Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the rules for performing the work of the forest police

Made 2015-05-15 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за правилата за вршење на работите на шумската полиција.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Forestry
Keywords
forest management/forest conservation, forest service, inspection, procedural matters

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година 20151123416 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 82 став 4 од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 и 44/15) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за внатрешни работи донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПРАВИЛАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат правилата за вршење на работите на шумската полиција. Член 2 Шумската полиција при вршењето на работите и активностите кои ги превземаат од своја надлежност, остваруваат меѓусебна соработка, координација и заедничко дејствување со органите на државна управа Јавното Претпријатие Македонски шуми како и органите на единиците на локалната самоуправа. Член 3 Шумската полиција при извршувањето на своите работни задачи и обврски постапува согласно овластувањата утврдени во Законот за шумите со вршење на контрола во шума, на сите патишта, во населените места, во складовите и преработувачките капацитети заради откривање на бесправно исечени односно присвоени дрва како и бесправно присвојување на други шумски производи. Член 4 (1) При вршењето на работите, шумските полицајци треба да постапуваат согласно законските прописи, да бидат објективни, одлучни, одмерени, пристојни, да го чуваат својот углед и угледот на службата и свесно и пожртвувано да ги извршуваат своите службени задачи. (2) Шумските полицајци во остварувањето на контактите со граѓаните и правните лица, секогаш се легитимираат кога овластувањата ги вршат во цивилна облека, а по барање на граѓаните и правните лица кога своите работи ги вршат во униформа со пропишаниот симбол и ознака на Шумската полиција и чин освен кога со легитимирањето може да се загрози спроведувањето на преземената мерка. Член 5 (1) Шумските полицајци заради спроведување на своите надлежности и овластувања користат техничка опрема и возила. (2) Службените возила се опремени со светлосна и звучна сигнализација и видно истакнат симбол и ознаки на Шумската полиција. Симболот се поставува на средината на предната хауба на возилото, додека ознаките се поставуваат странично на вратите. (3) Цивилните возила се без видно истакнат симбол и ознаки, а се опремени со светлосна и звучна сигнализација. 1 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 6 При вршењето на службената должност припадникот на Шумската полиција со себе носи: блок записници; блок потврди за одземени предмети и средства; метро; калкулатор; скица на патролниот реон или карта; прибор за пишување; фотоапарат; лично и формациско вооружување (пиштол и автоматска пушка ) и заштитна опрема. Член 7 За време на извршувањето на своите работни задачи и обврски шумските полицајци ги пополнуваат следните обрасци: 1) записник кој го изготвуваат шумските полицајци при извршената контрола, при извршување на увидот на лице место и при констатирање на состојбата која ја затекнуваат на теренот; 2) службена белешка со која се образложува соодветен настан; 3) потврда за привремено одземени / предадени предмети која ја издаваат на прекршителите кога привремено ги одземаат предметите со кои е сторено делото и ги предаваат на чување на надлежните институции; 4) пријава за кривично дело односно прекршок која се изготвува врз основа на претходно подготвениот записник, врз основа на констатирана бесправно исечена дрвна маса и Правилникот за штети во шума; 5) барање за поведување на кривична постапка односно прекршочна постапка. II. ПРАВИЛА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПРИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И ПРЕКРШОЦИ Член 8 Шумските полицајци заради спречување на вршење на кривични дела и прекршоци ги превземаат следниве дејствија: 1. предупредување и наредување; 2. легитимирање и утврдување на идентитет на лица и предмети; 3. приведување; 4. запирање и преглед на лица и транспортни средства; 5. контрола на складови, и други простории каде се чува или преработува дрво и други шумски производи и на дворни места каде е видно дека е бесправно складирана дрвна маса; 6. привремено одземање на предмети и средства; 7. употреба на физичка сила и гумена палка, лисици ( средства за принуда); 8. употреба на огнено оружје; 9. обезбедување и преглед на местото на извршеното кривично дело или прекршок; 10. вршење на увид на обезбеденото место; 11. поставување на заседа; 12. поставување на блокада; 13. примање на пријави и информации и 14. поведување на постапка за поднесување на пријава за кривично дело или прекршок. 2 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 9 (1) Командир на Шумско полициската станица е задолжен за организирањето на работата во Шумско полициската станица со која раководи на начин со кој максимално ќе биде покриен теренот со стручните работници од категорија Б на кој гравитира станицата во активностите за спречување на бесправна сеча, транспорт, складирање и продажба на огревно дрво и други шумски производи и контрола на привремени и трајните складови. (2) Командирот подготвува наредба во која е назначен возачот, составот на патролата, релацијата и одредените активности што треба да бидат предземени од нивна страна. (3) Командирот назначува полициски службеник за дежурен шумски полицаец и заменик командирот кои се во непосредна комуникација и соработка со командирот, кој директно ја контролира и овозможува помош на стручните работници од категорија Б со совети за соодветни ситуации, врши контакт со соодветни служби за што поуспешно нивно работење, собира информации од граѓани и соодветни служби за активностите на терененот од страна на сторителите на бесправните сечи, транспорт, складирање и продажба на огревно дрво и други шумски производи. (4) Заменик командирот, наредбата заедно со патниот налог за возилото му ја предава на одговорниот стручен работник од категорија Б кој е назначен за водич на патролата. (5) Стручните работници од категорија Б ја сочинуваат патролата и своите активности ги спорведуваат со контролно патролно чување, при што еден од нив од страна на командирот е назначен за одогворен на патролата - водич на патролата. Член 10 (1)Дежурниот шумски полицаец врши испраќање и пречекување на шумско полициските службеници кои вршат патролна или мотопатролна чување на шумите. (2)При испраќањето во извршување на работните задачи, дежурниот шумски полицаец: на водичот на патролата му ја дава наредбата за релацијата и видот на активностите што патролата треба да ги изврши. во посебна книга на задолжувања го задолжува водичот на патролата со соодветни технички средства (двоглед, батерија, заштитни елеци, фотоапарат, стоп палка и др.), автоматско вооружување, муниција и други средства што ќе им помогнат на припадниците на патролата за изведување на активностите на начин со кој максимално ќе допринесат за највисоко ниво на нивна безбедност. за задачите по враќање на патролата се врши прием на претходно издадените средства , при што го проверува нивниот број и техничка исправност. приметените технички неисправности или недостасување на некои од задолжените средства , ги запишува во книгата за задачи и за истото го информираат надлежниот претпоставен во најкус рок. ги определува и разработува посебните задачи кои шумските полицајци треба да ги извршат и истите ги внесува во книгата за дневни настани и ја утврдува подготвеноста на шумските полицајци за извршување на задачите, така што проверува дали со себе ја носат службената легитимација, ја проверува исправноста на вооружувањето и опремата, материјално - техничките и заштитни средства за работа. (3) Шумските полицајци може да даваат конкретни предлози за извршување на работните задачи на непосредниот претпоставен работник во шумска полиција. (4)Водичот на патролата го информира дежурниот шумски полицаец а по добивањето на овие информации, дежурниот шумски полицаец го информира надлежниот претпоставен во што е можно покус рок. 3 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 11 (1) Шумскиот полицаец го предупредува лицето за кое ќе оцени дека со своето однесување може да предизвика штета врз шумата, му укажува на околностите кои како резултат на неговото однесување и дејствување може да предизвикаат штета и кривично дело односно прекршок. (2) Предупредувањето може да се упати и на лице вработено во правно лице и во државен орган. Член 12 (1) Предупредувањето треба да е кратко, јасно и по правило се врши усно а доколку тоа се однесува на правно лице и писмено. (2) За усно предупредување се изготвува службена белешка во која се внесуваат податоци за лицето на кое е упатено предупредувањето, времето и местото на предупредување и причините за предупредувањето и службената белешка се доставува до непосредниот раководен работник во Шумската полиција. (3) Писменото предупредување ги содржи истите податоци од ставот (2) од овој член. Член 13 (1) Шумските полицајци во извршувањето на своите работи издаваат усни наредби заради заштита на шумата, спречување на извршување на кривично дело односно прекршок за кое се гони по службена должност или прекршок, обезбедување предмети настанати од кривично дело односно прекршок и предмети што можат да послужат како доказ во кривична или прекршочна постапка. (2) Со наредбите од став (1) на овој член се наредува превземање на дејствија кои се однесуваат исклучиво на извршување на шумско полициските работи. (3) Доколку лицето на кого му е упатена наредбата истата не ја изврши, а таа не може да биде извршена на друг начин, шумските полицајци ќе применат соодветно средство за присилба во рамките на своите овластувања, заради нејзино извршување. Член 14 Наредбите се издаваат на јасен, недвосмислен и разбирлив начин, непосредно и усно, а по потреба и писмено со кусо образложение. Член 15 Легитимирањето шумските полицајци го вршат со покажување на службената легитимација и значка на граѓанинот или на раководителот на правното лице, на начин на кој граѓанинот или правното лице може да изврши увид во истата, а личното име и организационата единица на шумската полицијата во која работи ги соопштува усно, ако тоа го бараат граѓанинот или раководителот на правното лице. Член 16 (1) Проверка и утврдување на идентитет на лице претставува службено дејствие кое го преземаат шумските полицајци заради утврдување на идентитетот на едно лице кои го разликуваат од други лица, во случај кога постојат причини, услови или основи за нивно доведување во врска со сторено кривично дело односно прекршок. (2) Утврдување на идентитет на лице се врши во случај кога е потребно да се обезбедат негови лични податоци, заради поднесување на кривична пријава или барање за поведување на прекршочна постапка против него. 4 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година (3) Проверката и утврдувањето на идентитетот од став (1) на овој член, шумските полицајци ги вршат со легитимирање на лицата преку непосреден увид во неговата лична карта, патна исправа, возачка дозвола или друга јавна исправа издадена од државен орган, на која има негова фотографија и печат на органот кој ја издал, за што изготвува службена белешка. (4) Проверка на идентитет на лице кое кај себе нема јавна исправа од став (3) на овој член може да се изврши и врз основа на веродостоен исказ од лице чиј идентитет е познат и проверен од страна на шумскиот полицаец кој ја врши проверката. Член 17 (1) Со утврдување на идентитет на предмет се утврдуваат обележјата и својствата на предметот по кои тој се разликува од други истоветни предмети, во случај кога постојат причини, услови или основи за нивно доведување во врска со сторено кривично дело односно прекршок заради поднесување на кривична пријава или барање за поведување на прекршочна постапка против лицето кое го користело или употребувало предметот. (2) Утврдувањето на идентитетот на предметите со кои е извршено кривичното дело односно прекршокот и предметите кои настанале при извршување на таквото дело се врши така што се утврдува количеството на дрвото, видот на дрвото, класите на дрвото, сортиментот, количеството на другите шумски производи, видот на другите шумски производи, видот на предметот со кое е извршено делото (секира, рачна пила, моторна пила, превозно средство и др.) и краток опис. (3) За превозните средства се запишува марката и типот на возилото, бројот на шасијата, регистарскиот број и бројот на сообраќајната дозвола додека за моторната пила се запишува марката и серискиот број на моторната пила и бојата а за останатите се дава опис на предметот. Член 18 (1) Лишувањето од слобода на лицето од местото на настанот, припадниците на шумската полиција го вршат со доведување на истиот во најблиската полициска станица на Министерството за внатрешни работи со образложение за причините за лишувањето од слобода . (2) Шумските полицајци при предавањето на лицето теба да побараат документ за предадено лице од страна на полициската станица на Министерството за внатрешни работи. Член 19 (1) Шумскиот полицаец врши запирање, легитимирање, преглед на лице и превозни средства кога е тоа неопходно заради пронаоѓање на предмети употребени во вршење на кривични дела, односно прекршоци или предмети настанати со извршување на такви дела кога постојат основи на сомневање дека кај нив ќе се пронајдат предмети што можат да послужат како доказ во соодветна постапка. (2) При запирање на моторни и други возила со кои се превезува дрва, шумскиот полицаец ги презема сите неопходни дејствија за безбедно запирање и не загрозување на сообраќајот во време кое е потребно и неопходно за вршење на проверките. (3) Запирањето на моторни и други возила со кои се превезува дрва шумскиот полицаец по правило го врши со стоп палка или светлосна сигнализација. (4) Шумскиот полицаец врши преглед на моторни и други возила со визуелна проверка каде дрвото може да се сокрие како и пронаоѓање на предметите кои се употребени во вршење на кривичните дела односно прекршоци. 5 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година (5) Доколку при прегледот и контролата се констатираат кривични дела односно прекршоци шумскиот полицаец врши преглед на лице заради пронаоѓање на предмети со кои може да се самоповреди, да ги повреди шумските полицајци или другите лица и истите привремено ги одзема. Член 20 (1) Пред отпочнувањето на вршењето на преглед на превозно средство, шумскиот полицаец го повикува лицето кое го управува превозното средство да овозможи преглед на одделни негови делови, заради откривање на бесправно исечени дрва и бесправно присвоени други шумски производи или предмети со кои се сторени кривични дела односно прекршоци, при што лицето кое го управува превозното средство присуствува на прегледот, а патниците од превозното средство кое се прегледува може да бидат оддалечени од превозното средство. (2) При извршувањето на преглед на превозно средство, шумскиот полицаец ги прегледува сите места каде постои можност да се пронајдат предмети со кои е извршено казнивото дело како и предметите настанати од таквото дело. Член 21 (1) За секој извршен преглед на лице или превозно средство, шумскиот полицаец изготвува записник доколку се констатираат кривични дела односно прекршоци, кој го потпишува лицето на кое е извршен прегледот, односно лицето кое управува со превозното средство, присутните сведоци, како и шумскиот полицаец кој раководел со прегледот издава потврда за привремено одземени предмети. (2) Во случај кога записникот нема да го потпишат субјектите од став (1) на овој член, шумскиот полицаец наведува дека лицето одбива да се потпише. (3) Во случај на преглед на превозно средство каде не е констатирано кривично дело односно прекршок, контролата се заведува во наредбата за патролна дејност. Член 22 (1) Шумските полицајци вршат редовна контрола на сите складови кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти заради утврдување на потеклото на дрвото во присуство на одговорното лице на складот. (2) За констатираната состојба се изготвува записник. (3) Ако се утврдат неправилности кои не се во надлежност на Шумската полиција се известуваат надлежните институции. Член 23 (1) Шумските полицајци вршат редовна контрола на сите преработувачки капацитети за дрво и дрвни сортименти заради утврдување на потеклото на дрвото во присуство на одговорното лице на преработувачкиот капацитет. (2) За констатираната состојба се изготвува записник. (3) Ако се утврдат неправилности кои не се во наша надлежност се известуваат надлежните институции. Член 24 (1) Шумските полицајци можат да влезат во туѓ двор и други простории каде дрвото се чува, кога визуелно се гледа дека се чува дрво и постојат основи на сомнение дека е снабдено по нелегален пат. (2) Влегувањето во туѓ двор и други простории каде дрвото се чува се врши во присуство и согласност на сопственикот односно корисникот на дворот односно просторијата. 6 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 25 (1) Влегувањето на шумските полицајци во местата каде се чува, преработува и складира дрвото се врши во патрола од шумски полицајци. (2) Времето на задржување трае онолку колку што е потребно да се утврди фактичката состојба. (3) По извршениот преглед патролата составува записник. (4) Во случај спречување на вршење на овластувањата на шумските полицајци од страна на физички и правни лица кои се подлежни на контрола на шумската полиција , настанот го констатираат записнички и поднесуваат пријава за оневозможување на шумските полицајци да ги извршат своите овластувања. II.6 Привремено одземање на предмети и средства Член 26 Шумските полицајци при вршење на своите овластувања имаат право привремено да одземат предмети и средства што настанале или се присвоени со извршување на кривични дела односно прекршоци, како и предметите и средствата со кои е извршено таквото дело и тоа: дрвни сортименти и други шумски производи, секири, моторни пили и друг алат за сеча и дотур, превозни - преносни средства по постапка и начин утврдени со закон и за одземените предмети и средства шумските полицајци издаваат на лицето од кого се одземени потврда за привремено одземените средства. Член 27 (1) При вршењето на службената должност, шумските полицајци во определени случаи можат да употребат физичка сила , гумена палка и огнено оружје. (2) По предупредувањето, физичка сила и гумена палка се употребуваат во случаи кога лицето затечено при вршење на кривично дело односно прекршок пружи отпор, се обиде да го напушти местото на прекршокот или кривичното дело, кога не ја почитува наредбата на шумскиот полицаец доброволно да го предаде предметот, односно средството со кое е направено делото (секира, рачна или моторна пила, превозно или преносно средство). (3) Физичка сила, гумена палка и огнено оружје се употребуваат согласно Уредбата за употреба на средства на присилба и огнено оружје. Член 28 Шумскиот полицаец при обезбедување на местото каде е извршено кривично дело односно прекршок ги превзема следните дејствија: ќе го задржи сторителот, ако го затекне на местото на настанот или ако е фатен од други лица; ќе преземе мерки и активности за неодложно укажување помош на евентуално повредени лица; ќе ја извести за случајот дежурната служба во шумско полициската станица и ќе побара на местото на настанот да излезе, правосудна полиција при МВР, заради заедничко дејствување и документирање на настанот; привремено ќе ја ограничи слободата на движење на присутните и ќе го обезбедува местото; ќе издаде потребни предупредувања и наредби; ќе ги прегледа лицата, предметите и превозните средства; ќе го провери и утврди идентитетот на затекнатите лица и предмети; 7 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година привремено ќе ги одземе предметите кои може да послужат како доказ во соодветна постапка; ќе ги заштити трагите и предметите од значење за разјаснување на настанот и ќе забрани снимање на местото на настанот. Член 29 (1) Шумскиот полицаец кој го обезбедува и прегледува местото на настанот, по пристигнување на правосудната полиција, на службеник кој е овластен да изврши увид и преземање на понатамошни мерки и активности им дава усно известување за затекнатата состојба и за другите факти утврдени на местото на настанот, за преземените мерки и активности или за настанатите промени на местото на настанот. (2) По извршеното обезбедување и преглед, шумскиот полицаец кој го обезбедувал местото на настанот изготвува записник кој покрај податоците од усното известување од став (1) на овој член, содржи и податоци за: местото кое е обезбедувано, причините поради кои се извршени овие дејствија, времето за известување и пристигнување на местото на настанот, како и за затечените лица на местото на настанот и го опишува казнивото дело и истиот подоцна го предава на непосредниот раководител на шумската полиција. Член 30 Место на настанот на кое се врши увид претставува местото каде е сторено кривичното дело, местото каде што се случиле последиците од стореното кривично дело односно прекршок, како и секое друго место на кое можат да се најдат траги кои можат да помогнат во расветлувањето на кривичното дело. Член 31 Доколку на местото на настанот е извршено мерење, снимање, скицирање, фотографирање, тие се приложуваат како составен дел на записникот за извршениот увид. Член 32 (1) Заседа претставува планирана оперативна-тактичка мерка која се организира и спроведува со поставување на шумскиот полицаец на места каде се очекува извршување на кривични дела односно прекршоци, со цел, спречување на извршување на кривични дела односно прекршоци, односно фаќање на лицата кои вршат кривични дела односно прекршоци. (2) По исклучок од став (1) на овој член, заседа може да се постави за време на вршење на патролно или мотопатролно чување на шумите, при што веднаш се известува непосредниот раководен работник во Шумската полиција. Член 33 (1) Приоѓање до местото на заседата се врши во време и на начин тоа да биде незабележливо и за цело време додека е поставена заседата истата треба да остане неоткриена. (2) Доколку лицата по кои се трага не се појават повлекувањето на заседата се врши на незабележлив начин. Член 34 (1) Кога во заседата учествуваат двајца или повеќе шумски полицајци од страна на командирот на шумско полициската станица се определува шумски полицаец кој ќе раководи со извршувањето на заседата. 8 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година (2) Шумскиот полицаец од став (1) на овој член ги запознава другите шумски полицајци кои учествуваат во заседата со нивните конкретни задачи и за начинот на кој истите треба да бидат извршени. Член 35 (1) Со оперативно-тактичката мерка блокада се врши планско затворање по време и место на сите пристапи на определен простор или објект и има за цел да се оневозможи напуштањето на затекнатите лица во тој простор или објект или да се оневозможи влегување на други лица во блокираниот простор или објект. (2)Блокада се врши врз основа на проверени известувања, заради спречување на извршување на кривични дела, откривање и фаќање на сторители на кривични дела односно прекршоци, пронаоѓање и обезбедување на предмети и траги од кривични дела односно прекршоци, како и безбедно завршување на блокадата доколку се приведуваат лица затечени во вршење на кривични дела односно прекршоци. (3) Блокадата се прекинува кога престануваат причините за нејзино преземање. Член 36 (1) Шумските полицајци примаат во усна или писмена форма кривични пријави за кривични дела односно прекршоци за кои се гони по службена должност и пријави за прекршоци. Усно изјавените пријави шумскиот полицаец може да ги прими во просториите на шумската полицијата или надвор од нив. (2) Шумскиот полицаец веднаш по приемот на пријавата од став (1) на овој член, составува записник кога пријавата е примена во службените простории. (3) Записникот од став (2) на овој член содржи: време и место на прием, назив на единицата на шумската полиција во која е примена пријавата, име и презиме на шумскиот полицаец кој ја примил пријавата; лични податоци за подносителот на пријавата; констатација дека подносителот на пријавата е предупреден за последиците од лажно пријавување; опис на настанот; исказ на лицето кое ја поднело пријавата, за неговото основано сомневање дека лицето против кого е поднесена пријавата е сторител на кривично дело односно прекршок, или дека истото е соучесник во негово извршување, за фактите на кои го заснова основаното сомневање, личниот опис, личните и други податоци за лицето, како и податоци за местото каде лицето може да се пронајде и каде може да се пронајдат предметите од кривично дело односно прекршок, а податоци за доказите со кои се потврдува веродостојноста на изјавата на подносителот на пријавата, односно ако станува збор за материјални докази се наведуваат предметите, трагите или другите материјални докази, а ако тоа се искази на сведоци се наведуваат нивните лични податоци; констатација дали подносителот на пријавата е оштетен или не; количина на украдените дрва како и приближна вредност на сторената штета и изјава со која подносителот на пријавата кој е оштетен со стореното кривично дело односно прекршок се поучува за неговото право за поведување на постапка за остварување на имотно-правно барање. (4) По составувањето на записникот, шумскиот полицаец ќе му го прочита истиот на подносителот на пријавата и дополнително ќе ги внесе неговите забелешки во однос на истиот, како и констатацијата дека записникот е прочитан пред неговото потпишување. (5) Записникот го потпишуваат шумско полицискиот службеник и подносителот на пријавата. 9 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година (6) Кога пријавата е примена надвор од службените простории, шумско полицискиот службеник изготвува службена белешка за примена пријава за сторено казниво дело. Член 37 (1) Кога шумскиот полицаец од поднесените пријави од член 38 став (1) на овој правилник или на друг начин дознае за постоење на основи на сомневање дека сторител на кривичното дело/прекршок е малолетно лице превзема итни и неодложни мерки и бара во понатамошното постапување да се вклучи полициски службеник за малолетничка деликвенција при Министерство за внатрешни работи. (2) Шумскиот полицаец кој ја примил пријавата на записник, на барање на нејзиниот подносител издава потврда за нејзино примање. (3) Шумскиот полицаец , по проверката на примената пријава и по констатирање на кривично дело односно прекршок, го известува дежурниот на шумската полиција и составува записник кој подоцна го предава на командирот на шумската полиција. Член 38 (1) Шумските полицајци примаат пријави за кривични дела односно прекршоци за кои се гони по службена должност, поднесени од оштетен, сведок или друг граѓанин. (2) Во случај кога е неопходно без одлагање да се преземат одредени мерки и дејствија (да се излезе на местото на настанот, да се обезбеди местото на настанот, да се приберат докази, да се сочуваат трагите од кривично дело односно прекршок, предметите врз основа на кои или со помош на кои е сторено дело) кривична односно прекршочна пријава ќе се достави на јавното обвинителство непосредно по преземањето на тие мерки и дејствија. Член 39 (1) За примена дојава за кривични дела односно прекршоци се смета секое известување примено писмено или усно, со цел да се укаже на постоење на сторен кривични дела односно прекршоци. (2) Ако дојавата за пријава на кривично дело односно прекршок се поднесува усно, подносителот се предупредува за последиците од лажно пријавување согласно закон. (3) Во пријавата за кривично дело односно прекршок, не се внесува содржината на изјавите што одделни граѓани ги дале при собирање на известувања. (4) Ако од примената дојава за кривични дела односно прекршоци и од собраните известувањата во врска со настанот се оцени дека не постојат основи за сомневање дека е извршено кривично дело односно прекршок, шумскиот полицаец ќе превземе мерки за разјаснување на фактичката состојба, при што води сметка да не им наштети на угледот и честа на лицето на кое се однесуваат собраните известувања. Член 40 (1) Во случај кога по поднесената пријава за кривични дела односно прекршоци од член 41 на овој правилник, врз основа на собраните известувања и другите преземени мерки и дејствија за нивно потврдување и документирање, се утврди дека постојат основи на сомневање дека е извршено кривично дело односно прекршок за кое се гони по службена должност, шумскиот полицаец поднесува пријава за кривично дело односно прекршок против познат, односно непознат сторител која се доставува до надлежниот јавен обвинител. (2) Кон пријавата за кривични дела односно прекршоци од став (1) на овој член се доставуваат и предмети, фотографии, прибавени извештаи, списи за преземените мерки и дејствија, службени белешки и други материјали кои можат да бидат корисни за успешно водење на постапката, како и податоци за местото каде што се чуваат одземените средства и предмети ако не се доставени (депонирани, на вештачење во полицијата и слично). 10 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 41 Пријавата за кривични дела односно прекршоци содржи битни податоци и докази за стореното кривично дело односно прекршок, неговиот сторител, преземените мерки и дејствија и мерки и дејствија што ќе бидат преземени. Член 42 Во пријавта за кривични дела односно прекршоци која се поднесува против познат сторител, се внесуваат податоци за: називот на шумската полиција која ја поднесува пријавта за кривични дела односно прекршоци со назначен број од деловодник; личното име на лицето против кое се поднесува пријавта за кривични дела односно прекршоци, негов прекар, име и презиме на неговите родители, датум и место на раѓање, живеалиште или престојувалиште, број на лична карта или патна исправа, единствен матичен број; занимање, вработување, вид на образование, националност и државјанство; што се случило, каде, кога и како е извршено кривичното дело односно прекршок, зошто, со што, како и за објект на кривичното дело; факти врз основа на кои е заклучено дека постојат основи на сомневање дека е извршено кривично дело односно прекршок; преземените дејствија на местото и надвор од местото на настанот, согласно Законот за прекршоците и Законот за кривичната постапка и овој правилник и прилозите кои се доставуваат заедно со пријавта за кривични дела односно прекршоци од член 40 став (2) на овој правилник. Член 43 Во пријавта за кривични дела односно прекршоци која се поднесува против непознат сторител, покрај податоците од член 42 алинеа 1, 3, 4, 5 и 6 на овој правилник се внесуваат и податоци за: правната квалификација на делото за кое се поднесува пријавта за кривични дела односно прекршоци и личното име на оштетениот, КО, КП број, датум и место на раѓање и живеалиште или престојувалиште; име на правното лице ако оштетеното лице е правно лице и ако се работи за дело во уредена шума се наведува шумскостопанска единица, оддел, пододдел и место викано. Член 44 Пријавите за кривични дела односно прекршоци од членовите 42 и 43 на овој правилник се потпишуваат од страна на раководниот работник во шумска полиција. II. ПРАВИЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШУМСКО ПОЛИЦИСКИТЕ СТАНИЦИ Член 45 (1) Заради пронаоѓање на сторители на кривични дела односно прекршоци, шумските полицајци собираат потребни информации од граѓани и претставници на државни органи и правни лица. (2) Шумскиот полицаец за секоја добиена информација изготвува службена белешка, која ја доставува до непосредниот раководен работник во Шумската полиција. 11 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 46 (1) Заради собирање потребни известувања неопходни за извршување на шумско полициските работи може да бидат повикани граѓани во просториите на шумско полициските станици. (2) Повикувањето од став 1 на овој член, раководните работници на Шумската полиција го вршат со писмена покана. (3) Малолетни лица се повикуваат со доставување на писмена покана до нивните родители или старатели. (4) Во писмената покана, покрај податоците, има и печат од шумската полиција во која се повикува граѓанинот и потпис на раководниот работник на Шумската полиција кој го врши повикувањето. (5) Во исклучителни и итни ситуации раководниот работник на Шумската полиција може да повика лице и усно. Член 47 (1) Писмената покана се доставува преку редовна пошта или непосредно од шумски полицаец, во време од 08 до 18 часот. (2) Шумскиот полицаец ја доставува писмената покана со нејзино непосредно врачување на лицето на адресата на неговото живеалиште или престојувалиште. (3) Шумскиот полицаец пред врачување на писмената покана го проверува идентитетот на лицето на кое му ја врачува поканата. (4) Шумскиот полицаец при врачување на поканата на адресата на живеење, ќе му се обрати на лицето на јазик разбирлив за него, ќе му ја врачи поканата пред вратата од домот и ќе побара од него да ја потпише потврдата за прием на поканата. (5) Ако повиканото лице не знае да пишува или од субјективни причини не може да го свати значењето на поканата или очигледно одбегнува да ја прими поканата, шумскиот полицаец за тоа изготвува службена белешка која ја доставува до непосредниот раководен работник на Шумската полиција. III. ПРОНАОЃАЊЕ НА ЛИЦА И ПРЕДМЕТИ Член 48 (1) Пронаоѓањето на лица и предмети претствува спроведување на мерки што ги презема шумската полиција за пронаоѓање и фаќање на лице за кое постојат основи на сомневање дека е сторител на кривично дело односно прекршок, за лице кое може да даде известување за сторено кривично дело односно прекршок или за пронаоѓање на предмети во врска со извршено кривично дело односно прекршок. (2) Шумскиот полицаец по приемот на пријавата или записникот за пријавување на настанат случај од став (1) на овој член, ги евидентира сите информации и податоци во врска со тој случај. (3) Шумскиот полицаец веднаш по приемот на пријавата или записникот од став 2 на овој член презема потребни дејствија и активности со цел пронаоѓање на лицето или предметот по кои се трага како и утврдување на локацијата на која се наоѓаат. (4) За преземените дејствија и активности од став (3) на овој член шумскиот полицаец изготвува службена белешка која заедно со пријавата и записникот ги приложува до непосредниот раководен работник на Шумската полиција. (5) За преземените мерки од став (3) на овој член, како и за постигнатите резултати, шумскиот полицаец го известува подносителот на пријавата во рок од 30 дена од денот на приемот на писмото. 12 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Патролно и мотопатролно чување на шумите Член 49 (1) Патролното и мотопатролното чување на шумите претставуваат непосредно превентивно дејствување на шумските полицајци се врши во униформа, а во зависност од безбедносната состојба и мерките кои треба да се преземат и во цивилна облека. (2) Шумските полицајци со своето непосредно присуство и преземање на дејствијата од став (1) на овој член го чуваат шумскиот фонд на подрачјето на кое истите ги вршат, го заштитуваат истиот, спречуваат извршување на казниви дела и загрозување на шумите од бесправни сечи, шумски пожари, отварање на шумски патишта, узурпација на шуми и шумско земјиште и ги известуваат надлежните органи а против извршителите на кривични дела односно прекршоци покренуваат соодветна постапка. Член 50 Патролното и мотопатролното чување на шумите се врши во шуми, урбани и рурални средини и на сите сообраќајници. Член 51 (1) Подрачјето на кое се врши патролното и мотопатролното чување на шумите се дели на патролни терени, кои можат да бидат постојани или повремени. (2) Постојаниот терен се определува на подрачје на кое поради поизразени бесправни сечи е неопходно постојано присуство на шумските полицајци за превентивно или репресивно дејствување. (3) Повремениот терен се определува на подрачје кое ги нема карактеристиките наведени во став (2) на овој член. (4) Патролното и мотопатролното чување на шумите на определен терен може да се врши постојано или повремено, во определено време од денот или определени денови во зависност од загрозеноста на теренот од извршителите на казниви дела. (5) Патролното и мотопатролното чување на шумите се врши од најмалку двајца шумски полицајци а по потреба и повеќе. (6) Патролното и мотопатролното чување на шумите се врши со службено возило, пешки или комбинирано. (7) Во случаите на постапување согласно член 8 од овој правилник патролното и мотопатролното чување на шумите може да се врши и со цивилни возила во цивилна облека, во службени возила со службена униформа или комбинирано. Член 52 Кога во патролното и мотопатролното чување на шумите се вклучени повеќе шумски полицајци, за организирање и насочување на активностите кои ги извршуваат на подрачјето непосредно е ангажиран еден водич, во координирањето на оперативното работење и непосредно учествува во извршување на следните работи: планирање на адекватно превентивно покривање на теренот; непосредно укажува стручна помош заради поквалитетно извршување на работните задачи и соработка и координирано постапување со дежурните шумски полицајци во шумско полициската станица. Член 53 Патролното и мотопатролното чување на шумите се врши во смени во турнус непрекинато 24 часа, по претходно изготвен месечен распоред, а шумските полицајци се известуваат за промените на распоредот најмалку 24 часа пред започнување на неговата смена. 13 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 54 Патролното и мотопатролното чување на шумите се врши врз основа на писмена наредба во која се содржани конкретни задачи, издадена од страна на командирот и заменик командирот на шумскополициската станица. Член 55 (1) Шумските полицајци кои вршат патролното и мотопатролното чување на шумите не го напуштаат теренот, односно терените на кои ја вршат дејноста пред да биде извршена нивна смена, освен во случај на природни непогоди и други несреќи, нивна повреда или заболување, како и заради извршување на вонредни работни задачи како што се: фаќање на сторител на кривично дело или прекршок или негово приведување, како и обезбедување на траги и предмети кои може да послужат како доказ во соодветна постапка и давање помош на барање од непосредните шумско полициски станици, на барање од полициските службеници при Министерство за внатрешни работи или дежурниот шумски полицаец во шумско полициската станица. (2) Во случаите од став (1) на овој член шумските полицајци го известува дежурниот шумскиот полицаец во шумско полициската станица. Член 56 Во случаите на постапување согласно член 9 на овој правилник, шумските полицајци одржуваат телефонски, односно радио врски со дежурниот шумски полицаец во шумско полициската станица. Член 57 (1) По извршување на патролното и мотопатролното чување на шумите, водичот на патролата врши раздолжување на претходно задолжените средства кај дежурниот полицаец и ја пополнува наредбата која ја предава директно на командирот или ја остава на претходно договорен начин или место на кое има пристап само командирот, која истата подоцна ја процесуира на администраторот за да ја внесе во книгата за дневни настани и изготвува поднесоци со соодветни прилози (записници, пријави и др.). (2) Наредбата од став (1) на овој член се поднесува веднаш, по завршување на дејноста а другите поднесоци може да се изготват и достават најдоцна 24 часа по извршување на дејноста. Член 58 Физички отпор може оправдано да се очекува во случаите кога при првиот обид за извршување е наидено на отпор или кога постојат сериозни закани за загрозување на сигурноста на шумските полицајци кои го спроведуваат извршувањето или кога шумските полицајци знаат за лицето врз кое се вршат службените дејствија дека е конфликтна личност т.е. дека е склоно кон напад врз шумските полицајци. Член 59 (1) За бараната и извршената асистенција одговорниот шумскиот полицаец составува службена белешка кој содржи податоци за: називот на организационата единица која ја дава асистенцијата; име и презиме на шумските полицајци кои учествуваат во асистенцијата, образложение за оправданоста на бараната асистенција, местото за каде барал асистенција и времето кога ја барал асистенцијата. (2) Изготвената службена белешка согласно став (1) од овој член го доставува до командирот на шумско полициската станица. 14 од 15 Службен весник на РМ, бр. 112 од 3.07.2015 година Член 60 Шумскиот полицаец треба да ги запознае основните орографски, сообраќајни, демографски и други карактеристики на подрачјето што го контролира како и шумата според намената, видот на одгледувањето, видот на дрвјата, староста, шумите по сопственост, шумите загрозени од пожар, шумите издвоени за семе, шумските патишта и други објекти во шумата, изложеност на шумите на шумски кражби, шумите во кои се планирани сечи, постојани и привремени складови на дрво и друго. Член 61 (1) Во шумскo полициската станица се издава налог за возилото и наредба во која е назначен водичот и членовите на патролата, релација на движење, работните задачи и обврски. (2) По завршување на смената, водичот на задната страна од налогот пишува известување за сработеното и настаните во текот на смената. Член 62 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за правилата за вршење на работите на шумската полиција (“Службен весник на Република Македонија “ бр. 50/98). Член 63 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 09-13050/3 15 мај 2015 година Скопје Министер Министер за земјоделство, за внатрешни работи, шумарство и водостопанство, м-р Митко Чавков, с.р. м-р Михаил Цветков, с.р. 15 од 15

Regulation on the rules for performing the work of the forest police · Nelum