Regulation on the manner of registering the providers of advisory services and on necessary records and documentation, as well as on the manner of keeping such records
Made 2010-10-01 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на запишување на давателите на советодавни услуги во евиденцијата и потребната документација за запишување во евиденцијата како и начинот на водење на евиденцијата.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development
- Keywords
- registration, data collection/reporting, agricultural development, legal proceedings/administrative proceedings, procedural matters
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 138 од 15.10.2010 година 1 од 4 20101382813 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 став 8 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ЗАПИШУВАЊЕ НА ДАВАТЕЛИТЕ НА СОВЕТОДАВНИ УСЛУГИ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА КАКО И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на запишување на давателите на советодавни услуги во евиденцијата и потребната документација за запишување во евиденцијата како и начинот на водење на евиденцијата. Член 2 (1) Запишувањето на давателите на советодавни услуги во евиденција на даватели на советодавни услуги се врши со претходно доставено барање за запишување во евиденција на давател на советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој поднесено од правното лице со примарна дејност давател на советодавни услуги. (2) Формата и содржината на образецот на Барањето за вршење на советодавна услуга е дадено во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Кон барањето за запишување во евиденцијата на даватели на советодавни услуги се поднесуваат следните документи: извод од Централен регистар на Република Македонија за основање и основна дејност; жиро сметка на корисникот на поддршката за советодавни услуги; даночен број на корисникот на поддршката за советодавни услуги; доказ за број на вработени од Агенција за вработување; диплома со која се докажува стручната оспособеност на носителот на советодавната услуга; документ за прифатливост на советодавните услуги согласно стратегиите за локален економски развој издадена од оние општини, општини на градот Скопје или градот Скопје, каде се води седиштето од тековната состојба издадена од Централниот регистар на Република Македонија; потврда дека нема долгови кон Управата за јавни приходи до денот за запишување во евиденција; потврда дека нема долгови кон Фондот за здравствено осигурување до денот за запишување во евиденција; потврда дека нема долгови кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до денот за запишување во евиденција; потврда за неосудуваност на одговорното лице во правното лице; потврда дека не се води постапка за стечај и ликвидација на правното лице и документ за тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија. Службен весник на РМ, бр. 138 од 15.10.2010 година 2 од 4 (2) Новооснованите правни лица регистрирани со примарна дејност за вршење на советодавни услуги кон Барањето за запишување на евиденцијата на даватели на советодавни услуги ги доставуваат следните документи: извод од Централен регистар на Република Македонија за основање и основна дејност; жиро сметка на корисникот на поддршката за советодавни услуги; даночен број на корисникот на поддршката за советодавни услуги; доказ за број на вработени од Агенција за вработување; диплома со која се докажува стручната оспособеност на носителот на советодавната услуга; документ за прифатливост на советодавните услуги согласно стратегиите за локален економски развој издадена од оние општини, општини на градот Скопје или градот Скопје, каде се води седиштето од тековната состојба издадена од Централниот регистар на Република Македонија; потврда за неосудуваност на одговорното лице во правното лице и потврда дека не се води постапка за стечај и ликвидација на правното лице. Член 4 (1) За даватели на советодавни услуги се води евиденција во книги за евиденција на даватели на советодавни услуги. (2) Во книгите од став 1 од овој член одделно се води евиденција за даватели на советодавни услуги и тоа за: јавни институции од областа на образованието и научно-истражувачката работа за земјоделство, шумарство и водостопанство; национални здруженија на земјоделски производители и приватни сопственици на шуми и правни лица основани за вршење на дејност од областа на советодавни услуги во земјоделството, шумарството и водостопанство. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 16-8104/8 Министер за земјоделство, 1 октомври 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 138 од 15.10.2010 година 3 од 4 Службен весник на РМ, бр. 138 од 15.10.2010 година 4 од 4