Regulation on the methodology, ways, procedures, methods and scopes for measuring emissions from stationary sources
Made 2012-01-09 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарни извори.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Air and atmosphere
- Keywords
- pollution control, air quality/air pollution, emissions, environmental planning, environmental standards, monitoring, policy/planning, standards, protection of environment
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Стр. 108 - Бр. 11 24 јануари 2012 Член 24 Извештајот за процена најмалку ги содржи следни те елементи: име и презиме на проценителот и потврда за завр шена обука за проценувач.Доколку во процената е ко ристена помош од други релевантни лица, друга екс пертиза и слично, зависно од обемот и сложеноста на задачата, во извештајот се забележува нивното учество и се образложува од аспект на обемот и природата на таквиот ангажман, назив на клиентот (нарачател на процената) како и евентуално други корисници, цел на процената, користениот метод или во случај кога се користе ни повеќе методи се образложува причината за тоа, утврдување на обемот на процената, просторна распространетост или видовите на медиумите и обла стите на животната средина кои биле земени во пред вид про процената. Во случај кога процената се одне сува на некое добро на животната средина, се опишува таквото добро со неговите атрибути кои биле предмет на процената, документација и литература која е користена при процената, вклучувајќи ги анализите, пресметките, истражувањата, евентуални истражувања со користење на прашалници, како и сите ограничувања со кои се со очува проценителот во текот на процената, извори на информации со наведување на природа та и изворите на секоја информација поврзана со про цесот на процена, независно од тоа дали се располага со соодветна верификација на таквите информации, претпоставки на кои се засновува процената, ограничување на објавувањето на извештајот за процена. Доколку е неопходно ограничување на обја вување на извештајот на процената треба да се наведат причините за ограниченото користење на процената во целост или во делови, изјава на проценителот дека процената е извршена според законски усвоената методологија и дека истата е направена професионално и непристрасно, проценета вредност и валута во која се врши про цената, изјава на нарачателот на процената или давателот на информации дека дадените податоци и информации кои биле земени во предвид во процената се точни и веродостојни и одговараат на фактичката состојба, и датум на завршување на извештајот на процената. Член 25 Податоците и информациите кои на проценителот му се доставени како деловна тајна, проценувачот ги чува како деловна тајна. Член 26 Извештајот за процена се составува во три едноо бразни оригинални примероци од кои два за нарачате лот и еден за изготвувачот на процената. Член 27 Оваа методологија влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр. 07-322/1 12 јануари 2012 година Министер, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р. 327. Врз основа на член 46 став (1) од Законот за квали тет на амбиентниот воздух („Службен весник на Репуб лика Македонија“ бр. 67/04, 92/07, 35/10 и 47/11), ми нистерот за животна средина и просторно планирање, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА, НАЧИНИТЕ, ПОСТАПКИ ТЕ, МЕТОДИТЕ И СРЕДСТВАТА ЗА МЕРЕЊЕ НА ЕМИСИИТЕ ОД СТАЦИОНАРНИТЕ ИЗВОРИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишувa методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори. Член 2 Постапките за вршење на мерења, методи и средс тва за мерење, вклучувајќи ги и техничките и опера тивните карактеристики поврзани со извршување на мерењата од страна на инсталациите се вршат во сог ласност со наjновите методи за мерење. Член 3 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење: 1) Задолжителни мерења се мерењата кои се вршат согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух или утврдена во интегрираните еколошки дозволи од носно дозволите за усогласување со оперативен план. Задолжителните мерења можат да бидат контиунирани и периодични. 2) Континуирани мерења се мерењата кои се вршат со автоматски систем, постојано инсталиран на определено местото заради континуиран мониторинг на емисиите. Ме рењето со автоматски систем подразбира мерење на емиси јата со непрекинато екстративна или неекстаративна анали за на земениот примерок, отчитување на измерените вред ности во кратки временски интервали (неколку секунди) и чување на измерените вредности. 3) Периодичните мерења се мерења кои се вршат на одредени временски интервали со примена на инстру менти или рачно-мануално земање на примерок. 4) Рачно-мануално мерење на емисиите подразби ра земање на примерок од отпадни гасови со одреден волумен во одредено време со дополнителна екстра тивна анализа на отпадните гасови. Така добиените вредности треба да се еднакви на средните вредности за емисијата во време на земање на примерокот. 5) Постапка за мерење е збир на активности (по стапки) опишани согласно барањата за спроведување на поединечнии мерења во согласност со одреден ме тод. 6) Време на осреднување е временски интервал за кој се пресметуваат средните вредности на емисионите параметри. 7) Време на ефективна работа на стационарниот из вор е времето на работа на стационарниот извор со иск лучок на времето на започнувањето на работата и на за вршувањето на од работата на стационарниот извор. 8) Калибрирање (баждарење) е збир на постапки со кои во одредени услови се воспоставува однос помеѓу вредноста која ја покажува мерниот инструмент или вредноста на некој мерен параметар или некој референ тен параметар (вредност) и соодветната вредност доби ена со еталонот и се изведува во согласност со пропи шаните мерни постапки. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2001 година за ограничување на емисиите на одредени загадувачи во воздухот од големи согорувачки постројки, 32001L0080. 24 јануари 2012 Бр. 11 - Стр. 109 9) Надлежен орган во смисла на овој правилник е Министерството за животна средина и просторно пла нирање односно општината или Градот Скопје кој сог ласно Законот за животната средина е надлежен за из давање и контрола на интегрирани еколошки дозволи односно дозволи за усогласување со оперативен план. Член 4 (1) Правните и физичките лица сопственици, однос но корисници на инсталации (во понатамошниот текст: Операторот на инсталацијата) која е извор на емисии на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух, тре ба да обезбедат редовен мониторинг и мерење на еми сиите во воздухот во согласност со овој правилник, За конот за квалитет на амбиентниот воздух и интегрира ните еколошки дозволи односно дозволите за усогласу вање со оперативен план. (2) Операторот на инсталацијата, мерењата на еми сиите во воздухот ги врши како: 1. Задолжителни мерења кои можат да бидат: – континуирани (во понатамошниот текст: мерења со автоматски мерни инструменти) и – периодични. 2. Контролни мерења, кои се вршат во следните случаи: за сопствени контроли; со одлука на надлежен орган; по барање на засегнатата јавност; во случаи на утврдено надминување на гранични те вредности на квалитет на амбиентниот воздух во околината на инсталацијата; во случаи на утврдено надминување на гранични те вредности на емисија и во случај на хаварија. 3. Операторот на инсталацијата, мерењата може да ги врши преку сопствени акредитирани служби/лабо ратории или преку научни и стручни организации или други правни лица, доколку се акредитирани за врше ње на мерење на емисии во воздухот од стационарни извори согласно стандардот МКС EN 17025 (во поната мошниот текст: вршители на мерења). Член 5 Мерењето на емисиите за: – инсталациите кои спаѓаат во стационарните изво ри на емисија и подлежат на системот на добивање на интегрирани еколошки дозволи односно дозволи за усогласување со оперативен план (во понатамошниот текст: ИСКЗ дозволи), се врши во согласност со начи нот утврден во истите, инсталациите кои спаѓаат во стационарните изво ри на емисија со согорувачки капацитети или само со горувачки инсталации со инсталирана моќност од 0 50 MW вршат задолжителни периодични мерења на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот нај малку еднаш годишно или во согласност со начинот како што е утврден во ИСКЗ дозволите и инсталациите кои спаѓаат во стационарните изво ри на емисија со согорувачки капацитети или само со горувачки инсталации со инсталирана моќност од и над 50 MW вршат контиунирано мерење на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот со системи за автоматско мерење. Член 6 (1) Мерењата на емисиите од стационарни извори согласно член 45 став (1) точка 2 од Законот за квали тет на амбиентниот воздух се вршат според претходно изработени планови на годишно ниво (во понатамош ниот текст: годишен план), изготвени од страна на опе раторот на инсталацијата. (2) Годишните планови содржат листи на секој из вор на емисија на загадувачките супстанци што се ис пуштаат во воздухот согласно технолошкиот процес. (3) Во годишниот план е наведена фреквенцијата на задолжителните мерења на емисија за секој одделен испуст. (4) Годишниот план соодветно се менува во следни те случаи: ако дојде до промена во режимот на работа или друга било каква промена во инсталацијата; на барање на органот на државната управа надле жен за вршење на работите од областа на животната средина за инсталациите кои подлежат под А-интегри рана еколошка дозвола односно на барање на советот на општината или советот на Градот Скопје за инстала циите кои подлежат под Б-интегрирана еколошка доз вола. Член 7 (1) Пред да се пристапи кон мерење на емисиите, вршителот на мерењата за секое одделно мерење треба да изготви план за мерење на емисии. (2) Планот од став (1) на овој член се изготвува сог ласно стандардот МКС EN 15259 и стандардите дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник, а во зависност од супстанцата која се мери. Член 8 (1) Инсталациите кои спаѓаат во стационарните из вори на емисија со согорувачки капацитети или само согорувачки инсталации со инсталирана моќност од и над 50 MW треба да вршат контиунирано мерење на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот со системи за автоматско мерење. (2) Поставувањето на автоматскиот систем за мере ње се врши на начин кој ќе обезбеди опфаќање на сите релевантни емисии и супстанци што се испуштаат од инсталацијата и ќе обезбеди добивање на сигурни и ре презентативни резултати од мерењата. (3) Мерните инструменти на автоматскиот систем за мерење се инсталираат согласно стандардот MKS EN 15259 и упатствата на производителот на инстру ментите. Член 9 (1) Доколку инсталацијата поседува автоматски си стем за мерење, контролата на квалитетот на овој си стем се проверува согласно стандардот MKS EN 14181. (2) Процедурата за калибрација за мерните инстру менти на автоматскиот систем за мерење се врши сог ласно стандардот MKS EN 14181. (3) За секоја калибрација се спроведува годишен надзорен тест согласно стандардот наведен во став (2) на овој член, вклучително се врши и проверката дека калибрационата функција наведна во стандардот од став (2) на овој член е валидна. (4) Операторот на инсталацијата се грижи за кон тролата на квалитетот на мерењето за време на работе њето на автоматскиот систем на мерење. Член 10 (1) При континуираните мерења се мерат релевант ните оперативни параметри како содржината на кисло род, температурата, притисокот и содржината на воде ната пареа, како и концентрациите на загадувачките супстанци. Континуирано мерење на содржината на водената пареа во отпадните гасови не е потребно, до колку примерокот од отпадниот гас се суши пред да се анализираат емисиите. (2) Системите за континуирано мерење се предмет на контрола преку паралелни мерења со референтните методи најмалку еднаш годишно. Стр. 110 - Бр. 11 24 јануари 2012 Член 11 (1) Континуирани мерења не се вршат во следниве случаи: – за согорувачки инсталации со вкупен работен век помал од 10 000 оперативни часа; – за SO2 и за прашина од котли што согоруваат при роден гас или од гасни турбини што согоруваат приро ден гас; – за SO2 од котли што согоруваат биомаса ако суб јектот може да докаже дека емисиите на SO2 во никој случај не можат да бидат повисоки од пропишаните гранични вредности на емисија. (2) Мерењето на SO2 и на прашината може да се ограничи на периодични мерења или на други соодвет ни постапки за утврдување во случаите кога тие мере ња или постапки, се одобрени од страна на Министерс твото за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина. Член 12 За оценување на резултатите од континуираните автоматски мерена со цел обезбедување и контрола на квалитетот на податоци во општ случај (во технолошки процеси) каде има континуиран автоматски монито ринг, во една календарска година се земаат предвид: сите 24 часовни средни вредности помали од вредноста на ГВЕ, 97% од получасовните средни вредности помали од 20% зголемената вредност на граничните вредности на емисија, и ниту една од сите получасовни вредности која е два пати поголема од граничните вредности на емисија. Член 13 Оценувањето на резултатите од мерењата со цел обезбедување и контрола на квалитетот на податоци од мерењата на големите согорувачки инсталации, кои можат да се споредат со ГВЕ, се врши согласно Пра вилникот за граничните вредности за дозволените ни воа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационар ните извори во воздухот. Член 14 Постапките за мерење и проценување/пресметка на емисиите од согорувачките инсталации се вршат на следниот начин: 1. Концентрациите на SO2, прашина, NOX се мерат континуирано за постојните и нови инсталации со но минален топлински влез од и над 50 MW, за кои е даде на ИСКЗ дозвола. 2. Кога се работи за нови инсталации за кои е издаде на ИСКЗ дозвола кои не се опфатени со точка 1 од овој став, односно инсталации под 50 MW, органот на држав ната управа надлежен за работите од областа на живот ната средина односно општината или Градот Скопје мо жат да бараат, таму каде што е неопходно, да се вршат континуирани мерења на SO2, прашина и NOX. 3. Кога се работи за инсталации кои во своите со горувачки процеси вршат десулфуризација согласно Прилог 4 од Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емити раат стационарните извори во воздухот („Службен вес ник на република Македонија“ бр.141/2010) се приме нуваат барањата што се однесуваат на мерењата на емисии на SO2. Во ово случај, содржината на сулфур на горивото што се внесува во објектите на согорувачката инсталација се следи редовно. 4. За секоја суштинска измена во типот на горивото што се користи или во начинот на работењето на ин сталацијата операторот на инсталацијата го известува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина односно општината или Градот Скопје со цел да се утврди дали мониторингот и мерењата на емисиите се соодветни или е потребна нивна адаптација. Член 15 (1) Стационарните извори на емисија со согорувач ките капацитети или само согорувачки инсталации кои вршат континуирани мерења треба да ги бележат и чу ваат следните валидирани вредности за емисиите од автоматскиот систем на мерење: часовни вредности; дневни вредности; 48 часовни вредности, и месечни вредности. (2) Вредностите од мерењата на автоматскиот систем ќе се оценуваат врз основа на правилото според кое најмал ку две третини од вредностите треба да бидат валидизира ни за да се смета мерењето како веродостојно. Член 16 Согорувачки инсталации кои вршат континуирани мерења, треба да го одредат интервалот на сигурност на вредностите од мерењата на автоматскиот систем и тоа: 1). Несигурноста на мерењето e изразена како 95% интервал на сигурност за SO2, NOx и прашина. 2). Вредностите на интервалите на сигурност од 95 % на еден измерен резултат не треба да ги надминат следниве проценти на гранични вредности на емисија: сулфур диоксид повеќе од 20 % од ГВЕ или 1,2 пати надминување од ГВЕ азотни оксиди повеќе од 20 % од ГВЕ или 1,2 пати надминување од ГВЕ и прашина повеќе од 30 % од ГВЕ или 1,3 пати над минување од ГВЕ 3) Потврдените едночасовни и дневни просечни вредности се утврдуваат од измерените потврдени ед ночасовни просечни вредности откако ќе се одземе вредноста на интервалот на сигурност наведен пого ре.Се поништува секој ден во кој повеќе од три едноча совни просечни вредности се невалидни поради дефект или одржување на системот за континуирано мерење. Доколку повеќе од десет дена во текот на годината се поништени поради такви ситуации, операторот треба да преземе соодветни мерки за да ја подобри сигурно ста на системот за континуираното следење. 4.) За новите согорувачки инсталации со капацитет од и над 50 MW валидните вредности се пресметуваат преку од земање на вредноста за измерената емисиона концентраци ја од интервалот на сигурност. Одземањето кога треба се врши со известување до органот на државната управа над лежен за работите од областа на животната средина однос но општината или Градот Скопје за концентрациите на емисии, но не кога се врши известување за масените коли чини на загадувачките супстанци. 5) За постоечките согорувачки инсталации не може да се врши одземање на измерената емисиона концен трација од вредноста на интервалот на сигурност. Член 17 Оценувањето на резултатите од мерењата со цел обезбедување и контрола на квалитетот на податоци за нивна споредба со ГВЕ за лесно испраливи органски соединенија се врши согласно Правилникот за гранич ните вредности за дозволените нивоа на емисии и ви дови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воз духот. 24 јануари 2012 Бр. 11 - Стр. 111 Член 18 Оценувањето на резултатите од мерењата со цел обезбедување и контрола на квалитетот на податоци од мерењата за нивна споредба со ГВЕ за инсталации за горење и согорување на отпад се врши согласно Пра вилникот за граничните вредности при горење и сого рување на отпад и условите и начинот на работа на ин сталациите за горење и согорување. Член 19 (1) Периодичните мерења се вршат кога инсталаци јата е во нормален континуиран технолошки режим на работа, кој не е помалку од четири часа од започнува њето со работа. (2) За инсталации со повремен режим на работа периодичните мерења се вршат по поминување на еден час од започнувањето со работа на инсталацијата. (3) Периодичните мерења во инсталации со про менливи и различни технолошки режими на работа и варијабилни параметри, се вршат во оние режими на работа на инсталацијата кога се испуштаат емисии со највисоки вредности. Член 20 (1) За инсталациите каде се бараат периодични ме рења, а кои подлежат на ИСКЗ дозволи периодичните мерења, т.e. земањето примероци и анализата на реле вантните загадувачки супстанци и параметри за проце сот, се вршат во согласност со МКС EN-стандардите дадени во Прилогот на овој правилник. Доколку не се располага со МКС EN-стандарди и МКС ISO-стандар ди се применуваат национални или други меѓународни стандарди кои ќе осигурат добивање податоци со една ков научен квалитет. (2) Како алтернатива, може да се процени/пресмета количеството на загадувачките супстанци што се при сутни во емисиите преку користење на методологија за утврдување, донесена и одобрена од страна на над лежните органи утврдено во Правилникот за методоло гијата за инвентаризација и утврдување на нивото на емисија на загадувачки супстанции во атмосферата во тони годишно за сите видови дејности ако и други по датоци за доставување на програмата за мониторинг на воздухот на Европа (ЕМЕП). Тие процени/ пресметки ги користат релевантните насоки засновани на научни и експериментални сознанија кои обезбедуваат добива ње податоци со ист научен квалитет. Член 21 (1) Контролните мерења на емисиите од стационар ни извори може да бидат предвидени во годишни пла нови наведени од член 6 на овој правилник или да се вршат согласно член 4 став (2) точка 2 од овој Правил ник. (2) Контролните мерења се вршат: за новите инсталации при нивно започнување со работа, и во текот на утврдениот период на пробната работа. за постојните инсталации по секое нивно проши рување или реконструкција на технолошкиот процес, или по потреба заради контрола. во случај кога постои основано сомнение дека има прекумерно испуштање на загадувачки супстанци во воздух, или во исправноста на мерните инструменти, условите по кои се вршат мерењата,точноста на резул татите, неправилности во работата на инсталацијата, ако не се води евиденција за исправноста на мерните инструменти (3) Контролните мерења за нова инсталација се вр шат не подоцна од шест месеци по започнувањето со работа на новата инсталација. (4) Контролните мерења за постојна инсталација се вршат не подоцна од шест месеци по проширувањето или реконструкцијата на постојната инсталација. (5) Инсталациите контролните мерења ги вршат согласно потребите или барањата наведени во ИСКЗ дозволата. Член 22 (1) Операторот треба местата (платформите за стое ње) од кои се земаат примероци при мерењата на еми сиите да ги изгради во согласност со стандардите МКС ЕN 15259, МКС ISO 9096 и МКС ISO 10780. (2) Земањето примероци и анализата на загадувач ките супстанци се врши согласно стандардите дадени во Прилог на овој правилник. (3) Доколку за земањето на примероци и анализата на загадувачки супстанци не може да се примени некој од стандардите дадени во Прилог на овој правилник, тогаш ќе се применуваат други соодветни македонски или меѓународни стандарди кои обезбедуваат добива ње на податоци со соодветен научен квалитет. (4) Средставата и референтните методи кои се при менуваат за мерењата на емисиите се наведени во стан дардите дадени во Прилог на овој правилник. (5) Проверките за контрола на квалитетот на мере њата се врши согласно стандардите дадени во Прилог на овој правилник. (6) Субјектите кои вршат мерење на емисиите треба да ја пресметаат несигурност на мерењето согласно последната верзија од Упатството за несигурност (GMO), и Упатството за изразување на неодреденоста при квантитативни испитувања EA-4/16 наведени во Прилог на овој правилник. (7) Вршителите на мерењата се грижат за работење то и одржувањето во техничка исправност на средства та за мерење кои се користат при спроведување на за должителните и контролните мерења. (8) Операторот на инсталацијата ги обезбедува си те потребни услови за безбедност на лицата кои ќе го вршат мерењето. Член 23 Вршителите на мерења потребно е да го следат раз војот на соодветните стандарди наведени во Прилог на овој правилник заради квалитетно исполнување на ба рањата од истите. Член 24 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 сеп тември 2012 година. Бр. 07-159/1 Министер за животна средина 9 јануари 2012 година и просторно планирање, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р. Стр. 112 - Бр. 11 24 јануари 2012 24 јануари 2012 Бр. 11 - Стр. 113 Стр. 114 - Бр. 11 24 јануари 2012 24 јануари 2012 Бр. 11 - Стр. 115 Стр. 116 - Бр. 11 24 јануари 2012 24 јануари 2012 Бр. 11 - Стр. 117