Regulation on the procedure of registration of legal entities that import and/or re-export, the form and content of the records on import and/or re-export
Made 2008-05-13 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот и постапката на регистрација на правни лица кои вршат увоз и/или повторен извоз и формата и содржината на евиденцијата за увоз и/или повторен извоз.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- internal trade, international trade, registration, data collection/reporting, legal proceedings/administrative proceedings
- Categories
- *
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 1 од 4 20080671200 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 76 став (6) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УВОЗ И/ИЛИ ПОВТОРЕН ИЗВОЗ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА УВОЗ И/ИЛИ ПОВТОРЕН ИЗВОЗ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката на регистрација на правни лица кои вршат увоз и/или повторен извоз (во понатамошен текст : оператори со храна), формата и содржината на евиденцијата на увоз и/или повторен извоз. Член 2 (1) Правните лица кои вршат увоз и/или повторен извоз заради отпочнување на активностите поврзани со увоз и/или повторне извоз поднесуваат барање за нивна регистрација до Управата за ветеринарство. (2) При поднесување на барање за регистрација правните лица кои вршат увоз и/или повторен извоз, треба да ги приложат следните документи : Документ потврда од регистрирана дејност од надлежен орган со предмет на дејност. Документ Одобрение од Управата за ветеринарство за регистрација или одобрување на објектот во однос на производство преработка и/или складирање на живи животни, храна од животинско потекло и добиточна храна или други производи за исхрана на животните. Опис на објектот со шема на сите рабони простории со технички опис на опремата. Опис на постапката на работење со сите помошни фази. Проценети дневни, годишни и максимални капацитети за производство, преработка и складирање. Опис на процедура за одржување на хигиена и контрола на штетници. Опис на процедурата на системот на внатрешна контрола. (3) Барањето за регистрација и отпочнување со работа на објектите и операторите со храна, е дадено во Прилог бр. 1 кој е составен дел од овој правилник. Член 3 (1) За секоја промена на условите во поглед на активностите, просториите или престанок на работа на објектите и операторите со храна, операторите со храна треба да поднесат пријава до Министерството за земјоделство, шумарство и водопстопанство Управа за ветеринарство. (2) Пријавата за промена на активности, простории или престанок на работа на операторите со храна и објектите, е дадена во Прилог бр. 2 кој е составен дел од овој правилник. Член 4 (1) Операторот со храна се бриши од регистерот во следните случаи: 1) на барање на сопственикот, односно корисникот на објектот; Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 2 од 4 2) поради престанок на вршење на дејност за време подолго од 6 месеци; 3) поради престанок на исполнување на пропишаните услови. (2) Во случај од став 1 точка 2) и 3) од овој член, бришењето од регистерот се врши врз основа на предлог на државниот ветеринарен инспектор во прилог на што се поднесува и записникот од државниот ветеринарен инспектор во кој е утврдена фактичката состојба на објектот. Член 5 (1) Правните лица кои вршат увоз и/или повторен извоз водат евиденција за пратките точно наведувајќи ги следните податоци: 1)местото на потекло, податоците за предходниот сопственик и датумот на испраќање; 2)местото на испорака, податоци за купувачот и датумот на испорака. 3)видот и бројот на животни или категоријата и количината на производи и 4)податоците за придружниот документ за животни и производи. (2) Евиденцијата се води во форма на книга на евиденциски листови. (3) Евиденциските листови го содржат следниот текст: назив на правното лице; адреса на седиштето на фирмата; матичен број на фирмата и даночен број на правното лице; адреса на објектот; местото на потекло, податоците за предходниот сопственик и датумот на испраќање; местото на испорака, податоци за купувачот и датумот на испорака; видот и бројот на животни или категоријата и количината на производи и податоците за придружниот документ за животни и производи (4) Евиденцијата и документите кои ја придружуваат пратката од став (1) на овој член треба да се чуваат најмалку три години. Роковите почнуваат да течат за евиденцијата, на крајот од календарската година кога е направен последниот влез, а за документите кои ја придружуваат пратката, на крајот од календарската година кога животните или производите се примени. Член 9 (1) Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 11-6864/1 13 мај 2008 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 3 од 4 Службен весник на РМ, бр. 67 од 30.05.2008 година 4 од 4