Regulation on the methods and procedures for measuring the properties and forecasting the genetic value of livestock
Made 2013-02-07 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за методите и постапките за мерење ба својствата и прогнозирање на генетска вредност на добитокот.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal production, animal health, animal reproduction, cattle, genetic resources, sheep/goats, swine
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 55 став 4 од Законот за сточарството (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08 и 116/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕТОДИТЕ И ПОСТАПКИТЕ ЗА МЕРЕЊЕ НА СВОЈСТВАТА И ПРОГНОЗИРАЊЕ НА ГЕНЕТСКАТА ВРЕДНОСТ НА ДОБИТОКОТ (“) | ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат методите и постапките за мерење на својствата И прогнозирање на генетската вредност на добитокот. П МЕТОДИ И ПОСТАПКИ ЗА МЕРЕЊЕ НА СВОЈСТВАТА И ПРОГНОЗИРАЊЕ НА ГЕНЕТСКАТА ВРЕДНОСТ ОД ВИДОТ ГОВЕДА Член 2 Методите за мерење на својствата и прогнозирање на генетската вредност од видот говеда се следните: испитување на особините во станици за тестирање на говеда, каде сите говеда се под еднакви услови на одгледување; испитување на особините во фармски услови на одгледување; испитување на сродници (чисторасови или мелези) во тестни станици за говеда; испитување на сродници (чисторасни или мелези) во услови на фармско одгледување; испитување врз основа на информации собрани од продажбата; истражувања врз основа на информации собрани во кланиците; оценување на екстериерот; биолошки и генски тестови и испитување во лаборатории. При спроведувањето на методите и постапките за мерење на својствата на говедата се утврдуваат производните и други особини со цел да се процени млечноста, растот, кланичниот квалитет и квалитетот на месото, плодноста, отпорноста, животното производство, екстериерот, искористувањето на крмите и другите особини кои се користат за селекциска намена. Методите од став 1 на овој член треба да се во согласност со препораките од Меѓународната организација за конторла на производството кај говедата (во понатамошен текст: |САВ). ?Со овој правилник се врши усогласување со: Одлука на комисијата од 20 јуни 2006 година за утврдување на методите за следење на продуктивноста и ме- тодите за оценување на генетската вредност на добитокот за одгледување на чистокрвни животни од видот говеда заведен како документ број С (2006)2576 2006/427/ЕЕЗ Одлука на комисијата од 10 мај 1990 година за утврдување на методите за следење на особините И проценка- та на генетската вредност на приплодни чистокрвни овци и кози 90/256/ЕЕЗ Одлука на комисијата од 18 јули 1989 година за утврдување на методите за следење на функционалноста и оценување на генетската вредност на чистокрвните приплодни и хибридни приплодни свињи - 89/507/ЕЕЗ Член 5 Испитувањето на особините на говедата во станица за тестирање на говеда опфаќа спремање, мерење и оценување на производните и другите особини кај говедата, кои се наменети за приплод. Во станицата за тестирање на говеда, која е наменета за испитување на особините кај говедата, се држат говеда во контролирани услови. Испитувањето на особините кај говедата од став 1 на овој член може да се изврши и на земјоделски стопанства (одделни локации), одбрани за таа намена, кои соработуваат со признатата организација на одгледувачи на добиток за одредени испитувања на говеда при изведувањето на програмата за одгледување на добиток. Член 4 Испитувањето на особините кај говедата во фармски услови на одгледување опфаќа спремање, мерење и оценување на производните и другите резултати непосредно во условите на држење на грлата, кои се вклучени во програмата за одгледување на добиток при контролата на производните и другите особини од приплодните говеда. Испитувањето на особините во фармски услови воглавно се применува при испитувањето на особините за млекопроизводство, раст, гојни, кланични и репродуктивни особини кај говедата. Испитувањето од став 1 на овој член се врши согласно препораките на |САЌ. Член 5 Испитувањето на сродниците (чисторасови или мелези) опфаќа спремање, мерење и оценување на особините во тестни станици за говеда или во услови на фармско држење на сродници од испитувани говеда, кои се наменети за приплод на следниот начин: испитување врз основа на податоци собрани од продажбата И на линија на колење на идентификуваните трупови од говеда наменети за колење. Член 6 Испитувањето врз основа на информации собрани од продажба се врши преку измерените односно оценетите особини од говедата наменети за продажба кои треба да се забележат и употребат за потребите на селекцијата. Измерените односно оценетите особини на грлата ги упишува извршителот на оценувањето или продажбата, кој ги доставува до признатата организација на одгледувачи на добиток. Член 7 При оценувањето на екстериерот кој е составен дел од изборот и селекцијата на говедата треба да се имаат во предвид екстериерните вредности за одредената раса и кондицијата на грлото при оценувањето на нозете, вимето, форматот и другите морфолошки особини кај грлото. Екстериерот за прв пат се оценува при полова зрелост на говедото, при што се оценува целиот тип и надворешниот изглед, форматот, нозете, вимето и вродените недостатоци. При оценувањето на екстериерот и линеарните особини за одредени приплодни говеда се одредува и бројот на испитуваните особини. Член 8 Истражувањето врз основа на податоците собрани во кланици опфаќа истражување на податоци при оценувањето и разврстувањето на труповите од говедата на линија на колење (масата на половинките, класите на меснатости замастеност). Доколку се познати податоците за други особини за кланичниот квалитет истите податоци се евидентираат во истражувањето. Член 9 Биолошки и генски тестови се вршат заради собирање податоци во согласност со селекциските цели, како и за проверка на потеклото при што го опфаќаат следното: начинот и времето на земањето на примероците односно мерките за оценување; постапките на работа и начинот на употреба на резултатите. Член 10 Испитувањата во лабораториите кои се оспособени за испитување на млеко, молекуларно биолошки анализи опфаќаат испитување на квалитетот на месото и други анализи при што постапката за испитување го опфаќа следното: начинот и времето на земањето на примероците; методите и постапките на работа и начинот на употреба на резултатите во селекциски цели. Член 11 Говедата кај кои се спроведува постапка за мерење на својствата и прогнозирање на генетската вредност треба: да биде означено согласно одредбите од Законот за идентификација и регистрација на говедата; да биде избрано на начин кој овозможува непристрасно оценување и да се чува во согласност со препораките на |САВ. Член 12 Постапката за мерење на својствата и прогнозирање на генетската вредност кај говедата содржи: дека испитувањето се изведува по еден од методите од член 2 од овој правилник; дека испитувањата внатре во една одделна раса односно генотип се изведуваат во познати услови (начин на држење, подна површина по грло при држење во боксови, големина на боксови, начин на држење, систем на вентилација, осветлувањеи друго); за извршување на мерењата се користи мерна и лабораториска опрема, во согласност со препораките на |САЌ; хранидбениот оброк и начинот на исхрана е одреден во програмата за селекција и е научно одредена. Доколку испитувањата се изведуваат на повеќе локации, хранидбените оброци треба да бидат исти за сите локации; годишен број на животни за испитување по генотипови е научно определено со големината на популацијата; условите за испитување на животните (старост, телесна маса) се однапред одредени должината на предтестниот период и периодот на испитување е точно одреден; производните и другите особини, начинот и местото на мерење на одделни особини, бројот на повторувања и мерните средства се претходно одредени согласно препораките на |САЌ; екстериерните особини и линеарните оценки можат да се вклучуваат при одредувањето на генетската вредност одредени согласно препораките на !САЌ И потребната документација за собирање на податоци од испитуваните животни, собраните податоци, начинот на архивирање како и постапките на објавување на податоците се претходно утврдени. Член 15 Прогнозирањето на генетските вредности на приплодните говеда ги опфаќа следните карактеристики: способност за производство на млеко за грла на млечните раси говеда; способност за производство на месо за грла од гојните раси говеда и способност за производство на млеко и месо за комбинираните раси говеда. Прогнозирањето од став 1 на овој член треба да е во согласност со програмата за одгледување на добиток за соодветната раса говеда и согласно препораките на |САВ. Генската прогнозата треба да вклучува и репродуктивни и морфолошки својства за расите говеда каде овие својства се контролираат. Методите од член 2 на овој правилник се применуваат во прогнозирањето на генетската вредност треба да гарантираат непристрасна оцена на генетските вредности, во однос на главните фактори на животната средина и структурата на податоците. Статистичките модели за прогноза на генетските вредности треба да се опишани во селекциската програма. При објавувањето на резултатите од прогнозирањето на генетските вредности, треба да бидат дадени и точноста при прогнозата согласно препораките од |ТСАЌ и да се наведе и точноста при прогнозирањето и датумот на проценката и да се објават и генетските карактеристики и генетските дефекти за грлата кои се контролираат. Член 14 Прогнозата на генетската вредност кај биковите наменети за осеменување се врши согласно препораките на |САЌК. Одобрените субјекти треба да ги објават сите генетски вредности согласно одгледувачката програма и контролираните особини кај биковите. Одредбите од став 1 од овој член не се применуваат за раси говеда кои се опфатени со Програмата за биолошка разновидност (биодиверзитет) кај добитокот и кои се загрозени. Член 15 При прогнозирање на генетските вредности на особините за млечност се користат податоците за производството и составот на млекото (содржината на протеини и масти во млекото), како и други достапни и релевантни податоци за оцена на генетската вредност на особините за млечност кај говедата. Согласно препораките од |САЌ, минималната веродостојност за оцената на генетската вредност на биковите од млечните раси треба да биде најмалку 0,5 за главната производна особина, земајќи ги предвид и информациите од нивните сродници. Член 16 Прогнозирањето на генетската вредност на биковите за осеменување за нивните гојни И кланични особини се врши според една од следните методи на тестирање: испитување на особините на грлата во тестна станица, согласно член 5 од овој правилник; испитување на особините на животните во фармски услови на држење, согласно член 4 од овој правилник; испитување на сродниците во тестна станица во согласност со член 5 од овој правилник; испитување на сродниците во услови на фармско држење, на пример потомците да се распоредат во повеќе контролирани стада кои овозможуваат валидна споредба на биковите и испитување на сродниците со собирање на податоци во услови на фармско држење, од продажбата како и од кланиците, на начин кој ќе овозможи валидна споредба на биковите. Член 17 Стручните правила за контролата на производните особини и прогнозата на генетската вредност, како и за објавувањето на резултатите од тестовите за чисторасовите приплодни говеда на подрачјето на Република Македонија ги изготвуваат одобрените субјекти. Субјектите треба да ги пропишат описот на методите на контрола на производните особини, начинот на испитување, статистичките методи на анализа и генетските параметри за секоја контролирана особина. ШЕ МЕТОДИ И ПОСТАПКИ ЗА МЕРЕЊЕ НА СВОЈСТАВАТА И ПРОГНОЗИРАЊЕ НА ГЕНЕТСКАТА ВРЕДНОСТ ОД ВИДОТ ОВЦИ И КОЗИ Член 18 Генетската вредност од видот овци и кози треба да се пресметува со примена на еден или комбинација на повеќе методи и тоа: испитување на особините во станици за тестирање на овции кози, каде сите овци и кози се под еднакви услови на одгледување; испитување на особините во фармски услови на одгледување; испитување на сродници (чисторасови или мелези) во тестни станици заовциикозии испитување на сродници (чисторасни или мелези) во услови на фармско одгледување. Член 19 За прогнозирање на генетската вредност од видот овци и кози се врши со перфоманс (директен) тест во станица за тестирање за овци и кози за чие извршување треба да бидат познати следните податоци: називот на тестната станица; името на лицето одговорно за тестната станица; името и презимето на лицето одговорно за пресметување и публикација на добиените резултати; условите за прифаќање на грлата во тестната станица за овци и кози како и максимално дозволената возраст на или тежина на младото приплодно грло при почетокот на тестот како и бројот на грла вклучени во тестот; должината на тестниот период во денови или во финална маса; начинот на исхраната и системите на исхранаи особините кои се следат (жива маса, конверзија на храна, оцена на телесна кондиција, млеко производство, состав на млеко, квалитет и производство на волна како и други релевантни особини). Член 20 Методите за мерење на својствата од член 18 на овој правилник треба да бидат научно прифатливи и во согласност со воспоставените зоотехнички принципи. Генетската вредност на тестираните грла треба да биде дефинирана како одгледувачка вредност или соодветна споредба за секоја особина која била следена за време на тестниот период. Перформанс (директен) тест од член 19 на овој правилник може да се спроведува и на фарма при што на крајот на тестниот период се обезбедува односно утврдува генетската вредност на грлата која е пресметана согласно воспоставените зоотехнички принципи. Член 21 Прогнозирањето генетската вредност на женските приплодни грла за млечни особини треба да биде во согласност со Меѓународниот Комитет за бележење на продуктивноста на млечните животни за чие извршување треба да бидат познати следниве податоци: името на организацијата, името на лицето одговорно за тестната станица како и името на лицето одговорно за калкулација и публикација на резултатите и јасно дефиниран дизајн на тестот. Член 22 Контролите на млечноста кои се користат при детерминација на генетската вредност на женското грло треба да се поврзани со временскиот период кој е препорачан за ваков тип на анализи согласно нормативите дефинирани од страна на Меѓународниот Комитет за бележење на продуктивноста на млечните животни. Методите за мерење на својствата од член 21 на овој правилник треба да бидат научно прифатливи согласно воспоставените зоотехнички принципи. Генетската вредност на тестираните грла треба да биде дефинирана како одгледувчка вредност или соодветна споредба за секоја особина која била следена за време на тестниот период. Член 25 При тестирање на потомството и тестирање на роднини (прогено тестирање) треба да бидат познати: името на организацијата, името на лицето одговорно за тестната станица како и името на лицето одговорно за објавување на резултатите. Член 24 Генетската вредност на приплодното грло се пресметува преку оценка на квалитетите на доволен број на потомство, каде е тоа возможно или преку оцена на родните на приплодното грло и тоа во однос на: а) Производство на месо или расните карактеристики на грлото: деталниот опис на тест методот треба да биде опишан; потомството или роднините не треба да бидат селективно третирани; тестирање на потомството и роднините во тестна станица; дистрибуција и планирано тестирање на потомството и роднините меѓу стада во кои е овозможена споредба на приплодните грла и собирање на податоци од потомството и роднините за квалитетот на труповите. 6) Млечните особини: јасно дефиниран дизајн на тестот; отсуство на селективен третман кон грлата вклучени во тестот и млеко производството и составот на млекото треба да бидат вклучени при одредувањето на генетската вредност на грлото. Член 25 Потомството и роднините треба да бидат избрани на непристрасен начин. Сите релевантни податоци од спроведените анализи наведени во член 18 и член 22 треба да се искористат при одредувањето на генетската вредност на приплодните грла. При одредувањето на генетската вредност на грлата влијанието на останатите фактори треба да бидат исклучени преку примена на соодветни процедури. Мм МЕТОДИ И ПОСТАПКИ ЗА МЕРЕЊЕ НА СВОЈСТВАТА И ПРОГНОЗИРАЊЕ НА ГЕНЕТСКАТА ВРЕДНОСТ ОД ВИДОТ СВИЊИ Член 26 Генетската вредност од видот свињи треба да се пресметува со примена на еден или комбинација на повеќе методи и тоа: перформанс (директен) тест (тестирање во станица за тестирање и тестирање на фарма); тестирање на потомство и тестирање на роднини (проген тест и сиб-тест) и тестирања на хибридни свињи (споредбени групи). Сите податоци добиени од резултатите од тестовите од став 1 на овој член треба да бидат достапни за Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Член 27 При тестирање во тестна станица се наведуваат: а) името на одобрениот субјект одговорен за станицата, името на одобрениот субјект за оцена на генетска вредност и името на одобрениот субјект за објавување на добиените резултати. б) описот на перформанс тестот во кој треба да бидат јасно назначени: услови за прифаќање и адаптација во тесната станицата; максимална возраст на млади приплодни свињи на почетокот на тестот; времетраење на периодот на тестирање во тесната станицата и начинот и системите на исхрана во текот на тестирањето. в) се регистрираат и следат особини на свињите според описот на тестот (на пример: телесна маса, возраст, конверзија на храна, дебелина на грбна сланина, просечен дневен прираст и по завршување на истиот јавно се објавуваат. При тестирање на фарма се наведуваат: а) името на одобрениот субјект одговорен за тестирање на фармата, името на одобрениот субјект за оцена на генетска вредност и името на одобрениот субјект за објавување на добиените резултати. б) описот на перформанс тестот кој треба да е јасно документиран и во кој треба да бидат јасно назначени: максималната возраст на млади приплодни свињи на почетокот на тестот; времетраењето на периодот на тестирање и начинот и системите на исхрана во текот на тестирањето. в) се регистрираат и следат особини на свињите според описот на тестот (на пример: телесна маса, возраст, конверзија на храна, дебелина на грбна сланина, просечен дневен прираст и.т.н.) и по завршување на истиот јавно се објавуваат. Член 28 При тестирање на потомството (проген -тест) се наведуваат: а) името на одобрениот субјект одговорен за тестирањето, името на одобрениот субјект за оцена на генетска вредност и името на одобрениот субјект за објавување на добиените резултати. б) описот на проген тестот во кој треба да бидат јасно назначени : времетраењето на периодот на тестот; бројот на врсничките/врсниците во споредбената група; бројот на групите според својот генотипот (минималниот број да не е помал од два) и начинот и системите на исхрана во текот на тестирањето. При тестирање на роднини (сиб тест) се наведуваат: а) името на одобрениот субјект одговорен за тестирањето и/или тестната станица, името на одобрениот субјект за оцена на генетска вредност и името на одобрениот субјект за објавување на добиените резултати. б) описот на сиб-тест во кој треба да бидат јасно назначени: времетраењето на периодот на тестот; бројот на врсничките/врсниците во споредбената група; бројот на групите според својот генотипот (минималниот број да не е помал од два) и начинот и системите на исхрана во текот на тестирањето. Член 29 При споредбено тестирање на хибридни свињи се употребуваат методи со соодветни прилагодувања за хибридни свињи од член 26 став 1 точка Ти 2 од овој правилник. У ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 50 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 08 - 11052/7 Министер за земјоделство, 7 февруари 2015 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср.