Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Regulation on the manner and procedure for the performance of official tests as regards the product efficiency, spatial, personnel and other conditions and professional qualifications of persons who will conduct these officially recognized tests

Made 2011-01 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Правилник за начинот и постапката под кои треба да се извршат официјалните тестови за ефикасноста на производите, просторните, кадровските и другите услови и професионалната квалификуваност на лицата кои ќе ги спроведуваат официјално признаените тестови.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Cultivated plants
Keywords
plant protection, pesticides, inspection, procedural matters, education, data collection/reporting
Categories
agriculture

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. Службен весник на РМ, бр. 8 од 24.01.2011 година 1 од 5 20110080188 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 23 став 3 од Законот за производи за заштита на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 110/07 и 20/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ПОД КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВРШАТ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ТЕСТОВИ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ПРОИЗВОДИТЕ, ПРОСТОРНИТЕ, КАДРОВСКИТЕ И ДРУГИТЕ УСЛОВИ И ПРОФЕСИОНАЛНАТА КВАЛИФИКУВАНОСТ НА ЛИЦАТА КОИ ЌЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ОФИЦИЈАЛНО ПРИЗНАЕНИТЕ ТЕСТОВИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката под кои треба да се извршат официјалните тестови за ефикасноста на производите, просторните, кадровските и другите услови и професионалната квалификуваност на лицата кои ќе ги спроведуваат официјално признаените тестови. Член 2 Сите активности поврзани со официјалните тестирања треба да бидат спроведени во согласност со меѓународните стандарди и во согласност со пропишаните стандардни оперативни постапки и тоа: стандардни оперативни постапки за пишување и одржување или дополнување на стандардните оперативни постапки; стандардни оперативни постапки за однесување со производите за заштита на растенијата; и стандардни оперативни постапки за планирање и спроведување на тестовите за ефикасност, како и евидентирање и архивирање на сите податоци од спроведените тестови и сл. Член 3 (1) Овластените лица за извршување на официјално признаените тестови, за планирање и спроведување на тестовите за ефикасност треба да ги користат најновите стандарди утврдени од Европскомедитеранската организација за заштита на растенијата ( во понатамошниот текст: ЕППО стандарди ) дадени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник, како и да го следат нивниот развој. (2) Официјално признаените тестовите се базираат на стручни и научни методи признати на меѓународно ниво, стандардни оперативни постапки, примена на меѓународни стандарди при планирање и спроведување на тестови, подготовка на извештаи за спроведените тестови, во согласност со добрата експериментална пракса. Добрата експериментална пракса се правила за тестирање на производите заради оцена на нивната биолошка ефикасност, со цел да се обезбеди меѓународна споредливост и веродостојност на резултатите од овие тестови и услови под кои се вршат официјалните (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 91/414 ЕЕC од 15 јули 1991 година за ставање на производите за заштита на растенијата на пазарот, CELEX бр. 31991L0414. Службен весник на РМ, бр. 8 од 24.01.2011 година 2 од 5 тестови за ефикасност, организирање, спроведување, следење, подготовка на извештаи за спроведените тестови и архивирање. (3) Ако за одредени тестови нема соодветни ЕППО стандарди, тогаш се употребуваат други меѓународно признати методи кои се споредливи со ЕППО стандардите. Член 4 (1) Барателот доставува барање до овластените лица за извршување на официјално признаените тестови, како и информација до Фитосанитарната управа за тоа каде ќе се извршуваат официјално признаените тестови. (2) По спроведените тестови овластените лица за спроведување на официјално признаените тестови изготвуваат извештај во кој особено се наведуваат информации за начинот и постапката за извршување на официјалните тестови и тоа: културата за која се извршуваат тестовите; површината на која се спроведуваат тестирањата; локалитетот на кој се спроведува тестирањето; методот на истражување согласно ЕППО стандардите; должина и времетраење на истражувањето; и број на повторувања на истражувањата. (3) Извештајот за извршените официјални тестирања овластените лица го доставуваат до барателот. Примерок од извештајот за извршените официјални тестирања овластените лица доставуваат и до Фитосанитарната управа. Член 5 Овластените лица кои ќе ги спроведуваат официјално признаените тестови за испитување на биолошката ефикасност на производите за заштита на растенијата треба да ги исполнуваат следните услови: 1. Да обезбедат објекти со посебни простории за фитопатолошки, ентомолошки, нематолошки и херболошки лаборатории; 2. Да имаат опрема и уреди за лабораториски испитувања, и тоа: а) општа лабораториска опрема лабораториска стаклена опрема со разни големини и одбележана зафатнина; лупи; бинокулар; технички и аналитички ваги; термостати; фрижидери; сушници; и лабораториски прскалки. б) фитопатолошка лабораторија микробиолошки игли; УВ – ламба; микроскопи; простор; простор за изолација и микроскопирање; и автоклав. в) ентомолошка лабораторија сонди; инјектори; комора за испитување на фумиганти; и ентомолошки кафези, Службен весник на РМ, бр. 8 од 24.01.2011 година 3 од 5 г) нематолошка лабораторија сонда; микроскоп; и комплет сита. д) херболошка лабораторија хектолитарска вага; инструменти за мерење на влагата во зрното; и прскалка со компресор за прецизна апликација; 3. да обезбедат површини и опрема за полски испитувања, и тоа: овошни и лозови насади; површини за повеќегодишни култури; површини за едногодишни култури; оранжерии и пластеници; грбни прскалки; депозитори; и инјектори. Член 6 Овластените лица кои ќе ги спроведуваат официјално признаените тестови за испитување на физичко - хемиските својства на производите за заштита на растенијата треба да ги исполнуваат следните услови: 1. Да имаат објекти - лаборатории за физичко - хемиски испитувања и посебни простории за чување на мострите од производите за заштита на растенијата, чистите активни материи (стандарди со позната чистота) и технички активните материи; 2. Да имаат опрема и уреди за квалитативно и квантитативно определување физичко хемиските својства на производите за заштита на растенијата и на нивните активни материи, и тоа: опрема за гасна и течна хроматографија; спектроскопија; уреди за определување на точка на палење, отворен и затворен систем; уреди за определување на точка на топење; и стаклена апаратура. Член 7 Овластените лица кои ќе ги спроведуваат официјално признаените тестови треба да имаат вработено стручно оспособен кадар и тоа: еден вработен со најмалку високо образование од областа на земјоделските науки со најмалку пет години работно искуство во областа на заштитата на растенијата, кој ќе биде и одговорно лице за спроведување на тестовите и внатрешна контрола на квалитетот на сите задачи во врска со спроведувањето на официјално признаените тестови, кое треба добро да ги познава ЕППО стандардите и редовно да ги следи најновите објавени стандарди, како и да врши ажурирање на стандардните оперативни постапки кои се воведуваат и спроведуваат во согласност со постоечките ЕППО стандарди; најмалку еден вработен со завршено високо образование (хемиски, технолошки или земјоделски факултет) со најмалку две години работно искуство во лабораториска работа; најмалку еден вработен со завршено средно образование од областа на хемиската, хемиско - технолошката или земјоделската струка. Службен весник на РМ, бр. 8 од 24.01.2011 година 4 од 5 Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 17-298/5 Министер за земјоделство, јануари 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 8 од 24.01.2011 година 5 од 5

Regulation on the manner and procedure for the performance of official tests as regards the product efficiency, spatial, personnel and other conditions and professional qualifications of persons who will conduct these officially recognized tests · Nelum