Regulation on the manner and procedure of providing access to information related to the environment
Made 2007-07-19 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот и постапката на обезбедување пристап до информациите во врска со животата средина.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Environment
- Keywords
- access-to-information, equity
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 93 од 26.07.2007 година 1 од 2 Врз основа на член 53 став 4 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05 и 24/07), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ВО ВРСКА СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката на обезбедување пристап до информациите од областа на животната средина. Член 2 Информациите за животната средина согласно член 51 став (2) од Законот за животна средина, субјектите во рамките на своите овластувања ги доставуваат и објавуваат потполни, точни и споредливи. Член 3 Правото на пристап до информации за животната средина им припаѓа на сите баратели на ист начин и под еднакви услови и тие се рамноправни во нивното остварување. На барањата за пристап до информации за животна средина се одговара според редоследот на пристигнатите барања, а согласно временскиот период потребен за подготвување на одговорите по барањата. Член 4 Субјектите со цел да обезбедат полесен пристап до информациите за животната средина: одржуваат регистри или евиденција на информациите за животна средина со кои располагаат; воспоставуваат и одржуваат капацитети за пребарување на бараните информации со помош на компјутери; определуваат информативни места - пунктови за разгледување на информациите со назнаки за тоа каде можат да се најдат таквите информации; постепено обезбедуваат информациите да бидат достапни во електронски бази заради овозможување на пристап до информациите по пат на телекомуникациските мрежи; информациите за животна средина редовно ги ажурираат; во своите простори на видно место, како и на својата web страна го ставаат на располагање барањето за пристап до информации за животна средина од член 5 став 1 од овој правилник и на правните и физички лица кои бараат информации за животна средина им ги даваат истите во законски утврдените рокови, како и им даваат насоки, совети и/или им укажуваат на нивните права кои произлегуваат согласно Законот за животна средина во делот за пристап до информации. Член 5 Барателот го остварување правото за пристап до информации со поднесување на барање за пристап до информации за животна средина до субјектите усно, писмено или електронски. Содржината на барањето за пристап до информации за животна средина треба да ги содржи елементите согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. „Службен весник на РМ“ бр. 93 од 26.07.2007 година 2 од 2 Член 6 Субјектите заради обезбедување на право на пристап до информациите за животната средина определуваат службено лице. Службеното лице од став 1 на овој член ги врши следните работи: се грижи за редовното објавување на информациите за животна средина на web страната на субјектот или преку печатените или електронски медиуми; го унапредува начинот на обработка, класифицирање, чување и објавување на информациите за животна средина кои се содржани во службената документација; се грижи секое поединечно барање за пристап до информациите за животна средина да биде навремено одговорено; дава неопходна помош на подносителите на барањата во врска со остварувања на правото за пристап до информации за животна средина и води посебна евиденција за поднесените барања за пристап до информации за животната средина како и за одговорите по истите. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 07-4001/10 Министер, 19 јули 2007 година Џелил Бајрами, с.р. Скопје