Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the method of conducting a health examination and the method of taking samples of fruit species and vines over which phytosanitary monitoring is carried out

Made 2013-07-24 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за начинот на спроведување на здравствен преглед и начинот на земање на примероци на овошни видови и виновата лоза над кои се врши фитосанитарен мониторинг.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Food and nutrition, Cultivated plants
Keywords
fruits/edible nuts, inspection, vegetables/legumes, hygiene/sanitary procedures, food safety and quality, international trade, viticulture/oenological practices, plant protection, seeds/planting material, plant production
Categories
*, agriculture

Where to read it

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Согласно член 9 - 6 став (2) од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11 и 69/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕН ПРЕГЛЕД И НАЧИНОТ НА ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИ НА ОВОШНИ ВИДОВИ И ВИНОВАТА ЛОЗА НАД КОИ СЕ ВРШИ ФИТОСАНИТАРЕН МОНИТОРИНГ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на спроведување на здравствен преглед и начинот на земање на примероци при вршење на фитосанитарен мониторинг на овошните видови и виновата лоза. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: Примерок е мало количество на растенија кое е земено на соодветен начин и ја претставува содржината на целокупниот растителен материјал кој е предмет на лабораториска анализа. Партија е определен број или количество од една иста сорта, класа, производител, која е идентификувана по својата хомогеност и потекло или е донесена од иста парцела. Пратка е количество на растенија, растителни или други производи наведени во документ, потребен за вршење на царински или други контроли, за добивање на фитосанитарен сертификат или друг алтернативен документ или ознака. Пратката може да биде составена од еден или од повеќе лотови (партии). Начинот на спроведување на здравствен преглед е редовно вршење на визуелни прегледи во одредени фенофази на развој на овошните видови и виновата лоза, при што се следи присуството, односно отсуството на штетните организми или нивните симптоми. Начинот на земање на примероци подразбира подготовка на растенијата од овошните видовии виновата лоза со испраќање за лабораториска анализа во соодветните овластени лаборатории. Член 5 Спроведувањето на здравствен преглед на овошните видови и виновата лоза се врши на местата на производство, местата на увоз и местата на складирањеи дистрибуција. За секој извршен здравствен преглед на овошните видови и виновата лоза на местата на производство, местата на увоз и местата на складирање и дистрибуција се составува записник согласно Правилникот за временски периоди и начинот на вршење нафитосанитарна инспекција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети наведени во Листа У дел А секција 1 и Листа У дел А секција 2. Член 4 Времето на вршење на визуелните прегледи на овошните видови и виновата лоза се одредува врз основа на животниот циклус на штетните организми, нивната биологија и патологија, како и фенофазите на развој на растението домаќин. За откривање на штетни организми на овошните видови и виновата лоза, фитосанитарниот мониторинг се спроведува на целата територија на Република Македонија. Здравствениот преглед на овошни видови и винова лоза опфаќа вршење на еден или повеќе визуелни прегледи во зависност од тоа каде се вршати тоа на: местата на увоз; местата на производство и местата на складирање и дистрибуција; При спроведување на здравствениот преглед, предмет на визуелен преглед се овошниот и лозовиот саден материјал, како и повеќегодишните овошни и лозови насади поради навремено откривање на штетните организми. Член 5 Здравствениот преглед на местата на увоз го спроведуваат државните фитосанитарни инспектори преку визуелни прегледи на растителни пратки од овошен и лозов саден материјал, калеми, подлоги, костилки или семиња за производство на подлоги и тоа според следната шема: на партија до 100 броја се прегледува секој примерок; на партија од 101 - 5000 броја се прегледува секој петти, но не помалку од 100 броја; на партија од 2001 - 10 000 броја се прегледува секој дваесетти, но не помалку од 100 бројаи на партија над 10 000 броја се прегледува секој пеесетти, но не помалку од 200 броја. Член 6 Земањето на примероци за лабораториска анализа на местата на увоз се врши при визуелниот преглед на материјалот, со одвојување на сите сомнителни растенија. Тие растенија го сочинуваат примерокот за лабораториската анализа, кој се праќа во овластена лабораторија. При тоа не треба да се отстранува почвата од земениот примерок. Подготовка на примерокот за лабораториска анализа се врши на начин даден во Прилог1 које составен дел на овој правилник. Растенијата кои се земаат како примерок треба да бидат цели, да не се расекуваат и да бидат спакувани во пластичен плик (кеса), со цел материјалот да остане во свежа состојба и така подготвени се испраќаат на лабораториска анализа, при што земениот примерок треба да биде придружен со официјален записник. Член 7 Големината на земениот примерок на местата на увоз зависи од големината на партијата која е предмет на визуелен преглед и се одредува на следниот начин: од секоја партија до 3 000 броја се земаат четири броја на растенија или осум калеми; од партија до 10 000 броја се земаат шест броја на растенија или 12 калеми и од партија над 10 000 броја се земаат десет броја на растенија или 20 калеми. Земањето на примероци од семиња или костилки за подлоги се одредува на следниот начин: од секоја партија до 3 Кд. или 3 000 броја се земаат по 20 дг. или по 20 семиња/костилки и од партија над 3 Ко. или над 3 000 броја се земаат по 30 дг. или по 50 семиња/костилки. Член 8 Спроведувањето на здравствениот преглед кај овошните видови на местото на производство (расадници, матични насади и повеќегодишни овошни насади) започнува со определување на контролните точки во расадниците и овошните насади на кои се вршат визуелни прегледи. Здравствениот преглед на контролните точки опфаќа два до три визуелни прегледи на иста производна парцела во текот на една вегетациска година. При здравствен преглед на расадниците треба да се посвети особено внимание на: отпорноста на различните овошни видови кон карантинските штетни организми; матичните насади и вегетативните матичници и секоја нова и непозната појава на симптоми на болести кај растенијата. При здравствен преглед на повеќегодишните овошни насади, изборот на местата за визуелни прегледи се определува според: годината на подигање на овошниот насад и големината на производната парцела; потеклото на овошниот саден материјал (увезен или домашно производство) И степенот на отпорност на различните овошни видови како и присуството на плевел- домаќин, отпорен на карантинските штетни организми. Член 9 За утврдување на присуството на бактерии во расадниците и повеќегодишните овошни насади (на местата на производство), при визуелниот преглед се следи дали има присуство, односно отсуство на симптоми од следните бактерии: бактериска пламеница - Егиѓпѓа атујочога; бактериоза на праската и нектаринката - Рееидотопа5 5ујпдае ру. Регојсае и бактериска сачменка на коскестото овошје - ХапЕнотопа5 агротсо|а рм. Ргип!. Член 10 Растенија домаќини на бактериската пламеница - Егмјпѓа ату|оуога се овошните видови: јаболка, круша, дуња и мушмула. Здравствениот преглед за утврдување на присуство на бактериската пламеница - Егмјпја атујоуога се спроведува во пет фази: а) Прва фаза - преглед пред цветање; 6) Втора фаза - преглед за време на цветање; в) Трета фаза- преглед за време на заврзување и г) Четврта и петта фаза - преглед на леторастите. Најсоодветен период за здравствен преглед на бактериската пламеница (Егитпѓа атујоуога) е од третата до петтата фаза. Спроведувањето на здравствен преглед од фазите во ставот 2 на овој член се врши согласно Прилог 2 кој е составен дел од овој правилник. Член 1 Растенија домаќини на бактериска сачменка на коскестото овошје и бактериозата Хапкнотопа5 агБотсо!а ру. ргипѓти Роеидотопа5 зујпдае ру. се овошните видови: праска и нектаринка. Здравствениот преглед за утврдување на присуството на бактериска сачменка на коскестото овошје и бактериозата Хапкнотопа5 агропсоѓа ру. ргипѓ и Рзеидотопа5 з5уппдае ру. се спроведува во две фази: а) Прва фаза - при почнување на сокодвижењето и распукување на пупките и 6) Втора фаза - во текот на летото и почеток на есента. Спроведувањето на здравствен преглед од фазите во ставот 2 на овој член се врши согласно Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник. Член 12 Начинот на земање на примероци за бактериолошка лабораториска анализа од местото на производство зависи од видот на растението. При утврдување на карактеристичните симптоми причинети од бактерии во овошните насади треба да се земат примероци од сомнителни - болни растителни делови заедно со границата меѓу здраво и мртво ткиво. Примерокот за бактериолошка анализа кој се зема од овошните насади се состои од пет до десет броја на растителни делови од п - број на растенија со карактеристични симптоми. При земањето на примерокот потребно е да се избегнува земање на листови од врвните делови на младите гранчиња. При визуелен преглед на родните дрва во овошните насади, примерок се зема од определените делови на секое второ растение согласно шемата дадена во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Земањето на примероци при преглед на матични насади и вегетативни матичници се врши согласно шемата дадена во Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник. Од матичните насади и вегетативните матичници како примерок за бактериолошка лабораториска анализа се земаат од три до пет броја растителни делови од едно дрво. Член 15 За утврдување на присуството на вируси во расадниците и повеќегодишните овошни насади (на местата на производство), при визуелен преглед се следи дали има присуство, односно отсуство на симптоми од следните вируси: пролиферација на јаболкото - Аррѓе рго егаНоп тусор!азт; шарка на коскестото овошје - Рит рох мги5; неповирус - Тотаќо ппдчроќ перомиги5 и угинување на крушата - Реаг Чесјпе тусорѓаот. Член 14 Растение домаќин на пролиферацијата - Аррѓе рго! егаНоп тусорѓа5т е јаболкото. Визуелниот преглед се врши еднаш во текот на вегетациската сезона, во периодот од почетокот на септември до почетокот на октомври. При визуелениот преглед се следат промените во морфологијата и бојата на лисјата, обликот, големината и бојата на плодовите, периодот на цветање, должината на петелките на плодот, како и начинот на разгранување на секундарните гранчиња на врвовите од родните гранки, односно појавата на „вештерски метлички“. При визуелен преглед треба да се внимава дали плодовите се ситни и неправилно формирани. Во периодот од втората до четвртата година инфицираното растение формира нормални плодови, како резултат на тоа што болеста е во латентна состојба. Член 15 Растенија домаќини на шарката на коскестото овошје - Р(ит рох мги5 се овошните видови: праска, слива, кајсија, цреша и вишна. Кога здравствениот преглед се спроведува набргу после инфекцијата, повеќето овошни видови не покажуваат симптоми на зараза што укажува на присуство на латентна инфекција. Отсуството на симптоми не значи дека растението е здраво и нема појава на инфекција. Во одредени случаи, симптомите на болеста може да се забележат само на неколку листови или плодови, по должината на неколку гранчиња, или може да бидат присутни низ целото дрво. Симптомите можат да се појават во пролет и рано лето, а исчезнуваат подоцна во потоплите периоди на летото. Кога ќе се појават симптоми, тие се дијагностички лесно препознатливи. Симптомите на заразените дрвја се манифестираат со: хлоротичност (пожолтување) и некротирани дамки (потемнување), расфрлани дамки, ленти или прстени. По должина на нервите на листот се појавува светло жолтеникава боја, искривување и деформација на листовите и промена на бојата на листовите по должината на нервите, особено на црвено обоените листови од некои украсни Ргипи5 видови. Некои чувствителни сорти на сливи може да манифестираат и расцепување на кората. При визуелен преглед на цветот се следи дали кај некои чувствителни сорти на праска се појавуваат обезбојувања на венечните ливчиња на цветот, како и на ливчињата од некои чувствителни сорти на слива. При визуелен преглед на плодовите од слива се следи дали има присуство на следните симптоми: потемни прстени или дамки на лушпата - често придружени со смола; црвеникава промена на бојата на месото; значителни деформитети на плодот и предвремено опаѓање, 20 до 50 дена пред нормалната зрелости плодовите се меки, имаат помалку содржина на шеќер, не се вкусни и не се погодни за продажба. При визуелен преглед на плодовите од праска и кајсија се следи дали се присутни: слабо пигментирани жолти прстени или појава на линии и појави на деформитети кај плодовите, кои може да бидат со неправилна форма и да развијат некротични или кафеави мртви ткива. Типична е и појава на прстени и дамки на површината на костилката. Член 16 Растенија домаќини на неповирусот - Тотаќо ппдороќ пером(ги5 се овошните видови: праска, слива, кајсија, цреша и вишна. Оптимален период за вршење на визуелен преглед е во мај, кога се следи дали на овошките се присутни карактеристични симптоми. Визуелниот преглед се врши така што кај заразените растенија на површината на листот се забележува формирање на светлозелени до светложолти дамки со нерамни краеви по должина на главниот нерв на листот или на страничната нерватура. Се следи дали има формирано розети од ситни лисја кои често пати се изобличени, прошарани или целосно жолти и набргу угинуваат. Плодовите се ситни и неправилно формирани. Член 17 Растение домаќин на микоплазмата - Реаг ДесПпе тусорѓат е крушата, кај која настанува угинување како последица на инфекцијата од овој вирус. Визуелните прегледи се вршат два пати во текот на вегетацијата, од јуни па се до средината на септември. При визуелен преглед на овошки на крушата може да се забележат лесно воочливи симптоми, иако тие можат да бидат слични на симптомите од другите причинители, посебно ако се настанати од надворешни абиотски фактори (суша и сл.). Симптомите на бавно пропаѓање кај крушата се: помалку листови на овошката, кои се ситни, црвени и со свиткани рабови кон лицето. Плодовите се ситни и со лош квалитет. Можен е брз развој на симптомите што доведува до нагло пропаѓање. При нагло пропаѓање, заразеното растение одумира во неговата внатрешност од неколку дена до неколку недели, на што му претходи црвенеење и свиткување на листовите, а обично се случува во лето кога овошката е под дополнителен стрес поради суша и високи температури. При наглото пропаѓање, видлива е кафеава некротична линија на спојот помеѓу подлогата и питомката на овошката. Член 18 Земањето на примерок за вирусолошка лабораториска анализа се спроведува така што од едно растение се зема еден примерок согласно шемата дадена во Прилог 5 на овој правилник, или еден примерок се зема од неколку растенија, кај кои постои или не постои присуство на карактеристични симптоми согласно шемата дадена во Прилог 4 на овој правилник. Примерок се зема и во случај на сомневање дека постои инфекција. Растителните ткива кои се земаат како примерок не треба да бидат исушени (некротизирани), што е најкарактеристича појава кај листовите. Ако материјалот е исушен, резултатите од анализата ќе бидат негативни, дури и во случаи кога растението е инфицирано од вирус или фитоплазма. Заедно со земените примероци во лабораторија се испраќа и визуелно здрав (контролен) примерок (К-). Тој треба да е од иста сорта, одгледуван под истите услови и во истиот фенолошки стадиум. Член 19 За вирусолошка лабораториска анализа се земаат примероци од: лисја - до 25 броја од едно растение (се избираат млади лисја или лисја со симптоми, од различни гранки по четири броја од пет гранки) и леторасти - од пет до шест броја резници од едно дрво заедно со листовите (со должина од околу 20 ст. и со дебелина од околу 1,5 до 2 ст., земени од различни делови на круната). При земањето на примероци, потребно е да се обележи стеблото и/или да се запише неговото место во насадот (ред и растојание). Земените примероци се пакуваат во влажна хартија, се означуваат со броеви и се ставаат во соодветна кеса за транспортирање до лабораторија. Начинот и времето на чување на земениот примерок согласно став 1 од овој член е даден во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник, се прифатливи само доколку како примерок се земе растителен материјал кој е во беспрекорна состојба (без некроза, габи и сл.). Секое почетно оштетување на примерокот, прекумерната влажност или смрзнување во термо-торбата, доведува до намалување на времето на чување, дури и до неможност за извршување на лабораториската анализа. Член 20 Групирањето на неколку растенија во еден збирен примерок не е пожелно, освен во случаите кога: растенијата се групирани и се од една иста сорта, растенијата се со исти симптоми или се без симптоми или примерокот се состои од максимум десет растенија, во кој случај се применува шемата дадена во Прилог 4 на овој правилник. Доколку се зема примерок од страна на фитосанитарниот инспектор на начин утврден во став 1 од овој член, истото треба да се наведе како забелешка во записникот за земање на примероци. Член 21 Растенија домаќини на кафеавото гниење на плодовите - Моп!пѓа Гиснсоја (МЛпкег) Нопеу се овошните видови: праска, цреша, јаболка, круша, слива и кајсија. При визуелен преглед на плодовите заразени со Моп!пѓа ѓгиснсоГа (МИпќег) Нопеу како симптоми најпрво се забележуваат мали вдлабнати воденести дамки кои многу бргу преминуваат во кафеава боја и за краток период зафаќаат поголема површина од плодот, предизвикувајќи типично гниење. Оваа габа, првенствено ги напаѓа видовите од родот Ргипи5, но е присутна и кај родовите: Ма!и5, Руги5, Судопѓа, СПаепоте!|е5, Ате|апсНтег, КиБи5 и МИј5. Цветовите и лисјата покафенуваат и угинуваат, додека заразените леторасти исто така покафенуваат и визуелно јасно се одвојуваат од здравите гранчиња. При допир тие се еластични како гума, а при влажно време на повредите се јавуваат конидии со конидиофори. Зафатениот дел од плодот е мек и на него поради спорулација на габата, набргу почнуваат да се појавуваат добро видливи сиви „јастучници“. Тие најчесто се развиваат многу густо, така што во повеќето случаи се во вид на густа сивкаста превлака која делумно или целосно го прекрива плодот. Визуелниот преглед се врши на плодовите од праска на кои што се следи дали има присуство на горенаведените симптоми. При визуелен преглед треба да се внимава на МопИтпѓа Гиснсоја која се јавува пред крајот на вегетацијата, но создава проблеми и во текот на складирањето на плодовите и развива брза резистентност кон примената на фунгициди. Член 22 Земањето на примерок за миколошка лабораториска анализа се спроведува така што за примерок се одбираат оние плодови на кои се видливи симптомите опишани во член 21 од овој правилник и евентуална појава на спорулација на габата од родот Мопитпѓа. Еден примерок го сочинуваат еден до пет плодови кои се ставаат во трослојна хартиена кеса, добро се затвораат и што е можно побргу се доставуваат до овластената лабораторија. Во случај кога нема можност примерокот да се достави до лабораторија истиот ден, потребно е привремено да се чува во ладилник. Како примерок за лабораториска анализа може да се земат и гранчињата со сива до кафеава боја на кората со смолотечење и/или спороносење. Тие се режат и пакуваат. Член 25 Растенија домаќини на калифорниската штитеста вошка - Оџадгазр!Чтоќи5 регп!сто5и5 Сот5ѓ. се овошните видови: јаболко, круша, јапонско јаболко, мушмула, праска и бадем. Визуелниот преглед на расадниците и матичните насади се врши еднаш годишно. Оптимален период за визуелен преглед во матичните насади е пред да се земат калеми (јуни), како и пред земање или манипулирање со резници (септември -октомври). Во расадниците и матичните насади визуелните прегледи се вршат според следниот распоред: 1. до ОД Ра - се прегледуваат 40 дрвја; 2. до 0,2 Ра - се прегледуваат 70 дрвја; 5. до 0,5 На - се прегледуваат 80 дрвја; 4. до 0,5 На - се прегледуваат 150 дрвја; 5. до 1 Ра - се прегледуваат 250 дрвја и 6. над 1 На - се прегледуваат 400 - 500 дрвја. Член 24 Земањето на примерок за лабораториска анализа на калифорниска штитеста вошка се врши со земање на леторасти со должина од 20-25 см од двегодишно дрво и тоа во периодот јуни-јули, а во септември-октомври земањето на леторасти може да се врши и од едногодишно дрво. Вкупната количина на примерок од една иста сорта во насадот треба да содржи од десет до петнаесет гранчиња со должина од 20 до 25 ст. Примерокот за лабораториска анализа се состои од: гранче со должина од 20-25 ст. заедно со штитести вошки; собрани штитести вошки во епрувета со 7075 алкохол или подготвен микроскопски препарат. Член 25 Земањето на примерок за лабораториска анализа на почва пред подигање на нов овошен насад се врши доколку на парцелата на која се планира подигање на нов овошен насад претходно била одгледувана повеќегодишна култура во последните пет години или е угар. Почвените примероци треба да се земаат на длабочина од 60 ст. (со помош на сонда со должина од 60 ст. и дијаметар на отворот од 5 ст.). Слична постапка се применува и кога на истата парцела претходно биле одгледувани други култури (тутун, репа, пченка, пченица, детелина, луцерка, домати, компир, соја и др.). Почвените примероци треба да се земаат од места каде што е забележан забавен раст на претходната култура. Доколку на полето има само плевел, земањето на примероци се извршува околу плевелите, на длабочина од нивниот коренов систем. На почви со различен почвен тип, при подготовката, односно при обработката на почвата, треба да се земе почвена проба од секоја парцела посебно. Еден примерок се зема на секои 5 На, каде што се прават 20 убоди со сонда на длабочина од 60 ст., со дијаметар на сондата од 3 ст. Големината на примерокот е 1,5 ка / 900 т! почва. Земањето на примероците треба да е во форма на буквата „МИ“, со движење по дијагонала или по тип на „решетка“. Примерокот кој содржи почва и корења треба да се стави во полиетиленска кеса која е затворена и јасно е означена. Примерокот не се остава на сонце, односно се чува на температура од 4"С до 10"Си треба да се испрати во што е можно покус временски период до лабораторија за анализа на нематоди. Примероците се земаат кога почвата е влажна, односно една недела после дожд или наводнување. Не е препорачливо земање на примерок кога почвата е сува, затоа најдобар период за земање на примерок е почетокот на пролетта или доцна есен. Земањето на примероци при здравствен преглед на терен непосредно пред подигање на овошните насади и здравствен преглед секоја година во вегетацијата се врши согласно шемата дадена во Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник. Член 26 Земањето на примерок за лабораториска анализа на почва пред подигање на овошни расадници се спроведува преку земање на почвени примероци за испитување на присуството на нематоди, како и за лабораториска анализа за присуство на микози. За лабораториска анализа за присуство на микоза која предизвикува рак на компирот (5упснукпит епдоБтоНсит), се зема примерок од почва во количина од околу 1ка./600 т!. почва на секои 0,5 Ра., која се состои од 6О подпримероци земени на длабочина од 20 ст. За лабораториска анализа на цистолики нематоди, на секои 1 Па површина се зема примерок од почва со волумен од 400 т!./0,7 Ка. почва, која се состои од 30 подпримероци, земени на длабочина од 10 ст. со сонда со дијаметар од 1,5 ст. Од една парцела се зема еден примерок со соодветна големина која што одговара на големината на површината, а во дневникот на лабораторијата се запишува еден примерок кој се дели на подпримероци за лабораториска анализа. За помали површини пропорционално се намалува големината на почвениот примерок а за поголеми површини се зголемува големината на почвениот примерок. Најсоодветен период за земање на почвен примерок е март-април, односно пред подигнување на овошниот расадник. За анализа на нематоди (вектори на вируси), односно за откривање на ектопаразитни (Спсопетоје5, Рагаќуепсни5, ТтсПодоги5, Хритета, Џопдиоги5 и Рагаопаѓтдоги5) и ендопаразитни (Меѓотдодупе, Нејсокуепсни5, РгаќуепсНи5 и ВокуѓепсНи5) нематоди, се зема еден примерок на 1 На, така што секој примерок е со големина од 2,5 Ка./1500 т!. Секоја парцела се дели на 0,2 ха, од кои се земаат по 20 подпримероци со сонда на длабочина од 60 ст. и со дијаметар на сондата од 3 ст. На секој земен примерок се наведува видот на потребната анализа. Исто така, потребно е прецизно придржување на начинот на земање на примероци за секој штетен организам посебно. Член 27 Спроведувањето на здравствен преглед кај виновата лоза на местото на производство (расадници и повеќегодишни лозови насади) започнува со определување на контролните точки во расадниците и лозовите насади на кои ќе се вршат визуелни прегледи. Здравствениот преглед на контролните точки опфаќа два до три визуелни прегледи на иста производна парцела во текот на една вегетациска година. При здравствен преглед на повеќегодишните лозови насади, изборот на местата за визуелни прегледи се определува според: годината на подигање на лозовиот насад и големината на производната парцела; потеклото на лозовиот саден материјал (увезен или домашно производство) И степенот на отпорност на различните сорти на винова лоза и присуството на плевел/домаќин отпорен на карантинските штетни организми. При здравствен преглед на расадниците треба да се посвети особено внимание на: отпорноста на различните сорти на винова лоза кон карантинските штетни организми; матичните насади и вегетативни матичниции секоја нова и непозната појава на симптоми на болести кај растенијата. Член 28 За утврдување на присуството на бактеријата Ху|еНа а5најоза МИе5 ек а. чиј што домаќин е виновата лоза, во расадниците и повеќегодишните лозови насади (на местата на производство) при визуелен преглед се следи присуството на симптоми од оваа бактерија. Бактеријата Хуѓеја азичкоза М/е!5 ек а!. се пренесува преку вектори од следните фамилии на штетни организми: СтсадеШпае, Сегсориае: Нотаѓодјеса соадијаќе, Напоојка, Опсотеќорѓа огропа, Огарпосерпра!а чмегоиќа и Сиегпа созкаќ5, кои хранејќи се во период од два часа го задржуваат и носат патогенот до крајот на својот живот. Првиот визуелен преглед се врши во текот на пролетта кон крајот на април и почетокот на мај, при што се следи дали има присуство на следните симптоми: намален раст на болните лози, појава на џуџести растенија и појава на деформации на листот. Развојот на таквите растенија започнува подоцна. Вториот визуелен преглед се врши во текот на јуни. При тоа се следи дали се присутни следните симптоми: појава на изгореници по периферијата на листовите која се шири и за кратко време ја опфаќа целата лиска. Лисјата венеат и паѓаат, а рачките остануваат да висат на леторастите. При послаб напад околу дамките од изгореници, во зависност од сортата на лозата, ткивата пожолтуваат или поцрвенуваат. Третиот визуелен преглед се врши во текот на јули - август - септември. При тоа се следи присуството на следните симптоми: леторастите не узреваат, а при пресек на дрвесината се забележуваат жолтеникаво кафеави линии; во спроводниот систем се формираат смолести супстанци кои предизвикуваат затнување на спроводните садовии растенијата венеати плодовите од грозје поцрнуваат. Венењето и сушењето настанува брзо кај младите лози, додека кај постарите подоцна после три до четири години. Член 29 За утврдување на присуството на бактеријата ХујоррИи5 атрејпи5 (Рападорои!о5) Мет“ ека. чиј што домаќин е виновата лоза при визуелен преглед се следи присуството на симптоми од оваа бактерија. Првиот визуелен преглед се врши во периодот мај - јуни. При тоа се следи дали се присутни следните симптоми: по стеблото се појавуваат надолжни црвено-кафени дамки кои постепено се зголемуваат од основата кон врвот на леторастите. Се појавуваат пукнатини и задебелувања, досегнувајќи до срцевината. Ткивото на стеблото при напречен пресек е темно-кафеаво. Вториот визуелен преглед се врши во периодот август - октомври. Во ова фаза, симптомите на болеста личат како оние кои ги предизвикуваат габите (РНотор5/5 уисоја, Еиѓура Гаќа) и патогените вируси и тоа: болните стебла формираат многу пупки кои се распукуваат и угинуваат; цветовите и гроздовите на лозата поцрнуваат и венеат и по лисјата се појавуваат аглести црвено-кафеави дамки и врвовите се обојуваат. При навлегување на инфекцијата во спроводните садови, тие брзо одумираат. При дождливо време или висока влажност на воздухот се забележува светло-жолт бактериски ексудат на инфицираните листови. По корењата се појавуваат кафеави дамки слични на оние на стеблото. Член 20 Земањето на примероци за бактериолошка лабораториска анализа од местото на производство се врши доколку се утврди присуство на карактеристичните симптоми причинети од бактерии. Во лозовите насади треба да се земат примероци од сомнителни/болни растителни делови заедно со границата меѓу здраво и мртво ткиво. Примерокот за бактериолошка анализа се состои од пет до десет броја на растителни делови од п - број на растенија со карактеристични симптоми. При земање на примерокот потребно е да се избегнува земање на листови од врвните делови на младите ластари. Во расадниците за производство на лозов саден материјал, како примерок за бактериолошка лабораториска анализа се земаат од три до пет броја растителни делови од едно растение. Член 51 За утврдување на присуството на вирусот Сгаремпе Начезсепсе догее (ЕП) чиј што домаќин е виновата лоза, при визуелен преглед се следи присуството на симптоми од овој вирус. Како домаќин на овој вирус, се јавува и лозовиот саден материјал. Најзначаен вектор на овој вирус е: 5сарпојеи5 Шкапи5 Ва!. Ларвите се јавуваат во месец мај, додека возрасните се јавуваат кон крајот на јуни и се присутни се до почетокот на септември. Првиот визуелен преглед се врши во периодот јуни/јули. При тоа се следи присуството на следните симптоми: забавен раст, а понекогаш и недостаток на прираст на леторастите, лисјата пожолтуваат или поцрвенуваат. Симптомите се видливи на дел од лиската или по целото растение. Вториот визуелен преглед се врши при крајот на август па се до октомври. При тоа се следи присуството на следните симптоми: по леторастите се јавува слаба лигнификација и истенченост, недоволен процес на одрвенување во делот на интернодиите кои изгледаат како гумирани, лесно кршливи и свиснати надолу. На заболените гранчиња се формираат повеќе црни брадавици, а листовите се тврди, под притисок пукаат и краевите се свиткуваат надоле. Има отстапување од нормалното обојување. Листовите кај белите сорти пожолтуваат, а кај црвените сорти поцрвенуваат. При појава на симптомите од ставовите 3, 4 и 5 од овој член, треба да се земат примероци и да се испратат до овластена лабораторија. Член 22 За утврдување на присуството на вирусот Тотаќо "пачроќ перомги5 (ТоВ5У/) чиј што домаќин е виновата лоза, при визуелен преглед се следи присуството на симптоми од овој вирус. Најзначаен вектор на овој вирус е Хррпета атетнсапит. Нападнатите коренчиња поцрнуваат, одосно се јавува силна некроза. Краевите им се завиткуваат и формираат еднострани испакнатини. Првиот визуелен преглед се врши во јуни - јули, додека вториот визуелен преглед се врши во септември. При тоа се следат следните симптоми, кои што се забележуваат девет седмици по будењето на лозата: по леторастите се појавуваат кружни дамки, листовите се со различно обоени делови, мали со димензии, формирајќи метличка со изразито скусени интернодии, кај гроздовите се јавува неправилна форма и голем број на абортирани зрна. При отстранување на кората на заразената глава или стебло се забележува меко габно флоемно ткиво со бројни некротични вдлабнатини. Член 53 За утврдување на присуството на вирусот ТоБассо ппазрокќ перомги5 (ТВО) чиј што домаќин е виновата лоза, при визуелен преглед се следи присуството на симптомите од овој вирус. Најзначаен вектор на овој вирус е Хррјпета атенсапит. Нападнатите коренчиња поцрнуваат, одосно се јавува силна некроза. Краевите им се завиткуваат и формираат еднострани испакнатини. Првиот визуелен преглед се врши во јуни - јули, додека вториот визуелен преглед се врши во септември. При тоа се следат следните симптоми, кои се забележуваат девет седмици по будењето на лозата: слаб пораст на лозата, при што на одредени места таа одумира. Леторастите се со скусени интернодии и се свиснати. Лисјата се мали и видливо деформирани и растенијата се со намален раст. По гроздовите се јавуваат многу ситни зрна кои се со неправилна форма на проретчениот грозд. Член 54 Земањето на примероци од винова лоза за вирусолошка лабораториска анализа се врши од чокотите на виновата лоза кај која е забележано присуство на карактеристичните симптоми. Притоа се земаат два до три ластари со шест до седум листови (не поединечни листови) од истото растение. При земањето на примероци потребно е да се обележи виновата лоза и да се запише нејзиното место во насадот (ред и место во ред). Примероците треба што побрзо со ладилник да се пренесат до овластената лабораторија. При транспортот треба да се чуваат во ладилник на температура од -4?. С Член 25 Земањето на примероци од плодови на овошје и грозје може да се спроведува при вршење на здравствен преглед на растителните производи на лице место на увоз и местата на складирање и дистрибуција, при што примероците се земаат по случаен избор. По исклучок на став 1 од овој член во одредени случаи (отстапувања или било какви нарушувања), земањето на примероци треба да се спроведе селективно, за што треба да биде дефинирана нивната цел, т.е. штетните организми кои ќе бидат предмет на лабораториска анализа. Земањето на примерок се врши за да истиот ги претставува сите карактеристики на лотот. После изолацијата на оштетените делови од лотот, поединечни примероци треба да се земаат од оштетените делови. Лотот треба да биде подготвен на начин, да примероците може да се земаат без ограничување или задоцнување. Од секој лот посебно се зема примерок, но доколку лотот има оштетувања од транспортот, оштетените делови од лотот, треба да бидат изолирани и одвоено да бидат земени како примерок. Доколку пратката, не се смета како еднолична, дури и ако ова не е наведено од испраќачот, таа треба да биде поделена на подеднакви лотови и од секој лот се земаат примероци за лабораториска анализа. Член 26 Кога предметите на визуелен преглед се пакувани производи (во дрвен материјал за пакување, палети, торби и т.н.), примерокот се зема по случаен избор и тоа: до 100 еднакви пакувања во лотот ќе се земат пет броја на пакување на подпримероци, кои ќе го сочинуваат лотот; од 101 до 500 еднакви пакувања во лотот Ќе се земат седум броја на пакување на подпримероци, кои ќе го сочинуваат лотот; од 301 до 500 еднакви пакувања во лотот Ќе се земат девет броја на пакување на подпримероци, кои ќе го сочинуваат лотот; од 501 до 1000 еднакви пакувања во лотот ќе се земат десет броја на пакување на подпримероци, кои ќе го сочинуваат лотот и над 1000 еднакви пакувања во лотот ќе се земат 15 броја на пакување на подпримероци, кои ќе го сочинуваат лотот. Збирен примерок го сочинуваат најмалку пет подпримероци, кои треба да бидат земени од секој лот, соодветно на вкупната тежина или вкупниот број на пакувања и тоа: до 200 кг, односно до 200 пакувања/снопови во лотот, треба да се земе десет Кд. примерок, односно десет пакувања/снопови; од 201 до 500 Кд., односно од 201 до 500 пакувања/снопови во лотот, треба да се земе 20 кг примерок, односно 20 пакувања/снопови; од 501 до 1000 Кад., односно од 501 до 1000 пакувања/снопови во лотот, треба да се земе 30 Ка. примерок, односно 30 пакувања/снопови; од 1001 до 2000 Ко. односно од 1001 до 2000 пакувања/снопови во лотот, треба да се земе 60 Ка. примерок, односно 60 пакувања/снопови и над 5000 Кд., односно над 5000 пакувања/снопови во лотот, треба да се земе 100 Ка. примерок, односно 100 пакувања/снопови. Количината на плодови за лабораториски примероци зависи од видот на лабораториски анализи кои треба да се извршат при што: за ситно овошје, мушмула, ореви, лешници, бадеми, костени и останато овошје покрај подолу наведеното количина за лабораториски примерок изнесува 1 Кд.; за цреша, морела и слива количина за лабораториски примерок изнесува 2 Кд.и за кајсија, банана, дуња, цитрони, јаболко, праски, грозје, авокадо количина за лабораториски примерок изнесува 5 Ка. Примерокот треба да биде соодветно и добро спакуван, и што е можно побргу да се транспортира до овластената лабораторија. Член 57 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-207/4 Министер за земјоделство, 24 јули 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Прилог 4 Начин на земање на примерокот на местата на увоз Растенија . ѓ Секој примерок содруи опредепен број на цели растенија заедно со нивните корења. бел да се чистат.. Прилог 2 Период на спроведување на здравствен преглед за утврдување на присуство на бактериска пламеница Во првата фаза. преглед пред цветање. визуелен преглед кај јаболкото се врши во фаза на „ розова пупка". додека кај крушата се врши во фаза на . бела пупка". кога најчесто од раковините на кората од дрвото истекува ексудат. кој е карактеристичен дијагностички симптом. Таквите раковини се развиваат оќично на крајот на претходната сезана и се појавуваат како извори на примарна инфекција во следната сезона. Во втората фаза, преглед за време на цветање. визуелниот прегпед започнува во фенофазата „ масовна цветање“ и се врши два пати неделно, се до крајот на цветањето. Бо ова фаза кај цветовите се појавуваат првите симптоми на болеста, како резултат на примарната инфекција од старите рани или инфицираните папки. Најчесто како рани симптоми кои са набтудуваат на цветовите св јавува потемнување на чашкините листови и изгледот, а во некои случаи се јавуваат мапи капки на аксудат по цветната дршка. Во трета фаза, преглед за време на заврзување. визуелниот преглед се врши за време на активниот пораст на леторастите и јунското опаѓање на плодовите. Во четвртата и петтата фаза, преглед на леторастите. визуелен преглед се врши кога ќе престане растот. најчесто во јупи ипи пачетокот на август. Најкарактеристичен симптом во овој период е потемнување на петорастите и нивно свиткување во форма на „овчарски стап“. При поволни успови се појавуваат и капки на ексудат по нивната површина. Во фазата по опаѓање на листовите многу јасна се издвојуваат болните леторасти: по карактеристичната извиена форма (форма на овчарски стап) и по лисјата, кои не отпаѓаат. Прилог 3 Период на спроведување на здравствен преглед за утврдување на присустко на бактериска сачменка Во прва фаза. визуелниот преглед се врши ва текот на пропетта при почнување на сокодвижењето и распукување на пупките. Заразата се пренесува од старите рани кон младите леторасти. На врените делови од летсрастите се забележува смопоистекување и сушење, симптом познат како „црн врв“. Во втора фаза. визуепниот прегпед се врши во текот на петото и почеток на есента, кога се јавува секундарна инфекција. Најтипични симптами но овој период се забележуваат на лисјата, леторастите и плодовите. На мпадите листови при влажно време се јавуваат некротични дамки со дијаметар од 1 до 2 мм, ограничени со хпоротични краеви. Исто така и кај плодовите се јавуваат дамки со дијаметар од 1 до 2 мм. често покриени са ексудат, кој бргу покафенува. Прилог 4 Земање на примерок од родни дрва во овошни насади и подготовка на збирен примерок фБ. прв примерок од маркирани делови втор примерок ОД секое второ дрво од кое се земаат определените делови ѓ како примероци за пабораториска анализа. Примерокот за пабораториска анапиза е од обележани делови во редот. Природата на примероците е различна во зависност од испитувањата на карантинските штетни организми. Прилог 5 Земање на примерок од матични насади и вегетативни матичници Мат. насад и вегет. матичници се прегледуваат по спеднава шема: и 4 ЖАТ ХЕ „а еј Хи, “ја 44, му чуе хуџ и чу а ча ЊЕ : „тр ШЕЈО ЖЕ Т. ЕЕ ј АА и 1 и СЕЕ, ЗА, ЗА чуе кои ќа Х чхОЕ и ќа ТЕ бе је т ж Џи „Ј ТТ Џи. Зу ку АНА ДИ, За З0| 3 ДЕ Ц „ТУ Жт (УЈ ТТ цр Еден примерок од едно дрво Прилог 6 Начин и време на чување на земен примерок Вид на материјалот | Климатизирано Разладено Замрзнато Длабоко РИ (18- 25") 4едовесу | (до- 20“:0) | "Амрзнато (4 до 8"С) (до -- ВО?) 24 - 48 часа 1 недела 1 година 2 - 4 години Лисја Ако има заштита од Измерени. потоа замрзнати исушување Дрвни 1 недела 1 месец 1 година 2 - 3 години депови или | дко има зашита од Измерени. потоа замрзнати резници исушување Цели 6 месеца - 1 растенија 1 час 3 - 4 часа година 2 - 4 години

Regulation on the method of conducting a health examination and the method of taking samples of fruit species and vines over which phytosanitary monitoring is carried out · Nelum