Regulation on the manner of performing monitoring and control of the presence of residues, contaminants, unauthorized substances, raw materials and products in animal feed and the manner of performing official controls and procedures for monitoring and control of residues, contaminants, unauthorized substances, raw materials and products in animal feed
Made 2017-09-06 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуство на резидуи, контаминенти, недозволени супстанции, сировини и производи во храна за животни и начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи, контаминенти, недозволени супстанции, сировини и производи во храна за животни.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal feed/feedstuffs, residues, monitoring, inspection, procedural matters
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 128 од 14.9.2017 година 20171282633 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 76-а став (9) од Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА МОНИТОРИНГ И КОНТРОЛА НА ПРИСУСТВО НА РЕЗИДУИ, КОНТАМИНЕНТИ, НЕДОЗВОЛЕНИ СУПСТАНЦИИ, СИРОВИНИ И ПРОИЗВОДИ ВО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ И НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ КОНТРОЛИ И ПОСТАПКИТЕ ЗА МОНИТОРИНГ И КОНТРОЛА НА РЕЗИДУИ, КОНТАМИНЕНТИ, НЕДОЗВОЛЕНИ СУПСТАНЦИИ, СИРОВИНИ И ПРОИЗВОДИ ВО ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на вршење на мониторинг и контрола и начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи, контаминенти, недозволени сусптанци, сировини и производи во храната за животни. Член 2 Мониторингот и контролата и официјалните контроли се спроведуваат од официјалните ветеринарни во сите фази на производство, преработка, складирање и дистрибуција на храната за животни согласно Годишната Програма за мониторинг на безбедност на храната за животни. Член 3 (1) Мониторинг се врши во сите фази на ланецот на безбедност на храната за животни, во фаза која е најсоодветна за одреден параметар, критериум или барање за безбедност на храна за животни. (2) Листата на фази на ланецот на безбедност на храна за животни, во кои се врши мониторингот е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (3) Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата), секоја година во декември за наредната, на основа на спроведената процена на ризик и утврдените наоди и несообразности во претходните три години (или помал временски период доколку се нема соодветни резултати) во Република Македонија и Европската Унија, како и препораките на Европската Унија, ги одредува фазите на ланецот на безбедност на храна за животни во кои се врши мониторингот. (4) Доколку одредена фаза на ланецот е исхрана е опфатена со друга мониторинг програма или програма на официјални контроли на Агенцијата или друг надлежен орган во областа на безбедноста на храната, ветеринарното здравство и фитосанитарна заштита, и добиените резултати ги задоволуваат целите на Агенцијата во поглед на безбедност на храна за животни, фазата може да се изостави од Програмата за мониторинг за безбедност на храна за животни, а добиените резултати се искористат во процената на ризик. (5) Мониторингот на безбедноста на храната се спроведува на различни видови или категории храна за животни. Службен весник на РМ, бр. од 128 од 14.9.2017 година 2 од 6 (6) Листата на видови и категории храна за животни за кои се врши мониторинг е дадена во Правилник за условите за ставање во промет на суровини за храна за животни, декларирањето и карактеристиките кои треба да бидат дадени на придружниот документ или на пакувањето и листа на суровини за храна за животни. (7) Агенцијата, секоја година во декември за наредната, на основа на спроведената процена на ризик и утврдените наоди и несообразности во претходните три години (или помал временски период доколку се нема соодветни резултати) во Република Македонија и Европската Унија, како и препораките на Европската Унија, ги одредува видовите и категории храна за животни за кои се врши мониторинг, локацијата и временскиот период кога се земаат примероци за лабораториско испитување. (8) Доколку одреден вид и категорија на храна за животни е опфатена со друга мониторинг програма или програма на официјални контроли на Агенцијата или друг надлежен орган во областа на безбедноста на храната, ветеринарното здравство и фитосанитарна заштита, и добиените резултати ги задоволуваат целите на Агенцијата во полето на безбедноста на храна за животни, видот или категоријата на храна за животни може да се изостави од Програмата за мониторинг за безбедност на храна за животни, а добиените резултати искористат во процената на ризик. (9) Мониторингот на храната за животни ги опфаќа следните активности: 1) земање примероци; 2) лабораториска анализа на примерокот и 3) постапување во случај на несообразен резултат. Член 4 (1) Предмет на мониторингот е само храната за животни наменета за исхрана на животни кои се користат за производство на храна. (2) Земањето примероци го вршат официјалните ветеринари во подрачните единици на Агенцијата во согласност со Програмата за мониторинг на безбедност на храна за животните за тековната година. (3) Земањето примероци се врши во објекти кои се запишани во регистерот на оператори со храна за животни, во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата на храната за животни, вклучувајќи ги и одгледувачите запишани во Регистарот на одгледувалишта за животни во Агенцијата. (4) Земањето примероци се врши во објектот, без најава на операторот со храна, на начин утврден во Прилог 1, точка 6.4 од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни. Потребно е да се земат најмалку три идентични примероци, за да операторот со храна за животни чии производи се предмет на анализа, добие доволен број примероци во случај да сака да побара дополнително стручно мислење. (5) Примероците треба да се земат во количина согласно Прилог 1, од Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни. (6) Најмалку еден примерок треба во најкус можен рок да се достави до Национална референтна или овластена лабораторија. За секој испратен примерок се составува посебен записник. (7) Најмалку еден примерок, соодветно спакуван и означен, останува кај операторот со храна за животни, доколку се појави потреба од дополнително стручно мислење. Службен весник на РМ, бр. од 128 од 14.9.2017 година 3 од 6 (8) За еден примерок за анализа на храна за животни, може да се побараат повеќе аналитички испитувања, но во тој случај, потребно е во записникот точно и недвосмислено да се означи кои лабораториски испитувања се бараат. Член 5 (1) За извршеното земање примероци, задолжително се изготвува записник. (2) Записникот се изготвува во четири примероци, при што, едниот примерок се врачува на одговорното лице во објектот во кој е земен примерокот, еден примерок се доставува до Агенцијата – Сектор за ветеринарно јавно здравство, Одделение за безбедност на храна за животни и исхрана на животните, еден останува во службената евиденција на официјалниот ветеринар кој го земал примерокот за анализа и еден примерок заедно со земениот примерок се праќа во лабораторијата. (3) Примерокот се доставува на анализа без одлагање, односно истиот ден кога е земен. Член 6 (1) Највисоко дозволените количини на непожелни супстанци во храната за животни се утврдени со Правилникот за листа на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво. (2) Националната референтна или овластена лабораторија ја известува Агенцијата за добиените резултати во рокови и на начин утврдени со Договор склучен помеѓу Агенцијата и националната референтна или овластена лабораторија. Член 7 (1) Во случај на добивање несообразен резултат во однос на прописите за храна за животни, официјалниот ветеринар треба да ги организира и спроведе мерките утврдени со член 95 од Законот за безбедност на храната за животни во што е можно пократок рок, односно веднаш по добивањето на несообразниот резултат. (2) Согласно член 77 од Законот за безбедност на храната за животни, сите трошоци настанати со спроведувањето на мерки одредени поради несообразниот резултат се на товар на операторот со храна за животни, за чиј примерок е добиен несообразен резултат. Член 8 Официјалните контроли од член 2 на овој правилник се спроведуваат со цел да се утврди: 1) безбедноста на храната за животни; 2) исполнување на одредбите од Програмата за мониторинг на безбедност на храна за животни; 3) исполнување на општите и посебните барања и услови и активности кои треба да ги исполнат и спроведат операторите со храна за животни за спречување и елиминирање на појавата на присуство на резидуи, контаминенти, недозволени супстанции, сировини и производи во храната за животни и 4) спроведување на мерките во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи, контаминенти, недозволени супстанции, сировини и производи. Службен весник на РМ, бр. од 128 од 14.9.2017 година 4 од 6 Член 9 (1) За документирање на контролните активности, преземени во рамките на официјалните контроли, официјалниот ветеринар изготвува месечен извештај за реализација на програмата. Месечниот извештај содржи податоци за: 1) односот помеѓу планираните и земените примероци; 2) бројот и видот на објекти во кои се земени примероци; 3) бројот и видот на барани испитувања и 4) резултатите од лабораториските испитувања. (2) Во месечниот извештај се наведуваат и преземените мерки во случај на несообразен резултат. Член 10 (1) При спроведување на Програмата за мониторинг на храната за животни од страна на официјалниот ветеринар во подрачната единица, потребно е да се одредат критериумите за одбирање на местото за земање примерок (објектот во кој ќе се зема примерок) и одредувањето на видот на примерокот (матрикс) во однос на бараната анализа. (2) При одредување на местото за земање примерок (објектот во кој ќе се зема примерок), се зема во предвид дека степенот на ризик е поврзан со видот на дејноста која се врши во објектот, производните капацитети на објектот, потеклото и видот на суровини. Во предвид треба да се земат и известувањата добиени преку RASFF системот. (3) Дејностите кои се вршат во одобрените објекти се со поголем степен на ризик во однос на оние кои се вршат во регистрираните објекти. (4) Бројот на земени примероци од одобрените објекти треба да биде значително поголем од останатите (регистрирани) објекти (вклучувајќи ги сушарите со директен метод на сушење). (5) При земање примероци на храна за животни за анализа од регистрирано одгледувалиште треба да се земат во предвид: 1) податоци за видот и бројот на животни кои се чуваат на одгледувалиштето; 2) податоци за потеклото на храната за животни (сопствено производство на суровини за храна за животни, производство на крмни смеси на одгледувалиштето, користење на протеини од животинско потекло, набавка на суровини од повеќе добавувачи итн); 3) податоци за околината (контаминација со тешки метали од почвата или влијание на штетни супстанции од воздухот); 4) влијание на метеролошките фактори (временските односно температурните влијанија на квалитетот на суровините за храна за животни); 5) податоци за манипулација/обработка на суровините за храна за животни (природно или вештачко сушење, силирање, начин на складирање); 6) податоци за користење на средства за заштита на растенијата; 7) податоци за користење на азотни ѓубриња и 8) податоци за сушарата: вид на сушара (стационарна/мобилна), метода на сушење (директна/индиректна), погонско гориво (природен гас, ВНГ-втечнет нафтен гас, мазут, дизел, друго). (6) При земање примероци од храна за животни за анализа од млинови и објекти за храна за животни треба да се земат во предвид: 1) објекти со најголемо производство на крмни смеси во подрачната единица; 2) објекти со поголем ризик; 3) објекти во кој со официјални контроли се утврдени неправилности и Службен весник на РМ, бр. од 128 од 14.9.2017 година 5 од 6 4) објекти кои увезуваат суровини за производство на крмни смеси (вклучувајќи ги и адитивите), како и објекти кои користат белковини од животинско потекло или произведуваат крмни смеси со висок процент на белковини (соина сачма, пченичен или пчекарен глутен). (7) При земање примероци од храна за животни за анализа од објекти за складирање на храна за животни треба да се земат во предвид: 1) објекти во кои се складира храна за животни од увоз, особено онаа со висока содржина на белковини, адитиви и премикси; 2) објекти во кои се складира сецкана шеќерна репка или други коренасти крмива; 3) објекти во кои се складираат преработени белковини од животинско потекло, вклучувајќи го и рибиното брашно, крмните смеси кои го содржат, производи од крв и крмни смеси кои ги содржат и 4) објекти со сушари: вид на сушара (стационарна/мобилна), метод на сушење (директен/индиректен), погонско гориво (природен гас, ВНГ - втечнет нафтен гас, мазут, дизел, друго). (8) При земање примероци од храна за животни за анализа од превозни средства заради контрола на вкрстена контаминација, треба да се има во предвид превозот на крмни смеси кои содржат преработени белковини од животинско потекло или медицинирана храна за животни или непакувани крмни смеси. Член 11 (1) За одредување на Афлатоксин Б1 примерок треба да се земе од пченка и крмни смеси кои ја содржат во голем процент, а се наменети за животни во лактација или за млади животни. (2) Во дождливи и влажни години препорачливо е да се анализира микотоксинот зеараленон, а доколку преовладувал сушен период Афлатоксин Б1. Останатите микотоксини треба да се одберат врз основа на видот на животни за кои е наменета храната која се испитува, земајќи ги во предвид специфичностите на секој микотоксин во однос на препорачаниот матрикс, како што е наведено во следнава табела: Микотоксини Крмни смеси кои содржат: Афлатоксин Б1 Пченица, пченка, јачмен, просо, соја (сојина сачма) Охратоксин А Пченица, зоб, јачмен, рж Зеараленон Пченка, пченица, јачмен, просо, сојина сачма, силажа (трева, легуминози, пченка) Член 12 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-2923/5 Агенција за храна 6 септември 2017 година и ветеринарство Скопје в.д. Директор, Зоран Атанасов, с.р. Службен весник на РМ, бр. од 128 од 14.9.2017 година 6 од 6 Прилог 1 Фази на ланецот на безбедност на храна за животни Примарно производство на суровини за храна за животни од растително потекло Производство и Увоз на суровини за храна за животни од животинско потекло (нуспроизводи од животинско потекло) Производство, преработка и обработка на храна за животни Промет на храна за животни вклучително и малопродажба Употреба на храна за животни на ниво на фарма и одгледувалишта