Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the rules of good agricultural practice for the use of fertilizers

Made 2011-05 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за правилата за добра земјоделска пракса за употреба на ѓубрињата.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
fertilizers/nutrients, good practices, processing/handling, plant production, soil conservation/soil improvement, soil pollution/quality
Categories
agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен В. на Р.М. бр: 68/2011 од 19.05.2011 Влегува во сила на: 20.05.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за правилата за добра земјоделска пракса за употреба на ѓубрињата (*) МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 36 став 2 од Законот за ѓубриња ("Службен весник на Република Македонија" бр. 110/07, 20/09 и 17/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе. П Р А В И Л Н И К ЗА ПРАВИЛАТА ЗА ДОБРА ЗЕMЈОДЕЛСКА ПРАКСА ЗА УПОТРЕБА НА ЃУБРИЊАТА () Член 1 Со овој правилник се пропишуваат правилата за добра земјоделска пракса за употреба на ѓубриња. Член 2 Ѓубрињата се користат во согласност со потребите на растенијата за хранливи материи, а истовремено имајќи го во предвид: рамномерното внесување на хранливи материи (минерални и органски ѓубриња, арско ѓубре и преку наводнување) и хранливи материи (исцрпени хранливи материи, загуби на хранливи материи, денитрификација и сл.) врз основа на првична анализа на почвата и користените технолошки процесии во производството; очекуваното ниво на производство и квалитет на родот; количината на достапни хранливи материи во почвата и дополнителните количини на хранливи материи на располагање на растенијата pH вредност на почвата, количината на хумус во почвата, составот на почвата, зголемување на достапноста на хранливите материи, како и намалувањето на загубите на хранливите материи; во зависност од развојот и условите на културата, типот на почвата и климата. Член 3 (1) Ѓубрињата со висок процент на азот се применуваат во оптимални агротехнички услови со агротехнички помагала. (2) Вештачки ѓубриња не треба да се применуваат во подрачја кои биле поплавени. (3) Земјоделската механизација за примена на вештачки ѓубриња треба да ги исполнува техничките услови за да може да се обезбеди контрола и правилна примена на ѓубрињата. (4) Азотните ѓубриња не треба да се користат во водните резервоари и заштитните зони на извори на вода. Член 4 (1) Намалување на загубите на азот во почвата се врши со примена на следните операции: ѓубрењето да се спроведе на начин што овозможува најмалку испарување на азот и на одредена температура, влажност и сончева светлина; на почвени површини ѓубрето треба да се заоре во почвата; (*) Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива на Европскиот Парламент и Совет 2003 /2003 од 13 октомбри 2003 година која се однесува на вештачките ѓубриња со CELEX br. 32003R2003 ѓубрето треба да се расфрли рамномерно на површината на почвата и мешањето на ѓубрињата треба да биде што подобро. (2) Количината на применети ѓубриња, што се употребуваат како и начинот и времето на нивната примена, во текот на една календарска година треба да биде во следните гранични вредности на азот ; 210 kg. на азот на единица површина од еден хектар во почетниот период од четири години ; http://www.slvesnik.com.mk/Issues/0C67A96146866F4AB37A82AFE2148F75.pdf#page=64 170 kg. на азот на единица површина од еден хектар по истекот на почетниот период од четири години; (3) Количеството на азот во шталско ѓубре , кое се добива со одгледување на домашни животни се пресметува преку условно грло - УГ. Член 5 (1) Со цел да се намалат загубите на азот треба да се внимава на испарувањето на азот при што: 1. Ѓубрењето на земјоделско земјиште да се примени од 1 септември до 1 март; 2. Ѓубрињата треба да се дистрибуираат на одредена површина, без да се расфрлаат на почвата од 1 мај до 1 септември; 3. Арското ѓубриво може да се расфрли на сите земјоделски површини кои се ослободни од посеви; 4.Ѓубрењето со нитратни азотни ѓубриња и уреа (амониум нитрат) треба да се применува на земјоделски површини од 1 октомври во тековна година до 1 март во наредната година, во дозволени гранични вредности од член 4 на овој правилник. (2) Од жетвата до почетниот период на сеидбата не треба да се употребуваат минерални ѓубрива. Количината на азот во растресити почви не треба да надминува 40 kg. на ха, а во тешките -глинести почви 80 kg на ха. Член 6 Ѓубрињата не треба да се употребуваат : во подрачни водни резервоари и заштини зони на извори на вода и други водни резервоари, користени или наменети за јавно водоснабдување; на почвата заситена со вода; на почвата покриена со снег; на замрзната почва и на стрмни терени ; во производството на зеленчук, мали плодови и лековити растенија, во рок од 30 дена од денот пред зреењето и бербата; на мешавината со отпадна вода - осока или компост од отпадоци на растенија; на фарми каде што се пронајдени болести кои се отпорни на условите за чување на ѓубрињата во јами; на неземјоделското земјиште; на 25 метри далечина од бунари; на 20 метри оддалеченост од езерото; на 5 метри оддалеченост од други згради ; на косиот терен каде има проток на вода од површината и на косиот терен по должината на водените патишта, со наклон поголем од 10% на растојание од помалку од 10 метри од водотеци. Член 7 (1) Шталско ѓубре треба да се чува на уредени ѓубришта, површини за цврсто губре, јами за осока или други видови на садови-контејнери. Садовите треба да бидат непропусливи, да оневозможуваат излевање, испирање или истекување на ѓубрето и осоката во околината, да не ги загадува подземните и површинските води. (2) Поголемите садови (контејнери) треба да имаат капацитет за собирање на ѓубре за шестмесечен период. (3) За едно условно грло, за период од шест месеци треба да се обезбеди : за цврстиот дел од ѓубрето најмалку 4m 2 површина на садот(контејнерот) за складирано ѓубре во висина од 2m односно 8m 3 простор; и за цврстиот дел од ѓубрето ако висината на складираното ѓубре е под 2m, површината на садот (контејнерот ) треба да биде 2m 3. Член 8 Во случај на недостаток на површината за сместување на шталско ѓубре, сопствениците на ѓубре треба: да го сместат ѓубрето на соодветни површини; да го преработат ѓубрето во био-дизел, компост или супстрат или да го преработи ѓубрето на друг соодветен начини. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 17-290/6 Министер за земјоделство, мај 2011 година шумарство и водостопанство Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the rules of good agricultural practice for the use of fertilizers · Nelum