Regulation on the procedure for implementing exceptions for removing by-products of animal origin
Made 2013-12-06 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот и постапката за спроведување на исклучоците во однос на отстранување на нуспроизводите од животинско потекло.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- residues, procedural matters
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 30 од 10.02.2014 година 1 од 3 20140300967 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 20 став (2) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ОТСТРАНУВАЊЕ НА НУСПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО(*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот и постапката за спроведување на исклучоците во однос на отстранувањето на нуспроизводите од животинско потекло. Член 2 За отстранување на нуспроизводите од животинско потекло Агенцијата за храна и ветеринарство може да одобри примена на следното: 1) закопување на мртви домашни миленици и коњи; 2) палење или закопување на лице место или на друг начин под официјална контрола за да се спречат ризици по здравјето на луѓето и животните во поодалечните области и во области каде пристапот практично е невозможен или каде пристапот е можен но би наметнал ризик врз здравјето и безбедноста на персоналот кој го врши собирањето заради климатски и географски причини или како резултат на природни катастрофи или пристапот бара употреба на несразмерни средства за собирање, на следниве Категории на нуспроизводи од животинско потекло: (а) Категорија 1 материјали: диви животни, кога се под сомнеж дека се инфицирани со болест која е пренослива на луѓе или на животни и цели тела или делови од мртви животни кои содржат посебен ризичен материјал во времето на отстранување; (б) Категорија 2 материјали и (в) Категорија 3 материјали; 3) запалување или закопување на лице место на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати во случај на појава на болест, освен за животни под сомнеж дека се инфицирани со ТСЕ или во кои присуството на ТСЕ е службено потврдено, под услови кои спречуваат ризици по здравјето на луѓето и животните и доколку транспортот до најблискиот одобрен објект за обработка или отстранување на нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати би ја зголемиле опасноста од зголемување на ризикот по здравјето на луѓето и животните или во случај на надминување на капацитетите на објектите за обработка или отстранување при појава на широко распространета епизоотска болест; () Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 142/2011 од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нуспроизводи од животинско потекло и нивни деривати кои не се наменети за исхрана на луѓето и спроведување на Директивата 97/78/EЗ на Советот во однос на одредени примероци и предмети кои се ослободени од контрола на ветеринарно инспекциско место на граничен премин според истата Директива, број 32011R0142. Службен весник на РМ, бр. 30 од 10.02.2014 година 2 од 3 4) на начин различен од палење или закопување на самото место, под надзор на официјален ветеринар, во случајот на Категорија 2 и Категорија 3 материјали, кои не наметнуваат ризик по здравјето на луѓето и животните, кога износите на материјалите не надминуваат определен износ, определен во согласност со член 4 од овој правилник и 5) на пчели и нуспроизводи од апикултура, со запалување или закопување на лице место, доколку се спречи пренесувањето на ризиците по здравјето на луѓето и животните. Член 3 (1) Доколку Агенцијата за храна и ветеринарство одобри отстранување на нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати на лице место, согласно член 2 точки 1), 2) и 3) од овој правилник, отстранувањето треба да се изврши: 1) со горење или со затрупување во просториите од коишто потекнуваат нуспроизводите од животинско потекло; 2) во депонии овластени согласно прописите од областа на заштитата на животната средина, или 3) со горење или со закопување на лице место, заради намалување на ризикот за јавното здравје и здравјето на животните и заштита на животната средина, доколку местото на горење или закопување се наоѓа на растојание кое овозможува Агенцијата за храна и ветеринарство да управува со ризикот. (2) Отстранувањето на нуспроизводите од животинско потекло, наведени во членот 2 точки 2) и 3) од овој правилник, треба да се изврши на начин со кој се гарантира дека се целосно отстранети, односно: 1) дека горење на нуспроизводите од животинско потекло на клада ќе доведе до нивно потполно согорување до пепел; 2) нема да доведе загрозување на јавното здравје; 3) се применуваат методи или процеси кои нема да ја загрозат животната средина и нема да бидат ризични за водата, воздухот, почвата, растенијата или животните и 4) со кои се гарантира дека целата пепел ќе се отстрани во овластена депонија со закопување согласно прописите од областа за заштита на животната средина. (3) Отстранувањето на нуспроизводите од животинско потекло од член 2 точки 1), 2) и 3) од овој правилник треба да се изврши на начин со кој се гарантира дека тие се отстранети: 1) на начин кој ги прави недостапни за животните и 2) без користење на методи, процеси или бучава и мириси коишто можат да ја загрозат животната средина, а особено кога истите можат да бидат ризични за водата, воздухот, почвата, растенијата или животните. (4) Превозот на нуспроизводите од животинско потекло од член 2 точки 1), 2) и 3) од овој правилник наменети за отстранување, треба да се изврши на следниот начин: 1) нуспроизводите од животинско потекло се превезуваат во безбедни, затворени контејнери или возила кои не пропуштаат течност и се со двојна покриеност; 2) товарањето и истоварaњето на нуспроизводите од животинско потекло е под надзор на официјален ветеринар, доколку неговото присуство е неопходно; 3) тркалата на возилото се дезинфицираат по напуштањето на местото на потекло; 4) контејнерите и возилата кои се користат за транспорт на нуспроизводи од животинско потекло се целосно исчистени и дезинфицирани по истоварувањето на нуспроизводите од животинско потекло и 5) се обезбедува придружба за возилата за проверка дали протекуваат врз основа на проценка на официјален ветеринар. Службен весник на РМ, бр. 30 од 10.02.2014 година 3 од 3 Член 4 Максималниот процент на отстранети нуспроизводи од животинско потекло со горење и закопување во оддалечените области, во согласност со член 2 од овој правилник, не може да надмине: 1) 10% од популацијата на животните од видот говеда во Република Македонија; 2) 25% од популацијата на животните од видот овци и кози во Република Македонија; 3) 10% од популацијата на животните од видот свињи во Република Македонија и 4) процент на популацијата од други видови коишто се утврдени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, врз основа на проценка на можните ризици за јавното здравје и за здравјето на животните, кои произлегуваат од отстранувањето на други видови животни со горење или закопување на местото. Член 5 Пчелите и нуспроизводи од апикултурата, може да се депонираат со горење или закопување на лице место, согласно член 2 точка 5) од овој правилник, доколку се преземени сите неопходни мерки со кои се гарантира дека горењето или закопувањето не го загрозува јавното здравје, здравјето на животните или животната средина. Член 6 Со влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за начинот и постапката за спроведување на исклучоците за отстранување на нуспроизводите од животинско потекло(*) („Службен весник на Република Македонија" бр. 163/10). Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 02-4997/5 Министер за земјоделство, 6 декемеври 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.