Regulation on the method of performing and monitoring biological diversity in animal husbandry
Made 2010-11-12 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal production, animal reproduction, biodiversity, genetic resources, monitoring, data collection/reporting
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 55 став 2 од Законот за сточарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008 и 116/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ИЗВЕДУВАЊЕТО И МОНИТОРИНГОТ НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ ВО СТОЧАРСТВОТО Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството. Член 2 Генетските резерви на анималните генетски ресурси кај домашните животни кои се значајни за земјоделството треба да бидат под мониторинг и константно контролирани од страна на вршителот на јавната услуга. Член 5 Мониторингот на биолошката разновидност во сточарството се изведува на ниво на вид и/или на ниво на популација при што се добива информација за: актуелната состојба на видот и/или популацијата; резултатите од начинот на одгледување на домашните животни и природната дистрибуција на видот и/или на популацијата. Член 4 Мониторингот на биолошката разновидност во сточарството се изведува на генетско ниво при што се добива информација за: генетскиот диверзитет во популацијата и/или видот; генетскиот диверзитет меѓу популациите и ефектите од начинот на одгледување на домашните животни врз диверзитетот на видот и/или популацијата. Член 5 Правилен и константен мониторинг на биолошка разновидност кај домашните животни се спроведува преку водење и чување на регистар на автохтони раси и/или линии на домашни животни со зоотехничка оцена, согласно член 8 од Правилникот за начинот на одгледување и прометот на автохтони раси и/или линии, формата и содржината на барањето за признавање на нови автохтони раси и/или линии и формата, содржината и начинот на водење на регистарот. Член 6 Со цел да се обезбеди мониторинг на биолошката разновидност на анималните генетски ресурси кај домашните животни во Република Македонија се воспоставува унифициран информационен систем, кој е научно споредлив и прилагоден на потребите на Република Македонија. Член 7 База на податоци за поедини раси и видови се воспоставува за да служи како извор на податоци за мониторинг на биолошката разновидност. Информациониот систем и базата на податоци ги управува вршителот на јавната услуга. Член 8 Вршителот на јавната услуга соработува со меѓународни бази на податоци преку кои ќе обезбеди проширување на мониторингот на биолошката разновидност, точност и редовно дополнување на македонската база на податоци и македонскиот Регистар. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник у на Република Македонија". Бр.08-105217/1 Министер за земјоделство, 12 ноември 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје