Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the methodology, reference measurement methods, manner and parameters of wastewater monitoring, including sludge from urban wastewater treatment

Made 2011-08-03 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за методологијата, референтните мерни методи, начинот и параметрите на мониторинг на отпадните води, вклучувајќи ја и тињата од пречистувањето на урбаните отпадни води.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Water
Keywords
effluent waste water/discharge, monitoring, pollution control, protection of environment, sewerage, waste domestic sources, water quality standards, freshwater pollution, standards

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Стр. 38 - Бр. 108 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 август 2011 2583. Врз основа на член 150, став (3) од Законот за во дите („Службен весник на Република Македонија” бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10 и 51/11), министерот за жи вотна средина и просторно планирање, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА, РЕФЕРЕНТНИТЕ МЕР НИ МЕТОДИ, НАЧИНОТ И ПАРАМЕТРИТЕ НА МОНИТОРИНГ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ, ВКЛУЧУ ВАЈЌИ ЈА И ТИЊАТА ОД ПРЕЧИСТУВАЊЕТО НА УРБАНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат методологија, референтните мерни методи, начинот и параметрите на мониторинг на отпадните води, вклучувајќи ја и тиња та од пречистувањето на урбаните отпадни води. Член 2 Целата на овој правилник е контрола на емисиите и заштитата на животната средина од штетното влијание на испуштените отпадни води. Член 3 (1) На постројката за прочистување на урбани от падна вода, испитувањата на примероците се извршу ваат рамномерно на проток или време во тек на 24 ча совно растојание, од исто обележано место на излез од станицата. Мерењата се извршуваат на секој час. По, потреба, поради утврдување на постигнатото намалено оптоварување (%), на истиот начин се врши и мерење и на влезот од станицата. (2) Минималниот број на примероци кои годишно се земаат за испитување на параметрите утвредни во Правилникот за поблиските услови за собирање, одве дување и прочистување, начинот и условите за пректи рање, изградба и екплоатација на системите и станици за прочистување на урбаните отпадни води, како и тех ничките стандарди, параметрите, стандарди на емиси јата, и нормите за квалитет за предтретман, отстранува ње и прочистување на отпадни води, имајќи го во пред вид оптоварувањето и методот за прочистување на ур баните отпадни води коишто се испуштаат во зоните чувствителни на испуштање на урбани отпадни води(*1) (во понатамошниот текст: правилник за урбани отпад ни води), ќе биде утврден во согласност со капацитетот на постројката за пречистување, при што се земаат во редовни интервали во текот на годината, како што е да дено во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. (3) Испитувањата од став (2) на овој член може да го врши акредитирана лабараторија согласно закон, освен ако на постројката постои автоматски монито ринг на отпадните води. (4) Испитувањата се вршат со примена на добра ла бараториска практика при што се води сметка да се из бегне можноста од било какви можни промени на земе ниот примерок од отпадната вода. (5) Резултатот од испитувањата на земениот приме рок на отпадна вода се доставува на начин утврден во Правилникот за за начинот на пренос на информациите од мониторингот на отпадните води, како и формата и содржината на образецот со кој се доставуваат подато ците. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 91/271/EEЦ на Советот за третман на урбани отпадни води, (Celex бр. 31991L0271). (6) Максималниот број на примероци кој можат да ги надминат граничните вредности за БПК 5 и ХПК кои се дадени во Правилникот за урбани отпадни води, анализирани за период од една година се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) Пречистената отпадна вода ќе се смета за соо бразна со параметрите доколку, за секој релевантен па раметар одделно, примероците на отпадната водата по кажуваат дека таа е сообразна со релевантната вред ност на параметарот на следниов начин: а) за параметрите дефинирани во табела 1 од При лог 1 на Правилникот за урбани отпадни води, макси малниот број мостри за кои може да се надминат бара њата, изразен во концентрации и/или во процентулани намалувања е определен во Прилог 2 од овој правил ник; б) несообразните примероци кои се земени под нор мални работни услови, концентрации за параметрите БПК5 и ХПК не треба да отстапуваат од вредностите на параметрите за повеќе од 100%. За вредностите на концентрацијата кои се однесуваат на вкупните сус пендирани цврсти материи можат да се прифатат от стапувања до 150%; в) за оние параметри дефинирани во табела 2 од Прилог 1 на Правилникот за урбани отпадни води, го дишниот просек на примероците за секој параметар ќе биде сообразен со релевантните вредности на параме трите. (2) Екстремните вредности за квалитетот на анали зираната отпадна вода нема да се земаат предвид, то гаш кога тие се резултат на невообичаени ситуации, ка ко што се оние кои се должат на поројни дождови. Член 5 (1) Зачестеноста на мерењата на параметрите во от падна вода што потекнуваат од индустриските сектори, како и референтните методи за анализа на параметрите се дефинирани во Прилог 1 на Правилник за условите, начинот и граничните вредности на емисија за испу штањето на отпадните води по нивното прочистување, начинот на нивно пресметување, имајќи ги во предвид посебните барања за заштита на заштитните зони(*2). (2) Зачестеноста на мерењата на параметрите во та логот добиен со прочистување на урбаните отпадни во ди и на почвата на која се нанесува тињата се дефини рани во Правилникот за начинот и постапката за кори стење на тињата, максималните вредности на концен трациите на тешки метали во почвата во која се кори сти тињата, вредности на концентрациите на тешки ме тали во тињата, согласно со нејзината намена и макси малните годишни количини на тешки метали што може да се внесат во почвата.(*3) Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија” а ќе отпочне да се применува од 1 септем ври 2011 година. Бр. 07-5708/5 Министер за животна средина 3 август 2011 година и просторно планирање, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р. 12 август 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 108 - Стр. 39 Стр. 40 - Бр. 108 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12 август 2011 www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2011 година изнесува 10.100,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.

Regulation on the methodology, reference measurement methods, manner and parameters of wastewater monitoring, including sludge from urban wastewater treatment · Nelum