Regulation on the manner for determining the fulfillment of conditions for assistance de minimis awarded to family agricultural economies
Made 2011-05-20 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот на утврдување на исполнетоста на условите за помош де минимис која се доделува на семејни земјоделски стопанства.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Agricultural and rural development
- Keywords
- agricultural development, family farming, financial agricultural measures, subsidy/incentive, procedural matters, rural employment, farming, labour
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 107 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10 и 53/11) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПОЛНЕТОСТА НА УСЛОВИТЕ ЗА ПОМОШ ДЕ МИНИМИС КОЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА СЕМЕЈНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА (*) 1 Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на утврдување на исполнетоста на условите за помош Де минимис која се доделува на семеј ни земјоделски стопанства. Член 2 Одредбите на овој правилник се применуваат за помош во областа на земјоделското производство, со исклучок на: помош чиј износ е утврден врз основа на цената или количината на производи ставени на пазарот; помош за активности кои се однесуваат на извозот, односно помош директно поврзана за извезените количини, за основање и работење на дистрибутивна мрежа или за други тековни расходи поврзани со извозната активност; помош во контингент за користење на домашни над увезени земјоделски производи; одобрена помош на земјоделски стопанства во потешкотија. Земјоделско стопанство во потешкотија е земјоделско стопанство кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствени ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционер или кредитор, со цел да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на земјоделското стопанство. Помошта Де минимис се смета за доделена во моментот кога земјоделско стопанство-корисник на помошта се стекнало со право да ја добие помошта Де минимис. Член 3 Утврдување на исполнетоста на условите од член 2 на овој правилник се врши на следниот начин: 1. Доколку земјоделското стопанство за прв пат остварува право на помош Де минимис, треба да достави документ дека: е запишано во регистарот на земјоделски стопанства, е во списокот на баратели кои не можат да остварат право на државна помош по никој друг основ согласно Закон за земјоделство и рурален развој (во понатамошен текст Законот), кој се обезбедува од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е корисник на друг вид на помош примена за време на претходните две фискални години и тековната фискална година, со обезбедување на изјава, во која наведува податоци за видот и висината на помошта. 2. Доколку земјоделското стопанство е корисник на доделена помош и е евидентирано во книгата за евиденција на доделената државна помош во земјоделството и руралниот развој, треба да достави документ дека: е запишано во регистарот на земјоделски стопанства, 2 е во списокот на баратели кои не можат да остварат право на државна помош по никој друг основ согласно Законот, кој се обезбедува од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Член 4 Вкупната помош Де минимис согласно максималниот износ утврден со член 107 став (4) од Законот се изразуваат како грант во бруто износ без персонален данок или други давачки. Во случај кога се доделува помош во друг вид освен во грант, износот на помошта која треба да се земе во предвид е еквивалентен на бруто вредноста на помошта. Помошта која се исплаќа на рати се намалува до вредноста што ја има во моментот на нејзиното доделување. Каматната стапка што се користи за пресметување на намалувањето и пресметување на бруто грант еквивалентот е важечката референтна стапка во времето на доделување на помошта. Член 5 Одредбите на овој правилник се применуваат само за помош во однос на која е можно однапред ex ante прецизно да се пресмета бруто грант еквивалентот на помошта, т.е бруто грант еквивалентот на помошта може да се пресмета без да мора да се преземе оценување на ризик што претставува транспарентна помош. При оценка на постоење на транспарентна помош особено се применуваат следните правила: а) помошта која се состои во кредити треба да се третира како транспарентна Де минимис помош кога бруто грант еквивалентот е пресметан врз основа на пазарните каматни стапки кои преовладуваат во времето на доделување на грантот; б) помошта која се состои во капитални инјекции не се смета како транспарентна Де минимис помош, освен ако вкупниот износ на јавната капитална инјекција не го надминува максималниот износ утврден со член 107 став (4) од Законот; в) помошта во вид на мерки за ризичен капитал нема да се смета како транспарентна Де минимис помош, освен ако односната шема за ризичен капитал обезбедува капитал само до максималниот износ утврден со член 107 став (4) од Законот соодветно за секое земјоделско стопанство и г) индивидуалната помош која е обезбедена според гарантна шема на претпријатија кои не се претпријатија со потешкотии се третира како транспарентна Де минимис помош кога гарантираниот дел од основниот заем предвиден според таква шема не надминува 900.000,00 денари по земјоделско стопанство. Ако гарантираниот дел од основниот кредит се однесува само на определен процент од максималниот износ утврден со член 107 став (4) од Законот, се смета дека бруто грант еквивалентот на таа гаранција се совпаѓа со истиот процент од износот утврден во овој член од законот. Гаранцијата не треба да надмине 80% од основниот кредит. Член 6 Пред доделување на помош Де минимис, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство писмено го известува земјоделското стопанство за можниот износ на помошта (изразена како бруто грант еквивалент) согласно Законот и овој правилник. Во случај кога се доделува помош Де минимис на различни земјоделски стопанства врз основа на шема на помош, при што се доделуваат различни износи на индивидуална помош во рамките на шемата, давателот на помошта може да одбере да ја исполни оваа обврска преку информирање на земјоделското стопанство дека планира да додели определена фиксна сума која е во рамките на максималниот износ на помошта утврден со член 107 став (4) од Законот. Член 7 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08 - 4184/5 20 мај 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски , с.р.