Regulation on the manner for issuing certificates of origin for electricity produced from renewable energy sources and the content, form and manner of keeping the register of issued certificates of origin of electricity produced from renewable energy sources
Made 2008-10-01 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот за издавање на гаранции за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија како и содржината, формата и начинот на водење на регистарот на издадени гаранции за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Energy
- Keywords
- energy conservation/energy production, renewable energy, certification, legal proceedings/administrative proceedings, data collection/reporting, registration
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА Врз основа на член 140-a од Законот за енергетика (“Службен весник на Република Македонија” бр. 63/2006, 36/2007 и 106/2008) министерот за економија донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ГАРАНЦИИ ЗА ПОТЕКЛО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА КАКО И СОДРЖИНАТА, ФОРМАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ИЗДАДЕНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПОТЕКЛО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА Службен весник на РМ, бр. 127 од 09.10.2008 година I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на издавањето на гаранциите за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија и содржината, формата и начинот на водењето на регистарот на издадени гаранции за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија. Член 2 При издавањето на гаранцијата за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија (во понатамошниот текст „ГПОЕ“) се применуваат следниве начела: - објективност; - недискриминираност; - транспарентност; - ефикасност и - економичност. Член 3 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Календарска година“ е период од 1 јануари до 31 декември; 2. „ГПОЕ“ е документ со кој се потврдува дека електрична енергија е произведена од обновливи извори на енергија; 3. „Надлежен орган“ е Агенцијата за енергетика на Република Македонија (во натамошниот текст Агенција); 4. „Надлежен орган на друга држава“ или „надлежни органи на други држави“ се органот/органите надлежни за водење на регистар за ГПОЕ во соодветната држава, издавање на ГПОЕ и евидентирање на преносот на ГПОЕ во други држави кои се членки на Европската унија и/или потписнички на Спогодбата за енергетска заедница или по друга основа признаени со меѓународна спогодба; 5. „Електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија“ е: - електрична енергија произведена во постројки кои користат исклучиво обновливи извори на енергија; и - делот од електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија во постројки кои комбинирано користат обновливи и други видови на енергија, 1
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k при што се исклучува електричната енергија добиена како резултат од работењето на пумпните системи за акумулација. 6. „Произведена електрична енергија“ е количество на произведена електрична енергија од постројка за производство на електрична енергија која се изразува во МWh . 7. „Надлежен субјект за мерење на електрична енергија“ е операторот на електроенергетскиот систем или операторот на дистрибутивниот систем, во зависност од тоа на која мрежа е приклучен производителот. 8. „Надлежна институција за вршење на анализа на репрезентативните примероци на горивото“ е овластена институција која дава веродостојни податоци за енергетската вредност на горивото. 9. “Регистарот на издадени ГПОЕ” е евиденција на издадени, пренесени и отповикани ГПОЕ. II. НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ НА ГАРАНЦИИТЕ ЗА ПОТЕКЛО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА КАКО И НИВНО ПРЕНЕСУВАЊЕ И ОТПОВИКУВАЊЕ Член 4 Издавање на ГПОЕ може да бара производител на електрична енергија кој произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија на територијата на Република Македонија, кој има регистрирано постројка во регистарот на постројки кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија и кој не користи повластени тарифи согласно Законот за енергетика, (заинтересирано лице) односно неговиот законски застапник. За издавање на ГПОЕ заинтересираното лице, односно неговиот законски застапник поднесува барање до надлежниот орган. Кон барањето треба да се приложи следната документација: - Доказ дека се уплатени неповратни парични средства во износ од 200 ЕВРА во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на извршената уплата согласно член 140 став 2 од Законот за енергетика, - Важечкиот документ од извршените мерења за бараното количество на електрична енергија, произведено од обновливи извори на енергија. - Потпишана изјава дека електричната енергија за која се поднесува барањето е произведена од обновливи извори на енергија. Барањето се поднесува на Образец даден во Прилог бр.1 кој е составен дел на овој правилник. Барањето од став 2 на овој член може да се поднесе за најмалку lMWh произведена електрична енергија од обновливи извори на енергија. Во случај кога надлежниот орган утврди дека барањето не е целосно го задолжува подносителот во рок од осум дена да ја комплетира документацијата согласно став 3 од овој член, а во спротивно барањето ќе се отфрли за што се известува подносителот. Барањето за издавање на ГПОЕ, произведена во календарската година треба да се поднесе до надлежниот орган најдоцна два месеца по истекот на календарската година.
Член 5 Доколку врз основа на барањето за издавање на ГПОЕ и поднесената документација се утврди дека нема пречки за издавање на ГПОЕ, надлежниот орган во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето со комплетна документација ќе издаде ГПОЕ. 2 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k Надлежниот орган издава ГПОЕ за вкупно произведената електрична енергија од обновливи извори на енергија согласно секое барање. Во случај кога во текот на еден месец произведената електрична енергија изнесува помалку од 1 MWh, ова количество на енергија може да биде пренесено и додадено кон количеството на произведената електрична енергија во наредниот месец, со цел да се утврди количеството произведена енергија во тој месец. ГПОЕ се издава на Образец даден во Прилог бр. 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 6 Имателот на ГПОЕ, на барање на лицето кое ја откупува електричната енергија за која се издадени ГПОЕ, му ја доставува ГПОЕ без надомест. Лицето кое ја откупува електричната енергија од став 1 од овој член треба да поднесе барање до надлежниот орган да се изврши пренос на ГПОЕ од продавачот на купувачот на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Кон барањето потребно е да се достави следново: - единствен регистарски код на регистрираниот носител на ГПОЕ, и доколку таквиот регистарски код е заведен во регистарот на надлежен орган во друга држава, податоци за тој надлежниот орган; - вкупниот број и редните броеви за ГПОЕ на кои ќе се врши пренос, - потврда за физичкиот трансфер на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија. Член 7 ГПОЕ ќе се отповика во случај кога надлежниот орган: - утврди дека доставената документација од член 4 од овој правилник врз основа на која е издадена ГПОЕ е невистинита во одредени делови или дека ГПОЕ била издадена врз основа на лажно претставување, изјава или активност; или - на друг начин утврди дека ГПОЕ не требала да биде издадена, поради неточност или била издадена на погрешно лице. Во случај кога надлежниот орган треба да отповика една или повеќе ГПОЕ кои се издадени врз основа на едно заедничко барање, отповикувањето се врши по опаѓачки нумерички редослед, и за тоа го известува во писмена форма носителот на ГПОЕ, најдоцна во рок од пет дена од денот на отповикувањето на ГПОЕ.
Член 8 Имателот на ГПОЕ издадена од надлежен орган на друга држава, кој бара признавање на истата, до надлежниот орган треба да ја достави ГПОЕ со заверен превод на македонски јазик. По доставеното барање надлежниот орган треба да побара известување од страна на надлежниот орган на друга држава дека не постојат никакви пречки за признавање на ГПОЕ. По признавањето на ГПОЕ, надлежниот орган во рок од десет дена писмено ги известува заинтересираното лице дека признавањето е извршено и дека истото е евидентирано во регистарот на ГПОЕ како и надлежниот орган од другата држава со цел ГПОЕ да биде избришана од регистарот кој го води надлежен орган на другата држава. Признавање на ГПОЕ издадена во друга држава се одбива во случај кога - надлежниот орган на друга држава, кој ја издал или го направил преносот на таа ГПОЕ , побарал од надлежниот орган да го одбие признавањето; или - утврди дека одбивањето е неопходно заради заштита од измама или дека ГПОЕ е издадена по грешка. Надлежниот орган во рок од пет дена писмено го известува имателот на ГПОЕ дека признавањето е одбиено и му доставува образложение за причините поради 3 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k кои е одбиено признавањето. Надлежниот орган не ја утврдува веродостојноста на издадената ГПОЕ од страна на надлежен орган на друга држава. Член 9 Надлежниот орган на секој три месеци на веб страната објавува извештај за бројот на издадени, пренесени и отповикани ГПОЕ, а секој септември објавува годишен извештај за ГПОЕ за периодот опфатен со претходната календарска година на веб страна, кој треба да содржи: број на издадени,пренесени и отповикани ГПОЕ како и други податоци. III. СОДРЖИНА, ФОРМА И НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАР НА ГПОЕ Член 10 Агенцијата го востановува, одржува и обновува Регистарот на ГПОЕ (во натамошниот текст Регистар) по службена должност. Член 11 Регистарот содржи податоци за: - имателот на ГПОЕ (назив, седиште матичен број и даночен број) - единствениот регистарски код на постројката која е регистрирана во Регистарот на постројки кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија - податоци за постројката (инсталирана моќност, планирано годишно производство на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија) - мрежата на која е приклучена постројката (дистрибутивна или преносна) - локација на постројката - датумот на започнување со работа на постројката; - видот на обновливиот извор на енергија од кој се произведува електричната енергија - почетниот и крајниот датум на периодот на производство на електрична енергија за кој се однесува ГПОЕ - податоци за носителот на ГПОЕ на кој му била пренесена ГПОЕ (назив, седиште, матичен број и даночен број) - изјава за тоа дали за електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија за која била издадена ГПОЕ лицето користело повластени тарифи согласно одлуката на надлежните органи во други држави - изјава за типот и сумата на сите инвестициони поддршки доделени за инсталацијата, и други податоци.
Член 12 Регистарот се води во електронска форма. Член 13 На секој субјект кој е запишан во Регистарот му се утврдува регистарски код кој содржи податоци за: - единствениот регистарски код на постројката која е регистрирана во Регистарот на постројки кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија, - почетен датум на периодот за кој се бара ГПОЕ (ДДММГГГГ), - краен датум на периодот за кој се бара ГПОЕ (ДДММГГГГ), - број на издадената гаранција. 4 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k Член 14 Надлежниот орган ќе ги избрише од Регистарот на ГПОЕ сите ГПОЕ коишто биле отповикани согласно член 7 на овој правилник, доколку надлежен орган од друга држава го известил надлежниот орган дека ГПОЕ била заведена во друг регистар. IV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 15 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", а ќе се применува од 1 јануари 2009 година. Бр. 12-6870/3 1 октомври 2008 година Министер за економија, Скопје Фатмир Бесими, с.р. 5 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k 6 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k 7 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k 8 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k 9