Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on trade in propagating material and seedlings of fruit plants intended for fruit production

Made 2011-06-16 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за трговија со материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија наменет за производство на овошје.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
fruits/edible nuts, certification, processing/handling, inspection, internal trade, seeds/planting material, procedural matters, registration, data collection/reporting, packaging/labelling, classification/declassification, plant production
Categories
agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Стр. 118 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 2068. Врз основа на член 6 став 2, член 8 став 11 и 12, член 15 став 2, член 16 став 3, член 17 став 3, член 18 став 5, член 27 став 3 и член 29 став 2 од Законот за се менски и саден материјал на земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија” бр. 39/06, 89/08, 171/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шу марство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ТРГОВИЈА СО МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУ ВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ОВОШНИ РА СТЕНИЈА НАМЕНЕТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОВОШЈЕ (∗) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Содржина Со овој правилник се пропишуваат: видовите и количините на материјал за размножу вање и саден материјал на производителите на мали количини наменети за лична употреба; начинот на пакувањето, препакувањето и етикети рањето, формата и содржината на етикетата, начинот и постапката за официјална сертификација на материја лот за размножување и саден материјал, како и услови те во поглед на сортната чистота и квалитетот на сад ниот материјал од одделни видови овошни растенија; видовите и категориите на материјал за размножу вање и саден материјал од овошни растенија, како и поблиските услови за ставање во трговија; поблиските услови на снабдувачот за производс тво и подготовка за трговија на материјал за размножу вање и саден материјал од овошни растенија; формата и содржината и начинот за водење на евиденцијата на производството на материјал за разм ножување и саден материјал од овошни растенија и поблиските услови за вршење на подготовката за трго вија; начинот и постапката за вршење на стручна кон трола, како и условите за производство што треба да ги исполнува материјалот за размножување и садниот ма теријал; начинот и постапката за производство на офици јално сертифициран материјал за размножување и са ден материјал од овошни видови како и роковите, фор мата и содржината на пријавата; одделните видови и катергории на материјалот за размножување и саден материјал од овошни растенија и поблиските услови за нивен увоз; количествата на саден материјал од видови овош ни растенија во оригинално пакување кои можат да се увезуваат за лична употреба. Член 2 Значење на поимите Поимите употребени во овој правилник, го имаат следното значење: 1. Материјал за размножување е семе, делови од растенија или цели растенија вклучително и садни под логи, наменети за размножување и производство на овошни растенија; (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 2008/90/ЕЗ на Советот на Европската Унија од 29 септември за пласирање на материјал за расадување на овошни растенија и овошни растенија наменети за производство на овошје, CELEX брoj 32008L0090 . 2. Саден материјал се цели растенија добиени со генеративно или вегетативно размножување, наменети за производство на овошје; 3. Сорта е група на растенија во рамките на најни ска ботаничка класификација, која се: определува со изразени карактеристики кои произлегуваат од одреден генотип или од комбинација од генотипови; разликува од кој било друга група на растенија, барем по една од изразените карактеристики и третира како целина до колку тие карактеристики во размножувањето се по стојани; 4. Снабдувач на материјал за размножување и са ден материјал на овошни растенија е секое домашно или странско, правно или физичко лице кое врши една или повеќе од следниве дејности: производство, паку вање, етикетирање, трговија и увоз или извоз на мате ријал за размножување и саден материјал од овошни растенија; 5. Трговија е понуда за продажба или продажба и дистрибуција на материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија на трето лице, односно секоја дистрибуција на материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија наменети за трго вија; 6. Надлежен орган е Управата за семе и саден ма теријал (во понатамошниот текст: Управата) во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водо стопанство; 7. Официјален орган за сертифицирање е правно лице на кое му е дадено јавно овластување за стручна контрола на поле и во лабораторија на материјалот за размножување и садниот материјал од овошни растенија; 8. Партија е број и количество на материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија од ист вид, сорта и категорија, која се препознава по потеклото, е со ист квалитет и е хомогена по состав. Член 3 Родови и видови на овошни растенија (1) Овошни растенија се растенија од наведените родови и видови, кои се наменети за производство на овошје, но не и за украсни потреби: Actinidia chinensis L. актинидија Aronia melanocarpa L. аронија Castanea sativa Mill. костен Citrus L. цитруси Corylus avellana L. лешник Cydonia oblonga Mill. дуња Diospyrus kaki L. F. Trumb јапонско јаболко Ficus carica L. смоква Fortunella Swingle вид цитрус Fragaria L. јагода Juglans regia L. орев Malus Mill. јаболко Mespilus germanica L. мушмула Olea europaea L. маслинка Pistacia vera L. фисташка Poncirus (L.) Raf. трилистен лимон Prunus amygdalus Batsch. бадем Prunus armeniaca L. кајсија Prunus avium L. цреша Prunus cerasus L. вишна Prunus domestica L. слива Prunus persica (L.) Batsch. праска, нектарина Prunus salicina Lind. јапонска слива Punica granatum L. калинка Pyrus L. круша Ribes L. рибизла,огрозд Rosa sp. L. шипка Rubus L. капина, малина Vaccinium L. боровинка Zyziphus jujuba Mill кинеска урма 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 119 (2) Одредбите на овој правилник се однесуваат и на подлоги и материјал за размножување кој припаѓа на други родови, видови или нивни хибриди, ако на нив е накалемен или се предвидува да биде накалемен мате ријал за размножување од видовите и родовите наведе ни во став 1 на овој член. Член 4 Категории на материјал за размножување и саден материјал Материјалот за размножување и садниот материјал може да биде во следните категории: 1. Предосновен (предбазичен) материјал е мате ријал за размножување: произведен согласно општо прифатените методи и шеми за одржување на автентичноста на сортата, вклу чувајќи ги релевантните помолошки карактеристики и согласно методите за спречување на ширење на штетни организми; наменет за производство на основен (базичен) ма теријал; кој ги исполнува условите за предосновен матери јал, утврдени за одделни овошни видови со овој пра вилник; за кој врз основа на официјална сертификација е потврдено дека ги задоволува условите од оваа точка. 2. Основен (базичен) материјал е материјал за размножување: кој е произведен на вегетативен начин од предос новниот материјал, директно или преку одреден број циклуси согласно општо прифатените методи и шеми со цел одржување на автентичноста на сортата, вклучу вајќи ги нејзините релевантни помолошки карактери стики, и произведен согласно методите за спречување на ширење на штетни организми; наменет за производство на сертифициран материјал, кој ги исполнува условите за основен материјал утвр дени за одделни овошни видови со овој правилник; кој врз основа на официјална сертификација е по тврдено дека ги задоволува условите од оваа точка. 3. Сертифициран материјал е: а) материјал за размножување: произведен директно на вегетативен начин од ос новен или предосновен материјал, или ако е наменет да се користи за производство на генеративни подлоги, со семе добиено од подлоги кои припаѓаат на категори јата основен материјал; наменет за производство на овошен саден матери јал; кој ги исполнува условите за сертифициран мате ријал, утврдени за одделни овошни видови со овој пра вилник; кој врз основа на официјална сертификација е по тврдено дека ги задоволува условите од оваа точка. б) саден материјал: произведен директно од сертифициран, основен или предосновен материјал за размножување; наменет за производство на овошје; кој ги исполнува условите за сертифициран саден материјал, утврдени за одделни овошни видови со овој правилник; кој врз основа на официјална сертификација ги за доволува условите од оваа точка. 4. САС (Conformitas Agraria Communitatis) или стандарден материјал е материјал за размножување и саден материјал кој: има сортна автентичност и адекватна сортна чи стота; наменет е за производство на материјал за размно жување, саден материјал и /или за производство на овошни плодови, кој ги исполнува условите за категорија САС ма теријал, согласно одредбите на овој правилник; Член 5 Производители на саден материјал за лична употреба За производителите на саден материјал за лична употреба кои произведуваат до вкупно 100 броја од си те дрвенести овошни видови наведени во табела 2 од Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, и до вкупно 300 броја од сите јагодести овошни видови на ведени во табела 3 од Прилог 1 на овој правилник, упис во регистерот на снабдувачи не е задолжителен согласно член 6 став 1 од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. II. УСЛОВИ ЗА СТАВАЊЕ ВО ТРГОВИЈА НА МАТЕРИЈАЛОТ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДНИОТ МАТЕРИЈАЛ Член 6 Општи услови за ставање во трговија (1) Материјалот за размножување и садниот мате ријал можат да се стават во трговија ако: a) Материјалот за размножување е официјално сер тифициран како категорија предосновен, основен, сер тифициран или САС (стандарден) материјал. б) Садниот материјал е официјално сертифициран како категорија сертифициран и/или САС (стандарден) саден материјал. (2) Со материјал за размножување и саден матери јал кој содржи генетски модифициран организам, се тр гува само ако е во согласност со Законот за генетски модифицирани организми (*1). (3) Кога производите добиени од овошни растенија се наменети за храна или се додадени во храната, со материјалот за размножување и садниот материјал се тргува само ако храната која произлегува од овој мате ријал е добиена во согласност со Законот за безбедност на храна (*²). (4) Покрај условите од став 1 од овој член, со соод ветни количини на материјал за размножување и саден материјал наменет за испитување или научни цели, се лекција и зачувување на генетската разновидност, мо же да се тргува на домашниот пазар, од страна на овла стени снабдувачи. Во тој случај материјалот за размно жување и садниот материјал треба да бидат јасно обе лежани и да ги исполнуваат условите согласно Законот за здравјето на растенијата (*³). Член 7 Посебни услови за ставање во трговија во поглед на сортната чистота на материјалот за размножување и садниот материјал (1) Посебните услови во поглед на сортната чистота на материјалот за размножување и садниот материјал се однесуваат на родовите, видовите и нивните хибри ди, како и на подлогите од член 3 на овој правилник, без оглед на применетиот начин на размножување, а имајќи го предвид производниот циклус на поодделни те овошни видови. (2) Материјалот за размножување и садниот мате ријал од сите категории кој се става во трговија треба да е сортно чист и соодветен на родот и видот на кој припаѓаат. (3) Материјалот за размножување и садниот мате ријал од сите категории се ставаат во трговија ако на сертификатот за конечно сертифициран материјал за рамножување и саден материјал е наведено името на сортата. Во случај кога материјалот за размножување е подлога, со него може да се тргува ако на сертификатот е наведен родот, видот или хибридот. Стр. 120 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 (4) Со материјалот за размножување и садниот ма теријал од сите категории може да се тргува доколку сортата е: правно заштитена согласно прописите за заштита на новите сорти, или општо позната (ако е официјално регистрирана во земја членка на Европска Унија или е предмет на бара ње и постапка за официјална регистрација); или официјално регистрирана во националната сортна листа или во листата на препорачани сорти за овошни растенија; или ако за сортата се води евиденција согласно При лог 2 кој е составен дел од овој правилник, во случај кога сортата не ги исполнува условите од алинеи 1, 2 и 3 од овој став. (5) Во случај кога сортата е општо позната и офи цијално регистрирана, со материјалот за размножување и садниот материјал може да се тргува ако на сертифи катот за конечно сертифициран материјал за рамножу вање и саден материјал е наведено официјалното име на сортата. (6) Во случај кога сортата е во постапка за офици јална регистрација, како име на сортата се користи предложеното име на сортата од селекционерот, до мо ментот на нејзино признавање и регистрирање. (7) За сортата од став 4 алинеја 4 од овој член, се користи името на сортата од евиденцијата која се води согласно Прилог 2 на овој правилник. Во тој случај, сортната чистота на материјалот за размножување и садниот материјал се одредува врз основа на описот на карактеристиките на сортите и степенот на изразеност нa одделните својства наведени во Прилог 2 на овој правилник. Член 8 Посебни услови за ставање во трговија во поглед на квалитетот на материјалот за размножување и садниот материјал (1) Посебните услови во поглед на квалитетот на материјалот за размножување и садниот материјал се однесуваат на родовите, видовите и нивните хибриди, како и на подлогите од член 3 на овој правилник, без оглед на применетиот начин на размножување, а имај ќи го предвид производниот циклус на поодделните овошни видови. (2) Материјалот за размножување и садниот мате ријал од сите категории може да се стави во трговија доколку има задоволителна вегетативна развиеност без знаци на оштетувања кои би можеле да влијаат на ква литетот и би ја намалиле неговата употребна вредност. (3) Посебните услови во поглед на квалитетот за најмалата вегетативна развиеност на материјалот за размножување и садниот материјал потребни за става ње во трговија, се дадени во Прилог 1 на овој правил ник. III. УСЛОВИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ Член 9 Општи услови (1) Материјалот за размножување и садниот мате ријал треба да потекнува од предосновни, основни и САС (стандардни) матични растенија, добиени соглас но постапките и методите за избор, добивање и одржу вање на матичните растенија, наведени во Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник. (2) Матичните растенија треба да припаѓаат на сор тата согласно член 7 ставови (2) и (4) од овој правил ник. (3) Материјал за размножување и саден материјал за категориите предосновен, основен и сертифициран материјал, се произведува за следните овошни видови: јаболко (Malus Mill), круша (Pyrus L.), дуња (Cydonia oblonga Mill); видовите од родот Prunus L.: цреша (Prunus avium L.), вишна (Prunus cerasus L.), праска и нектарина (Prunus persica (L.) Batsch.), слива (Prunus domestica L.), јапонска слива (Prunus salicina Lind.), кајсија (Prunus armeniaca L.) и бадем (Prunus amygdalus Batsch.); леска (Corylus avelana L.), јагода (Fragaria L.) Член 10 Начин на водење на евиденција на производството (1) Снабдувачот ги следи и евидентира следните критични точки во процесот на производство, кои ди ректно влијаат врз квалитетот на материјалот за разм ножување и садниот материјал: планот и начинот на производство; квалитетот на употребениот материјал за размно жување во производството; начинот на сеење на семето, односно садење и пресадување на материјалот за размножување; технологијата на одгледување на матичните расте нија и растилата во расадникот; начиниот и постапките за размножување на мате ријалот; хемиските средства со кои се третира материјалот за размножување и садниот материјал; хигиената; видот на амбалажа; начинот на пакување и етикетирање; складирањето, чувањето и транспортот. (2) Снабдувачот кој произведува материјал за разм ножување и саден материјал треба да води евиденција за официјално сертифицираните матичните растенија од сите категории, со податоци за: снабдувачот (адре са, регистарски број и датум на упис во регистарот); локацијата; скицата на локацијата со вцртани матични растенија; здравствениот статус; категоријата; видот на матични растенија; потеклото на употребениот матери јал за добивање на матичните растенија; годината и растојанието на садење; овошниот вид, сортата, подло гата, бројот на растенијата; годината на одбирање; бро јот и датумот на сертификатот за конечно сертифици рани матични растенија. (3) Евиденцијата за матичните растенија треба да биде заверена и потпишана од снабдувачот и од одго ворното лице на официјалниот орган за сертифицира ње. (4) Снабдувачот треба да води евиденција за произ ведениот материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 5 кој е составен дел на овој пра вилник. (5) Снабдувачот треба да води евиденција за упо требениот материјал за размножување и саден матери јал од овошни растенија на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник. (6) Снабдувачот треба да води евиденција за прода дениот материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 7 кој е составен дел на овој пра вилник. (7) Снабдувачот треба да води евиденција за наба вениот материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 8 кој е составен дел на овој пра вилник. 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 121 IV. УСЛОВИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ТРГОВИЈА СО МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ Член 11 Начин на пакување и етикетирање (1) Во текот на производството и трговијата, снаб дувачот треба да го пакува материјалот за размножува ње и садниот материјал одделно или во збирни количи ни (снопови) од иста партија. (2) Материјалот за размножување од сите категории се пакува во снопови по 50 или 100 броја во сноп. Се мето се пакува во соодветна амбалажа со нето тежина која ја одредува снабдувачот. (3) Розетите од јагода се пакуваат во амбалажа без врзување во снопови. (4) Снабдувучот може во текот на пакување, чува ње, транспорт или испорака, да го здружи материјалот за размножување и садниот материјал од различни пар тии, под услов да води евиденција за составот и потек лото на поединечните партии во збирното количество. (5) За пакување на материјалот за размножување и садниот материјал се употребува амбалажа од матери јали кои најсоодветно можат да го заштитат материја лот од оштетување при транспорт, манипулација и складирање. (6) Пакувањето на материјалот за размножување не би можело да се отвори без да има остатоци од оштету вање на пакувањето или на етикетите. (7) Материјалот за размножување од сите категории и розетите јагоди се етикетираат на збирните пакувања, додека садниот материјал се етикетира поединечно. Член 12 Форма и содржина на етикета (1) Етикетата од член 11 став (7) од овој правилник треба да е направена од претходно неупотребуван ма теријал и отпорен на влага. Содржината на етикетата треба да биде испечатена со небришлива и фотостабил на боја на македонски јазик. Димензијата на етикетата треба да изнесува 110 mm x 70 mm. (2) Во зависност од категоријата на материјалот за размножување и садниот материјал, етикетата треба да биде во: бела боја со дијагонална виолетова линија за ини цијален или предосновен материјал за размножување; бела боја за основен материјал за размножување; сина боја за категорија сертифициран материјал за размножување и саден материјал; портокалова боја за стандарден (САС) материјал за размножување и саден материјал. (3) Етикетата треба да ги содржи следните подато ци: Ознака за “ЕУ квалитет“, Држава на производство; Надлежен орган за сертифицирање; Регистерски број на снабдувачот; Име на снабдувачот, Датум на издавање на сертификатот на снабдува чот, Сериски број на етикетата, Број на партијата, Ботаничко име на видот, Име на сортата, а во случај на подлога име на под логата или нејзина ознака, Количина, Категорија; Вид на материјал за размножување и саден мате ријал, (4) По исклучок од став (3) на овој член, етикетата за предосновен, основен и сертифициран материјал за размножување и саден материјал не треба да ги содржи податоците од став (3) алинеи 4, 5 и 6 од овој член, а треба да содржи ознака за безвирусен материјал (б.в) или за вирус тестиран (в.т) материјал. V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ВРШЕЊЕ НА СТРУЧ НА КОНТРОЛА И ОФИЦИЈАЛНА СРТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ Член 13 Стручна контрола на матични растенија (1) Стручна контрола на матичните растенија се вр ши врз основа на пријава поднесена од снабдувачот кој произведува материјал за размножување и саден мате ријал, најдоцна до 30 април во тековната година. (2) Пријавата од став (1) на овој член се поднесува на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 9 кој е составен дел на овој правилник. (3) Врз основа на пријавата од став 1 на овој член, официјалниот орган за сертифицирање врши стручна контрола на матичните растенија која опфаќа преглед на записите и доказите на снабдувачот со кои се потвр дува дека се исполнети постапките и методите за из бор, добивање и одржување на матичните растенија од секоја категорија, наведени во Прилог 3 на овој пра вилник. (4) Стручната контрола опфаќа и утврдување на сортната чистота на избраните и на добиените матични растенија од секоја категорија. (5) Стручната контрола од став (4) се врши со визу елни помолошки или лабораториски молекуларни ме тоди и со проверка на документацијата на снабдувачот за потеклото на материјалот за добивање на матичните растенија. (6) Стручната контрола за утврдување на сортната чистота на предосновни матични растенија се врши во референтен колекциски насад одвоен од локацијата ка де што се одржуваат растенијата кандидати за предос новни матични растенија. Колекцискиот насад се доби ва на тој начин што секое избрано предосновно матич но растение вегетативно се размножува на најмалку три растенија, кои се следат и контролираат во текот на вегетацијата. (7) Стручната контрола за утврдување на сортната чистота на основните матични растенијата се врши нај малку еднаш и тоа што е можно порано во животниот век на растенијата. Контролата на помолошките особи ни на сортата се врши на тој начин што една година ќе се дозволи цветање и оплодување, или пак од секоја партија на основни матични растенија вегетативно ќе се размножат најмалку три растенија кои се следат во референтен колекциски насад, одвоен од локацијата ка де што се одржуваат матичните растенија. (8) Стручната контрола за утврдување на сортната чистота на избраните стандардни (САС) матични рас тенијата наменети за калем гранки, резници, коренови изданоци, избојци, семе и розети од јагоди, се врши еднаш и тоа кога растенијата стапуваат во период на плодоносење и даваат типични плодови за видот и сор тата. Сортната чистота на избраните стандардни (САС) матични растенијата наменети за производство на веге тативни подлоги се врши кога растенијата имаат ти пични вегетивни карактеристики за видот, родот или хибридот. (9) Официјалниот орган за сертифицирање изготву ва записник за извршена стручна контрола на матични растенија од овошни видови на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 10 кој е составен дел на овој правилник. (10) Врз основа на записникот од став 9 на овој член, официјалниот орган за сертифицирање издава Сертификат за извршена стручна контрола на матични растенија од овошни видови, на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 11 кој е составен дел на овој правилник. Стр. 122 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 Член 14 Официјална сертификација на матични растенија (1) Официјална сертификација на матичните расте нија врши Управата со издавање на сертификат за ко нечно сертифицирани матични растенија, на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 12 кој е соста вен дел на овој правилник. (2) Сертификатот од став (1) на овој член се издава врз основа на сертификатот од член (13) став (10) и до кумент за здравствена состојба на матичните растенија согласно Законот за здравјето на растенијата. (3) Врз основа на сертификатот од став (1) на овој член, се издава етикета за секое матично растение со жолта боја, направена од претходно неупотребуван ма теријал и отпорен на влага. Содржината на етикетата треба да биде испечатена со небришлива и фотостабил на боја на македонски јазик. Димензијата на етикетата треба да изнесува 110 mm x 70 mm. (4) Етикетата на матичното растение треба да ги со држи следните податоци: Надлежен орган за сертифицирање; Регистерски број на снабдувачот; Име на снабдувачот; Година на официјална сертификација, Сериски број на етикетата; Ботаничко име на видот (македонско и латинско име) Име на сортата, а во случај на подлога име на под логата или нејзина ознака, Вид на категорија матично растение (предоснов но, основно, САС (стандардно)). (5) Етикетите за секое матично растение се издава ат еднаш и се прицврстуваат на видливо место на ма тичните стебла. (6) Конечно сертифицираните матични растенија од сите категории може да се употребат за производство на материјал за размножување и саден материјал поч нувајќи од годината на нивното официјално сертифи цирање, за период од најмногу: 20 години за производство на калем гранки и веге тативни подлоги кај јаболко (Malus Mill.), круша (Pyrus L.), дуња (Cydonia oblonga Mill.) и мушмула (Mespilus germanica L.) и 30 години за матични расте нија за производство на семе; 15 години за производство на калем гранки и веге тативни подлоги и 30 години за матични растенија за производство на семе, кај видовите од родот Prunus L.; 25 години кај леска (Corylus avelana L.), маслинка (Olea europeae L.), орев (Juglans regia L.), јапонско ја болко (Diospyros kaki), фисташка (Pistacia vera L.), актинидија (Actinidia chinensis L.), шипка (Rosa rugosa L, Rosa canina L.), 30 години за костен (Castanea sativa L.), кинеска урма (Zyziphus jujuba), смоква (Ficus carica L.), калинка (Punica granatum L.) за семе од јапонско јаболко (Diospyros kaki),; 40 години за производство на семе, за видовите од родот Citrus L, Poncirus Raf. , Fortunella Swinfle ; 10 години за капина (Rubus L.), рибизла (Ribes L.), боровинка (Vaccinium L.), огрозд (Ribes grosularia L), аронија (Aronia melanocarpa L.), 5 години за малина (Rubus L.); 1 година кај јагода (Fragaria L.). Член 15 Стручна контрола на конечно сертифицирани ма тични растенија (1) Конечно сертифицираните матични растенија стручно се контролираат во периодот кога се употребу ват за производство на материјал за размножување и саден материјал наведен во член 14 став (6) од овој правилник. Стручната контрола опфаќа визуелна про верка за евентуално присуство на мутантни или други промени нетипични за сортата. (2) Официјалниот орган за сертифицирање ја врши стручната контрола од став (1) на овој член секоја го дина на предосновните и основните матични растенија, и секоја трета година на САС (стандардните) матични растенија. (3) Доколку при стручната контрола се утврдат не гативни промени на матичните растенија (мутација, оштетување, заболување и сл.), истите се одбележуваат со црвена мрсна боја, се отстрануваат од насадот и се бришат од евиденцијата за матични растенија. (4) Официјалниот орган за сертифицирање издава сертификат за извршената стручна контрола на матич ните растенија на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 11 на овој правилник. (5) Управата ја потврдува исправноста на конечно сер тифицираните матични растенија со издавање на Серти фикат за конечно сертифицирани матични растенија, на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 12 на овој правилник, и при тоа не издава етикети за нив, сог ласно член 14 став (3) од овој правилник. (6) Доколку при стручната контрола се утврди оштетување на етикетата од член 14 став (3) од овој правилник, Управата може да издаде нова етикета за матичното растение со исти податоци содржани на оштетената етикета. Потребата за издавање на нова етикета се потврдува со стручната контрола во серти фикатот. Член 16 Стручна контрола на производството и официјална сертификација на материјал за размножување и саден материјал (1) Стручна контрола над производството на мате ријал за размножување и саден материјал, се врши врз основа на пријава поднесена од снабдувачот, најдоцна до 30 април во тековната година. (2) Пријавата за стручна контрола над производс твото од став 1, се поднесува на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 13 кој е составен дел на овој правилник. (3) Официјалниот орган за сертифицирање врши најмалку две стручни контроли на производството во текот на вегетацијата. (4) Контролата се врши на растенијата за кои Упра вата има издадено Сертификат за конечно сертифици рани матични растенија, како и на садниот материјал добиен согласно постапките и методите наведени во точка 2 Прилог 3 од овој правилник. (5) При стручните контроли се утврдува бројот на матичните растенија кои се во производство, состојба та со нивната вегетативна развиеност и се врши про ценка на количината на материјал за размножување кој може да се добие од нив. (6) Со стручните контроли се утврдува сортна чи стота на садниот материјал врз основа на документаци јата на снабдувачот за потеклото на материјалот за размножување употребен за производство на садниот материјал. (7) Со стручната контрола се проверува дали мате ријалот за размножување и садниот материјал ги ис полнуваат условите во поглед на квалитетот за најма лата вегетативна развиеност согласно Прилог 1 на овој правилник. (8) Стручната контрола за квалитет на семето се вр ши според методите наведени во Прилог 4 кој е соста вен дел на овој правилник. (9) Стручните контроли се вршат во присуство на одговорно стручно лице на снабдувачот. (10) За секоја стручна контрола, официјалниот ор ган за сертифицирање составува Записник за извршена стручна контрола на производство на материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија, на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 14 кој е составен дел на овој правилник. Записникот се изготвува во два примерока, од кои едниот се доставу ва до снабдувачот. 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 123 (11) Официјалниот орган за сертифицирање го сер тифицира материјалот за размножување и садниот ма теријал како: основен материјал за размножување ако е добиен од уредно сертифицирани предосновни (предбазични) матични растенија; основен материјал за размножување од II генера ција ако е добиен од уредно сертифицирани основни (базични) матични растенија согласно постапката наве дена во точка (1.2) став (1) во Прилог 3 на овој правил ник; сертифициран материјал за размножување и саден материјал ако е добиен од уредно сертифицирани ос новни (базични) матични растенија и/или од основни матични растенија од II генерација, САС (стандарден) материјал за размножување и саден материјал, ако е добиен од уредно сертифицира ни САС матични растенија (12) Официјалниот орган за сертифицирање издава сертификат за извршена стручна контрола на произ водството на материјал за размножување и саден мате ријал од овошни растенија, на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 15 кој е составен дел на овој правилник. (13) Врз основа на сертификатот од став (12) на овој член и документ за здравствената состојба на ма теријалот за размножување и садниот материјал сог ласно Законот за здравјето на растенијата, Управата из дава сертификат за конечно сертифициран материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија на образец со формат А4 во бела боја даден во Прилог 16 кој е составен дел на овој правилник. Член 17 Стручна контрола на материјал за размножување и саден материјал произведен во други држави (1) Во постапка на стручна контрола и официјална сертификација согласно овој правилник, може да се стави материјал за размножување произведен во една од државите членки на Европска унија или во трета др жава на која и е призната истоветноста во производс твото, согласно Законот за семенски и саден материјал на земјоделските растенија, и доколку надлежниот ор ган за сертификација на таа држава, официјално го сер тифицирал материјалот за размножување и садниот ма теријал како предосновен, основен или сертифициран. (2) Стручна контрола над производството на мате ријал за размножување и саден материјал од став (1) од овој член се врши врз основа на пријава поднесена од снабдувачот, најдоцна до 30 април во тековната годи на. (3) Пријавата за стручна контрола од став (2) на овој член, се поднесува на образец со формат А4 во бе ла боја даден во Прилог 13 на овој правилник. VI. УСЛОВИ ЗА УВОЗ НА МАТЕРИЈАЛ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ Член 18 Услови за увоз на видови и категории на материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија Покрај исполнување на условите од член 26 и член 27 од Законот за семенски и саден материјал за земјо делски растенија, снабдувачот треба да достави изве штај за увезените количества на материјал за размно жување и саден материјал од родовите и видовите на ведени во член 3 од овој правилник и категориите на ведени во член 4 од овој правилник до Управата, нај доцна 30 дена од денот на увозот. Член 19 Увоз на саден материјал во оригинално пакување за лична употреба Саден материјал во оригинално пакување за лична употреба може да се увезува согласно член 29 од Зако нот за семенски и саден материјал за земјоделски рас тенија и тоа најмногу во количество до 30 броја од сите овошни видови или хибриди. VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 20 Преодни одредби Матичните растенија од категорија САС (стандард ни), одбрани и признати согласно Правилникот за по стапката за одбирање и признавање на матични расте нија и насади за производство на земјоделски саден ма теријал („Службен весник на СРМ“ бр. 13/76), не под лежат на официјална сертификација и етикетирање до 31 декември 2012 година. Член 21 Престанување на важноста на прописите Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за нормите на квали тетот, пакувањето, пломбирањето и декларирањето на садниот материјал на земјоделски растенија („Службен весник на СРМ“ бр. 45/75), Правилникот за утврдување на сортната чистота на земјоделскиот саден материјал („Службен весник на СРМ“ бр. 13/76) и Правилникот за постапката за одбирање и признавање на матични растенија и насади за производство на земјоделски са ден материјал („Службен весник на СРМ“ бр. 13/76). Член 22 Влегување во сила на правилникот Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија”. Бр. 18-140/3 16 јуни 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. (1) Законот за генетски модифицирани организми („Службен весник на Република Македонија” бр. 35/08) усогласен со Директивата 2001/18/ЕЗ на Сове тот на Европската Унија од 12 март за намерно ослобо дување на генетски модифицирани организми во жи вотната средина, CELEX брoj 32001L0018. (²) Законот за безбедност на храна („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10 и 53/11) усогласен со Регулативата 1829/2003 на Советот на Европската Унија од 22 септември за генетски модифицирана храна и храна за животни, CELEX брoj 32003R1829. (³) Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија” бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10 и 17/11) усогласен со Директивата 2000/29/ЕЗ на Советот на Европската Унија од 8 мај за воведување на заштитни мерки против штетните орга низми на растенијата или растителните производи и нивно ширење во Заедницата, CELEX брoj 32000L0029. Стр. 124 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 125 Стр. 126 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 127 Стр. 128 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 129 Стр. 130 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 131 Стр. 132 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 133 Стр. 134 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 135 Стр. 136 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 137 Стр. 138 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 139 Стр. 140 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 141 Стр. 142 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 143 Стр. 144 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 145 Стр. 146 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 147 Стр. 148 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 149 Стр. 150 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 151 Стр. 152 - Бр. 84 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 јуни 2011 24 јуни 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 84 - Стр. 153

Regulation on trade in propagating material and seedlings of fruit plants intended for fruit production · Nelum