Regulation on the manner and procedure for reporting the compulsorily notifiable diseases and on the list of animal diseases to be reported
Made 2017-03-20 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот и постапката за пријавување на болестите кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кај животните кои задолжително се пријавуваат.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock, Fisheries and aquaculture
- Keywords
- animal health, pests/diseases, classification/declassification, data collection/reporting, procedural matters, aquaculture, aquatic animals, fish diseases
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 1 од 23 20170360645 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 49 ставови (1) и (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БОЛЕСТИТЕ КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ПРИЈАВУВААТ И ЛИСТА НА БОЛЕСТИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ПРИЈАВУВААТ(*) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за пријавување на болестите кои задолжително се пријавуваат и Листата на болести кај животните кои задолжително се пријавуваат. Член 2 (1) Овој правилник се применува за пријавување за: жаришта на болести наведени во Листата на болести кај животните кои задолжително се пријавуваат која е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник и повлекување на забраните, после искоренувањето на последното жариште, во однос на жариште на некоја од болестите од Прилог 1 на овој правилник. (2) Одредбите на овој правилник се применуваат без оглед на посебните прописи за доставување на информации во однос на координација за искоренување и/или профилакса на болести кај животните. Член 3 (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство се применуваат и во овој правилник. (2) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „случај” е официјална потврда на било која болест наведена во Листата на болести од Прилог 1 на овој правилник, кај било кое животно или труп; 2) „примарно жариште” е жариште кое не е епизоотиолошки поврзано со претходно жариште во иста епизоотиолошка единица, како што е дефинирано во член 3 од Правилникот за условите за ставање во промет на говеда и свињи*1, или е прво жариште во различна епизоотиолошка единица; 3) „секундарно жариште“ е секое жариште на било која болест од Прилог 1 на овој правилник, а кое епидемиолошки е поврзано со појавата на претходно жариште на болеста во ист регион и 4) „затворање на жариште“ е укинување на сите мерки за сузбивање и искоренување на болеста кај животните при што од последниот случај на појава на болеста ќе измине најдолгата инкубација на болеста и ќе се спроведе финалното чистење и дезинфекција. () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 82/894/ЕЕЗ од 21 декември 1982 за пријавување на болестите во заедницата, CELEX бр. 31982L0894 и Директива на Советот 2006/88/EЗ од 24 октомври 2006 за здравствените барања за животни од аквакултура и нивни производи, и за спречување и контрола на одредени болести кај водни животни, CELEX бр. 32006L0088. Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 2 од 23 Член 4 Болестите од Прилог 1 на овој правилник се пријавуваат до Светската организација за здравствена заштита на животните (во понатамошниот текст: ОИЕ) и Комисијата на Европската унија. Член 5 (1) Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текс: Агенцијата) во рок од 24 часа од појавата на болеста го пријавува до ОИЕ секој случај на болест која задолжително се пријавува, а која е наведена во Прилог 1 дел В на овој правилник. (2) Пријавата на болест која задолжително се пријавува од став (1) на овој член содржи информации кои ги бара ОИЕ и се доставува по пат на електронска пошта и телекс. Член 6 (1) Агенцијата во рок од 24 часа од појавата на болеста ја известува Комисијата на Европската Унија за: (а) потврдено примарно жариште на било која болест наведена во Прилог 1 на овој правилник и (б) повлекување на забраните, после искоренувањето на последното жариште, во однос на жариште на некоја од болестите од Прилог 1 на овој правилник. (2) Пријавата на болест која задолжително се пријавува од став (1) на овој член треба да ги содржи информациите од Прилог 2 кој е составен дел од овој правилник и се доставува по телекс. (3) Во случај на класична чума кај свињите покрај информациите од став (2) на овој член се доставуваат и дополнителни информации дадени во Прилог 2 дел Б од овој правилник. (4) Во случај на болести кај аквакултурата наведени во Прилог 1 дел Б од овој правилник, покрај информациите од став (2) на овој член се доставуваат и дополнителни информации наведени во Прилог 2 дел В од овој правилник. Член 7 Доколку постојат знаци кои упатуваат на сомневање за појава на болест или смрт на животни, одгледувачот веднаш и без одлагање треба да го извести докторот по ветеринарна медицина во надлежното ветеринарно друштво. Член 8 (1) По секое известување примено од страна на одгледувачот на животните или други лица одговорни за животните, докторот по ветеринарна медицина треба да изврши посета и ветеринарен преглед на животните за да се утврди дали постојат основи за сомневање на постоење на заразни или паразитски болести. (2) Во случај на сомневање или потврда на некоја од болестите од Прилог 1 делови А, Б и В од овој правилник докторот по ветеринарна медицина веднаш и без одлагање, а најдоцна во рок од 24 часа, по телефон, факс или електронска пошта треба да ја извести Агенцијата и официјалниот ветеринар во организациона единица на Агенцијата (во понатамошниот текст: официјален ветеринар). (3) Докторот по ветеринарна медицина ги доставува податоците од испитувањето на сомнежот односно потврдата на болест со користење на обрасците 1 и 2 од Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. (4) Докторот по ветеринарна медицина треба да ги известува официјалниот ветеринар и Агенцијата за храна и ветеринарство за појава на случаи на жариште на месечна основа до 10ти во месецот за претходниот месец. (5) Известувањето од став (4) на овој член се доставува по електронски пат на образец објавен на интернет страната на Агенцијата. Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 3 од 23 Член 9 (1) За пријавување на болестите од Прилог 1 на овој правилник, официјалниот ветеринар ќе ја информира Агенцијата, по телефон и факс или по електронска пошта, без одлагање, а најдоцна во рок од 24 часа по пријавувањето, за точниот број на животни на одгледувалиштето, резултатите од прелиминарното епидемиолошко испитување, како и други факти, мерки за контрола кои биле наредени на овластените ветеринарни друштва кои се вклучени во спроведувањето на контролата на болеста и се одговорни за поднесување на извештаи за жариштето. (2) Официјалниот ветеринар од организационата единица на Агенцијата подготвува месечен извештај најдоцна до 20ти во месецот за претходниот месец за сите случаи на појава на сомнеж или потврда на болест од Прилог 1 делови А и Б на овој правилник. (3) Извештајот од став (2) на овој член се поднесува по електронски пат на образец објавен на интернет страната на Агенцијата. Член 10 (1) За состојбата со жариштата на болести до Агенцијата се доставува неделен извештај кој ги содржи информациите за сите промени настанати во жариштето, мерките кои се спроведени и појавата на нови случаи на заболени животни во текот на претходната недела, вклучително и денот недела. (2) Докторот по ветеринарна медицина од овластеното ветеринарно друштво неделниот извештај од став (1) на овој член го заверува со потпис или факсимил и истиот може да се достави и по електронска пошта најдоцна до 12:00 часот во понеделник или до затворање на жаришта (3) Неделниот извештај од став (1) на овој член се изготвува на Образец 3 од Прилог 4 на овој правилник. Член 11 (1) За затворање на жариштето до Агенцијата се доставува финален извештај не покасно од 48 часа по пријавата на затварање на жариште. (2) Докторот по ветеринарна медицина од овластеното ветеринарно друштво го поднесува финалниот извештај од став (1) на овој на член по факс или електронска пошта до Агенцијата и до организационата единица на Агенцијата. (3) Финалниот извештај од став (1) на овој член се изготвува на Образец 4 од Прилог 4 на овој правилник. (4) Со поднесување на финалниот извештај за затворање на жариште, докторот по ветеринарна медицина од овластеното ветеринарно друштво потврдува дека е искоренето и последното жариште на болеста. Член 12 (1) Националната референтна лабораторија (во понатамошниот текст: лабораторијата) без одлагање ја информира по телефон, факс или електронска пошта Агенцијата или официјалниот ветеринар во организационата единица на Агенцијата како и испраќачот, за резултатите од дијагностичките испитувања за болестите од Прилог 1 на овој правилник. (2) Лабораторијата треба да доставува извештај на месечно ниво најдоцна до 15ти во месецот до Агенцијата, за резултатите од спроведените лабораториски тестови за болестите од Прилог 1 делови А и Б на овој правилник. (3) Лабораторијата треба да ги доставува резултатите за лабораториските испитувања на беснило до Агенцијата, најдоцна до 3ти во месецот за претходниот месец. Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 4 од 23 (4) Лабораторијата треба да ја информира Агенцијата за позитивните резултати од извршените лабораториски испитувања за заразни или паразитски болест кај животните, а кои не се наведени во Прилог 1 делови А и Б на овој правилник. Член 13 Агенцијата за храна и ветеринарство ја известува Комисијата на Европската унија во рок од 24 часа од појава на болеста во случај на потврдување на: (а) егзотична болест кај аквакултура согласно критериумите дадени во Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник и (б) не-егзотична болест кај аквакултура согласно критериумите дадени во Прилог 3 од овој правилник, кога зоната или комплексот се прогласени за слободни од таа болест. Член 14 (1) Без оглед на информациите доставени во врска со ерадикацијата и/или профилаксата на болестите, Агенцијата ја известува Комисијата на Европската унија, најдоцна на првиот работен ден од секоја недела, за секундарните жаришта на кои било болести потврдени на нејзината територија, кои се наведени во Прилог 1 Дел А на овој правилник. (2) Известувањето од став (1) на овој член се однесува за цела недела која завршува во недела на полноќ. (3) Известувањата од став (1) на овој член ги вклучува информациите дадени во Прилог 2 од овој правилник кои се доставуваат по телекс. Член 15 Одредбите на членовите 6, 13 и 14 од овој правилник ќе отпочнат да се применуваат по пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 16 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-174/4 Агенција за храна 20 март 2017 година и ветеринарство Скопје Директор, м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 5 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 6 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 7 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 8 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 9 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 10 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 11 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 12 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 13 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 14 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 15 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 16 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 17 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 18 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 19 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 20 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 21 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 22 од 23 Службен весник на РМ, бр. 36 од 23.3.2017 година 23 од 23