Regulation on the list of products and animal by-products not subject to inspection at the time of import by an official veterinarian at the border crossing
Made 2011-04-13 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Листа на производи и нуспроизводи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз од страна на официјален ветеринар на граничен премин.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock, Food and nutrition
- Keywords
- hygiene/sanitary procedures, inspection, international trade, animal by-products, classification/declassification, food safety and quality
- Categories
- *
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 59 од 20.4.2011 година 1 од 2 20110591580 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 85 став (4) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07 и 24/11), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, објавува ЛИСТА НА ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО КОИ НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ИНСПЕКЦИЈА ПРИ УВОЗ ОД СТРАНА НА ОФИЦИЈАЛЕН ВЕТЕРИНАР НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН (*) 1. Производи и нуспроизводи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз од страна на официјален ветеринар на граничен премин се: мешовити производи кои не содржат било кој производ од месо и кои во својот состав содржат помалку од половина од било кој друг преработен производ од животинско потекло и се стабилни на собна температура или при процесот на нивното производство биле подложени на целосен процес на варење или третман со топлина така што сите својства на суров производ се изгубени и истите се јасно идентификувани како наменети за човечка исхрана, безбедно спакувани или запечатени во чисти контејнери и придружени со соодветен документ и означени на македонски јазик, така што документот и ознаката заедно даваат информација за природата, количеството и бројот на пакети на мешовитите производи, земјата на потекло, производителот и составот на производот; бисквити; леб; колачи; чоколада; кондиторски производи (вклучувајќи и слатки); празни желатински капсули; додатоци за храна спакувани за крајниот потрошувач кои содржат мали количества на производи од животинско потекло кои содржат: глукозамин, хондроитин и цитосан; месни екстракти и месни концентрати; полнети маслинки со риба; теста и резанци кои не се мешани или полнети со производи од месо; готови супи и зачини кои содржат месни екстракти, месни концентрати, животински маснотии или рибино масло, прашоци или екстракти спакувани за крајниот потрошувач; и млеко во прав за новороденчиња, храна за новороденчиња и посебна медицинска храна кои се внесуваат од страна на патниците како личен багаж или се испраќаат на физички лица и се наменети за нивна лична употреба во количина која може разумно да ја конзумира една индивидуа и за овие производи не е потребен температурен режим на одржување пред отварање и се правилно спакувани брендирани производи наменети за директна продажба на крајниот потрошувач и пакувањето не е оштетено освен ако е во тек на употреба. 2. Со влегување во сила на оваа листа, престанува да важи Листата на производи и нуспроизводи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз од страна на (*) Со оваа Листа се врши усогласување со Одлука на Комисијата бр. 2007/275/ЕЗ од 17 април 2007 година за листата на животни и производи кои подлежат на ветеринарни прегледи на ветеринарни инспекциски места на граничен премин согласно Директивите на Советот 91/496/ЕЕЗ и 97/78/ЕЗ (32007D0275), Регулатива на Комисијата бр. 206/2009/ЕЗ од 5 март 2009 година за внес во Заедницата на пратки од животинско потекло во личниот багаж и дополна на Регулативата (ЕЗ) бр. 136/2004 (32009R0206). Службен весник на РМ, бр. 59 од 20.4.2011 година 2 од 2 официјален ветеринар на граничен премин („Службен весник на Република Македонија” бр. 30/08). 3. Oваа листа се објавува во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 02-1145/2 13 април 2011 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р.