Regulation on the procedure and documentation for registration and on the content of records for fertilizers that are imported
Made 2009-07-27 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за постапката и документацијата за евидентирање и содржината на евиденцијата за ѓубрињата кои се увезуваат.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Cultivated plants
- Keywords
- fertilizers/nutrients, internal trade, international trade, procedural matters, registration, data collection/reporting, plant production
- Categories
- *, agriculture
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на членот 23 став 3, од Законот за ѓубриња(„Службен весник на Република Македонија“ број 110/07 и 20/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА И ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА ЕВИДЕНТИРАЊЕ И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА ЃУБРИЊАТА КОИ СЕ УВЕЗУВААТ Член 1 Со овој правилник се пропишува постапката и документацијата за евидентирање и содржината на евиденцијата за ѓубрињата кои се увезуваат. Член 2 На пазар во Република Македонија може да се пласира само ѓубре кое е евидентирано во постапка утврдена со овој правилник. Член 3 Евиденцијата на ѓубрињата се води на образец ЛЃ – Листа на ѓубриња, кој е даден во Прилог 1 и е составен дел од овој правилник. Член 4 (1) Евиденцијата на ѓубрињата се врши со запишување во Листа на ѓубриња врз основа на писмено барање од правното лице кое пласира ѓубриња на пазар, поднесено до Фитосанитарната управа. (2) Кон барањето од став 1 на овој член, треба да се поднесе и документацијата наведена во член 5 став 2 од овој правилник. Член 5 (1) Барањето од членот 4 од овој правилник се поднесува на Образецот БУЃ кој е даден во Прилог 2 и е составен дел на овој правилник. (2) Кон барањето од ставот (1) од овој член се доставува и следната документација: 1. Прилог кој го содржи резултатот од анализата кој се состои од извештај и мислење на овластената лабораторија за испитување на квалитетот на ѓубрето за кое се бара упис; 1 2. Решение за упис во регистарот за правно лице кој се води во Централниот регистар на Република Македонија, односно матичен број и улица и број на живеалиште за физичкото лице; 3. Доказ дека располага со простор за складирање кој е во сопственост или е под закуп; 4. Решение од надлежните институции, во поглед на задоволување на минималните технички, здравствени и еколошки услови на просторот за складирање и 5. Доказ за исполнување на условите за степенот и видот на стручната спрема на вработениот кој го пушта ѓубрето во промет; (3) Документите од ставот (2) точки 2, 3, 4 и 5 од овој член се доставуваат само при поднесување на првото барање за упис на ѓубрето во Листата на ѓубриња. (4) Барањето за упис во Листата на ѓубриња треба да биде потпишано од страна на одговорно лице на подносителот на барањето или од него овластено лице и заверено со печат и деловоден број. (5) Документите се поднесуваат во оригинали или преписи односно копии заверени од нотар. Член 6 (1) Упис на ѓубрињата во Листата на ѓубриња се врши ако: 1. Со резултатите од анализите се утврди дека ѓубрето ги задоволува пропишаните услови; 2. Правното или физичкото лице кое го пушта ѓубрето во промет, ги исполнува условите утврдени со Законот за ѓубриња и 3. Сe поднесени сите документи утврдени во член 5 став (2) од овој правилник. (2) Ѓубрето кое ги исполнува барањата од став (1) на овој член се запишува во Листата на ѓубриња, за што се донесува решение. Член 7 (1) Фитосанитарната управа ќе го избрише ѓубрето, односно правното лице кое го пушта ѓубрето во промет од Листата на ѓубриња, на барање на правното лице или по службена должност, ако: престанале да постојат условите пропишани со овој правилник врз основа на кои е донесено решението за упис во Листата на ѓубриња и производителот или увозникот престанал да постои. (2) Правното лице кое поднесува барање за бришење на ѓубрето од Листата на ѓубриња доставува и изјава со која потврдува дека ѓубрето за кое што се бара бришење повеќе не е во промет. (3) Ако решението за бришење на ѓубрето од Листата на ѓубриња се донесува по службена должност, во решението се одредува рокот во кој ѓубрето треба да се повлече од промет, кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на решението. 2 Член 8 Промена на податоците запишани во Листата на ѓубриња се врши врз основа на барање за упис на промена по истата постапка која се применува за запишување на ѓубрето во Листата на ѓубриња. Под промена на податоците се подразбира дополнување и/или измена на запишаните податоци. Член 9 Правните лица кои пуштаат ѓубриња на пазар ги пријавуваат сите промени во Фитосанитарната управа најкасно во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промените. Член 10 (1) Пред пласирање на пазар на ѓубрињата од членот 38 став (1) точка 1, 2 и 3 од Законот за ѓубриња, научната установа или производителот кон пријавата што ја поднесуваат до Фитосанитарната управа приложуваат и: 1. Во случајот од членот 38 став (1) точка 1 од Законот, изјава за намената на користењето во истражувачки цели, 2. Во случајот од член 38 став (1) точка 2 од Законот, изјава дека се произведува за познат купувач и за извоз, 3. Во случајот од член 38 став (1) точка 3 од Законот, изјава дека се произведува за краен корисник. (2) За количините кои се пријавуваат врз основа на став (1) од овој член, пред да се увезат треба да се обезбеди стручно мислење согласно член 40 од Законот за ѓубриња. Член 11 Со денот на влегување во сила на овој правилник престануваат да важат одредбите од Правилникот за квалитетот, начинот на земање, припремање и доставување мостри за испитување односно анализа, за единствените методи за вршење, испитување, односно анализа, за регистарот и за декларирањето на вештачките ѓубриња („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија”, број 13/75) кои се однесуваат на регистарот на вештачки ѓубриња. Член 12 Ѓубрињата кои се запишани во Регистарот на вештачки ѓубриња до денот на влегувањето во сила на овој правилник можат да се пуштаат во 3 промет под условите под кои биле запишани додека не се потрошат, а најдоцна две години од влегувањето во сила на овој правилник. Член 13 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. МИНИСТЕР, /2009год Скопје Љупчо Димовски 4 Прилог 1 ОБРАЗЕЦ - ЛЃ ЛИСТА НА ЃУБРИЊА ВИД НА ЃУБРЕ ИМЕ НА ЃУБРЕ КОЛИЧИНА ПРОИЗВОДИТЕЛ/ЗЕМЈА ИЗВОЗНИК УВОЗНИК ДЕКЛАРАЦИЈА(СЕРТИФИКАТ ЗА КВАЛИТЕТ) БРОЈ НА РЕШЕНИЕ ЗА УПИС ОДНОСНО ПРОМЕНА И ДАТА ДАТА НА ВАЖНОСТ НА РЕШЕНИЕТО ЗА УПИС ОДНОСНО ПРОМЕНА 5 Прилог 2 ОБРАЗЕЦ - БУЃ БАРАЊЕ ЗА УПИС НА ЃУБРИЊА ВО ЛИСТАТА НА ЃУБРИЊА ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО НАЗИВ / ИМЕ И ПРЕЗИМЕ СЕДИШТЕ / УЛИЦА И БРОЈ МАТИЧЕН БРОЈ НА СУБЈЕКТОТ: ЕДБ/ЕМБГ ПОДАТОЦИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА ЃУБРЕ НАЗИВ АДРЕСА, ЗЕМЈА НА ПОТЕКЛО ЗЕМЈА ОД КОЈА СЕ УВЕЗУВА ПОДАТОЦИ ЗА ЃУБРЕТО ВИД НАЗИВ НА ЃУБРЕТО ТРГОВСКО ИМЕ НАЧИН НА ПАКУВАЊЕ НАЗИВ И СОДРЖИНА НА ЕЛЕМЕНТИ (ФОРМА И РАСТВОРЛИВОСТ) СОДРЖИНА НА ВЛАГА ГРАНУЛОМЕТРИСКИ СОСТАВ Деловоден број Дата МП ОДГОВОРНО ЛИЦЕ 6 7