Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the procedure for registration of facilities and operators in animal feed sector and the form, content and manner of keeping the registers of facilities and operators

Made 2011-04-29 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за постапката за регистрација на објекти и оператори со храна за животни и формата и содржината и начинот на водење на регистрите за објекти и оператори со храна за животни.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Livestock
Keywords
animal feed/feedstuffs, registration, data collection/reporting, legal proceedings/administrative proceedings

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 1 од 8 20110962322 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 26 став (24) од Законот за безбедност на храна за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ И ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТРИТЕ ЗА ОБЈЕКТИ И ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 1 Со овој правилник се пропишува постапката за регистрација на објекти и оператори со храна за животни и формата и содржината и начинот на водење на регистрите за објекти и оператори со храна за животни. Член 2 (1) Операторите со храна за животни, барањето за регистрација го поднесуваат до организационите единици на Агенцијата за храна и ветеринарство на образец во А4 формат. (2) Формата и содржината на образецот на барањето за регистрација на објекти и оператори со храна за животни е дадена во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник. Член 3 При постапката за регистрација на објектите и операторите со храна за животни потребно е во прилог на образецот на барањето за регистрација да се достават и следниве документи: 1) фотокопија од решение за упис во Централен Регистер на Република Македонија; (само за правни лица); 2) доказ за право на користење на објектот; 3) доказ за уплатени административни такси и трошоци, и 4) изјава потпишана од овластено лице, која е составен дел на барањето, дека се исполнети условите за вршење на активноста/дејноста утврдени со прописите од областа на безбедноста на храна за животни. Член 4 По извршената регистрација во организационите единици на Агенцијата за храна и ветеринарство, официјалните ветеринари, спроведуваат официјални контроли во објектите, вршат увид и ги споредуваат податоците од поднесеното барање за регистрацијата и прпратната документација со фактичката состојба на објектите и операторите со храна за животни. Член 5 (1) Регистрите на објектите и операторите со храна за животни се водат во електронска форма во папка со назив: Регистри на објекти и оператори со храна за животни, на евиденциски листови кои се нумерирани. (2) Евиденцискиот лист од став (1) на овој член содржи: 1) број на идентификација; Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 2 од 8 2) назив на операторот со храна за животни, подносителот на барањето; 3) адреса на седиштето на операторот со храна за животни; 4) матичен број на операторот со храна за животни и даночен број на правното лице; 5) овластено лице за застапување на операторот со храна за животни (име и презиме, ЕМБГ, адреса); 6) податоци за одговорното лице (Име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, e-mail); 7) активност која ќе се врши (код, опис на активноста); 8) адреса на објектот; 9) вид на производниот објект; 10) големина и капацитет на објектот, и 11) датум на упис во Регистарот. (3) Формата и содржината на Регистрите на објекти и оператори со храна за животни е дадена во Прилог 2 кој е составен дел од овој правилник. Член 6 (1) На операторите со храна за животни по извршен упис во Регистрите на објекти и оператори со храна за животни, им се издава извод. (2) Изводот од став (1) на овој член го издава лицето што го извршило регистрирањето или официјалниот ветеринар кој го извршил регистрирањето во организационите единица на Агенцијата за храна и ветеринарство. (3) Формата и содржината на Изводот од Регистарот на објекти и оператори со храна за животни е дадена во Прилог 4 кој е составен дел од овој правилник. Член 7 (1) Во Регистрите на објекти и оператори со храна за животни се регистрира и секоја промена на условите за вршење на активностите, измена на активностите, просториите или престанокот на работа на операторите со храна за животни и објектите врз основа на поднесена пријава од оператори со храна за животни до организационите единици на Агенцијата за храна и ветеринарство. (2) Пријавата за промена на условите за вршење на активностите, измени на активностите, просториите или престанок на работа на објект или оператор со храна за животни се поднесува на образец во А4 формат. (3) Формата и содржината на образецот за пријавата за промена на условите за вршење на активностите, измени на активностите, просториите или престанок на работа на објект и оператор со храна за животни е дадена во Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник. (4) Во случај на вршење на нова дејност или промена на операторот со храна за животни во веќе регистриран објект, регистрирањето се врши по поднесено барање за регистрација согласно член 2 од овој правилник. Член 8 Од Регистрите на објекти и оператори со храна за животни се бришат објектот и операторот со храна за животни: 1) на барање на операторот со храна за животни; 2) поради престанок на вршење на дејност за време подолго од 6 месеци; 3) поради престанок на исполнување на условите утврдени со прописите за безбедност на храна за животнитe. Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 3 од 8 Член 9 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11-1551/1 29 април 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 4 од 8 Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 5 од 8 Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 6 од 8 Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 7 од 8 Службен весник на РМ, бр. 96 од 18.7.2011 година 8 од 8

Regulation on the procedure for registration of facilities and operators in animal feed sector and the form, content and manner of keeping the registers of facilities and operators · Nelum