Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the manner of implementation of the measures for temporary or permanent ban on the production and placing on the market of fertilizers depending on the risk assessment to human, animal, plant and environmental health

Made 2011-07 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за начинот на спроведување на мерките за привремена или трајна забрана на производство и пласирање на ѓубрето на пазар во зависност од проценката на ризикот oд ѓубрето за здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
authorization/permit, fertilizers/nutrients, procedural matters, protection of environment, public health, risk assessment/management, use restrictions, plant production
Categories
agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен В. на Р.М. бр: 115/2011 од 29.08.2011 Влегува во сила на: 30.08.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за начинот на спроведување на мерките за привремена или трајна забрана на производство и пласирање на ѓубрето на пазар во зависност од проценката на ризикот oд ѓубрето за здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина (*) МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 4 став 2 од Законот за ѓубриња ("Службен весник на Република Македонија" бр. 110/07, 20/09 и 17/11) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе. ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНА ИЛИ ТРАЈНА ЗАБРАНА НА ПРОИЗВОДСТВО И ПЛАСИРАЊЕ НА ЃУБРЕТО НА ПАЗАР ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ OД ЃУБРЕТО ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО, ЖИВОТНИТЕ, РАСТЕНИЈАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА () Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на спроведување на мерките за привремена или трајна забрана на производство и пласирање на ѓубрето на пазар во зависност од проценката на ризикот од ѓубрето за здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина. Член 2 Мерката за привремена забрана на производство и пласирање на ѓубрето на пазар се спроведува од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог на државниот фитосанитарен инспектор доколку се констатира дека: 1. Производниот процес не ги исполнува условите предвидени со технологијата за производство на ѓубриња; 2. Има отстапувања во промена на својствата на ѓубрето како на пример, промена на бојата, на конзистенцијата , хигроскопноста и сл.; 3. Во производниот процес се појавуваат недостатоци (испарување на штетни материи, опасност од експлозија, опасност од самозапалување) кои преставуваат ризик по здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина; 4. Инволвираните во производниот процес каде се врши производство на ѓубриња не се обезбедени со ХТЗ - опрема; 5.Стручниот кадар кој врши производство нема соодветно образование; 6. Производните простории не ги исполнуваат условите за производство на ѓубре , со што преставува ризик по здравјето на вработените; 7. Средството за транспорт не одговара на прописите за превоз на ѓубре кое преставува опасност и ризик за здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина; и 8. Се врши пласирање на ѓубрето на пазар, спротивно на условите што ги пропишал производителот односно: ѓубрето нема соодветна декларација; променета е оригиналната амбалажа и е извршено препакување или преетикетирање; оригиналната амбалажа е оштетена, има истекување на ѓубрето, што преставува ризик и го загрозува здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина; и стручниот кадар кој врши пласирање на ѓубрето на пазарот нема соодветно образование. ****** Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕС) 2003/2003 на Европскиот парламент и Совет од 13 http://www.slvesnik.com.mk/Issues/3BFBD2A8407C054581419DD56775DBB2.pdf#page=3 октомври 2003 година која се однесува на ѓубриња, CELEX бр.32003R2003 ***** Член 3 Мерката трајна забрана на производство и пласирање на ѓубрето на пазар се спроведува од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по предлог на државниот фитосанитарен инспектор кој констатирал неправилности при производство и пласирање на ѓубриња на пазар поврзани со ризик за здравјето на луѓето, животните, растенијата и животната средина доколку се констатира дека: производниот процес не ги исполнува условите предвидени со технологијата за производство на ѓубриња; не се исполнети стандардите на Европската Унија во однос на квалитетот (ISOстандардите)и безбедноста (HASAAP стандардите); има отстапувања во производствениот процес кои можат да доведат до промена на квалитативните својства на ѓубрето; се врши пласирање на ѓубрето на пазарот, спротивно на условите што ги пропишал производителот; и не се одстранети причините за кои било донесено решение за привремена забрана за производство и пласирање на ѓубрињата на пазар во пропишаниот рок. Член 4 Мерките за привремена или трајна забрана на производство и пласирање на ѓубрињата на пазар заради препакување или преетикетирање на ѓубрето се спроведуваат доколку се констатира дека: нема согласност од производителот на ѓубрињата за препакување и преетикетирање ; пакувањата не се оригинални или во согласност со параметрите што ги пропишал производител на ѓубриња ; етикетата не е оригинална или во согласност со условите што ги пропишал производителот на ѓубриња; параметрите наведени на етикетата на препакувањата или преетикетираната пратка не одговараат на оригиналната етикета на производителот на ѓубре ; и количината не одговара на запишаната количина на етикетата која се наоѓа на препакуваното ѓубре. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 17-473/3 Министер за земјоделство, јули 2011 година шумарство и водостопанство Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the manner of implementation of the measures for temporary or permanent ban on the production and placing on the market of fertilizers depending on the risk assessment to human, animal, plant and environmental health · Nelum