Regulation on the manner for work of the expert commission for implementation of procedures for registering protected marks of agricultural and food products
Made 2012-11-28 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на работа на стручната комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитени ознаки на земјоделски и прехранбени производи.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Food and nutrition
- Keywords
- food safety and quality, institution, procedural matters, registration, traceability, governance
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 148 став (5) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/10, 55/11 и 55/12), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА СТРУЧНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИ ОЗНАКИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на работа на Стручната комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитени ознаки на земјоделски и прехранбени производи. (во понатамошниот текст: Комисија). Член 2 () Со работата на Комисијата раководи претседател кој го именува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редовите на постојаните членови. (2) Кога претседателот е спречен да присуствува на седницата на Комисијата, со неа раководи еден од постојаните членови што тој ќе го овласти. Член 5 () Комисијата работи на седници кои ги свикува претседателот на Комисијата со писмена или електронска покана до членовите на Комисијата, во која е содржан дневниот ред кој се предлага. (2) По исклучок, претседателот на Комисијата може да закаже седница и со усна покана до членовите на Комисијата кога тоа го бара итноста за одлучување по некое прашање. Член 4 Членовите на Комисијата расправаат и одлучуваат по однос на прашања кои се ставени на дневниот ред, даваат предлози за дополнување на дневниот ред и предлагаат одлуки односно заклучоци кои сметаат дека треба да се донесат. Член 5 (1) За работата на седницата се води записник. Записникот го води записничар под раководство на претседателот на Комисијата. (2) Записникот особено содржи: број на присутни и отсутни членови на Комисијата; датум на одржување, време на започнување и време на завршување на седницата; главната содржина на дискусиите; предлог одлуки, одлуки и усвоени стручни мислења; други одлуки и заклучоци усвоени на седницата кои произлегуваат од дневниот реди начин на кој се донесени одлуките. (5) Записникот го потпишува записничарот и претседателот на Комисијата. Член 6 () Комисијата во својата работа треба да се придржува кон законите и другите прописи од областа на земјоделството. (2) Претседателот на Комисијата кога ќе утврди дека Комисијата при својата работа донела одлука што е во спротивност со закон и друг пропис, ќе го запре извршувањето на одлуката на Комисијата за што во рок од три дена го известува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 7 Комисијата полноважно расправа и одлучува на седници во присуство на најмалку четири члена со мнозинство на гласови од вкупниот број на членови. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.1-11050/5 Министер за земјоделство, 28 ноември 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, с.