овој член, освен кај малите пакувања, е со прицврстена официјална етикета или прицврстена офи цијална пломба за да гарантира оригиналност на затво рањето. Оригиналноста на затворањето е обезбедена и со употреба на поинаков систем на затворање кој не може повторно да се употреби. (3) Пакувањето, освен кај малите пакувања, не може повторно да се затвори, освен под официјален надзор. До колку пакувањата се повторно затворени, на официјална та етикета се запишува датумот на повторното затворање и органот кој го одобрил повторното затворање. (4) Малите пакувања се затвораат така што да не е возможно нивно отворање без оштетување на системот на затворање или оштетување на етикетата или пакувањето. (5) Етикетите односно сертификатите за официјал но сертифицирање на семето важат до крај на следната сеидбена сезона. (6) По изминување на рокот од став 5 на овој член, на барање на снабдувачот се врши повторна анализа за квалитет на семето, најмалку на ‘ртливоста, и семето доколку сеуште ги исполнува пропишаните услови, до полнително се означува со етикети согласно прилог 4 од овој правилник. Член 23 Затворање и означување под официјален надзор (1) По исклучок од член 22 став 1 од овој правил ник, на барање на снабдувачот, за тековната година мо же да му се одобри сам, оригинално да го затвори и оз начи пакувањето на семето со официјалните етикети, доколку снабдувачот обезбеди стручно оспособено ли це кое е непосредно одговорно за означување на семе то со официјални етикети. (2) Снабдувачите на кои им е одобрено затварање и означување согласно став 1 на овој член, им се обезбе дува официјален надзор кога семето оригинално ќе се затвара и означува со официјалните етикети, така што стручниот работник за сертифицирање непосредно ќе го надгледува официјалното означување на семето кај најмалку 5% од партиите семе. Член 24 Означување (1) Пакувањето на основното семе, сертифицирано то семе и трговското семе, освен малите пакувања, тре ба да е означено така да на надворешната страна има прицврстена официјална етикета која не била предход но употребена. Доколку се употребува етикета со вр вка, нејзиното прицврстување треба да е обезбедено со официјална пломба. (2) При пакување на семето може да се употребува ат официјални самолепливи етикети кои треба да се прицврстени така што нивното отстранување или заме на да не е можно без видливо оштетување на етикетата или пакувањето. 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 11 (3) По исклучок на став 1 од овој член, пропишани те податоци може да се печатат директно на пакувања та на семиња од маслодајните и влакнодајните расте нија од сите категории на основно семе и сертифицира но семе, кои не можат да се избришат. (4) Секое пакување треба да содржи етикета од снабдувачот со истата боја како што е официјалната етикета и на него треба да се наведени најмалку пода тоците од точка 2 алинеа 2, 3, 4, 5 и 7 од прилог 4 од овој правилник. Етикетата на снабдувачот треба да е изработена така да не може да се замени со официјал ната етикета. Етикета на снабдувачот не е потребна, доколку податоците се отпечатени на пакувањето и не можат да се избришат или е употребена самолеплива етикета, или етикета од материјал кој не се кине. (5) Со семињата од маслодајни и влакнодајни рас тенија кои не ги исполнуваат сите услови во поглед на квалитет согласно овој правилник или доколку сортата не е запишана во националната сортана листа може да се тргува, ако се означени на следниот начин: пакувањето на семе од маслодајни и влакнодајни растенија, кое не ги исполнува сите услови во поглед на квалитет од овој правилник, треба да е означено со етикета за соодветна категорија на семето; пакувањето на семе од маслодајни и влакнодајни растенија, на кои сортата не е запишана во национална та сортна листа треба да е означено со етикета со ка феава боја; пакувањата семе од алинеа 1 и 2 на овој став треба дополнително да се означи и да е наведен следниот текст: ”Семето не ги исполнува пропишаните услови за категорија”. (6) Малите пакувања, на надворешната страна треба да имаат етикета од снабдувачот на која се отпечатени или со втиснат жиг се наведени податоците од прилог 4 од овој правилник. Кај проѕирните пакувања етикета та може да е на внатрешна страна, под услов да е јасно видлива и читлива. (7) Малите ЕУ пакувања на етикетата од снабдувачот на која се отпечатени или со втиснат жиг се наведени про пишаните податоци, треба да имаат сериски број. Член 25 Трговија со семе за органско производство Семето за органско производство на маслодајните и влакнодајните растенија, освен условите од овој правилник треба да ги исполнува и условите од прописите за органско производство на маслодајни и влакнодајни растенија. Член 26 Евиденција на увезеното семе За увезените семиња од маслодајни и влакнодајни растенија со маса поголема од 2 кг, врз основа на копи ја од решението на фитосанитарниот инспекор за доз волен увоз на семето, се води евиденција, која ги содр жи најмалу следните податоци: вид; сорта; категорија; држава на производство на семето и орган за сер тифицирање; држава извозничка; узвозник, и количество на семе. Член 27 Постконтрола (1) За проверување на соодветноста на семето кое официјално се сертифицира односно кое се става во тр говија на територијата на Република Македонија сог ласно овој правилник, официјално се земаат мостри за постконтрола за одредување на идентитетот и чистота на сортата, како и за здравствената состојба. (2) Мостри се земаат од: сите партии на семето од категорија на сертифи цирано семе од првата генерација, доколку е наменето за производство на семе од втора генерација, од сите партии од предосновно семе и од основното семе, одреден дел на партии од категоријата на серти фицирано семе од првата генерација, доколку е наме нето за производство на сертифицирано семе од втора генерација и трговско семе. (3) Мострите се земаат од одреден дел на партиите семе кое е пуштено во трговија (4) Земање на мостри од семе се врши согласно ме тодите од член 17 став 5 од овој правилник. (5) Бројот на мострите од категоријата на сертифи цирано семе, сертифицирано семе од прва генерација од став 2 алинеа 2 на овој член и сертифицирано семе од втора генерација во постконтролата е од 5% до 20% од сите партии на семето. (6) Бројот на мострите на семето секоја година се прилагодува според резултатите од постконтролата на семињата од маслодајни и влакнодајни растенија од предходната година, и тоа: Број на мострите на семе то за постконтрола во предходната година, кое не ги исполнува условите од овој правилник Најмал број на проверки за постконтрола на семето во тековната година Помалку од 0,5% 5% 0,5% - 3,0% 10% Повеќе од 3,0 % 20% (7) По исклучок на став 6 на овој член, постконтро лата се врши за сите мостри од категоријата на серти фицирано семе, сертифицирано семе од прва генераци ја и сертифицирано семе од втора генерација, доколку семето е произведено во Република Македонија. (8) Со постконтролата се проверуваат својствата на сите мостри на семето од селекционерот кои можат да ја потврдат соодветноста со резултатите од пробите на различност, хомогеност и постојаност на сортата и морфолошкиот опис на сортата. Доколку резултатите во поглед на идентитетот и чистотата на сортата се не гативни, семето произведено од селекционерот не се сертифицира. (9) Постконтролата од став 8 на овој член се спро ведува согласно прописот за постконтрола на семе. V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 28 Престанување на важење на прописите Со денот на влегување во сила на овој правилник престануваат да важат одредбите кои се однесуваат на маслодајните и влакнодајните растенија од Правилни кот за начинот за вршење на стручна и здравствена кон трола над производството на земјоделско семе („Служ бен весник на СРМ” бр.13/76) и Правилникот за квали тет на семето на земјоделски растенија (“Службен лист на СФРЈ” бр.47/87, 60/87, 37/88, 55/88 и 81/89). Член 29 Влегување во сила на правилникот Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 08-3815/1 12 март 2007 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. Стр. 12 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 Прилог 1 УСЛОВИ ЗА СЕМЕНСКИ ПОСЕВИ НА МАСЛО ДАЈНИ И ВЛАКНОДАЈНИ РАСТЕНИЈА 1.0. Методи за вршење на стручна контрола за маслодајни и влакнодајни растенија Сончоглед Кај сончогледот се задолжителни најмалку три прегледа. Првиот преглед се врши кога растението развие 3-5 чифта лисја, заради утврдување на просторната изола ција и здравствената сосотојба. Вториот преглед се врши пред цветањето, за да се отстранат растенијата кои се гранат, стрчат и се со на садени глави. Третиот преглед се врши во почетокот на техничка та зрелост за проверување дали се отстранети растени јата кои се гранат, стрчат, имаат наседнати глави како и за утврдување сортната типичност на растенијата и на семето. Посевот на семе од сончоглед нема да се признае како семенски доколку: во посевот има повеќецветни растенија над 3%; сортната чистота е над дозволеното, согласно при лог 1 точка 1.2.; просторната изолација е под дозволеното, соглас но прилог 1 точка 1.1.; здравствената сосотојба на растенијата е над доз воленото, согласно прилог 2 точка 3 Соја Кај сојата се задолжителни два прегледа. Првиот преглед се врши во време на цветањето на растенијата, за да се утврди сортната чистота, заплеве носта и здравствена сосотојба на посевот. Вториот преглед се врши за време на зреење на рас тенијата, за да се провери сортната чистота и да се утврди здравствената сосотојба на посевот. Посевот на семе од соја нема да се признае како се менски ако: сортната чистота е над дозволеното, согласно при лог 1 точка 1.2.; просторната изолација е под дозволеното, соглас но прилог 1 точка 1.1.; здравствената сосотојба на растенијата е над доз воленото, согласно прилог 2 точка 3 Коноп Кај конопот задолжителни се најмалку два прегледа. Првиот преглед се врши пред цветањето на расте нијата, заради чистење на посевот од други сорти и не типични растенија, како и плевели. Вториот преглед се врши пред бербата, заради утврдување на сортната чистота, изедначеноста, виси ната и здравствената состојба на посевот. Посевот на семето од коноп нема да се признае ка ко семенски ако: растенијата се пониски од 150 cm сортната чистота е над дозволеното, согласно при лог 1 точка 1.2.; просторната изолација е под дозволеното, соглас но прилог 1 точка 1.1.; здравствената сосотојба на растенијата е над доз воленото, согласно прилог 2 точка 3 Памук Кај памукот задолжителни се два прегледа. Првиот преглед се врши во време на масовното цве тање на посевот за да се утврди сортната чистота, зап левеноста и здравствената остојба. Вториот преглед се врши во фаза на отварање на чушките, кога на секое растение се отворени 1-2 чушки и се утврдува сортната чистота и здравствената сосо тојба на посевот. Кај хибридните сорти памук задолжителни се три прегледа. Првиот преглед треба да се изврши пред цветањето, вториот на почетокот и третиот на крајот од цветањето. Пред прегледите задолжителни се две сортни пле вења. Првото плевење се врши на 5-6 дена пред цвета њето, а второто во почетокот на зреењето на првите чу шки. Со овие плевења се отстрануваат сите нетипични растенија за сорта која се прегледува. Посевот памук нема да се признае како семенски ако: сортната чистота е над дозволеното, согласно при лог 1 точка 1.2.; просторната изолација е под дозволеното, соглас но прилог 1 точка 1.1.; здравствената сосотојба на растенијата е над доз воленото, согласно прилог 2 точка 3; од семенскиот посев семе се зема само од првата и втората берба памук. Афион Кај афионот се задолжиотелни три прегледа. Првиот преглед се врши во фаза на розета кога има 6-8 чифта листа, заради утврдување присуството на пламеница. Вториот преглед се врши во фазата на цветање, за отстранување на растенијата од други сорти. Третиот преглед се врши во време на потполна зре лост на растенијата, за утврдување на сортната чистота и здравствената сосотојба. Посевот на афион за семе нема да се признае ако: сортната чистота е над дозволеното, согласно при лог 1 точка 1.2. просторната изолација е под дозволеното, соглас но прилог 1 точка 1.1. здравствената сосотојба на растенијата е над доз воленото, согласно прилог 2 точка 3. Маслодајна репка и сурепка Кај маслодајната репка и сурепката задолжителни се два прегледа. Првиот преглед се врши за време на цветањето, а вториот кога најмалку 60% од растенијата достигнат техничка зрелост. Кај хибридните сорти на маслодајна репка и масло дајна сурепка задолжителни се три прегледи. Првиот преглед треба да се изврши пред цветањето, вториот на почетокот и третиот на крајот од цветањето. Семенскиот посев од маслодајна репка и сурепка нема да се признае како семенски доколку: сортната чистота е над дозволеното, согласно при лог 1 точка 1.2.; просторната изолација е под дозволеното, соглас но прилог 1 точка 1.1.; здравствената сосотојба на растенијата е над доз воленото, согласно прилог 2 точка 3. Останати видови маслодајни и влакнодајни рас тенија Кај останатите едногодишни или повеќегодишни маслодајни и влакнодајни растенија наменети за произ водство на семе, задолжителни се толку прегледи со кои можат да се утврдат сортната чистота и здравстве ната сосотојба на посевот. Семенскиот посев нема да се признае како семен ски доколку: сортната чистота е над дозволеното, согласно при лог 1 точка 1.2.; просторната изолација е под дозволеното, соглас но прилог 1 точка 1.1.; здравствената сосотојба на растенијата е над доз воленото, согласно прилог 2 точка 3 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 13 Идентитетот и сортната чистота односно чистота та на видот на семенскиот посев кај маслодајните и влакнодајните растенија се утврдува со детален прег лед на мострите на контролната единица. Кај маслодајните и влакнодајните растенија за ос новна контролна единица се зема површина од 100 m2. Кај маслодајните и влакнодајните растенија за кон тролна единица се земаат: 100 - 200 растенија на рамномерни растојанија без од бирање, во правец на двете дијагонални линии на семенска та парцела ако семенскиот посев е на површина од 1 ha,; ако семенскиот посев е на површини преку: 1 до 2 ha, 200 - 300 растенија во мострата; 2 до 5 ha, 300 - 500 растенија во мострата; 5 до 10 ha, 500 - 600 растенија во мострата На секој нареден хектар се земаат по 50 растенија повеќе, односно бројот на растенија во контролната единица соодветно се зголемува. 1.1. Изолација во метри Посевот на маслодајни и влакнодајни растенија тре ба да ги задоволува минималните стандарди што се однесуваат на просторната одалеченост од соседните извори на полен што може да резултира со непосакува но туѓо опрашување. Бел, црн, кафеав синап, коноп,маслодавна реп ка, сурепка, шафраника, ким, памук: за основно семе 400 m за сертифицирано семе 200 m Маслодајна репка за основно семе од нехибридни сорти 200 m за основно семе од хибридни сорти 500 m за сертифицирано семе од нехибридни сорти 100 m за сертифицирано семе од хибридни сорти 300 m Еднодомен коноп за основно семе 5.000 m за сертифицирано семе 1.000 m Сончоглед за основно семе од хибридни сорти 1.500 m за основно семе од нехибридни сорти 750 m за сертифицирано семе 500 m Хибриден памук Gossypium hirsutum и / или Gossypium barbadense за основно семе од родителски линии на Gossypium hirsutum 600 m за основно семе од родителски линии на Gosypium barbadense 800 m за сертифицирано семе од внатревидови хибриди на Gossypium hirsutum 200 m за сертифицирано семе од внатревидови хибриди на Gossypium barbadense 600 m за сертифицирано семе од меѓувидови хибриди на Goss. hirsutum и Goss. barbadense 600 m Изолација на семенски посеви не е потребна кај самооплодните растенија. 1.2. Сортна чистота Растенијата од кавеав, црн и бел синап, коноп, сафлор, ким, памук, како и хибриди на памук, сончоглед и масло дајна репка, треба да ги исполнуваат следните услови: 1.2.1 Кафеав, црн, бел синап, коноп, сафлор, ким и памук: Бројот на растенијата кои очигледно не се каракте ристични за видот не треба да надминува: 3 растенија на 100 m2 за производство на основно семе 10 растенија на 100 m2 за производство на серти фицирано семе 1.2.2. Хибриди на сончоглед Бројот на растенијата кои очигледно не се каракте ристични за видот не треба да надминува: за основно семе - самооплодни линии 0,2% за основно семе - дволиниски хибрид - машки ро дител - праши полен 0,2% женски родител 0,5% за сертифицирано семе растенија со машка компонента, растенија со пра шење на полен до 2% или женски растенија кои можат да се опрашат 0,5% растенија со женска компонента 1,0% Други услови што треба да се исполнат при произ водство на хибриди сончоглед: a) да има доволно полен од растенијата од машката компонента додека растенијата од женската компонен та се во цвет; б) кај растенијата од женската компонента кои има ат толчници, процентот на растенијата од таа компо нента кои прашат полен, да не надминува 0,5%; в) за производство на основно семе, вкупниот про цент на растенија од женската компонента кои не се ка рактеристична за таа компонента, да не надминува 0,5%; г) други услови карактеристични за соодветниот хибрид. 1.2.3. Хибриди на маслодајна репка Во однос на сортната чистота семето од хибридите на маслодајната репка произведено со употреба на ма шка стерилност, треба да ги исполнува следните услови: a) семето да има доволен идентитет и чистота што се однесува до сортните карактеристики на компонен тите, вклучувајки ја и машката стерилност односно фертилност. б) сортната чистота на семето треба минимум да из несува за: основно семе, женска родителска компонента 99,0% основно семе, машка родителска компонента 99,9% сертифицирано семе 90,0% в) семето понатаму се сертифицира само доколку тоа е потврдено со постконтролата спроведена исто времено со производство на сертифицирано семе, каде основното семе ги задоволува пропишаните услови во врска со идентитетот и чистотата на сортата. Мострите од основното семе треба да бидат ставени на испитува ње со постконтролата, согласно пропишаните методи на испитување. Сортната чистота на основното семе од хибридите може да се испитува и со соодветни биохе миски методи (електрофореза). г) пропишаните услови за минималната сортна чи стота на сертифицирано семе наведени во точка (б) се проверуваат со постконтрола во пропишан сооднос на официјално земени мостри. 1.2.4. Хибриди на памук Во однос на сортната чистота на семето од хибри дите на памук кај основното семе од родителските па рови од Gossypium hirsutum и Gossypium barbadense сортната чистота кај женските и машките родителски парови (линии) треба да изнесува најмногу 99,8%, но не смее повеќе од 5% од женските цветови во тој мо мент да бидат оплодени со поленов прав од несакано туѓо опрашување. Степенот на машката стерилност кај женската родителска линија (кај семето) се оценува та ка што кај цветовите се оценува присутноста на стери лен полен, кој не смее да биде под 99,9%. Во однос на сортната чистота на семето од хибрид ните сорти памук кај сертифицираното семе од роди телските парови од Gossypium hirsutum и Gossypium barbadense сортната чистота кај женските и машките родителски парови (линии) треба да изнесува најмногу 99,5%, но не смее повеќе од 5% од женските цветови во тој момент да бидат оплодени со поленов прав од несакано туѓо опрашување. Степенот на машката сте рилност кај женската родителска линија (кај семето) се оценува така што кај цветовите се оценува присутноста на стерилен полен, кој не смее да биде под 99,7%. Стр. 14 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 15 Стр. 16 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 17 Стр. 18 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 19 Стр. 20 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 21 Стр. 22 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 23 Стр. 24 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007 16 март 2007 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 32 - Стр. 25 Стр. 26 - Бр. 32 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 март 2007

Regulation on trade in seed material from oil and fiber plants · Nelum