Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the method of registration in the register and deletion from the register of wine producers, the necessary documentation, as well as the form, content and way of keeping the register

Made 2020-01-10 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за начинот за пријавување во регистарот и бришење од регистарот на производители на вино, потребната документација, како и формата, содржината и начинот на водење на регистерот.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Food and nutrition
Keywords
viticulture/oenological practices, procedural matters, registration, data collection/reporting

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 30 став (10) од Законот за виното (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и (,,Службен весник на Република Северна Македонија" бр.235/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ВО РЕГИСТАРОТ И БРИШЕЊЕ ОД РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ВИНО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, КАКО И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот за пријавување во Регистарот и бришење од Регистарот на производители на вино, потребната документација како и формата, содржината и начинот на водење на Регистарот. Член 2 Производителот на вино пријавувањето за упис во Регистарот на производители на вино (во натамошниот текст: Регистарот) го врши со барање на образец во А4 формат на хартија во бела боја . Формата и содржината на образецот на барањето од став 1 од овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Со пријавата од член 2 на овој правилник производителот на вино кој е правно лице до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поднесува и следните документи: извод за тековна состојба на правно лице издадена од Централниот Регистар на Република Северна Македонија кој не може да биде постар од 30 дена; доказ за сопственост или договор за користење/закуп на објектите и опремата кои се во сопственост на друго физичко или правно лице кое нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години ; спецификација за расположлива опрема согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино; известување за започнување со вршење на дејност издадено од Министерство за труд и социјална политика; Државен инспекторат за труд; решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна со шифра на дејност „11.02 - Производство на вино од грозје", издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство; изјава од одговорното лице во правното лице дека нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години; изјава од одговорното лице во правното лице дека во претходната година производителот на вино не бил избришан од Регистарот поради неплаќање на финансиските обврски за купено винско грозје; образец Ml и М2 за стручното лице кое има завршено високо образование од областа на лозарството или винарството и кое е вработено во правното лице, односно договор за ангажирано лице со завршено високо образование од областа на лозарството или винарството, доколку капацитетот за преработка и чување на виното не надминува 100. ООО литри годишно; записник од Државниот инспекторат за земјоделство за исполнување на условите согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино, и доказ за платени административни такси. (2) Документацијата од став (1) на овој член се доставува во оригинал или копија заверена на нотар. Член 4 (1) Со пријавата од член 2 на овој правилник производителот на вино кој е физичко лице до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поднесува следните документи : доказ за сопственост или договор за користење/закуп на објектите и опремата кои се во сопственост на друго физичко или правно лице кое нема финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години; спецификација за расположлива опрема согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино; решение за регистрирање во Регистарот на објекти и оператори со храна со шифра на дејност „11.02 - Производство на вино од грозје", издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство; доказ дека физичкото лице има завршено високо образование од областа на лозарството или винарството, односно договор за ангажирано лице со завршено високо образование од областа на лозарството или винарството, односно доказ за завршено средно образование доколку капацитетот за преработка и чување на виното не надминува 50. ООО литри годишно; записник од Државниот инспекторат за земјоделство за исполнување на условите согласно Правилникот за поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино и доказ за платени административни такси. (2) Документацијата од став (1) на овој член се доставува во оригинал или копија заверена на нотар. Член 5 Заради ажурирање на евиденцијата на Регистарот, производителите на вино ги пријавуваат промените на податоците од член 7 на овој правилник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од нивното настанување. Член 6 (1) Регистарот се води во електронска форма во excel формат. (2) Регистарот се води во папки по азбучен ред на општини каде што се наоѓа седиштето/адресата на производителите на вино. Член7 Регистарот ги содржи следниве податоци: назив/име на производителот на вино; седиште/адреса на производителот на вино; адреса на главниот преработувачки капацитет, доколку е различна од адресата на седиштето; ЕМБС / ЕМБГ на производителот на вино; капацитет за прием и преработка на грозје (во тони годишно); капацитет за преработка и чување на вино (во литри годишно); капацитет на опрема за пакување на виното во шишиња (во број на шишиња на ден); површина под сопствени лозови насади (во хектари); вкупна површина под лозови насади од постојани кооперанти (во хектари); име и презиме на одговорното лице во правното лице, и вкупен број на вработени. Член 8 Производителот на вино се брише од Регистарот доколку со записник од Државниот инспекторат за земјоделство се утврди дека : престанал да ги исполнува условите од членот 30 став (1) од Законот за виното; не го доставил во пропишаниот рок извештајот од членот 30-а став (1) од Законот за виното и го доставил извештајот од членот 30-а став (1) од Законот за виното со различна или невистинита содржина. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за начинот на пријавување во Регистарот на производители на вино како и формата, содржината и начинот на водење на Регистарот (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 60/13). Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија". Бр. 37-642/1 10 јануари 2020 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, с.р. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО БАРАЊЕ ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ВИНО Назив/ Им на производиrелот на в но: Пр I r Седиwrе/Адреса на nроизводителоr на вино Адреса а главниот преработувачки капа тет на производителот на в но. (Аоколку е разnична адресата на оедиwтето) ЕДБС / ЕМБГ на про зводителот на ви о. Капа итет за прием и преработка на гро3Је (во то годишно) Капа итет за преработка и чување на вино (во литри годишt-t0) Поврw на под со ствени лозо8"' насади (во хектари) В пна по ршина под nозови насади од nостоЈани 1<оопера НТ1t1 (во хектар4t1) Капа итет опре а а за па ување на ви ото во wиwи а (во броЈ на шишиња на ден) Име и презиме а одговорното лице: Вкупен број на вработени ли · Преrnед поважна опрема за производство на ви о (м о) (ЈЈ.ату ) Подносител (потпис)

Regulation on the method of registration in the register and deletion from the register of wine producers, the necessary documentation, as well as the form, content and way of keeping the register · Nelum