Regulation on the manner and procedure for reporting diseases that must be reported and the list of diseases that must be reported
Made 2010-06-28 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот и постапката на пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат и листа на болести кои задолжително се пријавуваат.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal health, pests/diseases, classification/declassification, data collection/reporting
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 1 од 14 20101102137 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 49 став (1) и (4) од Законот за Ветеринарно Здраство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007), Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА БОЛЕСТИ КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ПРИЈАВУВААТ И ЛИСТА НА БОЛЕСТИ КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ПРИЈАВУВААТ(*) Член 1 Предмет (1) Со овој правилник се пропишува начинот и постапката на: пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат наведени во Листата на болести кои задолжително се пријавуваат дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, повлекувањето на забраните во случај на жариште на некоја од болестите од Листата на болестите кои задолжително се пријавуваат дадена во Прилог 1, и Листата на болести кои задолжително се пријавуваат. (2) Одредбите на овој правилник се приенуваат без оглед на посебните прописис за доставување на информации во однос на координација на ерадикација и профилакса на болести кај животните. Член 2 Дефиниции (1) Поимите дефинирани во Законот за ветеринарно здравство се применуваат и во овој правилник. (2) Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Случај” е официјална потврда на било која болест наведена во Листата на болести од Прилог 1 на овој правилник, кај било кое животно или труп; 2. „Случај на класична чума кај свињите” или „свиња заразена со класична чума кај свињите” е секоја свиња или труп од свиња кај кои: се официјално потврдени клинички симптоми или пост-мортем промени на класична чума кај свињите, или официјално е потврдено присуство на болест според резултатите од лабараториското испитување спроведено според дијагностичкиот прирачник. 3. „Дива свиња” е свиња која не е чувана или одгледувана во одгледувалиште; 4. „Примарно жариште” е жариште кое не е епизоотиолошки поврзано со претходно жариште во иста епизоотиолошка единица согласно Правилникот за услови за ставање во промет на живи животни *1 или е прво жариште во различна епизоотиолошка единица; 5. „Примарен случај на класична чума кај свињите кај диви свињи” е случај на појава на класична чума кај свињите кај диви свињи кој се појавува во област во која не се спроведуваат мерки согласно Програмата за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите*2; Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 2 од 14 6. „Свиња сомнителна на инфекција со вирус од класична чума кај свињите” е секоја свиња или труп со изразени клинички симптоми или пост-мортални промени како и со реакција на лабараториски тестови спроведени според дијагностичкиот прирачник кои укажуваат на можно присуство на класична чума кај свињите. Член 3 Пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат Болестите утврдени во Листата на болести дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, се пријавуваат до Светската организација за здраствена заштита на животните (во понатамошниот текст ОИЕ) и Комисијата на Европската унија. Член 4 Пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат до ОИЕ (1) Управата за ветеринарство треба во рок од 24 часа од појава на болеста да го пријави до ОИЕ секој случај на болест која задолжително се пријавува, а која е наведена во делот В од Листата на болести кои задолжително се пријавуваат дадена во Прилог 1 на овој правилник. (2) Пријавата на болест која задолжително се пријавува од став (1) на овој член содржи информации кои ги бара ОИЕ и се доставува по пат на електронска пошта и телекс. Член 5 Пријавување на болести кои задолжително се пријавуваат до Комисијата на Европската унија (1) Управата за ветеринарство треба во рок од 24 часа од појавата на болеста да ја извести Комисијата на Европската унија за: (а) потврдено примарно жариште на било која од болест наведена во делот А од Листата на болести кои задолжително се пријавуваат дадена во Прилог 1 на овој правилник. (б) повлекување на забраните, по ерадикацијата на последното жариште, во однос на појавата на било која болест наведена во делот А од Листата на болести кои задолжително се пријавуваат дадена во Прилог 1 на овој правилник. (2) Пријавата на болест која задолжитално се пријавува од став (1) на овој член треба да ги содржи информациите дадени во Прилог 2 дел А кој е соствен дел од овој правилник и се доставува по телекс. (3) Во случај на класична чума кај свињите покрај информациите од став (2) на овој член се доставуваат и дополнителни информации дадени во Прилог 2 дел Б став (1) од овој правилник*3. (4) Во случај на болести кај аквакултурата наведени во Прилог 1 дел Б од овој правилник, покрај информациите од став (2) на овој член се доставуваат и дополнителни информации наведени во Прилог 1 дел В од од овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 3 од 14 Член 6 Посебни одредби за пријавување на класична чума кај свињите (1) Пријавувањето на присуство или сомнеж на присуство на класична чума кај свињите е задолжително при што појавата на болеста веднаш треба да се пријави на Управата за ветеринарство. (2) Во случај на појава на присуство на класична чума кај свињите Управата за ветеринарство по потврдата на присуство на класична чума кај свињите треба да: (а) пријави присуство на болест и достави информации до Комисијата на Европската унија и останатите засегнати земји согласно Прилог 2 дел Б став (2) од овој правилник за: жаришта на класична чума кај свињите потврдени во одгледувалишта, потврдени случаи на класична чума кај свињите во кланици или транспортни средства, потврдени примарни случаи на класична чума кај свињите кај диви свињи, и резултатите од спроведените епизоотиолошки истражувања спроведени согласно Програмата за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите *4; и (б) достави епизоотиолошки извештаи до Комисијата на Европската унија за потврдени случаи на заболување кај диви свињи на подрачја заразени со класична чума кај свињите, согласно Програмата за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите*5. Член 7 Посебни одредби при пријавување на болести кај аквакултурата (1) Управата за ветеринарство ја известува Комисијата на Европската унија во рок од 24 часа од појава на болеста во случај на потврдување на: (а) егзотична болест кај аквакултура согласно критериумите дадени во Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник; и (б) неегзотична болест кај аквакултура согласно критериумите дадени во Прилог 3 од овој правилник, кога зоната или комплексот се прогласени за слободни од таа болест. Член 8 Пријавување на секундарни жаришта (1) Без оглед на информациите доставени во врска со ерадикацијата и/или профилаксата на болестите од член 1 став (2), Управата за ветеринсрство ја известува Комисијата на Европската унија, најдоцна на првиот работен ден од секоја недела, за секундарните жаришта на кои било заболувања потврдени на нејзината територија, кои се наведени во Листата на болести кои задолжително се пријавуваат - Дел А. (2) Известувањето од став (1) на овој член се однесува за цела недела која завршува во недела на полноќ. (3) Известувањата од став (1) на овој член ги вклучува информациите дадени во Прилог 2 од овој правилник кои се доставуваат по телекс. Член 9 Одложена примена Одредбите на членовите 5, 6, 7 и 8 од овој правилник ќе се применуваат по пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 4 од 14 Член 10 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-1351/2 28 јуни 2010 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. (*) Сo oвoј правилник се врши усoгласување со Директивата на Сoветoт 82/894/ЕЕЗ oд 21 декември 1982 за пријавување на болести во заедницата, број 31982L0894; Директива на совет 2001/89/EЗ од 23 октомври 2001за мерките на Заедницата за контрола на Класична свињска чума, број 32001L0089; Директива на совет 2006/88/EЗ од 24 октомври 2006 за услови на задравствена заштита на животни од аквакултури нивни производи, и за превенција и контрола на одредени болести кај водни животни, број 32006L0088. *1 Правилникот за услови за ставање во промет на живи животни е предмет на усогласување со член 2 од Директивата на совет 64/432/ЕЕЗ од 26 јуни 1964 за здравствени проблеми кај животните кои влијаат во трговијата со говеда и свињи, број 31964L0432. *2 Програмата за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите е предмет на усогласување со член 15 и 16 од Директива на совет 2001/89/EЗ од 23 октомври 2001 за мерките на заедницата за контрола на Класична свињска чума, број 32001L0089. *3 Со член 5 став (3) е усогласен со Директива на совет 2001/89/EЗ од 23 октомври 2001 за мерките на заедницата за контрола на Класична свињска чума, број 32001L0089 *4 Програмата за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите е предмет на усогласување со член 8 од Директива на совет 2001/89/EЗ од 23 октомври 2001 за мерките на заедницата за контрола на Класична свињска чума, број 32001L0089 *5 Програмата за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите е предмет на усогласување со член 16 став (3) (а) и став (4) од Директива на совет 2001/89/EЗ од 23 октомври 2001 за мерките на заедницата за контрола на Класична свињска чума, број 32001L0089 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 5 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 6 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 7 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 8 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 9 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 10 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 11 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 12 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 13 од 14 Службен весник на РМ, бр. 110 од 20.08.2010 година 14 од 14