Regulation on the manner and conditions for waste storage, as well as the conditions to be met by locations where waste storage is performed
Made 2007-02-28 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Правилник за начинот и условите за складирање на отпад, како и за условите кои треба да ги исполнуваат локациите на кои што се врши складирање на отпад.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Waste and hazardous substances
- Keywords
- classification/declassification, hazardous waste, transport/storage, waste management
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 1 од 10 Врз основа на член 33, став 5 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ОТПАДОТ, КАКО И УСЛОВИТЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ЛОКАЦИИТЕ НА КОИШТО СЕ ВРШИ СКЛАДИРАЊЕ НА ОТПАД I. Општи одредби Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат начинот и условите за складирање на отпадот, како и условите што треба да ги исполнуваат локациите на којшто се врши складирање на отпад. II. Начин на складирање на отпад Член 2 Видови и начин на складирање (1) Отпад кој е наменет за третман, преработка или за отстранување може да биде складиран на местото на создавање и/или на определеното место за складирање на локацијата. (2) Складирањето на неопасниот и опасниот отпад може да биде површинско или подземно. (3) Површинското складирање на отпадот може да биде на отворен или во затворен простор. (4) Отворениот простор може да биде со и без натстрешница, ограден или неограден простор. (5) Затворениот простор претставува градежен објект со соодветна вентилација и систем за детекција и алармирање во зависност од видот и количината на складираниот отпад. (6) Подземното складирање може да биде во подземни или делумно подземни градежни објекти или садови (бункери, резервоари и слично). Член 3 Прием на отпад за складирање (1) Локацијата на којашто се врши складирање на отпад треба да има приемен дел за отпадот и место за складирање на отпадот. (2) При прием на отпадот на локацијата на којашто се врши складирање на отпад, истиот треба да биде преместен од приемниот дел на определеното место за складирање во најкраток можен рок, но не подолго од 5 (пет) работни денови. Член 4 Утврдување на карактеристиките и својствата на отпадот (1) За секоја пратка на отпад која се прима на локацијата за складирање, како и при пренесување на отпадот од еден во друг сад, како и од едно на друго место на самата локација, со цел да се спречат било какви несакани и неочекувани реакции или испуштања на самата локација, се врши тестирање со цел да се утврдат карактеристиките и својствата на отпадот. „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 2 од 10 (2) Тестирањето од став 1 на овој член опфаќа: ≠ физичко-хемиски анализи врз репрезентативен примерок на отпад со цел да се потврди дека отпадот е прифатлив за складирање и не претставува закана по животната средина и здравјето на луѓето, како и ≠ комбинирање на различни видови отпад за да се утврди нивната компатибилност, односно дека не предизвикуваат неочекувани реакции и се прифатливи за складирање. (3) Пред да се изберат соодветни услови за складирање на отпад, за секоја одделна пратка на отпад, треба да се утврдат следните карактеристики: ≠ експлозивност, ≠ оксидација, ≠ запаливост, ≠ надразливост, ≠ штетност, ≠ токсичност, ≠ канцерогеност, ≠ корозивност, ≠ инфективност, ≠ тератогеност, ≠ мутагеност и ≠ екотоксичност. (4) Квалификуваното лице кое врши тестирање треба да подготви извештај кој содржи податоци за: ≠ зголемена температура, ≠ промена на вискозитетот, ≠ издвојување или таложење на цврсти материи, ≠ ослободување на гасови, ≠ ослободување на миризба и ≠ информација и за било каква реакција. (5) Резултатите од тестирањето на отпадот, како и придружните документи за отпадот, треба да се чуваат во евиденцијата на локацијата. (6) Извештајот од став 4 на овој член треба да се чува една година од денот на неговото изготвување. (7) Доколку на локацијата биде идентификувана појава на ослободување на било какви гасови или мириси, или доколку се појави несакана реакција, отпадот треба да се складира во контејнери или во други видови соодветни садови, со цел намалување или целосно отстранување на таквите појави. (8) Пренесувањето или полнењето на садовите за складирање на отпад треба да се извршува после спроведеното тестирање согласно став 1 и 2 на овој член и тоа само под надзор на квалификуваното лице кое го извршило тестирањето. (9) Квалификуваното лице од став 8 на овој член треба да изготви записник кој треба да содржи податоци за пратката на отпад која треба да биде пренесена, видот и капацитетот на садот за негово складирање, потребната опрема вклучувајќи и опрема за контрола на излевање и за собирање, како и други релевантни податоци за пратката на отпад. Член 5 Складирање на ситен лабораториски отпад (1) Ситен лабораториски отпад во смисла на овој правилник е ситен отпад кој што произлегува од лабораториски активности. (2) Од моментот на прием на ситен лабораториски отпад на локацијата кадешто се врши негово складирање, треба да спроведат постапки за издвојување и за пакување на овој вид отпад и тоа: „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 3 од 10 ≠ идентификување на опасностите означени на пакувањето, ≠ проценка на ризикот од несакана реакција помеѓу поединечните пакувања, ≠ заштита од складирање во ист сад на несоодветни супстанции (оние кои може да предизвикаат топлина, пожар или опасни реактивни супстанции), ≠ складирање на отпадот и ≠ отстранување на отпадот. (3) Постапките треба да ги спроведува стручно, квалификувано и обучено лице на самата локација. Член 6 Преместување на садовите (1) Преместувањето на садовите за складирање на отпад внатре во локацијата, како и товарењето за транспорт надвор од локацијата, се врши согласно внатрешните акти на правното и физичкото лице кое управува со локацијата и Законот за управување со отпадот. (2) Податоците кои се однесуваат на преместување на садовите и отпадот кој се наоѓа во садовите треба соодветно да се евидентираат во системот за следење на отпадот. Член 7 Полнење на садови (1) Полнење на садови е префрлање на отпадот од помали во поголеми садови за складирање. (2) Различните видови на отпад кои треба да се ставаат во посебни садови се: запаливи растворувачи (не-халогени), запаливи растворувачи (халогени), киселини, бази и течен отпад (фотохемиски отпад). (3) Отпадот што ослободува мирис не треба да се префрла од помал во поголем сад без соодветна опрема за намалување на емисиите како што е соодветно пакување, или пак без друг вид на заштитна опрема при постапување со отпадот. (4) Префрлувањето на отпадот од помали во поголеми садови за складирање треба да врши во присуство на најмалку две лица за да ги проверуваат цевките и вентилите од инсталацијата за преточување. (5) Префрлувањето на отпадот се врши согласно детални инструкции и под директен надзор на соодветно квалификувано лице на самата локација. Член 8 Пренесување во големи садови за складирање (1) Отпадот за складирање се пренесува во собирни садови преку херметички затворена цевка за да се избегне излевањето/истурањето на отпад, како и емисии на гасови и миризба. (2) При пренесувањето на отпадот во садовите се користи соодветна колективна и лична заштитна опрема за спречување или намалување на емисиите. (3) Садовите не можат да бидат користени како реакциони садови (реактори). Член 9 Дополнителна заштита при подземно складирање Дополнителна заштита при подземно складирање на отпадот треба да се обезбеди со: ≠ податоци за дренажниот систем и подземната цевна инсталација на локацијата, ≠ идентификација на подземните јами и резервоари за складирање, ≠ систем за минимизирање на истекувањето, ≠ систем за детектирање на истекувањето од подземната инсталација, јамите и садовите за складирање. „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 4 од 10 III. Услови за складирање на отпад Член 10 Систем за следење на отпадот (1) Систем за следење на отпадот треба да се обезбеди уште во фазата пред приемот на отпадот на локацијата со проверка дали со пратката на отпадот е доставена и потребната придружна документација од член 11 став 4 и останата документација за известување. (2) Систем за следење на отпадот треба да се обезбеди и при приемот на отпадот на локацијата, како и во периодот на складирање на отпадот на локацијата. (3) Локацијата треба да поседува средства и опрема за безбедно пренесување на отпадот до соодветната локација за складирање. Член 11 Општи услови што треба да ги исполнуваат садовите за складирање на отпад (1) Сите садови за складирање на отпадот треба да бидат означени со податоци за капацитетот на садот, денот на пристигање на отпадот и составот на отпадот со сите релевантни знаци за опасност, точната локација за складирање и шифра на видот на отпадот согласно Листата за видови на отпад која овозможува идентификација која е потребна за контрола на транспорт на отпад. (2) Ако било каква ознака прикачена на садот или директно испишана или втисната на истиот е ознака која не одговара на содржината која се наоѓа во садот треба да се отстрани од садот пред истиот да се прифати на локацијата и истовремено да се означи со нова етикета која соодветствува на содржината во садот согласно карактеристиките на отпадот што се складира во тој сад. (3) Садовите за складирање на отпад треба да бидат поставени така што етикетите ќе бидат јасно видливи за цело време додека отпадот е складиран во садот. (4) Пред да се прифати отпадот и при неговиот прием треба да се провери неговата придружна документација. (5) Заради безбедност, садовите за складирање на отпад треба да поседуваат обични и/или херметички капаци. (6) Цврстиот отпад се складира во садови кои треба да бидат непропустливи при нормални услови. (7) Садовите за складирање на отпад треба да се изработени така да евентуалното истекување и истурање на отпадот не го попречува функционирањето и постапувањето со отпад на самата локација и истовремено да овозможат нивна проверка, одржување и поправка. (8) Садовите за складирање на отпад треба да имаат уреди за контрола на нивото на отпадот во садовите, количината и температурата во садовите, со кои ќе се овозможи во секое време да се има сознание за состојбата на садовите во кои е складиран отпадот. (9) Доколку садот за складирање на отпад е технички неисправен, односно целосно е кородиран, има видливи дефекти или протекува, тогаш отпадот треба да се префрли во технички исправен сад, или пак со отпадот треба да се постапи на друг начин во согласност со најдобрите достапни техники. (10) Садовите за складирање на отпад треба да се направени или обложени со материјал кој е компатибилен со отпадот и не реагира на него со што се спречува нивното оштетување. (11) Садовите треба секогаш да бидат затворени за време на складирањето, освен кога се додава отпад или се преместува отпадот. „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 5 од 10 (12) Со садовите во коишто се складира отпад треба да се постапува на начин којшто не може да ги оштети или да предизвика протекување од истите. (13) Садовите треба редовно да се проверуваат дали протекуваат, дали се влошува состојбата во која се наоѓаат истите, дали има промени на нивниот контролен систем и дали има промени коишто се предизвикани од корозија или други фактори. (14) Садовите во коишто е складиран запалив или реактивен отпад треба да бидат поставени на оддалеченост од најмалку 15 (петнаесет) метри од оградата на објектот. (15) Некомпатибилни отпади или отпад и материјали коишто не се компатибилни се дадени во Прилог 1 којшто е составен дел на овој правилник. Некомпатибилните отпади не треба да бидат складирани во ист сад, освен ако се спроведени сите релевантни тестови и постапки согласно овој правилник. (16) Отпадот не треба да се складира во неизмиен сад доколку тој сад претходно бил користен за складирање на некомпатибилен отпад. (17) Садот во којшто е складиран отпадот којшто е некомпатибилен со отпад или материјали складирани во негова близина во садови, на куп или во отворени садови треба да се издвојат од другите материјали или да се заштитат од истите со банкина, насип, ѕид или други средства. Член 12 Општи услови на системот за заштита (1) Површината под садот за складирање треба да биде обезбедена со систем за заштита кој е определен и функционира согласно став 2 точка 2 од овој член, освен доколку не е поинаку определено согласно став 2 точка 3 од овој член. (2) Системот за заштита треба да биде определен и да функционира на следниот начин: 1) Подлогата на која се наоѓа садот треба да биде неоштетена, односно да нема пукнатини или дупки и да биде доволно непропустлива за да го задржи одреденото протекување, истурање и собирање на водата од врнежи до моментот додека насобраниот материјал не се детектира и отстрани. 2) Подлогата треба да биде под косина или системот за заштита да биде определен и да функционира така што ќе се обезбеди одвод и отстранување на течноста која настанала како резултат на протекување, истекување или од врнежи, освен во случаите кога садовите се подигнати или заштитени на начин којшто не дозволува да дојдат во контакт со насобраната течност. 3) Системот за заштита треба да има доволен капацитет минимум 10% од волуменот на садовите во кои се складира отпадот или од волуменот на најголемиот сад, во зависност што е поголемо. Ова не се однесува на садовите кои не содржат исцедок од отпад. 4) Непрекинатото полнење со течен отпад на системот за заштита треба да се спречи, освен доколку истиот располага со доволен дополнителен капацитет за оваа појава , со исклучок на системот за заштита од став 2 точка 3 од овој член. 5) Отпадот од протекување, истурање или исцедување и од насобраните врнежи, треба навремено да биде отстранет од јамите или од собирните места на системот за заштита за да се спречи негово претекување. (3) Во локацијата за складирање каде се сместени садовите коишто содржат само отпад којшто нема исцедок не треба да има систем за заштита согласно став 2 од овој член, освен во случајот од став 4 од овој член, или во случај кога: а) Подлогата за складирање е под косина или системот за заштита е определен и функционира за да обезбеди одвод и отстранување на течноста која настанала од собирање на водата од врнежи. б) Садовите се подигнати или заштитени на начин којшто не дозволува да дојдат во контакт со насобраната течност. „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 6 од 10 (4) Локацијата на која се складира опасен отпад кој не содржи исцедок треба да има систем за заштита согласно став 2 од овој член. (5) Цевководот од заштитниот систем треба да биде над површината и видлив за да може да се реагира брзо кога е потребно и под истиот да има соодветно техничко решение за собирање на течен отпад во случај на негово оштетување со што би се спречило загадувањето на почвата. (6) Бункерите за складирање треба да располагаат со систем за екстракција за намалување на суспендираните честички во воздухот, или систем за прскање, односно влажнење заради нивно таложење. Член 13 Садови за складирање на поголеми количини отпад (1) Садовите за складирање на поголеми количини на отпад не треба да се користат над утврдениот рок на употреба. (2) Испуштањето на гасови во атмосферата треба да биде во рамки на дозволените гранични емисиони вредности. (3) Од внатрешноста на садовите за складирање најмалку еднаш годишно треба да се отстранува талогот согласно најдобрата достапна техника. (4) Преливните цевки за течниот отпад треба да се поврзани со одводниот систем којшто претставува соодветна локација од системот за заштита или друг сад којшто е соодветно контролиран. (5) Во постојните инсталации подземните и делумно подземните садови кои немаат соодветна дополнителна заштита треба да се заменат со површински садови. Член 14 Контрола и одржување (1) Садовите за складирање на отпад со своите составни елементи - цевки и врзивни елементи треба да се отпорни на супстанциите кои се складираат во нив поради што е потребна редовна контрола на резервоарите, мешалките и реакционите садови и периодично тестирање на дебелината на садовите за складирање. (2) Тестирањето од став 1 на овој член треба да се врши преку редовни проверки на садовите во поглед на нивно оштетување, протекување, корозија или друг облик на оштетување и соодветни корективни мерки кои редовно ќе се применуваат. (3) За одржување на просторот и садовите за складирање на отпад треба да се воспостави редовна контрола и одржување. (4) Контролата на садовите за складирање на отпад треба да опфаќа проверка на точноста на поединечното означување на секој сад во однос на следната содржина: точната локација и времетраењето на складирањето заедно со хемискиот состав на содржината во садовите и опасноста која може да ја предизвика отпадот. (5) При контролата треба особено да се внимава на знаците на можните оштетувања, влошувања на условите како и на појавата на исцедоци. (6) За контрола и одржување од став 1 на овој член, на локацијата треба да се води евиденција за сите превземени активности. (7) За превземените активности во врска со складирањето на отпадот треба да се врши дневна контрола за да се обезбеди усогласеност со било кои од релевантните услови од овој правилник кои се однесуваат на складирање на отпадот и да се изврши оцена на условите на садовите и опремата. (8) За сите извршени контроли според овој член правните и физичките лица кои управуваат со локацијата треба да изготват писмени извештаи и истите да ги чуваат. „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 7 од 10 (9) Доколку се истури количина на отпад која има потенцијал да предизвика или веќе предизвикала штетни последици по здравјето на луѓето или животната средина се изготвува извештај и во делот за причините се образложува зошто дошло до истурање при што се наведуваат и активностите кои биле превземени за санирање на состојбата. (10) Штетните последици кои може да настанат или веќе настанале треба да бидат ставени под контрола и да се делува превентивно што е можно побрзо. (11) За сите подземни садови за складирање на отпад, треба да се предвидат постапки за контрола и одржување. IV. Услови што треба да ги исполнуваат локациите Член 15 Општи услови што треба да ги исполнуваат локациите на коишто се врши складирање на отпад (1) Локациите за складирање на отпад треба да бидат лоцирани подалеку од водотеците и осетливите подрачја. (2) Пред да се изврши избор на локацијата треба да се извршат геолошки и хидрогеолошки истражни работи за да се утврди составот на почвата, правецот, брзината и нивото на подземните води. (3) Локацијата треба да се наоѓа во рамки на обезбеден дел од просторот за складирање со што ќе се обезбеди заштита од непрописно отстранување или испуштање на отпадот од страна на неовластени лица. (4) Доколку локацијата на која се врши складирање претставува потенцијална опасност по здравјето на луѓето или животната средина треба да се постават посебни физички пречки за да се оневозможи пристапот на неовластени лица. (5) Локациите за складирање треба соодветно да се оградени за да спречи влез на неовластени лица и на влезот на локацијата треба јасно да биде обележано дека се работи за локација на која се врши складирање на отпад и истовремено да се означи видот, капацитетот на локацијата и опасните карактеристики на складираниот отпад. (6) Локациите за складирање треба да се проектирани и изградени така да се оневозможи истурање или губење на содржината на пратката од одреден тип на отпад особено запалив за да не дојде во контакт со друг вид на отпад. (7) На локациите треба да се обезбеди опрема за собирање на истурениот отпад како и да биде определено местото за отпадната вода, а притоа остатоците од неконтабилните видови на отпад да не дојдат во меѓусебен контакт. (8) Просторот за складирање на локацијата на која се чуваат супстанции за кои е познато дека се осетливи на топлина и светлина треба да се заштитени од топлина и директна сончева светлина. (9) На локацијата треба да има садови или друга опрема за собирање на истурениот течен отпад и нивниот обем треба да биде 1/10 од садовите во кои се врши складирањето. (10) На локациите на видно место треба да биде поставен план на кој што ќе бидат прикажани: ≠ начинот и операциите за складирање на отпадот, ≠ видот на отпадот со негово место на складирање, ≠ постапки за работа, ≠ постапки во итни случаи, ≠ мерки за издвојување на отпад, ≠ план за заштита од пожари, ≠ простор за складирање на пакувања за отпад, односно празни пластични буриња, ≠ предвиден максимален капацитет за секое место од локацијата, и „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 8 од 10 ≠ знаци за опасност за секое место од локацијата и соодветните карактеристики на складираниот отпад. (11) На локацијата каде се складира отпадот треба на вработените лица да им се обезбеди непречен приод и опрема за заштита при работа. (12) Местата за складирање на различните видови отпад треба да се на соодветно меѓусебно растојание. (13) Максималниот капацитет на локациите за складирање на отпадот треба да биде определен во дозволата за складирање на отпад согласно закон. (14) Локацијата треба да располага со простор за возилата кои се на соодветно растојание од местата за складирање. (15) Во случај на излевање на течност во рамки на локацијата треба да има поголема количина на апсорбционен материјал (привремени покривки, песок, пилевина и друг апсорбционен материјал). (16) Во случај на дефект или потенцијална грешка на пратката на отпад која се складира потребно е да постои определен резервен простор за прифаќање на пратката. (17) На локацијата за складирање треба да има воспоставено систем за миење на садовите и систем за собирање на отпадната вода од миењето. (18) Отпадната вода од миењето на садовите треба да биде соодветно третирана пред целосно да се отстрани од локацијата. (19) На локацијата за складирање треба да има опрема за отворање, полнење, празнење и чистење на садовите за складирање на отпад и истата треба да биде означена. V. Завршна одредба Член 16 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 01.01.2008. Бр. 07-1290 28 февруари 2007 година Министер, Скопје Џелил Бајрами, с.р. Прилог 1 Индикативна листа на некомпатибилни отпади или отпад и материјали коишто не се компатибилни (1) Многу видови на отпад кога се мешаат со друг отпад или материјали на локација за опасен отпад може да предизвикаат ефекти кои се штетни по човечкото здравје и животната средина како што се (1)топлина или притисок, (2) пожар или експлозија, (3) силна реакција, (4) токсична прашина, магла, чад или гас, или (5) запалив чад или гас. (2) Потенцијалните некомпатибилни отпади и материјали заедно со штетните последици што може да настанат со мешање на материјали од една група со материјали од друга група се дадени во Индикативната листа, која има за цел да им помогне на носителите на дозволи за складирање на отпад и да им укаже на овластените лица кои ги издаваат дозволите за потребата од посебна претпазливост кога се управува со овие потенцијални некомпатибилни отпади и материјали. (3) Индикативната листа не е комплетна. Носителите на дозвола согласно прописите треба соодветно да ги анализираат отпадите така што би се спречило неконтролирано создавање на супстанции или реакции кои се наведени или не се наведени подолу. „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 9 од 10 (4) Во некои случаи е можно потенцијално некомпатибилен отпад да се меша на начин којшто нема да предизвика реакција (пр. додавање на киселина во вода е подобро од додавање на вода во киселина) или случај кога се неутрализира некомпатибилниот отпад (пр. јака киселина измешана со јака база) или кога се контролираат произведените супстанци (пр. со генерирање на запаливи гасови во затворен сад опремен на начин кој ќе обезбеди дека нема да се појави експлозија, исто така и палење на гасовите во инсенераторот). (5) Мешањето на материјали од групата А со материјали од групата Б може да предизвикаат последица како што е погоре опишана. Индикативна листа на некомпатибилни отпади или отпад и материјали коишто не се компатибилни Група 1-А Ацетиленски талог Натриум хидроксид Базен прочистувач Базни корозивни течности Базна корозивна акумулаторска течност Каустична отпадна вода Талог од варовник и други корозивни бази Отпадна вода од варовник Варовник и вода Потрошена каустична сода Група 1-Б Киселински талог Киселина и вода Акумулаторска киселина Хемиски прочистувачи Електролит, киселина Нагризувачка кисела течност или растворувач Течност за декапирање и други корозивни киселини Искористена киселина Искористена мешана киселина Искористена сулфурна киселина Можни последици: ослободување на топлина, јаки реакции. Група 2-А Алуминиум Берилиум Калциум Литиум Магнезиум Калиум Натриум Цинк во прав Други реактивни метали и метални хидриди Група 2-Б Било кој отпад во групата 1-А или 1-Б Можни последици: Пожар или експлозија, ослободување на запалив водороден гас. „Службен весник на РМ“ бр. 29 од 09.03.2007 година 10 од 10 Група 3-А Алкохоли, Вода Група 3-Б Било кој концентриран отпад од групата 1-А или 1-Б Калциум Литиум Метални хидриди Калиум СО2 Цл2, СОЦл2, ПЦл3, ЦХ3 СиЦл3 Друг отпад кој реагира на вода Можни последици: Пожар, експлозија, или ослободување на топлина, ослободување на запаливи или токсични гасови. Група 4-А Алкохоли Алдехиди Халогенирани јаглеводороди Нитрирани јаглеводороди Незаситени јаглеводороди Други реактивни органски состојки и растворувачи Групи 4-Б Концентрирани отпади од 1-А или 1-Б Отпад од група 2-А Можни последици: Пожар, експлозија или јака реакција. Група 5-А Потрошени цијанидни и сулфидни раствори Отпад од Група 1-Б Можни последици: ослободување на токсичен цијанводород или сулфидводороден гас. Група 6-А Хлориди Хлор Хлорати Хромна киселина Хипохлорати Нитрати Нитритна киселина, димна Перхлорати Перманганати Пероксиди Други јаки оксиданси Група 6-Б Оцетна киселина и други органски киселини Концентрирани минерални киселини Отпад од група 2-А Отпад од група 4-А Друг запалив и согорлив отпад. Можни последици: пожар, експлозија или јака реакција.