Regulation on the manner and procedure for import and transit and the manner and procedure for carrying out checks and inspection of shipments on pets (bird species) that are not intended for trade or transfer to others person
Made 2008-07-30 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот и постапките за увоз и транзит и начинот и постапките за вршење на проверки и преглед на пратки домашни миленици од видовите птици кои не се наменети за трговија или за пренос на други лица.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- birds, inspection, internal trade, international trade, hygiene/sanitary procedures, certification
- Categories
- *
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.08.2008 година 1 од 6 20081021940 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 88 став 10 и член 92 став 4 од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКИТЕ ЗА УВОЗ И ТРАНЗИТ И НАЧИНОТ И ПОСТАПКИТЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПРОВЕРКИ И ПРЕГЛЕД НА ПРАТКИ ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ОД ВИДОВИТЕ ПТИЦИ КОИ НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ТРГОВИЈА ИЛИ ЗА ПРЕНОС НА ДРУГИ ЛИЦА И СЕ ПРИДРУЖЕНИ ОД СОПСТВЕНИКОТ ИЛИ ОДГОВОРНО ЛИЦЕ КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕРТИФИКАТ ИЛИ ДРУГ ДОКУМЕНТ ШТО ГИ ПРИДРУЖУВА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапките за увоз и транзит и начинот и постапките за вршење на проверки и преглед на пратки домашни миленици од видовите птици кои не се наменети за трговија или пренос на други лица и се најмногу до пет единки и се придружени од сопственикот или одговорно лице, како и формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или друг документ што ги придружува. Член 2 (1) Домашните миленици од видовите птици кои не се наменети за трговија или пренос на други лица и се најмногу до пет единки и се придружени од сопственикот или одговорно лице при увоз и транзит на територијата на Република Македонија треба да: 1) доаѓаат од земја членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) која е под надлежност на Регионалната Комисија наведена во листата А во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник или 2) доаѓаат од земја членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) која е под надлежност на Регионалната Комисија наведена во листата Б во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник и птиците да: а. биле во изолација 30 дена пред извоз на местото на поаѓање во земјата на испорака од која е дозволен увоз во Република Македонија, или б. престојуваат во карантин 30 дена по увозот во Република Македонија во објекти одобрени согласно прописите од областа на ветеринарното здравство, или в. последните шест месеци и не подоцна од 60 дена пред испораката во Република Македонија, биле вакцинирани и најмалку еднаш ревакцинирани против авијарна инфлуенца со примена на H5 вакцина која е одобрена за соодветниот вид птица согласно инструкциите на производителот на вакцината, или г. биле во изолација најмалку 10 дена пред извозот и најрано третиот ден од почетокот на изолација им бил земен примерок за откривање на H5N1 антиген или геном согласно Глава 2.1.14 од Прирачникот за дијагностички тестови и вакцини кај животните на ОИЕ. (2) Исполнетоста на барањата наведени во став (1) на овој член ги потврдува официјалниот ветеринар од земјата на испорака, со ветеринарно-здравствен сертификат. Формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат е дадена во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.08.2008 година 2 од 6 (3) Исполнетоста на барањата во случаите од став (1) точка 2) подточка б. на овој член, ги потврдува официјалниот ветеринар од земјата на испорака со ветеринарно-здравствен сертификат издаден врз основа на изјава на сопственикот или одговорно лице за домашните миленици од видовите птици. Формата и содржината на изјавата од сопственикот или одговорното лице за домашните миленици од видовите птици е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. (4) Во секој од случаите наведени во став (1) на овој член, ветеринарно-здравствениот сертификат треба да биде придружен со изјава од сопственикот или одговорното лице. Член 3 (1) Ветеринарно-здравствениот сертификат од член 2 став (2) од овој правилник треба да: 1) се состои од еден лист или од два поврзани листа; 2) е напишан на македонски јазик и најмалку на англиски јазик; 3) има единствен референтен број; 4) има оригинален потпис од овластено лице за издавање на ветеринарно-здравствениот сертификат, читливо наведено име, квалификација и звање и оригинален печат на надлежниот орган од земјата извозник; 5) има дата на издавање која треба да се совпаѓа со датата на натоварот на животните; 6) е адресиран до еден примач; 7) е целосно и правилно пополнет; 8) нема понатамошни исправки, а доколку има истите треба да бидат потврдени со потпис од овластеното лице кое го издало; 9) бидат правилно прецртани и потврдени со потпис од овластеното лице задолжено за издавање на ветеринарно-здравствениот сертификат непотполнетите делови или алтернативите кои не се применливи и 10) се однесува на една пратка. Член 4 (1) Изјавата од сопственикот или одговорното лице за домашните миленици од видовите птици од член 2 став (3) од овој правилник треба да: 1) се состои од еден лист; 2) е напишана на македонски јазик и најмалку на англиски јазик; 3) има оригинален потпис од сопственикот или одговорното лице за пратката во различна боја од отпечатениот текст на изјавата; 4) има дата која треба да се совпаѓа со датата на давањето на изјавата; 5) е целосно и правилно пополнета; 6) нема понатамошни исправки; 7) бидат правилно прецртани и потврдени со потпис од овластеното лице задолжено за издавање на ветеринарно-здравствениот сертификат непотполнетите делови или алтернативите кои не се применливи; 8) се однесува на една пратка; 9) е наменета за овластеното лице задолжено за издавање на ветеринарно здравствениот сертификат. Член 5 (1) Домашните миленици од видовите птици при увоз и транзит на територијата на Република Македонија подлежат на проверки на документацијата и идентитетот согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.08.2008 година 3 од 6 (2) Проверките на документацијата и идентитетот при увоз ги врши официјален ветеринар на ветеринарно инспекциско место на граничен премин. (3) Проверките на документацијата и идентитетот при транзит ги врши царинскиот службеник на граничен премин. (4) Во случај при проверките да се открие дека домашните миленици од видовите птици не ги исполнуваат барањата од овој правилник, официјалниот ветеринар на граничен премин при увозот и царинскиот службеник на граничен премин при транзитот, можат редоследно да превземат една од следните мерки утврдени со Законот за ветеринарно здравство: 1) да ги вратат домашните миленици од видовите птици во земјата од која потекнуваат; 2) да ги изолираат домашните миленици од видовите птици под официјална контрола за време кое е потребно да се задоволат условите, на сметка на сопственикот или лицето одговорно за нив, или 3) домашните миленици од видовите птици да се успијат без финансиски надомест, ако не може да се постапи согласно точките 1) и 2) од овој став. (5) Домашните миленици од видовите птици за кои не е дозволен увоз и транзит на територијата на Република Македонија се згрижуваат под контрола на Управата за ветеринарство до моментот на нивно враќање во земјата на потекло или до моментот на спроведување на мерките од став (4) на овој член. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-7184/4 30 јули 2008 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р. Прилог 1 Листа на земји членки на ОИЕ кои се под надлежност на Регионалната Комисија А. Земји членки на ОИЕ кои се под надлежност на Регионалната Комисија и се однесуваат на член 2 став (1) точка 1) од овој правилник: Б. Земји членки на ОИЕ кои се под надлежност на Регионалната Комисија и се однесуваат на член 2 став (1) точка 2) подточка б. од овој правилник: Африка, Северна и Јужна Америка, Азија, Далечен исток и Океанија, Европа, и Блиски исток Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.08.2008 година 4 од 6 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.08.2008 година 5 од 6 Службен весник на РМ, бр. 102 од 18.08.2008 година 6 од 6