Regulation on the method of data collection, keeping the register of forest fires and conditions for data use
Made 2015-05-07 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на собирање на податоците, водењето на регистарот на шумските пожари и условите за користење на податоците.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Forestry
- Keywords
- data collection/reporting, fire management, procedural matters, hazards
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 80 став (4) од Законот за шумите (,,Службен весник на Република Македонија" бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147 /13, 43/14 , 160/14, 33/15 и 44/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ, ВОДЕЊЕТО НА РЕГИСТАРОТ НА ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ И УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на собирање на податоците, водењето на регистарот на шумските пожари и условите за користење на податоците. Член 2 (1) Водењето на регистар на шумски пожари претставува збир на податоци и информации за шумски пожари кои се водат во Македонскиот информативен систем за шумски пожари. (2) Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми "Македонски шуми" и другите субјекти задолжени за управување со шумите во заштитените подрачја треба да ги собираат следните податоци за шумските пожари и тоа: податоци за шумското стопанство, подружницата зафатена со пожарот, местото каде се појавил пожарот, видот на опожарената шума, опис на пожарот, време на пријавување на пожарот, време на пристигнување на гасначите, пожарот го открил, причина за појавување на пожарот, опожарена површина по категории на земјиште во ха, тип на горлив материјал, тип на пожарот според категории, наклон на теренот(инклинација}, експозиција(изложеност}, температура на воздухот, правец и брзина на ветерот, релативна влажност на воздухот број на гасначи кои учествувале во гаснењето, алат - опрема употребена при гасењето на пожарот, техника и тактика употребена при гаснење/ локализирање на пожарот, вкупни трошоци остварени при гасењето на пожарот (по категории), вкупна штета причинета од пожарот (по категории), опожарени млади насади од шумски култури и други директни штети." {3) Податоците од став (2) на овој член Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми "Македонски шуми" и другите субјекти задолжени за управување со шумите во заштитените подрачја ги внесуваат во Македонскиот информативаен систем за шумски пожари во рок од осум дена од денот на гаснење на пожарот. (4) Државниот инспекторат за шумарство и ловство ги проверува внесените податоци во Македонскиот информативаен систем за шумски пожари. Член 3 Регистарот на шумските пожари се воспоставува и води во пишана и електронска форма. Член 4 Податоците за шумските пожари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги доставува до меѓународните органи и институции на нивно барање, како и до други државните органи и правни лица кога овие податоци и информации им се потребни за извршување на задачи пропишани со закон во рамките на нивната надлежност. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 09- 3596/2 7 мај 2015 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, м-р Михаил Цветков, с.р.