Regulation on the system for identification and registration of animals for authorized breeders
Made 2013-01-21 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за овластените одгледувачи за системот за идентификација и регистрација на животните.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- marking/identification, data collection/reporting, animal production, slaughtering
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 18 од 1.2.2013 година 1 од 3 20130180659 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 25 став (7) од Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ОВЛАСТЕНИТЕ ОДГЛЕДУВАЧИ ЗА СИСТЕМОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите кои овластените одгледувачи треба да ги исполнат во поглед на соодветната опрема за спроведување на системот за идентификација и регистрација на животните, начинот на овластување на одгледувачите на животни, кланиците, собирните центри и добиточните пазари, содржината на програмата за обука на одгледувачи, начинот за спроведување на обуката која треба да ја поминат одгледувачите за да бидат овластени како и начинот на внесување на податоците и роковите за внес на податоците во Електронската база на податоци за животните на своето одгледувалиште. Член 2 (1) Овластените одгледувачи за спроведување на системот за идентификација и регистрација на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата) добиваат корисничко име и лозинка за пристап до Електронската база на податоци. (2) Овластените одгледувачи треба да се технички подготвени да се поврзат со Електронската база на податоци за што треба да поседуваат компјутер и стабилна интернет врска и треба редовно да ги ажурираат податоците во базата. (3) Овластените одгледувачи треба да имаат опрема за апликација соодветна на средствата за идентификација. Член 3 (1) За да бидат овластени, одгледувачите треба да достават барање за овластување. (2) Кон барањето од став (1) од овој член, одгледувачот доставува уверение за успешно завршена обука. (3) Агенцијата согласно член 25 став (4) од Законот за идентификација и регистрација на животните по утврдувањето на исполнетоста на условите им издава овластување за вршење активности за апликација на средства за идентификација и регистрација на животни и внесување на податоци во Електронска база на податоци исклучиво за животните од своето одгледувалиште. Член 4 За добивање на овластување за вршење активности за апликација на средства за идентификација и регстрација на животни и внесување на податоци во Електронска база на податоци, одгледувачите треба успешно да завршат обука според Програма за обука на одгледувачи чија содржина е дадена во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 18 од 1.2.2013 година 2 од 3 Член 5 (1) Обуката за овластување за вршење активности за апликација на средства за идентификација и регистрација на животни и внесување на податоци во Електронска база на податоци ја спроведуваат стручни лица од Агенцијата назначени со решение од страна на директорот на Агенцијата. (2) По завршување на обуката одгледувачите полагаат испит со кој се врши проценка на оспособеноста на кандидатот за вршење на активностите за кои се обучувал. Полагањето се врши пред стручните лица од став (1) на овој член. (3) Испитот се состои од теоретски и практичен дел. (4) Времетраењето за полагање на теоретскиот и практичниот дел од испитот изнесува 60 минути за секој дел поодделно. (5) Испитот се смета за положен доколку кандидатот освои најмалку 80% од максималниот број на утврдени бодови за секој дел од испитот поодделно. (6) Кандидатот се известува за резултатите од испитот најдоцна три дена од денот на полагањето на испитот. (7) Успехот на кандидатот се утврдува описно со оценката „положил" или „не положил", по што, доколку одгледувачот го положил испитот, му се издава уверение за положен испит. (8) Трошоците за спроведување на обуката и испитот согласно член 21 став (1) од Законот за идентификација и регистрација на животните се на товар на одгледувачите. Член 6 (1) Внесувањето на податоци и роковите за внес на податоци во Електронската база на податоци, овластените одгледувачи го вршат согласно Законот за идентификација и регистрација на животните. (2) Нарачката на средства за идентификација од овластени правни лица за ставање во промет на средства за идентификација овластениот одгледувач го врши преку Електронската база на податоци во рокови утврдени во Законот за идентификација и регистрација на животните. Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 02 – 338/2 Агенција за храна и ветеринарство 21 јануари 2013 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Прилог Програма за обука на одгледувачи Теми за теоретски дел 1) Закон за идентификација и регистрација на животните и подзаконски акти; 2) Права и обврски на одгледувачот согласно Законот за идентификација и регистрација на животните; 3) Делови на системот за идентификација и регистрација на животните; 4) Начин и рокови за спроведување на активности согласно системот за идентификација и регистрација на животните; 5) Средства за идентификација на животни (изглед, нарачка, апликација итн.); Службен весник на РМ, бр. 18 од 1.2.2013 година 3 од 3 6) Документација за спроведување на системот за идентификација и регистрација на животните (документи за движење, пасош за говеда итн.); 7) Електронска база на податоци; 8) Регистер на одгледувалиште; 9) Заштита на податоците; 10) Права и обврски на официјалниот ветеринар и 11) Прекршочни одредби од Законот за идентификација и регистрација на животните. Теми за практичен дел 1) Апликација на средства за идентификација; 2) Користење на електронска база на податоци; 3) Користење на документи за движење и 4) Користење на регистер на одгледувалиште.