Regulation on the manner of keeping, the form and closer content of the database and information system for packaging and packaging waste
Made 2010-08-04 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на водење, формата и поблиската содржина на базата на податоци и информативниот систем за пакување и отпад од пакување.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Waste and hazardous substances
- Keywords
- data collection/reporting, hazardous substances, hazardous waste, plastic, recycling/reuse, solid waste, waste management, waste prevention
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Стр. 52 - Бр. 113 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 27 август 2010 Член 12 На денот на училиштето се организираат културни, спортски и други манифестации. Традиционалниот ден на просветата за припадни ците на заедниците кои следат настава на јазик разли чен од македонскиот јазик се одбележува со организи рање на културни и други манифестации. Член 13 Работните деновите кога се изведуваат ученичките екскурзии, Денот на дрвото/ Денот на еколошката ак ција на младите во Република Македонија, денот на училиштето и традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на ја зик различен од македонскиот јазик, се наставни дено ви кога се изведуваат посебни програми. Член 14 Феријалната практика се остварува во зависност од специфичноста на образовниот профил и се изведува за време на летниот одмор на учениците. Член 15 Со денот на влегувањето во сила на овој календар пре станува да важи Календарот за организација на учебната 2009/2010 година во јавните средни училишта („Службен весник на Република Македонија“ бр. 105/09). Член 16 Овој календар влегува во сила осмиот ден од денот на неговото објавување во „Службен весник на Репуб лика Македонија“, а ќе се применува од 1 септември 2010 година. Бр. 11-2914/1 Министер за образование 17 август 2010 година и наука, Скопје Никола Тодоров, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 2206. Врз основа на член 39 став 6 од Законот за управу вање со пакување и отпад од пакување („Службен вес ник на Република Македонија“ бр. 161/09), министерот за животна средина и просторно планирање донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ, ФОРМАТА И ПОБ ЛИСКАТА СОДРЖИНА НА БАЗАТА НА ПОДА ТОЦИ И ИНФОРМАТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА ПА КУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ∗ Член 1 Со овoј правилник се пропишува начинот на воде ње, формата и поблиската содржина на базата на пода тоци и информативниот систем за пакување и отпад од пакување. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Одлука на Коми сијата од 22 март 2005 година со која се утврдуваат форматите поврзани со системот за базата на податоци во согласност со Ди рективата 94/62/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот за па кување и отпад од пакување(32005D0270) Член 2 Базата на податоци за пакување и отпад од пакува ње се воспоставува и води врз основа на податоците и извештаите добиени согласно член 27 и 28 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Освен податоците од став 1 од овој член како до полнителни податоци за пакувањата и за отпадот од пакувања кои можат да се водат, доколку се располага со нив се: (a) податоци за производството, увозот и за извозот на празните пакувања; (б) податоци за пакувањата што можат повторно да се употребат; (в) посебните поделементи на пакувањата, како што се композитните пакувања; (г) нивоата на концентрација на тешки метали при сутни во пакувањата во смисла на членот 11 од Зако нот за управување со пакување и отпад од пакување и присуството на штетни и други опасни супстанции и материјали во смисла на член 10 став 3 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување и (д) отпадот од пакувања за кој се смета дека е опа сен поради контаминацијата со состојки на производот согласно прописте за отпад и опасен отпад. Член 3 Податоците собрани врз основа на член 2 од овој правилник секоја календарска година за предходната година се обработуваат и валидизираат во Информати вен систем за пакување и отпад од пакување. Составен дел на Информативниот систем за пакува ње и отпад од пакување се и описите за начините на со бирање на податоците и користените процени за фор мирање на базата на податоци и Информативниот си стем за пакување и отпад од пакување. Податоците од член 2 од овој правилник се објаву ваат и на WEB – страна на Министерството за живот ната средина и просторно планирање. Формата и поблиската содржината на базата на по датоци и информативниот систем за пакување и отпад од пакување е дадена во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Податоците од член 2 од овој правилник се доста вуваат електронски до Европската Комисијата. Член 5 Одредбите од член 4 од овој правилник ќе отпочнат да се применуваат со денот на пристапување на Репуб лика Македонија во Европската Унија. Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2012 го дина. Бр. 07-4739/5 Министер за животна средина 4 август 2010 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р. 27 август 2010 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 113 - Стр. 53