Regulation on the procedures for the production of organic food
Made 2010-11-26 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за постапките за производство на органски преработена храна.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- ecological production/organic production, processing/handling, certification
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на член 39, став (3) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКИ ПРЕРАБОТЕНА ХРАНА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат постапките за производство на органски преработена храна. Член 2 Органски преработената храна треба да е произведена со употреба на постапки за преработка кои го гарантираат органскиот интегритет и виталните квалитети на производот во сите фази на производниот синџир. Член 3 Производството на органски преработена храна треба да се одвива со: а) почитување на правилата на добра производна пракса; б) преземање на мерки на претпазливост за да се избегне ризикот од загадување од недозволени супстанции и производи; в) спроведување на погодни мерки за чистење со следење на нивната делотворност и водење евиденција за превземените активности; г) гаранција дека неорганските производи нема да бидат ставени во промет со било какви ознаки дека се произведени согласно органскиот начин на производство и д) употреба на неорганските земјоделски состојки само доколку се наведени во Листата на состојки кои не биле произведени според принципите на органското земјоделство. Член 4 Кога производи од редовното производство се подготвуваат или складираат на истата производна единица со производи од органско земјоделско производство покрај постапките од член 3 на овој правилник треба: а) работите со производите од органско земјоделско производство да се изведуваат без прекин дури потполно не се заврши една серија, просторно или временски одвоена од слични работи изведени со производите од редовното производство; б) складирањето на производите од органско земјоделско производство да се врши пред или после завршувањето на работите, просторно или временски одвоени од производите од редовното производство; (*) Сп пвпј правилник се врши успгласуваое сп Регулативата на Кпмисијата (ЕЗ) бр.889/2008 пд 5 септември 2008 гпд. сп кпја се утврдуваат правилата за спрпведуваое на Регулативата на Спветпт (ЕЗ) бр. 834/2007 за прганскп прпизвпдствп и етикетираое на прганските прпизвпдивп пднпс на прганскптп прпизвпдствп, етикетираое и кпнтрпла, CELEX бр. 32008R0889. в) да се известува контролното/сертификациско тело за спроведените постапки од точка а) и б) на овој член и да се води евиденција за сите изведени работи и преработени количества; г) да се преземаат неопходните постапки за да се осигура препознавање на секоја пратка и да се избегне мешање или разменување со производите од редовното производство и д) да се изведуваат работите врз органските производи само после соодветно чистење на производната опрема. Член 5 Органски преработената храна може да биде произведена и со употреба на состојки кои не биле произведени според принципите на органското земјоделско производство кои не се наоѓаат на Листата на состојки кои не биле произведени според принципите на органското земјоделство, доколку таквите состојки не се произведуваат во доволни количества во Република Македонија ниту пак може да се увезат, доколку контролното/сертификациско тело издало одобрение за нивна употреба. Член 6 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за преработка во органското производство („Службен весник на Република Македонија“, бр. 60/06). Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје